Суперхикс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/superhiks/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Aug 2024 19:47:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Суперхикс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/superhiks/ 32 32 „Суперхикс“ вечерва настапуваат на отворњето на музичкиот фестивал „Џојфест“ https://arhiva3.republika.mk/scena/superhiks-vecherva-nastapuvaat-na-otvorneto-na-muzichkiot-festival-dhojfest/ Fri, 23 Aug 2024 20:18:51 +0000 https://republika.mk/?p=809604

The post „Суперхикс“ вечерва настапуваат на отворњето на музичкиот фестивал „Џојфест“ appeared first on Република.

]]>

The post „Суперхикс“ вечерва настапуваат на отворњето на музичкиот фестивал „Џојфест“ appeared first on Република.

]]>
Калиопи и „Суперхикс“ на 11. издание на „Џои фест“ https://arhiva3.republika.mk/scena/kaliopi-i-superhiks-na-11-izdanie-na-dhoi-fest/ Wed, 14 Aug 2024 09:50:50 +0000 https://republika.mk/?p=806418

„Џои фест“ и годинава вообичаено, две вечери, но место на градскиот стадион журката се враќа на градскиот плоштад  на 23 и 24 август.

По минатогодишниот јубилеј, за која журка се уште се зборува, оваа година на програмата ќе бидат застапени претежно домашни музички ѕвезди.

Првата вечер, на 23 август ќе настапат „Суперхикс“ и „Конкверинг лајон“. Втората вечер, на 24 август фестивлот ќе го отворат „Кисити“, потоа ќе настапат „Парампарчад“, гостите од Црна Гора - „Бубњеви и пси“, а главната ѕвезда годинава ќе биде Калиопи, која ќе го затвори фестивалот.

The post Калиопи и „Суперхикс“ на 11. издание на „Џои фест“ appeared first on Република.

]]>

„Џои фест“ и годинава вообичаено, две вечери, но место на градскиот стадион журката се враќа на градскиот плоштад  на 23 и 24 август. По минатогодишниот јубилеј, за која журка се уште се зборува, оваа година на програмата ќе бидат застапени претежно домашни музички ѕвезди. Првата вечер, на 23 август ќе настапат „Суперхикс“ и „Конкверинг лајон“. Втората вечер, на 24 август фестивлот ќе го отворат „Кисити“, потоа ќе настапат „Парампарчад“, гостите од Црна Гора - „Бубњеви и пси“, а главната ѕвезда годинава ќе биде Калиопи, која ќе го затвори фестивалот.

The post Калиопи и „Суперхикс“ на 11. издание на „Џои фест“ appeared first on Република.

]]>
Кисела Вода и Суперхикс вечерва во паркот во Расадник заеднички слават роденден https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/kisela-voda-i-superhiks-vecherva-vo-parkot-vo-rasadnik-zaednichki-slavat-rodenden/ Sat, 29 Jun 2024 14:55:14 +0000 https://republika.mk/?p=791880

Општина Кисела Вода и “Суперхикс” вечeрва заеднички слават роденден! Големиот концерт кој ќе го заокружи Културното лето 2024, започнува во 19 часот и ќе трае до полноќ.

Од 19 часот, како предгрупи настапуваат групата “Ред 18” и “Ја, Дека и Зека” од Србија, по што следи концертот на “Суперхикс” и пријателите. “Суперхикс” кои годинава одбележуваат 30 години постоење неодамна во Кисела Вода го промовираа својот најнов албум “Сила и нервоза”. И новите песни и добро познатите хитови од нивната тридецениска работа вечерва ќе ечат од паркот Расадник, а влезот е бесплатен.

Покрај спомнатите предгрупи, како гости ќе настапат “Фолтин”, Дани Димитровска, Камерен оркестар Битола, Мите Димовски, Гоце САФ, “21 Век”, поранешни членови на “Суперхикс”. Настанот ќе има и хуманитарен карактер. Со картичка ќе може да се донира на штандот на Ecrowd.mk, кој е донациски сервис и единствената краудфандинг платформа, потписник на многу досегашни донации во Македонија.

Општина Кисела Вода која денес прославува 69 годишен јубилеј и понатаму ќе продолжи со поддршка на културата и македонските култни бендови и уметници.

Ве покануваме сите на голема роденденска журка!, велат од општината.

The post Кисела Вода и Суперхикс вечерва во паркот во Расадник заеднички слават роденден appeared first on Република.

