свеченост Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svechenost/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Aug 2024 07:59:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png свеченост Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svechenost/ 32 32 Живко Чинго беше мајстор на зборот, уметник кој ја прикажа душата на Македонија низ своите раскази и романи https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zhivko-chingo-beshe-majstor-na-zborot-umetnik-koj-ja-prikazha-dushata-na-makedonija-niz-svoite-raskazi-i-romani/ Wed, 14 Aug 2024 07:59:38 +0000 https://republika.mk/?p=806361

Во атарот на манастирот Света Петка во Велгошти, вчеравечер се одржа традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, посветена на овој значаен литературен деец.

Во рамки на свечената програма беше доделена наградата за најдобар расказ на авторката за Дијана Петрова за расказот „Јоанес Даубманус“.

Во името на Општина Охрид, пред присутните се обрати Ана Крстеска, заменик градоначалник.

Вечерва сме повторно тука, во светилиштето на манастирот Света Петка, во родното место на еден од највеличествените македонски творци, чие перо, со најдлабоки емоции го овековечи духот на македонскиот народ, во неповторливи ремек-дела. Со најдлабока почит ја вреднуваме оваа наша привилегија да го славиме ликот и делото на нашиот великан, нашиот Живко Чинго. Тој, со својот животен пат и работа е симбол на македонските корени и стремежи. Неговите зборови го носат печатот на исконското, на она што е длабоко врежано во нашето битие. Преку неговото препознатливо творештво, тој стана гласот на сите оние кои зборуваат преку своето срце, без компромис и без страв, рече Крстеска.

Живко Чинго беше мајстор на зборот, уметник кој успеа да ја прикаже душата на Македонија низ своите раскази и романи. Неговите дела се споменик на нашата книжевност, вечни сведоци на времето и животот. Преку неговата неповторлива проза, Чинго создаде светови кои дишат и кои треперат.

Неговата проза, потенцираше, е толку длабока и значајна, што и денес продолжува да ги инспирираа читателите и писателите.

Како што самиот Живко Чинго ќе каже: „…тоа што си им го дал на другите-само тоа е твое, во тоа е смислата“. Оваа мудрост нѐ потсетува дека најголемата сила лежи во заедништвото и во споделувањето, тоа е најголемата сила на човекот. Општина Охрид, како чувар на културното и историското наследство, со гордост го вреднува и чува делото на Чинго. Остануваме доследни на оваа света должност и ќе продолжиме достоинствено да го негуваме неговото наследство и во иднина, за да можат новите генерации да ги спознаат и почувствуваат големите вредности, кои тој ги остави зад себе, додаде Крстеска.

Воедно упати честитки до годинешниот добитник на наградата за најдобар расказ Дијана Петрова, чие дело како што рече претставува продолжение на богатата македонска книжевна традиција и потврда дека зборот има моќ да создаде светови и да допре до срцата на луѓето.

Верувам дека оваа манифестација ќе продолжи да расте и да се развива и дека ќе продолжи да биде препознатлив културен белег на Велгошти и на Охрид, истакна Крстеска.

Годинешен беседник за ликот, делото и живото на Живко Чинго беше еминентниот македонски поет, литературен критичар, преведувач и новинар, Бранко Цветкоски.

Манифестацијата беше збогатена со културно уметничката програма, а публиката имаше можност да го проследи настапот на квартетот „Струни“ во кој членуваат талентираните музучари Олгица Шундиќ, Сандра Крстевска, Иван Петровски и Љупка Каевиќ.

Свој настап во рамки на свеченоста имаа и членовите на КУД „Филиграни“ од Велгошти.

извор/ фото: Охридњуз

The post Живко Чинго беше мајстор на зборот, уметник кој ја прикажа душата на Македонија низ своите раскази и романи appeared first on Република.

