св. кирил и методиј Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sv-kiril-i-metodij/ За подобро да се разбереме Fri, 27 Sep 2024 13:01:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png св. кирил и методиј Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sv-kiril-i-metodij/ 32 32 Мицкоски и Орбан положија свежо цвеќе на споменикот на Св. Кирил и Методиј во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-i-orban-polozhija-svezho-tsveke-na-spomenikot-na-sv-kiril-i-metodij-vo-ohrid/ Fri, 27 Sep 2024 13:01:38 +0000 https://republika.mk/?p=820292

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со унгарскиот премиер Виктор Орбан, денеска положи свежо цвеќе на споменикот на Светите браќа Кирил и Методиј во Охрид.

Со мојот пријател Виктор Орбан, одадовме почит и положивме свежо цвеќе на еден од најмаркантните споменици за Охрид, Македонија и словенскиот свет, светите браќа Кирил и Методиј!

The post Мицкоски и Орбан положија свежо цвеќе на споменикот на Св. Кирил и Методиј во Охрид appeared first on Република.

]]>

Македонците во Србија го чествуваа Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/makedontsite-vo-srbija-go-chestvuvaa-denot-na-seslovenskite-prosvetiteli-sv-kiril-i-metodij/ Fri, 24 May 2024 12:17:01 +0000 https://republika.mk/?p=781393

Традиционално како и изминатите години македонската заедница во Србија и годинава го одбелжа  24 мај-Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, пред споменик на Св.Кирил и Методиј кој е подарок на академскиот вајар Томе Серафимовски на градот Белград, венци положија македонскиот амбасадор Никола Тупанчески заедно со српските власти и амбасадорите на Словачка, Украина, Бугарија и на ЕУ, како и преставници на Националниот совет на македонското национално малцинство и здруженијата од Белград.

Вечерва во Педагошкиот музеј во организација на здружението Македониум ќе се одржи свечена академија на која д-р Анита Ангелевска ќе говори на темата „Кирилометодиевистика-траење низ вековите“ и Ангел Василковски на темата „Просветителството на Св.Кирил и Методиј како par excellence рамноапостолство“, придружувани со ансамблот „Македониум“ и хорот на ОУ „Доситеј Обрадовиќ“ од Белград.

Од 2019 година, 24 мај во Србија се слави како национален празник - Денот на словенската писменост и култура.

The post Македонците во Србија го чествуваа Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј appeared first on Република.

]]>

Традиционално како и изминатите години македонската заедница во Србија и годинава го одбелжа  24 мај-Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј. Како што јави дописникот на МИА од Белград, пред споменик на Св.Кирил и Методиј кој е подарок на академскиот вајар Томе Серафимовски на градот Белград, венци положија македонскиот амбасадор Никола Тупанчески заедно со српските власти и амбасадорите на Словачка, Украина, Бугарија и на ЕУ, како и преставници на Националниот совет на македонското национално малцинство и здруженијата од Белград. Вечерва во Педагошкиот музеј во организација на здружението Македониум ќе се одржи свечена академија на која д-р Анита Ангелевска ќе говори на темата „Кирилометодиевистика-траење низ вековите“ и Ангел Василковски на темата „Просветителството на Св.Кирил и Методиј како par excellence рамноапостолство“, придружувани со ансамблот „Македониум“ и хорот на ОУ „Доситеј Обрадовиќ“ од Белград. Од 2019 година, 24 мај во Србија се слави како национален празник - Денот на словенската писменост и култура.

The post Македонците во Србија го чествуваа Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Горди сме на делото на светите браќа Кирил и Методиј – нивната дејност темелена на македонскиот јазичен извор ги спаси Словените од одродување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-gordi-sme-na-deloto-na-svetite-braka-kiril-i-metodij-nivnata-dejnost-temelena-na-makedonskiot-jazichen-izvor-gi-spasi-slovenite-od-odroduvane/ Fri, 24 May 2024 10:05:39 +0000 https://republika.mk/?p=781364

Во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија им го честитам денешниот празник Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј. Светите Кирил и Методиј со своето дело ја задолжија не само сесловенската, туку и европската и светската култура и на тој начин со златни букви се запишаа во историјата и националната меморија на целиот словенски род, стои во честитка од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по повод 24 Мај - Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј

Во неа се додава:

Нивната посветеност е пример дека ниедна цел не може да остане недостижна, доколку силно се вложиш и макотрпно работиш. Со својата просветителска работа, преведувањето на мноштво книги на старословенски, но пред се создавањето на глаголицата како словенска азбука, тие станаа факелот кој го осветли патот на милиони Словени и на тој начин ги спаси од асимилацијата која тријазичната ерес сакаше да им ја наметне.

Нашата гордост како Македонци е дотолку поголема, што нивниот темел на старословенскиот јазик како основа на нивната дејност, беше говорот на македонските Словени од околината на Солун. Македонскиот јазичен извор ја напои жедта на целиот словенски род и на тој начин ги спаси од одродување.

Нам, како генерација ни преостанува да го чуваме нивното дело и да бидеме горди на нивната работа која повеќе од еден милениум живее како тука во Македонија, така и речиси во половина Европа.

The post Мицкоски: Горди сме на делото на светите браќа Кирил и Методиј – нивната дејност темелена на македонскиот јазичен извор ги спаси Словените од одродување appeared first on Република.

]]>

Во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија им го честитам денешниот празник Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј. Светите Кирил и Методиј со своето дело ја задолжија не само сесловенската, туку и европската и светската култура и на тој начин со златни букви се запишаа во историјата и националната меморија на целиот словенски род, стои во честитка од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по повод 24 Мај - Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј Во неа се додава: Нивната посветеност е пример дека ниедна цел не може да остане недостижна, доколку силно се вложиш и макотрпно работиш. Со својата просветителска работа, преведувањето на мноштво книги на старословенски, но пред се создавањето на глаголицата како словенска азбука, тие станаа факелот кој го осветли патот на милиони Словени и на тој начин ги спаси од асимилацијата која тријазичната ерес сакаше да им ја наметне. Нашата гордост како Македонци е дотолку поголема, што нивниот темел на старословенскиот јазик како основа на нивната дејност, беше говорот на македонските Словени од околината на Солун. Македонскиот јазичен извор ја напои жедта на целиот словенски род и на тој начин ги спаси од одродување. Нам, како генерација ни преостанува да го чуваме нивното дело и да бидеме горди на нивната работа која повеќе од еден милениум живее како тука во Македонија, така и речиси во половина Европа.

The post Мицкоски: Горди сме на делото на светите браќа Кирил и Методиј – нивната дејност темелена на македонскиот јазичен извор ги спаси Словените од одродување appeared first on Република.

]]>
Сиљановска Давкова: Кирил го вградил не само својот живот, туку и нашиот во Европа и тоа мора да го почитуваме https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-kiril-go-vgradil-ne-samo-svojot-zhivot-tuku-i-nashiot-vo-evropa-i-toa-mora-da-go-pochituvame/ Fri, 24 May 2024 09:55:08 +0000 https://republika.mk/?p=781360

Кирил бил со векови предвремето, Кирил го вградил не само својот живот, туку и нашиот живот на некој начин во Европа пред многу, многу векови и тоа мора да го почитуваме, изјави денеска претседателката Гордана Сиљановска Давкова по молебенот во чест на Свети Кирил, во базиликата „Свети Климент“ во Рим, каде се наоѓа и гробот на сесловенскиот просветител.

-Тоа мораме да го почитуваме. На Кирил му било јасно значењето на зборот, на речта, на мислата, бидејќи тоа значи обединување, разбирање, слушање говорење, рече Сиљановска Давкова.

Како што јави известувачот на МИА од Рим, Таа нагласи дека пораката на Кирил дека јазикот е код на разбирање е доказ дека тој на ум имал обединување на сеслосвенскиот свет.

-Тие му припаѓаат на него и тој им припаѓа на сите, рече Сиљановска Давкова по молебенот на кој имаше нашинци од Италија и Австрија, како и македонски верници, кои тука се присутни специјално за одбележувањето на Денот на Светите Кирил и Методи.

Митрополитот Европски, владиката Пимен, кој заедно со митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј, го водеше молебенот пред гробот на Сети Кирил, порача дека овој настан се организира по 56 пат и особено е значаен од теолошка смисла за нас.

