Суровкин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/surovkin/ За подобро да се разбереме Thu, 29 Jun 2023 15:28:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Суровкин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/surovkin/ 32 32 Фајненшл Тајмс: Уапсен е рускиот генерал Суровикин – Неговата ќерка демантира https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/fajnenshl-tajms-uapsen-e-ruskiot-general-surovikin-negovata-kerka-demantira/ Thu, 29 Jun 2023 15:28:26 +0000 https://republika.mk/?p=656512

„Ништо не се случи“, изјави денеска ќерката на рускиот генерал Сергеј Суровикин по извештаите за неговото апсење. Суровикин не е виден во јавноста од саботата. Фајненшл тајмс, повикувајќи се на три извори, објави дека исчезнатиот генерал е уапсен.

Во разговор со База, ќерката на Суровикин, Вероника, рече:

„Ништо не му се случи и никој не го уапси“. Таа додаде дека „сите се на своите работни места“.

Таа исто така рече дека нејзиниот татко „не бил секој ден присутен во медиумите и не давал изјави“.

Сопругата на Суровикин одби да ги коментира гласините за неговото апсење.

„Њујорк тајмс“, повикувајќи се на анонимни американски разузнавачки извори, објави дека Суровикин однапред знаел за бунтот предводен од шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, со кого имал добро познати врски. Суровикин ги предводи руските воздушни сили и беше поранешен врховен командант на Москва во Украина.

The post Фајненшл Тајмс: Уапсен е рускиот генерал Суровикин – Неговата ќерка демантира appeared first on Република.

]]>

„Ништо не се случи“, изјави денеска ќерката на рускиот генерал Сергеј Суровикин по извештаите за неговото апсење. Суровикин не е виден во јавноста од саботата. Фајненшл тајмс, повикувајќи се на три извори, објави дека исчезнатиот генерал е уапсен. Во разговор со База, ќерката на Суровикин, Вероника, рече:
„Ништо не му се случи и никој не го уапси“. Таа додаде дека „сите се на своите работни места“. Таа исто така рече дека нејзиниот татко „не бил секој ден присутен во медиумите и не давал изјави“.
Сопругата на Суровикин одби да ги коментира гласините за неговото апсење. „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на анонимни американски разузнавачки извори, објави дека Суровикин однапред знаел за бунтот предводен од шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, со кого имал добро познати врски. Суровикин ги предводи руските воздушни сили и беше поранешен врховен командант на Москва во Украина.

The post Фајненшл Тајмс: Уапсен е рускиот генерал Суровикин – Неговата ќерка демантира appeared first on Република.

]]>
Њујорк Тајмс: Суровикин знаел за планот на Пригожин https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nujork-tajms-surovikin-znael-za-planot-na-prigozhin/ Wed, 28 Jun 2023 07:24:20 +0000 https://republika.mk/?p=655898

Генералот Сергеј Суровикин, заменик-командантот на руските воени операции во Украина, знаел дека Евгениј Пригожин водачот на платениците од Вагнер планира бунт против военото раководство на Москва, објави Њујорк Тајмс.

„Њујорк тајмс“ се повикува на американски претставници запознати со американското разузнавање за бунтот на Пригожин и наведува дека официјалните лица „се обидувале да откријат дали генералот Сергеј Суровикин, поранешниот врховен руски командант во Украина, помогнал во планирањето на акциите на Пригожин минатиот викенд“.

Пригожин замина во егзил во Белорусија според договорот со кој заврши кусиот бунт на неговите борци од Вагнер во текот на викендот, додека претседателот Владимир Путин ги пофали неговите вооружени сили за избегнување граѓанска војна.

„Њујорк тајмс“ објави дека американските власти, исто така, рекле дека има знаци дека други руски генерали можеби го поддржувале Пригожин.

Суровикин во октомври беше ставен на чело на операциите во Украина, но во јануари рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го назначи началникот на Генералштабот Валериј Герасимов да ја надгледува кампањата, а Суровикин стана негов заменик.

