судан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sudan/ За подобро да се разбереме Tue, 03 Sep 2024 16:05:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png судан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sudan/ 32 32 Судан се соочува со криза со глад од историски размери https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sudan-se-soochuva-so-kriza-so-glad-od-istoriski-razmeri/ Tue, 03 Sep 2024 18:17:10 +0000 https://republika.mk/?p=812823

Агенциите за пружање помош денеска предупредија дека Судан се соочува со вонредна состојба со глад среде граѓанска војна, но меѓународната заедница воопшто не реагира на ситауцијата.

Не можеме да бидеме појасни - Судан доживува криза со глад од историски размери. Молкот е заглушувачки“, се наведува во соопштението на Норвешкиот совет за бегалци и другите партнери.

Дали Судан го преживува тоа што експертите го опишуваат како глад е сложено прашање, но хуманитарните агенции веруваат дека светот не може да чека на официјална потврда пред да почне со дополнителна помош.

Луѓето умираат од глад секој ден, а фокусот останува на семантичките дискусии и правните дефиниции“, се додава во соопштението.

Критериумите за прогласување криза со глад подразбираат дека четири од 10.000 деца умираат од глад секој ден или дека повеќе од 30 отсто од населението е неухрането. Ова е тешко да се одреди во конфликтни ситуации како Судан, каде што работата на хуманитарните организации е тешка и каде што не може да се допре до сите луѓе.

Раскараните ривалски генерали од април 2023 година се впуштија во брутална борба за власт во Судан. Во крвавите борби се раселени над 10 милиони луѓе и убиени се илјадници.

Производството на храна е сериозно погодено. Многу полиња се уништени, минирани или земјоделците се избркани, а добитокот е убиен.

Според хуманитарните агенции, повеќе од 25 милиони луѓе, што е повеќе од половина од населението, немаат доволно храна.

Многу семејства јадат лисја и инсекти и имаат само еден оброк дневно, наведува Норвешкиот совет за бегалци.

Апелите за донации достигнаа само половина од потребното.

The post Судан се соочува со криза со глад од историски размери appeared first on Република.

]]>

Агенциите за пружање помош денеска предупредија дека Судан се соочува со вонредна состојба со глад среде граѓанска војна, но меѓународната заедница воопшто не реагира на ситауцијата.
Не можеме да бидеме појасни - Судан доживува криза со глад од историски размери. Молкот е заглушувачки“, се наведува во соопштението на Норвешкиот совет за бегалци и другите партнери.
Дали Судан го преживува тоа што експертите го опишуваат како глад е сложено прашање, но хуманитарните агенции веруваат дека светот не може да чека на официјална потврда пред да почне со дополнителна помош.
Луѓето умираат од глад секој ден, а фокусот останува на семантичките дискусии и правните дефиниции“, се додава во соопштението.
Критериумите за прогласување криза со глад подразбираат дека четири од 10.000 деца умираат од глад секој ден или дека повеќе од 30 отсто од населението е неухрането. Ова е тешко да се одреди во конфликтни ситуации како Судан, каде што работата на хуманитарните организации е тешка и каде што не може да се допре до сите луѓе. Раскараните ривалски генерали од април 2023 година се впуштија во брутална борба за власт во Судан. Во крвавите борби се раселени над 10 милиони луѓе и убиени се илјадници. Производството на храна е сериозно погодено. Многу полиња се уништени, минирани или земјоделците се избркани, а добитокот е убиен. Според хуманитарните агенции, повеќе од 25 милиони луѓе, што е повеќе од половина од населението, немаат доволно храна. Многу семејства јадат лисја и инсекти и имаат само еден оброк дневно, наведува Норвешкиот совет за бегалци. Апелите за донации достигнаа само половина од потребното.

The post Судан се соочува со криза со глад од историски размери appeared first on Република.

]]>
Една година од војната во Судан која е во сенка на судирите во Газа и Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/edna-godina-od-vojnata-vo-sudan-koja-e-vo-senka-na-sudirite-vo-gaza-i-ukraina/ Fri, 12 Apr 2024 09:30:35 +0000 https://republika.mk/?p=765329

Војната во Судан почна пред една година, а според Обединетите нации, оттогаш околу девет милиони луѓе се внатрешно раселени, додека околу еден милион луѓе ја напуштиле земјата.

Илјадници луѓе се убиени во војната која е во сенка на конфликтите во Газа и Украина.

Обединетите нации побараа 2,7 милијарди долари за финансирање на хуманитарните потреби, но добија 155 милиони долари, што е само шест отсто од бараната сума.

Суданската армија, предводена од генералот Абдел Фатах Бурхан, се бори против паравоените сили за брза поддршка, со кои командува генералот Мохамед Хамдан Дагало.

Обединетите нации предупредија дека војната ќе остави последици за идните генерации.

Се проценува дека три милиони судански деца се неухранети, а околу 19 милиони деца не одат на училиште. Една четвртина од болниците во Судан повеќе не функционираат.

Хуманитарните организации тврдат дека во конфликтот најмногу страдаат жените и децата

The post Една година од војната во Судан која е во сенка на судирите во Газа и Украина appeared first on Република.

]]>

Војната во Судан почна пред една година, а според Обединетите нации, оттогаш околу девет милиони луѓе се внатрешно раселени, додека околу еден милион луѓе ја напуштиле земјата. Илјадници луѓе се убиени во војната која е во сенка на конфликтите во Газа и Украина. Обединетите нации побараа 2,7 милијарди долари за финансирање на хуманитарните потреби, но добија 155 милиони долари, што е само шест отсто од бараната сума. Суданската армија, предводена од генералот Абдел Фатах Бурхан, се бори против паравоените сили за брза поддршка, со кои командува генералот Мохамед Хамдан Дагало. Обединетите нации предупредија дека војната ќе остави последици за идните генерации. Се проценува дека три милиони судански деца се неухранети, а околу 19 милиони деца не одат на училиште. Една четвртина од болниците во Судан повеќе не функционираат. Хуманитарните организации тврдат дека во конфликтот најмногу страдаат жените и децата

The post Една година од војната во Судан која е во сенка на судирите во Газа и Украина appeared first on Република.

]]>
УНИЦЕФ предупреди на ризик од „катастрофална загуба на човечки животи“ поради продлабочувањето на проблемот со гладот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/unitsef-predupredi-na-rizik-od-katastrofalna-zaguba-na-chovechki-zhivoti-poradi-prodlabochuvaneto-na-problemot-so-gladot/ Fri, 15 Mar 2024 15:57:31 +0000 https://republika.mk/?p=755198

УНИЦЕФ предупреди дека постои ризик од „катастрофална загуба на животи“ во Судан поради продлабочениот проблем со гладот ​​предизвикан од граѓанската војна, објавија британските медиуми.

Суданските паравоени сили за брза поддршка (РСФ) се борат против суданската редовна армија веќе речиси една година. Жртвите се бројат во илјадници, а милиони беа раселени и во Судан и во странство.

Бруталната војна во Судан ја турка земјата кон гладување и ако нема доволно политичка волја и внимание и ако не се посветат потребните ресурси, ќе видиме катастрофална загуба на животи, изјави Џил Лолер, шеф на теренските операции и итна помош на УНИЦЕФ во Судан на прес-конференција во Женева.

Таа е вклучена во мисијата на ОН во главниот град Картум од почетокот на борбите. Нејзиниот тим од 12 луѓе пронашол неухранети деца сместени во болници без светла, бидејќи генераторите не работеле.

-Гладот ​​е насекаде. Тоа е главната грижа за која луѓето зборуваат, додаде Лолер.

УНИЦЕФ претходно предупреди дека оваа година во Судан, до 3,7 милиони деца се изложени на ризик од тешка неухранетост, а на 730 илјади од нив им е потребен третман за спасување.

The post УНИЦЕФ предупреди на ризик од „катастрофална загуба на човечки животи“ поради продлабочувањето на проблемот со гладот appeared first on Република.

]]>

УНИЦЕФ предупреди дека постои ризик од „катастрофална загуба на животи“ во Судан поради продлабочениот проблем со гладот ​​предизвикан од граѓанската војна, објавија британските медиуми. Суданските паравоени сили за брза поддршка (РСФ) се борат против суданската редовна армија веќе речиси една година. Жртвите се бројат во илјадници, а милиони беа раселени и во Судан и во странство. Бруталната војна во Судан ја турка земјата кон гладување и ако нема доволно политичка волја и внимание и ако не се посветат потребните ресурси, ќе видиме катастрофална загуба на животи, изјави Џил Лолер, шеф на теренските операции и итна помош на УНИЦЕФ во Судан на прес-конференција во Женева. Таа е вклучена во мисијата на ОН во главниот град Картум од почетокот на борбите. Нејзиниот тим од 12 луѓе пронашол неухранети деца сместени во болници без светла, бидејќи генераторите не работеле. -Гладот ​​е насекаде. Тоа е главната грижа за која луѓето зборуваат, додаде Лолер. УНИЦЕФ претходно предупреди дека оваа година во Судан, до 3,7 милиони деца се изложени на ризик од тешка неухранетост, а на 730 илјади од нив им е потребен третман за спасување.

The post УНИЦЕФ предупреди на ризик од „катастрофална загуба на човечки животи“ поради продлабочувањето на проблемот со гладот appeared first on Република.

