суткоз Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sutkoz/ За подобро да се разбереме Tue, 01 Nov 2022 14:28:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png суткоз Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sutkoz/ 32 32 Синдикатот бара разрешување на директорот на „Водовод“, Митовски најави прес во 14:30 часот https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/sindikatot-bara-razreshuvanje-na-direktorot-na-vodovod-mitovski-najavi-pres-vo-14-30-chasot/ Tue, 01 Nov 2022 13:27:39 +0000 https://republika.mk/?p=568326

Синдикалната организација на „Водовод и канализација“ и Синдикатот на угостителство, туризам и комунални дејности (СУТКОЗ) денеска побараа од градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска да го разреши в.д. директорот на претпријатието Марјан Митовски поради, како што велат, незаконско работење.

Претседателот на синдикалната организација на „Водовод“ Стојанче Кашиковски, посочи дека сите нивни активности не се насочени кон градоначалничката на Град Скопје, туку дека бараат помош од неа за да се справат со новонастаната ситуација во претпријатието и, како што тврдат, незаконското работење на в.д. директорот кој не ги почитува одлуките на Управниот одбор. Од синдикатот беше презентиран и документ од специјалист дека в.д. директорот има „мешано анксиозно и депресивно растројство“.

Градоначалникот именува директори на јавните претпријатија и градоначалникот разрешува директори на јавни претпријатија и согласно тоа ја сноси целокупната одговорност за нивните постапки и активности, како и ја сноси одговорноста за нивниот избор и назначување, истакнаа денеска од синдикатот.

Синдикатот донесе одлука за користење на правото на штрајк која се очекува утре да биде потврдена на највисокиот орган на Синдикатот СУТКОЗ по што ќе биде известено Министерството за труд и социјална политика веднаш да определи помирувач.

За во 14.30 часот прес-конференција најави в.д. директорот на „Водовод и канализација“, Марјан Митевски.

The post Синдикатот бара разрешување на директорот на „Водовод“, Митовски најави прес во 14:30 часот appeared first on Република.

]]>

Синдикалната организација на „Водовод и канализација“ и Синдикатот на угостителство, туризам и комунални дејности (СУТКОЗ) денеска побараа од градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска да го разреши в.д. директорот на претпријатието Марјан Митовски поради, како што велат, незаконско работење.
Претседателот на синдикалната организација на „Водовод“ Стојанче Кашиковски, посочи дека сите нивни активности не се насочени кон градоначалничката на Град Скопје, туку дека бараат помош од неа за да се справат со новонастаната ситуација во претпријатието и, како што тврдат, незаконското работење на в.д. директорот кој не ги почитува одлуките на Управниот одбор. Од синдикатот беше презентиран и документ од специјалист дека в.д. директорот има „мешано анксиозно и депресивно растројство“. Градоначалникот именува директори на јавните претпријатија и градоначалникот разрешува директори на јавни претпријатија и согласно тоа ја сноси целокупната одговорност за нивните постапки и активности, како и ја сноси одговорноста за нивниот избор и назначување, истакнаа денеска од синдикатот.
Синдикатот донесе одлука за користење на правото на штрајк која се очекува утре да биде потврдена на највисокиот орган на Синдикатот СУТКОЗ по што ќе биде известено Министерството за труд и социјална политика веднаш да определи помирувач. За во 14.30 часот прес-конференција најави в.д. директорот на „Водовод и канализација“, Марјан Митевски.

The post Синдикатот бара разрешување на директорот на „Водовод“, Митовски најави прес во 14:30 часот appeared first on Република.

]]>
ССМ: УО на „Водовод“ го укина решението за раскин на договорите на 93 вработени https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ssm-uo-na-vodovod-go-ukina-reshenieto-za-raskin-na-dogovorite-na-93-vraboteni/ Sun, 23 Oct 2022 12:40:04 +0000 https://republika.mk/?p=564626

Врз основа на укажувањата од страна на единствениот репрезентативен синдикат за комунални дејности Синдикатот СУТКОЗ при ССМ за незаконските активности на Марјан Митовски во својство на в.д директор на ЈП Водовод и канализација Скопје и решенија на Државниот инспекторат за труд и Државниот управен инспекторат за отстранување на незаконските дејствија извршени од него и неговите блиски соработници, Управниот одбор на вчерашната седница ги укина сите незаконски задолженија издадени од негова страна и го укина решението со кое истиот остави на улица многу семејства на работници од скопски водовод.

