судија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sudija/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Nov 2024 19:33:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png судија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sudija/ 32 32 Судијата му дозволи на Трамп да побара отфрлање на кривичното дело за тајните исплати на порно актерка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sudijata-mu-dozvoli-na-tramp-da-pobara-otfrlane-na-krivichnoto-delo-za-tajnite-isplati-na-porno-akterka/ Fri, 22 Nov 2024 19:45:33 +0000 https://republika.mk/?p=840954

Судија од судот во Менхетн во Њујорк денеска му дозволи на новоизбраниот претсетдател на САД, Доналд Трамп да побара отфрлање на кривичниот предмет против него за тајните исплати на пари на порно актерката Сторми Даниелс.

Окружното обвинителство на Менхетн пред три дена соопшти дека се согласува да се одложи изрекувањето пресуда за Трамп во случајот што се води против него поради тајни плаќања на Сторми Даниелс во замена за нејзиното молчење за нивната наводна афера.

Обвинителството соопшти дека се одложува изрекувањето на пресудата за да им се даде време на обвинителите да го разгледаат очекуваниот предлог на Трамп за отфрлање на случајот.

The post Судијата му дозволи на Трамп да побара отфрлање на кривичното дело за тајните исплати на порно актерка appeared first on Република.

]]>

Судија од судот во Менхетн во Њујорк денеска му дозволи на новоизбраниот претсетдател на САД, Доналд Трамп да побара отфрлање на кривичниот предмет против него за тајните исплати на пари на порно актерката Сторми Даниелс. Окружното обвинителство на Менхетн пред три дена соопшти дека се согласува да се одложи изрекувањето пресуда за Трамп во случајот што се води против него поради тајни плаќања на Сторми Даниелс во замена за нејзиното молчење за нивната наводна афера. Обвинителството соопшти дека се одложува изрекувањето на пресудата за да им се даде време на обвинителите да го разгледаат очекуваниот предлог на Трамп за отфрлање на случајот.

The post Судијата му дозволи на Трамп да побара отфрлање на кривичното дело за тајните исплати на порно актерка appeared first on Република.

]]>
Лазар Нанев е разрешен од Судски Совет: Имал 95 телефонски контакти со обвинет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/lazar-nanev-e-razreshen-od-sudski-sovet-imal-95-telefonski-kontakti-so-obvinet/ Wed, 16 Oct 2024 17:59:02 +0000 https://republika.mk/?p=827796

Судијата и поранешен претседател на Основниот суд во Кавадарци, Лазар Нанев, е разрешен од функцијата член на Судскиот совет. Оваа одлука беше донесена попладнево од највисокото судско тело, кое претходно одлучи јавноста да биде исклучена од расправата и одлучувањето за утврдување одговорност на Нанев. Седницата се одржа зад затворени врати, за да се заштити угледот и интегритетот на Нанев.

Подносител на барањето за утврдување на одговорност беше претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, со која Нанев беше во отворен конфликт неколку месеци.

Одговорноста на Нанев се бараше поради објавата дека имал 95 телефонски контакти со обвинет во предмет кој го водел лично, а против него се водеше уште една постапка пред Судскиот совет.

The post Лазар Нанев е разрешен од Судски Совет: Имал 95 телефонски контакти со обвинет appeared first on Република.

]]>

Судијата и поранешен претседател на Основниот суд во Кавадарци, Лазар Нанев, е разрешен од функцијата член на Судскиот совет. Оваа одлука беше донесена попладнево од највисокото судско тело, кое претходно одлучи јавноста да биде исклучена од расправата и одлучувањето за утврдување одговорност на Нанев. Седницата се одржа зад затворени врати, за да се заштити угледот и интегритетот на Нанев. Подносител на барањето за утврдување на одговорност беше претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, со која Нанев беше во отворен конфликт неколку месеци. Одговорноста на Нанев се бараше поради објавата дека имал 95 телефонски контакти со обвинет во предмет кој го водел лично, а против него се водеше уште една постапка пред Судскиот совет.

The post Лазар Нанев е разрешен од Судски Совет: Имал 95 телефонски контакти со обвинет appeared first on Република.

]]>
Се кладел и ги манипулирал резултатите: Бугарски тениски судија доживотно суспендиран https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/se-kladel-i-gi-manipuliral-rezultatite-bugarski-teniski-sudija-dozhivotno-suspendiran/ Fri, 19 Apr 2024 19:46:51 +0000 https://republika.mk/?p=768204

Бугарскиот тениски судија Павел Атанасов доби доживотна суспензија поради 21 прекршување на тениската антикорупциска програма, соопшти Меѓународната агенција за интегритет во тенисот (ИТИА).

Атанасов првично ги отфрли обвинувањата пред да ја повлече жалбата пред сослушувањето. Атанасов е казнет и со 10.000 долари.

Тој се изјасни за виновен за бројни прекршувања на тениската антикорупциска програма во периодот помеѓу 2019 и 2023 година, вклучително и манипулација со податоци за резултатите од натпреварите со цел обложување, олеснување на обложување, корупција, обложување на тениски натпревари и непријавување корупција.

