сведоштво Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svedoshtvo/ За подобро да се разбереме Wed, 16 Oct 2024 18:45:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сведоштво Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svedoshtvo/ 32 32 Сведоштво на полицаец избркан од работа откако го фатил во криминал кумот на Заеви https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/svedoshtvo-na-politsaets-izbrkan-od-rabota-otkako-go-fatil-vo-kriminal-kumot-na-zaevi/ Wed, 16 Oct 2024 18:43:59 +0000 https://republika.mk/?p=827803

Камиони со струмички таблички преполни со шверц на брендирана роба и скапи делови за коли секоја среда и петок се истоваарат на пазарот во Шутка, пред камерата на Алфа открива поранешниот полицаец Никола Бучков.

Тој е еден од групата полицајци што во ноември 2020 стопираа сомнителен камион со струмички таблички за којшто не постоле документи од царина, но како што вели, под притисок на претпоставените, шоферот не бил задржан во станица и пуштен да си тера со камионот.

Бучков тврди дека во моментот кога го проверувале камионот ги провериле и регистерските таблички и тие се воделе на фирма регистрирана на кумот на Вице Заев.

Оваа изјава е дадена пред неколку месеци, но поради активна истрага на МВР, дури сега ја објавуваме. МВР веќе спроведе акција во која според последните информации уапсени се 35 цариници од Струмица и Гевгелија. Пред четири години во Шуто Оризари, Бучков заедно со полициската група по забележување на камионот инсистирале да го проверат шоферот и документацијата од царина. Веднаш по нивното пријавување, следувале притисоци од претпоставените, сведочи Бучков, пренесе Алфа.

Бучков бил даден на дисциплинска постапка бидејќи, според претпоставените, од полициска станица Шутка незаконски го проверувал струмичкиот камион. Исто така тој сведочи дека поради одмазда, МВР му мести ситуација дека не дозволил постапување на полициски службеници на улица, а лично министерот Спасовски му потпишал отказ. Добил клоци и тупаници од колегите од крим техника кои според него не може случајно да се нашле на лице место на улица во Струмица.

Бучков е убеден дека тогашната власт го штитела криминалот на кумот на братот на поранешниот премиер Зоран Заев, а тој случајно го затекнал камионот, па поминал пекол и агонија што му ја направиле, како што тврди, неговите шефови.

Инаку, БЈБ на МВР, Министерство за финансии, УЈП и Јавното обвинителство пред еден месец влегоа во фирмите на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов. Тој се сомничи за перење пари, двојни плаќања, незаконско постапување и даночни затајувања.

https://www.youtube.com/watch?v=Zs6PH7O8y2I

The post Сведоштво на полицаец избркан од работа откако го фатил во криминал кумот на Заеви appeared first on Република.

]]>

Камиони со струмички таблички преполни со шверц на брендирана роба и скапи делови за коли секоја среда и петок се истоваарат на пазарот во Шутка, пред камерата на Алфа открива поранешниот полицаец Никола Бучков. Тој е еден од групата полицајци што во ноември 2020 стопираа сомнителен камион со струмички таблички за којшто не постоле документи од царина, но како што вели, под притисок на претпоставените, шоферот не бил задржан во станица и пуштен да си тера со камионот. Бучков тврди дека во моментот кога го проверувале камионот ги провериле и регистерските таблички и тие се воделе на фирма регистрирана на кумот на Вице Заев.
Оваа изјава е дадена пред неколку месеци, но поради активна истрага на МВР, дури сега ја објавуваме. МВР веќе спроведе акција во која според последните информации уапсени се 35 цариници од Струмица и Гевгелија. Пред четири години во Шуто Оризари, Бучков заедно со полициската група по забележување на камионот инсистирале да го проверат шоферот и документацијата од царина. Веднаш по нивното пријавување, следувале притисоци од претпоставените, сведочи Бучков, пренесе Алфа.
Бучков бил даден на дисциплинска постапка бидејќи, според претпоставените, од полициска станица Шутка незаконски го проверувал струмичкиот камион. Исто така тој сведочи дека поради одмазда, МВР му мести ситуација дека не дозволил постапување на полициски службеници на улица, а лично министерот Спасовски му потпишал отказ. Добил клоци и тупаници од колегите од крим техника кои според него не може случајно да се нашле на лице место на улица во Струмица. Бучков е убеден дека тогашната власт го штитела криминалот на кумот на братот на поранешниот премиер Зоран Заев, а тој случајно го затекнал камионот, па поминал пекол и агонија што му ја направиле, како што тврди, неговите шефови. Инаку, БЈБ на МВР, Министерство за финансии, УЈП и Јавното обвинителство пред еден месец влегоа во фирмите на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов. Тој се сомничи за перење пари, двојни плаќања, незаконско постапување и даночни затајувања. https://www.youtube.com/watch?v=Zs6PH7O8y2I

The post Сведоштво на полицаец избркан од работа откако го фатил во криминал кумот на Заеви appeared first on Република.

