судска администрација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sudska-administracija/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Sep 2023 10:51:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png судска администрација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sudska-administracija/ 32 32 Со „Копачите“ и „Буџав лебац“ пред Влада продолжи синдикалниот протест https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/so-kopachite-i-budhav-lebats-pred-vlada-prodolzhi-sindikalniot-protest/ Thu, 28 Sep 2023 10:10:05 +0000 https://republika.mk/?p=685964

Со „Копачите“, „Бела чао“, како и песните на С.А.Р.С. како „Буџав лебац“ и „То раде Скупштина и Владе“, членови на Синдикатот на работниците од управата, правосудните ограни и здруженијата на граѓани (УПОЗ) од судската администрација со вработените од цела држава денеска своето незадоволство го искажаа и пред зградата на Владата во Скопје со барање за зголемување на платите за 78 проценти и враќање на додатоците на плата.

Не бараме милост, туку дојдовме по нашето, порачаа тие пред Влада, иако никој не се удостои да ги прими на средба.

Протестот утрово започна од зградата на ССМ, па кон Министерство за правда и во моментот е на бул.„Илинден“ пред Владата.

По почетокот на протестот од Синдикатот информираа дека се повикани на средба во Министерството за правда во 14 часот.

Упатија пораки за достоинствени плати и предупредија дека без нив не може да функционира судството.

Судската служба повторно е на улица. Пред почетокот на судската ферија само скопските судови излеговме на двочасовен протест и побаравме 78 проценти покачување на плата и враќање на додатоците на плата како што тоа го добија функционерите. Денеска членовите на Синдикатот на УПОЗ и други вработени кои не се членови од сите судови во државата се во Скопје. Овие луѓе што се тука собрани морале да се борат за секое право што го имаат добиено – во 2002 година 80 дена штрајк, во 2016 година – 60 дена штрајк, сега од 2.000 вработени во судовите 1 000 вработени се тука во Скопје и ако тоа не е доволна порака за надлежните да го слушнат нашиот глас не знам што ќе биде, изјави Трпе Деановски, претседател на Синдикатот на УПОЗ, на собирот пред ССМ.

Деановски порача дека со исполнување на нивното барање за зголемување на платата за 78 проценти  никој од вработените нема да ја надмине просечната плата, туку само ќе се доближи до неа.

Работата во судовите е тимска. Доколку еден вработен не си ја заврши работата судијата нема да може да донесе пресуда. Идната недела и колегите од државното правобранителство најавија штрајк. Колегите од обвинителствата вчера започнаа штрајк. Ако колегите од судовите, луѓето што се тука и тие започнат штрајк ќе се парализира целото правосудство. Мора да се разбере дека не може да се живее и не е фер еден во судовите да зема огромна плата, а нашите плати во однос на нивните да бидат во размер 1:6 до 1:7, изјави Деановски.

Апелира на одлуки од Судскиот буџетски совет и Собранието за исполнување на поставените барања.

Имаме амандман со којшто бараме за сите вработени да се преиспита одлуката за прераспределба на средства во Буџетот да добијат по 78 отсто и да се вратат додатоците. Се уште не е на Комисија за финансирање и буџетот, гледаме секој ден дали ќе ја стават на дневен ред, меѓутоа ако тоа не се измени мислам дека ја знаеме пораката од овие луѓе, рече Деановски.

Тој информираше дека поради штрајкот во обвинителство веќе се одложуваат случаите и се работат само итни и неодложни предмети.

Како што најавивме вчера, значи притвори, претреси и оние предмети каде што има жалби и треба да се запазат роковите, а се’ друго не се работи и нема да се работи. Денеска бевме на разговор со обвинителот за организиран криминал, денеска ќе имаат и тие состанок, поддршката ја имаме и од обвинителот за организиран криминал, од републичкиот обвинител, на ред се министрите и Владата да се заземат за нас, рече Деановски.

Доколку се зголеми за 78 проценти, просечната плата на администрацијата од судовите ќе биде околу 24.000 денари.

Членството на УПОЗ по денешниот протест дополнително ќе одлучи за идниот начин на делување,  дали ќе штрајкуваат или ќе излегуваат пред судовите.

Протестен марш денеска од пред Кривичен суд во Скопје до Министерството за финасии организираа и Независниот синдикат на судската администрација и Синдикатот на затворската полција, со истите за зголемување на платата и враќање на додатоците на плата.

The post Со „Копачите“ и „Буџав лебац“ пред Влада продолжи синдикалниот протест appeared first on Република.

