суд за човекови права Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sud-za-chovekovi-prava/ За подобро да се разбереме Sat, 20 May 2023 12:40:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png суд за човекови права Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sud-za-chovekovi-prava/ 32 32 Државата ќе ѝ плати 1.600 евра отштета на Доцевска Божиновска затоа што и биле прекршени правата при изрекувањето притвор за 27 април https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/drzhavata-ke-i-plati-1-600-evra-otshteta-na-dotsevska-bozhinovska-zatoa-shto-i-bile-prekrsheni-pravata-pri-izrekuvaneto-pritvor-za-27-april/ Sat, 20 May 2023 10:10:45 +0000 https://republika.mk/?p=642946

Европскиот суд за човекови права во Стразбур пресуди дека на Елена Доцевска Божиновска ѝ биле прекршени правата при постапката за одредување притвор во врска со нападот на Собранието на 27 април 2017 година. Судот во Стразбур, во пресудата од 9 мај, вели дека во нејзиниот случај е прекршена Европската конвенција за човекови права и ја задолжува државата во рок од три месеци да ѝ исплати отштета од 750 евра, плус 850 евра за судски трошоци, пренесе „сдк.мк“.

Доцевска Божиновска, која во 2017 година беше вработена во Кабинетот на поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, беше притворена на 30 ноември 2017 со одлука на тричлен совет од Основниот кривичен суд Скопје, по жалба на обвинителството, откако таа претходно беше куќен притвор. Обвинителството жалбата до судот ја поднело истиот ден, а Доцевска-Божиновска ја добила утредента, откако судот веќе донел одлука. Нејзината жалба на одлуката за притвор била разгледана од судот на 12 декември и одбиена. На 28 декември таа повторно поднела жалба против притворот и таа била разгледана на 15 јануари и повторно одбиена.

https://republika.mk/vesti/makedonija/pravda-za-ustavobranitelite-dotsevska-bozhinovska-ja-porazi-vlasta-na-sdsm-vo-sudot-vo-strazbur/

Судот во Стразбур ја прифаќа нејзината жалба дека немала можност да одговори на жалбата на обвинителството и дека судот ги одолговлекувал нејзините жалби.

Доцевска-Божиновска, која беше една од 33-цата обвинети, во декември 2018 година беше опфатена со делумната амнестија за обвинетите за 27 април. Таа сега е советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Куманово.

The post Државата ќе ѝ плати 1.600 евра отштета на Доцевска Божиновска затоа што и биле прекршени правата при изрекувањето притвор за 27 април appeared first on Република.

]]>

Европскиот суд за човекови права во Стразбур пресуди дека на Елена Доцевска Божиновска ѝ биле прекршени правата при постапката за одредување притвор во врска со нападот на Собранието на 27 април 2017 година. Судот во Стразбур, во пресудата од 9 мај, вели дека во нејзиниот случај е прекршена Европската конвенција за човекови права и ја задолжува државата во рок од три месеци да ѝ исплати отштета од 750 евра, плус 850 евра за судски трошоци, пренесе „сдк.мк“. Доцевска Божиновска, која во 2017 година беше вработена во Кабинетот на поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, беше притворена на 30 ноември 2017 со одлука на тричлен совет од Основниот кривичен суд Скопје, по жалба на обвинителството, откако таа претходно беше куќен притвор. Обвинителството жалбата до судот ја поднело истиот ден, а Доцевска-Божиновска ја добила утредента, откако судот веќе донел одлука. Нејзината жалба на одлуката за притвор била разгледана од судот на 12 декември и одбиена. На 28 декември таа повторно поднела жалба против притворот и таа била разгледана на 15 јануари и повторно одбиена. https://republika.mk/vesti/makedonija/pravda-za-ustavobranitelite-dotsevska-bozhinovska-ja-porazi-vlasta-na-sdsm-vo-sudot-vo-strazbur/ Судот во Стразбур ја прифаќа нејзината жалба дека немала можност да одговори на жалбата на обвинителството и дека судот ги одолговлекувал нејзините жалби. Доцевска-Божиновска, која беше една од 33-цата обвинети, во декември 2018 година беше опфатена со делумната амнестија за обвинетите за 27 април. Таа сега е советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Куманово.

The post Државата ќе ѝ плати 1.600 евра отштета на Доцевска Божиновска затоа што и биле прекршени правата при изрекувањето притвор за 27 април appeared first on Република.

]]>
Правда за Уставобранителите: Доцевска Божиновска ја порази власта на СДСМ во Судот во Стразбур https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pravda-za-ustavobranitelite-dotsevska-bozhinovska-ja-porazi-vlasta-na-sdsm-vo-sudot-vo-strazbur/ Fri, 19 May 2023 21:11:29 +0000 https://republika.mk/?p=642836

После 5 години макотрпна борба и страдања, правдата за уставобранителите го виде светлото на денот. Елена Доцевска Божиновска, долгогодишен професионалец во Собранието на Република Македонија која беше неправдено притворена и гонета од власта на СДСМ оствари голема победа пред Европскиот суд за човекови права за злосторството што и’ беше направено.