-Токму тука, каде се почива Свети Кирил е победена тројазичната ерес. Тоа покажало дека на секој јазик може да се слави Господ Бог и со тоа се дава можност секој човек на свој јазик да слушне за Господа и да не биде само пасивен посматрач, туку активено да може да се посвети на службата, рече Пимен.

Тој нагласи дека освен од теолошка страна секако делото на Кирил е значајно за нас како македонски народ, затоа што ни е овозможено да се користиме со кирилицата и затоа што, како што посочи, сме останале посебен дел од сите словенски народи со свој макеодонски литературен јазик, кој не е копија на ниту еден друг.

The post Сиљановска Давкова: Кирил го вградил не само својот живот, туку и нашиот во Европа и тоа мора да го почитуваме appeared first on Република.

Џафери во чест на Свети Кирил и Методиј: Упорноста и вербата на просветителите, се патоказ кон напредок https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-vo-chest-na-sveti-kiril-i-metodij-upornosta-i-verbata-na-prosvetitelite-se-patokaz-kon-napredok/ Fri, 24 May 2024 09:08:11 +0000 https://republika.mk/?p=781342

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, во името на Владата и во свое име, го честиташе 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј и патронен празник на Универзитетот „Свети Кирили и Методиј“ во Скопје, на ректоката, проф.д-р Биљана Ангелова, на деканите, продеканите, професорите, сенаторите, на студентите на универзитетот и на граѓаните.

– Во името на Владата на Република Македонија и во мое име, го честитам 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј и патронен празник на Универзитетот „Свети Кирили и Методиј“ во Скопје, на Вас, на деканите, продеканите, професорите, сенаторите и на сите студенти на универзитетот. Денешниот двоен празник, повикува на упорност и верба во науката и во образованието, како стожерни двигатели на развојот на современа и европска држава, каква што сите посакуваме и целиме да биде Република Македонија. Таквата водечка улога во овој процес му доликува на првиот државен универзитет „Свети Кирил и Методиј“, еден од столбовите на македонската државност и на вас како продолжувачи, и сегашни и идни наследници, на просветителското дело на светите браќа Кирил и Методиј, се вели во честитката од Џафери.

Затоа што, посочува Џафери, како што вели и Свети Климент Охридски за неговите учители „тие со добар подвиг и со цврста вера, минаа како сонце, осветлувајки ги темните места со своите стапки“.

-Не била лесна битката на Браќата Кирил и Методиј, кои во времето кога постоеле само три привилигирани јазици, успеале да го внесат словенскиот јазик на рамнправно рамниште со нив. Со тоа започнува да се развива и современата македонска писменост. И нивното инспиративно дело е и треба да биде патоказ како може и треба да се работи во остварувањето свети цели. Како генерации на денешнината и посебно последниве неколку години, успеавме во заложбите македонскиот стандарден јазик да биде рамноправно прифатен меѓу официјалните јазици и во Европската Унија и се продолжи и делото на Свети Кирил и Методиј како темелници на европскиот интеркултурализам, нагласува Џафери.

На вас е, продолжува во честитката Џафери, со поголеми сили и да продолжите да се вложувате во науката и образованието. Споделувајте го знаењето и бидете гласни и храбри пред политиката, во развојот на научнообразовната дејност и во нејзиното место во општеството, затоа што вашето влијание е потребно во одржувањето на демократските текови на современа и европска Република Македонија.

-Честит и вековит нека е 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј и патронен празник на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје!“, напиша премиерот Џафери во честитката до ректорката Ангелова.

The post Џафери во чест на Свети Кирил и Методиј: Упорноста и вербата на просветителите, се патоказ кон напредок appeared first on Република.

Драмата „Кирил и Методиј – Who are you?“ од Јордан Плевнеш во Парискиот театарски центар во пресрет на Светскиот ден на театарот https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dramata-kiril-i-metodij-who-are-you-od-jordan-plevnesh-vo-pariskiot-teatarski-tsentar-vo-presret-na-svetskiot-den-na-teatarot/ Tue, 26 Mar 2024 13:06:00 +0000 https://republika.mk/?p=758938

Драмата „Кирил и Методиј – Who are you?“ од македонскиот автор со интернационално реноме Јордан Плевнеш синоќа, во очи на Светскиот ден на театарот, во Парискиот театарски центар Шарентон беше презентирана заедно со десетина познати автори од европските земји во организација на издавачот „Куќа на Европа и Ориентот“.

На презентацијата беа изведени повеќе сцени од драмата од француски актери, во режија на Доминик Долмие, а исто така беше презентиран и предговотот на Жорж Бани, еден од најзначајните светски театролози, кој го наслови својот текст „Јордан Плевнеш е планетарен автор”.

Драмата предизвика голем интерес кај бројната публика и бидејќи е базирана на приказна за враќањето на Свети Кирил и Методиј во нашево време, на големи политички, воени, терористички и хуманитарни катастрофи, кои се одвиваат насекаде во светот меѓу Киев, Москва, Блискиот Исток, Њујорк и Баканот, беше доживеана како уметничко истражување низ драмска форма на прашањето, дали може да биде уништена човечката надеж на сите меридијани или ќе победи духовната визија на Кирил и Методиј, кои беа прогласени за заштитници на Европа од Папата Јован Павле Втори во 1980 година, единаесет векови по нивната смрт.

Имено, нивната визија се состои во нивното уверување дека човештвото треба повторно да ја пронајде смислата на постоењето низ определбата „Цивилизација на љубовта и Носталгија по единството”.

The post Драмата „Кирил и Методиј – Who are you?“ од Јордан Плевнеш во Парискиот театарски центар во пресрет на Светскиот ден на театарот appeared first on Република.

]]>

Драмата „Кирил и Методиј – Who are you?“ од македонскиот автор со интернационално реноме Јордан Плевнеш синоќа, во очи на Светскиот ден на театарот, во Парискиот театарски центар Шарентон беше презентирана заедно со десетина познати автори од европските земји во организација на издавачот „Куќа на Европа и Ориентот“. На презентацијата беа изведени повеќе сцени од драмата од француски актери, во режија на Доминик Долмие, а исто така беше презентиран и предговотот на Жорж Бани, еден од најзначајните светски театролози, кој го наслови својот текст „Јордан Плевнеш е планетарен автор”. Драмата предизвика голем интерес кај бројната публика и бидејќи е базирана на приказна за враќањето на Свети Кирил и Методиј во нашево време, на големи политички, воени, терористички и хуманитарни катастрофи, кои се одвиваат насекаде во светот меѓу Киев, Москва, Блискиот Исток, Њујорк и Баканот, беше доживеана како уметничко истражување низ драмска форма на прашањето, дали може да биде уништена човечката надеж на сите меридијани или ќе победи духовната визија на Кирил и Методиј, кои беа прогласени за заштитници на Европа од Папата Јован Павле Втори во 1980 година, единаесет векови по нивната смрт. Имено, нивната визија се состои во нивното уверување дека човештвото треба повторно да ја пронајде смислата на постоењето низ определбата „Цивилизација на љубовта и Носталгија по единството”.

The post Драмата „Кирил и Методиј – Who are you?“ од Јордан Плевнеш во Парискиот театарски центар во пресрет на Светскиот ден на театарот appeared first on Република.

]]>
Лажен патритозам: Таче заборави дека „ова парче земја“ го потпиша за бугарско! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/lazhen-patritozam-tache-zaboravi-deka-ova-parche-zemja-go-potpisha-za-bugarsko/ Thu, 25 May 2023 10:22:31 +0000 https://republika.mk/?p=644522

На премиерот намесник, Димитар Ковачевски-Таче, никако да му тргне со „патриотизмот“. Не само што неговиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, целосно го разобличи пред својот бугарски колега дека со изјавата оти Бугарија се однесува кон Македонија како што Русија се однесува кон Украина, туку и самиот се губи во просторот и времето, заборавајќи што има прифатено и потпишано, пишува новинарот Предраг Димитровски во својата анализа за „Пресинг ТВ“.

Па така, на Денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј, Ковачевски одново во „патриотски“ занес, од Плаошник меѓу другото ќе изјави:

-…Од ова парче земја го црпиме старословенското, кирилометодиевското и црковнословенско наследство, суштински дел од културното наследство на сите словенски народи, а меѓу нив и на мојот, на нашиот македонски народ…

Колку ова гордо за уши звучи само! Или, што би рекле Бугарите, убаво кажано, ама не е така!