]]>

Со „Копачите“, „Бела чао“, како и песните на С.А.Р.С. како „Буџав лебац“ и „То раде Скупштина и Владе“, членови на Синдикатот на работниците од управата, правосудните ограни и здруженијата на граѓани (УПОЗ) од судската администрација со вработените од цела држава денеска своето незадоволство го искажаа и пред зградата на Владата во Скопје со барање за зголемување на платите за 78 проценти и враќање на додатоците на плата.
Не бараме милост, туку дојдовме по нашето, порачаа тие пред Влада, иако никој не се удостои да ги прими на средба.
Протестот утрово започна од зградата на ССМ, па кон Министерство за правда и во моментот е на бул.„Илинден“ пред Владата. По почетокот на протестот од Синдикатот информираа дека се повикани на средба во Министерството за правда во 14 часот. Упатија пораки за достоинствени плати и предупредија дека без нив не може да функционира судството.
Судската служба повторно е на улица. Пред почетокот на судската ферија само скопските судови излеговме на двочасовен протест и побаравме 78 проценти покачување на плата и враќање на додатоците на плата како што тоа го добија функционерите. Денеска членовите на Синдикатот на УПОЗ и други вработени кои не се членови од сите судови во државата се во Скопје. Овие луѓе што се тука собрани морале да се борат за секое право што го имаат добиено – во 2002 година 80 дена штрајк, во 2016 година – 60 дена штрајк, сега од 2.000 вработени во судовите 1 000 вработени се тука во Скопје и ако тоа не е доволна порака за надлежните да го слушнат нашиот глас не знам што ќе биде, изјави Трпе Деановски, претседател на Синдикатот на УПОЗ, на собирот пред ССМ.
  Деановски порача дека со исполнување на нивното барање за зголемување на платата за 78 проценти  никој од вработените нема да ја надмине просечната плата, туку само ќе се доближи до неа.
Работата во судовите е тимска. Доколку еден вработен не си ја заврши работата судијата нема да може да донесе пресуда. Идната недела и колегите од државното правобранителство најавија штрајк. Колегите од обвинителствата вчера започнаа штрајк. Ако колегите од судовите, луѓето што се тука и тие започнат штрајк ќе се парализира целото правосудство. Мора да се разбере дека не може да се живее и не е фер еден во судовите да зема огромна плата, а нашите плати во однос на нивните да бидат во размер 1:6 до 1:7, изјави Деановски.
Апелира на одлуки од Судскиот буџетски совет и Собранието за исполнување на поставените барања.
Имаме амандман со којшто бараме за сите вработени да се преиспита одлуката за прераспределба на средства во Буџетот да добијат по 78 отсто и да се вратат додатоците. Се уште не е на Комисија за финансирање и буџетот, гледаме секој ден дали ќе ја стават на дневен ред, меѓутоа ако тоа не се измени мислам дека ја знаеме пораката од овие луѓе, рече Деановски.
Тој информираше дека поради штрајкот во обвинителство веќе се одложуваат случаите и се работат само итни и неодложни предмети.

Како што најавивме вчера, значи притвори, претреси и оние предмети каде што има жалби и треба да се запазат роковите, а се’ друго не се работи и нема да се работи. Денеска бевме на разговор со обвинителот за организиран криминал, денеска ќе имаат и тие состанок, поддршката ја имаме и од обвинителот за организиран криминал, од републичкиот обвинител, на ред се министрите и Владата да се заземат за нас, рече Деановски.

Доколку се зголеми за 78 проценти, просечната плата на администрацијата од судовите ќе биде околу 24.000 денари. Членството на УПОЗ по денешниот протест дополнително ќе одлучи за идниот начин на делување,  дали ќе штрајкуваат или ќе излегуваат пред судовите. Протестен марш денеска од пред Кривичен суд во Скопје до Министерството за финасии организираа и Независниот синдикат на судската администрација и Синдикатот на затворската полција, со истите за зголемување на платата и враќање на додатоците на плата.  

The post Со „Копачите“ и „Буџав лебац“ пред Влада продолжи синдикалниот протест appeared first on Република.

]]>
Вработените во јавните обвинителства во земјава од денеска стапуваат во штрајк https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vrabotenite-vo-javnite-obvinitelstva-vo-zemjava-od-deneska-stapuvaat-vo-shtrajk/ Wed, 27 Sep 2023 11:45:53 +0000 https://republika.mk/?p=685645

Вработените во јавните обвинителства од денеска стапуваат во штрајк, соопшти генералниот секретар на Синдикатот на УПОЗ, Бојан Трипуноски, од пред Основното јавно обвинителство – Скопје.

Барањата на вработените во обвинителствата се зголемување на платите за 78 отсто и враќање на додатоците на плата во висина од 35 отсто. Штрајкот ќе се одвива пред зградите на сите 28 јавни обвинителства на територијата на државата, нивните холови или сали за состаноци, а како што рече Трипуноски, ќе трае сѐ до исполнувањето на нивните барања. Согласно законските прописи вработените во јавните обвинителства ќе работат само предмети во кои има притвор, претрес или неодложни жалби.

Нема да дозволиме никакви притисоци врз вработените да извршуваат работни задачи, освен оние кои се итни и неодложни. За почетокот на штрајкот е информиран министерот за правда, кој не најде време да не прими и да ги слушне нашите барања. До сите политички партии во Собранието е испратен амандман со кој се бара во ребалансот на буџетот да се предвидат средства за повисоки плати за вработените во обвинителствата. Спремни сме да ги издржиме сите притисоци - рече генералниот секретар на Синдикатот на УПОЗ, Бојан Трипуноски од пред Основното јавно обвинителство – Скопје.