]]>
Потресно сведоштво на мајка: Тој е размазено, монструозно дете, беше во мојата куќа, а ќерка ми беше на неговиот список https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/potresno-svedoshtvo-na-majka-toj-e-razmazeno-monstruozno-dete-beshe-vo-mojata-kuka-a-kerka-mi-beshe-na-negoviot-spisok/ Thu, 04 May 2023 16:47:12 +0000 https://republika.mk/?p=636927

Мајка на ученичка, чија ќерка, како што тврди, се пронашла на списокот за отстрел на 13-годишниот Коста К. од Белград го прекина молкот пред ОУ „Владислав Рибникар“ на Врачар, со извици дека го познава убиецот и дека не е точно дека родителите не разговарале со него.

Огромна маса ученици, родители и граѓани од сите краишта на Белград се собраа околу училиштето „Владислав Рибникар“ за да им оддадат почит на жртвите во крвопролевањето на момчето-убиец, кој вчера, по осум часот уби осум ученици и училишен чувар, а рани уште шестмина.

Видно вознемирена жена извика од толпата насобрана околу училиштето дека девојчињата биле вљубени во Коста и дека не го жали.

Го познавав момчето, доаѓаше во мојата куќа, родителите разговараа со него. Не играше игрици, не беше малтретиран, девојките беа заљубени во него. Тргнете го тоа, немојте да живеете во лага, тој беше разгалено, монструозно дете“, низ солзи рече вознемирената жена.

Воопшто не го жалам. Тргнете го ова „разговарајте со децата“, тие разговараа со него, извика жената.

The post Потресно сведоштво на мајка: Тој е размазено, монструозно дете, беше во мојата куќа, а ќерка ми беше на неговиот список appeared first on Република.

]]>

Мајка на ученичка, чија ќерка, како што тврди, се пронашла на списокот за отстрел на 13-годишниот Коста К. од Белград го прекина молкот пред ОУ „Владислав Рибникар“ на Врачар, со извици дека го познава убиецот и дека не е точно дека родителите не разговарале со него. Огромна маса ученици, родители и граѓани од сите краишта на Белград се собраа околу училиштето „Владислав Рибникар“ за да им оддадат почит на жртвите во крвопролевањето на момчето-убиец, кој вчера, по осум часот уби осум ученици и училишен чувар, а рани уште шестмина. Видно вознемирена жена извика од толпата насобрана околу училиштето дека девојчињата биле вљубени во Коста и дека не го жали.
Го познавав момчето, доаѓаше во мојата куќа, родителите разговараа со него. Не играше игрици, не беше малтретиран, девојките беа заљубени во него. Тргнете го тоа, немојте да живеете во лага, тој беше разгалено, монструозно дете“, низ солзи рече вознемирената жена.
 
Воопшто не го жалам. Тргнете го ова „разговарајте со децата“, тие разговараа со него, извика жената.
 
The post Потресно сведоштво на мајка: Тој е размазено, монструозно дете, беше во мојата куќа, а ќерка ми беше на неговиот список appeared first on Република.

]]>
Се извинувам што преживеав, вели 17-годишната Василка која низ дупка се извлече од возот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/se-izvinuvam-shto-prezhiveav-veli-17-godishnata-vasilka-koja-niz-dupka-se-izvleche-od-vozot/ Fri, 10 Mar 2023 08:53:07 +0000 https://republika.mk/?p=617998

Сведоштво на преживеана 17-годишна девојка, која била во ресторанот во вториот вагон на патничкиот воз кој заврши фатално откако се судри со товарен воз во близина на Лариса во Грција минатиот вторник. Младата Василка, која студира да стане физиотерапевт, патувала со своето момче во патничкиот воз „Интерсити 62“, со кого по сударот успеале да се спасат наоѓајќи дупка во вагонот низ која излегле. Василка вели дека возот бил полн со млади луѓе. Се чувствува бесна и вели дека се срами што преживеала.

Одевме за Солун. Бевме во ресторан кога дојде до експлозија и несреќа. Се паѓаше над нас, најдовме дупка и излеговме низ неа. Што да кажам за децата кои беа внатре. Се срамам и се извинувам што преживеав, рекла девојката, пренесува Прототема.

Василика додаде дека „се срами што живее во оваа земја, што никој не излегува и не се извинува“.

Осум дена не спиев, како да спијам? Никој не се извинува за несреќата, како ќе оздрават семејствата кои ги загубија своите најблиски?, прашува таа.

The post Се извинувам што преживеав, вели 17-годишната Василка која низ дупка се извлече од возот appeared first on Република.

„Рампата беше спуштена, возот го зафати задниот дел на возилото“: Сведоштво на машиновозачот за несреќата во која загина прилепски шофер https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/rampata-beshe-spushtena-vozot-go-zafati-zadniot-del-na-voziloto-svedoshtvo-na-mashinovozachot-za-nesrekata-vo-koja-zagina-prilepski-shofer/ Fri, 24 Feb 2023 14:27:35 +0000 https://republika.mk/?p=612820

Полицијата и прилепското обвинителство направија увид на местото на сообраќајната несреќа на железничкиот премин во прилепската населба „Сточен пазар“ каде рано изутрината при судар на воз со патничко возило „мерцедес“ загина 39 годишен прилепчанец со иницијали М.Д., а двајцата сопатници (39 годишник со иницијали Г.Б. и 40-годишен прилепчанец со иницијали Х.Т.) во возилото се здобија со полесни телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Болницата се пуштени на домашно лекување.

