Комесарот за стандарди на Парламентот на Обединетото Кралство отвори истрага против премиерот Риши Сунак поради евентуален конфликт на интереси.
Истрагата е отворена на 13 април поради уделот на сопругата на Сунак, Акшата Мурти, во компанијата за згрижување деца „Кору кидс“.
Опозициските либералдемократи повикаа на истрага откако медиумите објавија дека Мурти е акционер во компанија која прима владините грантови.
Доколку се утврди дека Сунак ги прекршил правилата, комесарот може да побара да го признае тоа и да се извини и да ги исправи неправилностите. Во посериозни случаи, прашањето може да се достави до Одборот, кој може да наметне санкции, вклучително и суспензија на платата.
The post Компанија на сопругата добивала владини грантови: Британскиот премиер под истрага поради судир на интереси appeared first on Република.
]]>The post Компанија на сопругата добивала владини грантови: Британскиот премиер под истрага поради судир на интереси appeared first on Република.
]]>Директорот на РЕК Битола Пеце Матевски имаше јавна реакција на одржаните прес конференции од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо закани за тужби, Пеце Матевски да се заблагодари за јавно изнесените податоци од страна на ВМРО-ДПМНЕ за начинот на кој се фактурираат извршените услуги од надворешните компании и да изврши контрола во РЕК Битола, секако доколку не е запознаен со истото.
Директорот Пеце Матевски јавно бара докази за неправилностите во работата на РЕК Битола, во начинот на кој се извршуваат тендерските постапки. На одржаната прес конференција од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Стевче Антовски јавно ги прикажа склучените договори помеѓу РЕК Битола и фирмата КОМПАКТ МСФ Дооел Битола. Овие договори се доволен доказ дека во РЕК Битола постои директен судир на интереси кога станува збор за тендерски постапки. Фирмата КОМПАКТ МСФ која што е во фамилијарна сопственост на првиот синдикалец на РЕК Битола Менде Фидановски, добива тендери од неговата сопруга која што е вработена во РЕК Битола во 2020 година во службата за деловно техничка апликација како организатор на обработка. Многу е едноставно, фирмата на фамилијата на првиот синдикалец во РЕК Битола учествува на тендерите и неговата сопруга извршува верификација на истите.
Пеце Матевски наместо да се заканува да одговори на следните прашања:
Зашто Директорот на РЕК Битола во своето јавно излагање воопшто не ги спомна јавно прикажаните документи, дали мисли дека со премолчување ќе успее да го скрие недомаќинското управување во РЕК Битола, прашуваат од најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ.
Дали Директорот може да разбере дека тој е единствениот кој што ги понижува повеќе од 2000 вработени во РЕК Битола со начинот на неговото управување а со тоа и сите граѓани на Македонија?
Дали позади јавните заканувачки изјави на директорот се крие страв од соочување со одговорноста за се она што го прави раководството со РЕК Битола изминатите години?
Раководството на Електрани на Македонија треба да разбере дека заврши времето кога можеше да врши притисок и да сее страв. Притосоците и заканите нема да помогнат во затскривањето на оние кои сториле кривични дела и да избегаат од одговорноста. Никакви закани и притисоци нема да ги спречат промените и да донесат правда за сите, велат од ВМРО ДПМНЕ.
The post Стевче Антовски покажа документи од кои се гледа судир на интереси при набавки во РЕК Битола во случајот со фирмата КОМПАКТ МСФ appeared first on Република.
]]>Дали Директорот може да разбере дека тој е единствениот кој што ги понижува повеќе од 2000 вработени во РЕК Битола со начинот на неговото управување а со тоа и сите граѓани на Македонија? Дали позади јавните заканувачки изјави на директорот се крие страв од соочување со одговорноста за се она што го прави раководството со РЕК Битола изминатите години? Раководството на Електрани на Македонија треба да разбере дека заврши времето кога можеше да врши притисок и да сее страв. Притосоците и заканите нема да помогнат во затскривањето на оние кои сториле кривични дела и да избегаат од одговорноста. Никакви закани и притисоци нема да ги спречат промените и да донесат правда за сите, велат од ВМРО ДПМНЕ.
The post Стевче Антовски покажа документи од кои се гледа судир на интереси при набавки во РЕК Битола во случајот со фирмата КОМПАКТ МСФ appeared first on Република.
]]>