Револтот кај вработените во јавните обвинителства се јавува откако Уставниот суд донесе одлука за покачување на платата на функционерите, притоа за вработените во јавните обвинителства ги скрати додатоците на плата кои изнесуваа 35 отсто, за вработените во одделот за организиран криминал, и додатоците од 5 отсто за сите останати. Просечната плата на вработените во јавните обвинителства изнесува 22.000 денари.

Изабела Илиева од синдикалната организација при Јавните обвинителства на Република Македонија, рече дека зголемувањето на платата според општиот колективен договор не е доволна и апелираше до министерот за финансии и до министерот за правда што поскоро да остварат средба, бидејќи како што рече штрајкот ќе се радикализира.

Проблемите се трупаат со години, но сега сите сме како еден. Штрајкот започна секаде во 7:30 часот. Апелирам до министерот за финансии и до министерот за правда, да нѐ викне што поскоро и да не губиме време, односно да седнеме и да почнеме да се договараме, бидејќи навистина имаме за решавање многу работи. Ако Законот за судска служба е готов, тогаш Законот за јавно обвинителска служба не е ни почнат, ние не сме викнати да разговараме за тој закон и да ги кажеме нашите специфичности. Обично прават „копи-пејст“ на Законот за административна служба - рече Илиева од пред Основното јавно обвинителство – Скопје.

The post Вработените во јавните обвинителства во земјава од денеска стапуваат во штрајк appeared first on Република.

]]>

Вработените во јавните обвинителства од денеска стапуваат во штрајк, соопшти генералниот секретар на Синдикатот на УПОЗ, Бојан Трипуноски, од пред Основното јавно обвинителство – Скопје. Барањата на вработените во обвинителствата се зголемување на платите за 78 отсто и враќање на додатоците на плата во висина од 35 отсто. Штрајкот ќе се одвива пред зградите на сите 28 јавни обвинителства на територијата на државата, нивните холови или сали за состаноци, а како што рече Трипуноски, ќе трае сѐ до исполнувањето на нивните барања. Согласно законските прописи вработените во јавните обвинителства ќе работат само предмети во кои има притвор, претрес или неодложни жалби.
Нема да дозволиме никакви притисоци врз вработените да извршуваат работни задачи, освен оние кои се итни и неодложни. За почетокот на штрајкот е информиран министерот за правда, кој не најде време да не прими и да ги слушне нашите барања. До сите политички партии во Собранието е испратен амандман со кој се бара во ребалансот на буџетот да се предвидат средства за повисоки плати за вработените во обвинителствата. Спремни сме да ги издржиме сите притисоци - рече генералниот секретар на Синдикатот на УПОЗ, Бојан Трипуноски од пред Основното јавно обвинителство – Скопје.
Револтот кај вработените во јавните обвинителства се јавува откако Уставниот суд донесе одлука за покачување на платата на функционерите, притоа за вработените во јавните обвинителства ги скрати додатоците на плата кои изнесуваа 35 отсто, за вработените во одделот за организиран криминал, и додатоците од 5 отсто за сите останати. Просечната плата на вработените во јавните обвинителства изнесува 22.000 денари. Изабела Илиева од синдикалната организација при Јавните обвинителства на Република Македонија, рече дека зголемувањето на платата според општиот колективен договор не е доволна и апелираше до министерот за финансии и до министерот за правда што поскоро да остварат средба, бидејќи како што рече штрајкот ќе се радикализира.
Проблемите се трупаат со години, но сега сите сме како еден. Штрајкот започна секаде во 7:30 часот. Апелирам до министерот за финансии и до министерот за правда, да нѐ викне што поскоро и да не губиме време, односно да седнеме и да почнеме да се договараме, бидејќи навистина имаме за решавање многу работи. Ако Законот за судска служба е готов, тогаш Законот за јавно обвинителска служба не е ни почнат, ние не сме викнати да разговараме за тој закон и да ги кажеме нашите специфичности. Обично прават „копи-пејст“ на Законот за административна служба - рече Илиева од пред Основното јавно обвинителство – Скопје.

The post Вработените во јавните обвинителства во земјава од денеска стапуваат во штрајк appeared first on Република.

]]>
Протестен марш на Независниот синдикат на судска администрација во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/protesten-marsh-na-nezavisniot-sindikat-na-sudska-administratsija-vo-skopje/ Tue, 19 Sep 2023 12:45:02 +0000 https://republika.mk/?p=683162

Протестен марш во организација на Независниот синдикат на судска администрација се одржува попладнево во Скопје. Маршот започна од пред платото на Основен Кривичен и Граѓански суд во Скопје, а ќе заврши пред зградата на Судски совет.

Меѓу барањата на Синдикатот се и зголемување на платата за 78 проценти од минимална и додатоците на плата за 35 отсто од судскиот буџет.

Од Синдикатот информираат дека имаат закажано состанок со претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев.

Протест денеска имаа и вработени во судската администрација од Основен суд Тетово, каде беше побарано зголемување на платите како кај судиите.

