свечено отворање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svecheno-otvoranje/ За подобро да се разбереме Thu, 22 Aug 2024 23:40:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png свечено отворање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svecheno-otvoranje/ 32 32 Запален фестивалскиот оган на 63. Струшки вечери на поезијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zapalen-festivalskiot-ogan-na-63-strushki-vecheri-na-poezijata/ Thu, 22 Aug 2024 22:45:24 +0000 https://republika.mk/?p=809213

Со музичко-поетски перформанс на македонскиот пијанист Дино Имери и традиционалното палење на поетскиот оган вечерва свечено се отвори 63. издание на фестивалот „Струшки вечери на поезија“.

Свеченоста се одржа во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, во присуство на голем број поети од земјава и од странство, како и на Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, претставници на дипломатскиот кор, претставници на политичкиот и културниот живот во земјава и почитувачи на пишаниот збор.

Чествувајќи ја 200-годишнината од кодифицирањето на Брајовото писмо, за првпат титуларната песна на „Струшките вечери на поезијата“, Константиновата “Т’га за југ“, беше прочитана од лицето со оштетен вид Беира Салифоска со помош на Брајовото писмо.

Со мотото „Допир на убавината“, оваа година оддаваме почит и одбележуваме 200 години од кодифицирањето на Брајовото писмо. Ако постои објективна реалност, каде убавината се восприема преку очите, тогаш Брајовото писмо е „окото“ за лицата со оштетен вид и слепите лица. Преку неговата рељефност, допирајќи го, тие се допрени од убавината на поезијата. Од врвот на прстите до дното на душата, рече актерката Софија Насевска-Трифуновска, која ја водеше свеченоста.

Поетската порака ја испрати македонскиот писател Веле Смилевски, кој посебен акцент стави на годинешниот лауреат, добитник на „Златниот венец“, Жан Пјер Симеон, а министерот за култура Зоран Љутков, отворајќи го Фестивалот посочи дека низ годините дел од фестивалот биле најкултните светски поетски имиња.

Вечерта продолжи со традиционалното поетското читање насловено „Меридијани“ на кое свои стихови прочитаа добитникот на „Златниот венец“, истакнатиот француски поет и драматург, Жан Пјер Симеон, добитничката на „Браќа Миладиновци“ за 2024 година, нашата истакната поетеса и книжевен теоретичар, Катица Ќулавкова, добитничката на наградата „Мостови на Струга“, германската поетеса Катрин Пиц, истакнатиот шведски поет Бенгт Берг, кој годинава ќе биде претставен и во рамки на едицијата „Плејади“, германската поетеса Ана Хофман, турскиот поет Ѓокченур Челебиоглу, монголскиот поет Галсансух Дежидмаа како и многу други странски и домашни поети.

Оваа година, церемонијата на свеченото отворање се случуваше со специјално подготвена сценографија од ОТП студио, на начин што ги истакнува потенцијалите на сценскиот простор преку поврзување на главната со летната сцена. Со ваквото поврзување се добива импресивен волумен, кој нуди безброј можности за мултимедијални настани од различен вид. Последен пат, ова е направено пред повеќе од 30 години.

The post Запален фестивалскиот оган на 63. Струшки вечери на поезијата appeared first on Република.

