суша Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/susha/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Nov 2024 14:03:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png суша Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/susha/ 32 32 Октомври нормално топол и нормално до многу сушен во однос на врнежите https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/oktomvri-normalno-topol-i-normalno-do-mnogu-sushen-vo-odnos-na-vrnezhite/ Fri, 01 Nov 2024 14:03:03 +0000 https://republika.mk/?p=833174

Според мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во Република Македонија, октомври се карактеризира како нормално топол и нормално до многу сушен во однос на врнежите, во споредба со многугодишните просечни вредности (1991/20), информира УХМР.

Средномесечната температура се движеше од 8,9 степени во Лазарополе до 16,4 во Гевгелија. Споредено со просечните октомвриски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2010), овогодинешната октомвриска температура беше 0,7 повисока на ниво на држава.

Највисоката максимална температура беше измерена на 11 октомври во Штип и изнесуваше 29,9 степени, а најниската во Берово, на 2 октомври и изнесуваше -3,7.

Во октомври месечната сума на врнежи во државата варираше од 2,8 во Гевгелија до 66,1 мм во Маврово. Интензивни врнежи на целата територија на државата беа измерени на 5-ти во месецот, а потоа периодот беше посув.

Врнежите беа од дожд. Максимално дневно количество на врнежи од 58,4мм, на разгледуваните станици, беше регистрирано во Маврово, додека во мрежата на автоматски станици во државата, максимални дневни врнежи беа измерени во Жировница 83мм, на 5-ти во месецот.

Споредено со октомвриската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), измерената месечна сума на врнежи беше помала за 61 отсто од просечната на ниво на државата.

The post Октомври нормално топол и нормално до многу сушен во однос на врнежите appeared first on Република.

]]>

Според мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во Република Македонија, октомври се карактеризира како нормално топол и нормално до многу сушен во однос на врнежите, во споредба со многугодишните просечни вредности (1991/20), информира УХМР. Средномесечната температура се движеше од 8,9 степени во Лазарополе до 16,4 во Гевгелија. Споредено со просечните октомвриски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2010), овогодинешната октомвриска температура беше 0,7 повисока на ниво на држава. Највисоката максимална температура беше измерена на 11 октомври во Штип и изнесуваше 29,9 степени, а најниската во Берово, на 2 октомври и изнесуваше -3,7. Во октомври месечната сума на врнежи во државата варираше од 2,8 во Гевгелија до 66,1 мм во Маврово. Интензивни врнежи на целата територија на државата беа измерени на 5-ти во месецот, а потоа периодот беше посув. Врнежите беа од дожд. Максимално дневно количество на врнежи од 58,4мм, на разгледуваните станици, беше регистрирано во Маврово, додека во мрежата на автоматски станици во државата, максимални дневни врнежи беа измерени во Жировница 83мм, на 5-ти во месецот. Споредено со октомвриската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), измерената месечна сума на врнежи беше помала за 61 отсто од просечната на ниво на државата.

The post Октомври нормално топол и нормално до многу сушен во однос на врнежите appeared first on Република.

]]>
Поради незапамтената суша Еквадор почна со делумни прекини на струја https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poradi-nezapamtenata-susha-ekvador-pochna-so-delumni-prekini-na-struja/ Sun, 22 Sep 2024 08:19:23 +0000 https://republika.mk/?p=818632

Еквадор ќе почне со планираните прекини на струја еден ден порано, соопшти владата со цел да ја рационализира испораката на електрична енергија бидејќи земјата зависна од хидроелектричната енергија се соочува со најголемата суша во изминатите 61 година.

Ноќните прекини на струја беа планирани од понеделник до четврток, но дополнително рационализирање сега ќе има во текот на денот (недела) од 08:00 до 17:00 часот денеска во 12 провинции, се вели во соопштението на претседателот.

Исклучувањата на струјата имаат за цел „да се заштитат водните ресурси“. Во државата 71 ден нема врнежи од дожд.

Ниските нивоа на водата доведоа до пад на акумулациите на хидроелектраните кои покриваат 70 отсто од националната побарувачка.

Во изјавата на претседателот, исто така, се вели дека може да бидат наметнати дополнителни мерки.

The post Поради незапамтената суша Еквадор почна со делумни прекини на струја appeared first on Република.

]]>

Еквадор ќе почне со планираните прекини на струја еден ден порано, соопшти владата со цел да ја рационализира испораката на електрична енергија бидејќи земјата зависна од хидроелектричната енергија се соочува со најголемата суша во изминатите 61 година. Ноќните прекини на струја беа планирани од понеделник до четврток, но дополнително рационализирање сега ќе има во текот на денот (недела) од 08:00 до 17:00 часот денеска во 12 провинции, се вели во соопштението на претседателот. Исклучувањата на струјата имаат за цел „да се заштитат водните ресурси“. Во државата 71 ден нема врнежи од дожд. Ниските нивоа на водата доведоа до пад на акумулациите на хидроелектраните кои покриваат 70 отсто од националната побарувачка. Во изјавата на претседателот, исто така, се вели дека може да бидат наметнати дополнителни мерки.

The post Поради незапамтената суша Еквадор почна со делумни прекини на струја appeared first on Република.

]]>
Лозари бараат сушата да се прогласи за елементарна непогода https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/lozari-baraat-sushata-da-se-proglasi-za-elementarna-nepogoda/ Mon, 16 Sep 2024 11:55:27 +0000 https://republika.mk/?p=816769

Лозари од Тиквешко кои имаат лозови насади што не се под систем за наводнување, бараат сушата што го зафати оваа година регионот да се прогласи за елементарна непогода и да добијат отштета за намалениот род во лозјата.

Во изјава за МИА, рекоа дека сушата им земала данок од родот, во висина од педесетина до стотина проценти, зависно од сортите на грозје и местоположбата на лозовите насади. Според нив, најголеми последици од климатските промени има во месностите Овчка Река и Белград, како и атарите на селата Бегниште, Ресава и Дреново.

Кавадарчанецот Диме Соколов е само еден од оние кои претрпеле штети од сушниот период.

Има многу производители на грозје кои нема да влезат за берење грозје во лозовите плантажи, што се вели, бидејќи од гроздовите останаа само сувите дршки. Гроздовите зрна се целосно испиени од сушата. Имам 33 декари под лозје, од кои дури 27 на суво. Штетите во моите ниви се движат од околу 50 до близу 70 проценти, подвлече Соколов.

Тој се пожали дека уште пред околу 25 години им било ветувано дека во месностите надалеку познати по убавото грозје, Овчка Река и Белград, ќе се донесе вода за наводнување, а многу од лозаропроизводителите верувале во тие ветувања и подигнале кредити за подигнување на лозови насади.

Многумина од нас ризикуваа, се задолжуваа со кредити, а вода не добивме, додаде тој, апелирајќи да се слушне нивниот глас и конечно да се размислува да се донесе вода за наводнување и таму, каде што засега нема можност за наводнување на земјоделски површини, вели тој.

Дека лозари се пожалиле оти сушата предвреме им „обрала" дел од родот, за МИА потврди и Ѓорѓи Ајтов, советник во подрачната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството во Неготино.

Има и такви кои барајќи спас од сушата, инвестираа во купување мали цистерни, па кога имаше потреба од наводнување, ги полнеа цистерните со вода од каналите за наводнување, па носеа вода до лозјата. Мачно е, ама тоа се обиди да се спаси родот. Инаку во најсушните периоди и енормни високи температури, штети има дури и кај лозовите насади под систем за наводнување, кај грозјето директно изложено на сонце, иако значително помалку, отколку кај лозјата на суво, додаде Ајтов.