]]>

Општина Кисела Вода и “Суперхикс” вечeрва заеднички слават роденден! Големиот концерт кој ќе го заокружи Културното лето 2024, започнува во 19 часот и ќе трае до полноќ. Од 19 часот, како предгрупи настапуваат групата “Ред 18” и “Ја, Дека и Зека” од Србија, по што следи концертот на “Суперхикс” и пријателите. “Суперхикс” кои годинава одбележуваат 30 години постоење неодамна во Кисела Вода го промовираа својот најнов албум “Сила и нервоза”. И новите песни и добро познатите хитови од нивната тридецениска работа вечерва ќе ечат од паркот Расадник, а влезот е бесплатен. Покрај спомнатите предгрупи, како гости ќе настапат “Фолтин”, Дани Димитровска, Камерен оркестар Битола, Мите Димовски, Гоце САФ, “21 Век”, поранешни членови на “Суперхикс”. Настанот ќе има и хуманитарен карактер. Со картичка ќе може да се донира на штандот на Ecrowd.mk, кој е донациски сервис и единствената краудфандинг платформа, потписник на многу досегашни донации во Македонија. Општина Кисела Вода која денес прославува 69 годишен јубилеј и понатаму ќе продолжи со поддршка на културата и македонските култни бендови и уметници. Ве покануваме сите на голема роденденска журка!, велат од општината.

The post Кисела Вода и Суперхикс вечерва во паркот во Расадник заеднички слават роденден appeared first on Република.

]]>
„Суперхикс“ на 16 април ќе го промовираат албумот „Сила и нервоза“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/superhiks-na-16-april-ke-go-promoviraat-albumot-sila-i-nervoza/ Mon, 15 Apr 2024 09:42:14 +0000 https://republika.mk/?p=766219

Во просториите на Домот на култура „Билјана Беличанец“ во скопската општина Кисела Вода на 16 април, вторник, од 12 часот, „Суперхикс“ ги покануваат сите на слушачка, а и малку свирачка промоција на новиот албум „Сила и нервоза“.

„Истиот е снимен во студио ‘ТРА ЛА ЛА’ на продуцентот Мите Димовски (освен СКАРАНТИН – Ненад Трифуновски) и веќе се наоѓа на цеде формат и на сите музички платформи. Наскоро го очекуваме и печатењето на винилот за истиот“, велат од бендот.

Од таму посочуваат дека „Суперхикс“ оваа година прославуваат 30 годишен јубилеј и ова е само една од активностите кои се подготвуваат.

„Секако, централната манифестација ќе се случи на 29 јуни, оваа година, во паркот кај салата Расадник каде ‘Суперхикс’ со поддршка од Општина Кисела Вода ќе одржат голем славенички концерт. Ве очекуваме!“, стои во поканата не бендот.

Инаку, „Суперхикс“ вчера го објавија и својот прв сингл, правен заедно со „Фолтин“, како најава за истоимениот албум – „Сила и нервоза“.

https://www.youtube.com/watch?v=I7yg9yb9nac&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fwww.radiomof.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post „Суперхикс“ на 16 април ќе го промовираат албумот „Сила и нервоза“ appeared first on Република.

]]>

Во просториите на Домот на култура „Билјана Беличанец“ во скопската општина Кисела Вода на 16 април, вторник, од 12 часот, „Суперхикс“ ги покануваат сите на слушачка, а и малку свирачка промоција на новиот албум „Сила и нервоза“. „Истиот е снимен во студио ‘ТРА ЛА ЛА’ на продуцентот Мите Димовски (освен СКАРАНТИН – Ненад Трифуновски) и веќе се наоѓа на цеде формат и на сите музички платформи. Наскоро го очекуваме и печатењето на винилот за истиот“, велат од бендот. Од таму посочуваат дека „Суперхикс“ оваа година прославуваат 30 годишен јубилеј и ова е само една од активностите кои се подготвуваат. „Секако, централната манифестација ќе се случи на 29 јуни, оваа година, во паркот кај салата Расадник каде ‘Суперхикс’ со поддршка од Општина Кисела Вода ќе одржат голем славенички концерт. Ве очекуваме!“, стои во поканата не бендот. Инаку, „Суперхикс“ вчера го објавија и својот прв сингл, правен заедно со „Фолтин“, како најава за истоимениот албум – „Сила и нервоза“. https://www.youtube.com/watch?v=I7yg9yb9nac&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fwww.radiomof.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post „Суперхикс“ на 16 април ќе го промовираат албумот „Сила и нервоза“ appeared first on Република.

