судница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sudnica/ За подобро да се разбереме Wed, 25 Sep 2024 19:48:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png судница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sudnica/ 32 32 Во експлозија во судница во Калифорнија две лица се повредени, осомничениот е во притвор https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-eksplozija-vo-sudnitsa-vo-kalifornija-dve-litsa-se-povredeni-osomnicheniot-e-vo-pritvor/ Wed, 25 Sep 2024 20:59:34 +0000 https://republika.mk/?p=819653

Најмалку две лица се повредени во експлозија што се случи денеска во судницата на југот на американската сојузна држава Калифорнија, соопштија властите.

Едно лице е приведено по експлозијата што била пријавена во судот во Санта Марија во округот Санта Барбара, соопшти канцеларијата на шерифот.

„Имаме извештаи за двајца повредени. Едно лице е веднаш приведено. Местото и понатаму е активно. Ве молиме продолжете да ја избегнувате областа“, соопштија од Канцеларијата на шерифот на округот Санта Барбара на платформата X (Твитер).

The post Во експлозија во судница во Калифорнија две лица се повредени, осомничениот е во притвор appeared first on Република.

]]>

Најмалку две лица се повредени во експлозија што се случи денеска во судницата на југот на американската сојузна држава Калифорнија, соопштија властите. Едно лице е приведено по експлозијата што била пријавена во судот во Санта Марија во округот Санта Барбара, соопшти канцеларијата на шерифот. „Имаме извештаи за двајца повредени. Едно лице е веднаш приведено. Местото и понатаму е активно. Ве молиме продолжете да ја избегнувате областа“, соопштија од Канцеларијата на шерифот на округот Санта Барбара на платформата X (Твитер).

The post Во експлозија во судница во Калифорнија две лица се повредени, осомничениот е во притвор appeared first on Република.

]]>
Хаос во судницата: Монструм што силувал и убил 11-годишно девојче го нокаутира својот адвокат https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/haos-vo-sudnitsata-monstrum-shto-siluval-i-ubil-11-godishno-devojche-go-nokautira-svojot-advokat/ Sat, 01 Jul 2023 19:04:38 +0000 https://republika.mk/?p=657255

Судијата Роберт Банинг го осуди Џозеф Цилер за убиство и силување на 11-годишната Робин Корнел и на нејзината дадилка Лиза Стори (32) во Кејп Корал во 1990 година. Цилер доби по две смртни казни за секоја од жртвите по што настана хаос во судницата, објави „Fox4now“.

Пред изрекувањето на пресудата Цилер се врати на суд со надеж дека ќе биде прифатено неговото барање за ново судење. Судијата го одби барањето.

Потоа тој со лакот го удри адвокатот во лицето. Веднаш по инцидентот чуварите го соборија.

Изгледаше дека не сакаше микрофоните да го снимаат нашиот разговор поради што мавташе со лакотот, а јас се наведнав и го примив ударот. Чуварите веднаш реагираа и ја елиминираа заканата“, изјави адвокатот.

Семејствата на жртвите рекоа дека нивните животи не биле исти откако се случиле страшните убиства.

Џен Корнел, мајката на Робин, вели дека мора да се бори за правда за својата ќерка и за пријателката многу години по грозоморното злосторство. Имено, напредокот во науката за ДНК доведе до идентификација на убиецот 26 години по убиствата и силувањата.

Не бев таму таа вечер за да ги спасам или барем да им помогнам да избегаат. Требаше да бидам нивниот глас на ова судење и не сакав да ги изневерам“, вели Корнел.

Во понеделникот, 33 години подоцна, по долгогодишна болка, страдање и составување делови од приказната за да се открие што се случило тоа утро во 90-тите, човекот одговорен за двојното убиство, конечно, беше казнет.

Судот заклучи дека според законите на државата Флорида, обвинетиот го загубил правото на живот“, изјави судијата Роберт Бранинг при објавувањето на пресудата.

The post Хаос во судницата: Монструм што силувал и убил 11-годишно девојче го нокаутира својот адвокат appeared first on Република.

]]>

Судијата Роберт Банинг го осуди Џозеф Цилер за убиство и силување на 11-годишната Робин Корнел и на нејзината дадилка Лиза Стори (32) во Кејп Корал во 1990 година. Цилер доби по две смртни казни за секоја од жртвите по што настана хаос во судницата, објави „Fox4now“. Пред изрекувањето на пресудата Цилер се врати на суд со надеж дека ќе биде прифатено неговото барање за ново судење. Судијата го одби барањето. Потоа тој со лакот го удри адвокатот во лицето. Веднаш по инцидентот чуварите го соборија.
Изгледаше дека не сакаше микрофоните да го снимаат нашиот разговор поради што мавташе со лакотот, а јас се наведнав и го примив ударот. Чуварите веднаш реагираа и ја елиминираа заканата“, изјави адвокатот.
  Семејствата на жртвите рекоа дека нивните животи не биле исти откако се случиле страшните убиства. Џен Корнел, мајката на Робин, вели дека мора да се бори за правда за својата ќерка и за пријателката многу години по грозоморното злосторство. Имено, напредокот во науката за ДНК доведе до идентификација на убиецот 26 години по убиствата и силувањата.
Не бев таму таа вечер за да ги спасам или барем да им помогнам да избегаат. Требаше да бидам нивниот глас на ова судење и не сакав да ги изневерам“, вели Корнел.
Во понеделникот, 33 години подоцна, по долгогодишна болка, страдање и составување делови од приказната за да се открие што се случило тоа утро во 90-тите, човекот одговорен за двојното убиство, конечно, беше казнет.
Судот заклучи дека според законите на државата Флорида, обвинетиот го загубил правото на живот“, изјави судијата Роберт Бранинг при објавувањето на пресудата.