Ова го објавија од Сојузот на синдикатите на Македонија на нивниот фејсбук профил.

Врз основа на одлуките на Управниот одбор, 93 вработени за кои Митовски лично сметал дека се непотребни да работат во претпријатието, пишува ССМ, ќе бидат вработени согласно предходниот оглас за продолжување на нивните договори за вработување до крајот на 2022 година согласно програмата за вработување во претпријатието.

Укинати се, се наведува, и незаконските задолженија над 30 вработени во претпријатието кои директорот поради лични пресметки и желби, како што стои, незаконски ги распоредуваше за врз нив да се изживува и да омаловажува за негов личен ќеиф.

Не смее да се дозволи на некадарни и неспособни лица кои свесно кршат законски прописи и одредби од колективни договори да раководат со јавни претпријатија особено не да раководат со ЈП Водовод и канализација Скопје, за потсетување, работници за непочитување на закон добиваат откази. Истовремено, на седницата на Управниот одбор, в.д Директорот Митовски морал да признае дека тој е испраќачот на вибер и меил пораката со која се заканува на сите вработени, дека доколку не бидат послушници на неговите закани, ќе ги изгубат работните места, што е невиден преседан од јавен службеник платен со народни пари, објавија од ССМ.

Од ССМ упатија порака дека Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска мораат веднаш да преземат се за да спречат вакви лица и тоа е нивна законска должност, а во спротивно, предупредуваат од ССМ, ќе бидат директно виновни за шерифското однесување на поединци и ќе сметаме дека се немоќни и уценети од истите поединци и нивните братучеди, а со тоа ќе биде доведен во прашање целокупниот кредибилитет на градот и градоначалникот.

The post ССМ: УО на „Водовод“ го укина решението за раскин на договорите на 93 вработени appeared first on Република.

]]>

Врз основа на укажувањата од страна на единствениот репрезентативен синдикат за комунални дејности Синдикатот СУТКОЗ при ССМ за незаконските активности на Марјан Митовски во својство на в.д директор на ЈП Водовод и канализација Скопје и решенија на Државниот инспекторат за труд и Државниот управен инспекторат за отстранување на незаконските дејствија извршени од него и неговите блиски соработници, Управниот одбор на вчерашната седница ги укина сите незаконски задолженија издадени од негова страна и го укина решението со кое истиот остави на улица многу семејства на работници од скопски водовод. Ова го објавија од Сојузот на синдикатите на Македонија на нивниот фејсбук профил. Врз основа на одлуките на Управниот одбор, 93 вработени за кои Митовски лично сметал дека се непотребни да работат во претпријатието, пишува ССМ, ќе бидат вработени согласно предходниот оглас за продолжување на нивните договори за вработување до крајот на 2022 година согласно програмата за вработување во претпријатието. Укинати се, се наведува, и незаконските задолженија над 30 вработени во претпријатието кои директорот поради лични пресметки и желби, како што стои, незаконски ги распоредуваше за врз нив да се изживува и да омаловажува за негов личен ќеиф.
Не смее да се дозволи на некадарни и неспособни лица кои свесно кршат законски прописи и одредби од колективни договори да раководат со јавни претпријатија особено не да раководат со ЈП Водовод и канализација Скопје, за потсетување, работници за непочитување на закон добиваат откази. Истовремено, на седницата на Управниот одбор, в.д Директорот Митовски морал да признае дека тој е испраќачот на вибер и меил пораката со која се заканува на сите вработени, дека доколку не бидат послушници на неговите закани, ќе ги изгубат работните места, што е невиден преседан од јавен службеник платен со народни пари, објавија од ССМ.
Од ССМ упатија порака дека Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска мораат веднаш да преземат се за да спречат вакви лица и тоа е нивна законска должност, а во спротивно, предупредуваат од ССМ, ќе бидат директно виновни за шерифското однесување на поединци и ќе сметаме дека се немоќни и уценети од истите поединци и нивните братучеди, а со тоа ќе биде доведен во прашање целокупниот кредибилитет на градот и градоначалникот.