]]>
„Суперхикс“ одбележуваат 30 години постоење https://arhiva3.republika.mk/scena/superhiks-odbelezhuvaat-30-godini-postoene/ Wed, 06 Mar 2024 09:23:19 +0000 https://republika.mk/?p=751800

Суперхикс оваа година одбележуваат 30 години постоење. Првиот настап на бендот се случил во клубот Доорс, скопско Дебар Маало на 03.03.1994 година (истиот е документиран и запишан на една страница (импресии, листа на изведени нумери, опис на атмосфера) од страна на вокалистот на бендот.

Бендот сите овие 30 години активно работи, без поголеми паузи и слично. Зад себе имаат 6 студиски албуми од кои , последниот излегува за неполн месец: Бест Оф албум, Лајв албум, Демо ЕП (“Музика за весели и тажни 1999), Демо Касета (“Јодл” 1994) и повеќе демо и неиздадени снимки.

Суперхикс во овие први 30 години настапија со светски реномирани музички артисти како: Many Chao & Radio Bemba Sound System, House of Pain, Tito & Tarantula, Green Day, Faith No More,Morcheeba, Moloko, Kosheen, The Hives, Rico Rodriguez, Fishbone, 30 Seconds to Mars, Gogoll Bordello, Flogging Molly.

A од регионалните и домашните со: Мизар, Ласт Експедишн, Санаториум, Смат, Дени те Чува, Стринг Форсис, Фолтин, Конкеринг Лајон, KUD IDIJOTI, Hladno Pivo, Partibrejkers, The Jinx, Rambo Amadeus, Električni Orgazam, TBF, Elvis Jackson, Pridigarji, WICKEDA, Popa Sapca, Dino Merlin, Звонко Богдан, Шабан Бајрамовиќ, Кочани Оркестра, Серчук Оркестра, Гоце Арнаудов, Ферус Мустафов, Благица Павловска.

Зад себе имаат десетици турнеи на кои посетиле и отсвиреле концерти (фестивали во клубови) во над 18 земји (Италија, Швајцарија, Чешка, Словачка, Франција, Унгарија, Романија итн.) На некои од овие концерти имале и до 15 000 посетители.

Суперхикс беа: Зоран Жежов-Кечо, Боули, Живко Шулинчевски, Лазар Дарковски, Коста Велков, Ивица Ивановски – Папак, Горан Папаз, Симе Златков, Стефан Алексовски – Цефо, Пере Мелов,Славе Спировски, Петар Колев и почесниот член – Димитар Тодоровски- Диме Труба. Денес бендот го сочинуваат: Петар Младеновски, Борис Минов, Дарко Попов, Александар Спасовски – Жути, Бранко Илиевски, Гоце Лалков, Валентим Видовиќ. Во план е и изработка на документарец за првите 30, изложба на плакати и фотографии од турнеи и настапи низ годините, акустик сесија, промоција на новиот албум на платформи(подоцна и на винил) , спот за најновата соработка со Фолтинци.

The post „Суперхикс“ одбележуваат 30 години постоење appeared first on Република.