The post Протестен марш на Независниот синдикат на судска администрација во Скопје appeared first on Република.

]]>

Протестен марш во организација на Независниот синдикат на судска администрација се одржува попладнево во Скопје. Маршот започна од пред платото на Основен Кривичен и Граѓански суд во Скопје, а ќе заврши пред зградата на Судски совет. Меѓу барањата на Синдикатот се и зголемување на платата за 78 проценти од минимална и додатоците на плата за 35 отсто од судскиот буџет. Од Синдикатот информираат дека имаат закажано состанок со претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев. Протест денеска имаа и вработени во судската администрација од Основен суд Тетово, каде беше побарано зголемување на платите како кај судиите.

The post Протестен марш на Независниот синдикат на судска администрација во Скопје appeared first on Република.

]]>
Судската администрација утре излегува на марш – потребно е да се чуе гласот на судската служба https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sudskata-administratsija-utre-izleguva-na-marsh-potrebno-e-da-se-chue-glasot-na-sudskata-sluzhba/ Mon, 18 Sep 2023 17:36:13 +0000 https://republika.mk/?p=682961

Судските службеници утре излегуваат на протест, кревајќи го гласот за повисоки плати. Во периодот од 13:30 до 15:30 часот пред судски совет ќе се собере судската администрација која бара зголемување на платите кои, како што велат, сега изнесуваат 20 000 денари. Утре во 14 часот, како што информираат Независниот синдикат на судската администрација и Здружението на судсна администрација, организатори на протестот, се повикани претставници на средба со Претседателот на судски совет.

Потребно е да се чуе гласот на судската служба однадвор, енергијата на незадоволство да биде поддршка на нашите претстваници утре. Да бидеме масовни, да бидеме сплотени и успешни - велат организаторите.

Синдикалниот марш ќе започне пред платото на Кривичен и Граѓански суд во Скопје, а ќе заврши пред зградата на Судски совет. На протестот се приклучува и судската администрација од Врховен суд. Од Независниот синдикат на судска администрација информираат дека од 9 до 11 часот ќе се одржи протест и во другите градови.

Ќе протестираат административците основните судови во Охрид, Кичево, Кавадарци, Струга, Штип, Гевгелија, во Свети Николе, Берово, Гостивар, Радовиш, Велес, Дебар, Куманово, како и од Апелационите судови во Штип, Гостивар и Битола.

Од Синдикатот велат дека не бараат нешто посебно од Министерство за финансии, туку средствата „кои се доделени со закон“.

Имено, во Законот за судски буџет во член 4 е предвидено дека заради функционирање на судската власт се утврдува износ од најмалку 0,8 проценти од Бруто домашниот производ. Тие 0,8 проценти ние не ги добивме, каде отидоа тие пари? Државниот завод за ревизија излезе после нашата прес-конференција со информација дека тие пари Владата ги потрошила за себе. Од финансиите на судот, они си ги потрошиле за себе, соопштија минатата недела од Независниот синдикат на судска администрација.

The post Судската администрација утре излегува на марш – потребно е да се чуе гласот на судската служба appeared first on Република.

]]>

Судските службеници утре излегуваат на протест, кревајќи го гласот за повисоки плати. Во периодот од 13:30 до 15:30 часот пред судски совет ќе се собере судската администрација која бара зголемување на платите кои, како што велат, сега изнесуваат 20 000 денари. Утре во 14 часот, како што информираат Независниот синдикат на судската администрација и Здружението на судсна администрација, организатори на протестот, се повикани претставници на средба со Претседателот на судски совет.
Потребно е да се чуе гласот на судската служба однадвор, енергијата на незадоволство да биде поддршка на нашите претстваници утре. Да бидеме масовни, да бидеме сплотени и успешни - велат организаторите.
Синдикалниот марш ќе започне пред платото на Кривичен и Граѓански суд во Скопје, а ќе заврши пред зградата на Судски совет. На протестот се приклучува и судската администрација од Врховен суд. Од Независниот синдикат на судска администрација информираат дека од 9 до 11 часот ќе се одржи протест и во другите градови. Ќе протестираат административците основните судови во Охрид, Кичево, Кавадарци, Струга, Штип, Гевгелија, во Свети Николе, Берово, Гостивар, Радовиш, Велес, Дебар, Куманово, како и од Апелационите судови во Штип, Гостивар и Битола. Од Синдикатот велат дека не бараат нешто посебно од Министерство за финансии, туку средствата „кои се доделени со закон“.
Имено, во Законот за судски буџет во член 4 е предвидено дека заради функционирање на судската власт се утврдува износ од најмалку 0,8 проценти од Бруто домашниот производ. Тие 0,8 проценти ние не ги добивме, каде отидоа тие пари? Државниот завод за ревизија излезе после нашата прес-конференција со информација дека тие пари Владата ги потрошила за себе. Од финансиите на судот, они си ги потрошиле за себе, соопштија минатата недела од Независниот синдикат на судска администрација.

The post Судската администрација утре излегува на марш – потребно е да се чуе гласот на судската служба appeared first on Република.