Според Маријана Илиеска, основен јавен обвинител истрагата ќе ги покаже причините за несреќата. Според првичните сознанија и изјавата на машиновозачот, рампата на преминот била спуштена, а возот го зафатил возилото во задниот дел кога се обидело да премине. Кај еден од сопатниците во автомобилот било констатирано дека конзумирал алкохол. Првично изјавиле дека доцна го виделе возот и дека речиси не се сеќаваат на несреќата.

Ова се само првични сознанија, но ќе следи детална истрага. Наредена е обдукција на починатиот возач од патничкото возило „мерцедес“ за да се утврдат причините за смртта, изјави Илиеска.

Преминот во прилепската населба „Сточен пазар“ е многу фреквентен, а жителите велат дека рампата вообичаено работи.

The post „Рампата беше спуштена, возот го зафати задниот дел на возилото“: Сведоштво на машиновозачот за несреќата во која загина прилепски шофер appeared first on Република.

]]>

Полицијата и прилепското обвинителство направија увид на местото на сообраќајната несреќа на железничкиот премин во прилепската населба „Сточен пазар“ каде рано изутрината при судар на воз со патничко возило „мерцедес“ загина 39 годишен прилепчанец со иницијали М.Д., а двајцата сопатници (39 годишник со иницијали Г.Б. и 40-годишен прилепчанец со иницијали Х.Т.) во возилото се здобија со полесни телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Болницата се пуштени на домашно лекување. Според Маријана Илиеска, основен јавен обвинител истрагата ќе ги покаже причините за несреќата. Според првичните сознанија и изјавата на машиновозачот, рампата на преминот била спуштена, а возот го зафатил возилото во задниот дел кога се обидело да премине. Кај еден од сопатниците во автомобилот било констатирано дека конзумирал алкохол. Првично изјавиле дека доцна го виделе возот и дека речиси не се сеќаваат на несреќата.
Ова се само првични сознанија, но ќе следи детална истрага. Наредена е обдукција на починатиот возач од патничкото возило „мерцедес“ за да се утврдат причините за смртта, изјави Илиеска.
Преминот во прилепската населба „Сточен пазар“ е многу фреквентен, а жителите велат дека рампата вообичаено работи.

The post „Рампата беше спуштена, возот го зафати задниот дел на возилото“: Сведоштво на машиновозачот за несреќата во која загина прилепски шофер appeared first on Република.

]]>
Водата беше до колена, почнав да плачам и да врескам: Девојка сведочи за хаосот на белградскиот сплав кога почнал да тоне https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vodata-beshe-do-kolena-pochnav-da-placham-i-da-vreskam-devojka-svedochi-za-haosot-na-belgradskiot-splav-koga-pochnal-da-tone/ Sun, 01 Jan 2023 12:13:27 +0000 https://republika.mk/?p=592488

Познатиот белградски сплав „Фристајлер“ околу полноќ почнал да тоне, но за среќа никој не е повреден! Очевидци и луѓе кои биле на сплавот велат дека настанала паника и дека сите почнале да трчаат надвор кога водата почнала да се крева.

Една девојка снимила видео веднаш по симнувањето од потонатиот сплав и го објавила на социјалната мрежа Тикток.

Здраво на сите, ја чекавме Новата година на „Фристајлер“ и сплавот почна да тоне луѓе! Значи, водата ни беше до колена. Почна да тоне баша кај нас во сепарето. Јас почнав да плачам и да врескам. Добро е што сите преживеавме. Можеше да се удавиме во таа вода, вели девојката пред сплавот и додала дека „по се што се случило, ситуацијата и е смешна, но дека всушност ништо не е смешно и сите едвај излегле живи“.

https://republika.mk/vesti/balkan/popularniot-splav-vo-belgrad-pochnal-da-tone-poradi-premnogu-gosti-za-novogodishnata-proslava/

Таа потоа, во второ видео детално објаснува дека прво во еден момент се расчистила гужвата пред нејзиното сепаре.

Мислев дека некој се степал, но тогаш, наеднаш сфативме дека водата е до нашите колена. Девојките беа во штикли, во фустани, што го отежнува излегувањето. Одеднаш сите се упатија кон излезот, ги оставија јакните внатре, беше пекол, таа раскажува како новогодишната ноќ се претворила во вистинска катастрофа.

Оваа девојка вели и дека била шокирана од коментарите на луѓето кои на веста за потонувањето на сплавот пишувале „Да даде Бог сите да се удавите“.

Не ја разбирате сериозноста на ситуацијата и не можам да верувам дека сте толку злобни, бидејќи некој навистина можеше да настрада. Замислете вашето дете или некој што го познавате да е таму и, не дај Боже, да се повреди? Размислете пред да пишувате глупости, го завршува своето видео на Тикток.

[caption id="attachment_592502" align="aligncenter" width="640"] Фото: Стефан Стојановиќ/Мондо[/caption]

[caption id="attachment_592503" align="aligncenter" width="640"] Фото: Стефан Стојановиќ/Мондо[/caption]

[caption id="attachment_592504" align="aligncenter" width="640"] Фото: Стефан Стојановиќ/Мондо[/caption]

The post Водата беше до колена, почнав да плачам и да врескам: Девојка сведочи за хаосот на белградскиот сплав кога почнал да тоне appeared first on Република.