]]>

Суперхикс оваа година одбележуваат 30 години постоење. Првиот настап на бендот се случил во клубот Доорс, скопско Дебар Маало на 03.03.1994 година (истиот е документиран и запишан на една страница (импресии, листа на изведени нумери, опис на атмосфера) од страна на вокалистот на бендот. Бендот сите овие 30 години активно работи, без поголеми паузи и слично. Зад себе имаат 6 студиски албуми од кои , последниот излегува за неполн месец: Бест Оф албум, Лајв албум, Демо ЕП (“Музика за весели и тажни 1999), Демо Касета (“Јодл” 1994) и повеќе демо и неиздадени снимки. Суперхикс во овие први 30 години настапија со светски реномирани музички артисти како: Many Chao & Radio Bemba Sound System, House of Pain, Tito & Tarantula, Green Day, Faith No More,Morcheeba, Moloko, Kosheen, The Hives, Rico Rodriguez, Fishbone, 30 Seconds to Mars, Gogoll Bordello, Flogging Molly. A од регионалните и домашните со: Мизар, Ласт Експедишн, Санаториум, Смат, Дени те Чува, Стринг Форсис, Фолтин, Конкеринг Лајон, KUD IDIJOTI, Hladno Pivo, Partibrejkers, The Jinx, Rambo Amadeus, Električni Orgazam, TBF, Elvis Jackson, Pridigarji, WICKEDA, Popa Sapca, Dino Merlin, Звонко Богдан, Шабан Бајрамовиќ, Кочани Оркестра, Серчук Оркестра, Гоце Арнаудов, Ферус Мустафов, Благица Павловска. Зад себе имаат десетици турнеи на кои посетиле и отсвиреле концерти (фестивали во клубови) во над 18 земји (Италија, Швајцарија, Чешка, Словачка, Франција, Унгарија, Романија итн.) На некои од овие концерти имале и до 15 000 посетители. Суперхикс беа: Зоран Жежов-Кечо, Боули, Живко Шулинчевски, Лазар Дарковски, Коста Велков, Ивица Ивановски – Папак, Горан Папаз, Симе Златков, Стефан Алексовски – Цефо, Пере Мелов,Славе Спировски, Петар Колев и почесниот член – Димитар Тодоровски- Диме Труба. Денес бендот го сочинуваат: Петар Младеновски, Борис Минов, Дарко Попов, Александар Спасовски – Жути, Бранко Илиевски, Гоце Лалков, Валентим Видовиќ. Во план е и изработка на документарец за првите 30, изложба на плакати и фотографии од турнеи и настапи низ годините, акустик сесија, промоција на новиот албум на платформи(подоцна и на винил) , спот за најновата соработка со Фолтинци.

The post „Суперхикс“ одбележуваат 30 години постоење appeared first on Република.

]]>
„Оставени се самите на себе, се движат каде сакаат и прават што сакаат“: Деликвенти од Дом за деца го нападнале синот на Пеце Суперхикс https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ostaveni-se-samite-na-sebe-se-dvizhat-kade-sakaat-i-pravat-shto-sakaat-delikventi-od-dom-za-detsa-go-napadnale-sinot-na-petse-superhiks/ Tue, 28 Mar 2023 11:11:51 +0000 https://republika.mk/?p=624615

Два дена се мислам дали да реагирам ама очигледно ова не смее да се премолчи, пишува Петар Младеновски од „Суперхикс“, кој преку „Фејсбук“ објави дека во неделата вечерта, некаде околу 21 часот, неговиот малолетен син бил нападнат додека играл сам кошарка на кошот во Парк Капиштец од страна на 4 малолетни лица на возраст од 12 до 16 години.

Прописно е исшамаран и исклоцан без никаква причина (оние кои не знаат од соседстото знаат многу добро колку мирно и повлечено дете е мојот син) а се обиделе и да му го украдат баскетот. Добивме повик од него дека е нападнат и веднаш се упатив кон местото на случката но таму јас не успеав да ги затекнам. Трчајќи во правец на катната гаража кај Беверли Хилс истите беа препознаени од син ми и успеав некако да фатам и задржам еден од нив по што мирно и спокојно дојдоа и останатите по што повикавме полиција. Немаа никаков проблем да останат и да не избегаат(хм...)
Морам да признаам дека полицијата (станица Беко, 2-ца од интервентна и подоцна 3-ца во униформа) бргу реагираа и се појавија на местото каде бевме, раскажува Младеновски.

Вели -  тука следува изненадувањето!

Од полицајците добивмо инфо дека ова се веќе познати малолетни деликвенти и сторители на десетици дела..но, дека истите се штитеници од Домот за деца ( од она што подоцна го дознав, деца со девијантно и проблематично однесување) за кој искрен да бидам прв пат слушам иако живеам на неполни 700м од куќата, “25 Мај“ кој се наоѓа на улицата Елисие Поповски во близина на Водњанска и дека истите никако не можат кривично да одговараат за сторените дела ниту да бидат некако приведени.
Имено, истите се дел од некаков, ајде да го наречам “дом-куќа-семејство“ и живеат 6-мина во објектот (од вработените дознавам дека се сите проблематични и дела се вршат катадневно на територијата на Општина Центар и пошироко) и се по мој впечаток буквално ОСТАВЕНИ САМИ НА СЕБЕ и се движат каде сакаат и прават што сакаат. Исто така дознавам дека имаат и официјално назначени старатели ама истите се во Штип, Битола итн итн..и не знам на кој начин и по што се овие лица старатели на овие деца. Едноставно ништо не разбирам и ова е несфатливо.
Мојот син има последици од настанот и трауми кои ќе ги влече подолго време. Но ние ќе продолжиме со пријава на делото во полиција и со прибирање на сите извештаи од лекари, психијатри итн (иако е веќе дадена и изјавата ама реакција нема никаква за жал, барем за сега..) и со преземање на сите можни дејствија за расчистување на случајот и некаква реакција овие малолетнички банди кои очигледно оперираат подолго време низ Центар да се стават под некаква контрола бидејќи ова ќе им се случува и на останатите од соседтсвото и нема тука да запре. Едноствано овие деца ама НИКОЈ НЕ ГИ КОНТРОЛИРА. Не знам каков живот ги чека искрено, ама ова не е во ред и е тажно и за нив, пишува Младеновски, кој објави и фотографии од напаѓачите.