]]>
Двочасовен протест на судската администрација во Гостивар https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dvochasoven-protest-na-sudskata-administratsija-vo-gostivar/ Fri, 15 Sep 2023 10:04:14 +0000 https://republika.mk/?p=682110

Педесетина вработени, референти, стручни соработници, технички персонал и административци од Апелациониот и Основниот суд Гостивар со двочасовен протест пред судската зграда искажаа незадоволство од неисполнување на барањата за покачување на платите и додатоците. Меѓу поважните нивни барања се зголемување на минималната плата од 78 проценти и редовно исплаќање на 35 проценти за додатоци на судските службеници.

Претставникот на Независниот синдикат на државна администрација во Гостивар, Игор Симески во обраќањето до јавноста напомена дека незадоволството и револтот произлегуваат од долгогодишни напластени проблеми во судската служба и непокачување на платите и неисплаќање на додатоците на плата кои со закон се предвидени.

- Исто така најавуваме дека доколку во скоро време не се решат нашите барања ќе пристапиме кон порадикални мерки на искажување на нашиот револт. Ние сме служба ксо најниски примања во државната администрација што како за еден од столбовите на државата – независна власт, воопшто не содејствува со работата која ја работиме, рече Симески.

Новоформираната синдикалната организација во Гостивар засега има педесетина членови, но како што нагласија синдикалните претставници, ја имаат поддршката од останатите вработени во двата судови, судии и претседатели. За време на протестот, тврдат дека не ја нарушуваат работата на судовите.

Последното покачување на платите од десет проценти, од овој синдикат го оценија како срамно, бидејќи како рекоа станува збор за нецели две илјади денари зголемување. Одлуката за можен штрајк ќе биде донесена откако ќе се исцрпат сите форми на протест.

The post Двочасовен протест на судската администрација во Гостивар appeared first on Република.

]]>

Педесетина вработени, референти, стручни соработници, технички персонал и административци од Апелациониот и Основниот суд Гостивар со двочасовен протест пред судската зграда искажаа незадоволство од неисполнување на барањата за покачување на платите и додатоците. Меѓу поважните нивни барања се зголемување на минималната плата од 78 проценти и редовно исплаќање на 35 проценти за додатоци на судските службеници. Претставникот на Независниот синдикат на државна администрација во Гостивар, Игор Симески во обраќањето до јавноста напомена дека незадоволството и револтот произлегуваат од долгогодишни напластени проблеми во судската служба и непокачување на платите и неисплаќање на додатоците на плата кои со закон се предвидени.
- Исто така најавуваме дека доколку во скоро време не се решат нашите барања ќе пристапиме кон порадикални мерки на искажување на нашиот револт. Ние сме служба ксо најниски примања во државната администрација што како за еден од столбовите на државата – независна власт, воопшто не содејствува со работата која ја работиме, рече Симески.
Новоформираната синдикалната организација во Гостивар засега има педесетина членови, но како што нагласија синдикалните претставници, ја имаат поддршката од останатите вработени во двата судови, судии и претседатели. За време на протестот, тврдат дека не ја нарушуваат работата на судовите. Последното покачување на платите од десет проценти, од овој синдикат го оценија како срамно, бидејќи како рекоа станува збор за нецели две илјади денари зголемување. Одлуката за можен штрајк ќе биде донесена откако ќе се исцрпат сите форми на протест.

The post Двочасовен протест на судската администрација во Гостивар appeared first on Република.

]]>
Втор ден протест на судската администрација во Основниот суд во Велес https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vtor-den-protest-na-sudskata-administratsija-vo-osnovniot-sud-vo-veles/ Thu, 14 Sep 2023 14:05:17 +0000 https://republika.mk/?p=681973

Под мотото „Европски плати и за Вас и за нас“ втор ден од 9 до 11 часот пред велешкиот Основен суд протестираше судската администрација со барање за 78 отсто покачување на минималната плата, како и 35 отсто додатоци на плата поради специфичноста на работните обврски.

Овие барања се во согласност на Законот како што се покачија платите на судиите, така и ние бараме покачување на минималната плата, тоа да биде со покачувањето на животните трошоци, информира за МИА, Круме Тодоров претседател на Независниот синдикат на државна администрација НСДА, подружница Основен суд Велес.

Тој информира дека платата судската администрацијата е 20 до 22 илјади денари.

Како и вчера влезот во Основниот суд беше слободен, но за разлика од вчерашниот ден судењата со закажаните рочишта се одржуваат, а за време на протестот наизменично се менуваа и работеа по еден вработен во граѓанско и кривично одделение и на шалтерот во писарницата.

Платата на стручните соработници не е минимална, но таа беше пред некоја година 80 отсто до палта на судија, па 50 отсто за лани да земаат 30 отсто иако тие се дипломирани правници со положен правосуден испит, потенцира Тодоров.

Здружението на судска администрација при Основен суд Велес и денеска, како и вчера го поддржа протестот.

The post Втор ден протест на судската администрација во Основниот суд во Велес appeared first on Република.