The post Се кладел и ги манипулирал резултатите: Бугарски тениски судија доживотно суспендиран appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот тениски судија Павел Атанасов доби доживотна суспензија поради 21 прекршување на тениската антикорупциска програма, соопшти Меѓународната агенција за интегритет во тенисот (ИТИА). Атанасов првично ги отфрли обвинувањата пред да ја повлече жалбата пред сослушувањето. Атанасов е казнет и со 10.000 долари. Тој се изјасни за виновен за бројни прекршувања на тениската антикорупциска програма во периодот помеѓу 2019 и 2023 година, вклучително и манипулација со податоци за резултатите од натпреварите со цел обложување, олеснување на обложување, корупција, обложување на тениски натпревари и непријавување корупција.

The post Се кладел и ги манипулирал резултатите: Бугарски тениски судија доживотно суспендиран appeared first on Република.

]]>
Нападнат судија на фудбалски натпревар во Охрид https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/napadnat-sudija-na-fudbalski-natprevar-vo-ohrid/ Sun, 31 Mar 2024 16:12:29 +0000 https://republika.mk/?p=760678

На фудбалски натпревар во рамки на општинската фудбалска лига во Охрид синоќа е физички нападнат главниот судија.

Вчера во 21:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на фудбалски терен каде се одигрувал фудбалски натпревар во рамките на општинска фудбалска лига Охрид, едно лице физички го нападнало главниот судија, информира денеска Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен.

По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена пријава според Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревар.

The post Нападнат судија на фудбалски натпревар во Охрид appeared first on Република.

]]>

На фудбалски натпревар во рамки на општинската фудбалска лига во Охрид синоќа е физички нападнат главниот судија.
Вчера во 21:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на фудбалски терен каде се одигрувал фудбалски натпревар во рамките на општинска фудбалска лига Охрид, едно лице физички го нападнало главниот судија, информира денеска Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен.
По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена пријава според Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревар.

The post Нападнат судија на фудбалски натпревар во Охрид appeared first on Република.

]]>
Јаневска за „судијата“ Ељведин: А Деканот и Ректорот што правеле? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-za-sudijata-elvedin-a-dekanot-i-rektorot-shto-pravele/ Sat, 30 Dec 2023 08:41:53 +0000 https://republika.mk/?p=728108

А Деканот и Ректорот што правеле? Замижувале?, прашува професорката Весна Јаневска откако Антикорупциската комисија алармираше за случајот на судијата Ељведин Ферати од Основниот суд Тетово со пречкртување и поправање сам си ставал нови, повисоки оценки.

„Судијава“ вика тие се виновни што нема документи.
Кое дно, човек да не може да поверува. Демек, академски граѓани, интелектуалци.
Арам, вели професорката.

Ферати се пријавил и бил примен во Академијата на судии и обвинители наведувајќи просек од 8,20, а во дипломата за завршени студии по право на Тетовскиот универзитет имал просек 7,88. Просекот на судијата бил поправен со пречкртување на три негови оценки во Матичната книга на Катедрата по право на Тетовскиот универзитет, и ставање повисоки.

The post Јаневска за „судијата“ Ељведин: А Деканот и Ректорот што правеле? appeared first on Република.

]]>

А Деканот и Ректорот што правеле? Замижувале?, прашува професорката Весна Јаневска откако Антикорупциската комисија алармираше за случајот на судијата Ељведин Ферати од Основниот суд Тетово со пречкртување и поправање сам си ставал нови, повисоки оценки.
„Судијава“ вика тие се виновни што нема документи. Кое дно, човек да не може да поверува. Демек, академски граѓани, интелектуалци. Арам, вели професорката.
Ферати се пријавил и бил примен во Академијата на судии и обвинители наведувајќи просек од 8,20, а во дипломата за завршени студии по право на Тетовскиот универзитет имал просек 7,88. Просекот на судијата бил поправен со пречкртување на три негови оценки во Матичната книга на Катедрата по право на Тетовскиот универзитет, и ставање повисоки.

The post Јаневска за „судијата“ Ељведин: А Деканот и Ректорот што правеле? appeared first on Република.

]]>
Ердоган го барал претепаниот судија: Од кревет, со крагна околу вратот зборувал со претседателот на Турција https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/erdogan-go-baral-pretepaniot-sudija-od-krevet-so-kragna-okolu-vratot-zboruval-so-pretsedatelot-na-turtsija/ Tue, 12 Dec 2023 12:05:24 +0000 https://republika.mk/?p=722154

Халил Умут Мелер беше жртва на брутален напад од претседателот на Анкарагучу и беше претепан по натпреврот кој вчера се одигра во турската Суперлига, сцени по кои се крена на нозе цела јавност во оваа земја.

Мелер е најдобар турски судија и има највисок ранг според коефициентот на УЕФА, но тоа не му донесе никаква заштита и привилегија на теренот, каде буквално беше избоксиран, а потоа и претепан додека лежеше на земја.

Шокантните сцени од Анкара предизвикаа гнев во цела спортска јавност во светот, па затоа денеска со осуда за слученото се јавија и од УЕФА и ФИФА, од каде побараа одговорност за сите инволвирани.

