Судења Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sudenja/ За подобро да се разбереме Mon, 31 Jul 2023 07:26:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Судења Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sudenja/ 32 32 „Вашингтон пост“: Трамп во 2023 година на судења потрошил 40 милиони долари од фондот „Политичка акција“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vashington-post-tramp-vo-2023-godina-na-sudena-potroshil-40-milioni-dolari-od-fondot-politichka-aktsija/ Mon, 31 Jul 2023 07:26:37 +0000 https://republika.mk/?p=667121

Американскиот весник „Вашингтон пост“ објави дека се очекува поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска да го извести својот комитет за политичка акција (PAC) дека во првата половина од годината потрошил околу 40 милиони долари за трошоците за правните постапки против него и неговите советници.

Весникот „Њујорк тајмс“ одделно објави дека PAC бара повраток на 60 милиони долари што и ги позајмил на друга организација што го поддржува Трамп, главниот републикански претседателски кандидат за изборите во 2024 година, пренесуваат британските медиуми.

Цитирајќи инсајдери „Вашингтон пост“ објави дека издатоците на PAC за правните трошоци ги поттикнале обвинителите да ја преиспитаат можноста за потенцијален конфликт на интереси меѓу Трамп и сведоците во постапката против него.

Се очекува дека оваа организација на Трамп во денешниот поднесок да открие како се потрошени 40,2 милиони долари за правни трошоци, јави „Вашингтон пост“, цитирајќи луѓе кои се согласиле да зборуваат под услов да останат анонимни.

Трамп се соочува со десетици федерални обвиненија во Флорида за чување доверливи владини документи во неговиот дом, но и со обвиненија во Њујорк, по истрагата за тајни плаќања и поткуп на порно ѕвездата Сторми Даниелс.

The post „Вашингтон пост“: Трамп во 2023 година на судења потрошил 40 милиони долари од фондот „Политичка акција“ appeared first on Република.

]]>

Американскиот весник „Вашингтон пост“ објави дека се очекува поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска да го извести својот комитет за политичка акција (PAC) дека во првата половина од годината потрошил околу 40 милиони долари за трошоците за правните постапки против него и неговите советници. Весникот „Њујорк тајмс“ одделно објави дека PAC бара повраток на 60 милиони долари што и ги позајмил на друга организација што го поддржува Трамп, главниот републикански претседателски кандидат за изборите во 2024 година, пренесуваат британските медиуми. Цитирајќи инсајдери „Вашингтон пост“ објави дека издатоците на PAC за правните трошоци ги поттикнале обвинителите да ја преиспитаат можноста за потенцијален конфликт на интереси меѓу Трамп и сведоците во постапката против него. Се очекува дека оваа организација на Трамп во денешниот поднесок да открие како се потрошени 40,2 милиони долари за правни трошоци, јави „Вашингтон пост“, цитирајќи луѓе кои се согласиле да зборуваат под услов да останат анонимни. Трамп се соочува со десетици федерални обвиненија во Флорида за чување доверливи владини документи во неговиот дом, но и со обвиненија во Њујорк, по истрагата за тајни плаќања и поткуп на порно ѕвездата Сторми Даниелс.

The post „Вашингтон пост“: Трамп во 2023 година на судења потрошил 40 милиони долари од фондот „Политичка акција“ appeared first on Република.

]]>
Тупанчески: Онлајн судењата стануваат реалност и за македонското судство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tupancheski-onlajn-sudenjata-stanuvaat-realnost-i-za-makedonskoto-sudstvo/ Wed, 02 Mar 2022 17:07:30 +0000 https://republika.mk/?p=466599

Министерот за правда Никола Тупанчески беше дел од денешниот промотивен настан „Отпочнување на процесот на инсталирање ИКТ опрема во пет основни судови, како дел од Оперативниот план за дигитализација на правосудството“, на кој заедно со шефот на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Клеменс Која, дале свои видувања за овој чекор што го прави македонското судство.

Онлајн судењата се нова реалност во најразвиените судски системи, каде во постапките во кои странката, без разлика дали е сведок, вештак или обвинет, не може физички да биде присутна во судницата, сепак може да се одржи судење. Ова е многу поволно во однос на навременоста и ефикасноста на судовите. Од денес онлајн судењата стануваат реалност и за македонскиот судски систем, нагласил министерот Тупанчески.

Тупанчески, се наведува во соопштението од Министерството за правда, истакнал дека покрај судниците во Основниот суд Кавадарци, опремени се и останатите пилот основни судови, во Струмица, Штип и скопскиот Кривичен и Граѓански суд, и тоа постепено согласно динамиката на судовите, на начин да не се попречи нивната работа.

Тој ја нагласил дигитализацијата на судството како еден од важните чекори во реформата на системот, особено во зголемување на ефикасноста и транспарентноста.