Тој додава дека ја исконтактирал и директорката на Домот, а добил повик и од кабинетот на министерката Јована Тренчевска.

Верувам и лично ќе се заинтересира за случајов и оваа не баш пријатна состојба и самата ќе се запознае со случајот и реагира. Би сакал со случајот да бидат запознаени (бидејќи ова веќе станува опасно, Капиштец станува Бронкс а важеше за една од најмирните населби некогаш) Општина Центар и Горан Герасимовски.
Очекуваме помош и од полицијата и од сите кои се надлежни да постапат по ова.
Не се чувствуваме безбедни во сопствената населба и Паркот Капиштец. Ова не е прв инцидент. Се намножија низ годините. Реакцијата е млака или ја нема воопшто.
Драги соседи бидете внимателни и чувајте ги вашите деца и себе!, пишува Младеновски.

 

The post „Оставени се самите на себе, се движат каде сакаат и прават што сакаат“: Деликвенти од Дом за деца го нападнале синот на Пеце Суперхикс appeared first on Република.

]]>

Два дена се мислам дали да реагирам ама очигледно ова не смее да се премолчи, пишува Петар Младеновски од „Суперхикс“, кој преку „Фејсбук“ објави дека во неделата вечерта, некаде околу 21 часот, неговиот малолетен син бил нападнат додека играл сам кошарка на кошот во Парк Капиштец од страна на 4 малолетни лица на возраст од 12 до 16 години.
Прописно е исшамаран и исклоцан без никаква причина (оние кои не знаат од соседстото знаат многу добро колку мирно и повлечено дете е мојот син) а се обиделе и да му го украдат баскетот. Добивме повик од него дека е нападнат и веднаш се упатив кон местото на случката но таму јас не успеав да ги затекнам. Трчајќи во правец на катната гаража кај Беверли Хилс истите беа препознаени од син ми и успеав некако да фатам и задржам еден од нив по што мирно и спокојно дојдоа и останатите по што повикавме полиција. Немаа никаков проблем да останат и да не избегаат(хм...) Морам да признаам дека полицијата (станица Беко, 2-ца од интервентна и подоцна 3-ца во униформа) бргу реагираа и се појавија на местото каде бевме, раскажува Младеновски.
Вели -  тука следува изненадувањето!
Од полицајците добивмо инфо дека ова се веќе познати малолетни деликвенти и сторители на десетици дела..но, дека истите се штитеници од Домот за деца ( од она што подоцна го дознав, деца со девијантно и проблематично однесување) за кој искрен да бидам прв пат слушам иако живеам на неполни 700м од куќата, “25 Мај“ кој се наоѓа на улицата Елисие Поповски во близина на Водњанска и дека истите никако не можат кривично да одговараат за сторените дела ниту да бидат некако приведени. Имено, истите се дел од некаков, ајде да го наречам “дом-куќа-семејство“ и живеат 6-мина во објектот (од вработените дознавам дека се сите проблематични и дела се вршат катадневно на територијата на Општина Центар и пошироко) и се по мој впечаток буквално ОСТАВЕНИ САМИ НА СЕБЕ и се движат каде сакаат и прават што сакаат. Исто така дознавам дека имаат и официјално назначени старатели ама истите се во Штип, Битола итн итн..и не знам на кој начин и по што се овие лица старатели на овие деца. Едноставно ништо не разбирам и ова е несфатливо. Мојот син има последици од настанот и трауми кои ќе ги влече подолго време. Но ние ќе продолжиме со пријава на делото во полиција и со прибирање на сите извештаи од лекари, психијатри итн (иако е веќе дадена и изјавата ама реакција нема никаква за жал, барем за сега..) и со преземање на сите можни дејствија за расчистување на случајот и некаква реакција овие малолетнички банди кои очигледно оперираат подолго време низ Центар да се стават под некаква контрола бидејќи ова ќе им се случува и на останатите од соседтсвото и нема тука да запре. Едноствано овие деца ама НИКОЈ НЕ ГИ КОНТРОЛИРА. Не знам каков живот ги чека искрено, ама ова не е во ред и е тажно и за нив, пишува Младеновски, кој објави и фотографии од напаѓачите.
Тој додава дека ја исконтактирал и директорката на Домот, а добил повик и од кабинетот на министерката Јована Тренчевска.
Верувам и лично ќе се заинтересира за случајов и оваа не баш пријатна состојба и самата ќе се запознае со случајот и реагира. Би сакал со случајот да бидат запознаени (бидејќи ова веќе станува опасно, Капиштец станува Бронкс а важеше за една од најмирните населби некогаш) Општина Центар и Горан Герасимовски. Очекуваме помош и од полицијата и од сите кои се надлежни да постапат по ова. Не се чувствуваме безбедни во сопствената населба и Паркот Капиштец. Ова не е прв инцидент. Се намножија низ годините. Реакцијата е млака или ја нема воопшто. Драги соседи бидете внимателни и чувајте ги вашите деца и себе!, пишува Младеновски.
 

