свечен церемонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svechen-tseremonija/ За подобро да се разбереме Fri, 14 Jun 2024 15:13:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png свечен церемонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svechen-tseremonija/ 32 32 Церемонија на свечено менување на државното знаме во Кабинетот на Претседателот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tseremonija-na-svecheno-menuvane-na-drzhavnoto-zname-vo-kabinetot-na-pretsedatelot/ Fri, 14 Jun 2024 15:13:45 +0000 https://republika.mk/?p=787626

Денеска во Вила Водно, Кабинетот на Претседателот беше одржана церемонија на свечено менување на државното знаме на која присуствуваа претседателката Гордана Сиљановска Давкова и ученици од ООУ „Јан Амос Коменски“ од Скопје, од ООУ „Драга Стојановска“ Сопиште и од ООУ “Кузман Јосифовски Питу” Кисела Вода, Скопје.

Церемонијата на менување на државното знаме на платото пред Кабинетот на Претседателот беше извршена од припадниците на Баталјонот за почести, а се одржува со цел подигнување на чувството и почитта кон државното знаме, како репрезент и симбол на нашата држава.

По завршување на церемонијата, учениците од трите основи училишта се запознаа со претседателката Сиљановска Давкова и со неа поразговараа за претседателската функција, за надлежностите и редовните активности, при што ги споделија нивните интереси и афинитети во рамки на образовниот процес.

За време на престојот во Кабинетот на Претседателот учениците ги посетија просториите во коишто се одржуваат официјалните и работните средби, како и салите во коишто се реализираат состаноци, свечености, настани и прес-конференции. Во Свечената сала во Кабинетот, основците го разгледаа импозантниот диптих „Македонија – светла земја“ и „Македонија – земјата памети“ на академик Глигор Чемерски.

The post Церемонија на свечено менување на државното знаме во Кабинетот на Претседателот appeared first on Република.

]]>

Денеска во Вила Водно, Кабинетот на Претседателот беше одржана церемонија на свечено менување на државното знаме на која присуствуваа претседателката Гордана Сиљановска Давкова и ученици од ООУ „Јан Амос Коменски“ од Скопје, од ООУ „Драга Стојановска“ Сопиште и од ООУ “Кузман Јосифовски Питу” Кисела Вода, Скопје. Церемонијата на менување на државното знаме на платото пред Кабинетот на Претседателот беше извршена од припадниците на Баталјонот за почести, а се одржува со цел подигнување на чувството и почитта кон државното знаме, како репрезент и симбол на нашата држава. По завршување на церемонијата, учениците од трите основи училишта се запознаа со претседателката Сиљановска Давкова и со неа поразговараа за претседателската функција, за надлежностите и редовните активности, при што ги споделија нивните интереси и афинитети во рамки на образовниот процес. За време на престојот во Кабинетот на Претседателот учениците ги посетија просториите во коишто се одржуваат официјалните и работните средби, како и салите во коишто се реализираат состаноци, свечености, настани и прес-конференции. Во Свечената сала во Кабинетот, основците го разгледаа импозантниот диптих „Македонија – светла земја“ и „Македонија – земјата памети“ на академик Глигор Чемерски.

The post Церемонија на свечено менување на државното знаме во Кабинетот на Претседателот appeared first on Република.

]]>