св. атанасиј Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sv-atanasij/ За подобро да се разбереме Mon, 15 May 2023 08:16:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png св. атанасиј Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sv-atanasij/ 32 32 Пренос на моштите на Св. Атанасиј Велики и чудата произлезени од нив https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/prenos-na-moshtite-na-sv-atanasij-veliki-i-chudata-proizlezeni-od-niv/ Mon, 15 May 2023 08:16:14 +0000 https://republika.mk/?p=640866

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 2 мај и се празнува преносот на моштите на Св. Атанасиј Велики и чудата произлезени од нив.

Покрај зимскиот празник Танасовден нашиот народ празнува уште еден празник посветен на овој светец. Во Македонија свети Атанасиј има силен култ. Како еден од столбовите на христијанската црква, нему му се посветени многу цркви.

Свети Атанасиј се роди во Александрија, во 296 година. Уште како мал покажуваше голема љубов за Христа. Беше многу близок со тогашниот епископ на Александрија, светиот Александар. По смртта на свети Александар беше избран за епископ на истата катедра. Многу претрпе од тогашните еретици, аријанците, а Господ му даде долг и плоден живот. Се упокои во 373 година. На денешен ден се празнува пренесувањето на неговите мошти, како и чудата што се случуваа над нив, а неговиот посебен празник е на 18 јануари (според стариот календар).

The post Пренос на моштите на Св. Атанасиј Велики и чудата произлезени од нив appeared first on Република.

]]>

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 2 мај и се празнува преносот на моштите на Св. Атанасиј Велики и чудата произлезени од нив. Покрај зимскиот празник Танасовден нашиот народ празнува уште еден празник посветен на овој светец. Во Македонија свети Атанасиј има силен култ. Како еден од столбовите на христијанската црква, нему му се посветени многу цркви. Свети Атанасиј се роди во Александрија, во 296 година. Уште како мал покажуваше голема љубов за Христа. Беше многу близок со тогашниот епископ на Александрија, светиот Александар. По смртта на свети Александар беше избран за епископ на истата катедра. Многу претрпе од тогашните еретици, аријанците, а Господ му даде долг и плоден живот. Се упокои во 373 година. На денешен ден се празнува пренесувањето на неговите мошти, како и чудата што се случуваа над нив, а неговиот посебен празник е на 18 јануари (според стариот календар).

The post Пренос на моштите на Св. Атанасиј Велики и чудата произлезени од нив appeared first on Република.

]]>
До Св.Атанасиј е тешко, после и тој што е за умирање не се предава https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/do-sv-atanasij-e-teshko-posle-i-toj-shto-e-za-umiranje-ne-se-predava/ Mon, 31 Jan 2022 07:47:39 +0000 https://republika.mk/?p=451739

Последниот ден од месец јануари во православниот календар му е посветен на Св. Атанасиј Велики, кој голем борец за вистинското православие.

Именден празнуваат: Атанас, (доаѓа од грчкото Атанасиос и значи бесмртен), Атанаска, Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте…

Нашиот народ двапати го празнува споменот на свети Атанасиј Велики. На 31/18 јануари се празнува празникот Танасовден ‒ зимен, а на 15/2 мај Танасовден ‒ летен.

Празникот Св. Атанасиј зимен народот го смета за средзимо, па се верува дека главните студови веќе се поминати. Затоа во народното верување тој е победник над силните студови и мразеви кои му се паднале при поделбата на должностите меѓу светците.

Сепак, како предупредување дека зимата не е замината, односно дека студовите можат да изненадат останала пословицата „Атанас фрли кожувот ја врз нас ја врз рас“. Во Гевгелиско мислеле дека Св. Атанас кој е „средзима“ и дека е лесен празник, не е аталија (кобен). Се држел како празник до пладне, а после и да се работи не се сметало за грев. Мислејќи на зимските студови овде се велело дека е тешко до Св. Атанасиј, а после и тој што е за умирање не се предава.

На Свети Атанасиј и денот е веќе подолг. Од 21 декември, кога денот почнува да се зголемува, денот од 31 јануари е подолг за еден час.

The post До Св.Атанасиј е тешко, после и тој што е за умирање не се предава appeared first on Република.

]]>

Последниот ден од месец јануари во православниот календар му е посветен на Св. Атанасиј Велики, кој голем борец за вистинското православие. Именден празнуваат: Атанас, (доаѓа од грчкото Атанасиос и значи бесмртен), Атанаска, Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте… Нашиот народ двапати го празнува споменот на свети Атанасиј Велики. На 31/18 јануари се празнува празникот Танасовден ‒ зимен, а на 15/2 мај Танасовден ‒ летен. Празникот Св. Атанасиј зимен народот го смета за средзимо, па се верува дека главните студови веќе се поминати. Затоа во народното верување тој е победник над силните студови и мразеви кои му се паднале при поделбата на должностите меѓу светците. Сепак, како предупредување дека зимата не е замината, односно дека студовите можат да изненадат останала пословицата „Атанас фрли кожувот ја врз нас ја врз рас“. Во Гевгелиско мислеле дека Св. Атанас кој е „средзима“ и дека е лесен празник, не е аталија (кобен). Се држел како празник до пладне, а после и да се работи не се сметало за грев. Мислејќи на зимските студови овде се велело дека е тешко до Св. Атанасиј, а после и тој што е за умирање не се предава. На Свети Атанасиј и денот е веќе подолг. Од 21 декември, кога денот почнува да се зголемува, денот од 31 јануари е подолг за еден час.

The post До Св.Атанасиј е тешко, после и тој што е за умирање не се предава appeared first on Република.

]]>