судар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sudar/ За подобро да се разбереме Wed, 25 Sep 2024 17:39:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png судар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sudar/ 32 32 Се судрија автомобил и автобус, тешко повредена скопјанка која пешачела https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/se-sudrija-avtomobil-i-avtobus-teshko-povredena-skopjanka-koja-peshachela/ Wed, 25 Sep 2024 17:45:51 +0000 https://republika.mk/?p=819620

На 24.09.2024 во 23.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Никола Карев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.С.(27) од Скопје и автобус „ман“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Т.М.(65) од село Стајковци, скопско.

При несреќата, била удрена и 26-годишната Е.Ф. од Скопје (пешак).

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.Ф., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

The post Се судрија автомобил и автобус, тешко повредена скопјанка која пешачела appeared first on Република.

]]>

На 24.09.2024 во 23.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Никола Карев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.С.(27) од Скопје и автобус „ман“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Т.М.(65) од село Стајковци, скопско. При несреќата, била удрена и 26-годишната Е.Ф. од Скопје (пешак). Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.Ф., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

The post Се судрија автомобил и автобус, тешко повредена скопјанка која пешачела appeared first on Република.

]]>
Судар на возови во Прага, повредени десетина лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sudar-na-vozovi-vo-praga-povredeni-desetina-litsa/ Wed, 18 Sep 2024 08:41:44 +0000 https://republika.mk/?p=817347

Десетина лица се повредени во судар на два патнички воза во Прага.

Сударот се случил во близина на станицата Праг-Либен, на пругата меѓу станиците Височани и Главната железничка станица.

Меѓу повредените се петнаесет лица, кои имаат полесни повреди како модрици и гребаници.

Истражителите, заедно со железничката инспекција, ќе го истражат инцидентот поради сомневање за кривично дело поради невнимание.

The post Судар на возови во Прага, повредени десетина лица appeared first on Република.

]]>

Десетина лица се повредени во судар на два патнички воза во Прага. Сударот се случил во близина на станицата Праг-Либен, на пругата меѓу станиците Височани и Главната железничка станица. Меѓу повредените се петнаесет лица, кои имаат полесни повреди како модрици и гребаници. Истражителите, заедно со железничката инспекција, ќе го истражат инцидентот поради сомневање за кривично дело поради невнимание.

The post Судар на возови во Прага, повредени десетина лица appeared first on Република.

]]>
М-НАВ: Отворена е истрага за безбедносниот настан на небото над Скопје на 7 септември https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/m-nav-otvorena-e-istraga-za-bezbednosniot-nastan-na-neboto-nad-skopje-na-7-septemvri/ Fri, 13 Sep 2024 09:34:33 +0000 https://republika.mk/?p=815963

Во пропишаниот рок, поднесена е пријава за безбедосниот настан на небото на Скопје што се случи на 7.месецов и отворена е истрага за утврдување на фактичката состојба и причините, информира денеска Давателот на навигациски услуги М-НАВ, по објавите за избегнат инцидент со судир на два авиона.

Од М-НАВ потенцираат дека таквите настани како и секаде во Европа, секогаш се навремено пријавени и процесирани од сите релевантни одделенија.

На 7 септември во 18.30 часот поднесена е пријава за безбедосен настан во пропишаниот рок од извршителите кои работеле на засегнатиот сектор. Согласно правилата и пропишаните процедури, пријавата е регистрирана од страна на одделението ИМС (Integrated Management Systems) и доставена до Агенцијата за Цивилно Воздухопловство. Исто така, согласно важечките процедури, од страна на одделението ИМС (Integrated Management Systems) отворена е истрага за утврдување на фактичката состојба и причините за настанот. Би сакале да укажеме дека ваквите настани како и секаде во Европа, секогаш се навремено пријавени и процесирани од сите релевантни одделенија, служби и институции, согласно постоечките правни процедури, наведе М-НАВ во соопштение.

Претходно од АЦВ за МИА потврдија постапуваат по настан пријавен од Давателот на навигациски услуги М-НАВ.

Давателот на навигациски услиги М-НВ уредно го пријави настанот и АЦВ ќе постапи по истиот, изјавија од АЦВ.

