свалбард Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svalbard/ За подобро да се разбереме Mon, 27 Feb 2023 07:57:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png свалбард Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svalbard/ 32 32 Во овој град умирањето е забрането со закон, за тоа има една многу важна причина https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/vo-ovoj-grad-umiraneto-e-zabraneto-so-zakon-za-toa-ima-edna-mnogu-vazhna-prichina/ Mon, 27 Feb 2023 07:57:51 +0000 https://republika.mk/?p=613519

Освен што ја носи титулата најсеверниот населен град во светот, норвешкиот град Лонгјербјен, сместен на архипелагот Свалбард, е малку необичен и поради една друга работа. Имено, во него никој не умрел повеќе од 70 години затоа што умирањето е забрането со закон.

Како што пишува „IFL Science“, дури и луѓето што цел живот живеат овде, доколку случајно заболат од неизлечлива болест, мора да го напуштат островот и „да ја сретнат својата смрт“ на друго место. Доколку, пак, некако ненадејно некој почине во Свалбард, неговото тело ќе биде однесено и нема да биде погребано на островот.

Ова можеби се чини како навистина бизарен закон, но зад него се крие многу важна причина - заштитата на останатите жители на градот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Visit Norway (@visitnorway)

Уште во 1950-тите години било откриено дека телата закопани на градските гробишта не се распаѓаат бидејќи земјата е трајно замрзната и како резултат на тоа, вирусите во телата може да преживеат многу долго време и постои ризик од идни инфекции.

Иако ова звучи како сценарио на хорор филм, нешто слично се случи на северот на Сибир, каде што имаше епидемија на антракс во 2016 година. Како причина за епидемијата се сметаше инфекција на трупови на диви животни кои се наоѓале во замрзната земја, којашто се стопи при нагло зголемување на температурата. Тогаш, едно лице почина, а други 90 завршија во болница.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bjørn Brudevoll (@brudevollbjorn)

Истовремено, откриено е и дека вирусот на шпанскиот грип сè уште е присутен во телата на луѓето кои починале во Лонгјербјен на почетокот на векот, а последното лице заразено со оваа болест во градот починало во 1917 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anne Kjædegaard Haug (@akhaug)

Според пописот од 2015 година, населбата имала 2.144 жители, а островот има арктичка клима со летни температури од три до седум степени Целзиусови, додека во зима температурата паѓа на минус 13. Поларната ноќ трае 111 дена (од крајот од октомври до средината на март), при што има целосен мрак.

https://www.youtube.com/watch?v=dmSRqkkIM4U&embeds_euri=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Во овој град умирањето е забрането со закон, за тоа има една многу важна причина appeared first on Република.

]]>

Освен што ја носи титулата најсеверниот населен град во светот, норвешкиот град Лонгјербјен, сместен на архипелагот Свалбард, е малку необичен и поради една друга работа. Имено, во него никој не умрел повеќе од 70 години затоа што умирањето е забрането со закон. Како што пишува „IFL Science“, дури и луѓето што цел живот живеат овде, доколку случајно заболат од неизлечлива болест, мора да го напуштат островот и „да ја сретнат својата смрт“ на друго место. Доколку, пак, некако ненадејно некој почине во Свалбард, неговото тело ќе биде однесено и нема да биде погребано на островот. Ова можеби се чини како навистина бизарен закон, но зад него се крие многу важна причина - заштитата на останатите жители на градот.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Visit Norway (@visitnorway)

Уште во 1950-тите години било откриено дека телата закопани на градските гробишта не се распаѓаат бидејќи земјата е трајно замрзната и како резултат на тоа, вирусите во телата може да преживеат многу долго време и постои ризик од идни инфекции. Иако ова звучи како сценарио на хорор филм, нешто слично се случи на северот на Сибир, каде што имаше епидемија на антракс во 2016 година. Како причина за епидемијата се сметаше инфекција на трупови на диви животни кои се наоѓале во замрзната земја, којашто се стопи при нагло зголемување на температурата. Тогаш, едно лице почина, а други 90 завршија во болница.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Bjørn Brudevoll (@brudevollbjorn)

Истовремено, откриено е и дека вирусот на шпанскиот грип сè уште е присутен во телата на луѓето кои починале во Лонгјербјен на почетокот на векот, а последното лице заразено со оваа болест во градот починало во 1917 година.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Anne Kjædegaard Haug (@akhaug)

Според пописот од 2015 година, населбата имала 2.144 жители, а островот има арктичка клима со летни температури од три до седум степени Целзиусови, додека во зима температурата паѓа на минус 13. Поларната ноќ трае 111 дена (од крајот од октомври до средината на март), при што има целосен мрак. https://www.youtube.com/watch?v=dmSRqkkIM4U&embeds_euri=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Во овој град умирањето е забрането со закон, за тоа има една многу важна причина appeared first on Република.

]]>