св. никифор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sv-nikifor/ За подобро да се разбереме Tue, 22 Feb 2022 07:51:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png св. никифор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sv-nikifor/ 32 32 Денеска подајте рака кон пријателот со кој сте се искарале, за Св. Никифор да ви го направи животот поубав https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/denes-podajte-raka-kon-prijatelot-so-koj-ste-se-iskarale-za-sv-nikifor-da-vi-go-napravi-zivotot-poubav/ Tue, 22 Feb 2022 07:32:37 +0000 https://republika.mk/?p=461717

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 9 февруари, денот на Св. маченик Никифор

Во третиот век во Антиохија живееја двајца многу блиски пријатели, Саприкиј и Никифор. Но, еден ден тие толку се налутија еден на друг, што не сакаа очи да си видат. По некое време Никифор ја сфати бедата на лутината и побара прошка од Саприкиј, кој беше свештеник. Овој не сакаше ни да чуе. Сите молби остануваа попусти.

Во тоа време, при едно гонење на христијаните, Саприкиј беше затворен и ставен на маки, зашто не се откажуваше од Христа. Најпосле го осудија и го поведоа кон губилиштето. По патот Никифор повторно со солзи го молеше да му прости, но на Саприкиј срцето му остана тврдо. Така и ја изгуби благодатта и на губилиштето се откажа од Христа, а Никифор, гледајќи го тоа, самиот побара и беше погубен наместо него.

Никифор е заштитник на сите кои неправедно страдаат. Тој е заштитник на оние кои за пријателите ако треба одат и во оган.

Се верува дека ова е ден кога скараните се смируваат и почнуваат пријателство повторно. Затоа, заборавете денеска на сите кои ви направиле лошо и пружете рака за помирување. Така светецот ќе ви го направи животот поубав и полн со љубов и радост.

The post Денеска подајте рака кон пријателот со кој сте се искарале, за Св. Никифор да ви го направи животот поубав appeared first on Република.

]]>

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 9 февруари, денот на Св. маченик Никифор Во третиот век во Антиохија живееја двајца многу блиски пријатели, Саприкиј и Никифор. Но, еден ден тие толку се налутија еден на друг, што не сакаа очи да си видат. По некое време Никифор ја сфати бедата на лутината и побара прошка од Саприкиј, кој беше свештеник. Овој не сакаше ни да чуе. Сите молби остануваа попусти. Во тоа време, при едно гонење на христијаните, Саприкиј беше затворен и ставен на маки, зашто не се откажуваше од Христа. Најпосле го осудија и го поведоа кон губилиштето. По патот Никифор повторно со солзи го молеше да му прости, но на Саприкиј срцето му остана тврдо. Така и ја изгуби благодатта и на губилиштето се откажа од Христа, а Никифор, гледајќи го тоа, самиот побара и беше погубен наместо него. Никифор е заштитник на сите кои неправедно страдаат. Тој е заштитник на оние кои за пријателите ако треба одат и во оган. Се верува дека ова е ден кога скараните се смируваат и почнуваат пријателство повторно. Затоа, заборавете денеска на сите кои ви направиле лошо и пружете рака за помирување. Така светецот ќе ви го направи животот поубав и полн со љубов и радост.

The post Денеска подајте рака кон пријателот со кој сте се искарале, за Св. Никифор да ви го направи животот поубав appeared first on Република.

]]>