Во вистинско време покажавме силна политичка волја, заложба за реформирање на правосудниот систем и желба за враќање на довербата на граѓаните кон државните институциите, отпочнувајќи со еден комплексен и долгорочен процес кој има огромен потенцијал за понатамошно олеснување и подобрување на пристапот до правдата за граѓаните низ цел регион, што од круцијално значење, особено на патот кон евроинтеграциите, рекол министерот Тупанчески.

Ја потенцирал и успешноста во реализирањето на активностите на ИКТ Советот, предвидени во оперативниот план, велејќи дека беспрекорно веќе функционираат дигиталните услуги за издавање уверенија и потврди од прекршочната и кривичната евиденција.

Најавил дека следната недела ќе се потпишат, меѓуинституционално, договори за овозможување електронска размена на податоци и документи и тоа помеѓу клучните државни институции меѓу кои: Министерство за внатрешни работи, Државната комисија за спречување корупција, Државната изборна комисија, Централен регистар и Управата за финансиска полиција.

Според шефот на Мисијата на ОБСЕ Која, главниот фокус на процесот на дигитализација во правосудството мора да останат гаранциите за правото на јавно и правично судење во разумен рок, како и почитувањето на пресумпцијата на невиност и заштитата на приватноста. Амбасадорот Која на настанот потврдил дека Мисијата, е долгогодишен и близок партнер на македонското правосудство, обезбедувајќи поддршка на повеќе нивоа.

Министерот за правда Тупанчески им се заблагодарил на меѓународните партнери, САД, ОБСЕ и Норвешката Владата, за поддршката во спроведувањето на овој сложен и обемен процес, како и на членовите на ИКТ Советот за напорите кои ги даваат за побрзо ефектуирање на целокупниот процес на дигитализација.

The post Тупанчески: Онлајн судењата стануваат реалност и за македонското судство appeared first on Република.

]]>

Министерот за правда Никола Тупанчески беше дел од денешниот промотивен настан „Отпочнување на процесот на инсталирање ИКТ опрема во пет основни судови, како дел од Оперативниот план за дигитализација на правосудството“, на кој заедно со шефот на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Клеменс Која, дале свои видувања за овој чекор што го прави македонското судство.
Онлајн судењата се нова реалност во најразвиените судски системи, каде во постапките во кои странката, без разлика дали е сведок, вештак или обвинет, не може физички да биде присутна во судницата, сепак може да се одржи судење. Ова е многу поволно во однос на навременоста и ефикасноста на судовите. Од денес онлајн судењата стануваат реалност и за македонскиот судски систем, нагласил министерот Тупанчески.
Тупанчески, се наведува во соопштението од Министерството за правда, истакнал дека покрај судниците во Основниот суд Кавадарци, опремени се и останатите пилот основни судови, во Струмица, Штип и скопскиот Кривичен и Граѓански суд, и тоа постепено согласно динамиката на судовите, на начин да не се попречи нивната работа. Тој ја нагласил дигитализацијата на судството како еден од важните чекори во реформата на системот, особено во зголемување на ефикасноста и транспарентноста.
Во вистинско време покажавме силна политичка волја, заложба за реформирање на правосудниот систем и желба за враќање на довербата на граѓаните кон државните институциите, отпочнувајќи со еден комплексен и долгорочен процес кој има огромен потенцијал за понатамошно олеснување и подобрување на пристапот до правдата за граѓаните низ цел регион, што од круцијално значење, особено на патот кон евроинтеграциите, рекол министерот Тупанчески.
Ја потенцирал и успешноста во реализирањето на активностите на ИКТ Советот, предвидени во оперативниот план, велејќи дека беспрекорно веќе функционираат дигиталните услуги за издавање уверенија и потврди од прекршочната и кривичната евиденција. Најавил дека следната недела ќе се потпишат, меѓуинституционално, договори за овозможување електронска размена на податоци и документи и тоа помеѓу клучните државни институции меѓу кои: Министерство за внатрешни работи, Државната комисија за спречување корупција, Државната изборна комисија, Централен регистар и Управата за финансиска полиција. Според шефот на Мисијата на ОБСЕ Која, главниот фокус на процесот на дигитализација во правосудството мора да останат гаранциите за правото на јавно и правично судење во разумен рок, како и почитувањето на пресумпцијата на невиност и заштитата на приватноста. Амбасадорот Која на настанот потврдил дека Мисијата, е долгогодишен и близок партнер на македонското правосудство, обезбедувајќи поддршка на повеќе нивоа. Министерот за правда Тупанчески им се заблагодарил на меѓународните партнери, САД, ОБСЕ и Норвешката Владата, за поддршката во спроведувањето на овој сложен и обемен процес, како и на членовите на ИКТ Советот за напорите кои ги даваат за побрзо ефектуирање на целокупниот процес на дигитализација.

The post Тупанчески: Онлајн судењата стануваат реалност и за македонското судство appeared first on Република.

]]>