сведочење Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svedochenje/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Nov 2024 10:06:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сведочење Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svedochenje/ 32 32 Поранешен полицаец тврди: На полициски функционери им кажав дека знам каде е Палчо, никој не ми се јави туку само ме следеа https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/poraneshen-politsaets-tvrdi-na-politsiski-funktsioneri-im-kazhav-deka-znam-kade-e-palcho-nikoj-ne-mi-se-javi-tuku-samo-me-sledea/ Wed, 20 Nov 2024 11:21:59 +0000 https://republika.mk/?p=839881

Љупчо Палевски бараше од мене да го прашам мојот другар, кој е имотен, да инвестира, да се заврши зградата „Тифани", изјави Ламбе Вучков, сведок на обвинителството, кој е поранешен полицаец, на рочиштето за убиствата на Вања и Панче.

Вучков се присети дека во тој период Палевски бил слаб со пари. Затоа, Палчо на другарот на Вучков му ги понудил локациите за згради во Центар за кој тврдел дека имал добиено одобрение за градба, но подоцна се покажало дека не постојат како локации.

15.000 евра кои познаник требало да ги однесе кај Палчо, 3.000 си ги ставил во џеб. Парите до ден денеска не се вратени. Му кажав подоцна дека парите што се дадени треба да бидат вратени бидејќи од локациите нема ништо, објасни сведокот.

Секогаш кога ќе се виделе Палчо го убедувал дека и тој чека некои пари и оти сигурно ќе му ги врати.

Му се јавил потоа и од Белград и му рекол оти Влатко Кешишев го информирал оти во партијата го барала полиција и дека дошле да земат некое возило пикап.

На почетокот на декември Палевски му се јавил и од Турција.

Ми кажал дека заминал во Турција по работа, се присети Вучков.

Вучков потврди дека Палевски се уште должи пари бидејќи тој морал да земе кредит да му ги даде на другарот бидејќи тој бил еден вид гарант.

Вучков на полициски функционери им кажал дека има контакт со Палевски и да му се обратат за да им каже каде е.

Но, никој не ми се јави мислејќи дека ќе направат којзнае каков случај. Јас сум следен шест месеци по базни станици, откри сведокот.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/den-po-grabnuvaneto-na-vana-palcho-popraval-parno-kaj-prijatel/

The post Поранешен полицаец тврди: На полициски функционери им кажав дека знам каде е Палчо, никој не ми се јави туку само ме следеа appeared first on Република.

]]>

Љупчо Палевски бараше од мене да го прашам мојот другар, кој е имотен, да инвестира, да се заврши зградата „Тифани", изјави Ламбе Вучков, сведок на обвинителството, кој е поранешен полицаец, на рочиштето за убиствата на Вања и Панче.
Вучков се присети дека во тој период Палевски бил слаб со пари. Затоа, Палчо на другарот на Вучков му ги понудил локациите за згради во Центар за кој тврдел дека имал добиено одобрение за градба, но подоцна се покажало дека не постојат како локации.
15.000 евра кои познаник требало да ги однесе кај Палчо, 3.000 си ги ставил во џеб. Парите до ден денеска не се вратени. Му кажав подоцна дека парите што се дадени треба да бидат вратени бидејќи од локациите нема ништо, објасни сведокот.
Секогаш кога ќе се виделе Палчо го убедувал дека и тој чека некои пари и оти сигурно ќе му ги врати. Му се јавил потоа и од Белград и му рекол оти Влатко Кешишев го информирал оти во партијата го барала полиција и дека дошле да земат некое возило пикап. На почетокот на декември Палевски му се јавил и од Турција.
Ми кажал дека заминал во Турција по работа, се присети Вучков.
Вучков потврди дека Палевски се уште должи пари бидејќи тој морал да земе кредит да му ги даде на другарот бидејќи тој бил еден вид гарант. Вучков на полициски функционери им кажал дека има контакт со Палевски и да му се обратат за да им каже каде е.
Но, никој не ми се јави мислејќи дека ќе направат којзнае каков случај. Јас сум следен шест месеци по базни станици, откри сведокот.
https://republika.mk/vesti/crna-hronika/den-po-grabnuvaneto-na-vana-palcho-popraval-parno-kaj-prijatel/

The post Поранешен полицаец тврди: На полициски функционери им кажав дека знам каде е Палчо, никој не ми се јави туку само ме следеа appeared first on Република.

]]>
Професор Калајџиев: Ватерло за обвинителството во случајот против Жан Митрев! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/profesor-kalajdhiev-vaterlo-za-obvinitelstvoto-vo-sluchajot-protiv-zhan-mitrev/ Tue, 02 Apr 2024 17:23:00 +0000 https://republika.mk/?p=761416

„Ватерло за обвинителството во случајот против Жан Митрев! Главниот сведок на обвинителството (доктор од друга клиника) сведочеше практично во прилог одбраната“, пишува во статус професорот по кривично право Гордан Калајџиев давајќи осврт на вчерашното рочиште во процесот против д-р Жан Митрев.

