сухои Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/suhoi/ За подобро да се разбереме Thu, 04 Aug 2022 08:34:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сухои Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/suhoi/ 32 32 Mинистерството за одбрана не потврдува дали на Украина и дадовме четири Сухои https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/miniterstvoto-za-odbrana-ne-potvrduva-dali-na-ukraina-i-dadovme-chetiri-suhoi/ Thu, 04 Aug 2022 08:14:55 +0000 https://republika.mk/?p=536622

Министерството за одбрана засега не потврдува дали на Украина и се испратени четири авиони „СУ-25“.

– Точните детали за сите три одлуки, нивната содржина и објаснување ќе бидат декласифицирани и транспарентно објавени. Со досега донесените одлуки не се нарушува борбената готовност на нашата армија, наведуваат од Министерството за одбрана за МИА.

Дел од медиумите објавија дека четирите воени авиони „СУ-25“ што Македонија ги набави од Украина за време на конфликтот во 2001 година, деновиве му се донирани на Киев.

Претходно, Македонија и донираше тенкови Т -72 на Украина.

На тоа реагираше официјална Москва. Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова вчера изјави дека донацијата е голема грешка на властите во Скопје „со што придонесува за продолжување на криминална активност на режимот во Киев против цивилното население во Донбас“.

Со контрареакција на изјавата на Захарова, вчера со заедничко соопштение излегоа министерствата за надворешни работи и за одбрана на РСМ.

-Република Македонија е суверена држава која одлуките ги носи самостојно водејќи се од принципите на почитување на меѓународното право, Повелбата на ООН, принципите и заложбите на ОБСЕ за заштита на европската безбедносна архитектура и глобалната стабилност. Македонија уште од самиот почеток ја осуди воената интервенција во Украина и застана во поддршка на територијалниот интегритет, суверенитет и независнот на Украина, а пред се во поддршка на мирот, човековите права и меѓународниот поредок заснован на правила. Имено, досега, Владата на Република Македонија донесе неколку Одлуки за воено – техничка помош со кои и помагаме на Украина во одбрана на својот територијален интегритет кој е загрозен од воената интервенција, се посочува во соопштението. 

Република Македонија, се додава понатаму, како членка на најмоќниот воено – политички сојуз – НАТО Алијансата, одлучно стои зад позицијата и решителноста на Алијансата да биде гарант на мирот и безбедноста на своите земји – членки и да ги штити вредностите, слободата и безбедноста на сегашните и идните генерации

The post Mинистерството за одбрана не потврдува дали на Украина и дадовме четири Сухои appeared first on Република.

]]>

Министерството за одбрана засега не потврдува дали на Украина и се испратени четири авиони „СУ-25“. – Точните детали за сите три одлуки, нивната содржина и објаснување ќе бидат декласифицирани и транспарентно објавени. Со досега донесените одлуки не се нарушува борбената готовност на нашата армија, наведуваат од Министерството за одбрана за МИА. Дел од медиумите објавија дека четирите воени авиони „СУ-25“ што Македонија ги набави од Украина за време на конфликтот во 2001 година, деновиве му се донирани на Киев. Претходно, Македонија и донираше тенкови Т -72 на Украина. На тоа реагираше официјална Москва. Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова вчера изјави дека донацијата е голема грешка на властите во Скопје „со што придонесува за продолжување на криминална активност на режимот во Киев против цивилното население во Донбас“. Со контрареакција на изјавата на Захарова, вчера со заедничко соопштение излегоа министерствата за надворешни работи и за одбрана на РСМ.
-Република Македонија е суверена држава која одлуките ги носи самостојно водејќи се од принципите на почитување на меѓународното право, Повелбата на ООН, принципите и заложбите на ОБСЕ за заштита на европската безбедносна архитектура и глобалната стабилност. Македонија уште од самиот почеток ја осуди воената интервенција во Украина и застана во поддршка на територијалниот интегритет, суверенитет и независнот на Украина, а пред се во поддршка на мирот, човековите права и меѓународниот поредок заснован на правила. Имено, досега, Владата на Република Македонија донесе неколку Одлуки за воено – техничка помош со кои и помагаме на Украина во одбрана на својот територијален интегритет кој е загрозен од воената интервенција, се посочува во соопштението. 
Република Македонија, се додава понатаму, како членка на најмоќниот воено – политички сојуз – НАТО Алијансата, одлучно стои зад позицијата и решителноста на Алијансата да биде гарант на мирот и безбедноста на своите земји – членки и да ги штити вредностите, слободата и безбедноста на сегашните и идните генерации

The post Mинистерството за одбрана не потврдува дали на Украина и дадовме четири Сухои appeared first on Република.