]]>

Со музичко-поетски перформанс на македонскиот пијанист Дино Имери и традиционалното палење на поетскиот оган вечерва свечено се отвори 63. издание на фестивалот „Струшки вечери на поезија“. Свеченоста се одржа во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, во присуство на голем број поети од земјава и од странство, како и на Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, претставници на дипломатскиот кор, претставници на политичкиот и културниот живот во земјава и почитувачи на пишаниот збор. Чествувајќи ја 200-годишнината од кодифицирањето на Брајовото писмо, за првпат титуларната песна на „Струшките вечери на поезијата“, Константиновата “Т’га за југ“, беше прочитана од лицето со оштетен вид Беира Салифоска со помош на Брајовото писмо.
Со мотото „Допир на убавината“, оваа година оддаваме почит и одбележуваме 200 години од кодифицирањето на Брајовото писмо. Ако постои објективна реалност, каде убавината се восприема преку очите, тогаш Брајовото писмо е „окото“ за лицата со оштетен вид и слепите лица. Преку неговата рељефност, допирајќи го, тие се допрени од убавината на поезијата. Од врвот на прстите до дното на душата, рече актерката Софија Насевска-Трифуновска, која ја водеше свеченоста.
Поетската порака ја испрати македонскиот писател Веле Смилевски, кој посебен акцент стави на годинешниот лауреат, добитник на „Златниот венец“, Жан Пјер Симеон, а министерот за култура Зоран Љутков, отворајќи го Фестивалот посочи дека низ годините дел од фестивалот биле најкултните светски поетски имиња. Вечерта продолжи со традиционалното поетското читање насловено „Меридијани“ на кое свои стихови прочитаа добитникот на „Златниот венец“, истакнатиот француски поет и драматург, Жан Пјер Симеон, добитничката на „Браќа Миладиновци“ за 2024 година, нашата истакната поетеса и книжевен теоретичар, Катица Ќулавкова, добитничката на наградата „Мостови на Струга“, германската поетеса Катрин Пиц, истакнатиот шведски поет Бенгт Берг, кој годинава ќе биде претставен и во рамки на едицијата „Плејади“, германската поетеса Ана Хофман, турскиот поет Ѓокченур Челебиоглу, монголскиот поет Галсансух Дежидмаа како и многу други странски и домашни поети. Оваа година, церемонијата на свеченото отворање се случуваше со специјално подготвена сценографија од ОТП студио, на начин што ги истакнува потенцијалите на сценскиот простор преку поврзување на главната со летната сцена. Со ваквото поврзување се добива импресивен волумен, кој нуди безброј можности за мултимедијални настани од различен вид. Последен пат, ова е направено пред повеќе од 30 години.

The post Запален фестивалскиот оган на 63. Струшки вечери на поезијата appeared first on Република.

]]>
Утревечер свечено отворање на 63. издание на „Струшките вечери на поезијата“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/svecheno-otvorane-na-63-izdanie-na-strushkite-vecheri-na-poezijata/ Wed, 21 Aug 2024 12:21:35 +0000 https://republika.mk/?p=808676

Утревечер, на 22 август во 20:30 во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, познат и како Домот на поезијата, ќе се одржи церемонијата на свеченото отворање на годинешното 63. издание на „Струшките вечери на поезијата“, кое традиционално започнува со поетското читање „Меридијани“.

Оваа година, церемонијата на свеченото отворање ќе се случува во големата сала на Центарот за култура, со специјално подготвена сценографија од ОТП студио, на начин што ги истакнува потенцијалите на сценскиот простор преку поврзување на главната со летната сцена. Со ваквото поврзување се добива импресивен волумен, кој нуди безброј можности за мултимедијални настани од различен вид. Последен пат, ова е направено пред повеќе од 30 години.

Во рамки на церемонијата на отворање е предвиден настап на нашиот познат пијанист Дино Имери, читање на поетската порака од страна на истакнатиот поет Веле Смилевски, а Фестивалот за отворен ќе го прогласи Министерот за култура, Зоран Љутков кој ќе има свое обраќање.

Во рамки на поетското читање „Меридијани“ свои стихови ќе прочитаат: добитникот на Златниот венец, истакнатиот француски поет и драматург, Жан Пјер Симеон, добитничката на „Браќа Миладиновци“ за 2024 година, нашата истакната поетеса и книжевен теоретичар, Катица Ќулавкова, добитничката на „Мостови на Струга“, германската поетеса Катрин Пиц, истакнатиот шведски поет Бенгт Берг,кој годинава ќе биде претставен и во рамки на едицијата „Плејади“, германската поетеса Ана Хофман, турскиот поет Ѓокченур Челебиоглу, монголскиот поет Галсансух Дежидмаа како и многу други странски и домашни поети.

Мотото на годинешниот фестивал е „Допир на убавината“. Со ова мото сакаме да го потенцираме оној аспект на поезијата и поетскиот јазик кој овозможува контакт на човечкото битие со вишите сфери на Убавината, отелотворена во поезија. Но исто така, сакаме да оддадеме почит на иновацијата на Брајовото писмо, чија кодификација пред 200 години им овозможила на слепите лица преку тактилноста и рељефноста на Брајовото писмо преку допир да навлезат во светот на книгата и писмото и да ја почувствуваат убавината на поезијата, соопшти организаторот.

The post Утревечер свечено отворање на 63. издание на „Струшките вечери на поезијата“ appeared first on Република.