Таче како да заборави што прифати како решение за Светите браќа преку заедничката мешовита македонско-бугарска комисија за историски и за прашања на учебниците. Еве, да го потсетиме.

-Мисионерското дело на Светите браќа Кирил и Методиј ги поставува основите на
христијанската култура и духовност на словенските народи. Прифаќањето и ширењето на писменоста и преводите на богослужбените книги им овозможува на словенските народи да се запознаат со христијанското учење на разбирлив јазик. Делото на Св. Кирил и Методиј е сочувано и развивано во книжевните центри Преслав и Охрид, кои тогаш се наоѓале на територијата на средновековната бугарска држава, каде што нивните ученици наоѓаат услови за работа. Тоа дава суштествена основа на современите држави Република Македонија и Република Бугарија заеднички да го одбележуваат денот на Св.Кирил и Методиј.Бурните културни процеси, кои започнуваат во текот на 19. век, наоѓаат израз и возасилениот интерес кон животот и делото на Св. Кирил и Методиј. Во средината на 19. век сеќавањето за Св. Кирил и Методиј станува дел од светската културна традиција, а денот на нивниот црковен празник започнува да се одбележува во училиштата. За првпат тоа се случува во Пловдив во 1851 година. Процесот на духовно будење и еманципација наоѓа израз во сеприсутното одбележување на празникот во многу училишта на територијата на современа Република Македонија и Република Бугарија. Следствено, делото на Св. Кирил и Методиј и нивните ученици започнува да се одбележува и во други словенски земји, а нивниот придонес за европската цивилизација е признат и од Католичката црква, која ги прогласи за заштитници на Европа.До сега кажаното дава основа и ги задолжува двете држави со одговорност за зачувување на сеќавањето за делото на Св. Кирил и Методиј и нивните ученици преку годишни заеднички чествувања.

Значи, ова парче земја, што ќе рече и Охрид, се наоѓале на територијата на средновековната бугарска држава. Со други зборови, Таче прифати дека Светите браќа немале ништо заедничко со македонската територија и им дозволи на сегашните современи Бугари целосно да ги присвојуваат, што тие и на дело го прават.

И кога се говори за штетноста од Договорот за добрососедство, пријателство и соработка и т.н. француски предлог, кои претставуваат основа за бугаризација на Македонија и на Македонците, Ковачевски не треба да затвора очи дека токму оваа содржина во иднина ќе ја учат нашите деца. Кого тие ќе слушаат?!

Ќе го учат наизуст тоа што ќе го пишува во учебниците, тоа што ќе им го предаваат нивните пофесори, тоа што дома ќе им го говорат нивните родители или тоа што како памфлет ќе им го кажува Таче!?-пишува Димитровски.

The post Лажен патритозам: Таче заборави дека „ова парче земја“ го потпиша за бугарско! appeared first on Република.

]]>

На премиерот намесник, Димитар Ковачевски-Таче, никако да му тргне со „патриотизмот“. Не само што неговиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, целосно го разобличи пред својот бугарски колега дека со изјавата оти Бугарија се однесува кон Македонија како што Русија се однесува кон Украина, туку и самиот се губи во просторот и времето, заборавајќи што има прифатено и потпишано, пишува новинарот Предраг Димитровски во својата анализа за „Пресинг ТВ“.   Па така, на Денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј, Ковачевски одново во „патриотски“ занес, од Плаошник меѓу другото ќе изјави:
-…Од ова парче земја го црпиме старословенското, кирилометодиевското и црковнословенско наследство, суштински дел од културното наследство на сите словенски народи, а меѓу нив и на мојот, на нашиот македонски народ…
Колку ова гордо за уши звучи само! Или, што би рекле Бугарите, убаво кажано, ама не е така! Таче како да заборави што прифати како решение за Светите браќа преку заедничката мешовита македонско-бугарска комисија за историски и за прашања на учебниците. Еве, да го потсетиме. -Мисионерското дело на Светите браќа Кирил и Методиј ги поставува основите на христијанската култура и духовност на словенските народи. Прифаќањето и ширењето на писменоста и преводите на богослужбените книги им овозможува на словенските народи да се запознаат со христијанското учење на разбирлив јазик. Делото на Св. Кирил и Методиј е сочувано и развивано во книжевните центри Преслав и Охрид, кои тогаш се наоѓале на територијата на средновековната бугарска држава, каде што нивните ученици наоѓаат услови за работа. Тоа дава суштествена основа на современите држави Република Македонија и Република Бугарија заеднички да го одбележуваат денот на Св.Кирил и Методиј.Бурните културни процеси, кои започнуваат во текот на 19. век, наоѓаат израз и возасилениот интерес кон животот и делото на Св. Кирил и Методиј. Во средината на 19. век сеќавањето за Св. Кирил и Методиј станува дел од светската културна традиција, а денот на нивниот црковен празник започнува да се одбележува во училиштата. За првпат тоа се случува во Пловдив во 1851 година. Процесот на духовно будење и еманципација наоѓа израз во сеприсутното одбележување на празникот во многу училишта на територијата на современа Република Македонија и Република Бугарија. Следствено, делото на Св. Кирил и Методиј и нивните ученици започнува да се одбележува и во други словенски земји, а нивниот придонес за европската цивилизација е признат и од Католичката црква, која ги прогласи за заштитници на Европа.До сега кажаното дава основа и ги задолжува двете држави со одговорност за зачувување на сеќавањето за делото на Св. Кирил и Методиј и нивните ученици преку годишни заеднички чествувања. Значи, ова парче земја, што ќе рече и Охрид, се наоѓале на територијата на средновековната бугарска држава. Со други зборови, Таче прифати дека Светите браќа немале ништо заедничко со македонската територија и им дозволи на сегашните современи Бугари целосно да ги присвојуваат, што тие и на дело го прават. И кога се говори за штетноста од Договорот за добрососедство, пријателство и соработка и т.н. француски предлог, кои претставуваат основа за бугаризација на Македонија и на Македонците, Ковачевски не треба да затвора очи дека токму оваа содржина во иднина ќе ја учат нашите деца. Кого тие ќе слушаат?!
Ќе го учат наизуст тоа што ќе го пишува во учебниците, тоа што ќе им го предаваат нивните пофесори, тоа што дома ќе им го говорат нивните родители или тоа што како памфлет ќе им го кажува Таче!?-пишува Димитровски.

The post Лажен патритозам: Таче заборави дека „ова парче земја“ го потпиша за бугарско! appeared first on Република.

]]>
Љутков: Се гордееме со нашите славни борци, ама ги распродадовме сите национални интереси https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/lutkov-se-gordeeme-so-nashite-slavni-bortsi-ama-gi-rasprodadovme-site-natsionalni-interesi/ Wed, 24 May 2023 19:06:32 +0000 https://republika.mk/?p=644360

„Ние Македонците многу се гордееме со нашата славна историја. Горди сме на Александар Македонски и неговиот космополитизам затоа што од него почнало мешањето на цивилизациите и културите. Горди сме на Аристотел затоа што неговата филозофија денес е темел на модерната западна цивилизација. Гори сме што Св. „Павле“ токму од Македонија ја започнал својата мисионерска дејност, па ја проширил христовата вера низ Европа“, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Љутков на денешното одбележување на празникот на рамноапостолите Св. Кирил и Методиј „Милениумско дело и завет“

Тој истакна дека многу сме горди, и запраша каде е одговорноста?

Љутков додаде дека горди сме на нашата славна антика ама не само што не знаеме да ги раскажеме нашите приказни туку сме на пат археологијата и културното наследство да ни стане мртва приказна.

„Гори сме на Св. „Кирил и Методиј“ заштитниците на Европа оти тие со својата просветителска дејност не само што описменија 1/3 од европскиот континент туку сеејќи го семето за ука и наука додека светот живееше во мрачниот среден век тие беа столбот на македонската ренесанса. Исто така горди сме на нивните наследници Св. „Климент и Наум Охридски“ во чие време и под чие раце се роди првиот универзитет, но и многу лечилишта не само за душата, туку и за делото“, изјави Љутков.

