св.трифун Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sv-trifun/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Feb 2024 08:21:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png св.трифун Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sv-trifun/ 32 32 Денеска некој ќе биде пијан од љубов, а некој од вино https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/deneska-nekoj-ke-bide-pijan-od-lubov-a-nekoj-od-vino/ Wed, 14 Feb 2024 07:58:35 +0000 https://republika.mk/?p=743849

Православните верници денеска го слават Свети Трифун - заштитникот на лозарите, а католиците Свети Валентин - Денот на вљубените.

На овој ден лозарите одат на лозјата и ги закројуваат лозите, а во винарските визби низ државата се организираат прослави на кои се слави денот на виното.

 

Вишиот кустос етнолог Томе Крстевски од Музеј - галеријата Кавадарци појаснува дека културата на виновата лоза е многу стара. Повеќето народи, почетоците на одгледувањето винова лоза ги бараат во митските времиња. Според Грците, тоа го сторил Дионис, а според Римјаните, тоа бил богот Бахус на кого му се принесувале жртви, погача, вино и жито.

- Гроздот е симбол на мудроста, а лозовата пенушка е атрибут на божествата на земјоделието и плодородието и го означува виното на животот, следствено и на бесмртноста. Симбол на жртвопринесување преку врската на виното и крстот. „Свети Трифун“, 14 февруари, на овие простори се слави како заштитник на лозарите и овоштарите, како во Тиквешијата, така и пошироко. Иконописците на многу икони и фрески во нашите цркви и манастири, Свети Трифун го прикажале како младо момче, кое во десната рака држи срп, со кој ги кроел лозјата и ги калемел овошките, појаснува Крстевски.

Тој додава дека во минатото Свети Трифун го славеле и меанџиите.

- Сите лозари се собирале во меаните и денот го завршувале со веселби. Oвој ден e богат со многу прослави и веселби, а со тоа и одбележувањетo на овој светител, закрилник на лозарите и овоштарите од овој крај, појаснува Крстевски.

Помладите генерации го слават Денот на вљубените со подарување на цвеќиња, плишани мечиња, чоколади и подароци со кои ја симболизираат љубовта.

The post Денеска некој ќе биде пијан од љубов, а некој од вино appeared first on Република.

]]>

Православните верници денеска го слават Свети Трифун - заштитникот на лозарите, а католиците Свети Валентин - Денот на вљубените. На овој ден лозарите одат на лозјата и ги закројуваат лозите, а во винарските визби низ државата се организираат прослави на кои се слави денот на виното.   Вишиот кустос етнолог Томе Крстевски од Музеј - галеријата Кавадарци појаснува дека културата на виновата лоза е многу стара. Повеќето народи, почетоците на одгледувањето винова лоза ги бараат во митските времиња. Според Грците, тоа го сторил Дионис, а според Римјаните, тоа бил богот Бахус на кого му се принесувале жртви, погача, вино и жито. - Гроздот е симбол на мудроста, а лозовата пенушка е атрибут на божествата на земјоделието и плодородието и го означува виното на животот, следствено и на бесмртноста. Симбол на жртвопринесување преку врската на виното и крстот. „Свети Трифун“, 14 февруари, на овие простори се слави како заштитник на лозарите и овоштарите, како во Тиквешијата, така и пошироко. Иконописците на многу икони и фрески во нашите цркви и манастири, Свети Трифун го прикажале како младо момче, кое во десната рака држи срп, со кој ги кроел лозјата и ги калемел овошките, појаснува Крстевски. Тој додава дека во минатото Свети Трифун го славеле и меанџиите. - Сите лозари се собирале во меаните и денот го завршувале со веселби. Oвој ден e богат со многу прослави и веселби, а со тоа и одбележувањетo на овој светител, закрилник на лозарите и овоштарите од овој крај, појаснува Крстевски. Помладите генерации го слават Денот на вљубените со подарување на цвеќиња, плишани мечиња, чоколади и подароци со кои ја симболизираат љубовта.

The post Денеска некој ќе биде пијан од љубов, а некој од вино appeared first on Република.

]]>
Мицкоски во Неготино: Св. Трифун нека донесе здравје, бериќет и добар род оваа година на сите лозари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-vo-negotino-sv-trifun-neka-donese-zdravje-beriket-i-dobar-rod-ovaa-godina-na-site-lozari/ Tue, 14 Feb 2023 12:27:21 +0000 https://republika.mk/?p=608861

Денеска бев во посета на Неготино каде го одбележавме денот на лозарите, Св. Трифун. Овој убав празник нека донесе здравје, бериќет и добар род оваа година на сите лозари, напиша на својот фејсбук профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

The post Мицкоски во Неготино: Св. Трифун нека донесе здравје, бериќет и добар род оваа година на сите лозари appeared first on Република.

]]>

Денеска бев во посета на Неготино каде го одбележавме денот на лозарите, Св. Трифун. Овој убав празник нека донесе здравје, бериќет и добар род оваа година на сите лозари, напиша на својот фејсбук профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

The post Мицкоски во Неготино: Св. Трифун нека донесе здравје, бериќет и добар род оваа година на сите лозари appeared first on Република.