]]>

Утревечер, на 22 август во 20:30 во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, познат и како Домот на поезијата, ќе се одржи церемонијата на свеченото отворање на годинешното 63. издание на „Струшките вечери на поезијата“, кое традиционално започнува со поетското читање „Меридијани“. Оваа година, церемонијата на свеченото отворање ќе се случува во големата сала на Центарот за култура, со специјално подготвена сценографија од ОТП студио, на начин што ги истакнува потенцијалите на сценскиот простор преку поврзување на главната со летната сцена. Со ваквото поврзување се добива импресивен волумен, кој нуди безброј можности за мултимедијални настани од различен вид. Последен пат, ова е направено пред повеќе од 30 години. Во рамки на церемонијата на отворање е предвиден настап на нашиот познат пијанист Дино Имери, читање на поетската порака од страна на истакнатиот поет Веле Смилевски, а Фестивалот за отворен ќе го прогласи Министерот за култура, Зоран Љутков кој ќе има свое обраќање. Во рамки на поетското читање „Меридијани“ свои стихови ќе прочитаат: добитникот на Златниот венец, истакнатиот француски поет и драматург, Жан Пјер Симеон, добитничката на „Браќа Миладиновци“ за 2024 година, нашата истакната поетеса и книжевен теоретичар, Катица Ќулавкова, добитничката на „Мостови на Струга“, германската поетеса Катрин Пиц, истакнатиот шведски поет Бенгт Берг,кој годинава ќе биде претставен и во рамки на едицијата „Плејади“, германската поетеса Ана Хофман, турскиот поет Ѓокченур Челебиоглу, монголскиот поет Галсансух Дежидмаа како и многу други странски и домашни поети.
Мотото на годинешниот фестивал е „Допир на убавината“. Со ова мото сакаме да го потенцираме оној аспект на поезијата и поетскиот јазик кој овозможува контакт на човечкото битие со вишите сфери на Убавината, отелотворена во поезија. Но исто така, сакаме да оддадеме почит на иновацијата на Брајовото писмо, чија кодификација пред 200 години им овозможила на слепите лица преку тактилноста и рељефноста на Брајовото писмо преку допир да навлезат во светот на книгата и писмото и да ја почувствуваат убавината на поезијата, соопшти организаторот.

The post Утревечер свечено отворање на 63. издание на „Струшките вечери на поезијата“ appeared first on Република.

]]>
Свечено отварање на 15. издание на ,,МакеДокс” во Куршумли ан https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/svecheno-otvarane-na-15-izdanie-na-makedoks-vo-kurshumli-an/ Thu, 15 Aug 2024 07:05:45 +0000 https://republika.mk/?p=806654

Со проекција на краткиот документарен филм „Како се мери годината?“ на Џеј Розенблат и долгометражниот „Целулоидно подземје“ на иранскиот автор Ехсан Кошбахт, утре почнува 15-то издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“.

Од „МакеДокс“ информираат дека во тек се последните подготовки во објектот Куршумли ан во Старата скопска чаршија за нивното јубилејно издание.

Фестивалот ќе се одржува до 22 август во Куршумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, МКЦ и новиот простор „Лабораториум“ во Скопје.

Како што соопштија од „МакеДокс“, филмот „Како се мери годината?“ го следи континуитетот во комуникацијата меѓу татко и ќерка. Режисерот Џеј Розенблат седумнаесет години по ред ја снимал ќерка си Ела на нејзиниот роденден, прашувајќи ја истите прашања. Во само 29 минути гледаме како едно девојче расте од заодуваче во млада жена со сите убави, а понекогаш и непријатни периоди помеѓу, додека врската со татко ѝ се развива со сите свои сложености.

Проекции на „Како се мери годината?“ и „Целулоидно подземје“ на отворањето на „МакеДокс“ на 15 август

Првиот долгометражен филм што ќе се прикаже на Фестивалот е „Целулоидно подземје“.

-По завршувањето на Иранската револуција, настојчив филмски колекционер во Техеран станува нетипичен херој кога храбро решава да спаси илјадници филмови од канџите на новиот исламски режим. Иако е извесно дека го чекаат апсење и мачење, тој одлучно ја чува својата скапоцена тајна – приказната за отпорот и опсесијата, видена низ очите на момчето што му го чува грбот. Приказната се отплеткува на филмското платно години подоцна, откако ќе заминат во егзил во Лондон, сликајќи возбудлив портрет на постреволуционерен Иран, велат од фестивалот за филмот „Целулоидно подземје“.

По филмските проекции, во рамки на музичкиот сегмент „Ноќни приказни“ на 15 август во Куршумли ан концерт ќе одржи Зарина Првасевда, вокален изведувач и музичар кој изведува и македонска и светска традиционална музика. Првата вечер на 15. „МакеДокс“ ќе заврши со диџеј-сет на Ишјан твин.