]]>

Во атарот на манастирот Света Петка во Велгошти, вчеравечер се одржа традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, посветена на овој значаен литературен деец. Во рамки на свечената програма беше доделена наградата за најдобар расказ на авторката за Дијана Петрова за расказот „Јоанес Даубманус“. Во името на Општина Охрид, пред присутните се обрати Ана Крстеска, заменик градоначалник.
Вечерва сме повторно тука, во светилиштето на манастирот Света Петка, во родното место на еден од највеличествените македонски творци, чие перо, со најдлабоки емоции го овековечи духот на македонскиот народ, во неповторливи ремек-дела. Со најдлабока почит ја вреднуваме оваа наша привилегија да го славиме ликот и делото на нашиот великан, нашиот Живко Чинго. Тој, со својот животен пат и работа е симбол на македонските корени и стремежи. Неговите зборови го носат печатот на исконското, на она што е длабоко врежано во нашето битие. Преку неговото препознатливо творештво, тој стана гласот на сите оние кои зборуваат преку своето срце, без компромис и без страв, рече Крстеска.
Живко Чинго беше мајстор на зборот, уметник кој успеа да ја прикаже душата на Македонија низ своите раскази и романи. Неговите дела се споменик на нашата книжевност, вечни сведоци на времето и животот. Преку неговата неповторлива проза, Чинго создаде светови кои дишат и кои треперат. Неговата проза, потенцираше, е толку длабока и значајна, што и денес продолжува да ги инспирираа читателите и писателите. Како што самиот Живко Чинго ќе каже: „…тоа што си им го дал на другите-само тоа е твое, во тоа е смислата“. Оваа мудрост нѐ потсетува дека најголемата сила лежи во заедништвото и во споделувањето, тоа е најголемата сила на човекот. Општина Охрид, како чувар на културното и историското наследство, со гордост го вреднува и чува делото на Чинго. Остануваме доследни на оваа света должност и ќе продолжиме достоинствено да го негуваме неговото наследство и во иднина, за да можат новите генерации да ги спознаат и почувствуваат големите вредности, кои тој ги остави зад себе, додаде Крстеска. Воедно упати честитки до годинешниот добитник на наградата за најдобар расказ Дијана Петрова, чие дело како што рече претставува продолжение на богатата македонска книжевна традиција и потврда дека зборот има моќ да создаде светови и да допре до срцата на луѓето. Верувам дека оваа манифестација ќе продолжи да расте и да се развива и дека ќе продолжи да биде препознатлив културен белег на Велгошти и на Охрид, истакна Крстеска. Годинешен беседник за ликот, делото и живото на Живко Чинго беше еминентниот македонски поет, литературен критичар, преведувач и новинар, Бранко Цветкоски. Манифестацијата беше збогатена со културно уметничката програма, а публиката имаше можност да го проследи настапот на квартетот „Струни“ во кој членуваат талентираните музучари Олгица Шундиќ, Сандра Крстевска, Иван Петровски и Љупка Каевиќ. Свој настап во рамки на свеченоста имаа и членовите на КУД „Филиграни“ од Велгошти. извор/ фото: Охридњуз

The post Живко Чинго беше мајстор на зборот, уметник кој ја прикажа душата на Македонија низ своите раскази и романи appeared first on Република.

]]>
Македонскиот јазик е цврст столб на нашето општество на кој можеме и на кој треба сите да се потпираме https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/makedonskiot-jazik-e-tsvrst-stolb-na-nasheto-opshtestvo-na-koj-mozheme-i-na-koj-treba-site-da-se-potpirame/ Wed, 21 Feb 2024 13:28:25 +0000 https://republika.mk/?p=746589

Јазиците се важни, тие не се само средство за комуникација, туку и интегрална компонента на индентитетот на секој поединец и нација, начин на зближување на различностите, толеранција и меѓусебно прифаќање. Нашиот мајчин јазик, македонскиот јазик е реалност во светската ризница на јазици, низ науката, културата и образованието, заштитен, недопирлив, единствен.

Ова го истакна министерката за култура,  Бисера Костадиновска-Стојчевска, на прославата на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик што се одржа во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје. Таа подвлече дека со Институтот се добри партнери при тоа потенцирајќи го значењето на Законот за употреба на македонскиот јазик.

-Со Институтот сме навистина многу добри партнери во многубројни проекти не само во однос на дигитализацијата на картотеките, туку и во еден од подолгите процеси и позначајните, а тоа е донесувањето на новиот закон за употреба на македонскиот јазик којшто без максималната вклученост на членовите на Советот за македонски јазик, како и на сите вработени тука во овој Институтот немаше да стане реалност. Што значи дека се движиме во правилна насока во однос на заштита на македонскиот јазик, меѓутоа и промоција на сите јазици коишто се зборуваат на територијата на нашата држава, нагласи во изјавата за медиуми Костадиновска - Стојчевска честитајќи го Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

Таа нагласи дека заедно со директорката на Институтот и со сите членови работат заедно на унапредување на правата не само на говорителите на македонскиот јазик, туку и на сите други јазици кои се говорат, но и на изданија кои се финансираат преку Министерство за култура токму од оваа област.

Директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, истакна дека Институтот како најголем промотор и овластен за заштита на македонскиот јазик, годинава со гордост одбележува 150 години од раѓањето на патронот Крсте Петков Мисирков (18.11.1874г.) и прв неформален кодификатор на македонскиот јазик, како и 80 години од Првото заседание на АСНОМ(2.08.1944) на кое е конституирана македонската држава, а македонскиот е заведен како службен јазик во неа.

-Македонците по многу вековна борба, се изборија за признавање на мајчиниот македонски јазик. Затоа ние ја почитуваме желбата на нашите сограѓани, но и на сите луѓе во светот да зборуваат на својот мајчин јазик, рече Јованова Грујовска.