Турската фудбалската Федерација го стопираше фудбалот на неодредено време поради срамниот скандал и најави жестоки казни за агресорите, а на прво место секако е водечкиот човек на Анкарагучу, Фарук Коча.

Според турските медиуми, Мелер им најавил на своите колеги дека размислува за пензија после нехуманиот напад на теренот, но во акцијата за премислување се вклучиле и луѓе од највисокот политички врв во Турција, кои денеска го посетиле Мелер во болница.

Министерот за внатрешни работи објави видео од болница за да му даде поддршка на судијата, па дури откри дека му се јавил и на претседателот Ердоган кој му посакал најдобри мисли на претепаниот Мелер.

The post Ердоган го барал претепаниот судија: Од кревет, со крагна околу вратот зборувал со претседателот на Турција appeared first on Република.

]]>

Халил Умут Мелер беше жртва на брутален напад од претседателот на Анкарагучу и беше претепан по натпреврот кој вчера се одигра во турската Суперлига, сцени по кои се крена на нозе цела јавност во оваа земја. Мелер е најдобар турски судија и има највисок ранг според коефициентот на УЕФА, но тоа не му донесе никаква заштита и привилегија на теренот, каде буквално беше избоксиран, а потоа и претепан додека лежеше на земја. Шокантните сцени од Анкара предизвикаа гнев во цела спортска јавност во светот, па затоа денеска со осуда за слученото се јавија и од УЕФА и ФИФА, од каде побараа одговорност за сите инволвирани. Турската фудбалската Федерација го стопираше фудбалот на неодредено време поради срамниот скандал и најави жестоки казни за агресорите, а на прво место секако е водечкиот човек на Анкарагучу, Фарук Коча. Според турските медиуми, Мелер им најавил на своите колеги дека размислува за пензија после нехуманиот напад на теренот, но во акцијата за премислување се вклучиле и луѓе од највисокот политички врв во Турција, кои денеска го посетиле Мелер во болница. Министерот за внатрешни работи објави видео од болница за да му даде поддршка на судијата, па дури откри дека му се јавил и на претседателот Ердоган кој му посакал најдобри мисли на претепаниот Мелер.

The post Ердоган го барал претепаниот судија: Од кревет, со крагна околу вратот зборувал со претседателот на Турција appeared first on Република.

]]>
Петрушевски: Поднесов претставка против судијата Мемети кој ме осуди за искажан став на собраниска седница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petrushevski-podnesov-pretstavka-protiv-sudijata-memeti-koj-me-osudi-za-iskazhan-stav-na-sobraniska-sednitsa/ Thu, 16 Nov 2023 11:31:29 +0000 https://republika.mk/?p=702121

Во името на слободата на говорот и заштита на критичката мисла денеска до Републичкиот судски совет поднесов претставка против судијата Неџат Мемети од Основниот суд Куманово, изјави денеска пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

Неџат Мемети противуставно, противзаконски и против пресудите кои што ги има како пракса и во Република Македонија и во Европскиот суд за човекови права осуди пратеник за јавно искажан збор од собраниска говорница.

Контекстот во кој живееме денеска го прави овој мој чекор нужен и неопходен. Денеска покрај тоа што не се уважува имунитетот на еден опозициски пратеник, сведоци сме и на осуда на новинари за критичка мисла. Сведоци сме на сериозен извештај со сериозни критики од ЕК токму во делот на правосудството, а сведоци сме на секојдневни пресуди кои што стигнуваат од Европскиот суд за човекови права за противправно постапување на македонските судови.

Затоа изрично ќе побара од Републичкиот судски совет сериозно да ја разгледа оваа претставка и на ваквите судии не им е место во македонските судови. Ако се дрзнал вака да осуди пратеник, може само да се замисли како суди на граѓаните во Република Македонија.

Воедно, сакам да се заблагодарам на огромната поддршка која што ја добив изминатиот период од граѓаните на Република Македонија, а исто така да се заблагодарам на принципиелниот став и однос кој што го имаше скоро целата стручна правна фела на овој мој случај, рече Петрушевски.

https://youtu.be/wbT49Cs_sy0?si=OtBmo-kgcroA0nH-

The post Петрушевски: Поднесов претставка против судијата Мемети кој ме осуди за искажан став на собраниска седница appeared first on Република.

]]>

Во името на слободата на говорот и заштита на критичката мисла денеска до Републичкиот судски совет поднесов претставка против судијата Неџат Мемети од Основниот суд Куманово, изјави денеска пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.
Неџат Мемети противуставно, противзаконски и против пресудите кои што ги има како пракса и во Република Македонија и во Европскиот суд за човекови права осуди пратеник за јавно искажан збор од собраниска говорница.
Контекстот во кој живееме денеска го прави овој мој чекор нужен и неопходен. Денеска покрај тоа што не се уважува имунитетот на еден опозициски пратеник, сведоци сме и на осуда на новинари за критичка мисла. Сведоци сме на сериозен извештај со сериозни критики од ЕК токму во делот на правосудството, а сведоци сме на секојдневни пресуди кои што стигнуваат од Европскиот суд за човекови права за противправно постапување на македонските судови.
Затоа изрично ќе побара од Републичкиот судски совет сериозно да ја разгледа оваа претставка и на ваквите судии не им е место во македонските судови. Ако се дрзнал вака да осуди пратеник, може само да се замисли како суди на граѓаните во Република Македонија. Воедно, сакам да се заблагодарам на огромната поддршка која што ја добив изминатиот период од граѓаните на Република Македонија, а исто така да се заблагодарам на принципиелниот став и однос кој што го имаше скоро целата стручна правна фела на овој мој случај, рече Петрушевски.
https://youtu.be/wbT49Cs_sy0?si=OtBmo-kgcroA0nH-

