суфицит Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/suficit/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Nov 2024 14:25:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png суфицит Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/suficit/ 32 32 Конечно охрабрувачки економски показатели: Премиерот објави дека октомври е завршен со суфицит https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/konechno-ohrabruvachki-ekonomski-pokazateli-premierot-objavi-deka-oktomvri-e-zavrshen-so-sufitsit/ Fri, 01 Nov 2024 14:25:53 +0000 https://republika.mk/?p=833187

Конечно, по подолг период, Македонија може да се пофали со охрабрувачки економски показатели.

Имено, како што обелодени денеска  на брифинг со новинарите премиерот Христијан Мицкоски, октомври е завршен со суфицит од над милијарда евра.

Наплатата се одвива одлично, но за жал тешко е да се извади државата од дното на кое ја однесе власта на СДСМ и ДУИ, кога биле правени многу малверзации - соопшти премиерот.

The post Конечно охрабрувачки економски показатели: Премиерот објави дека октомври е завршен со суфицит appeared first on Република.

]]>

Конечно, по подолг период, Македонија може да се пофали со охрабрувачки економски показатели. Имено, како што обелодени денеска  на брифинг со новинарите премиерот Христијан Мицкоски, октомври е завршен со суфицит од над милијарда евра.
Наплатата се одвива одлично, но за жал тешко е да се извади државата од дното на кое ја однесе власта на СДСМ и ДУИ, кога биле правени многу малверзации - соопшти премиерот.

The post Конечно охрабрувачки економски показатели: Премиерот објави дека октомври е завршен со суфицит appeared first on Република.

]]>
ЕУ во вториот квартал на 2023 оствари трговски суфицит од една милијарда евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/eu-vo-vtoriot-kvartal-na-2023-ostvari-trgovski-sufitsit-od-edna-milijarda-evra/ Mon, 28 Aug 2023 11:56:33 +0000 https://republika.mk/?p=676594

По шест последователни квартали на дефицит, трговскиот биланс на ЕУ во второто тримесечје од оваа година бележи суфицит од една милијарда евра, пред се благодарение на падот на цените на енергенсите, соопшти Европската статистичка агенција - Евростат.

Според податоците на Евростат, извозот од ЕУ во вториот овогодишен квартал се намалил за два отсто, а увозот за 3,5 проценти, што резултири со остварениот суфицит. Во вториот квратал лани ЕУ заебележа дефицит во трговската размена од 155 милијарди евра, што претставуваше највисоко ниво на дефицит од 2019 година.

Како што јави специјалниот исвестувач на МИА од Брисел, намалувањето на обемот на увозот во вториот квартал од 2023 година се должи на намалувањето со цените на енергенсите за 15,6 отсто и на суровините за 10,9 проценти споредено со првото тримесечје од годинава.

Во делот на извозот, најголемо намалување има во секторот енергија за 22,5 отсто и во сферата на суровините од 9,3 проценти. Инаку, пад на извозот во периодот април – јуни 2023 година се бележи во сите сектори во ЕУ, освен во секторот машини и возила, каде е остварен раст од 2,5 отсто.

Во овој сектор трговската размена се зголеми трет квартал по ред и достигна 52,4 милијарди евра, што сепак се уште е далеку од рекордната вредност од 60,7 милијарди евра остварена во првото тримесечје во 2019 година.

Гледано по сектори, во вториот овогодишен квартал најголем трговски суфицит ЕУ оствари во секторите хемикалии од 48,5 милијарди евра и храна, пијалоци и тутун од 15,6 милијарди. Во секторот енергија пак се бележи намалување на дефицитот од 115,3 милијарди евра во првиот на 100,0 милијарди евра во вториот квартал од годината.

The post ЕУ во вториот квартал на 2023 оствари трговски суфицит од една милијарда евра appeared first on Република.

]]>

По шест последователни квартали на дефицит, трговскиот биланс на ЕУ во второто тримесечје од оваа година бележи суфицит од една милијарда евра, пред се благодарение на падот на цените на енергенсите, соопшти Европската статистичка агенција - Евростат. Според податоците на Евростат, извозот од ЕУ во вториот овогодишен квартал се намалил за два отсто, а увозот за 3,5 проценти, што резултири со остварениот суфицит. Во вториот квратал лани ЕУ заебележа дефицит во трговската размена од 155 милијарди евра, што претставуваше највисоко ниво на дефицит од 2019 година. Како што јави специјалниот исвестувач на МИА од Брисел, намалувањето на обемот на увозот во вториот квартал од 2023 година се должи на намалувањето со цените на енергенсите за 15,6 отсто и на суровините за 10,9 проценти споредено со првото тримесечје од годинава. Во делот на извозот, најголемо намалување има во секторот енергија за 22,5 отсто и во сферата на суровините од 9,3 проценти. Инаку, пад на извозот во периодот април – јуни 2023 година се бележи во сите сектори во ЕУ, освен во секторот машини и возила, каде е остварен раст од 2,5 отсто. Во овој сектор трговската размена се зголеми трет квартал по ред и достигна 52,4 милијарди евра, што сепак се уште е далеку од рекордната вредност од 60,7 милијарди евра остварена во првото тримесечје во 2019 година. Гледано по сектори, во вториот овогодишен квартал најголем трговски суфицит ЕУ оствари во секторите хемикалии од 48,5 милијарди евра и храна, пијалоци и тутун од 15,6 милијарди. Во секторот енергија пак се бележи намалување на дефицитот од 115,3 милијарди евра во првиот на 100,0 милијарди евра во вториот квартал од годината.

