сурфери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/surferi/ За подобро да се разбереме Fri, 19 Aug 2022 07:59:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сурфери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/surferi/ 32 32 Туристи сурфале низ Венеција, останаа без даските и се протерани од градот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/turisti-surfale-niz-venecija-ostanaa-bez-daskite-i-se-proterani-od-gradot/ Fri, 19 Aug 2022 07:59:45 +0000 https://republika.mk/?p=541850

Јавноста и надлежните лица во Венеција се шокирани откако туристи неодговорно сурфале по водните канали на градот, вандализирале имоти и позирале полуголи.

Сурферите биле снимени додека сурфаат на електрични даски „е-Фоилс“ (eFoils), на венецискиот Голем Канал, кој, не само што е под заштита на УНЕСКО заедно со околните зданија, туку е и главна „сообраќајница“ на Венеција.

Видеото од сурфањето на Твитер го објави градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро, кој напиша дека „двајцата препотентни идиоти го исмевале градот“. Бруњаро, исто така, понуди бесплатна вечера за секој кој помага да се идентификуваат сурферите.

https://twitter.com/LuigiBrugnaro/status/1559808148843765760?cxt=HHwWgIC92ejPxqUrAAAA

На видеоснимката се гледа како сурферите ги избегнуваат „вапорето“ водните автобуси и такси под мостот Ријалто, а потоа минуваат и крај базиликата Салуто, една од најпознатите градби во Венеција. Кога минале под мостот Академија, еден сурфер паднал од даската, но продолжил да го снима својот пријател.

Венеција не е единственото место во Италија каде што туристите се однесуваат недозволиво ова лето. Претходно, луѓе со автомобил се спуштале по Шпанските скали во Рим, а други се возеле со скутер низ Помпеја.

Кусо по првата објава, градоначалникот повторно се огласи и потврди дека сурферите се најдени, оти им биле одземени даските вредни околу 25.000 евра, а двајцата се казнети и со по 1.500 евра. Тие потоа биле протерани од градот.

https://twitter.com/LuigiBrugnaro/status/1559895062695366656

Градските власти покренаа постапка против сурферите и поради напад кон угледот на Венеција.

The post Туристи сурфале низ Венеција, останаа без даските и се протерани од градот appeared first on Република.

]]>

Јавноста и надлежните лица во Венеција се шокирани откако туристи неодговорно сурфале по водните канали на градот, вандализирале имоти и позирале полуголи. Сурферите биле снимени додека сурфаат на електрични даски „е-Фоилс“ (eFoils), на венецискиот Голем Канал, кој, не само што е под заштита на УНЕСКО заедно со околните зданија, туку е и главна „сообраќајница“ на Венеција. Видеото од сурфањето на Твитер го објави градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро, кој напиша дека „двајцата препотентни идиоти го исмевале градот“. Бруњаро, исто така, понуди бесплатна вечера за секој кој помага да се идентификуваат сурферите. https://twitter.com/LuigiBrugnaro/status/1559808148843765760?cxt=HHwWgIC92ejPxqUrAAAA На видеоснимката се гледа како сурферите ги избегнуваат „вапорето“ водните автобуси и такси под мостот Ријалто, а потоа минуваат и крај базиликата Салуто, една од најпознатите градби во Венеција. Кога минале под мостот Академија, еден сурфер паднал од даската, но продолжил да го снима својот пријател. Венеција не е единственото место во Италија каде што туристите се однесуваат недозволиво ова лето. Претходно, луѓе со автомобил се спуштале по Шпанските скали во Рим, а други се возеле со скутер низ Помпеја. Кусо по првата објава, градоначалникот повторно се огласи и потврди дека сурферите се најдени, оти им биле одземени даските вредни околу 25.000 евра, а двајцата се казнети и со по 1.500 евра. Тие потоа биле протерани од градот. https://twitter.com/LuigiBrugnaro/status/1559895062695366656 Градските власти покренаа постапка против сурферите и поради напад кон угледот на Венеција.

The post Туристи сурфале низ Венеција, останаа без даските и се протерани од градот appeared first on Република.

]]>