Јубилејното 15-то издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе се одржи со мото „Копање емоции низ времето“. Тематскиот фокус годинава е ставен на кинотечните архиви од повеќе држави. Ќе бидат прикажани филмови од Централниот државен филмски архив на Албанија, Хрватскиот државен архив, Националниот филмски институт на Унгарија, Словенечката кинотека, Архивот на Југословенската кинотека, Црногорската кинотека, Бугарскиот национален филмски архив, Романскиот национален филмски архив и Кинотеката на Македонија. Програмата ќе биде отворена на 16 август, во 21 часот, во Куршумли ан со проекција на филмови од архивата на македонската Кинотека.

- Бројните филмски наслови што годинава ги донесуваме од сите кинотеки на Балканот се доказ дека имаме од што да учиме, ако сакаме. И дека само ако го чуваме сето она што е запишано и меморирано, ќе можеме одново да го читаме и толкуваме и да го користиме во нови приказни. Архивите се тука и за да ни ги доотворат очите, да ни ја доближат и другата страна од приказната, па и третата и да нè соочат со нашите сопствени убедувања. Без архивите тешко дека ќе можеме да разбереме зошто светот е ваков каков што е или, пак, да го преиспитаме нашето место во него како социјални, политички и романтични души, изјави Дарко Набаков, извршен директор на Фестивалот.

Во рамки на тематската одредница на Фестивалот во сегментот „МакеДокс+“ ќе се одржи работилница за архивски практики во филмот со наслов „Замислување архиви“. Работилницата ќе се одржи од 15 до 19 август во студиото „Фх3х“ со менторите Кумјана Новакова, режисерка чиешто авторство се базира врз истражување, а работи и како филмска кураторка и предавачка, и Влад Петри, романски филмски режисер со голем интерес за политички и општествени теми.

Како што најавија од Фестивалот, работилницата ќе спои четири внимателно избрани режисер(к)и или тимови (режисер(к)и и монтажер(к)и). Во фокус е идентификувањето различни стратегии и можности за визуелно конципирање на архивите, со што се проширува креативниот опсег при снимањето филм. Преку ова интензивно заедничко искуство учесниците ќе имаат можност да се приближат до суштината на секој филмски проект, дискутирајќи за различните потенцијални пристапи за секој филм во кој се користат архивски материјали.

Партнери на „МакеДокс“ се ППФП, МКЦ - Младински културен центар, Кинотека на Македонија и фестивалската мрежа „Doc Around Europe“.

 

 

The post Свечено отварање на 15. издание на ,,МакеДокс” во Куршумли ан appeared first on Република.