]]>
Суданскиот конфликт се заканува да се претвори во најголемата светска криза со глад https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sudanskiot-konflikt-se-zakanuva-da-se-pretvori-vo-najgolemata-svetska-kriza-so-glad/ Wed, 06 Mar 2024 13:01:44 +0000 https://republika.mk/?p=751897

Извршната директорка на Светската програма за храна, Синди Мекејн денеска изјави дека конфликтот во Судан, кој трае речиси една година, се заканува да се претвори во најголема светска криза со глад.

Борбите во Судан ги уништија животите на милиони луѓе, наведе Мекејн по посетата на соседен Јужен Судан, каде што стотици илјади Суданци избегаа од војната во нивната матична земја.

Според Светската програма за храна околу 18 милиони луѓе во Судан се соочуваат со глад.

Мекејн ги повика завојуваните страни да престанат со борбите и да дозволат хуманитарните агенции да ја пружат потребната помош за настраданото население.

Судан е зафатен од насилство од средината на април, кога тензиите меѓу официјалната армија предводена од генералот Абдел Фатах Бурхан и паравоените сили за брза поддршка (РСФ) под команда на генералот Мохамед Хамдан Дагало ескалираа во отворени борби.

Оттогаш, борбите се проширија во неколку делови на земјата, при што главниот град Картум и соседниот Омдурман станаа урбано бојно поле. Конфликтот, исто така, поттикна етничко насилство во западниот судански регион Дарфур.

Според последните податоци на ОН, речиси 10 милиони луѓе се раселени во Судан поради борбите, од кои 4,3 се внатрешно раселени во Судан, а 1,2 милиони побегнале во соседните земји. Во конфликтот загинаа меѓу 10.000 и 15.000 луѓе, а повеќе од 12.000 беа повредени.

The post Суданскиот конфликт се заканува да се претвори во најголемата светска криза со глад appeared first on Република.

]]>

Извршната директорка на Светската програма за храна, Синди Мекејн денеска изјави дека конфликтот во Судан, кој трае речиси една година, се заканува да се претвори во најголема светска криза со глад. Борбите во Судан ги уништија животите на милиони луѓе, наведе Мекејн по посетата на соседен Јужен Судан, каде што стотици илјади Суданци избегаа од војната во нивната матична земја. Според Светската програма за храна околу 18 милиони луѓе во Судан се соочуваат со глад. Мекејн ги повика завојуваните страни да престанат со борбите и да дозволат хуманитарните агенции да ја пружат потребната помош за настраданото население. Судан е зафатен од насилство од средината на април, кога тензиите меѓу официјалната армија предводена од генералот Абдел Фатах Бурхан и паравоените сили за брза поддршка (РСФ) под команда на генералот Мохамед Хамдан Дагало ескалираа во отворени борби. Оттогаш, борбите се проширија во неколку делови на земјата, при што главниот град Картум и соседниот Омдурман станаа урбано бојно поле. Конфликтот, исто така, поттикна етничко насилство во западниот судански регион Дарфур. Според последните податоци на ОН, речиси 10 милиони луѓе се раселени во Судан поради борбите, од кои 4,3 се внатрешно раселени во Судан, а 1,2 милиони побегнале во соседните земји. Во конфликтот загинаа меѓу 10.000 и 15.000 луѓе, а повеќе од 12.000 беа повредени.

The post Суданскиот конфликт се заканува да се претвори во најголемата светска криза со глад appeared first on Република.

]]>
Eпидемија на колера во Судан, регистриран е 21 смртен случај https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/epidemija-na-kolera-vo-sudan-registriran-e-21-smrten-sluchaj/ Wed, 27 Sep 2023 13:45:51 +0000 https://republika.mk/?p=685687

Судан пријави епидемија на колера, со 18 смртни случаи од оваа болест во источната држава Гедареф и три смртни случаи во главниот град Картум.

Во Картум, 13 лица се хоспитализирани, со што вкупниот број на сомнителни случаи на цревна инфекција со бактеријата Вибрио се искачи на 265.

Првите сомнителни случаи на колера се регистрирани во селото Катер, државата Гедареф, каде што бројот на сомнителни случаи на колера достигна 265, се вели во соопштението на суданското Министерство за здравство.

Суданскиот синдикат на лекари вчера издаде предупредување за ширење на денга треска, колера, сипаници и маларија во земјата.

Невладиниот медицински синдикат ги повика „регионалните и меѓународните здравствени организации и телата на Обединетите нации да пружат помош“.

Широкото ширење на денга треска и колера, а пред тоа и сипаници и маларија, ја потврдуваат кревкоста на здравствениот систем во земјите кои не се погодени од војна, наведува Синдикатот.

Според Светската здравствена организација, епидемии на колера и денга треска се забележани во источен Судан, каде илјадници луѓе пребегнаа поради борбите меѓу армијата и Силите за брза поддршка.

Поради вооружениот судир, повеќе од 3.000 луѓе ги загубија животите, десетици илјади се повредени, а повеќе од пет милиони луѓе се раселени, а најголемиот дел од насилството е концентрирано околу главниот град.

The post Eпидемија на колера во Судан, регистриран е 21 смртен случај appeared first on Република.

]]>

Судан пријави епидемија на колера, со 18 смртни случаи од оваа болест во источната држава Гедареф и три смртни случаи во главниот град Картум. Во Картум, 13 лица се хоспитализирани, со што вкупниот број на сомнителни случаи на цревна инфекција со бактеријата Вибрио се искачи на 265. Првите сомнителни случаи на колера се регистрирани во селото Катер, државата Гедареф, каде што бројот на сомнителни случаи на колера достигна 265, се вели во соопштението на суданското Министерство за здравство. Суданскиот синдикат на лекари вчера издаде предупредување за ширење на денга треска, колера, сипаници и маларија во земјата. Невладиниот медицински синдикат ги повика „регионалните и меѓународните здравствени организации и телата на Обединетите нации да пружат помош“. Широкото ширење на денга треска и колера, а пред тоа и сипаници и маларија, ја потврдуваат кревкоста на здравствениот систем во земјите кои не се погодени од војна, наведува Синдикатот. Според Светската здравствена организација, епидемии на колера и денга треска се забележани во источен Судан, каде илјадници луѓе пребегнаа поради борбите меѓу армијата и Силите за брза поддршка. Поради вооружениот судир, повеќе од 3.000 луѓе ги загубија животите, десетици илјади се повредени, а повеќе од пет милиони луѓе се раселени, а најголемиот дел од насилството е концентрирано околу главниот град.

The post Eпидемија на колера во Судан, регистриран е 21 смртен случај appeared first on Република.

]]>
Зеленски „ги клевети“ руските паравоени формации кај претседателот на Судан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zelenski-gi-kleveti-ruskite-paravoeni-formatsii-kaj-pretsedatelot-na-sudan/ Sat, 23 Sep 2023 16:18:15 +0000 https://republika.mk/?p=684451

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопшти дека на ирскиот аеродром „Шенон“ имал импровизирана средба со неговиот колега од Судан, Абдел Фатах ал Бурхан, со кого разговарал за руските паравоени формации.

Разговаравме за заедничките безбедносни предизвици, особено за активностите на нелегалните вооружени групи финансирани од Русија“, напиша Зеленски во Телеграм.

Тој му се заблагодарува на Судан, земја во која има граѓанска војна, за неговата поддршка за територијалниот интегритет на Украина.

Руската приватна воена компанија „Вагнер“ дејствува во Украина од почетокот на војната. Западните дипломати и медиуми тврдат дека групата е активна и во Судан.

The post Зеленски „ги клевети“ руските паравоени формации кај претседателот на Судан appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопшти дека на ирскиот аеродром „Шенон“ имал импровизирана средба со неговиот колега од Судан, Абдел Фатах ал Бурхан, со кого разговарал за руските паравоени формации.
Разговаравме за заедничките безбедносни предизвици, особено за активностите на нелегалните вооружени групи финансирани од Русија“, напиша Зеленски во Телеграм.
Тој му се заблагодарува на Судан, земја во која има граѓанска војна, за неговата поддршка за територијалниот интегритет на Украина. Руската приватна воена компанија „Вагнер“ дејствува во Украина од почетокот на војната. Западните дипломати и медиуми тврдат дека групата е активна и во Судан.

The post Зеленски „ги клевети“ руските паравоени формации кај претседателот на Судан appeared first on Република.

]]>
Најмалку 30 загинати во напад со дрон на пазар во Картум https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/najmalku-30-zaginati-vo-napad-so-dron-na-pazar-vo-kartum/ Sun, 10 Sep 2023 16:02:57 +0000 https://republika.mk/?p=680619

Најмалку 30 луѓе загинале во напад со беспилотно летало на отворен пазар во јужниот дел од главниот град на Судан, Картум, соопштија активисти и медицински работници, додека армијата и моќната паравоена група се борат за власт во земјата.

Најмалку триесет лица се ранети, соопшти активистичката група позната како Комитети на отпорот, како и двајца здравствени работници од Универзитетската болница Башир каде што биле пренесени.

Засега не се знае која страна во конфликтот стои зад денешниот напад. Неселективните артилериски и воздушните напади од двете страни не се невообичаени во војната во Судан, која го претвори поширокиот регион Картум во бојно поле.