The post ЕУ во вториот квартал на 2023 оствари трговски суфицит од една милијарда евра appeared first on Република.

]]>
Во јуни еврозоната забележа трговски суфицит од 23 милијарди евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-juni-evrozonata-zabelezha-trgovski-sufitsit-od-23-milijardi-evra/ Thu, 17 Aug 2023 14:31:02 +0000 https://republika.mk/?p=673113

Еврозоната забележа трговски суфицит од 23 милијарди евра во јуни, објави денеска Евростат.

Според првата прелиминарна проценка, еврозоната во јуни извезла стоки за 252,3 милијарди евра, 0,3 отсто повеќе во споредба со минатиот јуни, а увезла стоки за 229,3 милијарди евра што е за 17,7 отсто помалку отколку во јуни минатата година.

Во истиот период ЕУ забележа суфицит од 24,6 милијарди евра.

The post Во јуни еврозоната забележа трговски суфицит од 23 милијарди евра appeared first on Република.

]]>

Еврозоната забележа трговски суфицит од 23 милијарди евра во јуни, објави денеска Евростат. Според првата прелиминарна проценка, еврозоната во јуни извезла стоки за 252,3 милијарди евра, 0,3 отсто повеќе во споредба со минатиот јуни, а увезла стоки за 229,3 милијарди евра што е за 17,7 отсто помалку отколку во јуни минатата година. Во истиот период ЕУ забележа суфицит од 24,6 милијарди евра.

The post Во јуни еврозоната забележа трговски суфицит од 23 милијарди евра appeared first on Република.

]]>
Русија бележи рекорден суфицит во трговската размена со странство https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-belezi-rekorden-suficit-vo-trgovskata-razmena-so-stranstvo/ Tue, 12 Jul 2022 08:54:02 +0000 https://republika.mk/?p=527401

Суфицитот во салдото од тековните плаќања на Русија за вториот квартал на оваа година достигнал рекордни 70,1 милијарда долари.

Тоа е последица на растечките приходи од извозот на енергенси и други стоки, како и намалувањето на извозот предизвикано од наметнатите санкции поради инвазијата врз Украина.

Според податоците на Централната банка на Русија, тоа е најголемиот суфицит на руската тековна сметка од 1994 година. Салдото на тековната сметка е најширокиот показател за состојбата во трговијата со стоки и услуги.

За вишокот најмногу придонел колапсот на увозот предизвикан од санкциите, што се смета клучно за економски спас на Русија, во услови кога САД и нивните сојузници се обидуваат да го изолираат руското стопанство.

Според Руската централна банка, вкупниот суфицит на тековната сметка на Русија за првите шест месеци од 2022 година достигнал 138,5 милијарди долари.

Вкупниот износ на извозот од Русија во второто тромесечие годинава изнесува 153,1 милијарди долари, што е нешто помалку споредбено на 166,4-те милијарди долари забележани во првиот квартал.

Податоците на Банката на Русија уште покажуваат дека и увозот се намалил во периодот април-јуни на 72,3 милијарди долари од 88,7 милијарди претходните три месеци.

Растечкиот суфицит на тековната сметка, во комбинација со строгите контроли на капиталот што ја ограничуваат побарувачката за девизи, и помогнаа на рубљата да стане валута со најдобри перформанси оваа година меѓу конкурентските економии во развој.

The post Русија бележи рекорден суфицит во трговската размена со странство appeared first on Република.

]]>

Суфицитот во салдото од тековните плаќања на Русија за вториот квартал на оваа година достигнал рекордни 70,1 милијарда долари. Тоа е последица на растечките приходи од извозот на енергенси и други стоки, како и намалувањето на извозот предизвикано од наметнатите санкции поради инвазијата врз Украина. Според податоците на Централната банка на Русија, тоа е најголемиот суфицит на руската тековна сметка од 1994 година. Салдото на тековната сметка е најширокиот показател за состојбата во трговијата со стоки и услуги. За вишокот најмногу придонел колапсот на увозот предизвикан од санкциите, што се смета клучно за економски спас на Русија, во услови кога САД и нивните сојузници се обидуваат да го изолираат руското стопанство. Според Руската централна банка, вкупниот суфицит на тековната сметка на Русија за првите шест месеци од 2022 година достигнал 138,5 милијарди долари. Вкупниот износ на извозот од Русија во второто тромесечие годинава изнесува 153,1 милијарди долари, што е нешто помалку споредбено на 166,4-те милијарди долари забележани во првиот квартал. Податоците на Банката на Русија уште покажуваат дека и увозот се намалил во периодот април-јуни на 72,3 милијарди долари од 88,7 милијарди претходните три месеци. Растечкиот суфицит на тековната сметка, во комбинација со строгите контроли на капиталот што ја ограничуваат побарувачката за девизи, и помогнаа на рубљата да стане валута со најдобри перформанси оваа година меѓу конкурентските економии во развој.