]]>

Познатиот белградски сплав „Фристајлер“ околу полноќ почнал да тоне, но за среќа никој не е повреден! Очевидци и луѓе кои биле на сплавот велат дека настанала паника и дека сите почнале да трчаат надвор кога водата почнала да се крева. Една девојка снимила видео веднаш по симнувањето од потонатиот сплав и го објавила на социјалната мрежа Тикток.
Здраво на сите, ја чекавме Новата година на „Фристајлер“ и сплавот почна да тоне луѓе! Значи, водата ни беше до колена. Почна да тоне баша кај нас во сепарето. Јас почнав да плачам и да врескам. Добро е што сите преживеавме. Можеше да се удавиме во таа вода, вели девојката пред сплавот и додала дека „по се што се случило, ситуацијата и е смешна, но дека всушност ништо не е смешно и сите едвај излегле живи“.
https://republika.mk/vesti/balkan/popularniot-splav-vo-belgrad-pochnal-da-tone-poradi-premnogu-gosti-za-novogodishnata-proslava/ Таа потоа, во второ видео детално објаснува дека прво во еден момент се расчистила гужвата пред нејзиното сепаре.
Мислев дека некој се степал, но тогаш, наеднаш сфативме дека водата е до нашите колена. Девојките беа во штикли, во фустани, што го отежнува излегувањето. Одеднаш сите се упатија кон излезот, ги оставија јакните внатре, беше пекол, таа раскажува како новогодишната ноќ се претворила во вистинска катастрофа.
Оваа девојка вели и дека била шокирана од коментарите на луѓето кои на веста за потонувањето на сплавот пишувале „Да даде Бог сите да се удавите“.
Не ја разбирате сериозноста на ситуацијата и не можам да верувам дека сте толку злобни, бидејќи некој навистина можеше да настрада. Замислете вашето дете или некој што го познавате да е таму и, не дај Боже, да се повреди? Размислете пред да пишувате глупости, го завршува своето видео на Тикток.
[caption id="attachment_592502" align="aligncenter" width="640"] Фото: Стефан Стојановиќ/Мондо[/caption] [caption id="attachment_592503" align="aligncenter" width="640"] Фото: Стефан Стојановиќ/Мондо[/caption] [caption id="attachment_592504" align="aligncenter" width="640"] Фото: Стефан Стојановиќ/Мондо[/caption]

The post Водата беше до колена, почнав да плачам и да врескам: Девојка сведочи за хаосот на белградскиот сплав кога почнал да тоне appeared first on Република.

]]>
25-годишниот Ванчо почина од сепса по лошо поставен дрен на заб во штипската болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/25-godishniot-vancho-pochina-od-sepsa-po-losho-postaven-dren-na-zab-vo-shtipskata-bolnica/ Thu, 25 Aug 2022 11:24:14 +0000 https://republika.mk/?p=543966

Момче од Берово почина откако добил сепса по дренирање заб во штипската болница. За случајот преку социјалните мрежи известија негови блиски.

Само во нашата држава, само со нашето здравство, само со нашите „професионални“ доктори во штипската болница може да се случи ова: Со 20-годишен сташ да направиш интервенција на заб и да ставиш еден обичен дрен наопаку. Па, да предизвикаш сепса и пациентот да го пратиш дома со што предизвика на Ванчо животот да згасне на само 25 години... СРАМ ЗА ЦЕЛА ДРЖАВА!!! Каде живееме ние, какво здравство имаме, дали веќе еден ден некој ќе одговара за секојдневниот хорор во таа штипска болница. Колку животи згаснаа само поради невнимание. До кога нашиот народ ќе се лекува само со „како е рекол Бог“.... Дали во 21 век треба да се случи таков срам? Ангелу наш ти почивај во мир. А тие нема да спијат мирно, пишува Слаџана Ризинска.

The post 25-годишниот Ванчо почина од сепса по лошо поставен дрен на заб во штипската болница appeared first on Република.

Граѓани на Мариупол сведочат: Украински тенк пукаше во станбена зграда, ни велеа „вие сте сепаратисти, не ве жалиме“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/gragjani-na-mariupol-svedochat-ukrainski-tenk-pukashe-vo-stanbena-zgrada-ni-velea-vie-ste-separatisti-ne-ve-zalime/ Thu, 02 Jun 2022 12:34:05 +0000 https://republika.mk/?p=510196

Руските медиуми објавија видео од жители на Мариупол, коишто раскажуваат дека украинските сили во градот им се заканувале и уништувале цивилни цели.

Воениот известувач на RT, Валентин Горшенин, бил во Мариупол, каде што разговарал со жителите на една зграда.

Луѓето зборуваат за тоа што им направила украинската војска за време на окупацијата и како успеале да се спасат.

Тие сведочат дека украински тенкови гаѓале кон станбени згради

Милитантите на вооружените сили на Украина ни рекоа: „Сите вие ​​сте сепаратисти овде, излеговте на референдумот, не ни е жал за вас. Ќе го уништиме градот - велат луѓето.

The post Граѓани на Мариупол сведочат: Украински тенк пукаше во станбена зграда, ни велеа „вие сте сепаратисти, не ве жалиме“ appeared first on Република.