Љутков посочи дека тука кај нас никнал првиот универзитет.

„Кај нас никнал првиот универзитет ама ги откорнавме образованието и науката и ги фрливме на буништето на подпросечноста. Се гордееме со нашите просветители ама денес стануваме слепи при очи. Се гордееме со нашите славни борци илинденците и партизанците ама ги распродадовме сите национални интереси“, рече Љутков.

The post Љутков: Се гордееме со нашите славни борци, ама ги распродадовме сите национални интереси appeared first on Република.

]]>

„Ние Македонците многу се гордееме со нашата славна историја. Горди сме на Александар Македонски и неговиот космополитизам затоа што од него почнало мешањето на цивилизациите и културите. Горди сме на Аристотел затоа што неговата филозофија денес е темел на модерната западна цивилизација. Гори сме што Св. „Павле“ токму од Македонија ја започнал својата мисионерска дејност, па ја проширил христовата вера низ Европа“, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Љутков на денешното одбележување на празникот на рамноапостолите Св. Кирил и Методиј „Милениумско дело и завет“
Тој истакна дека многу сме горди, и запраша каде е одговорноста? Љутков додаде дека горди сме на нашата славна антика ама не само што не знаеме да ги раскажеме нашите приказни туку сме на пат археологијата и културното наследство да ни стане мртва приказна.
„Гори сме на Св. „Кирил и Методиј“ заштитниците на Европа оти тие со својата просветителска дејност не само што описменија 1/3 од европскиот континент туку сеејќи го семето за ука и наука додека светот живееше во мрачниот среден век тие беа столбот на македонската ренесанса. Исто така горди сме на нивните наследници Св. „Климент и Наум Охридски“ во чие време и под чие раце се роди првиот универзитет, но и многу лечилишта не само за душата, туку и за делото“, изјави Љутков.
Љутков посочи дека тука кај нас никнал првиот универзитет.  
„Кај нас никнал првиот универзитет ама ги откорнавме образованието и науката и ги фрливме на буништето на подпросечноста. Се гордееме со нашите просветители ама денес стануваме слепи при очи. Се гордееме со нашите славни борци илинденците и партизанците ама ги распродадовме сите национални интереси“, рече Љутков.

The post Љутков: Се гордееме со нашите славни борци, ама ги распродадовме сите национални интереси appeared first on Република.

]]>
Овчаров: Кирилицата е бугарска, претензиите на Македонија се неосновани https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ovcharov-kirilitsata-e-bugarska-pretenziite-na-makedonija-se-neosnovani/ Wed, 24 May 2023 18:40:02 +0000 https://republika.mk/?p=644349

Николај Овчаров, бугарски археолог и експерт за тракиската историја, како и член на Националниот кружок „За Македонија“, на Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј му даде бугарски предзнак на кирилското писмо.

„Симболите останати низ вековите сведочат за тоа дека кирилицата е бугарска. Целата сериозна историска наука тврди дека кирилицата е бугарска. Таа е создадена во Плиска, што е познато од историските извори. Ние археолозите помогнавме во тој правец зошто откривме натписи не од почетокот на 10. век, кои ни ги покажуваат токму првите датирани нешта. Еден од нив е откриен во манастирот во Крепча. Имаме апсолутни докази дека кирилицата е направена во Бугарија. Нештата што ги зборуваат во РСМ се апсолутно неосновани, зошто Климент Охридски и Наум се испратени таму од Велики Преслав со задача да го наметнат новото писмо“, изјави Овчаров за тамошната телевизија Бугарија он ер.

The post Овчаров: Кирилицата е бугарска, претензиите на Македонија се неосновани appeared first on Република.

Џафери му подари на папата Франциск графичка икона „Богородица Несвенлива Роза“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-mu-podari-na-papata-frantsisk-grafichka-ikona-bogoroditsa-nesvenliva-roza/ Wed, 24 May 2023 09:11:12 +0000 https://republika.mk/?p=644163

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери денеска му подари графичка икона „Богородица Несвенлива Роза“ на папата Франциск.

Иконата потекнува од 1837 година од црквата „Света Богородица“ во Ново Село – Штип. Донесена е од Света Гора Атонска. Авторот, односно мајстор кој го изработил бакрорезот е Антим од Пелопонез, најпознатиот гравер и типограф на Света Гора Атонска од 19 век. Иконата е единствена сочувана од овој иконографски тип.

Концепциски и тематски иконата во една целина обединува неколку иконографски теми: Богородица Несвенлива Роза со Хриcтос цар, Лозата Есеева и циклусот на Акатистот на Богородица.

Џафери на папата Франциск му подари и примерок од долгометражниот документарен филм за Блаже Конески „Јанѕа“ од истакнатиот македонски документарист, Никола Т. Калајџиски.

Филмот е подготвен во продукција на „Контраст филм“ – Скопје, финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Македонија.

А по повод десетгодишнината од неговиот Понтификат му подари уникатен примерок – изработен во техника длаборез, кутија за чување на лични работи.

Извор МИА

The post Џафери му подари на папата Франциск графичка икона „Богородица Несвенлива Роза“ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери денеска му подари графичка икона „Богородица Несвенлива Роза“ на папата Франциск. Иконата потекнува од 1837 година од црквата „Света Богородица“ во Ново Село – Штип. Донесена е од Света Гора Атонска. Авторот, односно мајстор кој го изработил бакрорезот е Антим од Пелопонез, најпознатиот гравер и типограф на Света Гора Атонска од 19 век. Иконата е единствена сочувана од овој иконографски тип. Концепциски и тематски иконата во една целина обединува неколку иконографски теми: Богородица Несвенлива Роза со Хриcтос цар, Лозата Есеева и циклусот на Акатистот на Богородица. Џафери на папата Франциск му подари и примерок од долгометражниот документарен филм за Блаже Конески „Јанѕа“ од истакнатиот македонски документарист, Никола Т. Калајџиски. Филмот е подготвен во продукција на „Контраст филм“ – Скопје, финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Македонија. А по повод десетгодишнината од неговиот Понтификат му подари уникатен примерок – изработен во техника длаборез, кутија за чување на лични работи.
Извор МИА

The post Џафери му подари на папата Франциск графичка икона „Богородица Несвенлива Роза“ appeared first on Република.

]]>
Али Ахмети на македонски јазик го честиташе Денот на сесловенските просветители https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ali-ahmeti-na-makedonski-jazik-go-chestitashe-denot-na-seslovenskite-prosvetiteli/ Wed, 24 May 2023 08:59:58 +0000 https://republika.mk/?p=644158

Во специјално видеообраќање на македонски јазик лидерот на ДУИ, Али Ахмети, го честиташе Денот на сесловенските просветители и порача дека во духот на мултикултурализмот имаме заедничка обврска да го негуваме македонскиот јазик.

„Почитувани мои сограѓани, нека е честит денот на словенските просветители Кирил и Методиј! Во нивното дело е израснат и современиот македонски јазик кој претставува израз на посебноста на македонскиот народ и нашите сограѓани Македонци! Во духот на мултиетничкото општество кое заеднички го градиме, да се потсетиме на овој важен ден, дека заеднички ја преземаме обврската да ја зачуваме, негуваме и унапредиме меѓународната артикулација на македонскиот јазик на ист начин како што тоа го правиме и за посебноста на македонскиот идентитет. Нека е среќен и честит празникот!“, вели Ахмети во видеото.

https://www.youtube.com/watch?v=nynDBVXpFSk

The post Али Ахмети на македонски јазик го честиташе Денот на сесловенските просветители appeared first on Република.

Џафери и македонска делегација на молебен во базиликата „Сан Клементе“ во чест на Свети Кирил и на аудиенција кај папата Франциск https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-i-makedonska-delegatsija-na-moleben-vo-bazilikata-san-klemente-vo-chest-na-sveti-kiril-i-na-audientsija-kaj-papata-frantsisk/ Wed, 24 May 2023 08:06:02 +0000 https://republika.mk/?p=644146

Државно – црковната делегација предводена од претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска ќе присуствува на молебен во базиликата „Сан Клементе” во Рим, каде што ќе положи венец на гробот на Св. Кирил. Во попладневните часови Џафери ќе положи цвеќе пред спомен – плочата на македонски јазик во чест на Св. Кирил во базиликата „Санта Марија Маџоре”.