The post Русија бележи рекорден суфицит во трговската размена со странство appeared first on Република.

]]>
Русија под санкции дојде до најголем суфицит од 1994 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-pod-sankcii-dojde-do-najgolem-suficit-od-1994-godina/ Tue, 12 Apr 2022 09:13:59 +0000 https://republika.mk/?p=487227

Во првиот квартал од оваа година Русија забележува најголем суфицит на тековната сметка од 1994 година, бидејќи приходите од извозот на нафта и гас се зголемија, а увозот се намали откако САД и нивните сојузници воведоа санкции поради руската воена акција во Украина.

Овие приходи се клучен руски извор на цврста валута за време на војната и им овозможуваат на властите да плаќаат за увозот, да ја поддржуваат економијата и да ја вратат довербата во рубљата, наведува агенцијата „Блумберг“.

Суфицитот на тековната сметка на Русија, како најширока мерка за трговските и инвестициските текови, достигна 58,2 милијарди долари минатиот квартал, што е двојно повеќе од 22,5 милијарди долари пријавени една година претходно, соопшти Банката на Русија.

Софија Донец, економист во инвестициската компанија „Ренесанс капитал“ (Renaissance Capital) во Москва, проценува дека вишокот изнесувал 19 милијарди долари во март, првиот цел месец од почетокот на конфликтот со Украина.

Ефектот од санкциите допрва треба да се одрази на извозот - вели таа.

Иако се очекува широките санкции да предизвикаат најдлабока рецесија во Русија во последните децении, европските санкции засега не се однесуваат на клучниот руски извоз на енергија, од кој земјата значително заработи по скокот на цените на енергијата по почетокот на војната во Украина.

Контролата на капиталот, која беше воведена за да се ограничи падот на рубљата, значи дека одливот на инвестиции од Русија речиси е запрен.

Аналитичарите на „Блумберг економикс“ предвидуваат дека Русија ќе заработи речиси 321 милијарда долари од извозот на енергија оваа година или над 30 отсто повеќе отколку во 2021 година. Истовремено, Институтот за меѓународни финансии проценува дека суфицитот на тековната сметка на Русија оваа година би можел да достигне и до 240 милијарди долари.

The post Русија под санкции дојде до најголем суфицит од 1994 година appeared first on Република.

]]>

Во првиот квартал од оваа година Русија забележува најголем суфицит на тековната сметка од 1994 година, бидејќи приходите од извозот на нафта и гас се зголемија, а увозот се намали откако САД и нивните сојузници воведоа санкции поради руската воена акција во Украина. Овие приходи се клучен руски извор на цврста валута за време на војната и им овозможуваат на властите да плаќаат за увозот, да ја поддржуваат економијата и да ја вратат довербата во рубљата, наведува агенцијата „Блумберг“. Суфицитот на тековната сметка на Русија, како најширока мерка за трговските и инвестициските текови, достигна 58,2 милијарди долари минатиот квартал, што е двојно повеќе од 22,5 милијарди долари пријавени една година претходно, соопшти Банката на Русија. Софија Донец, економист во инвестициската компанија „Ренесанс капитал“ (Renaissance Capital) во Москва, проценува дека вишокот изнесувал 19 милијарди долари во март, првиот цел месец од почетокот на конфликтот со Украина.
Ефектот од санкциите допрва треба да се одрази на извозот - вели таа.
Иако се очекува широките санкции да предизвикаат најдлабока рецесија во Русија во последните децении, европските санкции засега не се однесуваат на клучниот руски извоз на енергија, од кој земјата значително заработи по скокот на цените на енергијата по почетокот на војната во Украина. Контролата на капиталот, која беше воведена за да се ограничи падот на рубљата, значи дека одливот на инвестиции од Русија речиси е запрен. Аналитичарите на „Блумберг економикс“ предвидуваат дека Русија ќе заработи речиси 321 милијарда долари од извозот на енергија оваа година или над 30 отсто повеќе отколку во 2021 година. Истовремено, Институтот за меѓународни финансии проценува дека суфицитот на тековната сметка на Русија оваа година би можел да достигне и до 240 милијарди долари.

The post Русија под санкции дојде до најголем суфицит од 1994 година appeared first on Република.

]]>