]]>

Руските медиуми објавија видео од жители на Мариупол, коишто раскажуваат дека украинските сили во градот им се заканувале и уништувале цивилни цели. Воениот известувач на RT, Валентин Горшенин, бил во Мариупол, каде што разговарал со жителите на една зграда. Луѓето зборуваат за тоа што им направила украинската војска за време на окупацијата и како успеале да се спасат. Тие сведочат дека украински тенкови гаѓале кон станбени згради
Милитантите на вооружените сили на Украина ни рекоа: „Сите вие ​​сте сепаратисти овде, излеговте на референдумот, не ни е жал за вас. Ќе го уништиме градот - велат луѓето.

The post Граѓани на Мариупол сведочат: Украински тенк пукаше во станбена зграда, ни велеа „вие сте сепаратисти, не ве жалиме“ appeared first on Република.

]]>
Ирена Груевска: Возач без дозвола го уби маж ми во сообраќајка, а доби само 4 години и 6 месеци казна која ќе ја чека дома https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/irena-gruevska-vozach-bez-dozvola-go-ubi-maz-mi-vo-soobrakjajka-a-dobi-samo-4-godini-i-6-meseci-kazna-koja-kje-ja-cheka-doma/ Wed, 18 May 2022 09:29:48 +0000 https://republika.mk/?p=503756

Ирена Груевска од Скопје е незадоволна и гневна затоа што вчера, Кривичниот суд во Скопје досудил казна затвор од 4 години и 6 месеци за возачот кој го усмртил во сообраќајка нејзиниот сопруг и го пратил во домашен притвор до правосилноста на пресудата, иако дотогаш бил во затворски притвор.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pominal-na-crveno-i-imal-alkohol-vo-krvta-predlozen-pritvor-za-soobrakjajkata-kaj-novo-lisiche-vo-koja-zagina-maz/

Во несреќата, која се случила во близина на трговскиот центар „Лиса“ во Ново Лисиче во јануари годинава, со тешки телесни повреди се здобила и нејзината малолетна ќерка, која до ден денес доживува тешки психички трауми, оди на психијатар и има огромна грижа на совеста, затоа што таа го повикала татка си да ја земе дента кога се случила несреќата.

Зад воланот, во другото возило, се наоѓало 21-годишно момче кое немало возачка дозвола, имало 0,57 промили алкохол во крвта и поминало на семафорот на црвено светло.

Момчето се изјаснило за виновно и изразило каење, што било доволно судот да му дозволи затворската казна да ја чека дома. Груевска вели дека обвинителката ќе ја обжали таквата одлука, но дека нејзиниот живот и животот на нејзините две деца никогаш нема да биде повторно ист.

Целото сведоштво на „Слободен печат

The post Ирена Груевска: Возач без дозвола го уби маж ми во сообраќајка, а доби само 4 години и 6 месеци казна која ќе ја чека дома appeared first on Република.

]]>

Ирена Груевска од Скопје е незадоволна и гневна затоа што вчера, Кривичниот суд во Скопје досудил казна затвор од 4 години и 6 месеци за возачот кој го усмртил во сообраќајка нејзиниот сопруг и го пратил во домашен притвор до правосилноста на пресудата, иако дотогаш бил во затворски притвор. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pominal-na-crveno-i-imal-alkohol-vo-krvta-predlozen-pritvor-za-soobrakjajkata-kaj-novo-lisiche-vo-koja-zagina-maz/ Во несреќата, која се случила во близина на трговскиот центар „Лиса“ во Ново Лисиче во јануари годинава, со тешки телесни повреди се здобила и нејзината малолетна ќерка, која до ден денес доживува тешки психички трауми, оди на психијатар и има огромна грижа на совеста, затоа што таа го повикала татка си да ја земе дента кога се случила несреќата. Зад воланот, во другото возило, се наоѓало 21-годишно момче кое немало возачка дозвола, имало 0,57 промили алкохол во крвта и поминало на семафорот на црвено светло. Момчето се изјаснило за виновно и изразило каење, што било доволно судот да му дозволи затворската казна да ја чека дома. Груевска вели дека обвинителката ќе ја обжали таквата одлука, но дека нејзиниот живот и животот на нејзините две деца никогаш нема да биде повторно ист. Целото сведоштво на „Слободен печат

The post Ирена Груевска: Возач без дозвола го уби маж ми во сообраќајка, а доби само 4 години и 6 месеци казна која ќе ја чека дома appeared first on Република.

]]>
Иван четири пати прележал Ковид-19, раскажува како му се менувале симптомите https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ivan-chetiri-pati-prelezal-kovid-19-raskazuva-kako-mu-se-menuvale-simptomite/ Tue, 08 Mar 2022 16:52:09 +0000 https://republika.mk/?p=469714

Четириесетгодишниот електроинженер Иван Мијаиловиќ од Лазаревац, Србија, кој го прележал корона вирусот четири пати, за „Нова.рс“ зборува за симптомите и она што го научил борејќи се со оваа болест.

Првпат бев позитивен на 17 ноември 2020 година. Тогаш имав треска три-четири дена, дијареа, а имав и болки во мускулите. Чувствував општа изнемоштеност, а во главата како да имав сериозен мамурлак. Имав и поблаги болки во грлото и кашлица, се сеќава Иван.