]]>

Со проекција на краткиот документарен филм „Како се мери годината?“ на Џеј Розенблат и долгометражниот „Целулоидно подземје“ на иранскиот автор Ехсан Кошбахт, утре почнува 15-то издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“. Од „МакеДокс“ информираат дека во тек се последните подготовки во објектот Куршумли ан во Старата скопска чаршија за нивното јубилејно издание. Фестивалот ќе се одржува до 22 август во Куршумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, МКЦ и новиот простор „Лабораториум“ во Скопје. Како што соопштија од „МакеДокс“, филмот „Како се мери годината?“ го следи континуитетот во комуникацијата меѓу татко и ќерка. Режисерот Џеј Розенблат седумнаесет години по ред ја снимал ќерка си Ела на нејзиниот роденден, прашувајќи ја истите прашања. Во само 29 минути гледаме како едно девојче расте од заодуваче во млада жена со сите убави, а понекогаш и непријатни периоди помеѓу, додека врската со татко ѝ се развива со сите свои сложености. Проекции на „Како се мери годината?“ и „Целулоидно подземје“ на отворањето на „МакеДокс“ на 15 август Првиот долгометражен филм што ќе се прикаже на Фестивалот е „Целулоидно подземје“. -По завршувањето на Иранската револуција, настојчив филмски колекционер во Техеран станува нетипичен херој кога храбро решава да спаси илјадници филмови од канџите на новиот исламски режим. Иако е извесно дека го чекаат апсење и мачење, тој одлучно ја чува својата скапоцена тајна – приказната за отпорот и опсесијата, видена низ очите на момчето што му го чува грбот. Приказната се отплеткува на филмското платно години подоцна, откако ќе заминат во егзил во Лондон, сликајќи возбудлив портрет на постреволуционерен Иран, велат од фестивалот за филмот „Целулоидно подземје“. По филмските проекции, во рамки на музичкиот сегмент „Ноќни приказни“ на 15 август во Куршумли ан концерт ќе одржи Зарина Првасевда, вокален изведувач и музичар кој изведува и македонска и светска традиционална музика. Првата вечер на 15. „МакеДокс“ ќе заврши со диџеј-сет на Ишјан твин. Јубилејното 15-то издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе се одржи со мото „Копање емоции низ времето“. Тематскиот фокус годинава е ставен на кинотечните архиви од повеќе држави. Ќе бидат прикажани филмови од Централниот државен филмски архив на Албанија, Хрватскиот државен архив, Националниот филмски институт на Унгарија, Словенечката кинотека, Архивот на Југословенската кинотека, Црногорската кинотека, Бугарскиот национален филмски архив, Романскиот национален филмски архив и Кинотеката на Македонија. Програмата ќе биде отворена на 16 август, во 21 часот, во Куршумли ан со проекција на филмови од архивата на македонската Кинотека. - Бројните филмски наслови што годинава ги донесуваме од сите кинотеки на Балканот се доказ дека имаме од што да учиме, ако сакаме. И дека само ако го чуваме сето она што е запишано и меморирано, ќе можеме одново да го читаме и толкуваме и да го користиме во нови приказни. Архивите се тука и за да ни ги доотворат очите, да ни ја доближат и другата страна од приказната, па и третата и да нè соочат со нашите сопствени убедувања. Без архивите тешко дека ќе можеме да разбереме зошто светот е ваков каков што е или, пак, да го преиспитаме нашето место во него како социјални, политички и романтични души, изјави Дарко Набаков, извршен директор на Фестивалот. Во рамки на тематската одредница на Фестивалот во сегментот „МакеДокс+“ ќе се одржи работилница за архивски практики во филмот со наслов „Замислување архиви“. Работилницата ќе се одржи од 15 до 19 август во студиото „Фх3х“ со менторите Кумјана Новакова, режисерка чиешто авторство се базира врз истражување, а работи и како филмска кураторка и предавачка, и Влад Петри, романски филмски режисер со голем интерес за политички и општествени теми. Како што најавија од Фестивалот, работилницата ќе спои четири внимателно избрани режисер(к)и или тимови (режисер(к)и и монтажер(к)и). Во фокус е идентификувањето различни стратегии и можности за визуелно конципирање на архивите, со што се проширува креативниот опсег при снимањето филм. Преку ова интензивно заедничко искуство учесниците ќе имаат можност да се приближат до суштината на секој филмски проект, дискутирајќи за различните потенцијални пристапи за секој филм во кој се користат архивски материјали. Партнери на „МакеДокс“ се ППФП, МКЦ - Младински културен центар, Кинотека на Македонија и фестивалската мрежа „Doc Around Europe“.    

The post Свечено отварање на 15. издание на ,,МакеДокс” во Куршумли ан appeared first on Република.

]]>
Спектакуларно отворено Светско првенство во фудбал во Катар https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/spektakularno-otvoreno-svetsko-prvenstvo-vo-fudbal-vo-katar/ Sun, 20 Nov 2022 15:28:03 +0000 https://republika.mk/?p=576174

Во градот Ал Хор на стадионот „Ал Бејт“ попладнево спектакуларно е отворено 22. фудбалски Мундијал. На Светското првенство Катар 2022 ќе учествуваат 32 репрезентации поделени во осум групи.

Во првиот и единствен денешен натпревар од 17 часот ќе се сретнат, домашната репрезентација на Катар и селекцијата на Еквадор.

[caption id="attachment_576176" align="alignnone" width="1000"] epa10316017 Supporters of Qatar prior the FIFA World Cup 2022 group A Opening Match between Qatar and Ecuador at Al Bayt Stadium in Al Khor, Qatar, 20 November 2022. EPA-EFE/Noushad Thekkayil[/caption]

Состав на групите:
А-група: Катар, Еквадор, Сенагал и Холандија.
Б-група: Англија, САД, Иран и Велс.
Ц-група: Полска, Аргентина, Мексико и Саудиска Арабија.
Д-група: Франција, Данска, Тунис и Австралија.
Е-група: Германија, Шпанија, Костарика и Јапонија.
Ф-група: Хрватска, Белгија, Канада и Мароко.
Г-група: Швајцарија, Србија, Бразил и Камерун.
Х-група: Португалија, Уругвај, Гана и Јужна Кореја.

Двете првопласирани од секоја група одат во осминафиналето.