Борбите меѓу армијата на земјата предводена од Абдел Фатах Бурхан и паравоените сили за брза поддршка (РСФ) предводени од генералот Мохамед Хамдан Дагал траат од средината на април.

Судирите се проширија од главниот град во неколку делови од земјата. Во пошироката област Картум, која ги опфаќа градовите Картум, Омдурман и Бахри, трупите на РСФ презедоа цивилни станови и ги претворија во оперативни бази. Како одговор, војската бомбардираше станбени населби, соопштија групите за човекови права и активистите.

Во западниот регион на Дарфур, каде што се водеше кампања за геноцид во раните 2000-ти, конфликтот ескалира во етничко насилство каде што членовите на РСФ и сојузничките арапски милитанти ги нападнаа етничките африкански групи, според Обединетите нации.

Повеќе од 4.000 луѓе загинаа во војната, според августовските податоци на ОН, но лекарите и активистите веруваат дека реалната бројка на жртви е многу поголема.

The post Најмалку 30 загинати во напад со дрон на пазар во Картум appeared first on Република.

]]>

Најмалку 30 луѓе загинале во напад со беспилотно летало на отворен пазар во јужниот дел од главниот град на Судан, Картум, соопштија активисти и медицински работници, додека армијата и моќната паравоена група се борат за власт во земјата. Најмалку триесет лица се ранети, соопшти активистичката група позната како Комитети на отпорот, како и двајца здравствени работници од Универзитетската болница Башир каде што биле пренесени. Засега не се знае која страна во конфликтот стои зад денешниот напад. Неселективните артилериски и воздушните напади од двете страни не се невообичаени во војната во Судан, која го претвори поширокиот регион Картум во бојно поле. Борбите меѓу армијата на земјата предводена од Абдел Фатах Бурхан и паравоените сили за брза поддршка (РСФ) предводени од генералот Мохамед Хамдан Дагал траат од средината на април. Судирите се проширија од главниот град во неколку делови од земјата. Во пошироката област Картум, која ги опфаќа градовите Картум, Омдурман и Бахри, трупите на РСФ презедоа цивилни станови и ги претворија во оперативни бази. Како одговор, војската бомбардираше станбени населби, соопштија групите за човекови права и активистите. Во западниот регион на Дарфур, каде што се водеше кампања за геноцид во раните 2000-ти, конфликтот ескалира во етничко насилство каде што членовите на РСФ и сојузничките арапски милитанти ги нападнаа етничките африкански групи, според Обединетите нации. Повеќе од 4.000 луѓе загинаа во војната, според августовските податоци на ОН, но лекарите и активистите веруваат дека реалната бројка на жртви е многу поголема.

The post Најмалку 30 загинати во напад со дрон на пазар во Картум appeared first on Република.

]]>
Нова ескалација на непријателствата во Судан: Силна експлозија одекна во Картум https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nova-eskalatsija-na-neprijatelstvata-vo-sudan-silna-eksplozija-odekna-vo-kartum/ Sat, 26 Aug 2023 16:02:14 +0000 https://republika.mk/?p=676088

Силна експлозија одекнала во центарот на Картум, како резултат на воздушно бомбардирање на позициите на Силите за брза реакција во близина на аеродромот во главниот град на Судан.

Суданските вооружени сили нападнале цели на бунтовниците во близина на зградата на централната команда и претседателската палата. Како резултат на нападот, кренато е во воздух складиште за гориво, што се наоѓало во непосредна близина на магацин за муниција.

Како одговор на таквиот напад, бунтовничките сили стационирани во Северен Картум почнале ракетни бомбардирања на инсталации на суданската армија во центарот на Омдурман, вториот по населеност град во Судан.

Сепак, и покрај фактот што конфликтот во Судан трае повеќе од еден месец, во поголемиот дел од земјата се враќа мирот. Во моментов, најжешкото место е јужно од Картум, каде што бунтовниците продолжуваат да се борат за клучните инсталации и логистички правци, а неодамна нападнаа камп на вооружените сили на земјата.

The post Нова ескалација на непријателствата во Судан: Силна експлозија одекна во Картум appeared first on Република.

]]>

Силна експлозија одекнала во центарот на Картум, како резултат на воздушно бомбардирање на позициите на Силите за брза реакција во близина на аеродромот во главниот град на Судан. Суданските вооружени сили нападнале цели на бунтовниците во близина на зградата на централната команда и претседателската палата. Како резултат на нападот, кренато е во воздух складиште за гориво, што се наоѓало во непосредна близина на магацин за муниција. Како одговор на таквиот напад, бунтовничките сили стационирани во Северен Картум почнале ракетни бомбардирања на инсталации на суданската армија во центарот на Омдурман, вториот по населеност град во Судан. Сепак, и покрај фактот што конфликтот во Судан трае повеќе од еден месец, во поголемиот дел од земјата се враќа мирот. Во моментов, најжешкото место е јужно од Картум, каде што бунтовниците продолжуваат да се борат за клучните инсталации и логистички правци, а неодамна нападнаа камп на вооружените сили на земјата.

The post Нова ескалација на непријателствата во Судан: Силна експлозија одекна во Картум appeared first on Република.

]]>
Во Судан од почетокот на конфликтот околу 500 деца починале од глад https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-sudan-od-pochetokot-na-konfliktot-okolu-500-detsa-pochinale-od-glad/ Tue, 22 Aug 2023 11:44:22 +0000 https://republika.mk/?p=674597

Од почетокот на конфликтот во Судан во април оваа година, околу 500 деца починале од глад, вклучително и дваесет бебиња во сиропиталиштето во главниот град Картум, со кое раководи Владата, објави организацијата Спасете ги децата (Save the Children).

Организацијата во соопштението наведува дека најмалку 31.000 деца немаат пристап до третман против неухранетост и други поврзани болести, бидејќи добротворната организација беше принудена да затвори 57 од своите центри за храна во Судан.

Судан западна во хаос по неколкумесечните тензии меѓу армијата и ривалската паравоена фракција, што на 15 април ескалираа во отворен вооружен конфликт, претворајќи ги Картум и другите урбани области во боишта.

The post Во Судан од почетокот на конфликтот околу 500 деца починале од глад appeared first on Република.

]]>

Од почетокот на конфликтот во Судан во април оваа година, околу 500 деца починале од глад, вклучително и дваесет бебиња во сиропиталиштето во главниот град Картум, со кое раководи Владата, објави организацијата Спасете ги децата (Save the Children). Организацијата во соопштението наведува дека најмалку 31.000 деца немаат пристап до третман против неухранетост и други поврзани болести, бидејќи добротворната организација беше принудена да затвори 57 од своите центри за храна во Судан. Судан западна во хаос по неколкумесечните тензии меѓу армијата и ривалската паравоена фракција, што на 15 април ескалираа во отворен вооружен конфликт, претворајќи ги Картум и другите урбани области во боишта.

The post Во Судан од почетокот на конфликтот околу 500 деца починале од глад appeared first on Република.

]]>
ОН: Над 20 милиони Суданци се погодени од криза со глад https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/on-nad-20-milioni-sudantsi-se-pogodeni-od-kriza-so-glad/ Fri, 11 Aug 2023 12:52:04 +0000 https://republika.mk/?p=671159

Борбите во Судан предизвикаа тешка криза со глад кај 20,3 милиони луѓе, наведува Светската програма за храна на Обединетите нации (WFP) во денешнопто соопштение, пренесе ДПА.

-Од 46 милиони жители на земјата, околу 6,3 милиони луѓе страдаат од недостиг на храна опасен по животот, рече Еди Роу, претставник на Светската програма за храна (WFP) во Судан.

Од избувнувањето на борбите во април, конфликтот се прошири и се потешко е да се достави помош за спасување на населението, рече Роу во видео изјава емитувана од Порт Судан, притоа повикувајќи ги страните во конфликтот да ја олеснат испораката на помошта, додаде германската агенција.

Минатата недела, WFP за прв пат успеа да испорача храна во особено погодената држава Западен Дарфур, на границата со Чад.

Роу ја опиша ситуацијата во Западен и Централен Дарфур како „катастрофална“, објаснувајќи дека повеќето мажи во селата во Западен Дарфур се мртви, повредени или исчезнати, оставајќи ги семејствата сами да се грижат за себе.

-Овие семејства едвај преживуваат, кажа Роу, пренесе ДПА.

Војната во Судан избувна кон средината на април по долготрајната борба за превласт меѓу де факто претседателот Абдел Фатах ал-Бурхан и потпретседателот Мохамед Хамдан Дагло. Двајцата генерали првично заедно ја презедоа власта во Судан, но набрзо потоа, во 2021 година, станаа ривали.

Борбите се концентрирани во Картум и соседните градови, како и во регионот Дарфур на западот на земјата.

The post ОН: Над 20 милиони Суданци се погодени од криза со глад appeared first on Република.