The post Петрушевски: Поднесов претставка против судијата Мемети кој ме осуди за искажан став на собраниска седница appeared first on Република.

]]>
Струшкиот суд останува без судија кривичар https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/strushkiot-sud-ostanuva-bez-sudija-krivichar/ Tue, 19 Sep 2023 09:01:56 +0000 https://republika.mk/?p=683075

Основниот суд во Струга останува без судија кој ќе суди потешки кривични дела, а од почетокот на идната година ќе остане само со двајца судии, информира претседателот на судот Ифет Бајрамоски.

Во овој суд, иако по систематизација предвидени се 15 судии, во моментов има шестмина заедно со претседателот. Но, од први октомври единствениот кривичен судија за најтешките кривични дела ќе оди во пензија и нема кој да го замени.

Од оваа постоечка гарнитура, еден судија постапува на претходна постапка, по прекршочни предмети, како судија за деца и за извршување санкции, други двајца судии постапуваат на граѓанска материја од кои едниот постапува и по стечајни предмети, а другиот на парнични и вонпарнични предмети. Третиот постапува на прекршочни и кривични предмети. Во потешки ситуации кога е поднесен кривичен акт за потешки кривични дела над пет години еден судија што постапува на претходна постапка треба да постапува и кривичен совет за оценка на обвинителен акт тоа се тројца судии. Моментално тројца и еден ако постапува на претходна постапка тоа се четворица судии и нема кој да постапува понатака за тој кривичен предмет - појасни Бајрамоски.

Според него, имало ситуации кога Судот во Струга неможел да постапува по кривични предмети и отстапувал да интервенира повисокиот Апелациониот суд во Битола, кој делегира друг суд од нашето апелационо подрачје да постапува.

Во најчест случај тоа е Основниот суд во Охрид, постапува за потешките кривични дела. Таков случај веќе имаме, ние неможеме да постапуваме со оглед дека сите судии постапувале во одреден период по тој кривичен предмет и се отстапува на постаупување на друг суд, додаде претседателот на Основниот суд во Струга.

Состојбата, според Бајрамоски, уште поалармантна ќе стане од почетокот на идната година, кога ќе останат само двајца судии. Судскиот совет веќе делегирал двајца судии од Основен граѓански суд од Скопје, но тие поднеле приговор до Врховен суд и во тек е постапка за оцнеување на приговорот. Тие нема да можат да постапуваат по сложени предмети, како граѓански така и кривино. Судот ќе остане без кривичен судија.

Судскиот совет ќе мора да делегира поискусен судија што ќе постапува за потешките кривични дела, односно судија кривичар - нагласи Бајрамоски.

The post Струшкиот суд останува без судија кривичар appeared first on Република.

]]>

Основниот суд во Струга останува без судија кој ќе суди потешки кривични дела, а од почетокот на идната година ќе остане само со двајца судии, информира претседателот на судот Ифет Бајрамоски. Во овој суд, иако по систематизација предвидени се 15 судии, во моментов има шестмина заедно со претседателот. Но, од први октомври единствениот кривичен судија за најтешките кривични дела ќе оди во пензија и нема кој да го замени.
Од оваа постоечка гарнитура, еден судија постапува на претходна постапка, по прекршочни предмети, како судија за деца и за извршување санкции, други двајца судии постапуваат на граѓанска материја од кои едниот постапува и по стечајни предмети, а другиот на парнични и вонпарнични предмети. Третиот постапува на прекршочни и кривични предмети. Во потешки ситуации кога е поднесен кривичен акт за потешки кривични дела над пет години еден судија што постапува на претходна постапка треба да постапува и кривичен совет за оценка на обвинителен акт тоа се тројца судии. Моментално тројца и еден ако постапува на претходна постапка тоа се четворица судии и нема кој да постапува понатака за тој кривичен предмет - појасни Бајрамоски.
Според него, имало ситуации кога Судот во Струга неможел да постапува по кривични предмети и отстапувал да интервенира повисокиот Апелациониот суд во Битола, кој делегира друг суд од нашето апелационо подрачје да постапува. Во најчест случај тоа е Основниот суд во Охрид, постапува за потешките кривични дела. Таков случај веќе имаме, ние неможеме да постапуваме со оглед дека сите судии постапувале во одреден период по тој кривичен предмет и се отстапува на постаупување на друг суд, додаде претседателот на Основниот суд во Струга. Состојбата, според Бајрамоски, уште поалармантна ќе стане од почетокот на идната година, кога ќе останат само двајца судии. Судскиот совет веќе делегирал двајца судии од Основен граѓански суд од Скопје, но тие поднеле приговор до Врховен суд и во тек е постапка за оцнеување на приговорот. Тие нема да можат да постапуваат по сложени предмети, како граѓански така и кривино. Судот ќе остане без кривичен судија.
Судскиот совет ќе мора да делегира поискусен судија што ќе постапува за потешките кривични дела, односно судија кривичар - нагласи Бајрамоски.

