супермаркет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/supermarket/ За подобро да се разбереме Fri, 28 Oct 2022 07:26:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png супермаркет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/supermarket/ 32 32 Познат фудбалер меѓу повредените во нападот со нож во „Карфур“ кај Милано https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poznat-fudbaler-megju-povredenite-vo-napadot-so-noz-vo-karfur-kaj-milano/ Fri, 28 Oct 2022 07:26:35 +0000 https://republika.mk/?p=566631

Едно лице загина, а најмалку четири други се повредени, од кои дел и потешко, во напад со нож во супермаркет во Милано, во северна Италија, наведуваат локалните медиуми.

Полицијата уапси 46-годишен Италијанец, кој е осомничен за нападот, јавува агенцијата ЛаПрес.

Нападот се случил во супермаркетот „Карфур“ во близина на Милано, на северот на Италија.

Едно од ранетите лица во супермаркетот починало на пат кон болница, јави Анса.

Меѓу повредените е и шпанскиот фудбалер Пабло Мари, кој е позајмен во клубот Монца од Арсенал, јавуваат агенциите.

Мотивот за нападот не е познат, а италијанските власти велат дека нема елементи што укажуваат на тероризам.

Би-би-си наведува дека Мари (29) му се приклучи на Арсенал од бразилскиот Фламенго во јануари 2020 година, а за клубот од Лондон одигра само 19 натпревари и моментално е на позајмица во италијанскиот клуб Монца.

The post Познат фудбалер меѓу повредените во нападот со нож во „Карфур“ кај Милано appeared first on Република.

]]>

Едно лице загина, а најмалку четири други се повредени, од кои дел и потешко, во напад со нож во супермаркет во Милано, во северна Италија, наведуваат локалните медиуми. Полицијата уапси 46-годишен Италијанец, кој е осомничен за нападот, јавува агенцијата ЛаПрес. Нападот се случил во супермаркетот „Карфур“ во близина на Милано, на северот на Италија. Едно од ранетите лица во супермаркетот починало на пат кон болница, јави Анса. Меѓу повредените е и шпанскиот фудбалер Пабло Мари, кој е позајмен во клубот Монца од Арсенал, јавуваат агенциите. Мотивот за нападот не е познат, а италијанските власти велат дека нема елементи што укажуваат на тероризам. Би-би-си наведува дека Мари (29) му се приклучи на Арсенал од бразилскиот Фламенго во јануари 2020 година, а за клубот од Лондон одигра само 19 натпревари и моментално е на позајмица во италијанскиот клуб Монца.

The post Познат фудбалер меѓу повредените во нападот со нож во „Карфур“ кај Милано appeared first on Република.

]]>
Кулеба бара бојкот на француски синџир супермаркети https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kuleba-bara-bojkot-na-francuski-sindzir-supermarketi/ Sun, 27 Mar 2022 18:31:45 +0000 https://republika.mk/?p=479444

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, повика на бојкот на продавниците синџирот супермаркети „Ошан“, бидејќи француската групација која е сопственик на тие супермаркети ги продолжува своите активности во Русија.

Очигледно, загубата на бизнисот во Русија е поважна од мртвите во Украина“, напиша Кулеба на Твитер.

https://twitter.com/DmytroKuleba/status/1508050539887669255?ref_src=twsrc%5Egoogle%7Ctwcamp%5Eserp%7Ctwgr%5Etweet

Кулеба порача дека „Ошан“ треба да се бојкотира, ако тој синџир супермаркети го игнорира фактот дека за време на руската инвазија биле убиени 139 украински деца.

„Ошан“ има 231 продавница во Русија, со обрт од 3,2 милијарди евра, што е повеќе од 10% од глобалната активност на тој ланец. Кулеба апелираше и за бојкот на другите продавници, кои, како и „Ошан“, се во сопственост на француската групација „АФМ“.

The post Кулеба бара бојкот на француски синџир супермаркети appeared first on Република.

]]>

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, повика на бојкот на продавниците синџирот супермаркети „Ошан“, бидејќи француската групација која е сопственик на тие супермаркети ги продолжува своите активности во Русија.
Очигледно, загубата на бизнисот во Русија е поважна од мртвите во Украина“, напиша Кулеба на Твитер.
https://twitter.com/DmytroKuleba/status/1508050539887669255?ref_src=twsrc%5Egoogle%7Ctwcamp%5Eserp%7Ctwgr%5Etweet Кулеба порача дека „Ошан“ треба да се бојкотира, ако тој синџир супермаркети го игнорира фактот дека за време на руската инвазија биле убиени 139 украински деца. „Ошан“ има 231 продавница во Русија, со обрт од 3,2 милијарди евра, што е повеќе од 10% од глобалната активност на тој ланец. Кулеба апелираше и за бојкот на другите продавници, кои, како и „Ошан“, се во сопственост на француската групација „АФМ“.

The post Кулеба бара бојкот на француски синџир супермаркети appeared first on Република.

]]>