Прашана дали можеме да кажеме дека на завидно ниво го владееме мајчиниот јазик имајќи ја предвид преводната култура, квалитетот на преводите кај нас, таа ќе посочи дека токму на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик точно секој од нас треба да се запраша кое ни е нивото на познавање на мајчиниот јазик.

-Институтот за македонски јазик се грижи и единствен овластен субјект за заштита на македонскиот јазик, меѓутоа и го проучува на сите рамништа, го штити и го промовира. Секогаш има потреба за уште нешто. Независно од тоа што имаме исклучително добра продукција на книги, на изданија секоја година, кај нас станува збор пред се за научни изданија, секогаш можеме да кажеме дека може уште и дека и следнава година конкретно сега 2024 година ќе објавиме барем 10-ина научни трудови што се поврзани со македонскиот јазик, нагласи Јованова-Грујовска.

Таа подвлече дека за да си го знаеме и за да си го почитуваме мајчиниот јазик треба да ги знаеме и луѓето околу нас што живеат.

-Затоа, Институтот за македонски јазик последниве години на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик ги отвора своите врати за сите зборувачи на различни јазици што живеат кај нас и на тој начин покажуваме почит, но покажуваме и желба за запознавање на различностите затоа што ние меѓу себе ќе се почитуваме и ќе се сакаме само доколку ги почитуваме различностите и ги прифатиме различностите. На овој начин всушност гледаме како другите си го почитуваат својот јазик и тука доаѓаме до преводливоста. Зошто? Затоа што многу автори коишто творат на турски јазик не само кај нас туку и во Турција се преведуваат овде на македонски јазик. Е, тука се гледа нашето ниво на познавање на јазикот, на познавање на културата, конкретно сега по примерот на турскиот. Меѓутоа, значи, на оној јазик што го преведуваме на македонскиот или од македонски на друг јазик за да прошета по светот нашата литература и нашиот културен код, да биде достапен за луѓето во светот, вели директорката на Институтот заблагодарувајќи се при тоа и на Министерството за култура за сета поддршка што им ја дава во издавачката дејност, но и на МОН кое овозможува и други услови што им се потребни.

Проф. д-р Борче Арсов, научен советник при Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, во своето обраќање истакна дека токму на овој ден треба да се посочи на потребата за грижата за мајчиниот јазик и упати порака до учениците од основни и средни училишта кои зборуваат на сите јазици во земјава, но и пошироко, а кои присуствуваа на манифестацијата, да ги чуваат почитуваат и негуваат своите мајчини јазици бидејќи тие не учат, образуваат, не обликуваат, но упати и на потребата од владеење на македонскиот јазик.

-На овој ден освен што ќе ве потсетам на должноста на грижата за својот мајчин јазик, сакам и да ви порачам, сакајте го и македонскиот јазик, без разлика кој е вашиот мајчин јазик, зашто македонскиот јазик е цврст столб на нашето општество на кој можеме и на кој треба сите да се потпираме, тој е мост за јазично и културно и духовно собитисување, потенцира проф. Арсов.

Меѓународниот ден на мајчиниот јазик се одбележува од 2000-та година и е востановен од УНЕСКО. Според ООН, во светот постојат околу 7000 јазици. Поради процесот на глобализација на многу јазици им се заканува целосно исчезнување. Според атласот на загрозени јазици на УНЕСКО, само меѓу 1950-та и 2010 година исчезнале 230 јазици, а за загрозени се сметаат најмалку 45 проценти од посочените 7000 јазици што се зборуваат во светот, беше истакнато.

The post Македонскиот јазик е цврст столб на нашето општество на кој можеме и на кој треба сите да се потпираме appeared first on Република.