]]>

Борбите во Судан предизвикаа тешка криза со глад кај 20,3 милиони луѓе, наведува Светската програма за храна на Обединетите нации (WFP) во денешнопто соопштение, пренесе ДПА. -Од 46 милиони жители на земјата, околу 6,3 милиони луѓе страдаат од недостиг на храна опасен по животот, рече Еди Роу, претставник на Светската програма за храна (WFP) во Судан. Од избувнувањето на борбите во април, конфликтот се прошири и се потешко е да се достави помош за спасување на населението, рече Роу во видео изјава емитувана од Порт Судан, притоа повикувајќи ги страните во конфликтот да ја олеснат испораката на помошта, додаде германската агенција. Минатата недела, WFP за прв пат успеа да испорача храна во особено погодената држава Западен Дарфур, на границата со Чад. Роу ја опиша ситуацијата во Западен и Централен Дарфур како „катастрофална“, објаснувајќи дека повеќето мажи во селата во Западен Дарфур се мртви, повредени или исчезнати, оставајќи ги семејствата сами да се грижат за себе. -Овие семејства едвај преживуваат, кажа Роу, пренесе ДПА. Војната во Судан избувна кон средината на април по долготрајната борба за превласт меѓу де факто претседателот Абдел Фатах ал-Бурхан и потпретседателот Мохамед Хамдан Дагло. Двајцата генерали првично заедно ја презедоа власта во Судан, но набрзо потоа, во 2021 година, станаа ривали. Борбите се концентрирани во Картум и соседните градови, како и во регионот Дарфур на западот на земјата.

The post ОН: Над 20 милиони Суданци се погодени од криза со глад appeared first on Република.

]]>
УНХЦР : Поради конфликтот во Судан се раселени над четири милиони лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/unhtsr-poradi-konfliktot-vo-sudan-se-raseleni-nad-chetiri-milioni-litsa/ Tue, 08 Aug 2023 20:52:49 +0000 https://republika.mk/?p=670152

Од почетокот на судирот во Судан, во април, во земјата има над четири милиони раселени лица, а повеќе од 884.000 лица побегнаа во другите земји, изјави портпаролот на УНХЦР, Вилијам Спиндлер.

Според него, поради конфликтот во земјата е влошена и здравствената ситуација, а се повеќе луѓе се неухранети.

Спиндлер на новинарите им соопшти дека од средината на мај до средината на јули, УНХЦР забележала повеќе од 300 смртни случаи од сипаници и неухранетост, главно меѓу деца на возраст под пет години.

-Хроничниот недостиг на здравствен персонал, како и нападите врз персоналот, како што објави Светската здравствена организација, значително го загрозија квалитетот на здравствената заштита низ целата земја, рече Спиндлер.

Конфликтот меѓу меѓународно признатата влада и паравоените Сили за брза поддршка се интензивираа во источниот дел на Картум и Омдурман.

Конфликтот во Судан почна на 15 април меѓу армијата предводена од генералот Абдел Фатах ал Бурхан и паравоената група РСФ на генералот Мохамед Хамдан Дагл.

 

 

The post УНХЦР : Поради конфликтот во Судан се раселени над четири милиони лица appeared first on Република.

]]>

Од почетокот на судирот во Судан, во април, во земјата има над четири милиони раселени лица, а повеќе од 884.000 лица побегнаа во другите земји, изјави портпаролот на УНХЦР, Вилијам Спиндлер. Според него, поради конфликтот во земјата е влошена и здравствената ситуација, а се повеќе луѓе се неухранети. Спиндлер на новинарите им соопшти дека од средината на мај до средината на јули, УНХЦР забележала повеќе од 300 смртни случаи од сипаници и неухранетост, главно меѓу деца на возраст под пет години. -Хроничниот недостиг на здравствен персонал, како и нападите врз персоналот, како што објави Светската здравствена организација, значително го загрозија квалитетот на здравствената заштита низ целата земја, рече Спиндлер. Конфликтот меѓу меѓународно признатата влада и паравоените Сили за брза поддршка се интензивираа во источниот дел на Картум и Омдурман. Конфликтот во Судан почна на 15 април меѓу армијата предводена од генералот Абдел Фатах ал Бурхан и паравоената група РСФ на генералот Мохамед Хамдан Дагл.    

The post УНХЦР : Поради конфликтот во Судан се раселени над четири милиони лица appeared first on Република.

]]>
Суданскиот конфликт го загрозува производството на Кока-Кола https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/sudanskiot-konflikt-go-zagrozuva-proizvodstvoto-na-koka-kola/ Mon, 31 Jul 2023 07:53:32 +0000 https://republika.mk/?p=667139

Од суданскиот багрем се добива гумиарабика – суровина од која зависат многумина. Има повеќе намени и е барана низ целиот свет. Но, нејзиниот извоз е отежнат поради конфликтот во Судан.

Гумиарабика или арапска гума е течност од багремови дрвја, кои растат главно во пустините и полупустините на зоната Сахел – таканаречениот гумен појас кој минува низ неколку земји. Постојат два главни вида на багрем: акација Сенегал (Senegalia Senegal), овој вид е доминантен во Судан, и помалку вообичаениот сејал акација (Vachellia seyal).

Ако багремите се оштетени, на пример од пожар или инсекти, дрвјата произведуваат гума за затворање на отворените пори. Земјоделците добиваат гума со помош на т.н. тапинг. Во тој процес, кората на дрвото се гребе и се собира течноста што истекува, арапска гума. Во контакт со сончева светлина и воздух, станува тврда. По неколку недели, земјоделците повторно ја собираат гумата и го повторуваат тоа постојано за време на сезоната на жетва.

Кому му треба гумиарабика?

Гумиарабика се користи во многу области: во фармацијата, за козметички производи или во прехранбената индустрија – под ознаката E414. Во древниот Египет, таа била незаменлива за балсамирање на телото на покојникот.

Прехранбената индустрија е многу зависна од гумиарабика. Потребна и е како природен додаток и како извор на таканаречени активни влакна, емулгатор. Не ги менува основните хемиско-биолошки својства на храната. Ја има во слатки, сосови и преливи за салати, пекарски и млечни производи и пијалаци. Во производството на безалкохолни пијалаци, како стабилизатор, спречува таложење на шеќер на дното и кристализација.

Колку навистина е важна оваа супстанца, можеше да се види во 1997 година кога САД воведоа трговско ембарго против Судан. Сепак, тоа не се однесуваше на гумиарабика: за да може компанијата „Кока-кола“ да продолжи да се снабдува со таа суровина.

Рецептот за Кока-Кола е една од најдобро чуваните тајни на прехранбената индустрија. Сепак, компанијата открива дека не може да ги направи своите пијалаци без таа клучна состојка. Неопходно е сигурно снабдување со таа супстанција.

Германија е важен купувач

Судан е водечки светски производител на арапска гума – околу 70 отсто од потребната суровина доаѓа од оваа североисточна африканска земја. Приходот на многу Суданци директно или индиректно зависи од нејзиниот извоз. Но, тековните борби предизвикаа застој во извозот.

Според податоците на Опсерваторијата за економска сложеност (The Observatory of Economic Complexity OEC), Судан во 2021 година извезол гумиарабика во вредност од 99 милиони евра, што го прави втор најголем извозник во светот. Најмногу е извезено во Франција, САД и Германија.

Борбите се голема опасност

Суданскиот новинар Хусеин Али за Дојче Веле вели дека продолжувањето на војната ќе резултира со „целосен колапс на извозот и криза на многу големи компании. Треба да се очекува дека, ако војната продолжи, стратешките резерви ќе исчезнат“.

Многу Суданци финансиски зависат од продажбата на арапска гума за џвакање. Но, откако почна конфликтот меѓу суданската армија под команда на генералот Абдел Фатах ал-Бурхан и специјалните сили на Мохамед Хамдан Дагал, работата станува сè потешка. Во меѓувреме, конфликтот сериозно го нарушува производството и трговијата.

The post Суданскиот конфликт го загрозува производството на Кока-Кола appeared first on Република.

