Св. Ана Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sv-ana/ За подобро да се разбереме Mon, 07 Aug 2023 09:50:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Св. Ана Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sv-ana/ 32 32 Направете ги овие работи за среќа, денеска се празнува Св. Ана https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/napravete-gi-ovie-raboti-za-sreka-deneska-se-praznuva-sv-ana/ Mon, 07 Aug 2023 09:50:16 +0000 https://republika.mk/?p=669533

Иако нејзиниот главен празник е на 9 септември, православната црква денес го празнува успението на Света Ана, мајката на Пресвета Богородица Марија.

Денес, верниците одат во манастирскиот комплекс посветен на Света Ана во село Маловишта кај Битола, кое е единствено во рамките на Националниот Парк Пелистер.

Се верува дека овој манастир има чудотворна моќ за двојките кои не можат да имаат деца. Некои и сега го практикуваат обичајот вечерта помеѓу 6 и 7 август да преспијат во манастирот за да добијат пород. Во близина на манастирот има и лековита вода што извира од коренот на една бука.

Света Ана била ќерка на свештеникот Метан. Со својот маж Јоаким 50 години живеела бе деца, а потоа во подоцнешните години ја родила Марија, Пресвета Богородица. Јоаким со години бил скршен од болка поради тоа што нема деца со Ана, а приказната вели дека во една прилика отишол во пустина каде што со денови тагувал. Еден ден, му е укажал ангел кој му рекол дека господ ќе го благослови со дете, а подоцна истиот ангел го видела и Ана.

Кога им се родила ќерката Марија, Ана и Јоаким му ветиле на Господ дека детето ќе му го посветат на храмот. Затоа се верува дека луѓето со ова име се среќни и носат позитивни животни промени.

 

The post Направете ги овие работи за среќа, денеска се празнува Св. Ана appeared first on Република.

]]>

Иако нејзиниот главен празник е на 9 септември, православната црква денес го празнува успението на Света Ана, мајката на Пресвета Богородица Марија. Денес, верниците одат во манастирскиот комплекс посветен на Света Ана во село Маловишта кај Битола, кое е единствено во рамките на Националниот Парк Пелистер. Се верува дека овој манастир има чудотворна моќ за двојките кои не можат да имаат деца. Некои и сега го практикуваат обичајот вечерта помеѓу 6 и 7 август да преспијат во манастирот за да добијат пород. Во близина на манастирот има и лековита вода што извира од коренот на една бука. Света Ана била ќерка на свештеникот Метан. Со својот маж Јоаким 50 години живеела бе деца, а потоа во подоцнешните години ја родила Марија, Пресвета Богородица. Јоаким со години бил скршен од болка поради тоа што нема деца со Ана, а приказната вели дека во една прилика отишол во пустина каде што со денови тагувал. Еден ден, му е укажал ангел кој му рекол дека господ ќе го благослови со дете, а подоцна истиот ангел го видела и Ана. Кога им се родила ќерката Марија, Ана и Јоаким му ветиле на Господ дека детето ќе му го посветат на храмот. Затоа се верува дека луѓето со ова име се среќни и носат позитивни животни промени.  

The post Направете ги овие работи за среќа, денеска се празнува Св. Ана appeared first on Република.

]]>