The post ССМ: УО на „Водовод“ го укина решението за раскин на договорите на 93 вработени appeared first on Република.

]]>
СУТКОЗ: Инспекторатите и УО на ЈП Водовод и канализација – Скопје да ги поништат незаконските задолженија на вработените https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/sutkoz-inspektoratite-i-uo-na-jp-vodovod-i-kanalizacija-skopje-da-gi-ponishtat-nezakonskite-zadolzenija-na-vrabotenite/ Wed, 28 Sep 2022 11:46:15 +0000 https://republika.mk/?p=555241

По пријава на Синдикатот СУТКОЗ при ССМ, денеска Државен инспекторат за труд и Државен управен инспекторат, влезе во претпријатието ЈП Водовод и канализација – Скопје, за да направи увид во неправилностите и незаконските задолженија кои им се врачуваат на поголем број вработени, а кои се противзаконски и не се во согласност со Колективниот договор за комунални дејности.

Синдикатот СУТКОЗ при ССМ испрати и барање до Управниот одбор за истиот да ги поништи задолженијата како спротивни на Закон и Колективен договор, а претседателот на СУТКОЗ и ССМ, Дарко Димовски оствари и средба со в.д. директорот, на која му укажа на сите неправилности и постапувања спротивни на Закон и Колективен договор од страна на новото раководство.

Очекуваме Државниот инспекторат за труд, Државниот управен инспекторат и Управниот одбор на претпријатието, да ги констатираат неправилностите и да ги поништат незаконските задолженија.

Исто така Синдикатот СУТКОЗ при ССМ, алармира дека претходното раководство, дало согласности ја известило агенцијата дека се продолжуваат договорите на околу 100 вработени кои се на определено време, а новиот в.д. директор Марјанчо Митовски ја повлекол и не ги продолжил договорите за вработување, со што оставил стотина фамилии без егзистенција.

The post СУТКОЗ: Инспекторатите и УО на ЈП Водовод и канализација – Скопје да ги поништат незаконските задолженија на вработените appeared first on Република.

]]>

По пријава на Синдикатот СУТКОЗ при ССМ, денеска Државен инспекторат за труд и Државен управен инспекторат, влезе во претпријатието ЈП Водовод и канализација – Скопје, за да направи увид во неправилностите и незаконските задолженија кои им се врачуваат на поголем број вработени, а кои се противзаконски и не се во согласност со Колективниот договор за комунални дејности. Синдикатот СУТКОЗ при ССМ испрати и барање до Управниот одбор за истиот да ги поништи задолженијата како спротивни на Закон и Колективен договор, а претседателот на СУТКОЗ и ССМ, Дарко Димовски оствари и средба со в.д. директорот, на која му укажа на сите неправилности и постапувања спротивни на Закон и Колективен договор од страна на новото раководство. Очекуваме Државниот инспекторат за труд, Државниот управен инспекторат и Управниот одбор на претпријатието, да ги констатираат неправилностите и да ги поништат незаконските задолженија. Исто така Синдикатот СУТКОЗ при ССМ, алармира дека претходното раководство, дало согласности ја известило агенцијата дека се продолжуваат договорите на околу 100 вработени кои се на определено време, а новиот в.д. директор Марјанчо Митовски ја повлекол и не ги продолжил договорите за вработување, со што оставил стотина фамилии без егзистенција.

The post СУТКОЗ: Инспекторатите и УО на ЈП Водовод и канализација – Скопје да ги поништат незаконските задолженија на вработените appeared first on Република.

]]>