Медиумите претходно објавија повикувајќи се на сајтот за следење летови Флајтрадар24, дека авиони на „Туркиш ерлајнс“ и на „Санекспрес“ за малку ќе се судреле на небото над Меѓународниот аеродром во Скопје на 7 септември во 18.32 часот.

Станува збор за авионот на „Туркиш ерлајнс“ на летот ТК1358 од Мадрид за Истанбул и авионот на „Санекспрес“ од турскиот крајбрежен аеродром Даламан за Лондон – Гетвик. Според Флајтрадар24, 30 секунди пред да се разминат двата авиона биле на иста висина од 36.000 стапки. Непосредно пред да се разминат, едниот се кренал на 36.325 стапки, а другиот се спуштил на 35.475 стапки. Според правилата на авиосообраќајот, меѓу авионите треба да има 2.000 стапки вертикална далечина, пишува порталот.

The post М-НАВ: Отворена е истрага за безбедносниот настан на небото над Скопје на 7 септември appeared first on Република.

]]>

Во пропишаниот рок, поднесена е пријава за безбедосниот настан на небото на Скопје што се случи на 7.месецов и отворена е истрага за утврдување на фактичката состојба и причините, информира денеска Давателот на навигациски услуги М-НАВ, по објавите за избегнат инцидент со судир на два авиона. Од М-НАВ потенцираат дека таквите настани како и секаде во Европа, секогаш се навремено пријавени и процесирани од сите релевантни одделенија.
На 7 септември во 18.30 часот поднесена е пријава за безбедосен настан во пропишаниот рок од извршителите кои работеле на засегнатиот сектор. Согласно правилата и пропишаните процедури, пријавата е регистрирана од страна на одделението ИМС (Integrated Management Systems) и доставена до Агенцијата за Цивилно Воздухопловство. Исто така, согласно важечките процедури, од страна на одделението ИМС (Integrated Management Systems) отворена е истрага за утврдување на фактичката состојба и причините за настанот. Би сакале да укажеме дека ваквите настани како и секаде во Европа, секогаш се навремено пријавени и процесирани од сите релевантни одделенија, служби и институции, согласно постоечките правни процедури, наведе М-НАВ во соопштение.
Претходно од АЦВ за МИА потврдија постапуваат по настан пријавен од Давателот на навигациски услуги М-НАВ.
Давателот на навигациски услиги М-НВ уредно го пријави настанот и АЦВ ќе постапи по истиот, изјавија од АЦВ.
Медиумите претходно објавија повикувајќи се на сајтот за следење летови Флајтрадар24, дека авиони на „Туркиш ерлајнс“ и на „Санекспрес“ за малку ќе се судреле на небото над Меѓународниот аеродром во Скопје на 7 септември во 18.32 часот.
Станува збор за авионот на „Туркиш ерлајнс“ на летот ТК1358 од Мадрид за Истанбул и авионот на „Санекспрес“ од турскиот крајбрежен аеродром Даламан за Лондон – Гетвик. Според Флајтрадар24, 30 секунди пред да се разминат двата авиона биле на иста висина од 36.000 стапки. Непосредно пред да се разминат, едниот се кренал на 36.325 стапки, а другиот се спуштил на 35.475 стапки. Според правилата на авиосообраќајот, меѓу авионите треба да има 2.000 стапки вертикална далечина, пишува порталот.

The post М-НАВ: Отворена е истрага за безбедносниот настан на небото над Скопје на 7 септември appeared first on Република.

]]>
Девет повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост во Белград https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/devet-povredeni-pri-sudar-na-patnichki-i-tovaren-voz-vo-tunelot-vukov-spomenik-panchevachki-most-vo-belgrad/ Sat, 18 May 2024 06:13:39 +0000 https://republika.mk/?p=779349

Девет лица се повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост, блиску до излезот кон Панчевачки мост, јави РТС.

Несреќата се случила вчера вечерта, во тунелот кај студентскиот дом „Карабурма“. На терен излегле екипи на Итната помош и 25 пожарникари со пет возила.

Итните служби добиле известување дека товарен воз налетал на патнички воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост, поблиску до излезот кон Панчевачкиот мост.