The post Струшкиот суд останува без судија кривичар appeared first on Република.

]]>
Врховниот судија Наке Георгиев поднесе оставка од Судски Совет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vrhovniot-sudija-nake-georgiev-podnese-ostavka-od-sudski-sovet/ Tue, 25 Jul 2023 11:28:16 +0000 https://republika.mk/?p=665088

Врховниот судија Наке Георгиев, кој неодамна беше избран за член на Судскиот совет, утрово си поднел оставка, потврдуваат од Судскиот Совет за МИА.

Достави известување за оставка од лични причини, велат од Судскиот Совет.

Оттаму дополнуваат дека неговата оставка е констатирана.

Георгиев денеска заедно со неговата колешка Антоанета Димовска требаше да даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Седницата на Судски совет на која што се бираат судии е во тек.

The post Врховниот судија Наке Георгиев поднесе оставка од Судски Совет appeared first on Република.

]]>

Врховниот судија Наке Георгиев, кој неодамна беше избран за член на Судскиот совет, утрово си поднел оставка, потврдуваат од Судскиот Совет за МИА.
Достави известување за оставка од лични причини, велат од Судскиот Совет.
Оттаму дополнуваат дека неговата оставка е констатирана. Георгиев денеска заедно со неговата колешка Антоанета Димовска требаше да даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери. Седницата на Судски совет на која што се бираат судии е во тек.

The post Врховниот судија Наке Георгиев поднесе оставка од Судски Совет appeared first on Република.

]]>
Истепан судија после натпревар од детска лига https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/istepan-sudija-posle-natprevar-od-detska-liga/ Mon, 29 May 2023 13:02:37 +0000 https://republika.mk/?p=645790

Две лица истепале фудбалски судија после натпревар од детска лига, извести МВР.

Според полицијата, на 27.05.2023 во 09.52 часот Г.М.(40) од Скопје пријавил дека на спортскиот стадион „Петар Милошевски“ во Скопје, каде бил фудбалски судија на фудбалски натпревар од детска лига помеѓу екипи од Штип и од Тетово, по завршување на натпреварот бил физички нападнат од две лица.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

 

The post Истепан судија после натпревар од детска лига appeared first on Република.

]]>

Две лица истепале фудбалски судија после натпревар од детска лига, извести МВР. Според полицијата, на 27.05.2023 во 09.52 часот Г.М.(40) од Скопје пријавил дека на спортскиот стадион „Петар Милошевски“ во Скопје, каде бил фудбалски судија на фудбалски натпревар од детска лига помеѓу екипи од Штип и од Тетово, по завршување на натпреварот бил физички нападнат од две лица. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.  

The post Истепан судија после натпревар од детска лига appeared first on Република.

]]>
Суспендиран помошникот судија кој удри фудбалер на Ливерпул https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/suspendiran-pomoshnikot-sudija-koj-udri-fudbaler-na-liverpul/ Mon, 10 Apr 2023 15:03:11 +0000 https://republika.mk/?p=629542

Здружението на професионални фудбалски судии во Премиер лигата го суспендираше денеска помошникот арбитер Константин Хацидакис, кој за време на вчерашниот натпревар во Премиер лигата меѓу Ливерпул и Арсенал со лакт го удри играчот на домашната екипа Ендру Робертсон.

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа моментот кога Хацидакис со лакт го удира Робертсон во пределот на вратот додека играчите од двете екипи, како и судиите се движат кон соблекувалните на „Енфилд Роуд“.

Хацидакис нема да биде делегиран за натпреварите во организација на англиската Федерација додека не заврши истрагата во целост.

Дербито меѓу Ливерпул и Арсенал заврши нерешено 2-2.

The post Суспендиран помошникот судија кој удри фудбалер на Ливерпул appeared first on Република.

]]>

Здружението на професионални фудбалски судии во Премиер лигата го суспендираше денеска помошникот арбитер Константин Хацидакис, кој за време на вчерашниот натпревар во Премиер лигата меѓу Ливерпул и Арсенал со лакт го удри играчот на домашната екипа Ендру Робертсон. На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа моментот кога Хацидакис со лакт го удира Робертсон во пределот на вратот додека играчите од двете екипи, како и судиите се движат кон соблекувалните на „Енфилд Роуд“. Хацидакис нема да биде делегиран за натпреварите во организација на англиската Федерација додека не заврши истрагата во целост. Дербито меѓу Ливерпул и Арсенал заврши нерешено 2-2.

The post Суспендиран помошникот судија кој удри фудбалер на Ливерпул appeared first on Република.