The post „Оставени се самите на себе, се движат каде сакаат и прават што сакаат“: Деликвенти од Дом за деца го нападнале синот на Пеце Суперхикс appeared first on Република.

]]>
„Суперхикс“ одбележуваат три децении постоење: Групата подготвува славје кое ќе кулминира во март следната година со голем концерт https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/superhiks-odbelezhuvaat-tri-detsenii-postoene-grupata-podgotvuva-slavje-koe-ke-kulminira-vo-mart-slednata-godina-so-golem-kontsert/ Fri, 03 Mar 2023 08:38:10 +0000 https://republika.mk/?p=615368

Некаде на крајот на 1993 година, од страна на тројца скопски другари била формирана групата Суперхикс. Сепак, за официјален датум по кој се води “роденденот“ на групата е земен 03.03.1994 година, денот кога Суперхикс во трио формација го имале својот прв настап во тогашниот дебармаалски клуб The Doors.

Сето останато е речиси тридецениска музичка историја полна со интересни приказни.

Денес Суперхикс полнат 29 години и почнуваат да ја ситнат 30-ката а по повод големиот јубилеј групата подготвува славје кое ќе кулминира во март следната година со голем концерт и многу гости. Велат дека наскоро на јавноста ќе и ги обелоденат сите детали.

Покрај "централната прослава" ова ќе биде и година на нов албум (се надеваме дека ќе имаме и винил на време), суперхиксовска изложба, акустик сесии, документарец, регрутација на младо членство (настапи низ училишта) и уште куп други активности. Да не биде не сме кажале на време.. имате една година! Ваша Банда Инструментале!, велат членовите од Суперхикс

Инаку Суперхикс во континуитет работат цели 30 години и во својата кариера сцената ја делеле со големи имиња од светската музичка сцена, како: Manu Chao and Radio Bemba Sound System, House of Pain, Green Day, Bad Religion, Faith No More, The HIVES, Gogol Bordello, Roots, Inner Circle, Fun Lovin Criminals (twice), Tito and Tarantula, Henry Rollins, Rico Rodriguez (The Specials)), 30 Seconds to Mars, Flogging Molly, Fishbone, Fun Da Mental, Morcheeba, Moloko, Gentleman, Napalm Death, Hladno Pivo, Let 3, Zemlja Groova, Kud Idijoti, Edo Maajka, Atheist Rap, Mizar и многу други.
Велат дека не успеваат да ги избројат сите настапи во Македонија и светот, имаат издадено 2
демо изданија (демо касета и ЕП), 5 студиски албуми и 1 компилациски (best of), еден албум во
живо, десетици компилациски учества и секако најновиот албум кој ќе пристигне годинава, а за кој веќе се пуштени во “промет“ сингловите „Добар Човек“, „Модерна Љубов“, „АНА“, „СКАрантин“, „Крута“..
Суперхикс, во своите 3 децении постоење, имаат добиено десетици награди на разни музички
манифестации во Македонија, но и регионално за: “концерт на годината“, “бенд на годината“,
“сингл на годината“, “група со трајни музички вредности“, “музичка константа“, “албум на
годината“ и сл.
Им го честитаме роденден на Суперхикс и им посакуваме уште 30 години успешна кариера.
Сигурни сме дека ова ќе биде нивна година и дека ќе ги израдуваат своите фанови со многу
настапи и со нивната препознатлива хикси енергија.