Традиционално делегацијата денеска ќе присуствува и на аудиенција кај Папата Франциск во Ватикан, по што Џафери ќе има средба и со државниот секретар на Светата столица кардиналот Пјетро Паролин.

Според агендата, Џафери ќе ја посети и изложбата на македонскиот уметник Решат Амети, која е поставена во амбадсадата на Светата столица.

Чествувањето на Св. Кирил во Рим ќе заврши со положување цвеќе во базиликата „Санта Марија Маџоре“ каде што се наоѓа спомен плочата на македонски јазик во чест на Св.Кирил. Џафери вчера најави дека цвеќе ќе биде положено заедно со бугарска делегација.

– Не можам да прејудицирам кои теми и прашања ќе се отворат на утрешната средба со бугарската делегација. Но, секако директната комуникација е добредојдена и мислам дека оди во полза на изнаоѓање евентуални можни позитивни решенија во однос на процесите што ги водиме, изјави Џафери по средбата со претседателот на Домот на пратениците на Италијанската Република, Лоренцо Фонтана.

Во четврток, на 25 мај, претседателот на Собранието ја завршува посетата на Рим и Ватикан со средба со претставниците од Центарот за изградба на светилиштето на Мајка Тереза.

The post Џафери и македонска делегација на молебен во базиликата „Сан Клементе“ во чест на Свети Кирил и на аудиенција кај папата Франциск appeared first on Република.

]]>

Државно – црковната делегација предводена од претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска ќе присуствува на молебен во базиликата „Сан Клементе” во Рим, каде што ќе положи венец на гробот на Св. Кирил. Во попладневните часови Џафери ќе положи цвеќе пред спомен – плочата на македонски јазик во чест на Св. Кирил во базиликата „Санта Марија Маџоре”. Традиционално делегацијата денеска ќе присуствува и на аудиенција кај Папата Франциск во Ватикан, по што Џафери ќе има средба и со државниот секретар на Светата столица кардиналот Пјетро Паролин. Според агендата, Џафери ќе ја посети и изложбата на македонскиот уметник Решат Амети, која е поставена во амбадсадата на Светата столица. Чествувањето на Св. Кирил во Рим ќе заврши со положување цвеќе во базиликата „Санта Марија Маџоре“ каде што се наоѓа спомен плочата на македонски јазик во чест на Св.Кирил. Џафери вчера најави дека цвеќе ќе биде положено заедно со бугарска делегација. – Не можам да прејудицирам кои теми и прашања ќе се отворат на утрешната средба со бугарската делегација. Но, секако директната комуникација е добредојдена и мислам дека оди во полза на изнаоѓање евентуални можни позитивни решенија во однос на процесите што ги водиме, изјави Џафери по средбата со претседателот на Домот на пратениците на Италијанската Република, Лоренцо Фонтана. Во четврток, на 25 мај, претседателот на Собранието ја завршува посетата на Рим и Ватикан со средба со претставниците од Центарот за изградба на светилиштето на Мајка Тереза.

The post Џафери и македонска делегација на молебен во базиликата „Сан Клементе“ во чест на Свети Кирил и на аудиенција кај папата Франциск appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Образованието е еден од главните темели за развиено, модерно, европско општество какво што се стремиме да биде РС Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-obrazovanieto-e-eden-od-glavnite-temeli-za-razvieno-moderno-evropsko-opshtestvo-kakvo-shto-se-stremime-da-bide-rs-makedonija/ Wed, 24 May 2023 07:27:51 +0000 https://republika.mk/?p=644141

Премиерот Димитар Ковачевски, во името на Владата и во свое име, упати телеграма со честитки во чест на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј и патронен празник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, до ректорот, проф. д-р Никола Јанкуловски, до деканите, продеканите, професорите, сенаторите и до студентите.

-Овој наш прв државен универзитет во земјава, еден од столбовите на македонската државност, продолжувач на просветителското дело на светите браќа Кирил и Методиј и нивните наследници, втемелени во создавањето на македонската писменост бил, е, и останува да биде стожер на културнообразовната и научната мисла и патоказ за развитокот на нашата држава. Денес, прогресивната, културнообразовна и научна мисла, повеќе од кога и да било е потребна за натамошниот напредок на Република Македонија. Низ заедничката соработка, достоинствено го заштитивме нашиот македонски јазик и го поставивме на еднакво рамниште со официјалните јазици во Европската Унија, се вели во честитката.

Ковачевски додава дека државата е на вистинскиот колосек, со отворени перспективи преку почетокот на преговорите со ЕУ, што им се потребни на сите граѓани и на општеството, како и шансите за европски квалитет на образование.

– По примерот на светите браќа Кирил и Методиј, темелници на интеркултурализмот, посветени сме на обединувањето во општественото живеење, како и во европското семејство. Светите браќа Кирил и Методиј нè задолжија да создаваме генерации кои се подготвени храбро да ги бранат и негуваат вредностите на својот народ, негувајќи го интеркултурализмот како цивилизациска придобивка. Затоа, благодарам што сме заедно по овој зацртан пат. Образованието е еден од главните темели за развиено, модерно, европско општество какво што се стремиме да биде Република Cеверна Македонија и очекувам дека со заедничките напори ќе ја оствариме оваа цел, во името на добрата иднина на сегашните и на идните генерации” – напиша премиерот Ковачевски во телеграмата до ректорот Јанкуловски.

The post Ковачевски: Образованието е еден од главните темели за развиено, модерно, европско општество какво што се стремиме да биде РС Македонија appeared first on Република.

Претседателот Пендаровски го честита Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelot-pendarovski-go-chestita-denot-na-seslovenskite-prosvetiteli-sveti-kiril-i-metodij/ Wed, 24 May 2023 07:22:28 +0000 https://republika.mk/?p=644136

Претседателот на државата Стево Пендаровски упати честитка по повод одбележувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј.

Најискрено, вели Пендаровски во честитката, Ви посакувам големиот празник да го поминете пред сè во добро здравје, исполнети со љубов, среќа и радост.

– Поставувајќи ги темелите на писменоста и духовноста кај словенските народи, Свети Кирил и Методиј извршија подвиг кој им обезбеди статус на светци во црквата, но и неизбришливо место во светската историја поради што со право се прогласени и за заштитници на Европа. Благодарение на нивното дело и ние Македонците, како дел од словенското семејство народи имаме можност и благослов на мајчин јазик да ја развиваме својата култура, уметност, образование, наука. И единаесет векови по нивното упокојување, универзалното дело на солунските браќа ги надминува верските, националните и идеолошките рамки и е пример за хуманизам, алтруизам и правдољубивост, се наведува во честитката од претседателот Пендаровски по повод 24 Мај, Денот на Свети Кирил и Методиј.

The post Претседателот Пендаровски го честита Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј appeared first on Република.

]]>

Претседателот на државата Стево Пендаровски упати честитка по повод одбележувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј. Најискрено, вели Пендаровски во честитката, Ви посакувам големиот празник да го поминете пред сè во добро здравје, исполнети со љубов, среќа и радост.
– Поставувајќи ги темелите на писменоста и духовноста кај словенските народи, Свети Кирил и Методиј извршија подвиг кој им обезбеди статус на светци во црквата, но и неизбришливо место во светската историја поради што со право се прогласени и за заштитници на Европа. Благодарение на нивното дело и ние Македонците, како дел од словенското семејство народи имаме можност и благослов на мајчин јазик да ја развиваме својата култура, уметност, образование, наука. И единаесет векови по нивното упокојување, универзалното дело на солунските браќа ги надминува верските, националните и идеолошките рамки и е пример за хуманизам, алтруизам и правдољубивост, се наведува во честитката од претседателот Пендаровски по повод 24 Мај, Денот на Свети Кирил и Методиј.

The post Претседателот Пендаровски го честита Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј appeared first on Република.

]]>
Денеска се празнува 24 мај, Ден на светите браќа Кирил и Методиј https://arhiva3.republika.mk/vesti/deneska-se-praznuva-24-maj-den-na-svetite-braka-kiril-i-metodij/ Wed, 24 May 2023 07:06:11 +0000 https://republika.mk/?p=644149

Родени браќа родум од Солун, од угледни и богати родители, Лав и Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер помина десет години меѓу Македонските Словени. Потоа се оддалечи на гората Олимп и се предаде на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружи и Кирил (Константин).