]]>

Јазиците се важни, тие не се само средство за комуникација, туку и интегрална компонента на индентитетот на секој поединец и нација, начин на зближување на различностите, толеранција и меѓусебно прифаќање. Нашиот мајчин јазик, македонскиот јазик е реалност во светската ризница на јазици, низ науката, културата и образованието, заштитен, недопирлив, единствен. Ова го истакна министерката за култура,  Бисера Костадиновска-Стојчевска, на прославата на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик што се одржа во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје. Таа подвлече дека со Институтот се добри партнери при тоа потенцирајќи го значењето на Законот за употреба на македонскиот јазик. -Со Институтот сме навистина многу добри партнери во многубројни проекти не само во однос на дигитализацијата на картотеките, туку и во еден од подолгите процеси и позначајните, а тоа е донесувањето на новиот закон за употреба на македонскиот јазик којшто без максималната вклученост на членовите на Советот за македонски јазик, како и на сите вработени тука во овој Институтот немаше да стане реалност. Што значи дека се движиме во правилна насока во однос на заштита на македонскиот јазик, меѓутоа и промоција на сите јазици коишто се зборуваат на територијата на нашата држава, нагласи во изјавата за медиуми Костадиновска - Стојчевска честитајќи го Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Таа нагласи дека заедно со директорката на Институтот и со сите членови работат заедно на унапредување на правата не само на говорителите на македонскиот јазик, туку и на сите други јазици кои се говорат, но и на изданија кои се финансираат преку Министерство за култура токму од оваа област. Директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, истакна дека Институтот како најголем промотор и овластен за заштита на македонскиот јазик, годинава со гордост одбележува 150 години од раѓањето на патронот Крсте Петков Мисирков (18.11.1874г.) и прв неформален кодификатор на македонскиот јазик, како и 80 години од Првото заседание на АСНОМ(2.08.1944) на кое е конституирана македонската држава, а македонскиот е заведен како службен јазик во неа. -Македонците по многу вековна борба, се изборија за признавање на мајчиниот македонски јазик. Затоа ние ја почитуваме желбата на нашите сограѓани, но и на сите луѓе во светот да зборуваат на својот мајчин јазик, рече Јованова Грујовска. Прашана дали можеме да кажеме дека на завидно ниво го владееме мајчиниот јазик имајќи ја предвид преводната култура, квалитетот на преводите кај нас, таа ќе посочи дека токму на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик точно секој од нас треба да се запраша кое ни е нивото на познавање на мајчиниот јазик. -Институтот за македонски јазик се грижи и единствен овластен субјект за заштита на македонскиот јазик, меѓутоа и го проучува на сите рамништа, го штити и го промовира. Секогаш има потреба за уште нешто. Независно од тоа што имаме исклучително добра продукција на книги, на изданија секоја година, кај нас станува збор пред се за научни изданија, секогаш можеме да кажеме дека може уште и дека и следнава година конкретно сега 2024 година ќе објавиме барем 10-ина научни трудови што се поврзани со македонскиот јазик, нагласи Јованова-Грујовска. Таа подвлече дека за да си го знаеме и за да си го почитуваме мајчиниот јазик треба да ги знаеме и луѓето околу нас што живеат. -Затоа, Институтот за македонски јазик последниве години на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик ги отвора своите врати за сите зборувачи на различни јазици што живеат кај нас и на тој начин покажуваме почит, но покажуваме и желба за запознавање на различностите затоа што ние меѓу себе ќе се почитуваме и ќе се сакаме само доколку ги почитуваме различностите и ги прифатиме различностите. На овој начин всушност гледаме како другите си го почитуваат својот јазик и тука доаѓаме до преводливоста. Зошто? Затоа што многу автори коишто творат на турски јазик не само кај нас туку и во Турција се преведуваат овде на македонски јазик. Е, тука се гледа нашето ниво на познавање на јазикот, на познавање на културата, конкретно сега по примерот на турскиот. Меѓутоа, значи, на оној јазик што го преведуваме на македонскиот или од македонски на друг јазик за да прошета по светот нашата литература и нашиот културен код, да биде достапен за луѓето во светот, вели директорката на Институтот заблагодарувајќи се при тоа и на Министерството за култура за сета поддршка што им ја дава во издавачката дејност, но и на МОН кое овозможува и други услови што им се потребни. Проф. д-р Борче Арсов, научен советник при Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, во своето обраќање истакна дека токму на овој ден треба да се посочи на потребата за грижата за мајчиниот јазик и упати порака до учениците од основни и средни училишта кои зборуваат на сите јазици во земјава, но и пошироко, а кои присуствуваа на манифестацијата, да ги чуваат почитуваат и негуваат своите мајчини јазици бидејќи тие не учат, образуваат, не обликуваат, но упати и на потребата од владеење на македонскиот јазик. -На овој ден освен што ќе ве потсетам на должноста на грижата за својот мајчин јазик, сакам и да ви порачам, сакајте го и македонскиот јазик, без разлика кој е вашиот мајчин јазик, зашто македонскиот јазик е цврст столб на нашето општество на кој можеме и на кој треба сите да се потпираме, тој е мост за јазично и културно и духовно собитисување, потенцира проф. Арсов. Меѓународниот ден на мајчиниот јазик се одбележува од 2000-та година и е востановен од УНЕСКО. Според ООН, во светот постојат околу 7000 јазици. Поради процесот на глобализација на многу јазици им се заканува целосно исчезнување. Според атласот на загрозени јазици на УНЕСКО, само меѓу 1950-та и 2010 година исчезнале 230 јазици, а за загрозени се сметаат најмалку 45 проценти од посочените 7000 јазици што се зборуваат во светот, беше истакнато.

The post Македонскиот јазик е цврст столб на нашето општество на кој можеме и на кој треба сите да се потпираме appeared first on Република.

]]>