The post Девет повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост во Белград appeared first on Република.

]]>

Девет лица се повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост, блиску до излезот кон Панчевачки мост, јави РТС. Несреќата се случила вчера вечерта, во тунелот кај студентскиот дом „Карабурма“. На терен излегле екипи на Итната помош и 25 пожарникари со пет возила. Итните служби добиле известување дека товарен воз налетал на патнички воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост, поблиску до излезот кон Панчевачкиот мост.

The post Девет повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост во Белград appeared first on Република.

]]>
Има загинати и повредени: Судар меѓу брз воз и камион на истокот на Чешка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ima-zaginati-i-povredeni-sudar-megu-brz-voz-i-kamion-na-istokot-na-cheshka/ Wed, 24 Jan 2024 10:07:58 +0000 https://republika.mk/?p=736254

Во судир на брз воз и камион на истокот на Чешка загинал машиновозачот, а неколку луѓе се повредени, соопштија денеска локалните власти. Железничката управа соопшти дека машиновозачот загинал, а 15 лица се повредени.

Од полицијата наведуваат дека, според првичните информации, повредени се повеќе од десетина лица.

Несреќата се случила рано утринава, кога брз воз кој се движел кон Прага удрил во камион на железнички премин во близина на градот Бохумин.

Надлежните изјавија дека во тек е истрага за утврдување на причините за несреќата.

Според надлежните оваа делница од пругата денеска ќе биде затворена за сообраќај.

The post Има загинати и повредени: Судар меѓу брз воз и камион на истокот на Чешка appeared first on Република.

]]>

Во судир на брз воз и камион на истокот на Чешка загинал машиновозачот, а неколку луѓе се повредени, соопштија денеска локалните власти. Железничката управа соопшти дека машиновозачот загинал, а 15 лица се повредени. Од полицијата наведуваат дека, според првичните информации, повредени се повеќе од десетина лица. Несреќата се случила рано утринава, кога брз воз кој се движел кон Прага удрил во камион на железнички премин во близина на градот Бохумин. Надлежните изјавија дека во тек е истрага за утврдување на причините за несреќата. Според надлежните оваа делница од пругата денеска ќе биде затворена за сообраќај.

The post Има загинати и повредени: Судар меѓу брз воз и камион на истокот на Чешка appeared first on Република.

]]>
„Ауди“ и мотор се судрија во Гостивар, тешко повредени 18-годишник и малолетно девојче https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/audi-i-motor-se-sudrija-vo-gostivar-teshko-povredeni-18-godishnik-i-maloletno-devojche/ Sat, 01 Apr 2023 13:25:15 +0000 https://republika.mk/?p=626077

18-годишен мотоциклист и дете кое било на моторот се повредени во сообраќајна несреча кај селото Чајле, Гостиварско.

Од МВР информираат дека моторот се судрил со „ауди“, управувано од Џ.И.(28) од селото Форино.

Мотоциклистот и неговата малолетна сопатничка се хоспитализирани во Ургентниот центар – Гостивар.

По насока на Јавен обвинител увид извршила полициска екипа.

The post „Ауди“ и мотор се судрија во Гостивар, тешко повредени 18-годишник и малолетно девојче appeared first on Република.

]]>

18-годишен мотоциклист и дете кое било на моторот се повредени во сообраќајна несреча кај селото Чајле, Гостиварско. Од МВР информираат дека моторот се судрил со „ауди“, управувано од Џ.И.(28) од селото Форино. Мотоциклистот и неговата малолетна сопатничка се хоспитализирани во Ургентниот центар – Гостивар. По насока на Јавен обвинител увид извршила полициска екипа.

The post „Ауди“ и мотор се судрија во Гостивар, тешко повредени 18-годишник и малолетно девојче appeared first on Република.

]]>
Два воза се судрија кај Барселона, најмалку 155 повредени https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dva-voza-se-sudrija-kaj-barselona-najmalku-155-povredeni/ Wed, 07 Dec 2022 10:40:34 +0000 https://republika.mk/?p=582899

Најмалку 155 лица се повредени изутрината во судар на два воза на станицата Монтцад и Реихац – Манрес на околу 12 километри од центарот на Барселона, соопштија од Итната помош.

