супермаркети Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/supermarketi/ За подобро да се разбереме Wed, 24 Apr 2024 08:07:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png супермаркети Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/supermarketi/ 32 32 „Велигденска кошничка“ од денеска во грчките супермаркети со производи по пристапни цени https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/veligdenska-koshnichka-od-deneska-vo-grchkite-supermarketi-so-proizvodi-po-pristapni-tseni/ Wed, 24 Apr 2024 08:07:06 +0000 https://republika.mk/?p=769891

Во супермаркетите во Грција од денеска се воведува „Велигденска кошничка“, односно на постоечката „Кошничката за домаќинствата“, со основните продукти се додаваат производи поврзани со Велигден, чии цени треба да останат исти или да има минимални зголемувања, јави дописничката на МИА од Атина.

„Велигденска кошничка“ содржи јагнешко и козјо месо, милиброд и велигденски чоколадни јајца, а ќе биде во сила до 4 мај 2024 година

„Велигденска кошничка“ заедно со „Посната кошничка“ поврзана со велигденските пости и „Кошничката на кумовите“ односно подароците што кумовите традиционално ги купуваат за Велигден за децата кои ги крстеле, претставуваат проширување и дополнување на „Кошничката за домаќинствата“, со основните продукти, со прифатливи цени за потрошувачите, што веќе речиси 19 месеци се спроведува во маркетите.

Министерот за развој на Грција Костас Скрекас истакна дека во пракса ја покажуваат поддршката на домаќинствата „за семејните трпези да бидат исполнети со неопходните продукти по најниски можни цени“.

-Иницијативите како што е „Велигденската кошничка“ ја зголемуваат и конкуренцијата меѓу прехранбените компании во корист на потрошувачите, рече Скрекас.

Пракса на грчката Влада е „Кошничката за домаќинствата“ во одредени периоди од годината да се дополнува со сезонски продукти, како што беше случај за Божиќ, кога беа воведени производи поврзани со божиќната трпеза.

„Кошничката за домаќинствата“ во грчките супермаркети беше воведена во ноември 2022 година, а содржи над 50 производи, меѓу кои ориз, леб, двопек, брашно, макарони, свинско и пилешко месо, риба, млеко и млечни производи, јогурт, јајца, различни видови сирење и кашкавал, зејтин, шеќер, кафе, какао, сокови, бебешка храна, средства за чистење, детергенти, тоалетна хартија, паста за заби, производи за лична хигиена, влошки, сапун, антисептик, пелени, храна за кучиња и мачки итн.

The post „Велигденска кошничка“ од денеска во грчките супермаркети со производи по пристапни цени appeared first on Република.

]]>

Во супермаркетите во Грција од денеска се воведува „Велигденска кошничка“, односно на постоечката „Кошничката за домаќинствата“, со основните продукти се додаваат производи поврзани со Велигден, чии цени треба да останат исти или да има минимални зголемувања, јави дописничката на МИА од Атина. „Велигденска кошничка“ содржи јагнешко и козјо месо, милиброд и велигденски чоколадни јајца, а ќе биде во сила до 4 мај 2024 година „Велигденска кошничка“ заедно со „Посната кошничка“ поврзана со велигденските пости и „Кошничката на кумовите“ односно подароците што кумовите традиционално ги купуваат за Велигден за децата кои ги крстеле, претставуваат проширување и дополнување на „Кошничката за домаќинствата“, со основните продукти, со прифатливи цени за потрошувачите, што веќе речиси 19 месеци се спроведува во маркетите. Министерот за развој на Грција Костас Скрекас истакна дека во пракса ја покажуваат поддршката на домаќинствата „за семејните трпези да бидат исполнети со неопходните продукти по најниски можни цени“. -Иницијативите како што е „Велигденската кошничка“ ја зголемуваат и конкуренцијата меѓу прехранбените компании во корист на потрошувачите, рече Скрекас. Пракса на грчката Влада е „Кошничката за домаќинствата“ во одредени периоди од годината да се дополнува со сезонски продукти, како што беше случај за Божиќ, кога беа воведени производи поврзани со божиќната трпеза. „Кошничката за домаќинствата“ во грчките супермаркети беше воведена во ноември 2022 година, а содржи над 50 производи, меѓу кои ориз, леб, двопек, брашно, макарони, свинско и пилешко месо, риба, млеко и млечни производи, јогурт, јајца, различни видови сирење и кашкавал, зејтин, шеќер, кафе, какао, сокови, бебешка храна, средства за чистење, детергенти, тоалетна хартија, паста за заби, производи за лична хигиена, влошки, сапун, антисептик, пелени, храна за кучиња и мачки итн.

The post „Велигденска кошничка“ од денеска во грчките супермаркети со производи по пристапни цени appeared first on Република.

]]>
Кај нас цените одат нагоре, кај нив надолу: Од денеска намалени цени на над 3.000 производи супермаркетите во Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kaj-nas-tsenite-odat-nagore-kaj-niv-nadolu-od-deneska-namaleni-tseni-na-nad-3-000-proizvodi-supermarketite-vo-grtsija/ Fri, 01 Mar 2024 09:57:26 +0000 https://republika.mk/?p=749919

Цените на над 3.000 производи за чистење и за лична хигиена, од денеска се очекува да бидат намалени и до 18 отсто во грчките супермаркети, според податоците од Министерството за развој на Грција, а во рамките на владините мерки за справување со инфлацијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Од денеска стапуваат во сила четири владини мерки што имаат за цел трајно намалување на цените на конкретни производи.

Според една од мерките, добавувачите се обврзани да ги намалат понудите до компаниите за малопродажба за 30 отсто, со што се намалуваат и цените во маркетите, а вклучени се производи за чистење (детергенти за перење, за миење садови, средства за чистење од секаков вид итн.), како и производи за лична хигиена (шампони и регенератори, гелови за туширање, сапуни, пасти за заби, бебешки и детски пелени).