Јован Златевски, претседател на Сојузот на здруженија на лозари со седиште во Кавадарци и на потсекторската група за лозарство при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во изјава за МИА рече дека ќе свика состанок на потсекторската група со точка на дневен ред, прогласување елементарна непогода од суша и обесштетување поради намален род на грозјето.

Златевски рече дека евидентно е намален приносот во лозјата поради сушата, но, додаде дека точното потфрлување во родот ќе се знае откако ќе се направат проценките од терен.

Ќе барам на состанокот да се расправа и за уште еден проблем со кој се соочија лозарите оваа гроздоберска сезона. Имено, иако одделни откупни пунктови на откупните белешки им пишуваа точна шеќерност на откупеното грозје, при исплатата на парите тоа не го земаа во предвид, па им даваа на лозаропроизводителите загарантирани минимални цени по килограм грозје. Ќе бараме од надлежните да се интервенира и тие откупувачи да плаќаат според шеќерни единици, како што е според закон, истакна Златевски.

The post Лозари бараат сушата да се прогласи за елементарна непогода appeared first on Република.

]]>

Лозари од Тиквешко кои имаат лозови насади што не се под систем за наводнување, бараат сушата што го зафати оваа година регионот да се прогласи за елементарна непогода и да добијат отштета за намалениот род во лозјата. Во изјава за МИА, рекоа дека сушата им земала данок од родот, во висина од педесетина до стотина проценти, зависно од сортите на грозје и местоположбата на лозовите насади. Според нив, најголеми последици од климатските промени има во месностите Овчка Река и Белград, како и атарите на селата Бегниште, Ресава и Дреново. Кавадарчанецот Диме Соколов е само еден од оние кои претрпеле штети од сушниот период. Има многу производители на грозје кои нема да влезат за берење грозје во лозовите плантажи, што се вели, бидејќи од гроздовите останаа само сувите дршки. Гроздовите зрна се целосно испиени од сушата. Имам 33 декари под лозје, од кои дури 27 на суво. Штетите во моите ниви се движат од околу 50 до близу 70 проценти, подвлече Соколов. Тој се пожали дека уште пред околу 25 години им било ветувано дека во месностите надалеку познати по убавото грозје, Овчка Река и Белград, ќе се донесе вода за наводнување, а многу од лозаропроизводителите верувале во тие ветувања и подигнале кредити за подигнување на лозови насади. Многумина од нас ризикуваа, се задолжуваа со кредити, а вода не добивме, додаде тој, апелирајќи да се слушне нивниот глас и конечно да се размислува да се донесе вода за наводнување и таму, каде што засега нема можност за наводнување на земјоделски површини, вели тој. Дека лозари се пожалиле оти сушата предвреме им „обрала" дел од родот, за МИА потврди и Ѓорѓи Ајтов, советник во подрачната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството во Неготино. Има и такви кои барајќи спас од сушата, инвестираа во купување мали цистерни, па кога имаше потреба од наводнување, ги полнеа цистерните со вода од каналите за наводнување, па носеа вода до лозјата. Мачно е, ама тоа се обиди да се спаси родот. Инаку во најсушните периоди и енормни високи температури, штети има дури и кај лозовите насади под систем за наводнување, кај грозјето директно изложено на сонце, иако значително помалку, отколку кај лозјата на суво, додаде Ајтов. Јован Златевски, претседател на Сојузот на здруженија на лозари со седиште во Кавадарци и на потсекторската група за лозарство при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во изјава за МИА рече дека ќе свика состанок на потсекторската група со точка на дневен ред, прогласување елементарна непогода од суша и обесштетување поради намален род на грозјето. Златевски рече дека евидентно е намален приносот во лозјата поради сушата, но, додаде дека точното потфрлување во родот ќе се знае откако ќе се направат проценките од терен. Ќе барам на состанокот да се расправа и за уште еден проблем со кој се соочија лозарите оваа гроздоберска сезона. Имено, иако одделни откупни пунктови на откупните белешки им пишуваа точна шеќерност на откупеното грозје, при исплатата на парите тоа не го земаа во предвид, па им даваа на лозаропроизводителите загарантирани минимални цени по килограм грозје. Ќе бараме од надлежните да се интервенира и тие откупувачи да плаќаат според шеќерни единици, како што е според закон, истакна Златевски.

The post Лозари бараат сушата да се прогласи за елементарна непогода appeared first on Република.

]]>
Околу 68 милиони Јужноафриканци погодени од сушата предизвикана од Ел Нињо https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/okolu-68-milioni-juzhnoafrikantsi-pogodeni-od-sushata-predizvikana-od-el-nino/ Sun, 18 Aug 2024 09:58:44 +0000 https://republika.mk/?p=807636

Околу 68 милиони луѓе во Јужна Африка се погодени од суша предизвикана од Ел Нињо, временски феномен што ги уништи посевите низ целиот регион, соопшти Јужноафриканската развојна заедница (САДК), цитирана од британските медиуми.

Лидерите на 16-те земји-членки на САДК се состанаа во главниот град на Зимбабве, Хараре, за да разговараат за регионалните прашања, вклучително и безбедноста на храната.

Сушата што започна на почетокот на оваа година влијаеше на растителното и сточарското производство, предизвикувајќи недостиг на храна и низа други економски штети.

Околу 68 милиони луѓе, или 17 отсто од населението во регионот, имаат потреба од помош.

Зимбабве, Замбија и Малави веќе прогласија криза со храна.

The post Околу 68 милиони Јужноафриканци погодени од сушата предизвикана од Ел Нињо appeared first on Република.

]]>

Околу 68 милиони луѓе во Јужна Африка се погодени од суша предизвикана од Ел Нињо, временски феномен што ги уништи посевите низ целиот регион, соопшти Јужноафриканската развојна заедница (САДК), цитирана од британските медиуми. Лидерите на 16-те земји-членки на САДК се состанаа во главниот град на Зимбабве, Хараре, за да разговараат за регионалните прашања, вклучително и безбедноста на храната. Сушата што започна на почетокот на оваа година влијаеше на растителното и сточарското производство, предизвикувајќи недостиг на храна и низа други економски штети. Околу 68 милиони луѓе, или 17 отсто од населението во регионот, имаат потреба од помош. Зимбабве, Замбија и Малави веќе прогласија криза со храна.

The post Околу 68 милиони Јужноафриканци погодени од сушата предизвикана од Ел Нињо appeared first on Република.

]]>
Рестрикции во Богота поради суша каква што немало во последните 40 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/restriktsii-vo-bogota-poradi-susha-kakva-shto-nemalo-vo-poslednite-40-godini/ Fri, 12 Apr 2024 14:06:20 +0000 https://republika.mk/?p=765472

Милиони жители на главниот град на Колумбија, Богота, се соочуваат со рестрикции на водата поради суша каква што немало во последните 40 години. Градот е поделен на девет зони, а градски резервоар е на минимум.

Колумбиските власти го поделија регионот околу главниот град на девет зони - на секоја зона наизменично се исклучува снабдувањето со вода на 24 часа. Се проценува дека над 10 милиони луѓе се погодени од овие мерки. Болниците и училиштата се изземени од рестрикциите.

Градоначалникот на Богота, Карлос Фернандо Галан ситуацијата ја нарече исклучително тешка.

„Да не трошиме ни капка вода во Богота во овој момент. Тоа ќе ни помогне побрзо да ги отстраниме или намалиме овие ограничувања“, рече Галан на прес-конференција на која ги презентираше мерките за штедење.

Ограничувањата, кои беа објавени претходно оваа недела, стапија на сила вчера. Тој објасни дека градските власти за две недели повторно ќе ја проценат ситуацијата и соодветно ќе донесат одлуки.