Локалните медиуми јавија дека возовите патувале во иста насока и се судриле додека еден бил запрен на станицата. Не се познати причините за несреќата.

Од Итната помош посочија дека 150 лица се полесно повредени, а пет лица се потешко повредени, но дека не станува збор за повреди кои се сериозни или опасни по живот. Три лица се пренесени во болница.

Поради несреќата накратко бил прекинат железничкиот сообраќај на неколку линии, соопшти регионалната влада.

Опишувајќи го моментот на сударот, една патничка за радио станицата Сер Каталуња истакнала дека доживеалан „страшен удар“ и дека „луѓето врескале“. Друг патник за локалната радио станица RAC1 рекол дека возот бил полн.

Шпанската министерка за сообраќај Ракуел Санчез изјави дека будно ја следи ситуацијата и им посака брзо опоравување на повредените.

The post Два воза се судрија кај Барселона, најмалку 155 повредени appeared first on Република.

]]>

Најмалку 155 лица се повредени изутрината во судар на два воза на станицата Монтцад и Реихац – Манрес на околу 12 километри од центарот на Барселона, соопштија од Итната помош. Локалните медиуми јавија дека возовите патувале во иста насока и се судриле додека еден бил запрен на станицата. Не се познати причините за несреќата. Од Итната помош посочија дека 150 лица се полесно повредени, а пет лица се потешко повредени, но дека не станува збор за повреди кои се сериозни или опасни по живот. Три лица се пренесени во болница. Поради несреќата накратко бил прекинат железничкиот сообраќај на неколку линии, соопшти регионалната влада. Опишувајќи го моментот на сударот, една патничка за радио станицата Сер Каталуња истакнала дека доживеалан „страшен удар“ и дека „луѓето врескале“. Друг патник за локалната радио станица RAC1 рекол дека возот бил полн. Шпанската министерка за сообраќај Ракуел Санчез изјави дека будно ја следи ситуацијата и им посака брзо опоравување на повредените.

The post Два воза се судрија кај Барселона, најмалку 155 повредени appeared first on Република.

]]>
Возила од Србија и Босна се судриле во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vozila-od-srbija-i-bosna-se-sudrile-vo-makedonija/ Mon, 15 Aug 2022 11:14:40 +0000 https://republika.mk/?p=540493

На 14.08.2022 во 12.10 часот на автопатот „Пријателство“, во близина на клучка Петровец, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди А6“, со српска национална ознака, управувано од М.Н. од Р.Србија и мотоцикл „хонда“ со национална ознака на БиХ, управуван од В.М.(38) од БиХ.

Во несреќата возачот на мотоциклот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

The post Возила од Србија и Босна се судриле во Македонија appeared first on Република.

]]>

На 14.08.2022 во 12.10 часот на автопатот „Пријателство“, во близина на клучка Петровец, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди А6“, со српска национална ознака, управувано од М.Н. од Р.Србија и мотоцикл „хонда“ со национална ознака на БиХ, управуван од В.М.(38) од БиХ. Во несреќата возачот на мотоциклот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

The post Возила од Србија и Босна се судриле во Македонија appeared first on Република.

]]>
Девет загинати во судар на шест возила во Лас Вегас https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/devet-zaginati-vo-sudar-na-shest-vozila-vo-las-vegas/ Sun, 30 Jan 2022 12:41:06 +0000 https://republika.mk/?p=451538

Девет лица загинале, а неколку се повредени во голема сообраќајна несреќа во која учествувале шест возила во северниот дел на Лас Вегас.

Несреќата се случила кога автомобил со голема брзина поминал на црвено светло на семафор и налетал на неколку други возила на крстосницата.

Никогаш досега не сме виделе ваква сообраќајна несреќа со толку голем број жртви - изјавил портпаролот на полицијата во Лас Вегас, Александар Куевас.

Во несреќата учествувале 15 лица. Две лица се пренесени од местото на несреќата во болница, каде едното подоцна починало, додека другото лице е во критична состојба. Меѓу жртвите има и деца.