Мундијалот во Катар е прв во историјата кој ќе се игра во зима. Ќе трае до 18 декември, прв што некогаш се одржал во арапскиот свет и прв во земја со мнозинско муслиманско население, како и второ Светско првенство кое целосно ќе се одржи во Азија.

Трофејот од минатиот Светски шампионат одржан во Русија 2018 година, го брани репрезентацијата на Франција.

The post Спектакуларно отворено Светско првенство во фудбал во Катар appeared first on Република.

]]>

Во градот Ал Хор на стадионот „Ал Бејт“ попладнево спектакуларно е отворено 22. фудбалски Мундијал. На Светското првенство Катар 2022 ќе учествуваат 32 репрезентации поделени во осум групи. Во првиот и единствен денешен натпревар од 17 часот ќе се сретнат, домашната репрезентација на Катар и селекцијата на Еквадор. [caption id="attachment_576176" align="alignnone" width="1000"] epa10316017 Supporters of Qatar prior the FIFA World Cup 2022 group A Opening Match between Qatar and Ecuador at Al Bayt Stadium in Al Khor, Qatar, 20 November 2022. EPA-EFE/Noushad Thekkayil[/caption] Состав на групите: А-група: Катар, Еквадор, Сенагал и Холандија. Б-група: Англија, САД, Иран и Велс. Ц-група: Полска, Аргентина, Мексико и Саудиска Арабија. Д-група: Франција, Данска, Тунис и Австралија. Е-група: Германија, Шпанија, Костарика и Јапонија. Ф-група: Хрватска, Белгија, Канада и Мароко. Г-група: Швајцарија, Србија, Бразил и Камерун. Х-група: Португалија, Уругвај, Гана и Јужна Кореја. Двете првопласирани од секоја група одат во осминафиналето. Мундијалот во Катар е прв во историјата кој ќе се игра во зима. Ќе трае до 18 декември, прв што некогаш се одржал во арапскиот свет и прв во земја со мнозинско муслиманско население, како и второ Светско првенство кое целосно ќе се одржи во Азија. Трофејот од минатиот Светски шампионат одржан во Русија 2018 година, го брани репрезентацијата на Франција.

The post Спектакуларно отворено Светско првенство во фудбал во Катар appeared first on Република.

]]>
Гламур на свеченото отворање на 79. издание на Филмскиот фестивал во Венеција https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/glamur-na-svechenoto-otvoranje-na-79-izdanie-na-filmskiot-festival-vo-venecija/ Thu, 01 Sep 2022 13:07:28 +0000 https://republika.mk/?p=546446

Гламурот се врати на свеченото отворање на 79-от Филмски фестивал во Венеција, а првпат по 2019 година филмските ѕвезди прошетаа слободно по црвениот тепих по ограничувањата кои беа воведени поради пандемијата со ковид-19.

Во трката за престижниот „Златен лав“ за најдобар филм, ќе се натпреваруваат 23 филмови, а фестивалот ќе биде во центарот на вниманието до 10-ти септември.

Претседателката на жирито, 61-годишната Џулиен Мур, блесна во фустан на модната куќа „Валентино“.

Оваа година фестивалот е замислен како „прозорец отворен кон светот“, истакна уметничкиот директор и филмски критичар Алберто Барбера.

Честа да го отвори натпреварувачкиот дел на фестивалот ја имаше филмот „White Noise“ на Ноа Баумбах, со Адам Драјвер, Грета Гервиг и Џоди Тарнер-Смит.

Филмот „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска ќе ја доживее својата светска премиера на престижниот Венециски филмски фестивал. По премиерата на „Прашина“ на Милчо Манчевски во 2001 година, ова е прв мнозинско македонски филм што ќе доживее своја премиера во една од официјалните натпреварувачки програми – „Хоризонти“. Филмот на Стругар Митевска ќе се натпреварува во неколку категории меѓу кои најдобра режија и најдобар филм.

Официјалната проекција на „Најсреќниот човек на светот“ е закажана во петок, 02. септември во киносалата „Sala Darsena“ со почеток во 14.15 минути, а потоа на 03. септември во киносалата „Palabiennale“со почеток во 13.30 минути.

Џоди Тарнер-Смит , Џулијан Мур и Грета Гервиг беа меѓупрвите првите ѕвезди кои пристигнаа на премиерата на „White Noise“ и позираа на црвениот тепих, облечени во гламурозни креации во кои доминираше црна боја.