Колумбискиот претседател Густаво Петро најави „значителна промена“ во заштитата на водните ресурси во следните 30 години.

The post Рестрикции во Богота поради суша каква што немало во последните 40 години appeared first on Република.

]]>

Милиони жители на главниот град на Колумбија, Богота, се соочуваат со рестрикции на водата поради суша каква што немало во последните 40 години. Градот е поделен на девет зони, а градски резервоар е на минимум. Колумбиските власти го поделија регионот околу главниот град на девет зони - на секоја зона наизменично се исклучува снабдувањето со вода на 24 часа. Се проценува дека над 10 милиони луѓе се погодени од овие мерки. Болниците и училиштата се изземени од рестрикциите. Градоначалникот на Богота, Карлос Фернандо Галан ситуацијата ја нарече исклучително тешка.
„Да не трошиме ни капка вода во Богота во овој момент. Тоа ќе ни помогне побрзо да ги отстраниме или намалиме овие ограничувања“, рече Галан на прес-конференција на која ги презентираше мерките за штедење.
Ограничувањата, кои беа објавени претходно оваа недела, стапија на сила вчера. Тој објасни дека градските власти за две недели повторно ќе ја проценат ситуацијата и соодветно ќе донесат одлуки. Колумбискиот претседател Густаво Петро најави „значителна промена“ во заштитата на водните ресурси во следните 30 години.

The post Рестрикции во Богота поради суша каква што немало во последните 40 години appeared first on Република.

]]>
Во Каталонија прогласена вонредна состојба https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-katalonija-proglasena-vonredna-sostojba/ Fri, 02 Feb 2024 13:46:35 +0000 https://republika.mk/?p=739770

Во североисточниот шпански регион Каталонија денеска е прогласена вонредна состојба поради најтешката суша забележана во оваа област.

На жителите од денеска им е забрането да перат автомобили и да полнат приватни базени, а ограничувањата ќе се однесуваат и на употреба на вода за земјоделството и индустријата, а исто така ќе биде ограничено дневното снабдувањето со вода по глава на жител. За прекршување на ограничувањата се предвидени казни, а можно е и воведување дополнителни рестриктивни мерки.

Повеќе од шест милиони Каталонци ќе бидат погодени од мерките во 200 градови, вклучувајќи го и главниот град Барселона.

Ограничувањата беа воведени откако количината на вода во акумулациите се намали на околу 16 отсто од нивниот капацитет.

Суша има и во други шпански региони, вклучително Андалузија на југ и Валенсија во источниот дел од земјата.

The post Во Каталонија прогласена вонредна состојба appeared first on Република.

]]>

Во североисточниот шпански регион Каталонија денеска е прогласена вонредна состојба поради најтешката суша забележана во оваа област. На жителите од денеска им е забрането да перат автомобили и да полнат приватни базени, а ограничувањата ќе се однесуваат и на употреба на вода за земјоделството и индустријата, а исто така ќе биде ограничено дневното снабдувањето со вода по глава на жител. За прекршување на ограничувањата се предвидени казни, а можно е и воведување дополнителни рестриктивни мерки. Повеќе од шест милиони Каталонци ќе бидат погодени од мерките во 200 градови, вклучувајќи го и главниот град Барселона. Ограничувањата беа воведени откако количината на вода во акумулациите се намали на околу 16 отсто од нивниот капацитет. Суша има и во други шпански региони, вклучително Андалузија на југ и Валенсија во источниот дел од земјата.

The post Во Каталонија прогласена вонредна состојба appeared first on Република.

]]>
Сушата во Австрија го намали производството на струја за 31 процент https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sushata-vo-avstrija-go-namali-proizvodstvoto-na-struja-za-31-procent/ Thu, 25 Aug 2022 19:50:29 +0000 https://republika.mk/?p=544172

Долгиот период на суша во јули имаше значително влијание врз падот на производството на електрична енергија во хидроцентралите во Австрија.

Според операторот за пренос на електрична енергија АПГ, производството од хидроенергија во јули е намалено во однос на истиот месец лани за цели 31 процент.

Поради тоа, Австрија мораше да увезува три пати повеќе електрична енергија од просекот во изминатите четири години - изјави директорот на АПГ Герхард Кристинер.

Според соопштението на АПГ, во јули минатата година, околу 96 отсто од потрошувачката на електрична енергија во Австрија била покриена со обновливи извори на енергија, а годинава поради сушата само 77 отсто.

The post Сушата во Австрија го намали производството на струја за 31 процент appeared first on Република.

]]>

Долгиот период на суша во јули имаше значително влијание врз падот на производството на електрична енергија во хидроцентралите во Австрија. Според операторот за пренос на електрична енергија АПГ, производството од хидроенергија во јули е намалено во однос на истиот месец лани за цели 31 процент.
Поради тоа, Австрија мораше да увезува три пати повеќе електрична енергија од просекот во изминатите четири години - изјави директорот на АПГ Герхард Кристинер.
Според соопштението на АПГ, во јули минатата година, околу 96 отсто од потрошувачката на електрична енергија во Австрија била покриена со обновливи извори на енергија, а годинава поради сушата само 77 отсто.

The post Сушата во Австрија го намали производството на струја за 31 процент appeared first on Република.

]]>
Сушата ја заострува енергетската криза во Европа до алармантно ниво https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sushata-ja-zaostruva-energetskata-kriza-vo-evropa-do-alarmantno-nivo/ Thu, 18 Aug 2022 08:09:03 +0000 https://republika.mk/?p=541547

Реките пресушуваат и ги загрозуваат европските хидролектрани и нуклеарни централи

Пред четири години нивото на водата во Рајна падна толку многу што оваа многу важна река, која е столб на економијата во Германија, но и во Холандија и Швајцарија, престана да биде пловна во сите нејзини делови. Ситуацијата доведе до прекини во речниот транспорт и трговијата со гориво, суровини и храна, како и до загуби од пет милијарди евра. Летово истото деструктивно сценарио не само што се повторува, туку се проширува на водотеците низ цела Европа, заканувајќи се со многу поголемо влијание врз нејзината економија.

Стариот континент се соочува со суша која има тенденција да ги пресуши реките и каналите, и да ги исцрпи резервите во хидроелектраните. Од Норвешка и Швајцарија до Србија и Романија, властите се загрижени и брзаат да преземат мерки, а од Рајна до Дунав и По, реките пресушуваат. Ова значи дека Европа ризикува да биде лишена од клучниот извор на енергија среде енергетската криза, да ги изгуби водните патишта кои се важен дел од трговијата, вклучувајќи го и транспортот на гориво, и да настрадаат дури и во специјализираните сектори како туризмот и гастрономијата. Иронично е што реките и каналите се вклучени во плановите на ЕУ.

Најгласните ѕвона за тревога стигнаа оваа недела од Норвешка, кога министерот за енергетика и нафта, Терге Осланд, објави дека резервите на вода во хидроелектраните се толку намалени што земјата мора да го прекине извозот на енергија во ЕУ, со цел да обезбеди доволно електрична енергија за своите домаќинства и деловни субјекти. За разлика од многу европски земји, Норвешка забележа зголемување од 25% на домашната потрошувачка на електрична енергија бидејќи е ограничена употребата на фосилни горива и се охрабрува преминот кон електрични возила.

Веста се совпадна со двојните и подеднакво застрашувачки најави на француската енергетска компанија „Electricite de France“ и германската „Uniper“. Француската енергетска компанија соопшти дека ќе го намали производството во своите нуклеарни централи во близина на реките Рона и Гарона, бидејќи нивото на водата се намали и нејзината температура се зголеми, што ја прави несоодветна за ладење на нуклеарните реактори. Новата пречка доаѓа во време кога околу половина од француските нуклеарни реактори се надвор од функција. Истиот ден, германскиот „Uniper“ објави дека најверојатно ќе биде принуден да го намали производството во две од своите централи на јаглен бидејќи транспортот преку Рајна е прекинат поради големото намалување на нивото на водата.