]]>

Под мотото „Европски плати и за Вас и за нас“ втор ден од 9 до 11 часот пред велешкиот Основен суд протестираше судската администрација со барање за 78 отсто покачување на минималната плата, како и 35 отсто додатоци на плата поради специфичноста на работните обврски. Овие барања се во согласност на Законот како што се покачија платите на судиите, така и ние бараме покачување на минималната плата, тоа да биде со покачувањето на животните трошоци, информира за МИА, Круме Тодоров претседател на Независниот синдикат на државна администрација НСДА, подружница Основен суд Велес. Тој информира дека платата судската администрацијата е 20 до 22 илјади денари. Како и вчера влезот во Основниот суд беше слободен, но за разлика од вчерашниот ден судењата со закажаните рочишта се одржуваат, а за време на протестот наизменично се менуваа и работеа по еден вработен во граѓанско и кривично одделение и на шалтерот во писарницата. Платата на стручните соработници не е минимална, но таа беше пред некоја година 80 отсто до палта на судија, па 50 отсто за лани да земаат 30 отсто иако тие се дипломирани правници со положен правосуден испит, потенцира Тодоров. Здружението на судска администрација при Основен суд Велес и денеска, како и вчера го поддржа протестот.

The post Втор ден протест на судската администрација во Основниот суд во Велес appeared first on Република.

]]>
Судската администрација излезе на улица – бара повисоки плати https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sudskata-administratsija-izleze-na-ulitsa-bara-povisoki-plati/ Tue, 12 Sep 2023 12:14:54 +0000 https://republika.mk/?p=681291

Стотина вработени во судската администрација и членови на Независните синдикати на државна администрација и на судска служба протестираа пред Владата и пред Министерство за правда поради ниските плати и неисплаќањето на додатоците за работа. Преставниците на вработените побараа 35% додаток на плата и изразија револт од односот на Министерството за правда кон нивните барања.

Протестите не застануваат тука. Денеска имавме состанок со претставници на министерството на финансии со кои не најдовме на разбирање. Бараме зголемување на минималната плата за 78% и исплата на додаток на плата од 35% за судски службеници. Во делот на затворскиот систем бараме зголемување на плати, обука и вработувања. Барањата се реална потреба за сите вработени имајќи ја во предвид специфичноста на нашата работа. Во минатите пет години немало покачување на платите во службата, а судиите добија неколку пати покачување со што се направи голем јаз во разликата на платите. Со ребалансот на Буџетот не се предвидени за нас покачувања иако протестираме од март наваму – велат претставници на Независниот синдикат на судската администрација и Здружението на судска администрација.

Од Независниот синдикат на државната администрација на денешниот протест уште еднаш укажаа на неопходните реформи во судската власт и независен судски буџет.

The post Судската администрација излезе на улица – бара повисоки плати appeared first on Република.

]]>

Стотина вработени во судската администрација и членови на Независните синдикати на државна администрација и на судска служба протестираа пред Владата и пред Министерство за правда поради ниските плати и неисплаќањето на додатоците за работа. Преставниците на вработените побараа 35% додаток на плата и изразија револт од односот на Министерството за правда кон нивните барања. Протестите не застануваат тука. Денеска имавме состанок со претставници на министерството на финансии со кои не најдовме на разбирање. Бараме зголемување на минималната плата за 78% и исплата на додаток на плата од 35% за судски службеници. Во делот на затворскиот систем бараме зголемување на плати, обука и вработувања. Барањата се реална потреба за сите вработени имајќи ја во предвид специфичноста на нашата работа. Во минатите пет години немало покачување на платите во службата, а судиите добија неколку пати покачување со што се направи голем јаз во разликата на платите. Со ребалансот на Буџетот не се предвидени за нас покачувања иако протестираме од март наваму – велат претставници на Независниот синдикат на судската администрација и Здружението на судска администрација. Од Независниот синдикат на државната администрација на денешниот протест уште еднаш укажаа на неопходните реформи во судската власт и независен судски буџет.

The post Судската администрација излезе на улица – бара повисоки плати appeared first on Република.

]]>
„Европски плати за нас и за вас“- протест на Независниот синдикат на државната администрација и Независниот синдикат на судска служба https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/evropski-plati-za-nas-i-za-vas-protest-na-nezavisniot-sindikat-na-drzhavnata-administratsija-i-nezavisniot-sindikat-na-sudska-sluzhba/ Tue, 12 Sep 2023 10:58:31 +0000 https://republika.mk/?p=681235

Со транспаренти со натписи „Европски плати за нас и за вас“, Независниот синдикат на државната администрација (НСДА) и Независен синдикат на судска служба, кој функционира во негов состав, и денеска излезе на протест  за да го изразат незадоволството поради ниските плати и недобивање додатоци на плата.

Протестот е во знак на револт од ниските плати. Тие бараат  покачување на плата од 30 проценти. Доколку не бидат земени во предвид нивните барање, ќе протестираат   со блокирање на улици и неиздавање на уверенија за неосудуваност и други документи.Тие не се согласуваат со К-15 во висина од 10 илјади денари.