Во тие денови, Елена, мајката на Наум кој тогаш имаше една година и на Софија која тогаш имаше две години, пред нивните очи и пред очите на сопругот Игор, во нивниот дом во Куманово, во раните утрински часови, како во најстрашен хорор филм, беше нападната од ордите на власта на СДСМ, кои ја тренираа својата авторитарна природа.

Ја добивме битката во Стразбур

Може да забави, но не и да заборави...

По повеќе од 5 години, стигна првата пресуда за 27 април од Европскиот суд за човекови права.

СЛАВА ТЕБЕ ГОСПОДИ!🙏🏻

Да живеат УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ, напиша Доцевска Божиновска на социјалните мрежи.

The post Правда за Уставобранителите: Доцевска Божиновска ја порази власта на СДСМ во Судот во Стразбур appeared first on Република.

]]>

После 5 години макотрпна борба и страдања, правдата за уставобранителите го виде светлото на денот. Елена Доцевска Божиновска, долгогодишен професионалец во Собранието на Република Македонија која беше неправдено притворена и гонета од власта на СДСМ оствари голема победа пред Европскиот суд за човекови права за злосторството што и’ беше направено. Во тие денови, Елена, мајката на Наум кој тогаш имаше една година и на Софија која тогаш имаше две години, пред нивните очи и пред очите на сопругот Игор, во нивниот дом во Куманово, во раните утрински часови, како во најстрашен хорор филм, беше нападната од ордите на власта на СДСМ, кои ја тренираа својата авторитарна природа.
Ја добивме битката во Стразбур Може да забави, но не и да заборави... По повеќе од 5 години, стигна првата пресуда за 27 април од Европскиот суд за човекови права. СЛАВА ТЕБЕ ГОСПОДИ!🙏🏻 Да живеат УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ, напиша Доцевска Божиновска на социјалните мрежи.

The post Правда за Уставобранителите: Доцевска Божиновска ја порази власта на СДСМ во Судот во Стразбур appeared first on Република.

]]>
Повредени се човековите права во постапката за „Поштенска банка“: Апликацијата на Томе Главчев прифатена од судот во Стразбур https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/povredeni-se-chovekovite-prava-vo-postapkata-za-poshtenska-banka-aplikacijata-na-tome-glavchev-prifatena-od-sudot-vo-strazbur/ Sun, 31 Jul 2022 20:20:51 +0000 https://republika.mk/?p=535479

Петтата апликација поднесена од Томе Главчев, сопственик на „НОЕЛ“ Гевгелија, во врска со предметот „Поштенска банка“, пред Европскиот суд за човекови права, исто како и претходните четири, е прифатена, односно успешно ја помина првата прелиминарна фаза на испитување на допуштеност, соопшти адвокатот Петро Јанура.

Предметот е регистриран и проследен на понатамошно постапување. Последната апликација беше поднесена во врска со поднесувањето на обвинителниот акт за предметот „Поштенска Банка“. Со оглед на фактот што пред поднесувањето на обвинителниот акт, како и во постапката по приговор на истиот се случија еден цел сублимат контрадикторности и недоследности, одлучивме веднаш по Решението на судот за одобрување на обвинителниот акт со кое не се прифатија нашите приговори, да поднесеме апликација до Европскиот суд за човекови права. Во постапката по приговор на обвинителен акт, беа истакнати многу сериозни приговори во однос на прашањето за неовластен тужител, постоењето правни пречки за поднесување на обвинителниот акт, забрана за повторно судење, пречекорување на законски рокови, отсуство на докази и битни елементи на кривичните дела кои се ставаат на товар, како и на целосно погрешна теорија на случај на обвинителството.

 

За жал, на премногу сериозните приговори не добивме соодветни образложенија од Кривичниот суд. Нашата позиција е дека овој случај требаше да заврши уште во фаза на приговор на обвинителен акт. Повредите на Европската конвенција за човекови права се евидентни и се вршат во континуитет. За жал, кривичната постапка продолжи, а со тоа се продолжи и со повредите на човековите права, што оди на штета на правната сигурност и владението на правото – вели Јанура.

The post Повредени се човековите права во постапката за „Поштенска банка“: Апликацијата на Томе Главчев прифатена од судот во Стразбур appeared first on Република.

