сунаи сабриоски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sunai-sabrioski/ За подобро да се разбереме Sat, 08 Jul 2023 09:26:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сунаи сабриоски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sunai-sabrioski/ 32 32 Сабриоски: Министре Меџити, па имате ли образ? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sabrioski-ministre-medhiti-pa-imate-li-obraz/ Sat, 08 Jul 2023 09:26:11 +0000 https://republika.mk/?p=659147

Министре Меџити, па имате ли образ?, остро реагира новинарот Сунаи Сабриоски, кој го прашува министерот за здравство ако Пехчевски, пациент со цистична фиброза, е шоумен прашањето ми е кој тоа го доведе Пехчевски да се претвори според вас во шоумен?

https://republika.mk/zivot/zdravje/za-medhiti-patsientot-shto-bara-lek-za-svojata-bolest-e-shoumen/

Министре Меџити, дали пациентите со ЦФ кои неколкупати протестираа се исто така според вас шоумени и дали на тие протести како и тој на Пехчевски гледате како на приредено шоу во кое пациентите молат за лек кој постои? Министре, добивте 78% покачена плата и фотелја, наместо да етикетирате пациенти седнете запотете ја таа удобна фотелја и дајте им го на овие пациенти тоа што го бараат за да продолжат да живеат! Какво недолично и ниско однесување во отсуство на конкретни одговори. Кога не ви одговараат новинарите ги ставате во кош на манипулативни и дрски, во недостиг на одговор фрлате камења со кои самите може да се погодите, ама како ќе се погодите кога сте презаштитени. Крајно одвратно е да се каже за било кој пациент, во случајов Игор Пехчевски дека правел шоу преку медиумите за јавноста! Од тоа, според вас шоу на Пехчевски, голем дел од јавноста дозна за проблемите на овие пациенти, транспарентот на Пехчевски САКАМЕ ТРИКАФТА беше одраз на неспособноста на севкупниот систем да им се даде тоа што впрочем го заслужуваат! Покрај тоа шоу за кое велите дека го приредил пациентот Пехчевски во февруари дознавме и за Благојче кој не напушти чекајќи да го дочека лекот! Ништо не добивате ако фрлате камења по овие пациенти, седнете и скратете си од удобноста и комфорот бидејќи Игор и останатите пациенти со ЦФ немало да се тоа што вие велите шоу за јавноста ако им биде дадено тоа што впрочем постои а е лек! Најмалку што можете е да им се извините на пациентите со цистична фиброза, за другото јавноста ќе ви пресуди! Министре размислете дека и вие и јас утре може да се претвориме, според вас, во шоумени и да молиме за помош и лек преку медиумите ама со кој образ ќе го направиме министре тоа ако претходно не сме помогнале на тие кои имале потреба од вас како министер и од нас како новинари? Борбата на Пехчевски е одраз на ова загноено општество потонато во комфор!, реагира Сабриоски.

The post Сабриоски: Министре Меџити, па имате ли образ? appeared first on Република.

