Св. Злата Мегленска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sv-zlata-meglenska/ За подобро да се разбереме Tue, 25 Jun 2024 10:06:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Св. Злата Мегленска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sv-zlata-meglenska/ 32 32 Вечерва на Скопско лето концерт „Глорија концерт за душа“ и „Вивалдијада 2024“ во Музејот на македонската борба https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vecherva-na-skopsko-leto-kontsert-glorija-kontsert-za-dusha-i-vivaldijada-2024-vo-muzejot-na-makedonskata-borba/ Tue, 25 Jun 2024 10:06:55 +0000 https://republika.mk/?p=790576

Во Музејот на македонската борба вечерва во 20.30 часот, женскиoт камерен хор „Св. Злата Мегленска“ ќе го одржи концертот „Глорија концерт за душа“ – Антонио Вивалди. Концертот се одржува во рамките на 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“, а диригент е Летка Димовска-Полизова. Солисти се Надежда Рубен и Јасмина Димитровска.

Билетите се во продажба на karti.com.mk.

На програмата се композиции од неколку фази од опусот на славниот Вивалди, меѓу кои концертите RV 299, 580 и 531, како и вокално иструменталниот мегахит Глорија (RV 589).

Концертот претставува соработка помеѓу хорот Света Злата Мегленска, професори и ученици од ДМБУЦ "Илија Николовски Луј" и Уметничкиот центар ПОЛИФОНИЈА.

Уметничкиот центар Полифонија е основан во Скопје, во 2003 година од фаготистот Орце Ицковски и пијанистката Јанинка Невчева со цел промоција и поддршка на Македонските уметници вклучувајки иновации и претприемништво на сите нивоа на изведба, како и обука во областите на култура и уметност. Подоцна кон центарот се приклучуваат и авторот и клавијатурист Давор Јордановски и виолинистката професор Сања Шуплевска, ансамблот ИнМедиасРес и Канадскиот музички центар од Скопје. Во својата богата историја Полифонија е организатор (главен носител) на повеќе од стотина разновидни видови на концерти, претстави и настани како и проекти за континуирана едукација, и проекти во соработка со реномирани организации кај нас и во светот како: Министерство за култура, Канадската Амбасада во Белград, Металворкс - Торонто, Универзитет Амброз - Калгари, Шпилштат Конзерваториум - Виена, Универзитетот на Сплит, Фестивалот Нишвил, Базиликата концерт од Италија, Гете-институт, МНТ, Националните институции Опера и Балет и Филхармонија, ДМБУЦ, Скопско Лето, и други домашни и странски институции и фестивали. Низ годините преку креативно ажурирани настани постигнати се значајни резултати во областа на уметничкото истражување, соодветна презентација, активно учество и размена на добри практики и платформа за презентација и менаџирање на домашни уметници и автори.

Женскиот камерен хор „Св.Злата Мегленска“ од Скопје е формиран во 1996 година при Македонската Православна Црква. Основач, диригент и уметнички раководител на хорот е академскиот музичар Летка Димовска Полизова.

Хорот е составен од 22 женски вокали, кои повеќето се млади академски образовани музичари и студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје и од другите државни универзитети во РС Македонија. Иако волонтери според ангажманот, тие со својот професионален однос придонесуваат за афирмација на македонската културна традиција.

 

The post Вечерва на Скопско лето концерт „Глорија концерт за душа“ и „Вивалдијада 2024“ во Музејот на македонската борба appeared first on Република.

]]>

Во Музејот на македонската борба вечерва во 20.30 часот, женскиoт камерен хор „Св. Злата Мегленска“ ќе го одржи концертот „Глорија концерт за душа“ – Антонио Вивалди. Концертот се одржува во рамките на 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“, а диригент е Летка Димовска-Полизова. Солисти се Надежда Рубен и Јасмина Димитровска. Билетите се во продажба на karti.com.mk. На програмата се композиции од неколку фази од опусот на славниот Вивалди, меѓу кои концертите RV 299, 580 и 531, како и вокално иструменталниот мегахит Глорија (RV 589). Концертот претставува соработка помеѓу хорот Света Злата Мегленска, професори и ученици од ДМБУЦ "Илија Николовски Луј" и Уметничкиот центар ПОЛИФОНИЈА. Уметничкиот центар Полифонија е основан во Скопје, во 2003 година од фаготистот Орце Ицковски и пијанистката Јанинка Невчева со цел промоција и поддршка на Македонските уметници вклучувајки иновации и претприемништво на сите нивоа на изведба, како и обука во областите на култура и уметност. Подоцна кон центарот се приклучуваат и авторот и клавијатурист Давор Јордановски и виолинистката професор Сања Шуплевска, ансамблот ИнМедиасРес и Канадскиот музички центар од Скопје. Во својата богата историја Полифонија е организатор (главен носител) на повеќе од стотина разновидни видови на концерти, претстави и настани како и проекти за континуирана едукација, и проекти во соработка со реномирани организации кај нас и во светот како: Министерство за култура, Канадската Амбасада во Белград, Металворкс - Торонто, Универзитет Амброз - Калгари, Шпилштат Конзерваториум - Виена, Универзитетот на Сплит, Фестивалот Нишвил, Базиликата концерт од Италија, Гете-институт, МНТ, Националните институции Опера и Балет и Филхармонија, ДМБУЦ, Скопско Лето, и други домашни и странски институции и фестивали. Низ годините преку креативно ажурирани настани постигнати се значајни резултати во областа на уметничкото истражување, соодветна презентација, активно учество и размена на добри практики и платформа за презентација и менаџирање на домашни уметници и автори. Женскиот камерен хор „Св.Злата Мегленска“ од Скопје е формиран во 1996 година при Македонската Православна Црква. Основач, диригент и уметнички раководител на хорот е академскиот музичар Летка Димовска Полизова. Хорот е составен од 22 женски вокали, кои повеќето се млади академски образовани музичари и студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје и од другите државни универзитети во РС Македонија. Иако волонтери според ангажманот, тие со својот професионален однос придонесуваат за афирмација на македонската културна традиција.  

The post Вечерва на Скопско лето концерт „Глорија концерт за душа“ и „Вивалдијада 2024“ во Музејот на македонската борба appeared first on Република.

]]>