Недостигот на вода го собори на колена италијанскиот аграр

Несомнено, прекинот на речната трговија преку Рајна ќе влијае многу на економиите особено на Германија, но и на Холандија и Швајцарија. Во исто време, намалувањето на нивото на водата во реката По на најниските нивоа забележани во последните 70 години влијае на економијата на Италија и на нејзиното земјоделско производство, туризмот, па дури и на нејзината гастрономија.

Првенствено затоа што долината на По сочинува околу 30% од земјоделското производство во земјата и сега е погодена од екстремни високи температури и суша. Резултатот е дека приносите на пченка и сончоглед се намалуваат, а земјоделците се принудени да ја ограничат сеидбата бидејќи нема доволно вода од По за наводнување. Во делтата формирана од реката јужно од Венеција, недостатокот на вода предизвика и овенување на алгите.

Но, најлошото е што нема доволно вода или доволно кислород за школките и другиот жив воден свет. И како што нагласуваат земјоделците и рибарите од регионот, со намалувањето на школките и другиот воден свет, на Италијанците и на туристите ќе им недостигаат познатите тестенини со морски плодови, едно од најпознатите и најпопуларните јадења на италијанската кујна, шпагети „але вонголе“. Според рибарите од околината, од почетокот на летово изгубени се околу 30 отсто од школките, а најмалку 2.300 рибари и други работници поврзани со одгледување школки се во опасност да останат без работа. Затоа синдикатите на овие работници во актуелната исклучително тешка политичка ситуација бараат владина интервенција.

Туристите, од друга страна, само молат за дожд, бидејќи и туризмот е погоден од падот на нивото на водата во реките и каналите во Европа. Проблемот се почувствува неодамна во баварскиот град Пасау, познат како „градот на трите реки“, бидејќи Дунав формира делта таму, спојувајќи ги водите на Ин од југ и Илз од север. Градот сега е во опасност да го загуби угледот и туристичкиот гламур. На крајот на јули, брод за крстарење долг 135 метри со повеќе од 130 патници, кој вообичаено треба да плови во водите на трите реки, заринка поради нискиот водостој. Така туристите беа принудени со авион да заминат за Букурешт.

Аларм во Германија, загрозен е транспортот на суровини и гориво преку Рајна

Европските реки не само што ќе добијат лоша репутација како транспортни канали, туку ќе бидат помалку сигурни водни патишта во иднина.

Ова е предвидување на Фред Хатерман, експерт за хидроклиматски ризици од Институтот за климатски истражувања во Потсдам. Застрашувачка и загрижувачка прогноза, бидејќи европските реки носат приход од 80 милијарди евра главно како водни патишта за транспорт, бидејќи преку нив се транспортираат тони стоки. Несомнено, Рајна е најважната река во Европа, а за Германците речиси има димензија на митолошки симбол. Таа е столб на економијата на Германија, Холандија и Швајцарија со векови

Рајна игра клучна улога во транспортот на јаглен до германските електрани и е врска до мрежата на европските внатрешни водни патишта. Околу 58 милиони луѓе живеат во пошироката област на Рајна и ја користат како вода за пиење, за наводнување, за преработка и производство на енергија. Пред сè, таа е незаменлива за некои индустрии, како што се челичарницата Тисенкруп и хемискиот гигант БАСФ, бидејќи е воден пат низ кој горивото, дизелот, јагленот и суровините се транспортираат до нивните капацитети. Рајна исто така има незаменливо транспортно значење, со оглед на веќе застарената инфраструктура на Германија, нејзината вообичаено преоптоварена железничка мрежа, сообраќајниот хаос и подеднакво преоптоварената патна мрежа во земјата.

Во моментов водите на Рајна се на пониско ниво од пред четири години, летото 2018. Според Економскиот институт во Кил, тогашниот прекин на трговијата на реката чинеше околу 0,4% од вкупниот германски БДП.

https://republika.mk/vesti/svet/rajna-i-po-se-dvizat-kon-presushuvanje-evropa-pogodena-od-najteshka-susha-vo-izminative-500-godini/

Според Нилс Јансен, економист од Институтот во Кил, уште денеска може да се почне да се пресметуваат штетите што ќе ги претрпат германската и европската економија поради падот на нивото водите и пресушувањето на Рајна.

Сфаќајќи ја сериозноста на проблемот, Тисенкруп формира тим за одговор на кризи кој секојдневно ја проценува ситуацијата, додека БАСФ бара алтернативни канали за транспорт на суровини и гориво во своите погони. Поврзана со Дунав со канал, Рајна е долга 1.287 километри и минува низ индустриските зони на Швајцарија и Германија пред да се влеее во Северното Море во големото пристаниште Ротердам во Холандија. Што се однесува до Дунав, падот на неговите води предизвика тревога во Бугарија, Романија и Србија. Во трите земји итно се ангажираат багери, се вршат мерења на дното и длабочината за да се утврди можноста за пловидба на бродовите. Резултатот засега е дека бродовите чекаат во ред со денови.

Осло е загрижен

Истакнувајќи ја загриженоста на Норвешка поради влијанието на се помалите резерви на вода, министерот за нафта и енергија Терге Осланд на почетокот на неделава истакна дека „владата дава приоритет на полнење на хидроенергетските капацитети и ќе го запре извозот на енергија кога резервите ќе се смалат на многу ниско ниво“.

Србија

Загрижен за нивото на водата во Дунав, српскиот министер за инфраструктура истакна дека „од клучно значење за снабдувањето со енергија е Дунав да остане пловен, бидејќи товарните бродови низ реката превезуваат јаглен за работа на термоелектраните кога е намалено производството во хидроцентралите“.

Во Франција

Претходно оваа недела, францускиот енергетски гигант „EdF“ објави дека привремено го намалува производството во своите нуклеарни централи на реките Рона и Гарона, бидејќи зголемените температури на водата ги прават несоодветни за ладење на нуклеарните реактори.

(Катимерини)

The post Сушата ја заострува енергетската криза во Европа до алармантно ниво appeared first on Република.

]]>

Реките пресушуваат и ги загрозуваат европските хидролектрани и нуклеарни централи Пред четири години нивото на водата во Рајна падна толку многу што оваа многу важна река, која е столб на економијата во Германија, но и во Холандија и Швајцарија, престана да биде пловна во сите нејзини делови. Ситуацијата доведе до прекини во речниот транспорт и трговијата со гориво, суровини и храна, како и до загуби од пет милијарди евра. Летово истото деструктивно сценарио не само што се повторува, туку се проширува на водотеците низ цела Европа, заканувајќи се со многу поголемо влијание врз нејзината економија. Стариот континент се соочува со суша која има тенденција да ги пресуши реките и каналите, и да ги исцрпи резервите во хидроелектраните. Од Норвешка и Швајцарија до Србија и Романија, властите се загрижени и брзаат да преземат мерки, а од Рајна до Дунав и По, реките пресушуваат. Ова значи дека Европа ризикува да биде лишена од клучниот извор на енергија среде енергетската криза, да ги изгуби водните патишта кои се важен дел од трговијата, вклучувајќи го и транспортот на гориво, и да настрадаат дури и во специјализираните сектори како туризмот и гастрономијата. Иронично е што реките и каналите се вклучени во плановите на ЕУ. Најгласните ѕвона за тревога стигнаа оваа недела од Норвешка, кога министерот за енергетика и нафта, Терге Осланд, објави дека резервите на вода во хидроелектраните се толку намалени што земјата мора да го прекине извозот на енергија во ЕУ, со цел да обезбеди доволно електрична енергија за своите домаќинства и деловни субјекти. За разлика од многу европски земји, Норвешка забележа зголемување од 25% на домашната потрошувачка на електрична енергија бидејќи е ограничена употребата на фосилни горива и се охрабрува преминот кон електрични возила. Веста се совпадна со двојните и подеднакво застрашувачки најави на француската енергетска компанија „Electricite de France“ и германската „Uniper“. Француската енергетска компанија соопшти дека ќе го намали производството во своите нуклеарни централи во близина на реките Рона и Гарона, бидејќи нивото на водата се намали и нејзината температура се зголеми, што ја прави несоодветна за ладење на нуклеарните реактори. Новата пречка доаѓа во време кога околу половина од француските нуклеарни реактори се надвор од функција. Истиот ден, германскиот „Uniper“ објави дека најверојатно ќе биде принуден да го намали производството во две од своите централи на јаглен бидејќи транспортот преку Рајна е прекинат поради големото намалување на нивото на водата.