The post „Суперхикс“ одбележуваат три децении постоење: Групата подготвува славје кое ќе кулминира во март следната година со голем концерт appeared first on Република.

]]>

Некаде на крајот на 1993 година, од страна на тројца скопски другари била формирана групата Суперхикс. Сепак, за официјален датум по кој се води “роденденот“ на групата е земен 03.03.1994 година, денот кога Суперхикс во трио формација го имале својот прв настап во тогашниот дебармаалски клуб The Doors. Сето останато е речиси тридецениска музичка историја полна со интересни приказни. Денес Суперхикс полнат 29 години и почнуваат да ја ситнат 30-ката а по повод големиот јубилеј групата подготвува славје кое ќе кулминира во март следната година со голем концерт и многу гости. Велат дека наскоро на јавноста ќе и ги обелоденат сите детали.
Покрај "централната прослава" ова ќе биде и година на нов албум (се надеваме дека ќе имаме и винил на време), суперхиксовска изложба, акустик сесии, документарец, регрутација на младо членство (настапи низ училишта) и уште куп други активности. Да не биде не сме кажале на време.. имате една година! Ваша Банда Инструментале!, велат членовите од Суперхикс
Инаку Суперхикс во континуитет работат цели 30 години и во својата кариера сцената ја делеле со големи имиња од светската музичка сцена, како: Manu Chao and Radio Bemba Sound System, House of Pain, Green Day, Bad Religion, Faith No More, The HIVES, Gogol Bordello, Roots, Inner Circle, Fun Lovin Criminals (twice), Tito and Tarantula, Henry Rollins, Rico Rodriguez (The Specials)), 30 Seconds to Mars, Flogging Molly, Fishbone, Fun Da Mental, Morcheeba, Moloko, Gentleman, Napalm Death, Hladno Pivo, Let 3, Zemlja Groova, Kud Idijoti, Edo Maajka, Atheist Rap, Mizar и многу други. Велат дека не успеваат да ги избројат сите настапи во Македонија и светот, имаат издадено 2 демо изданија (демо касета и ЕП), 5 студиски албуми и 1 компилациски (best of), еден албум во живо, десетици компилациски учества и секако најновиот албум кој ќе пристигне годинава, а за кој веќе се пуштени во “промет“ сингловите „Добар Човек“, „Модерна Љубов“, „АНА“, „СКАрантин“, „Крута“.. Суперхикс, во своите 3 децении постоење, имаат добиено десетици награди на разни музички манифестации во Македонија, но и регионално за: “концерт на годината“, “бенд на годината“, “сингл на годината“, “група со трајни музички вредности“, “музичка константа“, “албум на годината“ и сл. Им го честитаме роденден на Суперхикс и им посакуваме уште 30 години успешна кариера. Сигурни сме дека ова ќе биде нивна година и дека ќе ги израдуваат своите фанови со многу настапи и со нивната препознатлива хикси енергија.

The post „Суперхикс“ одбележуваат три децении постоење: Групата подготвува славје кое ќе кулминира во март следната година со голем концерт appeared first on Република.

]]>
„Добар човек“ – нов сингл на „Суперхикс“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/dobar-chovek-nov-singl-na-superhiks/ Mon, 05 Dec 2022 11:12:45 +0000 https://republika.mk/?p=582127

„Добар човек“ е нов сингл на „Суперхикс“.

Заедно со синглот, „Суперхикс“ упатуваат апел и предлог до Министерството за здравство и сите останати релевантни установи да се субвенционираат сите антидепресиви и релаксирачко/смирувачки медикаменти.

Синглот е снимен во студио ТРА ЛА ЛА (Мите Димовски), музиката, текстот и аранжманот се на „Суперхикс“.

Видео анимацијата е авторско дело на младите Меланија Димоска и Александар Несторовски.

https://youtu.be/iHe7zPU27RY

The post „Добар човек“ – нов сингл на „Суперхикс“ appeared first on Република.