The post Хаос во судницата: Монструм што силувал и убил 11-годишно девојче го нокаутира својот адвокат appeared first on Република.

]]>
Основниот кривичен суд Скопје доби судница целосно опремена со ИКТ опрема https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osnovniot-krivichen-sud-skopje-dobi-sudnica-celosno-opremena-so-ikt-oprema/ Fri, 28 Oct 2022 10:07:33 +0000 https://republika.mk/?p=566702

Основниот кривичен суд Скопје доби уште една целосно опремена судница со ИКТ опрема, со што заврши проектот за опремување на пет судници во различни основни судови низ државата со дигитални алатки со кои се подобрува транспарентноста и ефикасноста во работата на судовите.

Во рамки на оперативниот план за дигитализација на правосудството, со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, опремени се судниците во Основниот кривичен суд во Скопје, Основниот граѓански суд во Скопје, како и основните судови во Кавадраци, Струмица и Штип.

На промоцијата на судницата 23 во Основниот кривичен суд во Скопје, министерот за правда Никола Тупанчески, нагласи дека државата е одлучна во процесот на дигитализација на правосудството, и дека се обезбедени средства и за сите судови е набавен потребниот софтвер.

Интензивно работиме на опремување на кривичната судница во Идризово, со целосно опремување и користење на дигиталните алатки, со што ќе се забрзаат целокупните постапки кои се водат. Истовремено, се прави и надградба на АКМИС системот, порача Тупанчески.

Тој посочи дека Судницата е само една од алатките за подобрување на транспарентноста и ефикасноста во работата на судот.

Амбасадорот на ОБСЕ во Скопје Клеменс Која, изрази задоволство од финиширање на проектот за опремување на пет судници со ИКТ опрема во пет судови.

Мисијата го поддржува процесот на дигитализација на правосудството. Тука сме да споделиме визија дека мали чекори како опремување на пет судници со видео и аудио опрема може да придонесе во зголемување на транспарентноста на судовите. Додадена корист е можноста за судење на далечина и го зголемува пристапот до правда, истакна Која.

Со завршување на овој проект, Која ги поттикна властите, да продолжат со работа за создавање одржливи решенија за употреба на опремата и обезбедување на поголема транспарентност и пристап до правда.

Претседателот на Основен кривичен суд Скопје, Иван Џолев, нагласи дека со оваа донација Судот доби уште една судница опремена по сите европски технички стандарди.

Со ваквите судници се подобруваат условите за работа не само на судиите, туку и на обвинителите и медиумите, што особено ни е важно, бидејќи со тоа се зголемува јавноста на процесот, истакна Џолев.

Претседател на ИКТ Советот, судијата Лазар Нанев рече дека ова не е крај, туку почеток на една нова визија, што се нарекува македонско европско правосудство.

Да ги унапредиме нашите вредности, да ги подобриме условите за работа на нашите судови и да го подобриме пристапат до правда на граѓаните. Да ги искористиме можностите кои ги носи новото време, порача Нанев.

Нанев, исто така, го повика министерот да го продолжи процесот и да се направи целосна дигитална трансформација на сите судници во земјава.

The post Основниот кривичен суд Скопје доби судница целосно опремена со ИКТ опрема appeared first on Република.

]]>

Основниот кривичен суд Скопје доби уште една целосно опремена судница со ИКТ опрема, со што заврши проектот за опремување на пет судници во различни основни судови низ државата со дигитални алатки со кои се подобрува транспарентноста и ефикасноста во работата на судовите. Во рамки на оперативниот план за дигитализација на правосудството, со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, опремени се судниците во Основниот кривичен суд во Скопје, Основниот граѓански суд во Скопје, како и основните судови во Кавадраци, Струмица и Штип. На промоцијата на судницата 23 во Основниот кривичен суд во Скопје, министерот за правда Никола Тупанчески, нагласи дека државата е одлучна во процесот на дигитализација на правосудството, и дека се обезбедени средства и за сите судови е набавен потребниот софтвер.
Интензивно работиме на опремување на кривичната судница во Идризово, со целосно опремување и користење на дигиталните алатки, со што ќе се забрзаат целокупните постапки кои се водат. Истовремено, се прави и надградба на АКМИС системот, порача Тупанчески.
Тој посочи дека Судницата е само една од алатките за подобрување на транспарентноста и ефикасноста во работата на судот. Амбасадорот на ОБСЕ во Скопје Клеменс Која, изрази задоволство од финиширање на проектот за опремување на пет судници со ИКТ опрема во пет судови.
Мисијата го поддржува процесот на дигитализација на правосудството. Тука сме да споделиме визија дека мали чекори како опремување на пет судници со видео и аудио опрема може да придонесе во зголемување на транспарентноста на судовите. Додадена корист е можноста за судење на далечина и го зголемува пристапот до правда, истакна Која.
Со завршување на овој проект, Која ги поттикна властите, да продолжат со работа за создавање одржливи решенија за употреба на опремата и обезбедување на поголема транспарентност и пристап до правда. Претседателот на Основен кривичен суд Скопје, Иван Џолев, нагласи дека со оваа донација Судот доби уште една судница опремена по сите европски технички стандарди.