]]>

Министре Меџити, па имате ли образ?, остро реагира новинарот Сунаи Сабриоски, кој го прашува министерот за здравство ако Пехчевски, пациент со цистична фиброза, е шоумен прашањето ми е кој тоа го доведе Пехчевски да се претвори според вас во шоумен? https://republika.mk/zivot/zdravje/za-medhiti-patsientot-shto-bara-lek-za-svojata-bolest-e-shoumen/
Министре Меџити, дали пациентите со ЦФ кои неколкупати протестираа се исто така според вас шоумени и дали на тие протести како и тој на Пехчевски гледате како на приредено шоу во кое пациентите молат за лек кој постои? Министре, добивте 78% покачена плата и фотелја, наместо да етикетирате пациенти седнете запотете ја таа удобна фотелја и дајте им го на овие пациенти тоа што го бараат за да продолжат да живеат! Какво недолично и ниско однесување во отсуство на конкретни одговори. Кога не ви одговараат новинарите ги ставате во кош на манипулативни и дрски, во недостиг на одговор фрлате камења со кои самите може да се погодите, ама како ќе се погодите кога сте презаштитени. Крајно одвратно е да се каже за било кој пациент, во случајов Игор Пехчевски дека правел шоу преку медиумите за јавноста! Од тоа, според вас шоу на Пехчевски, голем дел од јавноста дозна за проблемите на овие пациенти, транспарентот на Пехчевски САКАМЕ ТРИКАФТА беше одраз на неспособноста на севкупниот систем да им се даде тоа што впрочем го заслужуваат! Покрај тоа шоу за кое велите дека го приредил пациентот Пехчевски во февруари дознавме и за Благојче кој не напушти чекајќи да го дочека лекот! Ништо не добивате ако фрлате камења по овие пациенти, седнете и скратете си од удобноста и комфорот бидејќи Игор и останатите пациенти со ЦФ немало да се тоа што вие велите шоу за јавноста ако им биде дадено тоа што впрочем постои а е лек! Најмалку што можете е да им се извините на пациентите со цистична фиброза, за другото јавноста ќе ви пресуди! Министре размислете дека и вие и јас утре може да се претвориме, според вас, во шоумени и да молиме за помош и лек преку медиумите ама со кој образ ќе го направиме министре тоа ако претходно не сме помогнале на тие кои имале потреба од вас како министер и од нас како новинари? Борбата на Пехчевски е одраз на ова загноено општество потонато во комфор!, реагира Сабриоски.

The post Сабриоски: Министре Меџити, па имате ли образ? appeared first on Република.

]]>
ЗНМ во одбрана на новинарот Сунаи Сабриоски по навредите за неговиот стил на облекување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/znm-vo-odbrana-na-novinarot-sunai-sabrioski-po-navredite-za-negoviot-stil-na-oblekuvane/ Thu, 13 Apr 2023 18:59:56 +0000 https://republika.mk/?p=630696

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира на навредите кон новинарот Сунаи Сабриоски во колумната на Љубомир Костовски објавена на порталот „Цивил медија“ под наслов „Медиумите на кратко јаже со центарот на лагите”. Од таму ги осудуваат навреди на лична основа, а во врска со изглед и стилот на облекување на новинарот на „ТВ24“. На овој начин, велат, во колумната се прави обид за негова и за дискредитација на медиумот во кој тој работи.

„Укажуваме дека слободата на изразување потребно е да се промовира и негува како една од најважните човекови права, но истовремено потребно е да се знае дека остварувањата на овие слободи вклучуваат обврски и одговорности. Неспорно е правото на јавна критика, но критикувањето на физички изглед или стил е крајно омаловажувачко и непристојно. Освен ова, Костовски во својата објава додава: „Другите телевизии даваа граѓани кои едноставно оделе во Тинекс и други шопинг центри каде цените – јасно кажаа – се замрзнати. Е, тоа е разликата која чисто покажува дека ТВ 24 е најизразениот идеолошки јаничар на овдешната ТВ сцена“.

Објавување на ваков тип на содржина за колегата Сабриоски, но и користење на ваков вокабулар кон кој било медиум, може да поттикне говор на омраза од страна на трети лица. Омразата директно може да ја загрози безбедноста на новинарите и останати поединци со што кривична одговорност освен сторителите, имаат и оние кои ги поттикнале делата од омраза.

Уредничкиот тим на овој медиум не смее да се затскрива зад правото на став и колумна на своите соработници и тие имаат обврска да укажат кога со одредени написи може да се загрозат туѓи права, како што се во случајов правата на колегата Сабриоски, но и правата на потенцијално други медиумски работници од оваа телевизија.

Оттука, го повикуваме авторот на текстот Љубомир Костовски и уредникот на онлајн медиумот „Цивил медија“ јавно да му се извинат на колегата од „ТВ24“ Сунаи Сабриоски“, се вели во реакцијата од Здружението на новинарите.

