суспендирани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/suspendirani/ За подобро да се разбереме Fri, 29 Nov 2024 21:40:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png суспендирани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/suspendirani/ 32 32 Во Грција повеќе од 10.000 ученици се суспендирани поради користење на мобилни телефони за време на часовите https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-grtsija-poveke-od-10-000-uchenitsi-se-suspendirani-poradi-koristene-na-mobilni-telefoni-za-vreme-na-chasovite/ Fri, 29 Nov 2024 21:40:47 +0000 https://republika.mk/?p=843286

Во Грција од почетокот на учебната година во септември до денеска суспендирани се вкупно 10.700 ученици поради прекршување на забраната за користење мобилни телефони во училиштата за време на наставата, соопшти денеска грчкиот министер за образование Киријакос Пиеракакис.

Регулативата за забрана на користење на мобилни телефони од страна на учениците за време на наставата беше воведена на почетокот на годинава со цел да се намали нарушувањето на наставниот процес, пренесува Катимерини.

Регулативата предвидува еднодневен прекин на наставата за учениците кои ќе ја прекршат забраната, а оние кои тоа ќе го направат повеќе пати можат да бидат отстранети од настава на подолг временски период.

Оваа мерка е надополнување на претходно донесената регулатива против сајбер-малтретирањето, според која учениците можат да бидат отстранети од училиште доколку ги снимаат своите пријатели и ги објавуваат на интернет со цел да ги исмеваат или навредат, потсети грчкиот весник.

The post Во Грција повеќе од 10.000 ученици се суспендирани поради користење на мобилни телефони за време на часовите appeared first on Република.

]]>

Во Грција од почетокот на учебната година во септември до денеска суспендирани се вкупно 10.700 ученици поради прекршување на забраната за користење мобилни телефони во училиштата за време на наставата, соопшти денеска грчкиот министер за образование Киријакос Пиеракакис. Регулативата за забрана на користење на мобилни телефони од страна на учениците за време на наставата беше воведена на почетокот на годинава со цел да се намали нарушувањето на наставниот процес, пренесува Катимерини.
Регулативата предвидува еднодневен прекин на наставата за учениците кои ќе ја прекршат забраната, а оние кои тоа ќе го направат повеќе пати можат да бидат отстранети од настава на подолг временски период. Оваа мерка е надополнување на претходно донесената регулатива против сајбер-малтретирањето, според која учениците можат да бидат отстранети од училиште доколку ги снимаат своите пријатели и ги објавуваат на интернет со цел да ги исмеваат или навредат, потсети грчкиот весник.

The post Во Грција повеќе од 10.000 ученици се суспендирани поради користење на мобилни телефони за време на часовите appeared first on Република.

]]>