Кога хазарскиот цар Каган побара од царот Михаил проповедници на верата во Христос, тогаш на заповед на царот беа пронајдени овие двајца браќа и беа испратени меѓу Хазарите. Откако го уверија Каган во верата Христова, тие го крстија овој цар и голем број негови старешини и уште помногуброен народ. По извесно време се вратија во Цариград, каде што ја составија словенската азбука од триесет и осум букви и почнаа да ги преведуваат црковните книги од грчки на словенски.

На повик од царот Ростислав отидоа во Моравија и таму ја распространија и ја утврдија христијанската вера, па ги умножија книгите и им ги дадоа на свештениците за да ја подучуваат младината. Подоцна, на повик од папата, заминаа за Рим, каде што Кирил се разболе и умре, на 14 февруари 869 година. Методиј се врати во Моравија и до смртта се потруди на утврдувањето на Христовата вера меѓу Словените.

По неговата смрт – а тој се упокои во Господа на 6 април 885 година – неговите ученици го преминаа Дунав и се спуштија на југ во Македонија, каде што од Охрид продолжија да работат меѓу Словените на истото дело што го започнаа Методиј и Кирил на север.

The post Денеска се празнува 24 мај, Ден на светите браќа Кирил и Методиј appeared first on Република.

]]>

Родени браќа родум од Солун, од угледни и богати родители, Лав и Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер помина десет години меѓу Македонските Словени. Потоа се оддалечи на гората Олимп и се предаде на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружи и Кирил (Константин). Кога хазарскиот цар Каган побара од царот Михаил проповедници на верата во Христос, тогаш на заповед на царот беа пронајдени овие двајца браќа и беа испратени меѓу Хазарите. Откако го уверија Каган во верата Христова, тие го крстија овој цар и голем број негови старешини и уште помногуброен народ. По извесно време се вратија во Цариград, каде што ја составија словенската азбука од триесет и осум букви и почнаа да ги преведуваат црковните книги од грчки на словенски. На повик од царот Ростислав отидоа во Моравија и таму ја распространија и ја утврдија христијанската вера, па ги умножија книгите и им ги дадоа на свештениците за да ја подучуваат младината. Подоцна, на повик од папата, заминаа за Рим, каде што Кирил се разболе и умре, на 14 февруари 869 година. Методиј се врати во Моравија и до смртта се потруди на утврдувањето на Христовата вера меѓу Словените. По неговата смрт – а тој се упокои во Господа на 6 април 885 година – неговите ученици го преминаа Дунав и се спуштија на југ во Македонија, каде што од Охрид продолжија да работат меѓу Словените на истото дело што го започнаа Методиј и Кирил на север.

The post Денеска се празнува 24 мај, Ден на светите браќа Кирил и Методиј appeared first on Република.

]]>
Талат Џафери со бугарска делегација во Рим кај Св. Кирил https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/talat-dhaferi-so-bugarska-delegatsija-vo-rim-kaj-sv-kiril/ Tue, 23 May 2023 15:11:50 +0000 https://republika.mk/?p=644034

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери од Рим најави дека утре заедно со бугарска делегација ќе положат цвеќе во базиликата „Санта Марија Маџоре“ каде што се наоѓа спомен плочата на македонски јазик во чест на Св.Кирил.

- Не можам да прејудицирам кои теми и прашања ќе се отворат на утрешната средба со бугарската делегација. Но, секако директната комуникација е добредојдена и мислам дека оди во полза на изнаоѓање евентуални можни позитивни решенија во однос на процесите што ги водиме, изјави Џафери по средбата со претседателот на Домот на пратениците на Италијанската Република, Лоренцо Фонтана.

Џафери, јави известувачот на МИА од Рим, посочи дека Парламентите се институции кои може слободно и подиректно да комуницираат и да го изразат односот во меѓусебната соработка и комуникација.

-Ние парламентарно комуницираме како што налага парламентарната демокаратија во двете земји. Престедателот на бугарскиот Парламент е нов. Ние се видовме во Прага, но еве овде имаме можност заеднички да ги чествуваме сесловенските просветители кои во времето кога делувале создавале нешто за општо добро. И во тој контекст нема никаков проблем заедно тоа утре да го покажеме, тие на нивната плоча, а ние на нашата плоча. Во тој контекст нема никаков проблем по однос на нештата кои се предмет на дневно политичкото комуницирање помеѓу институциите во двете држави, изјави Џафери.

Претседателот на Собранието во Рим се сретна со претседателот на Домот на пратениците на Италијанската Република, Лоренцо Фонтана. На средбата што се одржа попладнево во Домот на пратениците, Џафери и Фонтана констатирале дека Македонија и Италија имаат одлична соработка и односите се на високо ниво од сите аспекти на комуникација.

Република Италија, како што изјави Џафери по средбата, е меѓу десетте најприсутни економии во Република Македонија и во тој контекст констатирано е дека може да се подобри учеството во инвестициите во нашата земја.

Двајцата соговорници размениле мислења и околу геостратешките и општите случувања во светот како последица на војната во Украина.

-Лоренцо го интересираше и нашето приближување кон потребите за завршување на скринингот и наредниот чекор по однос на обврските кои што ги имаме за отворање на преговорите со ЕУ, рече Џафери.

Фонтана, како што изјави Џафери ја повтори безрезервната поддршка за евроинтеграциите, а ова кореспондира со тридецениската билатерална соработка помеѓу Македонија и Италија.

Попладнево државно-црковната делегација ќе присуствува на концерт на учениците од трета година во МБУЦ, Гоце Златев и Магдалена Дрмач.

The post Талат Џафери со бугарска делегација во Рим кај Св. Кирил appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери од Рим најави дека утре заедно со бугарска делегација ќе положат цвеќе во базиликата „Санта Марија Маџоре“ каде што се наоѓа спомен плочата на македонски јазик во чест на Св.Кирил. - Не можам да прејудицирам кои теми и прашања ќе се отворат на утрешната средба со бугарската делегација. Но, секако директната комуникација е добредојдена и мислам дека оди во полза на изнаоѓање евентуални можни позитивни решенија во однос на процесите што ги водиме, изјави Џафери по средбата со претседателот на Домот на пратениците на Италијанската Република, Лоренцо Фонтана. Џафери, јави известувачот на МИА од Рим, посочи дека Парламентите се институции кои може слободно и подиректно да комуницираат и да го изразат односот во меѓусебната соработка и комуникација.
-Ние парламентарно комуницираме како што налага парламентарната демокаратија во двете земји. Престедателот на бугарскиот Парламент е нов. Ние се видовме во Прага, но еве овде имаме можност заеднички да ги чествуваме сесловенските просветители кои во времето кога делувале создавале нешто за општо добро. И во тој контекст нема никаков проблем заедно тоа утре да го покажеме, тие на нивната плоча, а ние на нашата плоча. Во тој контекст нема никаков проблем по однос на нештата кои се предмет на дневно политичкото комуницирање помеѓу институциите во двете држави, изјави Џафери.
Претседателот на Собранието во Рим се сретна со претседателот на Домот на пратениците на Италијанската Република, Лоренцо Фонтана. На средбата што се одржа попладнево во Домот на пратениците, Џафери и Фонтана констатирале дека Македонија и Италија имаат одлична соработка и односите се на високо ниво од сите аспекти на комуникација. Република Италија, како што изјави Џафери по средбата, е меѓу десетте најприсутни економии во Република Македонија и во тој контекст констатирано е дека може да се подобри учеството во инвестициите во нашата земја. Двајцата соговорници размениле мислења и околу геостратешките и општите случувања во светот како последица на војната во Украина. -Лоренцо го интересираше и нашето приближување кон потребите за завршување на скринингот и наредниот чекор по однос на обврските кои што ги имаме за отворање на преговорите со ЕУ, рече Џафери. Фонтана, како што изјави Џафери ја повтори безрезервната поддршка за евроинтеграциите, а ова кореспондира со тридецениската билатерална соработка помеѓу Македонија и Италија. Попладнево државно-црковната делегација ќе присуствува на концерт на учениците од трета година во МБУЦ, Гоце Златев и Магдалена Дрмач.