Многу револтирачки е што  се работи за наши средства. Затоа  да ја појаснам нашата позиција и тоа само во еден сегмент, односно на нашите барања со уделот на нашата работа во буџетот на Република Македонија ќе ви ја илустрирам со бројка – работата на Кривичен суд, и тоа за наплата на паушална сметка на судот. Во период од 1.1.2023 година до денес наплатени се 13 милиони денари за паушал, за 12 месеци тоа би било износ од 39 милиони денари од паушал. Наплата за такси за уверенија на сметка на буџет на неосудуваност и забрана на дејност во период од 1.1.2023 до денес наплатени се 9.420.000 денари, за 2022 година на сметка на буџетот уверенија наплатени се 16.232.000 денари. Со правосилни одлуки во 2022 година за парични казни во буџетот од Кривичен суд се издвоени 82.597.000 денари, кажа Јасмина Величкова, претседателка на Независен синдикат на судска администрација.

The post „Европски плати за нас и за вас“- протест на Независниот синдикат на државната администрација и Независниот синдикат на судска служба appeared first on Република.

Предупредувачки протест на судската администрација, бараат повисоки плати https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/predupreduvachki-protest-na-sudskata-administratsija-baraat-povisoki-plati/ Tue, 13 Jun 2023 12:35:16 +0000 https://republika.mk/?p=650883

Вработени во судската администрација денеска излегоа на мирен едночасовен протест пред Основниот Кривичен суд во Скопје со барање за враќање на додатоците на плата до 35 отсто и итно донесување на законот за судска служба.

Протестот го организираа Независниот синдикат на судска администрација на Македонија и Здружението на судска администрација.

Јасмина Величкова претседател на судска служба на Македонија вели дека парите од додатоци се од плаќањето судски паушали и оти не зависат од Министерството за финансии.

- Да ни се вратат додатоците на плата. Тие додатоци се од судскиот буџет, не се од Министерството за финансии, бидејќи ние судскиот буџет го полниме од паушали. Бараме итно, како има пари за 78 отсто повисока плата за функционерите, европски плати за нив и за нас, изјави Величкова на протестот.

Потпретседателката на Здружението на судска администрација Рената Ѓоргиевска вели дека на протестот го изразуваат незадоволството од одлуката на Судскиот совет дека е одбиено нивното барање за исплата на најмалку 25 отсто додатоци на плата на судската служба.

- Освен што се одби ова барање, беше донесена и одлука со која се одбиваат додатоците и за мај 2023 година. Ова незадоволство го искажуваме затоа што 90 отсто од вработените  во судската служба се на работ на егзистенција. Просечната плата е 25.000 денари, додека потрошувачката кошничка на четири члено семејство за мај е 50.000 денари, рече Ѓоргиевска.

Побараа од надлежните органи во Судскиот совет да се координираат и да ги обезбедат средствата за исплата на најмалку 35 отсто додатоци на судксите службеници до донесување на новиот закон на судска служба.

Доколку Судскиот совет не ги исполни нивните барања, судските службеници најавија по неколку часовни протести во сите судови низ државата, а подоцна и штрајк.

Фото:МИА

The post Предупредувачки протест на судската администрација, бараат повисоки плати appeared first on Република.

]]>

Вработени во судската администрација денеска излегоа на мирен едночасовен протест пред Основниот Кривичен суд во Скопје со барање за враќање на додатоците на плата до 35 отсто и итно донесување на законот за судска служба. Протестот го организираа Независниот синдикат на судска администрација на Македонија и Здружението на судска администрација. Јасмина Величкова претседател на судска служба на Македонија вели дека парите од додатоци се од плаќањето судски паушали и оти не зависат од Министерството за финансии. - Да ни се вратат додатоците на плата. Тие додатоци се од судскиот буџет, не се од Министерството за финансии, бидејќи ние судскиот буџет го полниме од паушали. Бараме итно, како има пари за 78 отсто повисока плата за функционерите, европски плати за нив и за нас, изјави Величкова на протестот. Потпретседателката на Здружението на судска администрација Рената Ѓоргиевска вели дека на протестот го изразуваат незадоволството од одлуката на Судскиот совет дека е одбиено нивното барање за исплата на најмалку 25 отсто додатоци на плата на судската служба. - Освен што се одби ова барање, беше донесена и одлука со која се одбиваат додатоците и за мај 2023 година. Ова незадоволство го искажуваме затоа што 90 отсто од вработените  во судската служба се на работ на егзистенција. Просечната плата е 25.000 денари, додека потрошувачката кошничка на четири члено семејство за мај е 50.000 денари, рече Ѓоргиевска. Побараа од надлежните органи во Судскиот совет да се координираат и да ги обезбедат средствата за исплата на најмалку 35 отсто додатоци на судксите службеници до донесување на новиот закон на судска служба. Доколку Судскиот совет не ги исполни нивните барања, судските службеници најавија по неколку часовни протести во сите судови низ државата, а подоцна и штрајк. Фото:МИА

The post Предупредувачки протест на судската администрација, бараат повисоки плати appeared first on Република.

