суши Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sushi/ За подобро да се разбереме Mon, 01 Jul 2024 12:06:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png суши Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sushi/ 32 32 Мицотакис: Грција ја чека опасно лето поради пожари, суша и ветрови https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mitsotakis-grtsija-ja-cheka-opasno-leto-poradi-pozhari-susha-i-vetrovi/ Mon, 01 Jul 2024 12:06:22 +0000 https://republika.mk/?p=792421

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска на состанок со неговиот кабинет предупреди дека Грција ја чека опасно лето поради шумските пожари, продолжената суша и невообичаено силните ветрови кои придонесуваат за ширење на пожарот.

Имавме исклучително тежок јуни во однос на временските услови, со силна суша и невообичаено силен ветер за овој период од годината. Сакам да им се заблагодарам на сите што направија одлична работа во последните неколку дена, но и повторно да го свртам вниманието на сите нас на летото, за кое се предвидува дека ќе биде особено опасно“, рече Мицотакис, а пренесува порталот Катимерини.

Шумските пожари се вообичаени во Грција, а топлото, суво и ветровито време кое научниците го припишуваат на ефектите од климатските промени ја зголеми нивната фреквенција и интензитет. Само викендов десетици пожари избувнаа низ Грција, вклучително и два во близина на главниот град Атина.

Мицотакис рече дека во двата пожари изгореле околу 100.000 квадратни метри земјиште и оти штетата е ограничена поради брзата реакција на државната служба за вонредни состојби. Оваа година, како дел од подготовките за гаснење пожари, Грција ангажираше повеќе припадници на противпожарната служба и ги интензивираше процесите на професионална обука.

Сите заинтересирани ќе можат да ги поднесат своите кандидатури и да ги поминат задолжителните тестови и надвор од распоредот на редовните конкурси за прием на кандидати во противпожарната служба“, изјави грчкиот премиер.

 

The post Мицотакис: Грција ја чека опасно лето поради пожари, суша и ветрови appeared first on Република.

]]>

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска на состанок со неговиот кабинет предупреди дека Грција ја чека опасно лето поради шумските пожари, продолжената суша и невообичаено силните ветрови кои придонесуваат за ширење на пожарот.
Имавме исклучително тежок јуни во однос на временските услови, со силна суша и невообичаено силен ветер за овој период од годината. Сакам да им се заблагодарам на сите што направија одлична работа во последните неколку дена, но и повторно да го свртам вниманието на сите нас на летото, за кое се предвидува дека ќе биде особено опасно“, рече Мицотакис, а пренесува порталот Катимерини.
Шумските пожари се вообичаени во Грција, а топлото, суво и ветровито време кое научниците го припишуваат на ефектите од климатските промени ја зголеми нивната фреквенција и интензитет. Само викендов десетици пожари избувнаа низ Грција, вклучително и два во близина на главниот град Атина. Мицотакис рече дека во двата пожари изгореле околу 100.000 квадратни метри земјиште и оти штетата е ограничена поради брзата реакција на државната служба за вонредни состојби. Оваа година, како дел од подготовките за гаснење пожари, Грција ангажираше повеќе припадници на противпожарната служба и ги интензивираше процесите на професионална обука.
Сите заинтересирани ќе можат да ги поднесат своите кандидатури и да ги поминат задолжителните тестови и надвор од распоредот на редовните конкурси за прием на кандидати во противпожарната служба“, изјави грчкиот премиер.
 

The post Мицотакис: Грција ја чека опасно лето поради пожари, суша и ветрови appeared first on Република.

]]>
Храна која ги прави луѓето посреќни https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/hrana-koja-gi-pravi-lugjeto-posrekjni/ Mon, 17 Jan 2022 12:30:35 +0000 https://republika.mk/?p=445835

Одредени истражувања покажуваат дека одредени видови храна предизвикуваат поголемо чувство на среќа кај луѓето.

Германската компанија за испорака на храна „Лиферандо“ (Lieferando) спроведе анкета на 2.158 испитаници во текот на 2020 година и ги анализираше нивните чувства и емоции кон храната што им била испорачана. Тие ги следеле нивните реакции пет минути пред испораката на храната и пет минути по јадењето, задржувајќи се на 11 различни видови храна.

Ова се петте јадења коишто предизвикуваат најмногу среќа кај луѓето:

5. Кинеска храна

Истражувањето покажа дека храната од кинески ресторан ги прави луѓето 58 отсто посреќни. Разновидноста на понуди е она што ја прави кинеската кујна толку привлечна.

4. Тајландска храна

Според испитаниците, испораката од тајландски ресторани за храна го зголемува чувството на среќа за 64 отсто.

3. Хамбургери

Оваа храна е популарна ширум целиот свет, а ова германско истражување наведува дека откако ќе изедат хамбургер, луѓето се чувствуваат 70 отсто посреќни отколку пред да го добијат сендвичот.

2. Суши

Иако сушито не им се допаѓа на сите, оние кои сакаат сирова риба, чувствуваат зголемување на среќата за 73 отсто по јадењето, се вели во истражувањето.

1. Индиска храна

На врвот на оваа листа е индиската храна и таа, според оваа студија, ги прави луѓето најсреќни – 83 отсто повеќе. Здравите состојки кои се користат во оваа кујна го подобруваат расположението, здравјето и помнењето. 

The post Храна која ги прави луѓето посреќни appeared first on Република.

]]>

Одредени истражувања покажуваат дека одредени видови храна предизвикуваат поголемо чувство на среќа кај луѓето. Германската компанија за испорака на храна „Лиферандо“ (Lieferando) спроведе анкета на 2.158 испитаници во текот на 2020 година и ги анализираше нивните чувства и емоции кон храната што им била испорачана. Тие ги следеле нивните реакции пет минути пред испораката на храната и пет минути по јадењето, задржувајќи се на 11 различни видови храна. Ова се петте јадења коишто предизвикуваат најмногу среќа кај луѓето: 5. Кинеска храна Истражувањето покажа дека храната од кинески ресторан ги прави луѓето 58 отсто посреќни. Разновидноста на понуди е она што ја прави кинеската кујна толку привлечна. 4. Тајландска храна Според испитаниците, испораката од тајландски ресторани за храна го зголемува чувството на среќа за 64 отсто. 3. Хамбургери Оваа храна е популарна ширум целиот свет, а ова германско истражување наведува дека откако ќе изедат хамбургер, луѓето се чувствуваат 70 отсто посреќни отколку пред да го добијат сендвичот. 2. Суши Иако сушито не им се допаѓа на сите, оние кои сакаат сирова риба, чувствуваат зголемување на среќата за 73 отсто по јадењето, се вели во истражувањето. 1. Индиска храна На врвот на оваа листа е индиската храна и таа, според оваа студија, ги прави луѓето најсреќни – 83 отсто повеќе. Здравите состојки кои се користат во оваа кујна го подобруваат расположението, здравјето и помнењето. 

The post Храна која ги прави луѓето посреќни appeared first on Република.

]]>