Недостигот на вода го собори на колена италијанскиот аграр

Несомнено, прекинот на речната трговија преку Рајна ќе влијае многу на економиите особено на Германија, но и на Холандија и Швајцарија. Во исто време, намалувањето на нивото на водата во реката По на најниските нивоа забележани во последните 70 години влијае на економијата на Италија и на нејзиното земјоделско производство, туризмот, па дури и на нејзината гастрономија. Првенствено затоа што долината на По сочинува околу 30% од земјоделското производство во земјата и сега е погодена од екстремни високи температури и суша. Резултатот е дека приносите на пченка и сончоглед се намалуваат, а земјоделците се принудени да ја ограничат сеидбата бидејќи нема доволно вода од По за наводнување. Во делтата формирана од реката јужно од Венеција, недостатокот на вода предизвика и овенување на алгите. Но, најлошото е што нема доволно вода или доволно кислород за школките и другиот жив воден свет. И како што нагласуваат земјоделците и рибарите од регионот, со намалувањето на школките и другиот воден свет, на Италијанците и на туристите ќе им недостигаат познатите тестенини со морски плодови, едно од најпознатите и најпопуларните јадења на италијанската кујна, шпагети „але вонголе“. Според рибарите од околината, од почетокот на летово изгубени се околу 30 отсто од школките, а најмалку 2.300 рибари и други работници поврзани со одгледување школки се во опасност да останат без работа. Затоа синдикатите на овие работници во актуелната исклучително тешка политичка ситуација бараат владина интервенција. Туристите, од друга страна, само молат за дожд, бидејќи и туризмот е погоден од падот на нивото на водата во реките и каналите во Европа. Проблемот се почувствува неодамна во баварскиот град Пасау, познат како „градот на трите реки“, бидејќи Дунав формира делта таму, спојувајќи ги водите на Ин од југ и Илз од север. Градот сега е во опасност да го загуби угледот и туристичкиот гламур. На крајот на јули, брод за крстарење долг 135 метри со повеќе од 130 патници, кој вообичаено треба да плови во водите на трите реки, заринка поради нискиот водостој. Така туристите беа принудени со авион да заминат за Букурешт.

Аларм во Германија, загрозен е транспортот на суровини и гориво преку Рајна

Европските реки не само што ќе добијат лоша репутација како транспортни канали, туку ќе бидат помалку сигурни водни патишта во иднина.
Ова е предвидување на Фред Хатерман, експерт за хидроклиматски ризици од Институтот за климатски истражувања во Потсдам. Застрашувачка и загрижувачка прогноза, бидејќи европските реки носат приход од 80 милијарди евра главно како водни патишта за транспорт, бидејќи преку нив се транспортираат тони стоки. Несомнено, Рајна е најважната река во Европа, а за Германците речиси има димензија на митолошки симбол. Таа е столб на економијата на Германија, Холандија и Швајцарија со векови Рајна игра клучна улога во транспортот на јаглен до германските електрани и е врска до мрежата на европските внатрешни водни патишта. Околу 58 милиони луѓе живеат во пошироката област на Рајна и ја користат како вода за пиење, за наводнување, за преработка и производство на енергија. Пред сè, таа е незаменлива за некои индустрии, како што се челичарницата Тисенкруп и хемискиот гигант БАСФ, бидејќи е воден пат низ кој горивото, дизелот, јагленот и суровините се транспортираат до нивните капацитети. Рајна исто така има незаменливо транспортно значење, со оглед на веќе застарената инфраструктура на Германија, нејзината вообичаено преоптоварена железничка мрежа, сообраќајниот хаос и подеднакво преоптоварената патна мрежа во земјата. Во моментов водите на Рајна се на пониско ниво од пред четири години, летото 2018. Според Економскиот институт во Кил, тогашниот прекин на трговијата на реката чинеше околу 0,4% од вкупниот германски БДП. https://republika.mk/vesti/svet/rajna-i-po-se-dvizat-kon-presushuvanje-evropa-pogodena-od-najteshka-susha-vo-izminative-500-godini/ Според Нилс Јансен, економист од Институтот во Кил, уште денеска може да се почне да се пресметуваат штетите што ќе ги претрпат германската и европската економија поради падот на нивото водите и пресушувањето на Рајна. Сфаќајќи ја сериозноста на проблемот, Тисенкруп формира тим за одговор на кризи кој секојдневно ја проценува ситуацијата, додека БАСФ бара алтернативни канали за транспорт на суровини и гориво во своите погони. Поврзана со Дунав со канал, Рајна е долга 1.287 километри и минува низ индустриските зони на Швајцарија и Германија пред да се влеее во Северното Море во големото пристаниште Ротердам во Холандија. Што се однесува до Дунав, падот на неговите води предизвика тревога во Бугарија, Романија и Србија. Во трите земји итно се ангажираат багери, се вршат мерења на дното и длабочината за да се утврди можноста за пловидба на бродовите. Резултатот засега е дека бродовите чекаат во ред со денови.

Осло е загрижен

Истакнувајќи ја загриженоста на Норвешка поради влијанието на се помалите резерви на вода, министерот за нафта и енергија Терге Осланд на почетокот на неделава истакна дека „владата дава приоритет на полнење на хидроенергетските капацитети и ќе го запре извозот на енергија кога резервите ќе се смалат на многу ниско ниво“.

Србија

Загрижен за нивото на водата во Дунав, српскиот министер за инфраструктура истакна дека „од клучно значење за снабдувањето со енергија е Дунав да остане пловен, бидејќи товарните бродови низ реката превезуваат јаглен за работа на термоелектраните кога е намалено производството во хидроцентралите“.

Во Франција

Претходно оваа недела, францускиот енергетски гигант „EdF“ објави дека привремено го намалува производството во своите нуклеарни централи на реките Рона и Гарона, бидејќи зголемените температури на водата ги прават несоодветни за ладење на нуклеарните реактори. (Катимерини)

The post Сушата ја заострува енергетската криза во Европа до алармантно ниво appeared first on Република.

]]>
Темна е иднината ако наскоро не заврне https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/temna-e-idninata-ako-naskoro-ne-zavrne/ Fri, 12 Aug 2022 17:08:38 +0000 https://republika.mk/?p=539488

Суша од библиски размери ја зафати Европа ова лето. Климатските експерти предупредуваат дека две третини од Европа е погодена од најголемата суша во последните 500 години. Последиците се – изгорени полиња, реки без вода и илјадници пожари во кои огнот проголтува се пред себе.