Наводно измамените никогаш воопшто не се сретнале со “измамникот” д-р Жан Митрев. Од самиот почеток на судењето не ми беше јасно како без вештачење ЈО ќе докаже дека методата на хемофилтрација била помалку ефикасна од она што докторот не им го ни’ ветувал туку го објаснувал на ТВ. Клучниот “доказ” на Јо сега е квазивештачењето на комисијата на Мин. за здравство кое процесно и не може да биде доказ затоа што е мислење кое нема да може да се тестира пред судот што ЗКП изречно го забранува. Се ла ви“, заклучува професорот. На вчерашното рочиште доктор Љупчо Стојковски – искусен нефролог и единствен лекар кој во приватната болница Аџибадем Систина применувал хемофилтрација сведочеше „Ние користевме хемофилтрација за лечење на пациенти во време на КОВИД кризата. Хемофилтрацијата е одамна познат метод, што се користи во медицината, кој што од нефрологијата се пренесе на сите водечки одделенија за интензивно лекување во земјата. „Главен параметар за што порано вклучување на хемофилтрацијата е клиничката слика на пациентот. Се реагира во рана фаза да не се влоши сликата”, објасни докторот. Во приватната болница каде работел ја користел методата на 32 пациенти каде се извршени 48 хемофилтрации. Кај дел од пациентите помогна и истите се спасија, а кај дел за жал не помогна. На прашањето дали е запознаен со сите објави на неговата болница, каде што даваа изјави поврзани со хемофилтрацијата, тој рече дека ги знае сите објави кои се објавени од страна на другата приватна болница во која што работел и дека се сложува и со изјавата на д-р. Каламарас дека хемофилтрацијата е врвна метода за лечење на КОВИД пациенти.

The post Професор Калајџиев: Ватерло за обвинителството во случајот против Жан Митрев! appeared first on Република.

Сефот со оружјето не бил проблем за Коста: Два броја биле подесени, третиот го погодил од втор обид https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sefot-so-oruzhjeto-ne-bil-problem-za-kosta-dva-broja-bile-podeseni-tretiot-go-pogodil-od-vtor-obid/ Thu, 20 Jul 2023 08:29:16 +0000 https://republika.mk/?p=663408

При вчерашниот распит, како сведок на 14-годишниот Коста К. кој е осомничен дека извршил масовно злосторство во тоа училиште на 3 мај, кога уби девет ученици и чувар, тој сведочеше во судскиот процес против неговиот татко Владимир Кецмановиќ.

Тој објаснил дека татко му го однел на стрелиште каде инструктор го научил да пука.

Кога решил да го изврши делото, размислувал како да дојде до оружјето што се наоѓало во сефот. Според непотврдени информации, тоа не претставувало голем проблем за него. Сефот имал три броја, го нашол бројчаникот веќе поставен на првите два броја, а третиот го свртел и од втор обид го погодил бројот.

Ова е причината што таткото се смета за одговорен, односно виновен, бидејќи не го обезбедил доволно добро местото каде што го чува оружјето.

The post Сефот со оружјето не бил проблем за Коста: Два броја биле подесени, третиот го погодил од втор обид appeared first on Република.

]]>

При вчерашниот распит, како сведок на 14-годишниот Коста К. кој е осомничен дека извршил масовно злосторство во тоа училиште на 3 мај, кога уби девет ученици и чувар, тој сведочеше во судскиот процес против неговиот татко Владимир Кецмановиќ. Тој објаснил дека татко му го однел на стрелиште каде инструктор го научил да пука. Кога решил да го изврши делото, размислувал како да дојде до оружјето што се наоѓало во сефот. Според непотврдени информации, тоа не претставувало голем проблем за него. Сефот имал три броја, го нашол бројчаникот веќе поставен на првите два броја, а третиот го свртел и од втор обид го погодил бројот. Ова е причината што таткото се смета за одговорен, односно виновен, бидејќи не го обезбедил доволно добро местото каде што го чува оружјето.

The post Сефот со оружјето не бил проблем за Коста: Два броја биле подесени, третиот го погодил од втор обид appeared first on Република.

]]>
Коста се појави во судница, раскажа како го отворил сефот и го зел пиштолот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kosta-se-pojavi-vo-sudnitsa-raskazha-kako-go-otvoril-sefot-i-go-zel-pishtolot/ Wed, 19 Jul 2023 09:14:57 +0000 https://republika.mk/?p=663021

Коста Кецмановиќ, момчето виновно за масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“, првпат се соочи со обвинителството.

Тој сведочеше во судскиот процес против неговиот татко Владимир Кецмановиќ.