The post Талат Џафери со бугарска делегација во Рим кај Св. Кирил appeared first on Република.

]]>
Учениците од „Илија Николовски-Луј“ Гоце Златев и Магдалена Дрмач дел од програмата на чествувањето на Кирил и Методиј во Рим https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/uchenitsite-od-ilija-nikolovski-luj-gotse-zlatev-i-magdalena-drmach-del-od-programata-na-chestvuvaneto-na-kiril-i-metodij-vo-rim/ Tue, 23 May 2023 10:03:41 +0000 https://republika.mk/?p=643893

Државно-црковна делегација од Република Македонија од денеска престојува во Рим и во Ватикан каде ќе се поклони на гробот на Свети Кирил, во рамките на одбележувањето на традиционалната манифестација „Македонија во чест на Свети Кирил“. Делегацијата ја предводи претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Во рамките на културната програма, попладнево во салата „Балдини“ во Рим, во рамките на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“ државно-црковната делегација ќе присуствува на концертот на младите и талентирани уметници – Гоце Златев на пијано и Магдалена Дрмач на виолончело – ученици од трета година во Музичко-балетскиот училиштен центар „Илија Николовски-Луј“. На програмата се Соната за пијано бр. 2 оп. 5 од Фредерик Шопен и Соната за виолончело и пијано бр. 1 оп. 38 од Јоханес Брамс.

Талентираните ученици се добитници на повеќе престижни награди на меѓународни музички натпревари. Веќе членуваат во ансамбли, а бележат и завидна солистичка концертна дејност.

Пред концертот, за мисијата и значењето на делото на светите браќа Кирил и Методиј, ќе говори директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, д-р Елена Јованова-Грујовска.

Делегацијата на Република Македонија ќе присуствува на молебен во базиликата „Сан Клементе“ во Рим, каде што ќе положи венец на гробот на Свети Кирил, а потоа ќе ја разгледа изложбата на македонскиот уметник Решат Амети, која е поставена во Амбасадата на Македонија во Светата Столица.

Според агендата, државно-црковната делегација ќе присуствува на аудиенција кај папата Франциск во Ватикан, а ќе положи и цвеќе пред спомен-плочата на македонски јазик во чест на Свети Кирил во базиликата „Санта Марија Маџоре“.

Поклонението на гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим првпат е организирано во 1969 година за 1100 години од смртта на Свети Кирил, и оттогаш секоја година на 24 мај се одбележува со највисоки почести од црковно-државна делегација.

The post Учениците од „Илија Николовски-Луј“ Гоце Златев и Магдалена Дрмач дел од програмата на чествувањето на Кирил и Методиј во Рим appeared first on Република.

]]>

Државно-црковна делегација од Република Македонија од денеска престојува во Рим и во Ватикан каде ќе се поклони на гробот на Свети Кирил, во рамките на одбележувањето на традиционалната манифестација „Македонија во чест на Свети Кирил“. Делегацијата ја предводи претседателот на Собранието, Талат Џафери. Во рамките на културната програма, попладнево во салата „Балдини“ во Рим, во рамките на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“ државно-црковната делегација ќе присуствува на концертот на младите и талентирани уметници – Гоце Златев на пијано и Магдалена Дрмач на виолончело – ученици од трета година во Музичко-балетскиот училиштен центар „Илија Николовски-Луј“. На програмата се Соната за пијано бр. 2 оп. 5 од Фредерик Шопен и Соната за виолончело и пијано бр. 1 оп. 38 од Јоханес Брамс. Талентираните ученици се добитници на повеќе престижни награди на меѓународни музички натпревари. Веќе членуваат во ансамбли, а бележат и завидна солистичка концертна дејност. Пред концертот, за мисијата и значењето на делото на светите браќа Кирил и Методиј, ќе говори директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, д-р Елена Јованова-Грујовска. Делегацијата на Република Македонија ќе присуствува на молебен во базиликата „Сан Клементе“ во Рим, каде што ќе положи венец на гробот на Свети Кирил, а потоа ќе ја разгледа изложбата на македонскиот уметник Решат Амети, која е поставена во Амбасадата на Македонија во Светата Столица. Според агендата, државно-црковната делегација ќе присуствува на аудиенција кај папата Франциск во Ватикан, а ќе положи и цвеќе пред спомен-плочата на македонски јазик во чест на Свети Кирил во базиликата „Санта Марија Маџоре“. Поклонението на гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим првпат е организирано во 1969 година за 1100 години од смртта на Свети Кирил, и оттогаш секоја година на 24 мај се одбележува со највисоки почести од црковно-државна делегација.

The post Учениците од „Илија Николовски-Луј“ Гоце Златев и Магдалена Дрмач дел од програмата на чествувањето на Кирил и Методиј во Рим appeared first on Република.

]]>
Џафери ја предводи државно-црковна делегација во Рим и Ватикан на манифестацијата во чест на Св. Кирил и Методиј https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-ja-predvodi-drzhavno-tsrkovna-delegatsija-vo-rim-i-vatikan-na-manifestatsijata-vo-chest-na-sv-kiril-i-metodij/ Tue, 23 May 2023 06:05:04 +0000 https://republika.mk/?p=643786

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, од денеска до 25-ти овој месец ќе ја предводи државно - црковната делегација за одбележување на традиционалната манифестација во чест на Св. Кирил, во Светата столица во Рим.

Џафери ќе биде придружуван од пратениците Соња Мираковска, Дафина Стојаноска, Арбер Адеми, генералниот секретар на Собранието Цветанка Иванова, директорот на Комисијата за односи со верски заедници Даријан Сотировски, директорката на Институтот за македоснки јазик Елена Јовановска Грујовска, митрополитот европски г. Пимен, митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, отец Митко Газинковски од Македонската православна црква- Охридска архиепископија и отец Зоран Стојанов од Католичката црква.

Џафери денеска ќе има средба со претседателот на Домот на пратениците на Италијанската Република Лоренцо Фонтана, а во попладневните часови ќе присуствува на концерт на учениците од трета година во МБУЦ, Гоце Златев и Магдалена Дрмач.

Според агендата, утре државно – црковната делегација ќе присуствува на аудиенција кај Папата Франциск во Ватикан, по што Џафери ќе има средба и со државниот секретар на Светата столица кардиналот Пјетро Паролин.

Делегацијата на Република Македонија ќе присуствува на молебен во базиликата „Сан Клементе” во Рим, каде што ќе положи венец на гробот на Св. Кирил, а потоа ќе ја разгледа изложбата на македонскиот уметник Решат Амети, која е поставена во амбадсадата на Светата столица.

Во попладневните часови претседателот на Собранието Талат Џафери ќе положи цвеќе пред спомен - плочата на македонски јазик во чест на Св. Кирил во базиликата „Санта Марија Маџоре”.

Во четврток, на 25 мај, претседателот на Собранието ја завршува посетата на Рим и Ватикан со средба со претставниците од Центарот за изградба на светилиштето на Мајка Тереза.

Поклонението на гробот на Св. Кирил во базиликата „Сан Клементе” во Рим првпат е организирано во 1969 година за 1100 години од смртта на свети Кирил, и оттогаш секоја година на 24 мај се одбележува со највисоки почести од црковно-државна делегација.

Традиционално, 24 Мај беше ден само на образовните институции и на просветните работници, а од 2007 година тој е и државен празник во нашата земја и неработен ден за сите граѓани.