]]>

Од суданскиот багрем се добива гумиарабика – суровина од која зависат многумина. Има повеќе намени и е барана низ целиот свет. Но, нејзиниот извоз е отежнат поради конфликтот во Судан. Гумиарабика или арапска гума е течност од багремови дрвја, кои растат главно во пустините и полупустините на зоната Сахел – таканаречениот гумен појас кој минува низ неколку земји. Постојат два главни вида на багрем: акација Сенегал (Senegalia Senegal), овој вид е доминантен во Судан, и помалку вообичаениот сејал акација (Vachellia seyal). Ако багремите се оштетени, на пример од пожар или инсекти, дрвјата произведуваат гума за затворање на отворените пори. Земјоделците добиваат гума со помош на т.н. тапинг. Во тој процес, кората на дрвото се гребе и се собира течноста што истекува, арапска гума. Во контакт со сончева светлина и воздух, станува тврда. По неколку недели, земјоделците повторно ја собираат гумата и го повторуваат тоа постојано за време на сезоната на жетва. Кому му треба гумиарабика? Гумиарабика се користи во многу области: во фармацијата, за козметички производи или во прехранбената индустрија – под ознаката E414. Во древниот Египет, таа била незаменлива за балсамирање на телото на покојникот. Прехранбената индустрија е многу зависна од гумиарабика. Потребна и е како природен додаток и како извор на таканаречени активни влакна, емулгатор. Не ги менува основните хемиско-биолошки својства на храната. Ја има во слатки, сосови и преливи за салати, пекарски и млечни производи и пијалаци. Во производството на безалкохолни пијалаци, како стабилизатор, спречува таложење на шеќер на дното и кристализација. Колку навистина е важна оваа супстанца, можеше да се види во 1997 година кога САД воведоа трговско ембарго против Судан. Сепак, тоа не се однесуваше на гумиарабика: за да може компанијата „Кока-кола“ да продолжи да се снабдува со таа суровина. Рецептот за Кока-Кола е една од најдобро чуваните тајни на прехранбената индустрија. Сепак, компанијата открива дека не може да ги направи своите пијалаци без таа клучна состојка. Неопходно е сигурно снабдување со таа супстанција. Германија е важен купувач Судан е водечки светски производител на арапска гума – околу 70 отсто од потребната суровина доаѓа од оваа североисточна африканска земја. Приходот на многу Суданци директно или индиректно зависи од нејзиниот извоз. Но, тековните борби предизвикаа застој во извозот. Според податоците на Опсерваторијата за економска сложеност (The Observatory of Economic Complexity OEC), Судан во 2021 година извезол гумиарабика во вредност од 99 милиони евра, што го прави втор најголем извозник во светот. Најмногу е извезено во Франција, САД и Германија. Борбите се голема опасност Суданскиот новинар Хусеин Али за Дојче Веле вели дека продолжувањето на војната ќе резултира со „целосен колапс на извозот и криза на многу големи компании. Треба да се очекува дека, ако војната продолжи, стратешките резерви ќе исчезнат“. Многу Суданци финансиски зависат од продажбата на арапска гума за џвакање. Но, откако почна конфликтот меѓу суданската армија под команда на генералот Абдел Фатах ал-Бурхан и специјалните сили на Мохамед Хамдан Дагал, работата станува сè потешка. Во меѓувреме, конфликтот сериозно го нарушува производството и трговијата.

The post Суданскиот конфликт го загрозува производството на Кока-Кола appeared first on Република.

]]>
Во Судан пронајдена масовна гробница https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-sudan-pronajdena-masovna-grobnitsa/ Thu, 13 Jul 2023 09:48:41 +0000 https://republika.mk/?p=660785

Во масовна гробница во Западен Дарфур, Судан, пронајдени се тела на најмалку 87 лица, вклучително и етнички Масалити, соопшти денеска Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации.

Он наведува дека има информации оти паравоените сили за брза поддршка биле одговорни за смртта на тие луѓе.

„Најостро ги осудувам убиствата на цивили и дополнително сум згрозен од бесчувствителниот начин на кој се постапува со загинатите, заедно со нивните семејства и заедници, рече високиот комесар на ОН за човекови права Волкер Турк.

Тој повика на итна и темелна истрага.

The post Во Судан пронајдена масовна гробница appeared first on Република.

]]>

Во масовна гробница во Западен Дарфур, Судан, пронајдени се тела на најмалку 87 лица, вклучително и етнички Масалити, соопшти денеска Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации. Он наведува дека има информации оти паравоените сили за брза поддршка биле одговорни за смртта на тие луѓе.
„Најостро ги осудувам убиствата на цивили и дополнително сум згрозен од бесчувствителниот начин на кој се постапува со загинатите, заедно со нивните семејства и заедници, рече високиот комесар на ОН за човекови права Волкер Турк.
Тој повика на итна и темелна истрага.

The post Во Судан пронајдена масовна гробница appeared first on Република.

]]>
ОН: Повеќе од два милиони луѓе ги напуштиле домовите поради борбите во Судан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/on-poveke-od-dva-milioni-luge-gi-napushtile-domovite-poradi-borbite-vo-sudan/ Thu, 15 Jun 2023 06:45:33 +0000 https://republika.mk/?p=651528

Конфликтот во Судан протера повеќе од два милиони луѓе од своите домови, објавија ОН. Претставник на светската организација предупреди дека можеби се извршени злосторства против човештвото во жестоките борби во проблематичниот судански регион Дарфур.

Според Меѓународната организација за миграција, тело на ОН, повеќе од 1,6 милиони луѓе ги напуштиле своите домови и побарале засолниште во други области на Судан од почетокот на борбите. Околу 530.000 луѓе побегнале во соседните земји Египет, Јужен Судан, Чад, Етиопија, Централноафриканската Република и Либија, додава организацијата.

Наспроти ова, борбите во главниот град Картум и западниот регион Дарфур продолжуваат. Според Сојузот на судански лекари, од почетокот на конфликтот, најмалку 959 цивили загинале, а околу 4.750 се повредени.

Реалниот број може да биде уште поголем бидејќи пријавените бројки не вклучуваат извештаи за жртви и повредени во борбите во Генена, главниот град на провинцијата Западен Дарфур.

The post ОН: Повеќе од два милиони луѓе ги напуштиле домовите поради борбите во Судан appeared first on Република.

]]>

Конфликтот во Судан протера повеќе од два милиони луѓе од своите домови, објавија ОН. Претставник на светската организација предупреди дека можеби се извршени злосторства против човештвото во жестоките борби во проблематичниот судански регион Дарфур. Според Меѓународната организација за миграција, тело на ОН, повеќе од 1,6 милиони луѓе ги напуштиле своите домови и побарале засолниште во други области на Судан од почетокот на борбите. Околу 530.000 луѓе побегнале во соседните земји Египет, Јужен Судан, Чад, Етиопија, Централноафриканската Република и Либија, додава организацијата. Наспроти ова, борбите во главниот град Картум и западниот регион Дарфур продолжуваат. Според Сојузот на судански лекари, од почетокот на конфликтот, најмалку 959 цивили загинале, а околу 4.750 се повредени. Реалниот број може да биде уште поголем бидејќи пријавените бројки не вклучуваат извештаи за жртви и повредени во борбите во Генена, главниот град на провинцијата Западен Дарфур.

The post ОН: Повеќе од два милиони луѓе ги напуштиле домовите поради борбите во Судан appeared first on Република.

]]>
Продолжуваат судирите во Судан, раселени над милион луѓе https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/prodolzhuvaat-sudirite-vo-sudan-raseleni-nad-milion-luge/ Sat, 20 May 2023 09:13:08 +0000 https://republika.mk/?p=642917

Суданската престолнина Картум и соседниот град Бахри во изминатото деноноќие повторно биле под воздушни напади. Нападите биле насочени кон области во источен Картум, Бахри и Шарг ел Нил.

Судирите меѓу армијата и паравоените сили влегоа во петтата недела, продлабочувајќи ја хуманитарната криза која расели повеќе од милион луѓе.

Масовните грабежи од вооружени лица и цивили уште повеќе им го отежнуваат животот на жителите на Картум кои се погодени од жестоките борби меѓу регуларната војска и паравоените сили за брза поддршка (РСФ).

Околу 843.000 луѓе се внатрешно раселени, а уште 250.000 го напуштиле Судан за време од почетокот на конфликтот, соопшти УНХЦР.

Досега нема напредок во преговорите меѓу двете страни за прекин на огнот во саудискиот град Џеда под покровителство на Ријад и Вашингтон. Тие и на вчерашниот состанок на Арапската лига меѓусебно се обвинија за грабеж и силување, како и за прекршување на низата договорени прекини на огнот.

The post Продолжуваат судирите во Судан, раселени над милион луѓе appeared first on Република.

]]>

Суданската престолнина Картум и соседниот град Бахри во изминатото деноноќие повторно биле под воздушни напади. Нападите биле насочени кон области во источен Картум, Бахри и Шарг ел Нил. Судирите меѓу армијата и паравоените сили влегоа во петтата недела, продлабочувајќи ја хуманитарната криза која расели повеќе од милион луѓе. Масовните грабежи од вооружени лица и цивили уште повеќе им го отежнуваат животот на жителите на Картум кои се погодени од жестоките борби меѓу регуларната војска и паравоените сили за брза поддршка (РСФ). Околу 843.000 луѓе се внатрешно раселени, а уште 250.000 го напуштиле Судан за време од почетокот на конфликтот, соопшти УНХЦР. Досега нема напредок во преговорите меѓу двете страни за прекин на огнот во саудискиот град Џеда под покровителство на Ријад и Вашингтон. Тие и на вчерашниот состанок на Арапската лига меѓусебно се обвинија за грабеж и силување, како и за прекршување на низата договорени прекини на огнот.

The post Продолжуваат судирите во Судан, раселени над милион луѓе appeared first on Република.

]]>
ОН: Над 100.000 бегалци избегаа од Судан за да го избегнат насилството https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/on-nad-100-000-begaltsi-izbegaa-od-sudan-za-da-go-izbegnat-nasilstvoto/ Tue, 02 May 2023 10:22:40 +0000 https://republika.mk/?p=636006

Над 100.000 бегалци преминале од Судан во соседните земји за да побегнат од конфликтот што избувна во таа земја минатиот месец, изјави претставничката на Високиот комесаријат на ОН за бегалци Олга Сарадо.

Се проценува дека повеќе од 100.000 бегалци се меѓу оние кои досега преминале во соседните земји, предупреди таа на брифингот во Женева.

Десетици илјади Суданци и странци се уште се обидуваат да побегнат од земјата зафатена со конфликт, која запаѓа во хаос. Иако во текот на две недели, од првата ескалација на непријателствата меѓу воените фракции, беа објавени три примирја, ниту едно не траеше.