Кога би можел да го вратам филмот, ништо од ова не би направил“ и „Се каам што ги убив пријателите“ се изјавите од денешното рочиште на 13-годишниот тинејџер кој уби девет деца и училишниот чувар, а сериозно рани уште пет соученици и наставничката по историја.

На Коста К. му биле поставувани многу прашања, најмногу поради сомневање дека неговиот татко не го чувал безбедно оружјето за кое имал дозвола. Но, според неофицијални информации од извори блиски до истрагата, момчето одговорило дека неговиот татко го чувал оружјето во сеф со шифра и го обезбедувал и повеќе од тоа што е вообичаено и пропишано со закон, но дека тој „се снаоѓал“. Како тоа момчето го направило и што точно кажал, изворот до срПските медиуми не сакал да открие, за да не ја „загрози“ понатамошната истрага.

Коста К. одговорил и на други прашања, меѓу кои дали татко му го малтретирал, каков бил односот во семејството, односно меѓу него, мајка му, татко му и сестра му. На прашањето дали татко му го однел на стрелиште, Коста К. одговорил дека тоа е точно, но дека првпат не го однел Владимир, туку некој друг.

Исто така, на прашањето дали татко му му ставил оружје во рацете и го научил да пука, момчето одговорило негативно.

Тој рече дека одамна стапил во контакт со оружје, но дека не е првпат татко му да го става во раце, напротив. Исто така, момчето кажа дека не го учел само татко му да пука, односно да ракува со оружје. Наводно, спомнал дека татко му се восхитувал колку прецизно гаѓа – вели изворот.

Миљана Кецмановиќ, мајката на убиецот, цело време ги стегала усните и неподвижно седела додека тој одговарал на прашањата.

Таа пред сослушувањето му предложила да каже што и да е побарано, а тој се обидел да ја сокрие својата вознемиреност.

Момчето беше сослушано преку видео врска и одговори на сите прашања во врска со постапката против неговиот татко за тешко кривично дело против општата безбедност.

The post Коста се појави во судница, раскажа како го отворил сефот и го зел пиштолот appeared first on Република.

]]>

Коста Кецмановиќ, момчето виновно за масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“, првпат се соочи со обвинителството. Тој сведочеше во судскиот процес против неговиот татко Владимир Кецмановиќ.
Кога би можел да го вратам филмот, ништо од ова не би направил“ и „Се каам што ги убив пријателите“ се изјавите од денешното рочиште на 13-годишниот тинејџер кој уби девет деца и училишниот чувар, а сериозно рани уште пет соученици и наставничката по историја.
На Коста К. му биле поставувани многу прашања, најмногу поради сомневање дека неговиот татко не го чувал безбедно оружјето за кое имал дозвола. Но, според неофицијални информации од извори блиски до истрагата, момчето одговорило дека неговиот татко го чувал оружјето во сеф со шифра и го обезбедувал и повеќе од тоа што е вообичаено и пропишано со закон, но дека тој „се снаоѓал“. Како тоа момчето го направило и што точно кажал, изворот до срПските медиуми не сакал да открие, за да не ја „загрози“ понатамошната истрага. Коста К. одговорил и на други прашања, меѓу кои дали татко му го малтретирал, каков бил односот во семејството, односно меѓу него, мајка му, татко му и сестра му. На прашањето дали татко му го однел на стрелиште, Коста К. одговорил дека тоа е точно, но дека првпат не го однел Владимир, туку некој друг. Исто така, на прашањето дали татко му му ставил оружје во рацете и го научил да пука, момчето одговорило негативно.
Тој рече дека одамна стапил во контакт со оружје, но дека не е првпат татко му да го става во раце, напротив. Исто така, момчето кажа дека не го учел само татко му да пука, односно да ракува со оружје. Наводно, спомнал дека татко му се восхитувал колку прецизно гаѓа – вели изворот.
Миљана Кецмановиќ, мајката на убиецот, цело време ги стегала усните и неподвижно седела додека тој одговарал на прашањата. Таа пред сослушувањето му предложила да каже што и да е побарано, а тој се обидел да ја сокрие својата вознемиреност. Момчето беше сослушано преку видео врска и одговори на сите прашања во врска со постапката против неговиот татко за тешко кривично дело против општата безбедност.

The post Коста се појави во судница, раскажа како го отворил сефот и го зел пиштолот appeared first on Република.

]]>
Принцот Хари сведочеше пред Високиот суд во Лондон https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/printsot-hari-svedocheshe-pred-visokiot-sud-vo-london/ Wed, 07 Jun 2023 09:43:27 +0000 https://republika.mk/?p=648772

Принцот Хари влезе во историјата на Високиот суд во Лондон вчера, како прв претставник на едно британско кралско семејство кој сведочел пред суд, за последниве 130 години.