Официјалните лица изјавиле дека брзината била причина за несреќата, како и дека виделе дека автомобилот поминува на црвено светло.

Дополнително удрил неколку возила и, за жал, тоа беше хаотичен настан - изјавил Куевас.

Меѓу загинатите е и возачот на автомобилот што ја предизвикал несреќата.

Нашите мисли и нашите молитви се со семејствата кои доживуваат огромна и непотребна загуба поради невнимателен чин - изјавила членката на Градскиот совет на Северен Лас Вегас, Памела А. Гојнс-Браун.

The post Девет загинати во судар на шест возила во Лас Вегас appeared first on Република.

]]>

Девет лица загинале, а неколку се повредени во голема сообраќајна несреќа во која учествувале шест возила во северниот дел на Лас Вегас. Несреќата се случила кога автомобил со голема брзина поминал на црвено светло на семафор и налетал на неколку други возила на крстосницата.
Никогаш досега не сме виделе ваква сообраќајна несреќа со толку голем број жртви - изјавил портпаролот на полицијата во Лас Вегас, Александар Куевас.
Во несреќата учествувале 15 лица. Две лица се пренесени од местото на несреќата во болница, каде едното подоцна починало, додека другото лице е во критична состојба. Меѓу жртвите има и деца. Официјалните лица изјавиле дека брзината била причина за несреќата, како и дека виделе дека автомобилот поминува на црвено светло.
Дополнително удрил неколку возила и, за жал, тоа беше хаотичен настан - изјавил Куевас.
Меѓу загинатите е и возачот на автомобилот што ја предизвикал несреќата.
Нашите мисли и нашите молитви се со семејствата кои доживуваат огромна и непотребна загуба поради невнимателен чин - изјавила членката на Градскиот совет на Северен Лас Вегас, Памела А. Гојнс-Браун.

The post Девет загинати во судар на шест возила во Лас Вегас appeared first on Република.

]]>
Ауди со хрватски и мерцедес и опел со гостиварски таблички се судриле на автопатото Гостивар-Тетово https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/audi-so-hrvatski-i-mercedes-i-opel-so-gostivarski-tablichki-se-sudrile-na-avtopatoto-gostivar-tetovo/ Tue, 04 Jan 2022 13:31:04 +0000 https://republika.mk/?p=440489

Три автомобили се судриле на автопатот Гостивар - Тетово, при што жена, која била сопатничка во едно од возилата, е потешко повредена и префрлена во Тетово.

Вчера во 17 часот било пријавено дека на автопатот Гостивар – Тетово, кај клучка Жеровјане, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“, со хрватски национални ознаки, управувано од Ф.А.(48) од село Пирок, патничко возило „мерцедес“, управувано од Б.А. (20) од село Сенокос и патничко возило „опел“, управувано од М.А.(55) од село Боговиње, и двете со гостиварски регистарски ознаки.

 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „опел“, Д.А.Х.(31) од село Дебреше, а со телесни повреди се здобиле возачот М.А. и уште еден малолетен сопатник од истото возило, констатирани во Клиничката болница во Тетово - информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

The post Ауди со хрватски и мерцедес и опел со гостиварски таблички се судриле на автопатото Гостивар-Тетово appeared first on Република.

]]>

Три автомобили се судриле на автопатот Гостивар - Тетово, при што жена, која била сопатничка во едно од возилата, е потешко повредена и префрлена во Тетово.
Вчера во 17 часот било пријавено дека на автопатот Гостивар – Тетово, кај клучка Жеровјане, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“, со хрватски национални ознаки, управувано од Ф.А.(48) од село Пирок, патничко возило „мерцедес“, управувано од Б.А. (20) од село Сенокос и патничко возило „опел“, управувано од М.А.(55) од село Боговиње, и двете со гостиварски регистарски ознаки.   Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „опел“, Д.А.Х.(31) од село Дебреше, а со телесни повреди се здобиле возачот М.А. и уште еден малолетен сопатник од истото возило, констатирани во Клиничката болница во Тетово - информираат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

The post Ауди со хрватски и мерцедес и опел со гостиварски таблички се судриле на автопатото Гостивар-Тетово appeared first on Република.

]]>