Во Романија, каде што не заврнал дожд веќе три месеци, дури и православните свештеници се молат да престане сушата. Ако наскоро не заврне дожд, загрозен е најголем дел од добитокот на оваа аграрна земја.

Снимките од воздух го покажуваат степенот на сушата во Шпанија. Во Андалузија, стадо овци се засолни од топлината под готските сводови на средновековниот мост, потопен со изградбата на брана во 1956 година.

Ако не заврне наскоро иднината е многу, многу темна“, коментира локалниот бизнисмен Франциско Базага.
Во Полска, поради сушата и реката Одра, чијшто водостој е на историски минимум, имаше масовно изумирање на рибите. Водата во реката е кафена и смрдлива.

„Ова е еколошка катастрофа на втората по големина река во Полска, Одра. Тоа е трагедија“, вели рибарот Марцин Бергер.

Големите песочни „острови“ го зазедоа местото на зелените води на По, најдолгата река во Италија. Краткорочно, без вода од По ќе се наруши снабдувањето со вода за повеќе од пет милиони Италијанци, но долгорочните последици се уште пострашни: за прв пат по 50 години, Италија нема да произведе доволно храна ниту за себе.

Француската река Лоара речиси ја нема. Од езерото Неви Сенх Сепушре во централна Франција остана само езерце полно со мртви риби. Во другите делови на Франција, како и низ цела Европа, шумските пожари беснеат со месеци. Илјадници луѓе мораа да бидат евакуирани.

Причините за сушата се сложени, велат експертите.

„Ова не е порака дека отсега тоа ќе се случува секоја година. Но, ако гледате долгорочно, сигурно постои шанса дека тоа ќе се случува почесто. Има места во Европа каде што нема доволно вода дури и за пиење, што патем речено е најголем приоритет во целиот синџир кога ќе дојде до недостиг“, наведува Вуте Ваневиј, експерт од Европската агенција за животна средина.

Засега критичната ситуација во поголемиот дел од Европа може да се подобри само со обилни врнежи. Тогаш ќе има доволно вода за пиење, наводнување и производство на струја.

The post Темна е иднината ако наскоро не заврне appeared first on Република.

]]>

Суша од библиски размери ја зафати Европа ова лето. Климатските експерти предупредуваат дека две третини од Европа е погодена од најголемата суша во последните 500 години. Последиците се – изгорени полиња, реки без вода и илјадници пожари во кои огнот проголтува се пред себе. Во Романија, каде што не заврнал дожд веќе три месеци, дури и православните свештеници се молат да престане сушата. Ако наскоро не заврне дожд, загрозен е најголем дел од добитокот на оваа аграрна земја. Снимките од воздух го покажуваат степенот на сушата во Шпанија. Во Андалузија, стадо овци се засолни од топлината под готските сводови на средновековниот мост, потопен со изградбата на брана во 1956 година. Ако не заврне наскоро иднината е многу, многу темна“, коментира локалниот бизнисмен Франциско Базага. Во Полска, поради сушата и реката Одра, чијшто водостој е на историски минимум, имаше масовно изумирање на рибите. Водата во реката е кафена и смрдлива.
„Ова е еколошка катастрофа на втората по големина река во Полска, Одра. Тоа е трагедија“, вели рибарот Марцин Бергер.
Големите песочни „острови“ го зазедоа местото на зелените води на По, најдолгата река во Италија. Краткорочно, без вода од По ќе се наруши снабдувањето со вода за повеќе од пет милиони Италијанци, но долгорочните последици се уште пострашни: за прв пат по 50 години, Италија нема да произведе доволно храна ниту за себе. Француската река Лоара речиси ја нема. Од езерото Неви Сенх Сепушре во централна Франција остана само езерце полно со мртви риби. Во другите делови на Франција, како и низ цела Европа, шумските пожари беснеат со месеци. Илјадници луѓе мораа да бидат евакуирани. Причините за сушата се сложени, велат експертите.
„Ова не е порака дека отсега тоа ќе се случува секоја година. Но, ако гледате долгорочно, сигурно постои шанса дека тоа ќе се случува почесто. Има места во Европа каде што нема доволно вода дури и за пиење, што патем речено е најголем приоритет во целиот синџир кога ќе дојде до недостиг“, наведува Вуте Ваневиј, експерт од Европската агенција за животна средина.
Засега критичната ситуација во поголемиот дел од Европа може да се подобри само со обилни врнежи. Тогаш ќе има доволно вода за пиење, наводнување и производство на струја.

The post Темна е иднината ако наскоро не заврне appeared first on Република.

]]>
Рајна и По соочени со пресушување: Европа погодена од најтешка суша во изминативе 500 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rajna-i-po-se-dvizat-kon-presushuvanje-evropa-pogodena-od-najteshka-susha-vo-izminative-500-godini/ Wed, 10 Aug 2022 14:35:41 +0000 https://republika.mk/?p=538805

Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија предупреди дека сушата што моментално ја погодува Европа, може да биде најлошата во изминатите 500 години.

Андреа Торети, виш истражувач во Центарот, истакнува дека според моменталните податоци, што не се конечни затоа што годината не е завршена, се чини оти сушата ќе биде полоша од таа од 2018 година.

Според неговото мислење, тоа што најмногу предизвикува загриженост во наредните три месеци е големиот ризик од екстремно сушен период во централна и западна Европа.

Сушите особено ги погодија реките во Европа. Така, нивото на водата на Рајна предизвика големи проблеми во Холандија. Меѓу најпогодените реки е По во Италија. Водостојот на реката во текот на јули беше на најлошо ниво во изминатите 70 години. Реката По наводнува една третина од земјоделското производство во Италија.

Поради суша, без питка вода во Франција останаа над 100 општини. Премиерката предупреди дека државата се соочува со најголемата суша забележана некогаш во земјата. Во Холандија, исто така, е прогласен официјален недостиг на вода.

Климатските промени годинава особено се одразија во Велика Британија, каде, според официјални податоци, јули бил најсушен од 1935 година.

Резервоарите за вода во Шпанија, поради сушата, се исполнети само до 40,4 отсто од нивниот капацитет. Тоа е за 20 проценти помалку од просекот во изминатите десет години за овој период. Официјални лица повикаа да се ограничи употребата на вода, особено во регионот на Андалузија, што е еден од најголемите производители на храна во Европа.

Властите во Португалија пријавија дека над 1.000 смртни случаи во земјата се поврзани со високите температури. Здравствениот институт Карлос Трети процени 510 смртни случаи.

Голем проблем во Европа годинава предизвикаа и пожарите. Особено се опустошени подрачјата на југоисточна Франција и Шпанија. Поради пожари, земјите во еден момент мораа да евакуираат над 15.000 свои жители.

The post Рајна и По соочени со пресушување: Европа погодена од најтешка суша во изминативе 500 години appeared first on Република.

]]>

Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија предупреди дека сушата што моментално ја погодува Европа, може да биде најлошата во изминатите 500 години. Андреа Торети, виш истражувач во Центарот, истакнува дека според моменталните податоци, што не се конечни затоа што годината не е завршена, се чини оти сушата ќе биде полоша од таа од 2018 година. Според неговото мислење, тоа што најмногу предизвикува загриженост во наредните три месеци е големиот ризик од екстремно сушен период во централна и западна Европа. Сушите особено ги погодија реките во Европа. Така, нивото на водата на Рајна предизвика големи проблеми во Холандија. Меѓу најпогодените реки е По во Италија. Водостојот на реката во текот на јули беше на најлошо ниво во изминатите 70 години. Реката По наводнува една третина од земјоделското производство во Италија. Поради суша, без питка вода во Франција останаа над 100 општини. Премиерката предупреди дека државата се соочува со најголемата суша забележана некогаш во земјата. Во Холандија, исто така, е прогласен официјален недостиг на вода. Климатските промени годинава особено се одразија во Велика Британија, каде, според официјални податоци, јули бил најсушен од 1935 година. Резервоарите за вода во Шпанија, поради сушата, се исполнети само до 40,4 отсто од нивниот капацитет. Тоа е за 20 проценти помалку од просекот во изминатите десет години за овој период. Официјални лица повикаа да се ограничи употребата на вода, особено во регионот на Андалузија, што е еден од најголемите производители на храна во Европа. Властите во Португалија пријавија дека над 1.000 смртни случаи во земјата се поврзани со високите температури. Здравствениот институт Карлос Трети процени 510 смртни случаи. Голем проблем во Европа годинава предизвикаа и пожарите. Особено се опустошени подрачјата на југоисточна Франција и Шпанија. Поради пожари, земјите во еден момент мораа да евакуираат над 15.000 свои жители.