]]>
Судскиот совет го реизбра Хасан Асани за претседател на Основен суд Тетово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sudskiot-sovet-go-reizbra-hasan-asani-za-pretsedatel-na-osnoven-sud-tetovo/ Wed, 29 Mar 2023 09:09:10 +0000 https://republika.mk/?p=624953

Судскиот совет на денешната 436-та седница го реизбра судијата Хасан Асани за претседател на Основниот суд Тетово.

Судијата Хасан Асани, кој доаѓа од Основниот суд Тетово, беше избран со 9 гласа „за“ и три против.

На огласот, иако биле пријавени тројца кандидати, само Асани доставил комплетна документација.

Судскиот совет, претходно на денешната седница избра и двајца судии во Врховниот суд и двајца судии во Апелационен суд Гостивар.

The post Судскиот совет го реизбра Хасан Асани за претседател на Основен суд Тетово appeared first on Република.

]]>

Судскиот совет на денешната 436-та седница го реизбра судијата Хасан Асани за претседател на Основниот суд Тетово. Судијата Хасан Асани, кој доаѓа од Основниот суд Тетово, беше избран со 9 гласа „за“ и три против. На огласот, иако биле пријавени тројца кандидати, само Асани доставил комплетна документација. Судскиот совет, претходно на денешната седница избра и двајца судии во Врховниот суд и двајца судии во Апелационен суд Гостивар.

The post Судскиот совет го реизбра Хасан Асани за претседател на Основен суд Тетово appeared first on Република.

]]>
Уапсен фудбалер на тетовски Пирок откако нападна судија оти не му се допаднала одлуката https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/uapsen-fudbaler-na-tetovski-pirok-otkako-napadna-sudija-oti-ne-mu-se-dopadnala-odlukata/ Mon, 27 Mar 2023 16:04:15 +0000 https://republika.mk/?p=624334

На 26 март, околу 15.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово го привеле А.Т.(31) од тетовски Пирок, кој претходно, на фудбалски натпревар на кој настапил за екипата на Пирок, физички го нападнал главниот судија на натпреварот, незадоволен од негова одлука.

Се расчистува и документира случајот и на А.Т. ќе му биде изготвен поднесок.

The post Уапсен фудбалер на тетовски Пирок откако нападна судија оти не му се допаднала одлуката appeared first on Република.

]]>

На 26 март, околу 15.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово го привеле А.Т.(31) од тетовски Пирок, кој претходно, на фудбалски натпревар на кој настапил за екипата на Пирок, физички го нападнал главниот судија на натпреварот, незадоволен од негова одлука. Се расчистува и документира случајот и на А.Т. ќе му биде изготвен поднесок.

The post Уапсен фудбалер на тетовски Пирок откако нападна судија оти не му се допаднала одлуката appeared first on Република.

]]>
Почина судијата Огнен Ставрев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochina-sudijata-ognen-stavrev/ Sun, 05 Feb 2023 09:22:19 +0000 https://republika.mk/?p=604950

На 63 години почина судијата Огнен Ставрев од скопскиот Кривичен суд. Тој 25 години судеше во двата скопски основни судови. Тој судеше значајни предмети кои се познати во јавноста како „Змиско око 1“, „Сопот“, „Фаланга 2“. Судијата Ставрев изрече низа пресуди и за предмети од СЈО, како што се „Титаник 2“, „ТНТ“, „Монструм“.

Огнен Ставрев е син на Драгољуб Ставрев, претседател на Претседателството на Социјалистичка Република Македонија (СРМ), претседател на Извршниот совет на СРМ, градоначалник на Скопје кога градот се обновуваше по земјотресот.

Судијата Огнен Ставрев изминативе години судеше во Одделението за организиран криминал и корупција. Поради здравствените проблеми кои ги имаше, последните месеци беше судија за извршување санкции.

The post Почина судијата Огнен Ставрев appeared first on Република.

]]>

На 63 години почина судијата Огнен Ставрев од скопскиот Кривичен суд. Тој 25 години судеше во двата скопски основни судови. Тој судеше значајни предмети кои се познати во јавноста како „Змиско око 1“, „Сопот“, „Фаланга 2“. Судијата Ставрев изрече низа пресуди и за предмети од СЈО, како што се „Титаник 2“, „ТНТ“, „Монструм“. Огнен Ставрев е син на Драгољуб Ставрев, претседател на Претседателството на Социјалистичка Република Македонија (СРМ), претседател на Извршниот совет на СРМ, градоначалник на Скопје кога градот се обновуваше по земјотресот. Судијата Огнен Ставрев изминативе години судеше во Одделението за организиран криминал и корупција. Поради здравствените проблеми кои ги имаше, последните месеци беше судија за извршување санкции.

The post Почина судијата Огнен Ставрев appeared first on Република.

]]>
Украден компјутерот на судија во Хаг-исчезнаа докази против Хашим Тачи и УЧК https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ukraden-kompjuterot-na-sudija-vo-hag-ischeznaa-dokazi-protiv-hashim-tachi-i-uchk/ Mon, 23 Jan 2023 07:59:54 +0000 https://republika.mk/?p=599746

Францускиот веник „Неделни новини“  објави  за грабеж во станот на високиот судија за злосторства на ОВК, на почетокот на јануари во Париз, Оваа вест ја сподели  директорот на Дирекцијата за соработка со дијаспората и Србите во регионот, Арнауд Гајон.