Помладиот син на кралот Чарлс Трети е засегнат во случајот против издавачот „Мирор груп њуспејперс“ (Mirror Group Newspapers - МГН). Хари (38) и над 100 други лица тврдат дека новинарите од британскиот „Дејли мирор“ (Daily Mirror), „Сандеј мирор“ (Sunday Mirror) и „Пипл“ (The People) користеле незаконски методи - вклучително и хакирање говорни пораки од семејството и пријателите, за да добијат информации за своите написи меѓу 1991 и 2011 година. МГН призна дека објавувале приказни засновани на хакирање телефони, но не и дека го хакирале телефонот на Хари.

Адвокатите на МГН ги отфрлија наводите дека телефонот на Хари бил хакиран поради приказната за кавгата што ја имал со поранешната девојка Челси Дејви ноќта кога ја носел контроверзната „нацистичка униформа“ на забава, кога тој имал 20 години. Во написот се тврди дека Дејви „воопшто не била среќна“ за костимот. Додека Хари тврдеше дека неговиот телефон мора да бил хакиран за да се дојде до тој податок, адвокатот на печатот тврди дека изворот за приказната бил вујкото на Дејви.

Принцот Хари се повлече од кралските должности во 2020 година и се пресели во САД со неговата сопруга Меган Маркл, застана пред Судот вчера, и со тоа стана првата британска личност од кралско семејство што го сторила тоа од 1890-тите досега.

Тој сведочеше дека „искусил непријателство од печатот уште од раѓањето“, како и дека „жолтиот печат“ одиграл „деструктивна улога“ во неговото растење, на начинот на којшто тоа влијаело и на неговата почината мајка, принцезата Дијана. Хари рече и дека наводното хакирање на телефонот го направило „параноичен и неспособен да им верува на луѓето“, па тоа влијаело и на неговите односи, вклучително и со неговиот брат, принцот Вилијам, а и оти ја прекинал врската со Дејви.

Тоа е, вели, и причината поради што тој го напуштил Обединетото Кралство, т.е. „постојаниот упад, поттикнување омраза и вознемирување од страна на жолтиот печат во секое гледиште од нашиот приватен живот“, како што подробно се опишува во изјавата на сведокот од 55 страници.

The post Принцот Хари сведочеше пред Високиот суд во Лондон appeared first on Република.

]]>

Принцот Хари влезе во историјата на Високиот суд во Лондон вчера, како прв претставник на едно британско кралско семејство кој сведочел пред суд, за последниве 130 години. Помладиот син на кралот Чарлс Трети е засегнат во случајот против издавачот „Мирор груп њуспејперс“ (Mirror Group Newspapers - МГН). Хари (38) и над 100 други лица тврдат дека новинарите од британскиот „Дејли мирор“ (Daily Mirror), „Сандеј мирор“ (Sunday Mirror) и „Пипл“ (The People) користеле незаконски методи - вклучително и хакирање говорни пораки од семејството и пријателите, за да добијат информации за своите написи меѓу 1991 и 2011 година. МГН призна дека објавувале приказни засновани на хакирање телефони, но не и дека го хакирале телефонот на Хари. Адвокатите на МГН ги отфрлија наводите дека телефонот на Хари бил хакиран поради приказната за кавгата што ја имал со поранешната девојка Челси Дејви ноќта кога ја носел контроверзната „нацистичка униформа“ на забава, кога тој имал 20 години. Во написот се тврди дека Дејви „воопшто не била среќна“ за костимот. Додека Хари тврдеше дека неговиот телефон мора да бил хакиран за да се дојде до тој податок, адвокатот на печатот тврди дека изворот за приказната бил вујкото на Дејви. Принцот Хари се повлече од кралските должности во 2020 година и се пресели во САД со неговата сопруга Меган Маркл, застана пред Судот вчера, и со тоа стана првата британска личност од кралско семејство што го сторила тоа од 1890-тите досега. Тој сведочеше дека „искусил непријателство од печатот уште од раѓањето“, како и дека „жолтиот печат“ одиграл „деструктивна улога“ во неговото растење, на начинот на којшто тоа влијаело и на неговата почината мајка, принцезата Дијана. Хари рече и дека наводното хакирање на телефонот го направило „параноичен и неспособен да им верува на луѓето“, па тоа влијаело и на неговите односи, вклучително и со неговиот брат, принцот Вилијам, а и оти ја прекинал врската со Дејви. Тоа е, вели, и причината поради што тој го напуштил Обединетото Кралство, т.е. „постојаниот упад, поттикнување омраза и вознемирување од страна на жолтиот печат во секое гледиште од нашиот приватен живот“, како што подробно се опишува во изјавата на сведокот од 55 страници.  

The post Принцот Хари сведочеше пред Високиот суд во Лондон appeared first on Република.

]]>