]]>
Од кај дојдоа, таму се вратија: По тенковите Македонија ѝ ги подари и „сухоите“ на Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-kaj-dojdoa-tamu-se-vratija-po-tenkovite-makedonija-gi-podari-i-suhoite-na-ukraina/ Thu, 04 Aug 2022 07:23:04 +0000 https://republika.mk/?p=536594

Четирите воени авиони „СУ-25“ што Македонија за време на конфликтот во 2001 година ги купи од Украина за четири милиони евра деновиве ѝ се донирани на Украина пишува порталот МКД.мк. Од Министерството за одбрана не ја демантираат информација објавена, ниту пак ја потвррдуваат. Станува збор за авионите што Македонија планираше да ги продаде уште во 2004 година.

Како што наведува објавената информација, Министерството за одбрана одговорило дека точните детали за сите три одлуки, нивната содржина и објаснување ќе бидат декласифицирани и транспарентно објавени во деновите што следат. Со досега донесените одлуки не се нарушува борбената готовност на македонската армија, стои во објавата на МО.

Деновиве, по објавувањето на фотографии од тенкови натоварени на камиони, Министерството за одбрана едноставно беше принудено да ја потврди информацијата за донацијата на тенкови на Украина. МО потврди дека снимките што се појавија на социјалните мрежи, на кои се гледа транспорт на тенкови, се автентични и дека се работи за тенкови што Македонија ги испраќа како донација за Украина.

Се работи за тенкови што се дел од тенковскиот баталјон на Армијата за кој е планирано да биде расформиран. Станува збор за трета генерација тенкови, кои со развојот на технологијата за неколку години би биле неконкурентни и некомпатибилни со нашите побарувања за снабдување со западна платформа”, – информираше Министерството за одбрана македонската јавност на 28 јули.

Инаку за време на конфликтот во Македонија, во јуни 2001 година Македонија купи четири бопбени авиони „сухој СУ-25“ од Украина, три едноседи и еден двосед. Авионите се конструирани за блиска поддршка на пешадијата, а за време на конфликтот имаа неколку бопбени летови како поддршка на копнените дејцтва на безбедносните македонски сили.

 

The post Од кај дојдоа, таму се вратија: По тенковите Македонија ѝ ги подари и „сухоите“ на Украина appeared first on Република.

]]>

Четирите воени авиони „СУ-25“ што Македонија за време на конфликтот во 2001 година ги купи од Украина за четири милиони евра деновиве ѝ се донирани на Украина пишува порталот МКД.мк. Од Министерството за одбрана не ја демантираат информација објавена, ниту пак ја потвррдуваат. Станува збор за авионите што Македонија планираше да ги продаде уште во 2004 година. Како што наведува објавената информација, Министерството за одбрана одговорило дека точните детали за сите три одлуки, нивната содржина и објаснување ќе бидат декласифицирани и транспарентно објавени во деновите што следат. Со досега донесените одлуки не се нарушува борбената готовност на македонската армија, стои во објавата на МО. Деновиве, по објавувањето на фотографии од тенкови натоварени на камиони, Министерството за одбрана едноставно беше принудено да ја потврди информацијата за донацијата на тенкови на Украина. МО потврди дека снимките што се појавија на социјалните мрежи, на кои се гледа транспорт на тенкови, се автентични и дека се работи за тенкови што Македонија ги испраќа како донација за Украина. Се работи за тенкови што се дел од тенковскиот баталјон на Армијата за кој е планирано да биде расформиран. Станува збор за трета генерација тенкови, кои со развојот на технологијата за неколку години би биле неконкурентни и некомпатибилни со нашите побарувања за снабдување со западна платформа”, – информираше Министерството за одбрана македонската јавност на 28 јули. Инаку за време на конфликтот во Македонија, во јуни 2001 година Македонија купи четири бопбени авиони „сухој СУ-25“ од Украина, три едноседи и еден двосед. Авионите се конструирани за блиска поддршка на пешадијата, а за време на конфликтот имаа неколку бопбени летови како поддршка на копнените дејцтва на безбедносните македонски сили.  

The post Од кај дојдоа, таму се вратија: По тенковите Македонија ѝ ги подари и „сухоите“ на Украина appeared first on Република.

]]>