The post Џафери ја предводи државно-црковна делегација во Рим и Ватикан на манифестацијата во чест на Св. Кирил и Методиј appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, од денеска до 25-ти овој месец ќе ја предводи државно - црковната делегација за одбележување на традиционалната манифестација во чест на Св. Кирил, во Светата столица во Рим. Џафери ќе биде придружуван од пратениците Соња Мираковска, Дафина Стојаноска, Арбер Адеми, генералниот секретар на Собранието Цветанка Иванова, директорот на Комисијата за односи со верски заедници Даријан Сотировски, директорката на Институтот за македоснки јазик Елена Јовановска Грујовска, митрополитот европски г. Пимен, митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, отец Митко Газинковски од Македонската православна црква- Охридска архиепископија и отец Зоран Стојанов од Католичката црква. Џафери денеска ќе има средба со претседателот на Домот на пратениците на Италијанската Република Лоренцо Фонтана, а во попладневните часови ќе присуствува на концерт на учениците од трета година во МБУЦ, Гоце Златев и Магдалена Дрмач. Според агендата, утре државно – црковната делегација ќе присуствува на аудиенција кај Папата Франциск во Ватикан, по што Џафери ќе има средба и со државниот секретар на Светата столица кардиналот Пјетро Паролин. Делегацијата на Република Македонија ќе присуствува на молебен во базиликата „Сан Клементе” во Рим, каде што ќе положи венец на гробот на Св. Кирил, а потоа ќе ја разгледа изложбата на македонскиот уметник Решат Амети, која е поставена во амбадсадата на Светата столица. Во попладневните часови претседателот на Собранието Талат Џафери ќе положи цвеќе пред спомен - плочата на македонски јазик во чест на Св. Кирил во базиликата „Санта Марија Маџоре”. Во четврток, на 25 мај, претседателот на Собранието ја завршува посетата на Рим и Ватикан со средба со претставниците од Центарот за изградба на светилиштето на Мајка Тереза. Поклонението на гробот на Св. Кирил во базиликата „Сан Клементе” во Рим првпат е организирано во 1969 година за 1100 години од смртта на свети Кирил, и оттогаш секоја година на 24 мај се одбележува со највисоки почести од црковно-државна делегација. Традиционално, 24 Мај беше ден само на образовните институции и на просветните работници, а од 2007 година тој е и државен празник во нашата земја и неработен ден за сите граѓани.

The post Џафери ја предводи државно-црковна делегација во Рим и Ватикан на манифестацијата во чест на Св. Кирил и Методиј appeared first on Република.

]]>
МНР не може да објасни дали Македонија го празнува 24 Мај како Ден на бугарската азбука https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mnr-ne-moze-da-objasni-dali-makedonija-go-praznuva-24-maj-kako-den-na-bugarskata-azbuka/ Mon, 12 Sep 2022 09:19:30 +0000 https://republika.mk/?p=549954

Од Министерството за надворешни работи не можат да дадат објаснување дали Македонија го признава државниот празник 24 Мај, Денот на сесловенските просветители како Ден на бугарската азбука, според потписот од првиот Протокол од состанокот на меѓувладината комисија меѓу Македонија и Бугарија во јуни 2019 година, објави порталот МКД.

Од МНР за порталот одговориле дека тој Протокол го нема во нивните архиви, а во една прилика актуелниот министер за надворешни работи Бујар Османи за ова го обвини неговиот претходник Никола Димитров.

– Вашите забелешки се однесуваат на Протоколот од првиот состанок на меѓувладината комисија, потпишан на 10 јуни 2019 година кој, како што веќе сме информирале, не можевме да го најдеме во архивата на МНР и оттука не можеме да дадеме објаснување. Во вториот протокол таква формулација нема, одговориле од МНР.
Порталот МКД објави дека во тој Протокол пишува дека во Ватикан имало средба на претседателката на Народното собрание на Бугарија Цвета Карајанчева со претседателот на македонското Собрание Талат Џафери „по повод 24 мај Денот на бугарското образование и култура и словенското писмо“.

Потписници на овој Протокол се поранешните шефови на дипломатиите на двете земји Никола Димитров и Екатерина Захариева.

„Прашањето до МНР беше дали со овој протпис Македонија всушност признава дека 24 Мај е бугарски празник. Одговор не добивме, а Протоколот и натаму стои на официјалната интернет страница на македонското Министерство“ објави МКД

The post МНР не може да објасни дали Македонија го празнува 24 Мај како Ден на бугарската азбука appeared first on Република.

]]>

Од Министерството за надворешни работи не можат да дадат објаснување дали Македонија го признава државниот празник 24 Мај, Денот на сесловенските просветители како Ден на бугарската азбука, според потписот од првиот Протокол од состанокот на меѓувладината комисија меѓу Македонија и Бугарија во јуни 2019 година, објави порталот МКД. Од МНР за порталот одговориле дека тој Протокол го нема во нивните архиви, а во една прилика актуелниот министер за надворешни работи Бујар Османи за ова го обвини неговиот претходник Никола Димитров.
– Вашите забелешки се однесуваат на Протоколот од првиот состанок на меѓувладината комисија, потпишан на 10 јуни 2019 година кој, како што веќе сме информирале, не можевме да го најдеме во архивата на МНР и оттука не можеме да дадеме објаснување. Во вториот протокол таква формулација нема, одговориле од МНР. Порталот МКД објави дека во тој Протокол пишува дека во Ватикан имало средба на претседателката на Народното собрание на Бугарија Цвета Карајанчева со претседателот на македонското Собрание Талат Џафери „по повод 24 мај Денот на бугарското образование и култура и словенското писмо“.
Потписници на овој Протокол се поранешните шефови на дипломатиите на двете земји Никола Димитров и Екатерина Захариева.
„Прашањето до МНР беше дали со овој протпис Македонија всушност признава дека 24 Мај е бугарски празник. Одговор не добивме, а Протоколот и натаму стои на официјалната интернет страница на македонското Министерство“ објави МКД

The post МНР не може да објасни дали Македонија го празнува 24 Мај како Ден на бугарската азбука appeared first on Република.

]]>
Проф. Атанасовски: Во времето кога се родени Кирил и Методиј, меѓу Софија и Солун нема Бугари! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prof-atanasovski-vo-vremeto-koga-se-rodeni-kiril-i-metodij-megju-sofija-i-solun-nema-bugari/ Tue, 16 Aug 2022 07:36:34 +0000 https://republika.mk/?p=540746

Иако датумот на раѓање на Методиј сè уште не е точно утврден – историчарите го датираат од 810 до 825 година – а за Кирил е утврдено дека е роден во 827 година, при што и двајцата се родени во Солун. Знаете ли каде биле Бугарите тогаш?

Во 814/15 година потпишан е 30 годишен мир меѓу Визнатија и Бугарија, при што на Бугарија ѝ е отстапена само Сердика, денешна Софија, а грабицата е северно над Витоша.

Јужно од Софија – Бугари НЕМА! Како тогаш овие што се родие во Солун во 810 или 825 година се Бугари?

Ова во неговото излагање за Св. Кирил и Методиј, за кои вчера конечно беше потврдено дека се едни од македонските значајни историски личности за кои власта договори да бидат честувани како заеднички со Бугарија, го објаснува професорот д–р Александар Атанасовски од Институтот за историја на Филозофскиот факултет при УКИМ.

Бугарите продреле до Солун дури некаде во 904 година. Во времето на Борис тие продреа некаде до Брласица, по која оди границата меѓу Византија и Бугарија во тоа време, кај Костур слегува малку јужно и излегува на албанското крајбрежје – зборувам за договорот меѓу Византија и Бугарија од 864 г. Но, во тоа време, Кирил и Методиј се во Моравија и тие дејствуваат против Бугарија, бидејќи Бугарија бИла во сојуз со Германија. А тие во Моравија ги штитат интересите на Византија и ги поддржуваат Моравците да се спречи воениот сојуз меѓу Бугарија и Германија. Значи луѓе кои што работеле против Бугарија, Бугарите сега ги присвојуваат за свои, објаснува тој.

https://youtu.be/g18jfPkCokY

The post Проф. Атанасовски: Во времето кога се родени Кирил и Методиј, меѓу Софија и Солун нема Бугари! appeared first on Република.

]]>

Иако датумот на раѓање на Методиј сè уште не е точно утврден – историчарите го датираат од 810 до 825 година – а за Кирил е утврдено дека е роден во 827 година, при што и двајцата се родени во Солун. Знаете ли каде биле Бугарите тогаш? Во 814/15 година потпишан е 30 годишен мир меѓу Визнатија и Бугарија, при што на Бугарија ѝ е отстапена само Сердика, денешна Софија, а грабицата е северно над Витоша. Јужно од Софија – Бугари НЕМА! Како тогаш овие што се родие во Солун во 810 или 825 година се Бугари? Ова во неговото излагање за Св. Кирил и Методиј, за кои вчера конечно беше потврдено дека се едни од македонските значајни историски личности за кои власта договори да бидат честувани како заеднички со Бугарија, го објаснува професорот д–р Александар Атанасовски од Институтот за историја на Филозофскиот факултет при УКИМ.