The post ОН: Над 100.000 бегалци избегаа од Судан за да го избегнат насилството appeared first on Република.

]]>

Над 100.000 бегалци преминале од Судан во соседните земји за да побегнат од конфликтот што избувна во таа земја минатиот месец, изјави претставничката на Високиот комесаријат на ОН за бегалци Олга Сарадо. Се проценува дека повеќе од 100.000 бегалци се меѓу оние кои досега преминале во соседните земји, предупреди таа на брифингот во Женева. Десетици илјади Суданци и странци се уште се обидуваат да побегнат од земјата зафатена со конфликт, која запаѓа во хаос. Иако во текот на две недели, од првата ескалација на непријателствата меѓу воените фракции, беа објавени три примирја, ниту едно не траеше.

The post ОН: Над 100.000 бегалци избегаа од Судан за да го избегнат насилството appeared first on Република.

]]>
Во тек активности за евакуација на осумчлено семејство на македонски државајани од Судан https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-tek-aktivnosti-za-evakuatsija-na-osumchleno-semejstvo-na-makedonski-drzhavajani-od-sudan/ Mon, 01 May 2023 13:24:56 +0000 https://republika.mk/?p=635766

Министерството за надворешни работи соопшти дека по добиената информација за осумчлено семејство, македонски државјани, кое се наоѓа во загрозените подрачја на Судан, преку нашата Амбасада во Каиро веднаш стапило во контакт и добило потврда дека сите осумина се во добра здравствена состојба.

- Министерството преку дипломатската мрежа во регионот е во постојана комуникација со колегите од пријателските земји, чии амбасади се сѐ уште активни на територијата на Судан. Информираме дека во тек се активности за да се обезбеди нивна скора евакуација, и трансфер на безбедна локација од каде подоцна би се обезбедил трансфер кон земјава, се наведува во соопштението од МНР.

Воедно, од МНР информираат дека четирите наши државјани кои претходно го напуштија Судан кон Саудиска Арабија се на безбедна локација, во добра здравствена состојба и наскоро ќе бидат вратени во земјава.

Од Министерството при тоа повтормно апелираат доколку има наши државјани кои се наоѓаат на територијата на Судан да ја контактираат Амбасадата на Република Македонија во Каиро (на телефон +201033615542 и е-мејл cairo@mfa.gov.mk, Амбасадата на Република Македонија во Абу Даби (на следниот телефонски број +971 56 441 7532 и е-мејл адреса abudabi@mfa.gov.mk, како и МНР на СОС телефонот + 389 75 273 732 и емејл globalsos@mfa.gov.mk.

The post Во тек активности за евакуација на осумчлено семејство на македонски државајани од Судан appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи соопшти дека по добиената информација за осумчлено семејство, македонски државјани, кое се наоѓа во загрозените подрачја на Судан, преку нашата Амбасада во Каиро веднаш стапило во контакт и добило потврда дека сите осумина се во добра здравствена состојба. - Министерството преку дипломатската мрежа во регионот е во постојана комуникација со колегите од пријателските земји, чии амбасади се сѐ уште активни на територијата на Судан. Информираме дека во тек се активности за да се обезбеди нивна скора евакуација, и трансфер на безбедна локација од каде подоцна би се обезбедил трансфер кон земјава, се наведува во соопштението од МНР. Воедно, од МНР информираат дека четирите наши државјани кои претходно го напуштија Судан кон Саудиска Арабија се на безбедна локација, во добра здравствена состојба и наскоро ќе бидат вратени во земјава. Од Министерството при тоа повтормно апелираат доколку има наши државјани кои се наоѓаат на територијата на Судан да ја контактираат Амбасадата на Република Македонија во Каиро (на телефон +201033615542 и е-мејл cairo@mfa.gov.mk, Амбасадата на Република Македонија во Абу Даби (на следниот телефонски број +971 56 441 7532 и е-мејл адреса abudabi@mfa.gov.mk, како и МНР на СОС телефонот + 389 75 273 732 и емејл globalsos@mfa.gov.mk.

The post Во тек активности за евакуација на осумчлено семејство на македонски државајани од Судан appeared first on Република.

]]>
Четворица македонски државјани евакуирани од Судан https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/chetvoritsa-makedonski-drzhavjani-evakuirani-od-sudan/ Sun, 30 Apr 2023 17:51:54 +0000 https://republika.mk/?p=635594

Во текот на вчерашниот ден од Судан, кој е зафатен со воени судири, беа евакуирани четворица државјани на Република Македонија, информира денеска Министерството за надворешни работи.

Во соопштението се посочува дека евакуацијата е реализирана со асистенција на Саудиска Арабија, за што МНР и упатува искрена благодарност.

Евакуираните македонски граѓани во моментот се наоѓаат во градот Џеда во Саудиска Арабија, а нашата амбасада во Абу Даби е во постојана комуникација со саудиските власти во насока за нивно враќање во земјава.

Од МНР наведуваат дека до сега од Судан се евакуирани вкупно 4879 лица, од кои 139 се Саудијци, а останатите се од 96 земји од целиот свет, меѓу кои и од Европа, САД. Од нашиот регион освен од земјава, евакуирани се и државјани на Грција и БиХ.

- Министерството за надворешни работи со внимание го следи развојот на состојбите во Судан и е во комуникација со држави кои имаат свои дипломатски конзуларни претставништва во земјата. Во оваа прилика апелираме доколку има наши државјани кои се наоѓаат во територијата на Судан да ја контактираат Амбасадата на Република Македонија во Абу Даби на следниот телефонски број +971 56 441 7532 и е-мејл адреса abudabi@mfa.gov.mk Амбасадата на Република Македонија во Каиро на следниот телефонски број +201033615542 и е-мејл адреса cairo@mfa.gov.mkкако и Министерството за надворешни работи на СОС телефонот + 389 75 273 732 и следната е-мејл адреса globalsos@mfa.gov.mk, се додава во соопштението на МНР.

The post Четворица македонски државјани евакуирани од Судан appeared first on Република.

]]>

Во текот на вчерашниот ден од Судан, кој е зафатен со воени судири, беа евакуирани четворица државјани на Република Македонија, информира денеска Министерството за надворешни работи. Во соопштението се посочува дека евакуацијата е реализирана со асистенција на Саудиска Арабија, за што МНР и упатува искрена благодарност. Евакуираните македонски граѓани во моментот се наоѓаат во градот Џеда во Саудиска Арабија, а нашата амбасада во Абу Даби е во постојана комуникација со саудиските власти во насока за нивно враќање во земјава. Од МНР наведуваат дека до сега од Судан се евакуирани вкупно 4879 лица, од кои 139 се Саудијци, а останатите се од 96 земји од целиот свет, меѓу кои и од Европа, САД. Од нашиот регион освен од земјава, евакуирани се и државјани на Грција и БиХ. - Министерството за надворешни работи со внимание го следи развојот на состојбите во Судан и е во комуникација со држави кои имаат свои дипломатски конзуларни претставништва во земјата. Во оваа прилика апелираме доколку има наши државјани кои се наоѓаат во територијата на Судан да ја контактираат Амбасадата на Република Македонија во Абу Даби на следниот телефонски број +971 56 441 7532 и е-мејл адреса abudabi@mfa.gov.mk Амбасадата на Република Македонија во Каиро на следниот телефонски број +201033615542 и е-мејл адреса cairo@mfa.gov.mkкако и Министерството за надворешни работи на СОС телефонот + 389 75 273 732 и следната е-мејл адреса globalsos@mfa.gov.mk, се додава во соопштението на МНР.

The post Четворица македонски државјани евакуирани од Судан appeared first on Република.

]]>
Драматичнo во Судан: Франција и САД со специјални сили евакуираат свои граѓани, аеродромот е затворен, воздушниот простор небезбеден https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dramatichno-vo-sudan-frantsija-i-sad-so-spetsijalni-sili-evakuiraat-svoi-gragani-aerodromot-e-zatvoren-vozdushniot-prostor-nebezbeden/ Sun, 23 Apr 2023 09:25:32 +0000 https://republika.mk/?p=633180

Франција почна „операција за брза евакуација“ на своите граѓани и дипломатскиот персонал од Судан, каде [to борбите меѓу силите на двата ривалски судански команданти влегоа во втората недела, соопшти француското Министерство за надворешни работи.

Претходно i американски сили за специјални операции, користејќи хеликоптери за помалку од еден час извршиle евакуација на Американската амбасада во Картум, главниот град на Судан.

Француското министерство соопшти дека европските граѓани од „сојузничките партнерски земји“ исто така ќе бидат евакуирани како дел од нивната операција, не наведувајќи дополнителни детали.

Според еден дипломатски извор, суданските вооружени сили и паравоените сили за брза поддршка, против кои се борат, дале „безбедносни гаранции“ за операцијата.

Француското Министерство соопшти дека во Судан живеат околу 250 француски државјани.

Првата голема операција за евакуација на цивили од почетокот на борбите ја најави Саудиска Арабија, која врати во земјата 91 нејзин државјанин и 66 државјани на други земји.

Во последните неколку дена, САД, Јужна Кореја и Јапонија распоредија сили во соседните земји, а Европската унија најави дека сака да преземе слични мерки за да организира евакуација на своите дипломати и граѓани од Судан.