Сепак, и покрај впечатливите креации на актерките, вниманието на црвениот тепих оваа година го украде Хилари Клинтон. Поранешната државна секретарка на церемонијата на отворање на престижната Мостра беше стилизирана во нежно кафтан со тиркизна јака. Клинтон својот изглед на црвениот тепих го заокружи со масивни сребрени алки и мокасини во бела боја. Хилари беше придружувана од италијанскиот министер за култура Дарио Франческини.

Марија Карла Боскано оваа година беше една од најхрабрите гостинки на отворањето на овој престижен фестивал. Италијанската манекенка позираше на црвениот тепих во креација од Жан Пол Готје.

Иконата на францускиот филм Катрин Денев се закити со наградата Златен лав за животно дела на овогодинешното отворање на фестивалот. Во текот на нејзината кариера Денев работеше со некои од најголемите европски режисери, како Луис Буњуел, Франсоа Трифо, Маноел Де Оливеира, Роман Полански и Ларс фон Трир.

На црвениот тепих во следните денови се очекуваат да продефилираат уште многу звучни холувудски имиња. Шпанската актерка Пенелопе Круз е протагонистка во италијанскиот филм на Емануеле Криалезе насловен „The Immensity“, додека Австралијката Кејт Бланшет игра диригент на оркестар во „Tár“ на Тод Филд.

 

The post Гламур на свеченото отворање на 79. издание на Филмскиот фестивал во Венеција appeared first on Република.

]]>

Гламурот се врати на свеченото отворање на 79-от Филмски фестивал во Венеција, а првпат по 2019 година филмските ѕвезди прошетаа слободно по црвениот тепих по ограничувањата кои беа воведени поради пандемијата со ковид-19. Во трката за престижниот „Златен лав“ за најдобар филм, ќе се натпреваруваат 23 филмови, а фестивалот ќе биде во центарот на вниманието до 10-ти септември. Претседателката на жирито, 61-годишната Џулиен Мур, блесна во фустан на модната куќа „Валентино“. Оваа година фестивалот е замислен како „прозорец отворен кон светот“, истакна уметничкиот директор и филмски критичар Алберто Барбера. Честа да го отвори натпреварувачкиот дел на фестивалот ја имаше филмот „White Noise“ на Ноа Баумбах, со Адам Драјвер, Грета Гервиг и Џоди Тарнер-Смит. Филмот „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска ќе ја доживее својата светска премиера на престижниот Венециски филмски фестивал. По премиерата на „Прашина“ на Милчо Манчевски во 2001 година, ова е прв мнозинско македонски филм што ќе доживее своја премиера во една од официјалните натпреварувачки програми – „Хоризонти“. Филмот на Стругар Митевска ќе се натпреварува во неколку категории меѓу кои најдобра режија и најдобар филм. Официјалната проекција на „Најсреќниот човек на светот“ е закажана во петок, 02. септември во киносалата „Sala Darsena“ со почеток во 14.15 минути, а потоа на 03. септември во киносалата „Palabiennale“со почеток во 13.30 минути. Џоди Тарнер-Смит , Џулијан Мур и Грета Гервиг беа меѓупрвите првите ѕвезди кои пристигнаа на премиерата на „White Noise“ и позираа на црвениот тепих, облечени во гламурозни креации во кои доминираше црна боја. Сепак, и покрај впечатливите креации на актерките, вниманието на црвениот тепих оваа година го украде Хилари Клинтон. Поранешната државна секретарка на церемонијата на отворање на престижната Мостра беше стилизирана во нежно кафтан со тиркизна јака. Клинтон својот изглед на црвениот тепих го заокружи со масивни сребрени алки и мокасини во бела боја. Хилари беше придружувана од италијанскиот министер за култура Дарио Франческини. Марија Карла Боскано оваа година беше една од најхрабрите гостинки на отворањето на овој престижен фестивал. Италијанската манекенка позираше на црвениот тепих во креација од Жан Пол Готје. Иконата на францускиот филм Катрин Денев се закити со наградата Златен лав за животно дела на овогодинешното отворање на фестивалот. Во текот на нејзината кариера Денев работеше со некои од најголемите европски режисери, како Луис Буњуел, Франсоа Трифо, Маноел Де Оливеира, Роман Полански и Ларс фон Трир. На црвениот тепих во следните денови се очекуваат да продефилираат уште многу звучни холувудски имиња. Шпанската актерка Пенелопе Круз е протагонистка во италијанскиот филм на Емануеле Криалезе насловен „The Immensity“, додека Австралијката Кејт Бланшет игра диригент на оркестар во „Tár“ на Тод Филд.  

