судови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sudovi/ За подобро да се разбереме Wed, 11 Sep 2024 09:19:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png судови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sudovi/ 32 32 ДЗР: Судовите без правила им даваат плата на вработените од техничкиот и помошен персонал https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dzr-sudovite-bez-pravila-im-davaat-plata-na-vrabotenite-od-tehnichkiot-i-pomoshen-personal/ Wed, 11 Sep 2024 09:19:37 +0000 https://republika.mk/?p=815239

Отсуство на одредби за утврдување на платите на вработените во судовите кои вршат технички и помошни работи, констатира Државниот завод за ревизија (ДЗР) во системските слабости што ги утврдил од извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност на Основен граѓански суд Скопје (Сметка на основниот буџет 603, Сметка на основниот буџет 631 и Депозитна сметка 696).

Во апстрактот од извештаите ДЗР наведува дека средствата кои се издвојуваат од Буџетот за 2023 година за финансирање на Судската власт не го достигнуваат законски утврдениот процент од 0.8 проценти од Бруто домашниот производ на Буџетот на Република Македонија, односно одобрените средства во износ од 2.690.800 илјади денари претставуваат 0,3 проценти од БДП и истите се за 58 проценти помали од законски утврдениот лимит.

Утврдено е и дека не е пропишана формата и содржината на обрасците за водење на судски депозити , како и дека има неусогласеност во законската и подзаконската регулатива во дефинирањето на сопственоста на застарените депонирани предмети по истекот на десет години од нивното предавање.

Во клучните утврдени состојби стои дека има отсуство на веродостојни, вистинити и уредени сметководствени документи за потврда на набавната вредност на зградата во која е сместен судот, како и недвижни ствари кои не се евидентирани во сметководствената евиденција на судот поради неизвршено примопредавање на истите.

Се констатира и дека не е обезбедена поткрепувачка документација за извршен физички попис. Исто така, дека е склучен договор за закуп на деловна просторија на 01.12.1989 година со валута која не е во примена. До денес не е изготвен нов договор за закуп или анекс на постоечкиот договор, со утврден месечен надомест во валута која официјално е во оптек од 2002 година и депозитите се со утврдена старосна структура и се однесуваат на период 2005 – 2023 година но не е утврден статусот на предметите по судските депозити завршени /незавршени со цел
преземање мерки за евентуално враќање на судскиот депозит или уплата на средствата во Буџетот на Република Македонија, стои во наодите од извештаите на ДЗР  кои се достапни на линкот .

 


The post ДЗР: Судовите без правила им даваат плата на вработените од техничкиот и помошен персонал appeared first on Република.

]]>

Отсуство на одредби за утврдување на платите на вработените во судовите кои вршат технички и помошни работи, констатира Државниот завод за ревизија (ДЗР) во системските слабости што ги утврдил од извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност на Основен граѓански суд Скопје (Сметка на основниот буџет 603, Сметка на основниот буџет 631 и Депозитна сметка 696).
Во апстрактот од извештаите ДЗР наведува дека средствата кои се издвојуваат од Буџетот за 2023 година за финансирање на Судската власт не го достигнуваат законски утврдениот процент од 0.8 проценти од Бруто домашниот производ на Буџетот на Република Македонија, односно одобрените средства во износ од 2.690.800 илјади денари претставуваат 0,3 проценти од БДП и истите се за 58 проценти помали од законски утврдениот лимит.
Утврдено е и дека не е пропишана формата и содржината на обрасците за водење на судски депозити , како и дека има неусогласеност во законската и подзаконската регулатива во дефинирањето на сопственоста на застарените депонирани предмети по истекот на десет години од нивното предавање. Во клучните утврдени состојби стои дека има отсуство на веродостојни, вистинити и уредени сметководствени документи за потврда на набавната вредност на зградата во која е сместен судот, како и недвижни ствари кои не се евидентирани во сметководствената евиденција на судот поради неизвршено примопредавање на истите.
Се констатира и дека не е обезбедена поткрепувачка документација за извршен физички попис. Исто така, дека е склучен договор за закуп на деловна просторија на 01.12.1989 година со валута која не е во примена. До денес не е изготвен нов договор за закуп или анекс на постоечкиот договор, со утврден месечен надомест во валута која официјално е во оптек од 2002 година и депозитите се со утврдена старосна структура и се однесуваат на период 2005 – 2023 година но не е утврден статусот на предметите по судските депозити завршени /незавршени со цел преземање мерки за евентуално враќање на судскиот депозит или уплата на средствата во Буџетот на Република Македонија, стои во наодите од извештаите на ДЗР  кои се достапни на линкот .  

The post ДЗР: Судовите без правила им даваат плата на вработените од техничкиот и помошен персонал appeared first on Република.

]]>
Дојава за бомба во Врховниот, Апелациониот и Вишиот суд во Подгорица https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dojava-za-bomba-vo-vrhovniot-apelatsioniot-i-vishiot-sud-vo-podgoritsa/ Mon, 11 Mar 2024 09:01:07 +0000 https://republika.mk/?p=753521

Поради дојава за бомба во Подгорица, евакуирана е зградата во која се наоѓаат Врховниот, Апелациониот и Вишиот суд.

Како што дознава порталот РТЦГ, информацијата за поставената бомба била добиена по електронска пошта.

Ќе се случи нешто многу големо, што нашето братство постави многу моќен експлозив на неколку места, да видиме дали ќе го најдете пред ударот. Ве предупредуваме, а вие само продолжите да ги следите политичките лидери. Да живее Србија , да живее Русија, да живее Република Српска“, се вели во заканувачкиот мејл.

Е-маил адресата е на име Паја Велимировиќ, пренесува порталот.

Во тек е преглед против субверзија.

 

The post Дојава за бомба во Врховниот, Апелациониот и Вишиот суд во Подгорица appeared first on Република.

]]>

Поради дојава за бомба во Подгорица, евакуирана е зградата во која се наоѓаат Врховниот, Апелациониот и Вишиот суд. Како што дознава порталот РТЦГ, информацијата за поставената бомба била добиена по електронска пошта.
Ќе се случи нешто многу големо, што нашето братство постави многу моќен експлозив на неколку места, да видиме дали ќе го најдете пред ударот. Ве предупредуваме, а вие само продолжите да ги следите политичките лидери. Да живее Србија , да живее Русија, да живее Република Српска“, се вели во заканувачкиот мејл.
Е-маил адресата е на име Паја Велимировиќ, пренесува порталот. Во тек е преглед против субверзија.  

The post Дојава за бомба во Врховниот, Апелациониот и Вишиот суд во Подгорица appeared first on Република.

]]>