The post ЗНМ во одбрана на новинарот Сунаи Сабриоски по навредите за неговиот стил на облекување appeared first on Република.

]]>

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира на навредите кон новинарот Сунаи Сабриоски во колумната на Љубомир Костовски објавена на порталот „Цивил медија“ под наслов „Медиумите на кратко јаже со центарот на лагите”. Од таму ги осудуваат навреди на лична основа, а во врска со изглед и стилот на облекување на новинарот на „ТВ24“. На овој начин, велат, во колумната се прави обид за негова и за дискредитација на медиумот во кој тој работи.
„Укажуваме дека слободата на изразување потребно е да се промовира и негува како една од најважните човекови права, но истовремено потребно е да се знае дека остварувањата на овие слободи вклучуваат обврски и одговорности. Неспорно е правото на јавна критика, но критикувањето на физички изглед или стил е крајно омаловажувачко и непристојно. Освен ова, Костовски во својата објава додава: „Другите телевизии даваа граѓани кои едноставно оделе во Тинекс и други шопинг центри каде цените – јасно кажаа – се замрзнати. Е, тоа е разликата која чисто покажува дека ТВ 24 е најизразениот идеолошки јаничар на овдешната ТВ сцена“. Објавување на ваков тип на содржина за колегата Сабриоски, но и користење на ваков вокабулар кон кој било медиум, може да поттикне говор на омраза од страна на трети лица. Омразата директно може да ја загрози безбедноста на новинарите и останати поединци со што кривична одговорност освен сторителите, имаат и оние кои ги поттикнале делата од омраза. Уредничкиот тим на овој медиум не смее да се затскрива зад правото на став и колумна на своите соработници и тие имаат обврска да укажат кога со одредени написи може да се загрозат туѓи права, како што се во случајов правата на колегата Сабриоски, но и правата на потенцијално други медиумски работници од оваа телевизија. Оттука, го повикуваме авторот на текстот Љубомир Костовски и уредникот на онлајн медиумот „Цивил медија“ јавно да му се извинат на колегата од „ТВ24“ Сунаи Сабриоски“, се вели во реакцијата од Здружението на новинарите.

The post ЗНМ во одбрана на новинарот Сунаи Сабриоски по навредите за неговиот стил на облекување appeared first on Република.

]]>
Сабриоски: Тој што пробал да го прекине процесот на пирејот веројатно ќе се соочи со бодликава жица https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sabrioski-toj-shto-probal-da-go-prekine-procesot-na-pirejot-verojatno-kje-se-soochi-so-bodlikava-zica/ Sat, 02 Jul 2022 21:30:09 +0000 https://republika.mk/?p=522885

Новинарот Сунаи Сабриоски верува дека оној што се обидел да му го прегази достоинството на еден народ, ќе се боцне на бодликава жица или кактус. Народот си ја знае вредноста околу која се врзува и вирее како пиреј со години, вели Сабриоски непросредно пред почетокот на протестот во Скопје.

Нема таква сила што може да го прегази достоинството на еден народ. Можеби не прочитале редици книги но си ја знаат вредноста за која се врзуваат, како пиреј во процес кој опстојува со години во различни услови но сепак е пиреј. И кога власта ќе ја изгуби довербата кај граѓаните залудно ќе и бидат било какви "смирувачки" тонови бидејќи насобраното под тепих нараснало до степен на нетрпеливост. Тој што пробал да го прекине процесот на пирејот веројатно ќе се соочи со бодликава жица или кактус. Не џабе рекле старите: Колку е долга чергичката толку нозете ќе си ги пуштите! – напиша Сабриоски на својот ФБ профил.

The post Сабриоски: Тој што пробал да го прекине процесот на пирејот веројатно ќе се соочи со бодликава жица appeared first on Република.