The post Гламур на свеченото отворање на 79. издание на Филмскиот фестивал во Венеција appeared first on Република.

]]>
Свечено отворање на Зимските олимписки игри во Пекинг https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/svecheno-otvoranje-na-zimskite-olimpiski-igri-vo-peking/ Fri, 04 Feb 2022 08:17:16 +0000 https://republika.mk/?p=453891

Под строги протоколи и ограничен број само домашни гледачи поради пандемијата на корона вирусот денеска во Пекинг официјално почнуваат Зимските олимписки игри (ЗОИ 2022) на кои до 20 февруари ќе настапат 2.900 спортисти од над 90 држави.

Церемонијата на свеченото отворање ќе почне во 12:55 часот по средноевропско време на стадионот „Птичје гнездо“ на кој беше отворена и летната Олимпијада во 2008 година.

И овој пат улогата на уметнички директор на церемонијата му е доделена на најпознатиот кинески режисер Жанг Јиму, кој најави спектакуларно отворање на олимписката манифестација.

Можноста по втор пат да го режирам отворањето на олимписките игри е голема чест, но и товар, бидејќи никој никогаш не бил два пати режисер. Отворањето на зимски игри ќе биде уште подобро од Пекинг 2008, бидејќи ќе креирам нешто ново. На отворањето на Игрите 2008 ја претставив кинеската историја и цивилизација, а денес сè е поинаку, и статусот на Кина и угледот на Кина во светот - изјави 71-годишниот Јиму, кој најави дека нема да вклучува „голем број изведувачи“.

Првпат во историјата на Зимските олимписки игри ќе настапат Саудиска Арабија и Хаити.

Македонскиот олимписки тим го сочинуваат Ана Цветановска (нордиско трчање), Ставре Јада (нордиско трчање) и Дардан Дехари (алпско скијање).

Цветановска ќе настапи 5 и 10 февруари, Јада на 8 и 19 февруари, додека Дехари ќе настапи во слалом на 13 февруари и во велеслалом на 16 февруари.

Честа да го носи македонското знаме на стадионот „Птичје гнездо“ ќе ја има Дехари.

Пекинг од денеска и официјално ќе стане првиот град во олимписката историја, домаќин на летна и зимска олимпијада, а според кинеските власти, за организацијата на ЗОИ2022 се потрошени 3,5 милијарди евра.

The post Свечено отворање на Зимските олимписки игри во Пекинг appeared first on Република.

]]>

Под строги протоколи и ограничен број само домашни гледачи поради пандемијата на корона вирусот денеска во Пекинг официјално почнуваат Зимските олимписки игри (ЗОИ 2022) на кои до 20 февруари ќе настапат 2.900 спортисти од над 90 држави. Церемонијата на свеченото отворање ќе почне во 12:55 часот по средноевропско време на стадионот „Птичје гнездо“ на кој беше отворена и летната Олимпијада во 2008 година. И овој пат улогата на уметнички директор на церемонијата му е доделена на најпознатиот кинески режисер Жанг Јиму, кој најави спектакуларно отворање на олимписката манифестација.
Можноста по втор пат да го режирам отворањето на олимписките игри е голема чест, но и товар, бидејќи никој никогаш не бил два пати режисер. Отворањето на зимски игри ќе биде уште подобро од Пекинг 2008, бидејќи ќе креирам нешто ново. На отворањето на Игрите 2008 ја претставив кинеската историја и цивилизација, а денес сè е поинаку, и статусот на Кина и угледот на Кина во светот - изјави 71-годишниот Јиму, кој најави дека нема да вклучува „голем број изведувачи“.
Првпат во историјата на Зимските олимписки игри ќе настапат Саудиска Арабија и Хаити. Македонскиот олимписки тим го сочинуваат Ана Цветановска (нордиско трчање), Ставре Јада (нордиско трчање) и Дардан Дехари (алпско скијање). Цветановска ќе настапи 5 и 10 февруари, Јада на 8 и 19 февруари, додека Дехари ќе настапи во слалом на 13 февруари и во велеслалом на 16 февруари. Честа да го носи македонското знаме на стадионот „Птичје гнездо“ ќе ја има Дехари. Пекинг од денеска и официјално ќе стане првиот град во олимписката историја, домаќин на летна и зимска олимпијада, а според кинеските власти, за организацијата на ЗОИ2022 се потрошени 3,5 милијарди евра.

The post Свечено отворање на Зимските олимписки игри во Пекинг appeared first on Република.

]]>