За среќа, тогаш поминал без тешка клиничка слика. Продолжил да внимава, но дека животот горе-долу му продолжил нормално. Не поминало многу време откако се опоравил и се вратил на работа кога забележал дека повторно му се случува нешто сомнително со здравјето. Отпрвин не размислувал за короната, бидејќи се надевал дека се уште има имунитет.

Вториот пат кога се заразив беше нешто повеќе од три месеци по првата инфекција. Сè беше слично, но симптомите беа околу 50 проценти послаби и без температура, раскажува тој.

Во меѓувреме, Иван се вакцинирал против Ковид и мислел дека завршил со короната до крајот на животот. Но, вирусот докажа дека ги крши сите правила.

Во септември 2021 година, Иван повторно се чувствува лошо.

Тој трет пат ги имав потполно истите симптоми како и вториот пат, па имав дијареа, болки во мускулите, бев слаб и малку ме болеше грлото. И точно знаев за што се работи. Затоа не отидов да се тестирам. Ја следев мојата состојба и, се разбира, се изолирав. За среќа, сè помина добро, веројатно најмногу благодарение на вакцината.

И тогаш, како во лоша шега, Иван неодамна повторно се заразил со короната.

Веќе некое време функционирав нормално, се трудев да не размислувам многу за пандемијата, чекав како и сите други конечно да помине. Меѓутоа, неодамна, во февруари, почнав да кашлам и малку се изморив. Искрено, не ни помислив на Ковид, туку отидов на лекар да ми даде лек бидејќи морав да одам на скијање во Франција. Таму ми рекоа дека сепак морам да поминам преку брзата ковид амбуланта. Тоа го направив, се тестирав, ги направив сите потребни прегледи. Докторот рече дека се е во ред, а крвната слика е одлична, вели тој за „Нова“.

Сметајќи дека сето тоа е ништо, Иван почнал да се пакува. Резултатите од тестот од 23 февруари пристигнале следниот ден, а тој ги погледнал „ради реда“.

Кога тоа - повторно позитивен. Не можев да верувам, се прашував уште колку. Сега разбирам дека сето тоа е веројатно затоа што премногу се трошев себе си во претходните години, па имунитетот ми ослабна, вели тој.

Иван работи во фирма, а приватно им држи часови по електротехника на студенти, и плус тоа, е многу посветен на сопругата и децата.

Сега признава дека повторно сфатил дека мораме да го слушаме нашето тело кога ни кажува дека треба малку да забавиме, но и дека не смееме да дозволиме пандемијата целосно да не маѓепса и да оставиме животот да нѐ одмине.

На крајот на краиштата, отидов на лекар и направив радио и ултразвук на срцето и сите други неопходни прегледи и се покажа дека се е во ред, вели Иван и додава дека ќе одмори малку, но потоа планира убаво семејно патување.

The post Иван четири пати прележал Ковид-19, раскажува како му се менувале симптомите appeared first on Република.

]]>

Четириесетгодишниот електроинженер Иван Мијаиловиќ од Лазаревац, Србија, кој го прележал корона вирусот четири пати, за „Нова.рс“ зборува за симптомите и она што го научил борејќи се со оваа болест.
Првпат бев позитивен на 17 ноември 2020 година. Тогаш имав треска три-четири дена, дијареа, а имав и болки во мускулите. Чувствував општа изнемоштеност, а во главата како да имав сериозен мамурлак. Имав и поблаги болки во грлото и кашлица, се сеќава Иван.
За среќа, тогаш поминал без тешка клиничка слика. Продолжил да внимава, но дека животот горе-долу му продолжил нормално. Не поминало многу време откако се опоравил и се вратил на работа кога забележал дека повторно му се случува нешто сомнително со здравјето. Отпрвин не размислувал за короната, бидејќи се надевал дека се уште има имунитет.
Вториот пат кога се заразив беше нешто повеќе од три месеци по првата инфекција. Сè беше слично, но симптомите беа околу 50 проценти послаби и без температура, раскажува тој.
Во меѓувреме, Иван се вакцинирал против Ковид и мислел дека завршил со короната до крајот на животот. Но, вирусот докажа дека ги крши сите правила. Во септември 2021 година, Иван повторно се чувствува лошо.
Тој трет пат ги имав потполно истите симптоми како и вториот пат, па имав дијареа, болки во мускулите, бев слаб и малку ме болеше грлото. И точно знаев за што се работи. Затоа не отидов да се тестирам. Ја следев мојата состојба и, се разбира, се изолирав. За среќа, сè помина добро, веројатно најмногу благодарение на вакцината.
И тогаш, како во лоша шега, Иван неодамна повторно се заразил со короната.
Веќе некое време функционирав нормално, се трудев да не размислувам многу за пандемијата, чекав како и сите други конечно да помине. Меѓутоа, неодамна, во февруари, почнав да кашлам и малку се изморив. Искрено, не ни помислив на Ковид, туку отидов на лекар да ми даде лек бидејќи морав да одам на скијање во Франција. Таму ми рекоа дека сепак морам да поминам преку брзата ковид амбуланта. Тоа го направив, се тестирав, ги направив сите потребни прегледи. Докторот рече дека се е во ред, а крвната слика е одлична, вели тој за „Нова“.
Сметајќи дека сето тоа е ништо, Иван почнал да се пакува. Резултатите од тестот од 23 февруари пристигнале следниот ден, а тој ги погледнал „ради реда“.
Кога тоа - повторно позитивен. Не можев да верувам, се прашував уште колку. Сега разбирам дека сето тоа е веројатно затоа што премногу се трошев себе си во претходните години, па имунитетот ми ослабна, вели тој.
Иван работи во фирма, а приватно им држи часови по електротехника на студенти, и плус тоа, е многу посветен на сопругата и децата. Сега признава дека повторно сфатил дека мораме да го слушаме нашето тело кога ни кажува дека треба малку да забавиме, но и дека не смееме да дозволиме пандемијата целосно да не маѓепса и да оставиме животот да нѐ одмине.
На крајот на краиштата, отидов на лекар и направив радио и ултразвук на срцето и сите други неопходни прегледи и се покажа дека се е во ред, вели Иван и додава дека ќе одмори малку, но потоа планира убаво семејно патување.

