судски процес Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sudski-proces/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Dec 2023 10:00:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png судски процес Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sudski-proces/ 32 32 Во Белгија почнува судскиот процес против 124 обвинети за меѓународна трговија со накротици https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-belgija-pochnuva-sudskiot-protses-protiv-124-obvineti-za-megunarodna-trgovija-so-nakrotitsi/ Mon, 18 Dec 2023 10:00:09 +0000 https://republika.mk/?p=724240

Во Брисел денеска почнува судскиот процес против 124 обвинети за нелегален увоз и шверц на дрога, јавија локалните медиуми. Изрекувањето на пресудата се очекува кон средината на следната година.

Истрагата беше покрената откако полициските служби во Белгија, Холандија и Франција соработуваа за да упаднат во шифрирана телефонска мрежа. Во овој случај, осомничените сторители комуницирале преку телефони со отстранети камери, микрофони и сензори за локација, користејќи СМС пораки со сложена безбедносна шифра и можности за само бришење.

Обвинети се Белгијци, Албанци, Колумбијци и државјани на северноафриканските земји. Тие се товарат за трговија и дистрибуција на кокаин и марихуана. Во истрагата учествувале и безбедносните служби во Германија и Италија.

Утврдено е дека пратките со дрога пристигнале меѓу 2017 и 2022 година од Јужна Америка и Мароко и биле истоварени во пристаништата во Антверпен, Ротердам, Хамбург и Хавр.

На дел од обвинетите ќе им се суди во отсуство, а останатите се во притвор од 2021 година, кога беше покрената најголемата операција во историјата на белгиската полиција, истакна министерот за правда Пол ван Тихелт.

Случајот ќе биде разгледан во старото седиште на НАТО во Брисел, кое претходно се користеше за судењето за нападите во белгискиот главен град во 2016 година. Локацијата е избрана поради можноста таму да се спроведуваат засилени безбедносни мерки.

The post Во Белгија почнува судскиот процес против 124 обвинети за меѓународна трговија со накротици appeared first on Република.

]]>

Во Брисел денеска почнува судскиот процес против 124 обвинети за нелегален увоз и шверц на дрога, јавија локалните медиуми. Изрекувањето на пресудата се очекува кон средината на следната година. Истрагата беше покрената откако полициските служби во Белгија, Холандија и Франција соработуваа за да упаднат во шифрирана телефонска мрежа. Во овој случај, осомничените сторители комуницирале преку телефони со отстранети камери, микрофони и сензори за локација, користејќи СМС пораки со сложена безбедносна шифра и можности за само бришење. Обвинети се Белгијци, Албанци, Колумбијци и државјани на северноафриканските земји. Тие се товарат за трговија и дистрибуција на кокаин и марихуана. Во истрагата учествувале и безбедносните служби во Германија и Италија. Утврдено е дека пратките со дрога пристигнале меѓу 2017 и 2022 година од Јужна Америка и Мароко и биле истоварени во пристаништата во Антверпен, Ротердам, Хамбург и Хавр.
На дел од обвинетите ќе им се суди во отсуство, а останатите се во притвор од 2021 година, кога беше покрената најголемата операција во историјата на белгиската полиција, истакна министерот за правда Пол ван Тихелт.
Случајот ќе биде разгледан во старото седиште на НАТО во Брисел, кое претходно се користеше за судењето за нападите во белгискиот главен град во 2016 година. Локацијата е избрана поради можноста таму да се спроведуваат засилени безбедносни мерки.

The post Во Белгија почнува судскиот процес против 124 обвинети за меѓународна трговија со накротици appeared first on Република.

]]>
Почна судската постапка за масакрот на „Врачар“: Коста сведочи против татко му https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pochna-sudskata-postapka-za-masakrot-na-vrachar-kosta-svedochi-protiv-tatko-mu/ Tue, 18 Jul 2023 09:55:44 +0000 https://republika.mk/?p=662626

Момчето Коста К., што го изврши масакрот во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград денеска сведочи во судскиот процес против неговиот татко.

Како што пренесуваат српските медиуми, почна распитот на момчето-убиец, како сведок во постапката против неговиот татко, кој се товари за тешко кривично дело против општата безбедност.

Таткото на момчето, кој во моментов е во притвор, се товари дека не го чувал оружјето според законските прописи. Тој е осомничен и дека го тренирал својот син да користи оружје, а нелегално го носел и на стрелиште. Се истражува дали го запуштил и малтретирал детето.

Момчето имаше 13 години кога го изврши делото, па не подлежи на кривична одговорност.

Вишиот суд во Белград го усвои предлогот на членовите на семејствата на убиените деца во масакрот во О.У. „Владислав Рибникар“, сите пари со кои располага таткото на Коста К., да се префрлат на депозит на јавен извршител.

Во исто време, судот ѝ наложи на Народната банка на Србија да ги префрли парите како што е наложено. Парите, до висината на имотно-правните побарувања на оштетените ќе бидат депонирани кај јавниот извршител каде ќе се чуваат до конечното завршување на кривичната постапка.

На мајката на момчето судот ѝ забрани да става под хипотека или да продава недвижен имот што го поседуваат. Ова важи и за автомобилот регистриран на нејзино име. Исто така и против неа е поведена постапка за да се утврди дали го запоставила синот.

Седмоодделенецот Коста К. на 6 мај влезе во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград и уби деветмина свои соученици и чуварот. Малолетниот убиец се наоѓа на испитување на Клиниката за невропсихијатрија за деца и младинци, на специјално одделение.

 

The post Почна судската постапка за масакрот на „Врачар“: Коста сведочи против татко му appeared first on Република.

]]>

Момчето Коста К., што го изврши масакрот во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград денеска сведочи во судскиот процес против неговиот татко. Како што пренесуваат српските медиуми, почна распитот на момчето-убиец, како сведок во постапката против неговиот татко, кој се товари за тешко кривично дело против општата безбедност. Таткото на момчето, кој во моментов е во притвор, се товари дека не го чувал оружјето според законските прописи. Тој е осомничен и дека го тренирал својот син да користи оружје, а нелегално го носел и на стрелиште. Се истражува дали го запуштил и малтретирал детето. Момчето имаше 13 години кога го изврши делото, па не подлежи на кривична одговорност. Вишиот суд во Белград го усвои предлогот на членовите на семејствата на убиените деца во масакрот во О.У. „Владислав Рибникар“, сите пари со кои располага таткото на Коста К., да се префрлат на депозит на јавен извршител. Во исто време, судот ѝ наложи на Народната банка на Србија да ги префрли парите како што е наложено. Парите, до висината на имотно-правните побарувања на оштетените ќе бидат депонирани кај јавниот извршител каде ќе се чуваат до конечното завршување на кривичната постапка. На мајката на момчето судот ѝ забрани да става под хипотека или да продава недвижен имот што го поседуваат. Ова важи и за автомобилот регистриран на нејзино име. Исто така и против неа е поведена постапка за да се утврди дали го запоставила синот. Седмоодделенецот Коста К. на 6 мај влезе во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград и уби деветмина свои соученици и чуварот. Малолетниот убиец се наоѓа на испитување на Клиниката за невропсихијатрија за деца и младинци, на специјално одделение.  

The post Почна судската постапка за масакрот на „Врачар“: Коста сведочи против татко му appeared first on Република.

]]>