Гајон на Твитер објави дека весникот наведува дека во станот влегле професионалци и дека извадиле само лаптоп кој содржи многу чувствителни податоци за тековните судски постапки.

Накитот и другите предмети се недопрени. Сличен грабеж неодамна се случи и во Брисел, каде што беше украден компјутер од судија на истиот специјален суд за злосторства на ОВК, но засега овие два случаи не се поврзани. Весникот потсетува дека за време на војната во Косово загинале околу 13.000 луѓе и дека во моментов поранешниот шеф на албанската паравоена формација ОВК, Хашим Тачи, е обвинет за убиство и тортура - додаде Гујон.

The post Украден компјутерот на судија во Хаг-исчезнаа докази против Хашим Тачи и УЧК appeared first on Република.

]]>

Францускиот веник „Неделни новини“  објави  за грабеж во станот на високиот судија за злосторства на ОВК, на почетокот на јануари во Париз, Оваа вест ја сподели  директорот на Дирекцијата за соработка со дијаспората и Србите во регионот, Арнауд Гајон. Гајон на Твитер објави дека весникот наведува дека во станот влегле професионалци и дека извадиле само лаптоп кој содржи многу чувствителни податоци за тековните судски постапки.
Накитот и другите предмети се недопрени. Сличен грабеж неодамна се случи и во Брисел, каде што беше украден компјутер од судија на истиот специјален суд за злосторства на ОВК, но засега овие два случаи не се поврзани. Весникот потсетува дека за време на војната во Косово загинале околу 13.000 луѓе и дека во моментов поранешниот шеф на албанската паравоена формација ОВК, Хашим Тачи, е обвинет за убиство и тортура - додаде Гујон.

The post Украден компјутерот на судија во Хаг-исчезнаа докази против Хашим Тачи и УЧК appeared first on Република.

]]>
Обид за атентат врз судијата Александар Никулин кој осуди двајца Британци на смрт https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/obid-za-atentat-vrz-sudijata-aleksandar-nikulin-koj-osudi-dvajca-britanci-na-smrt/ Sat, 05 Nov 2022 14:30:02 +0000 https://republika.mk/?p=570068

Во регионот на Донецк кој е под руска окупација беше извршен обид за атентат врз судијата кој осуди двајца Британци на смрт. Станува збор за Александар Никулин. Тој беше застрелан синоќа во Вухлехирска. Во тешка состојба е пренесен во болница.

Веста ја објави новинската организација Nexta, основана во Белорусија. Сличен извештај пренесе и рускиот независен весник Новаја Газета.

The post Обид за атентат врз судијата Александар Никулин кој осуди двајца Британци на смрт appeared first on Република.

]]>

Во регионот на Донецк кој е под руска окупација беше извршен обид за атентат врз судијата кој осуди двајца Британци на смрт. Станува збор за Александар Никулин. Тој беше застрелан синоќа во Вухлехирска. Во тешка состојба е пренесен во болница. Веста ја објави новинската организација Nexta, основана во Белорусија. Сличен извештај пренесе и рускиот независен весник Новаја Газета.

The post Обид за атентат врз судијата Александар Никулин кој осуди двајца Британци на смрт appeared first on Република.

]]>
Наместо судија од Премиер лигата ставија Романец: УЕФА ги промени судиите за вечерашниот меч ЦКСК-Македонија ЃП https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/namesto-sudija-od-premier-ligata-stavija-romanev-uefa-gi-promeni-sudiite-za-vecherashniot-mech-cksk-makedonija-gjp/ Thu, 28 Jul 2022 08:45:16 +0000 https://republika.mk/?p=534143

УЕФА направи изненадувачка измена во судискиот тим на натпреварот ЦСКА - Македонија ЃП. Англискиот квартет објавен пред неколку недели, предводен од главниот судија Дејвид Кут, кој има 20 натпревари во Премиер лигата, беше повлечен без конкретна причина за промената.

Наместо британските судии, во Софија пристигна екипа од  Романија. Главен судија вечерва ќе биде 40-годишниот Марсел Бирсан со помошниците Раду Гингулиак и Мирчеа Григориу, а четврти судија Јулијан Дима.

Првиот меч во Скопје заврши без голови.

 

 

The post Наместо судија од Премиер лигата ставија Романец: УЕФА ги промени судиите за вечерашниот меч ЦКСК-Македонија ЃП appeared first on Република.

]]>

УЕФА направи изненадувачка измена во судискиот тим на натпреварот ЦСКА - Македонија ЃП. Англискиот квартет објавен пред неколку недели, предводен од главниот судија Дејвид Кут, кој има 20 натпревари во Премиер лигата, беше повлечен без конкретна причина за промената. Наместо британските судии, во Софија пристигна екипа од  Романија. Главен судија вечерва ќе биде 40-годишниот Марсел Бирсан со помошниците Раду Гингулиак и Мирчеа Григориу, а четврти судија Јулијан Дима. Првиот меч во Скопје заврши без голови.    