The post Рајна и По соочени со пресушување: Европа погодена од најтешка суша во изминативе 500 години appeared first on Република.

]]>
Борн: Франција е погодена од најлошата суша досега https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/born-francija-e-pogodena-od-najloshata-susha-dosega/ Fri, 05 Aug 2022 10:11:16 +0000 https://republika.mk/?p=537064

Француската премиерка Елизабет Борн денеска формираше меѓуминистерски кризен тим, кој треба да се справи со последиците од една од најлошата суша што ја погодиле земјата.

Актуелната исклучителна суша лишува многу заедници од вода и е трагедија за нашите земјоделци, нашите екосистеми и биолошката разновидност. Недостигот од дожд се влошува со последователните топлотни бранови, што од една страна го зголемуваат испарувањето, но и побарувачката за вода. Ситуацијата може да продолжи во текот на следните две недели, па дури и да стане позагрижувачка, истакна Борн.

Таа упати апел до Французите штедливо да ја користи водата.

Голем број делови во Франција се погодени од суша, поради што некаде се воведени ограничувања на водата, вклучително и за наводнување.

The post Борн: Франција е погодена од најлошата суша досега appeared first on Република.

]]>

Француската премиерка Елизабет Борн денеска формираше меѓуминистерски кризен тим, кој треба да се справи со последиците од една од најлошата суша што ја погодиле земјата. Актуелната исклучителна суша лишува многу заедници од вода и е трагедија за нашите земјоделци, нашите екосистеми и биолошката разновидност. Недостигот од дожд се влошува со последователните топлотни бранови, што од една страна го зголемуваат испарувањето, но и побарувачката за вода. Ситуацијата може да продолжи во текот на следните две недели, па дури и да стане позагрижувачка, истакна Борн. Таа упати апел до Французите штедливо да ја користи водата. Голем број делови во Франција се погодени од суша, поради што некаде се воведени ограничувања на водата, вклучително и за наводнување.

The post Борн: Франција е погодена од најлошата суша досега appeared first on Република.

]]>
Голема суша во Италија: Цената на храната може да се зголеми за 50 отсто https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/golema-susha-vo-italija-cenata-na-hranata-moze-da-se-zgolemi-za-50-otsto/ Wed, 13 Jul 2022 12:18:15 +0000 https://republika.mk/?p=528099

Сушата во северна Италија ги загрозува приносите за производство на маслиново масло, ориз и домати.

Се очекува најголемата суша во регионот во последните 70 години значително да влијае на приносите, а цените може да пораснат за 50 отсто. Кајл Холанд, аналитичар на групата за истражување на пазарот Минатек, рече дека некои пазарни извори сугерираат дека производството на италијанското маслиново масло може да биде за 20 до 30 отсто помало од лани, пренесе Индекс.

Тој вели дека може да дојде до „значителен пад на глобалната понуда“ на масло затоа што се очекува дека врелото и суво време ќе ги намали посевите во Шпанија со 15 отсто.

Веќе гледаме дека некои стебла маслинки не даваат плодови, што се случува само кога нивото на влага во земјата е краткорочно ниско. помало производство, а со тоа и ограничена понуда на маслиновото масло, веројатно ќе предизвика раст на цените во следните месеци - вели Холанд.

италијанските цени на ориз и домати веќе двојно скокнаа во последните две години, наведува Минтек.

Италија прогласи вонредна состојба во пет северни региони и најави вонредни мерки за сѐ поинтензивните суши по долината на реката По. Северот на земјата не навикнал на сушни периоди и затоа нема исти системи за наводнување како оние кои им помагаат на земјоделците на југот, пишува „Гардијан“.

The post Голема суша во Италија: Цената на храната може да се зголеми за 50 отсто appeared first on Република.

]]>

Сушата во северна Италија ги загрозува приносите за производство на маслиново масло, ориз и домати. Се очекува најголемата суша во регионот во последните 70 години значително да влијае на приносите, а цените може да пораснат за 50 отсто. Кајл Холанд, аналитичар на групата за истражување на пазарот Минатек, рече дека некои пазарни извори сугерираат дека производството на италијанското маслиново масло може да биде за 20 до 30 отсто помало од лани, пренесе Индекс. Тој вели дека може да дојде до „значителен пад на глобалната понуда“ на масло затоа што се очекува дека врелото и суво време ќе ги намали посевите во Шпанија со 15 отсто.
Веќе гледаме дека некои стебла маслинки не даваат плодови, што се случува само кога нивото на влага во земјата е краткорочно ниско. помало производство, а со тоа и ограничена понуда на маслиновото масло, веројатно ќе предизвика раст на цените во следните месеци - вели Холанд.
италијанските цени на ориз и домати веќе двојно скокнаа во последните две години, наведува Минтек. Италија прогласи вонредна состојба во пет северни региони и најави вонредни мерки за сѐ поинтензивните суши по долината на реката По. Северот на земјата не навикнал на сушни периоди и затоа нема исти системи за наводнување како оние кои им помагаат на земјоделците на југот, пишува „Гардијан“.

The post Голема суша во Италија: Цената на храната може да се зголеми за 50 отсто appeared first on Република.

]]>
Италија прогласи вонредна сосојба поради сушта https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/italija-proglasi-vonredna-sosojba-poradi-sushta/ Tue, 05 Jul 2022 09:20:03 +0000 https://republika.mk/?p=524097

Италија денеска прогласи вонредна состојба во областите околу реката По, од кои потекнуваат околу една третина од земјоделските производи, а која страда од најтешката суша во последните 70 години.

Владиниот декрет за вонредна состојба ќе им овозможи на локалните власти да ги скратат бирократските процедури и да преземат итни мерки доколку сметаат дека е потребно, вклучително и наредба да се ограничи потрошувачката на вода за домаќинствата и бизнисите, пренесува „Ројтерс“.

По е најдолгата река во Италија, која тече повеќе од 650 километри низ богатиот север на Италија, но многу делови од течението на реката пресушија, а фармерите предупредуваат дека протокот на вода е толку низок што морската вода навлегува во внатрешноста и ги уништува посевите.

 

The post Италија прогласи вонредна сосојба поради сушта appeared first on Република.

]]>

Италија денеска прогласи вонредна состојба во областите околу реката По, од кои потекнуваат околу една третина од земјоделските производи, а која страда од најтешката суша во последните 70 години. Владиниот декрет за вонредна состојба ќе им овозможи на локалните власти да ги скратат бирократските процедури и да преземат итни мерки доколку сметаат дека е потребно, вклучително и наредба да се ограничи потрошувачката на вода за домаќинствата и бизнисите, пренесува „Ројтерс“. По е најдолгата река во Италија, која тече повеќе од 650 километри низ богатиот север на Италија, но многу делови од течението на реката пресушија, а фармерите предупредуваат дека протокот на вода е толку низок што морската вода навлегува во внатрешноста и ги уништува посевите.  