Цените на конкретните производи, според надлежното Министерство, се намалени од 12,7 со 18, 1 отсто.

Меѓу мерките е и воведување плафон на бруто профитната маржа на компаниите кои увезуваат, произведуваат и дистрибуираат бебешко млеко во Грција, што ќе резултира со првични намалувања на цената од околу 15 отсто.

Дополнително добавувачите на свежи производи, односно на овошје, зеленчук и месо, се обврзани нивните производи да ги продаваат по нето цени, што ќе придонесе за постепено намалување на цените на конкретните производи во маркетите.

Од Министерството за развој на Грција истакнуваат дека „главен приоритет на грчката Влада е заштитата на потрошувачите и правилно функционирање на пазарот што ќе доведе до намалување на инфлацијата“.

The post Кај нас цените одат нагоре, кај нив надолу: Од денеска намалени цени на над 3.000 производи супермаркетите во Грција appeared first on Република.

]]>

Цените на над 3.000 производи за чистење и за лична хигиена, од денеска се очекува да бидат намалени и до 18 отсто во грчките супермаркети, според податоците од Министерството за развој на Грција, а во рамките на владините мерки за справување со инфлацијата, јави дописничката на МИА од Атина. Од денеска стапуваат во сила четири владини мерки што имаат за цел трајно намалување на цените на конкретни производи. Според една од мерките, добавувачите се обврзани да ги намалат понудите до компаниите за малопродажба за 30 отсто, со што се намалуваат и цените во маркетите, а вклучени се производи за чистење (детергенти за перење, за миење садови, средства за чистење од секаков вид итн.), како и производи за лична хигиена (шампони и регенератори, гелови за туширање, сапуни, пасти за заби, бебешки и детски пелени). Цените на конкретните производи, според надлежното Министерство, се намалени од 12,7 со 18, 1 отсто. Меѓу мерките е и воведување плафон на бруто профитната маржа на компаниите кои увезуваат, произведуваат и дистрибуираат бебешко млеко во Грција, што ќе резултира со првични намалувања на цената од околу 15 отсто. Дополнително добавувачите на свежи производи, односно на овошје, зеленчук и месо, се обврзани нивните производи да ги продаваат по нето цени, што ќе придонесе за постепено намалување на цените на конкретните производи во маркетите. Од Министерството за развој на Грција истакнуваат дека „главен приоритет на грчката Влада е заштитата на потрошувачите и правилно функционирање на пазарот што ќе доведе до намалување на инфлацијата“.

The post Кај нас цените одат нагоре, кај нив надолу: Од денеска намалени цени на над 3.000 производи супермаркетите во Грција appeared first on Република.

]]>
Бектеши: Супермаркетите се согласиja за намалување на цените https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-supermarketite-se-soglasija-za-namaluvane-na-tsenite/ Thu, 14 Sep 2023 10:53:02 +0000 https://republika.mk/?p=681872

Министерот за економија, Крешник Бектеши по денешниот состанок со најголемите ланци на супермаркети во земјава, информира дека дошле до заклучок дека има простор за намалување на цените на производите, и како добра волја и општествена одговорност, одлуката на Министерството за економија ќе биде усвоена и поддржана од вторник во делот на поевтинување.

Бектеши потенцира дека потрошувачите нема да се чувствуваат измамени. Според него, Министерството за економија ќе направи измени и дополнување на Законот за државен и пазарен инспекторат, каде што ќе ги зголеми ингеренциите на инспекторите на ДПИ, каде што ќе можат да постапат веднаш. Посочи дека до крајот на наредната недела, ќе го има и новото законско решение за нефер трговски практики, каде што ќе се укинат речиси над 20% од одредени давачки во ланецот трговија, што дополнително ќе влијае во намалување на цените.

Референтна цена од среда ќе биде една од цените од претходните месеци. Над 90% се производи со 5% ДДВ, кажа Бектеши на брифинг со новинарите.

Одлуката за кои производи ќе се намалат, е донесена согласно конкретни анализи, посочува министерот. Тој уверува дека маркетите стануваат се повеќе општествено одговорни и ги прават подготовките пред измените да влезат во сила. Според него, можат и уште преку викендов да ги намалат цените.

 

The post Бектеши: Супермаркетите се согласиja за намалување на цените appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија, Крешник Бектеши по денешниот состанок со најголемите ланци на супермаркети во земјава, информира дека дошле до заклучок дека има простор за намалување на цените на производите, и како добра волја и општествена одговорност, одлуката на Министерството за економија ќе биде усвоена и поддржана од вторник во делот на поевтинување. Бектеши потенцира дека потрошувачите нема да се чувствуваат измамени. Според него, Министерството за економија ќе направи измени и дополнување на Законот за државен и пазарен инспекторат, каде што ќе ги зголеми ингеренциите на инспекторите на ДПИ, каде што ќе можат да постапат веднаш. Посочи дека до крајот на наредната недела, ќе го има и новото законско решение за нефер трговски практики, каде што ќе се укинат речиси над 20% од одредени давачки во ланецот трговија, што дополнително ќе влијае во намалување на цените.
Референтна цена од среда ќе биде една од цените од претходните месеци. Над 90% се производи со 5% ДДВ, кажа Бектеши на брифинг со новинарите.
Одлуката за кои производи ќе се намалат, е донесена согласно конкретни анализи, посочува министерот. Тој уверува дека маркетите стануваат се повеќе општествено одговорни и ги прават подготовките пред измените да влезат во сила. Според него, можат и уште преку викендов да ги намалат цените.  

The post Бектеши: Супермаркетите се согласиja за намалување на цените appeared first on Република.

]]>