]]>

„Добар човек“ е нов сингл на „Суперхикс“. Заедно со синглот, „Суперхикс“ упатуваат апел и предлог до Министерството за здравство и сите останати релевантни установи да се субвенционираат сите антидепресиви и релаксирачко/смирувачки медикаменти. Синглот е снимен во студио ТРА ЛА ЛА (Мите Димовски), музиката, текстот и аранжманот се на „Суперхикс“. Видео анимацијата е авторско дело на младите Меланија Димоска и Александар Несторовски. https://youtu.be/iHe7zPU27RY

The post „Добар човек“ – нов сингл на „Суперхикс“ appeared first on Република.

]]>
Концерти на „Суперхикс“ во Софија и во Солун https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/koncerti-na-superhiks-vo-sofija-i-vo-solun/ Tue, 20 Sep 2022 10:27:55 +0000 https://republika.mk/?p=552538

Музичкиот состав најавува целовечерен соло концерт во култниот музички клуб "Строежа" на 21 септември во Софија на што следи и краток акустичен сет во "Catch A Fire shop" Софија, додека вториот настап е во Солун на 23 септември како дел од популарниот "Street Mode Festival" каде бината повторно ја делат со легендарните њујорчани "Fun Lovin' Criminals" по нивниот заеднички настап на Таксират, 2003 година.

Покрај Fun Lovin' Criminals на фестивалот настапуваат и планетарно популарните "Villagers of Ioannina City", "Deliquent Habits", "1000MODS", "Planet of Zeus" и уште многу други. Суперхикс ќе се претстават пред грчката публика со свој 50 минутен концерт.

Ова е само втор настап во 28-годишното постоење на Суперхикс во Грција по настапот пред 10 години на Balkan Festival, кој се одржа исто така во Солун.

Доколку планирате викенд во Солун, не прошуштајте ги Суперхикс на Street Mode Festival. https://www.streetmode.gr/

The post Концерти на „Суперхикс“ во Софија и во Солун appeared first on Република.

]]>

Музичкиот состав најавува целовечерен соло концерт во култниот музички клуб "Строежа" на 21 септември во Софија на што следи и краток акустичен сет во "Catch A Fire shop" Софија, додека вториот настап е во Солун на 23 септември како дел од популарниот "Street Mode Festival" каде бината повторно ја делат со легендарните њујорчани "Fun Lovin' Criminals" по нивниот заеднички настап на Таксират, 2003 година. Покрај Fun Lovin' Criminals на фестивалот настапуваат и планетарно популарните "Villagers of Ioannina City", "Deliquent Habits", "1000MODS", "Planet of Zeus" и уште многу други. Суперхикс ќе се претстават пред грчката публика со свој 50 минутен концерт. Ова е само втор настап во 28-годишното постоење на Суперхикс во Грција по настапот пред 10 години на Balkan Festival, кој се одржа исто така во Солун. Доколку планирате викенд во Солун, не прошуштајте ги Суперхикс на Street Mode Festival. https://www.streetmode.gr/

The post Концерти на „Суперхикс“ во Софија и во Солун appeared first on Република.

]]>
„Супехикс“ го објави новиот сингл насловен „Крута“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/supehiks-go-objavi-noviot-singl-nasloven-kruta/ Wed, 06 Jul 2022 08:29:36 +0000 https://republika.mk/?p=524660

„Суперхикс Банда Инструментале“ – бенд кој речиси 30 години ја пишува македонската музичка историја, го објави својот нов сингл насловен „Крута”.

Синглот е снимен во текот на јуни оваа година во студиото „ТРА ЛА ЛА“ на Мите Димовски, а е првиот од неколкуте нови синглови на „Суперхикс“ кои публиката со нетрпение ги чека.

Бендот го најави и новиот студиски албум кој треба да излезе наскоро, а во меѓувреме ги гледаме на концерти ширум Македонија.

https://www.youtube.com/watch?v=fkV89cGR7O8

The post „Супехикс“ го објави новиот сингл насловен „Крута“ appeared first on Република.

]]>

„Суперхикс Банда Инструментале“ – бенд кој речиси 30 години ја пишува македонската музичка историја, го објави својот нов сингл насловен „Крута”. Синглот е снимен во текот на јуни оваа година во студиото „ТРА ЛА ЛА“ на Мите Димовски, а е првиот од неколкуте нови синглови на „Суперхикс“ кои публиката со нетрпение ги чека. Бендот го најави и новиот студиски албум кој треба да излезе наскоро, а во меѓувреме ги гледаме на концерти ширум Македонија. https://www.youtube.com/watch?v=fkV89cGR7O8

The post „Супехикс“ го објави новиот сингл насловен „Крута“ appeared first on Република.

]]>