]]>

Петтата апликација поднесена од Томе Главчев, сопственик на „НОЕЛ“ Гевгелија, во врска со предметот „Поштенска банка“, пред Европскиот суд за човекови права, исто како и претходните четири, е прифатена, односно успешно ја помина првата прелиминарна фаза на испитување на допуштеност, соопшти адвокатот Петро Јанура.
Предметот е регистриран и проследен на понатамошно постапување. Последната апликација беше поднесена во врска со поднесувањето на обвинителниот акт за предметот „Поштенска Банка“. Со оглед на фактот што пред поднесувањето на обвинителниот акт, како и во постапката по приговор на истиот се случија еден цел сублимат контрадикторности и недоследности, одлучивме веднаш по Решението на судот за одобрување на обвинителниот акт со кое не се прифатија нашите приговори, да поднесеме апликација до Европскиот суд за човекови права. Во постапката по приговор на обвинителен акт, беа истакнати многу сериозни приговори во однос на прашањето за неовластен тужител, постоењето правни пречки за поднесување на обвинителниот акт, забрана за повторно судење, пречекорување на законски рокови, отсуство на докази и битни елементи на кривичните дела кои се ставаат на товар, како и на целосно погрешна теорија на случај на обвинителството.   За жал, на премногу сериозните приговори не добивме соодветни образложенија од Кривичниот суд. Нашата позиција е дека овој случај требаше да заврши уште во фаза на приговор на обвинителен акт. Повредите на Европската конвенција за човекови права се евидентни и се вршат во континуитет. За жал, кривичната постапка продолжи, а со тоа се продолжи и со повредите на човековите права, што оди на штета на правната сигурност и владението на правото – вели Јанура.

The post Повредени се човековите права во постапката за „Поштенска банка“: Апликацијата на Томе Главчев прифатена од судот во Стразбур appeared first on Република.

]]>
Русија веќе нема да се придржува до правилата на Европскиот суд за човекови права https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-vekje-nema-da-se-pridrzuva-do-pravilata-na-evropskiot-sud-za-chovekovi-prava/ Sun, 12 Jun 2022 06:52:04 +0000 https://republika.mk/?p=514013

Русија веќе нема да ги почитува одлуките на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), откако рускиот претседател Владимир Путин вчера потпиша специјален закон, пренесе Тасс.

Според законот, правилата донесени по 15 март веќе нема да важат за Русија.

Европскиот суд за човекови права, лоциран во Стразбур, Франција, е дел од Советот на Европа.

Овие тела, што се независни од Европската унија, работат заедно на заштита на човековите права во 47 земји членки.

Русија и Украина беа членки на Советот на Европа, што на 25 февруари, ден по инвазијата врз Украина, го суспендираше членството на Русија.

Откако Кремљ на 15 март соопшти дека ќе се повлече од членството, Русија конечно беше исфрлена од Советот на Европа.

Според законите потпишани од Путин, документите на ЕСЧП ќе престанат да бидат основа за ревизија на одлуките донесени од руските судови, пренесоа руските медиуми.

Главното државно обвинителство на Русија до 1 јануари 2023 година на подносителите на барања ќе им исплатува паричен надоместок, но само според одлуки на ЕСЧП донесени пред 16 март.

The post Русија веќе нема да се придржува до правилата на Европскиот суд за човекови права appeared first on Република.

]]>

Русија веќе нема да ги почитува одлуките на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), откако рускиот претседател Владимир Путин вчера потпиша специјален закон, пренесе Тасс. Според законот, правилата донесени по 15 март веќе нема да важат за Русија. Европскиот суд за човекови права, лоциран во Стразбур, Франција, е дел од Советот на Европа. Овие тела, што се независни од Европската унија, работат заедно на заштита на човековите права во 47 земји членки. Русија и Украина беа членки на Советот на Европа, што на 25 февруари, ден по инвазијата врз Украина, го суспендираше членството на Русија. Откако Кремљ на 15 март соопшти дека ќе се повлече од членството, Русија конечно беше исфрлена од Советот на Европа. Според законите потпишани од Путин, документите на ЕСЧП ќе престанат да бидат основа за ревизија на одлуките донесени од руските судови, пренесоа руските медиуми. Главното државно обвинителство на Русија до 1 јануари 2023 година на подносителите на барања ќе им исплатува паричен надоместок, но само според одлуки на ЕСЧП донесени пред 16 март.

The post Русија веќе нема да се придржува до правилата на Европскиот суд за човекови права appeared first on Република.

]]>
Европскиот суд за човекови права повеќе не е надлежен во Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/evropskiot-sud-za-chovekovi-prava-povekje-ne-e-nadlezen-vo-rusija/ Tue, 07 Jun 2022 13:18:50 +0000 https://republika.mk/?p=512240

Руската Државна Дума усвои два закони со кои се укинува јурисдикцијата на Европскиот суд за човекови права на територијата на Русија.

Ваквата одлука доаѓа откако Москва објави дека ќе го напушти тој суд поради конфликтот во Украина.

Еден од двата закони ја укинува надлежноста на Судот во Русија, а другиот го одредува 16 март како момент на разделба, па пресудите против Русија донесени по тој ден не можат да бидат спроведени.

The post Европскиот суд за човекови права повеќе не е надлежен во Русија appeared first on Република.

]]>

Руската Државна Дума усвои два закони со кои се укинува јурисдикцијата на Европскиот суд за човекови права на територијата на Русија. Ваквата одлука доаѓа откако Москва објави дека ќе го напушти тој суд поради конфликтот во Украина. Еден од двата закони ја укинува надлежноста на Судот во Русија, а другиот го одредува 16 март како момент на разделба, па пресудите против Русија донесени по тој ден не можат да бидат спроведени.

The post Европскиот суд за човекови права повеќе не е надлежен во Русија appeared first on Република.

]]>