The post Наместо судија од Премиер лигата ставија Романец: УЕФА ги промени судиите за вечерашниот меч ЦКСК-Македонија ЃП appeared first on Република.

]]>
Судија на мечот Португалија- Македонија ќе биде истиот од историскиот меч со Грузија! https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/sudija-na-mechot-portugalija-makedonija-kje-bide-istiot-od-istoriskiot-mech-so-gruzija/ Sun, 27 Mar 2022 10:33:52 +0000 https://republika.mk/?p=479248

Ентони Тејлор од Англија ќе биде главниот судија на мечот Португалија –Македонија во вторник на “Драгао“ во Порто.Во мечот кој ќе се решава патникот за Мундијалот во Катар. Интересно, Тејлор ни судеше и на оној историски меч во Тбилиси на 12 ноември 2020 година кога со голот на Пандев ја победивме Грузија и се пласиравме на ЕП.

Па, зарем е можно одново Тејлор да ни суди на еден ваков историски меч, веројатно најголем во нашата фудбалска историја. Секако дека не се буниме. Тејлор ни донесе среќа во Тбилиси ако може така да се каже, нека ни донесе и во Порто.

Инаку важи за еден од најдобрите судии во светот, постојано суди во Премиер – Лигата, ЛШ, најзначајните мечеви во квалификациите за ЕП или СП.

Негови помошници ќе бидат Гери Бесвик и Мајкл Нун, а четврти е исто така познатиот Мајкл Оливер.

The post Судија на мечот Португалија- Македонија ќе биде истиот од историскиот меч со Грузија! appeared first on Република.

]]>

Ентони Тејлор од Англија ќе биде главниот судија на мечот Португалија –Македонија во вторник на “Драгао“ во Порто.Во мечот кој ќе се решава патникот за Мундијалот во Катар. Интересно, Тејлор ни судеше и на оној историски меч во Тбилиси на 12 ноември 2020 година кога со голот на Пандев ја победивме Грузија и се пласиравме на ЕП. Па, зарем е можно одново Тејлор да ни суди на еден ваков историски меч, веројатно најголем во нашата фудбалска историја. Секако дека не се буниме. Тејлор ни донесе среќа во Тбилиси ако може така да се каже, нека ни донесе и во Порто. Инаку важи за еден од најдобрите судии во светот, постојано суди во Премиер – Лигата, ЛШ, најзначајните мечеви во квалификациите за ЕП или СП. Негови помошници ќе бидат Гери Бесвик и Мајкл Нун, а четврти е исто така познатиот Мајкл Оливер.

The post Судија на мечот Португалија- Македонија ќе биде истиот од историскиот меч со Грузија! appeared first on Република.

]]>
Судија погоден со чаша пиво во глава на мечот Бохум-Борусија Менхенгладбах https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/sudija-pogoden-so-chasha-pivo-vo-glava-na-mechot-bohum-borusija-menhengladbah/ Sat, 19 Mar 2022 09:13:05 +0000 https://republika.mk/?p=475304

Натпреварот од 27. коло во германското фудбалско првенство меѓу Бохум и Борусија Менхенгладбах беше прекинат синоќа во 69. минута при водство на гостинскиот тим од 2-0 поради сериозен навивачки инцидент.

Незадоволни од актуелниот резултат, навивачите на Бохум предизвикаа скандалозни сцени во Бундеслигата, откако линискиот судија Кристијан Гителман беше погоден во пределот на главата со пластична чаша пиво фрлена од трибините. Гителман по кратко време се подигна на нозете по што во консултација со главниот судија натпреварот беше прекинат.

Ова беше прв натпревар од 2020 година на кој Бохум играше пред полн капацитет на својот стадион од 25.000 гледачи.

Сличен инцидент се случи и во Сент Паули во 2011 година на дуелот против Шалке 04, кога навивач од трибините во 88 минута, исто така, со чаша пиво го погоди линискиот судија во главата.

The post Судија погоден со чаша пиво во глава на мечот Бохум-Борусија Менхенгладбах appeared first on Република.

]]>

Натпреварот од 27. коло во германското фудбалско првенство меѓу Бохум и Борусија Менхенгладбах беше прекинат синоќа во 69. минута при водство на гостинскиот тим од 2-0 поради сериозен навивачки инцидент. Незадоволни од актуелниот резултат, навивачите на Бохум предизвикаа скандалозни сцени во Бундеслигата, откако линискиот судија Кристијан Гителман беше погоден во пределот на главата со пластична чаша пиво фрлена од трибините. Гителман по кратко време се подигна на нозете по што во консултација со главниот судија натпреварот беше прекинат. Ова беше прв натпревар од 2020 година на кој Бохум играше пред полн капацитет на својот стадион од 25.000 гледачи. Сличен инцидент се случи и во Сент Паули во 2011 година на дуелот против Шалке 04, кога навивач од трибините во 88 минута, исто така, со чаша пиво го погоди линискиот судија во главата.

The post Судија погоден со чаша пиво во глава на мечот Бохум-Борусија Менхенгладбах appeared first on Република.

]]>