The post Иван четири пати прележал Ковид-19, раскажува како му се менувале симптомите appeared first on Република.

]]>
„Се прашував само дали смртта ќе ми биде болна“, вели британскиот новинар застрелан кај Киев https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-prashuvav-samo-dali-smrtta-kje-mi-bide-bolna-veli-britanskiot-novinar-zastrelan-kaj-kiev/ Sat, 05 Mar 2022 09:01:32 +0000 https://republika.mk/?p=468071

Главниот дописник на британски „Скај њуз“ од украинската криза, Стјуарт Ремзи, бил застрелан во долниот дел на грбот додека во понеделникот било пукано врз автомобилот што ја превезувал неговата екипа во Киев. Во нападот , исто така, бил погоден и снимателот Ричи Моклер, но двата куршума завршиле во неговиот заштитен елек, пред тимот да успее да избега и да се засолни. Целата екипа подоцна била спасени од украинската полиција.

Во екипата на „Скај Њуз“ се наоѓале и Доминке ван Херден и Мартин Воулс, како и локалниот продуцент Андриј Литвиненко.

Шокантната снимка од инцидентот синоќа беше прикажана на „Скај Њуз“ и на неа се гледа како новинарската екипа се наоѓа под силен оган додека стакло прска околу нив.

Се претпоставува дека нападот го извршиле диверзанти на руското извидување.

Во писмениот извештај за заседата, Ремзи наведува дека неговата екипа се упатувала кон градот Буча, каде што имале намера да дознаат повеќе за уништувањето на рускиот конвој од страна на украинската армија претходниот ден. Ремзи наведува дека екипата мислела дека украинскиот воен контролен пункт може да биде одговорен за пукањето, но нивните панични обиди да објаснат дека се новинари не го одвратиле напаѓачот да отвори оган.

Се сеќавам дека се прашував дали мојата смрт ќе биде болна, рече тој.

Некои членови на тимот успеале да побегнат, но Ремзи бил погоден со куршум во долниот дел на грбот.

Тимот на крајот стигнал до една фабрика, каде се засолниле.

Тимот на „Скај Њуз“, во меѓувреме се вратил во Обединетото кралство, а Литвиненко останал во Украина со своето семејство.

Имавме многу среќа, додаде Ремзи на крајот од прилогот.

The post „Се прашував само дали смртта ќе ми биде болна“, вели британскиот новинар застрелан кај Киев appeared first on Република.

]]>

Главниот дописник на британски „Скај њуз“ од украинската криза, Стјуарт Ремзи, бил застрелан во долниот дел на грбот додека во понеделникот било пукано врз автомобилот што ја превезувал неговата екипа во Киев. Во нападот , исто така, бил погоден и снимателот Ричи Моклер, но двата куршума завршиле во неговиот заштитен елек, пред тимот да успее да избега и да се засолни. Целата екипа подоцна била спасени од украинската полиција. Во екипата на „Скај Њуз“ се наоѓале и Доминке ван Херден и Мартин Воулс, како и локалниот продуцент Андриј Литвиненко. Шокантната снимка од инцидентот синоќа беше прикажана на „Скај Њуз“ и на неа се гледа како новинарската екипа се наоѓа под силен оган додека стакло прска околу нив. Се претпоставува дека нападот го извршиле диверзанти на руското извидување. Во писмениот извештај за заседата, Ремзи наведува дека неговата екипа се упатувала кон градот Буча, каде што имале намера да дознаат повеќе за уништувањето на рускиот конвој од страна на украинската армија претходниот ден. Ремзи наведува дека екипата мислела дека украинскиот воен контролен пункт може да биде одговорен за пукањето, но нивните панични обиди да објаснат дека се новинари не го одвратиле напаѓачот да отвори оган.
Се сеќавам дека се прашував дали мојата смрт ќе биде болна, рече тој.
Некои членови на тимот успеале да побегнат, но Ремзи бил погоден со куршум во долниот дел на грбот. Тимот на крајот стигнал до една фабрика, каде се засолниле. Тимот на „Скај Њуз“, во меѓувреме се вратил во Обединетото кралство, а Литвиненко останал во Украина со своето семејство.
Имавме многу среќа, додаде Ремзи на крајот од прилогот.

The post „Се прашував само дали смртта ќе ми биде болна“, вели британскиот новинар застрелан кај Киев appeared first on Република.