]]>
Одбележан празникот на лозарите во Општина Илинден https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/odbelezhan-praznikot-na-lozarite-vo-opshtina-ilinden/ Tue, 14 Feb 2023 12:06:56 +0000 https://republika.mk/?p=608837

Традиционално со закројување виновата лоза во дворот на црквата „Свети Трифун“ во населеното место Ајватовци, Општина Илинден го одбележа Празникот на лозарите.

Како што соопшти Општина Илинден, празнувањето на православниот празник Свети Трифун почна со Божествена литургија, што се одржа пред голем број верници.

 

Во рамки на манифестацијата „Саем на домашно вино“, во организација на црковниот одбор на црквата „Свети Трифун“, а под покровителство на градоначалникот на Илинден, Александар Георгиевски, годинава се одржа избор на најдобро произведено домашно вино во Општината.

На своевидниот вински фестивал, кој прераснува во традиција, учествуваа осум производители на вино. Според одлуката на жири-комисијата, составена од членови на „Вински витези“, здружение за промоција на македонското вино и на македонската култура, градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски му додели Плакета за најдобро домашно произведено вино на првонаградениот Борче Божиновски.

 

Второто место го освои Страшко Ангеловски, а третото Љупчо Димитриевски. Благодарници за учество на манифестацијата „Саем на домашно вино“ им беа доделени на сите учесници.

The post Одбележан празникот на лозарите во Општина Илинден appeared first on Република.

]]>

Традиционално со закројување виновата лоза во дворот на црквата „Свети Трифун“ во населеното место Ајватовци, Општина Илинден го одбележа Празникот на лозарите. Како што соопшти Општина Илинден, празнувањето на православниот празник Свети Трифун почна со Божествена литургија, што се одржа пред голем број верници.   Во рамки на манифестацијата „Саем на домашно вино“, во организација на црковниот одбор на црквата „Свети Трифун“, а под покровителство на градоначалникот на Илинден, Александар Георгиевски, годинава се одржа избор на најдобро произведено домашно вино во Општината. На своевидниот вински фестивал, кој прераснува во традиција, учествуваа осум производители на вино. Според одлуката на жири-комисијата, составена од членови на „Вински витези“, здружение за промоција на македонското вино и на македонската култура, градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски му додели Плакета за најдобро домашно произведено вино на првонаградениот Борче Божиновски.   Второто место го освои Страшко Ангеловски, а третото Љупчо Димитриевски. Благодарници за учество на манифестацијата „Саем на домашно вино“ им беа доделени на сите учесници.

The post Одбележан празникот на лозарите во Општина Илинден appeared first on Република.

]]>
Стојкоски: Го закроивме лозјето близу црквата „Св.Трифун“ во село Кучково, нека биде плодна годината! https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/stojkoski-go-zakroivme-lozjeto-blizu-tsrkvata-sv-trifun-vo-selo-kuchkovo-neka-bide-plodna-godinata/ Tue, 14 Feb 2023 11:46:26 +0000 https://republika.mk/?p=608820

Вековна македонска традиција со желби за бериќетна и плодна година за род на грозјето!, напиша на својот фејсбук профил градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Го закроивме лозјето близу црквата Св.„Трифун“ во село Кучково по повод истоимениот празник кој за жителите на ова село е значаен ден, особено за градинарите и лозарите.

На чинот му претходеше литургија во црквата. Традиционално, на 14 февруари се врши обредното закројување на лозјето. Овој ден се смета и за последен од зимските и за прв од пролетните празници.

Според православната црква, Св. Трифун ги штити лозјата и градините од разни штети, несреќи и болести, поради што луѓето го слават и изведуваат обичаи поврзани со овој празник.

Нека биде плодна годината. За многу години денот!

The post Стојкоски: Го закроивме лозјето близу црквата „Св.Трифун“ во село Кучково, нека биде плодна годината! appeared first on Република.

]]>

Вековна македонска традиција со желби за бериќетна и плодна година за род на грозјето!, напиша на својот фејсбук профил градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Го закроивме лозјето близу црквата Св.„Трифун“ во село Кучково по повод истоимениот празник кој за жителите на ова село е значаен ден, особено за градинарите и лозарите. На чинот му претходеше литургија во црквата. Традиционално, на 14 февруари се врши обредното закројување на лозјето. Овој ден се смета и за последен од зимските и за прв од пролетните празници. Според православната црква, Св. Трифун ги штити лозјата и градините од разни штети, несреќи и болести, поради што луѓето го слават и изведуваат обичаи поврзани со овој празник.

Нека биде плодна годината. За многу години денот!

The post Стојкоски: Го закроивме лозјето близу црквата „Св.Трифун“ во село Кучково, нека биде плодна годината! appeared first on Република.