Според Светската здравствена организација, досега во судирите во Судан загинале повеќе од 420 луѓе, а 3.700 се повредени.

The post Драматичнo во Судан: Франција и САД со специјални сили евакуираат свои граѓани, аеродромот е затворен, воздушниот простор небезбеден appeared first on Република.

]]>

Франција почна „операција за брза евакуација“ на своите граѓани и дипломатскиот персонал од Судан, каде [to борбите меѓу силите на двата ривалски судански команданти влегоа во втората недела, соопшти француското Министерство за надворешни работи. Претходно i американски сили за специјални операции, користејќи хеликоптери за помалку од еден час извршиle евакуација на Американската амбасада во Картум, главниот град на Судан. Француското министерство соопшти дека европските граѓани од „сојузничките партнерски земји“ исто така ќе бидат евакуирани како дел од нивната операција, не наведувајќи дополнителни детали. Според еден дипломатски извор, суданските вооружени сили и паравоените сили за брза поддршка, против кои се борат, дале „безбедносни гаранции“ за операцијата. Француското Министерство соопшти дека во Судан живеат околу 250 француски државјани. Првата голема операција за евакуација на цивили од почетокот на борбите ја најави Саудиска Арабија, која врати во земјата 91 нејзин државјанин и 66 државјани на други земји. Во последните неколку дена, САД, Јужна Кореја и Јапонија распоредија сили во соседните земји, а Европската унија најави дека сака да преземе слични мерки за да организира евакуација на своите дипломати и граѓани од Судан. Според Светската здравствена организација, досега во судирите во Судан загинале повеќе од 420 луѓе, а 3.700 се повредени.

The post Драматичнo во Судан: Франција и САД со специјални сили евакуираат свои граѓани, аеродромот е затворен, воздушниот простор небезбеден appeared first on Република.

]]>
Суданските сили за брза поддршка се согласија на 72-часовен прекин на огнот од хуманитарни причини https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sudanskite-sili-za-brza-poddrshka-se-soglasija-na-72-chasoven-prekin-na-ognot-od-humanitarni-prichini/ Fri, 21 Apr 2023 10:42:25 +0000 https://republika.mk/?p=632733

(Ал Џезира)

Додека народот на Судан е сведок на уште еден ден на борби меѓу армијата и паравоените сили за брза поддршка (RSF), меѓународната загриженост расте, како и стравувањата кај оние кои не можат да ги напуштат своите домови за да добијат храна, медицинска нега или други основни услуги.

Вестите за зголемениот број на жртви кружат деновиве додека воздушните напади и гранатирањето се интензивираа во делови од главниот град Картум и неговиот збратимен град Омдурман.

Бел чад се издигна во близина на воениот штаб во Картум додека борбите ги принудија жителите да се засолнат во своите домови. Евидентирани се и прекини на струја и грабежи.

Медицинските организации повикуваат на мирен и безбеден премин на пациентите до медицинските установи и на медицинските тимови да им се овозможи пристап до ранетите.

Иако борбата за превласт меѓу армијата и РСФ е евидентна веќе неколку години - од соборувањето на поранешниот претседател Омар ал-Башир во 2019 година среде масовни протести - бескрајните прашања се вртеа за тоа што иницираше таков отворен конфликт меѓу двете сили.

Од соучесник во пучот до непријател?

Во октомври 2021 година, началникот на армијата, генерал Абдел Фатах ал-Бурхан и началникот на РСФ, генерал-полковник Мохамед Хамдан „Хемедти“ Дагало се здружија за да извршат државен удар против цивилното раководство, нанесувајќи удар на транзицијата на нацијата кон демократија.

Тензиите почнаа да зовриваат пред неколку дена кога армијата објави дека РСФ спроведувала неовластени движења во Картум и северниот град Мероу.

РСФ, која беше обвинета за брутално задушување на бунтот за време на конфликтот во Дарфур и продемократските протести, одговори дека не прави ништо надвор од своите вообичаени должности и дека некој се обидува да сее немир меѓу суданските сили.

Отворен конфликт избувна во саботата во главниот град и во голем број други градови. И Ал-Бурхан и Дагало, секој со десетици илјади војници распоредени само во Картум, ветија дека нема да преговараат или да се согласат за прекин на огнот и покрај зголемениот меѓународен дипломатски притисок.

Еве како Судан, земја со долга историја на државни удари, стигна до оваа точка и што е во прашање.

Како дојде до оваа фаза?

Во последниве месеци се водеа преговори во обид за враќање на Судан во демократска транзиција запрена со државниот удар во октомври 2021 година.

Со мониторинг на меѓународните и регионалните сили, вооружените сили и РСФ потпишаа прелиминарен договор во декември со продемократските и цивилните групи. Но, договорот ги остави нерешени најтешките политички прашања - на пример, што ќе биде со сите воени и паравоени сили?

За време на преговорите за постигнување конечен договор, тензиите меѓу Ал-Бурхан и Дагал ескалираа додека двете страни дебатираа како РСФ ќе се интегрира во армијата и кој ќе има крајна контрола над борците и оружјето.

Дагало се обиде да се претстави како поддржувач на демократската транзиција, остро критикувајќи го Ал-Бурхан во март. Тој рече дека воените лидери не се подготвени да ја предадат власта.

Аналитичарите тврдат дека Дагало се обидува да го поправи имиџот на неговите паравоени сили, кои имаат репутација како брутални милиции вклучени во злосторствата во конфликтот во Дарфур.

Несогласувања постојат, но зошто борби?

Доцна во средата, РСФ почна да распоредува сили околу Мероу, 330 километри северно од главниот град. Градот има стратешко значење со голем аеродром, централна локација и брана на реката Нил.

Следниот ден, РСФ, исто така, испрати нови сили во главниот град и во другите области на земјата. Армијата се спротивстави.

Борбите избија во воената база јужно од Картум во саботата наутро, при што двете страни ја обвинија другата за започнување на насилството. Оттогаш, армијата и РСФ се борат со тешко вооружување, вклучувајќи оклопни возила и митралези поставени на камиони, во густо населените области на Картум и Омдурман. Армијата, исто така, почна да ги напаѓа базите на РСФ со воздушни удари.

Борбите се проширија и во други делови на земјата, вклучувајќи го стратешкиот крајбрежен град Порт Судан на Црвеното Море и источните региони на границите со Етиопија и Еритреја. Пријавени се и борби во регионот на Дарфур зафатен од војна, каде што беа нападнати објекти на Обединетите нации. ОН соопштија дека тројца вработени во Светската програма за храна се убиени во борбите. Во следните денови, десетици луѓе беа убиени, а стотици беа ранети.

Во Судан прогласено тридневно примирје

Суданските сили за брза поддршка соопштија дека се согласиле на 72-часовен прекин на огнот од хуманитарни причини, со што се создале услови за прекин на конфликтот со суданската армија, кој трае веќе неколку дена.

„Примирјето ќе се совпадне со Рамазан Бајрам... и така ќе може хуманитарните коридори да бидат отворени за евакуирање на цивили кои ќе имаат можност да ги видат своите семејства“, се вели во соопштението на Суданските сили за брза поддршка.

Тие истакнуваат дека презеле акции за „самоодбрана“ за да го спречат обидот за државен удар и дека се подготвени за „целосен прекин на огнот“ за време на периодот на примирје.

Засега нема коментар од суданската армија. Од почетокот на борбите во Судан загинаа повеќе од 330 луѓе.

Ќе има ли прекин на огнот и преговори?

Изгледите за прекин на борбите во моментов се мали бидејќи Ал-Бурхан и Дагало не отстапуваат. И двајцата бараат другиот да се предаде. Интензивирањето на борбите може да го отежне и враќањето на преговорите на двајцата генерали.

Муслиманскиот верски календар, исто така, може да игра улога. Борбите избувнаа во последната недела од месецот Рамазан. Оваа недела е тридневен празник Рамазан Бајрам со кој се одбележува крајот на месецот на постот. Жителите на Судан повеќе не можат да излегуваат да купуваат храна и други потреби, па ако ништо друго, ќе има зголемен притисок за прекин на борбите.

Меѓународнaта заедница повика на итен прекин на непријателствата додека преземаше низа дипломатски активности.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен повика на прекин на огнот и враќање на преговорите за време на состанокот на земјите-членки на Г7.

„Народот на Судан сака војската да се врати во касарните“, рече Блинкен. „Тие сакаат демократија, цивилна влада. Судан мора да се врати на тој пат“. Блинкен претходно разговараше за развојот на ситуацијата во Судан со министрите за надворешни работи на Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати. Саудискиот министер за надворешни работи рече дека разговарал со Ал-Бурхан и Дагал одделно по телефон и ги повикал да престанат со „сите видови воена ескалација“.

Камерон Хадсон, виш соработник во Центарот за стратегиски и меѓународни студии тинк-тенк и поранешен американски дипломат, предупреди: „Без таков [американски] притисок, би можеле да најдеме конфликт со истата шема во Тигреј [Етиопија]“.

Кои се странските актери и зошто се таму?