Пред да започне бунтот, Пригожин бил против Шојгу и Герасимов, обвинувајќи ги за неуспехот на кампањата и недостиг на армиска поддршка за борците на Вагнер

The post Њујорк Тајмс: Суровикин знаел за планот на Пригожин appeared first on Република.

]]>

Генералот Сергеј Суровикин, заменик-командантот на руските воени операции во Украина, знаел дека Евгениј Пригожин водачот на платениците од Вагнер планира бунт против военото раководство на Москва, објави Њујорк Тајмс. „Њујорк тајмс“ се повикува на американски претставници запознати со американското разузнавање за бунтот на Пригожин и наведува дека официјалните лица „се обидувале да откријат дали генералот Сергеј Суровикин, поранешниот врховен руски командант во Украина, помогнал во планирањето на акциите на Пригожин минатиот викенд“. Пригожин замина во егзил во Белорусија според договорот со кој заврши кусиот бунт на неговите борци од Вагнер во текот на викендот, додека претседателот Владимир Путин ги пофали неговите вооружени сили за избегнување граѓанска војна. „Њујорк тајмс“ објави дека американските власти, исто така, рекле дека има знаци дека други руски генерали можеби го поддржувале Пригожин. Суровикин во октомври беше ставен на чело на операциите во Украина, но во јануари рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го назначи началникот на Генералштабот Валериј Герасимов да ја надгледува кампањата, а Суровикин стана негов заменик. Пред да започне бунтот, Пригожин бил против Шојгу и Герасимов, обвинувајќи ги за неуспехот на кампањата и недостиг на армиска поддршка за борците на Вагнер

The post Њујорк Тајмс: Суровикин знаел за планот на Пригожин appeared first on Република.

]]>
Суровикин до „Вагнер“: Ве повикувам да престанете, послушајте ја волјата на претседателот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/surovikin-do-vagner-ve-povikuvam-da-prestanete-poslushajte-ja-voljata-na-pretsedatelot/ Sat, 24 Jun 2023 07:25:47 +0000 https://republika.mk/?p=654596

Рускиот генерал Сергеј Суровикин ја повика групата „Вагнер“ да престане и да ја послуша волјата на претседателот, пренесоа руските меидуми.

Поминавме долг пат, ве повикувам да престанете, да ја почитувате волјата на претседателот, да ги решиме сите проблеми по мирен пат, рече тој.

Генералот Суровикин три месеци беше врховен командант на руските вооружени сили во Украина, но потоа го наследи Валериј Герасимов, пренесе N1.

Евгениј Пригожин, шефот на руската платеничка формација „Вагнер“, вчера ја обвини руската армија за „уништување“ на неговите борци и вети дека ќе му се одмазди на руското воено раководство, по што руската разузнавачка служба ФСБ отвори кривична постапка против него за повикување на вооружен бунт.

The post Суровикин до „Вагнер“: Ве повикувам да престанете, послушајте ја волјата на претседателот appeared first on Република.

]]>

Рускиот генерал Сергеј Суровикин ја повика групата „Вагнер“ да престане и да ја послуша волјата на претседателот, пренесоа руските меидуми.
Поминавме долг пат, ве повикувам да престанете, да ја почитувате волјата на претседателот, да ги решиме сите проблеми по мирен пат, рече тој.
Генералот Суровикин три месеци беше врховен командант на руските вооружени сили во Украина, но потоа го наследи Валериј Герасимов, пренесе N1. Евгениј Пригожин, шефот на руската платеничка формација „Вагнер“, вчера ја обвини руската армија за „уништување“ на неговите борци и вети дека ќе му се одмазди на руското воено раководство, по што руската разузнавачка служба ФСБ отвори кривична постапка против него за повикување на вооружен бунт.

The post Суровикин до „Вагнер“: Ве повикувам да престанете, послушајте ја волјата на претседателот appeared first on Република.

]]>