]]>
Денеска се празнува Св.Трифун, денот на лозарите https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/deneska-se-praznuva-sv-trifun-denot-na-lozarite/ Mon, 14 Feb 2022 07:27:50 +0000 https://republika.mk/?p=458123

Светиот маченик Трифун

Роден е во селото Кампсада во Фригија од сиромашни родители. Во детството беше чувар на гуски. И уште од детството врз него беше голема Божја благодат и можеше да исцелува болести кај луѓето и кај животните и да изгонува бесови. Во тоа време со Римското царство завладеа царот Гордијан, чијашто ќерка слезе од умот и со тоа го фрли царот во голема жалост. Ниеден лекар не можеше да ? помогне на лудата Гордијана. Тогаш демонот прозборе преку девојката и рече дека освен Трифун никој не може да го истера. После многумина Трифуни ширум царството, по Божја Промисла го повикаа и овој млад Трифун. Го доведоа во Рим и тој ја исцели царската ќерка. Царот му подари многубројни дарови, а тој на враќање им ги раздели на сиромасите. Потоа ова свето момче продолжи да чува гуски и да Му се моли на Бога. Кога се зацари христоборниот Декиј, Свети Трифун беше малтретиран и свирепо измачуван заради Христа. Но тој со голема радост ги поднесе сите мачења, велејќи: „О кога би можел да се удостојам во оган и маки да завршам за името на Исус Христос, мојот Бог и Господ!“ Маките не му наштетија ни малку и најпосле мачителите го осудија на смрт со меч. Му се помоли на Бога и издивна во 250 година.

The post Денеска се празнува Св.Трифун, денот на лозарите appeared first on Република.

]]>

Светиот маченик Трифун Роден е во селото Кампсада во Фригија од сиромашни родители. Во детството беше чувар на гуски. И уште од детството врз него беше голема Божја благодат и можеше да исцелува болести кај луѓето и кај животните и да изгонува бесови. Во тоа време со Римското царство завладеа царот Гордијан, чијашто ќерка слезе од умот и со тоа го фрли царот во голема жалост. Ниеден лекар не можеше да ? помогне на лудата Гордијана. Тогаш демонот прозборе преку девојката и рече дека освен Трифун никој не може да го истера. После многумина Трифуни ширум царството, по Божја Промисла го повикаа и овој млад Трифун. Го доведоа во Рим и тој ја исцели царската ќерка. Царот му подари многубројни дарови, а тој на враќање им ги раздели на сиромасите. Потоа ова свето момче продолжи да чува гуски и да Му се моли на Бога. Кога се зацари христоборниот Декиј, Свети Трифун беше малтретиран и свирепо измачуван заради Христа. Но тој со голема радост ги поднесе сите мачења, велејќи: „О кога би можел да се удостојам во оган и маки да завршам за името на Исус Христос, мојот Бог и Господ!“ Маките не му наштетија ни малку и најпосле мачителите го осудија на смрт со меч. Му се помоли на Бога и издивна во 250 година.

The post Денеска се празнува Св.Трифун, денот на лозарите appeared first on Република.

]]>
„Некст тајм” ќе настапи на манифестацијата Свети Трифун 2022 на градскиот плоштад во Кавадарци https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/nekst-tajm-kje-nastapi-na-manifestacijata-sveti-trifun-2022-na-gradskiot-ploshtad-vo-kavadarci/ Thu, 10 Feb 2022 12:10:04 +0000 https://republika.mk/?p=456742

Музичкото дуо ,,Некст тајм” ќе настапи на манифестацијата Свети Трифун 2022 на градскиот плоштад во Кавадарци, во понеделник, на 14-ти февруари.
Нивниот концерт ќе започне во 21.30 часот, а пред тоа ќе настапат Екстра бенд плус.

Во тек на денот пак, ќе настапуваат Александар Ангеловски и Дејан Чуле со староградска музика, како и Фолклорен ансамбл Тиквеш.

Покрај музичката програма, во градот се најавени низа на културни активности за денот на лозарите и винарите.
Промоција и дегустација на вино и ракија, традиционални закуски и закројување на виновата лоза се дел од празничната програма.

The post „Некст тајм” ќе настапи на манифестацијата Свети Трифун 2022 на градскиот плоштад во Кавадарци appeared first on Република.

]]>

Музичкото дуо ,,Некст тајм” ќе настапи на манифестацијата Свети Трифун 2022 на градскиот плоштад во Кавадарци, во понеделник, на 14-ти февруари. Нивниот концерт ќе започне во 21.30 часот, а пред тоа ќе настапат Екстра бенд плус. Во тек на денот пак, ќе настапуваат Александар Ангеловски и Дејан Чуле со староградска музика, како и Фолклорен ансамбл Тиквеш. Покрај музичката програма, во градот се најавени низа на културни активности за денот на лозарите и винарите. Промоција и дегустација на вино и ракија, традиционални закуски и закројување на виновата лоза се дел од празничната програма.

The post „Некст тајм” ќе настапи на манифестацијата Свети Трифун 2022 на градскиот плоштад во Кавадарци appeared first on Република.

]]>