]]>
Судската администрација најавува бел штрајк https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sudskata-administratsija-najavuva-bel-shtrajk/ Tue, 23 May 2023 05:48:48 +0000 https://republika.mk/?p=643780

Вработените во судската администрација најавија бел штрајк заради неисплатениот додаток на платата за април. Тие денеска ќе се јават на работните места, но немада ги извршуваат своите секојднвени задолженија.

Претставници на нивните сидникати имале средба со претседателот на Судскиот совет Сашко Георгиевски, кој истовремено е и прв човек на Судскиот буџетски совет, кој треба да ги одобри парите за нивните додатоци. Георгиевски побарал од нив трпение до септември.

Разликите во плата од судија до службеник или стручен соработник се огромни и на овој начин не можат повеќе да работат заедно со нив со оглед на тоа дека само ним им се покачува платата, а за судската служба нема ни за додатоци на плата, велат синдикалците и бараат додатоците за плата да се исплати уште во мај.

Синдикалците сега ќе бараат средби со претставници на министерствата за правда и за финансии.

The post Судската администрација најавува бел штрајк appeared first on Република.

]]>

Вработените во судската администрација најавија бел штрајк заради неисплатениот додаток на платата за април. Тие денеска ќе се јават на работните места, но немада ги извршуваат своите секојднвени задолженија. Претставници на нивните сидникати имале средба со претседателот на Судскиот совет Сашко Георгиевски, кој истовремено е и прв човек на Судскиот буџетски совет, кој треба да ги одобри парите за нивните додатоци. Георгиевски побарал од нив трпение до септември.
Разликите во плата од судија до службеник или стручен соработник се огромни и на овој начин не можат повеќе да работат заедно со нив со оглед на тоа дека само ним им се покачува платата, а за судската служба нема ни за додатоци на плата, велат синдикалците и бараат додатоците за плата да се исплати уште во мај.
Синдикалците сега ќе бараат средби со претставници на министерствата за правда и за финансии.

The post Судската администрација најавува бел штрајк appeared first on Република.

]]>
Повисоки плати за вработените во судската и јавнообвинителската дејност и затворската полиција по спратена постапка во Собранието https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/povisoki-plati-za-vrabotenite-vo-sudskata-i-javnoobvinitelskata-dejnost-i-zatvorskata-policija-po-spratena-postapka-vo-sobranieto/ Wed, 27 Jul 2022 17:44:03 +0000 https://republika.mk/?p=533971

Собранието едногласно ја утврди потребата по скратена постапка да се донесат законите со кои се зголемуваат платите за вработените во судската и јавнообвинителската дејност и затворската полиција.

Со законите за изменување на Законот за судска служба и за јавнообивинителска служба вработените ќе зимаат повисока плата за 15%. Со Законот за изменување на Законот за судска служба се постигнува еднаквост на вработените во приватниот и јавниот сектор, служба како негов дел, со најниските примања преку воспоставување на ист износ на законска минимална плата и скалесто усогласување на останатите плати на судските службеници од сите нивоа, како и обезбедување на континуитет на промените на платите во судската администрација во однос на минималната плата на национално ниво, како долгорочна цел.

Законот за изменување на Законот за јавнообвинителска служба има за цел воспоставување на ист износ на законска минимална плата и скалесто усогласување на останатите плати на јавно обвинителските службеници од сите нивоа, како и обезбедување на континуитет на промените на платите во јавно обвинителската администрација во однос на минималната плата на национално ниво.

Законот за изменување на законот за извршување на санкции овозможува да се постигне еднаквост во најниските примања на затворската полиција преку воспоставување на ист износ на законска минимална плата.

The post Повисоки плати за вработените во судската и јавнообвинителската дејност и затворската полиција по спратена постапка во Собранието appeared first on Република.

]]>

Собранието едногласно ја утврди потребата по скратена постапка да се донесат законите со кои се зголемуваат платите за вработените во судската и јавнообвинителската дејност и затворската полиција. Со законите за изменување на Законот за судска служба и за јавнообивинителска служба вработените ќе зимаат повисока плата за 15%. Со Законот за изменување на Законот за судска служба се постигнува еднаквост на вработените во приватниот и јавниот сектор, служба како негов дел, со најниските примања преку воспоставување на ист износ на законска минимална плата и скалесто усогласување на останатите плати на судските службеници од сите нивоа, како и обезбедување на континуитет на промените на платите во судската администрација во однос на минималната плата на национално ниво, како долгорочна цел. Законот за изменување на Законот за јавнообвинителска служба има за цел воспоставување на ист износ на законска минимална плата и скалесто усогласување на останатите плати на јавно обвинителските службеници од сите нивоа, како и обезбедување на континуитет на промените на платите во јавно обвинителската администрација во однос на минималната плата на национално ниво. Законот за изменување на законот за извршување на санкции овозможува да се постигне еднаквост во најниските примања на затворската полиција преку воспоставување на ист износ на законска минимална плата.

The post Повисоки плати за вработените во судската и јавнообвинителската дејност и затворската полиција по спратена постапка во Собранието appeared first on Република.

]]>