За време на повеќедецениското владеење на Ал-Башир, Русија беше доминантна сила во Судан. Во еден момент, Москва постигна првичен договор за изградба на поморска база на суданскиот брег на Црвеното Море. По соборувањето на Ал-Башир, САД и европските нации почнаа да се натпреваруваат со Русија за влијание во Судан, кој е богат со природни ресурси, вклучително и злато, но и сцена на конфликти и воени удари.

Војската го контролира најголемиот дел од економијата на земјата, но и РСФ управува со големи области на рудници за злато, клучен извор на приход за моќната паравоена војска. Ал-Бурхан и Дагало, исто така, воспоставија блиски врски со Саудиска Арабија и ОАЕ. Суданските трупи се одвоија од армијата и РСФ се борат заедно со коалицијата предводена од Саудиска Арабија во долготрајната војна во Јемен. Египет, друга регионална сила, исто така има длабоки врски со суданската војска. Двете армии одржуваат редовни воени вежби, а последните беа овој месец. Египетските војници беа во суданската воена база во Мероу на вежби кога избија судирите во саботата. Тие беа заробени од припадници на РСФ кои рекоа дека ќе бидат вратени во Египет.

The post Суданските сили за брза поддршка се согласија на 72-часовен прекин на огнот од хуманитарни причини appeared first on Република.

]]>

(Ал Џезира) Додека народот на Судан е сведок на уште еден ден на борби меѓу армијата и паравоените сили за брза поддршка (RSF), меѓународната загриженост расте, како и стравувањата кај оние кои не можат да ги напуштат своите домови за да добијат храна, медицинска нега или други основни услуги. Вестите за зголемениот број на жртви кружат деновиве додека воздушните напади и гранатирањето се интензивираа во делови од главниот град Картум и неговиот збратимен град Омдурман. Бел чад се издигна во близина на воениот штаб во Картум додека борбите ги принудија жителите да се засолнат во своите домови. Евидентирани се и прекини на струја и грабежи. Медицинските организации повикуваат на мирен и безбеден премин на пациентите до медицинските установи и на медицинските тимови да им се овозможи пристап до ранетите. Иако борбата за превласт меѓу армијата и РСФ е евидентна веќе неколку години - од соборувањето на поранешниот претседател Омар ал-Башир во 2019 година среде масовни протести - бескрајните прашања се вртеа за тоа што иницираше таков отворен конфликт меѓу двете сили.

Од соучесник во пучот до непријател?

Во октомври 2021 година, началникот на армијата, генерал Абдел Фатах ал-Бурхан и началникот на РСФ, генерал-полковник Мохамед Хамдан „Хемедти“ Дагало се здружија за да извршат државен удар против цивилното раководство, нанесувајќи удар на транзицијата на нацијата кон демократија. Тензиите почнаа да зовриваат пред неколку дена кога армијата објави дека РСФ спроведувала неовластени движења во Картум и северниот град Мероу. РСФ, која беше обвинета за брутално задушување на бунтот за време на конфликтот во Дарфур и продемократските протести, одговори дека не прави ништо надвор од своите вообичаени должности и дека некој се обидува да сее немир меѓу суданските сили. Отворен конфликт избувна во саботата во главниот град и во голем број други градови. И Ал-Бурхан и Дагало, секој со десетици илјади војници распоредени само во Картум, ветија дека нема да преговараат или да се согласат за прекин на огнот и покрај зголемениот меѓународен дипломатски притисок. Еве како Судан, земја со долга историја на државни удари, стигна до оваа точка и што е во прашање.

Како дојде до оваа фаза?

Во последниве месеци се водеа преговори во обид за враќање на Судан во демократска транзиција запрена со државниот удар во октомври 2021 година. Со мониторинг на меѓународните и регионалните сили, вооружените сили и РСФ потпишаа прелиминарен договор во декември со продемократските и цивилните групи. Но, договорот ги остави нерешени најтешките политички прашања - на пример, што ќе биде со сите воени и паравоени сили? За време на преговорите за постигнување конечен договор, тензиите меѓу Ал-Бурхан и Дагал ескалираа додека двете страни дебатираа како РСФ ќе се интегрира во армијата и кој ќе има крајна контрола над борците и оружјето. Дагало се обиде да се претстави како поддржувач на демократската транзиција, остро критикувајќи го Ал-Бурхан во март. Тој рече дека воените лидери не се подготвени да ја предадат власта. Аналитичарите тврдат дека Дагало се обидува да го поправи имиџот на неговите паравоени сили, кои имаат репутација како брутални милиции вклучени во злосторствата во конфликтот во Дарфур.

Несогласувања постојат, но зошто борби?

Доцна во средата, РСФ почна да распоредува сили околу Мероу, 330 километри северно од главниот град. Градот има стратешко значење со голем аеродром, централна локација и брана на реката Нил. Следниот ден, РСФ, исто така, испрати нови сили во главниот град и во другите области на земјата. Армијата се спротивстави. Борбите избија во воената база јужно од Картум во саботата наутро, при што двете страни ја обвинија другата за започнување на насилството. Оттогаш, армијата и РСФ се борат со тешко вооружување, вклучувајќи оклопни возила и митралези поставени на камиони, во густо населените области на Картум и Омдурман. Армијата, исто така, почна да ги напаѓа базите на РСФ со воздушни удари. Борбите се проширија и во други делови на земјата, вклучувајќи го стратешкиот крајбрежен град Порт Судан на Црвеното Море и источните региони на границите со Етиопија и Еритреја. Пријавени се и борби во регионот на Дарфур зафатен од војна, каде што беа нападнати објекти на Обединетите нации. ОН соопштија дека тројца вработени во Светската програма за храна се убиени во борбите. Во следните денови, десетици луѓе беа убиени, а стотици беа ранети.

Во Судан прогласено тридневно примирје

Суданските сили за брза поддршка соопштија дека се согласиле на 72-часовен прекин на огнот од хуманитарни причини, со што се создале услови за прекин на конфликтот со суданската армија, кој трае веќе неколку дена. „Примирјето ќе се совпадне со Рамазан Бајрам... и така ќе може хуманитарните коридори да бидат отворени за евакуирање на цивили кои ќе имаат можност да ги видат своите семејства“, се вели во соопштението на Суданските сили за брза поддршка. Тие истакнуваат дека презеле акции за „самоодбрана“ за да го спречат обидот за државен удар и дека се подготвени за „целосен прекин на огнот“ за време на периодот на примирје. Засега нема коментар од суданската армија. Од почетокот на борбите во Судан загинаа повеќе од 330 луѓе.

Ќе има ли прекин на огнот и преговори?

Изгледите за прекин на борбите во моментов се мали бидејќи Ал-Бурхан и Дагало не отстапуваат. И двајцата бараат другиот да се предаде. Интензивирањето на борбите може да го отежне и враќањето на преговорите на двајцата генерали. Муслиманскиот верски календар, исто така, може да игра улога. Борбите избувнаа во последната недела од месецот Рамазан. Оваа недела е тридневен празник Рамазан Бајрам со кој се одбележува крајот на месецот на постот. Жителите на Судан повеќе не можат да излегуваат да купуваат храна и други потреби, па ако ништо друго, ќе има зголемен притисок за прекин на борбите. Меѓународнaта заедница повика на итен прекин на непријателствата додека преземаше низа дипломатски активности. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен повика на прекин на огнот и враќање на преговорите за време на состанокот на земјите-членки на Г7. „Народот на Судан сака војската да се врати во касарните“, рече Блинкен. „Тие сакаат демократија, цивилна влада. Судан мора да се врати на тој пат“. Блинкен претходно разговараше за развојот на ситуацијата во Судан со министрите за надворешни работи на Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати. Саудискиот министер за надворешни работи рече дека разговарал со Ал-Бурхан и Дагал одделно по телефон и ги повикал да престанат со „сите видови воена ескалација“. Камерон Хадсон, виш соработник во Центарот за стратегиски и меѓународни студии тинк-тенк и поранешен американски дипломат, предупреди: „Без таков [американски] притисок, би можеле да најдеме конфликт со истата шема во Тигреј [Етиопија]“.

Кои се странските актери и зошто се таму?

За време на повеќедецениското владеење на Ал-Башир, Русија беше доминантна сила во Судан. Во еден момент, Москва постигна првичен договор за изградба на поморска база на суданскиот брег на Црвеното Море. По соборувањето на Ал-Башир, САД и европските нации почнаа да се натпреваруваат со Русија за влијание во Судан, кој е богат со природни ресурси, вклучително и злато, но и сцена на конфликти и воени удари. Војската го контролира најголемиот дел од економијата на земјата, но и РСФ управува со големи области на рудници за злато, клучен извор на приход за моќната паравоена војска. Ал-Бурхан и Дагало, исто така, воспоставија блиски врски со Саудиска Арабија и ОАЕ. Суданските трупи се одвоија од армијата и РСФ се борат заедно со коалицијата предводена од Саудиска Арабија во долготрајната војна во Јемен. Египет, друга регионална сила, исто така има длабоки врски со суданската војска. Двете армии одржуваат редовни воени вежби, а последните беа овој месец. Египетските војници беа во суданската воена база во Мероу на вежби кога избија судирите во саботата. Тие беа заробени од припадници на РСФ кои рекоа дека ќе бидат вратени во Египет.

The post Суданските сили за брза поддршка се согласија на 72-часовен прекин на огнот од хуманитарни причини appeared first on Република.

]]>