]]>
Олександра се крие во Харков: Ѝ праќам видеа на мајка ми во Москва и пак не ми верува, вели Украинците го убиваат сопствениот народ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/oleksandra-se-krie-vo-harkov-prakjam-videa-na-majka-mi-vo-moskva-i-pak-ne-mi-veruva-veli-ukraincite-go-ubivaat-sopstveniot-narod/ Sat, 05 Mar 2022 08:02:29 +0000 https://republika.mk/?p=468025

Жителката на Харков, Олександра (25) и нејзините четири посвоени кучиња со денови се криеjaт од руските гранати во бањата во нејзиниот стан, пренесува „Би-Би-Си“. За британскиот медиум Олександра вели дека редовно разговара со нејзината мајка која живее во Москва, но дека не може да ја убеди дека е во опасност. Не ја убедуваат ниту видеата кои ѝ ги праќа од разурнатиот Харков.

Не сакав да ги плашам моите родители, но почнав да им кажувам дека се убиваат и цивили и деца. Иако се грижат за мене, тие сепак велат дека тоа е веројатно случајност зошто „руската војска никогаш не би гаѓала цивили“. Тие тврдат дека Украинците го убиваат сопствениот народ, раскажува Олександра.

Според неа, за тоа се виновни руските државни медиуми. Таа вели дека ставовите на нејзината мајка се идентични со оние што може да се слушнат на руската државна телевизија.

Се исплашив кога ми го повтори она што го чула на телевизија. Руските телевизиски држави им ги перат мозоците на гледачите и тие им веруваат. Моите родители знаат дека има одвива воена операција во Украина, но ми велат: „Русите дојдоа да те ослободат. Нема да уништат ништо, нема да те повредат. Тие целат само воени бази.“, раскажува таа.

Додека Олександра зборуваше со новинарите на Би-Би-Си, гранати паѓаа врз Харков. На моменти, квалитетот на нејзината интернет конекција паѓаше.

Заборавив како звучи тишината. Гранатирањето не престанува, вели 25-годишната девојка.

Руската државна телевизија тоа гранатирање не го ни спомна. Тие не ги спомнаа цивилните жртви, ниту четирите лица кои загинаа додека чекаа ред за вода. Руските медиуми наведуваат дека на Украинците не им се заканува руската армија, туку украинските националисти кои ги користат цивилите како жив штит. Руската државна телевизија тврди дека Украина го иницирала конфликтот, а војната во Украина ја нарекува „специјална ослободителна операција“.

The post Олександра се крие во Харков: Ѝ праќам видеа на мајка ми во Москва и пак не ми верува, вели Украинците го убиваат сопствениот народ appeared first on Република.

Таткото ми вика „Што се мешаш ти?“: Лазаров за несреќата во која возачот два пати избегал https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tatkoto-mi-vika-shto-se-meshash-ti-lazarov-za-nesrekjata-vo-koja-vozachot-dva-pati-izbegal/ Sat, 22 Jan 2022 08:47:23 +0000 https://republika.mk/?p=448035

Д-р Ненад Лазаров раскажува за сообраќајна несреќа на која сведочел пред неколку години и во која возачот кој ја предизвикал избегал двапати од местото на несреќата.

Пред некои години сведочев на сообраќајка на Водњанска по која удрениот автомобил заврши буквално во пилјарата внатре низ излог.
Возачот кој ја предизвика несреќата, околу 20год. избега ама му падна табличката, среќа немаше никој повреден посериозно.
По 5 минути се враќа ликот со колата, како подзастанува ние помисливме дека се свестил што направи, а он со упалена кола на сред улица застана да си ја бара табличката (која ја имавме ние земено), не ја најде и без да погледне дали има повредени или било што, пак си избега.
После еден саат го донесе полиција на лице место, ја додека давам изјава на полиција ко сведок, таткото ми вика што се мешаш ти...
На суд не ме викна никој, со задоволство ќе одев, не сум ни помислил дека е можно да се избега два пати од лице место на иста несреќа, раскажува тој.

The post Таткото ми вика „Што се мешаш ти?“: Лазаров за несреќата во која возачот два пати избегал appeared first on Република.

]]>

Д-р Ненад Лазаров раскажува за сообраќајна несреќа на која сведочел пред неколку години и во која возачот кој ја предизвикал избегал двапати од местото на несреќата.
Пред некои години сведочев на сообраќајка на Водњанска по која удрениот автомобил заврши буквално во пилјарата внатре низ излог. Возачот кој ја предизвика несреќата, околу 20год. избега ама му падна табличката, среќа немаше никој повреден посериозно. По 5 минути се враќа ликот со колата, како подзастанува ние помисливме дека се свестил што направи, а он со упалена кола на сред улица застана да си ја бара табличката (која ја имавме ние земено), не ја најде и без да погледне дали има повредени или било што, пак си избега. После еден саат го донесе полиција на лице место, ја додека давам изјава на полиција ко сведок, таткото ми вика што се мешаш ти... На суд не ме викна никој, со задоволство ќе одев, не сум ни помислил дека е можно да се избега два пати од лице место на иста несреќа, раскажува тој.

The post Таткото ми вика „Што се мешаш ти?“: Лазаров за несреќата во која возачот два пати избегал appeared first on Република.

]]>