The post Италија прогласи вонредна сосојба поради сушта appeared first on Република.

]]>
Двегодишна суша предизвикува сериозна закана од глад за над 18,4 милиони луѓе на Рогот на Африка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dvegodishna-susha-predizvikuva-seriozna-zakana-od-glad-za-nad-18-4-milioni-lugje-na-rogot-na-afrika/ Mon, 13 Jun 2022 15:39:05 +0000 https://republika.mk/?p=514638

По две години суша, 18,4 милиони луѓе во областа на Рогот на Африка се соочуваат со закана од глад, покажуваат објавените податоци од Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA).

До септември, бројот на погодени луѓе во Етиопија, Сомалија и Кенија може да се искачи на 20 милиони. Веќе 7,1 милион деца во погодените области се сметаат за неухранети, а околу два милиони тешко неухранети, покажуваат објавените бројки.

Кризата се влошува со фактот дека недостигот на вода и храна предизвика смрт на околу седум милиони животни. За номадските и полуномадските народи во овие региони, загубата на говеда, овци и кози не само што им ја одзема економската основа, туку недостигот на млеко придонесе и за неисхранетост на децата.

Војната во Украина, исто така, создаде тешки последици по цената на храната во регионот, а недостигот на испораки на жито ја влоши ситуацијата со снабдувањето со храна и ги соочи програмите за хуманитарна помош со дополнителни предизвици.

Многу бунари пресушија, а цените за испорака на вода се зголемиле за 71 отсто од ноември 2021 година, покажуваат податоците на OCHA. Покрај тоа, недостигот на вода доведува до влошување на хигиената, а со тоа и до здравствени проблеми. Од јануари 2021 година, повеќе од еден милион луѓе ги напуштиле своите села, вклучувајќи 805.000 само во Сомалија.

The post Двегодишна суша предизвикува сериозна закана од глад за над 18,4 милиони луѓе на Рогот на Африка appeared first on Република.

]]>

По две години суша, 18,4 милиони луѓе во областа на Рогот на Африка се соочуваат со закана од глад, покажуваат објавените податоци од Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA). До септември, бројот на погодени луѓе во Етиопија, Сомалија и Кенија може да се искачи на 20 милиони. Веќе 7,1 милион деца во погодените области се сметаат за неухранети, а околу два милиони тешко неухранети, покажуваат објавените бројки. Кризата се влошува со фактот дека недостигот на вода и храна предизвика смрт на околу седум милиони животни. За номадските и полуномадските народи во овие региони, загубата на говеда, овци и кози не само што им ја одзема економската основа, туку недостигот на млеко придонесе и за неисхранетост на децата. Војната во Украина, исто така, создаде тешки последици по цената на храната во регионот, а недостигот на испораки на жито ја влоши ситуацијата со снабдувањето со храна и ги соочи програмите за хуманитарна помош со дополнителни предизвици. Многу бунари пресушија, а цените за испорака на вода се зголемиле за 71 отсто од ноември 2021 година, покажуваат податоците на OCHA. Покрај тоа, недостигот на вода доведува до влошување на хигиената, а со тоа и до здравствени проблеми. Од јануари 2021 година, повеќе од еден милион луѓе ги напуштиле своите села, вклучувајќи 805.000 само во Сомалија.

The post Двегодишна суша предизвикува сериозна закана од глад за над 18,4 милиони луѓе на Рогот на Африка appeared first on Република.

]]>
Тринаесет сушни години: Чиле принуден на рестрикции на водата поради невидена суша https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/trinaeset-sushni-godini-chile-prinuden-na-restrikcii-na-vodata-poradi-nevidena-susha/ Mon, 18 Apr 2022 11:00:58 +0000 https://republika.mk/?p=489897

Главниот град на Чиле, Сантијаго, објави план за рационализација на употребата на водата бидејќи земјата влегува во 13-та година на суша.

Градот со речиси шест милиони жители е во „невидена ситуација“, објасни на прес-конференцијата Клаудио Орего, гувернерот на градскиот регион Сантијаго.

Градот не може да живее без вода и ние сме во невидена ситуација во 491-годишната историја на Сантијаго каде што треба да се подготвиме дека нема да има доволно вода за сите што живеат овде - порача Орего.

Планот за рационализација на водата содржи систем за предупредување со четири слоја кој се движи од зелено до црвено и почнува со најави, продолжува со ограничување на притисокот на водата и завршува со ротирачко исклучување на водата до 24 часа. Овој систем ќе влијае на околу 1,7 милиони луѓе.

Системот за предупредување се заснова на капацитетот на реките Мајпо и Мапочо, кои го снабдуваат главниот град со најголем дел од неговата вода. Нивото на водата и двете реки континуирано паѓа.

Според владините проценки, количината на расположлива вода во земјата е намалена за 10 отсто на 37 отсто во последните три децении. Постои загриженост дека може да падне за дополнителни 50 отсто во северните и централните делови на земјата до 2060 година.

Зачестеноста на исклучувањата ќе се одредува според дефицитот на вода во реките, измерен во литри во секунда. Може да се организира на секои 12, шест или четири дена и во секој случај, различно подрачје ќе се соочува со загуба на вода секој ден.

Иако интензивните суши, кои може да траат неколку години, не се невообичаени во Чиле, во изминатата деценија врнежите во центарот на земјата беа и до 45 проценти под просекот. Во главниот град врнежите се околу 10 до 20 отсто од нормалата. Сегашната суша е најлошата во модерната историја, а научниците припишуваат околу 25 отсто од нејзината сериозност на климатските промени.

The post Тринаесет сушни години: Чиле принуден на рестрикции на водата поради невидена суша appeared first on Република.

]]>

Главниот град на Чиле, Сантијаго, објави план за рационализација на употребата на водата бидејќи земјата влегува во 13-та година на суша. Градот со речиси шест милиони жители е во „невидена ситуација“, објасни на прес-конференцијата Клаудио Орего, гувернерот на градскиот регион Сантијаго.
Градот не може да живее без вода и ние сме во невидена ситуација во 491-годишната историја на Сантијаго каде што треба да се подготвиме дека нема да има доволно вода за сите што живеат овде - порача Орего.
Планот за рационализација на водата содржи систем за предупредување со четири слоја кој се движи од зелено до црвено и почнува со најави, продолжува со ограничување на притисокот на водата и завршува со ротирачко исклучување на водата до 24 часа. Овој систем ќе влијае на околу 1,7 милиони луѓе. Системот за предупредување се заснова на капацитетот на реките Мајпо и Мапочо, кои го снабдуваат главниот град со најголем дел од неговата вода. Нивото на водата и двете реки континуирано паѓа. Според владините проценки, количината на расположлива вода во земјата е намалена за 10 отсто на 37 отсто во последните три децении. Постои загриженост дека може да падне за дополнителни 50 отсто во северните и централните делови на земјата до 2060 година. Зачестеноста на исклучувањата ќе се одредува според дефицитот на вода во реките, измерен во литри во секунда. Може да се организира на секои 12, шест или четири дена и во секој случај, различно подрачје ќе се соочува со загуба на вода секој ден. Иако интензивните суши, кои може да траат неколку години, не се невообичаени во Чиле, во изминатата деценија врнежите во центарот на земјата беа и до 45 проценти под просекот. Во главниот град врнежите се околу 10 до 20 отсто од нормалата. Сегашната суша е најлошата во модерната историја, а научниците припишуваат околу 25 отсто од нејзината сериозност на климатските промени.

The post Тринаесет сушни години: Чиле принуден на рестрикции на водата поради невидена суша appeared first on Република.

]]>