суд во Стразбур Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sud-vo-strazbur/ За подобро да се разбереме Sat, 20 May 2023 12:40:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png суд во Стразбур Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sud-vo-strazbur/ 32 32 Државата ќе ѝ плати 1.600 евра отштета на Доцевска Божиновска затоа што и биле прекршени правата при изрекувањето притвор за 27 април https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/drzhavata-ke-i-plati-1-600-evra-otshteta-na-dotsevska-bozhinovska-zatoa-shto-i-bile-prekrsheni-pravata-pri-izrekuvaneto-pritvor-za-27-april/ Sat, 20 May 2023 10:10:45 +0000 https://republika.mk/?p=642946

Европскиот суд за човекови права во Стразбур пресуди дека на Елена Доцевска Божиновска ѝ биле прекршени правата при постапката за одредување притвор во врска со нападот на Собранието на 27 април 2017 година. Судот во Стразбур, во пресудата од 9 мај, вели дека во нејзиниот случај е прекршена Европската конвенција за човекови права и ја задолжува државата во рок од три месеци да ѝ исплати отштета од 750 евра, плус 850 евра за судски трошоци, пренесе „сдк.мк“.

Доцевска Божиновска, која во 2017 година беше вработена во Кабинетот на поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, беше притворена на 30 ноември 2017 со одлука на тричлен совет од Основниот кривичен суд Скопје, по жалба на обвинителството, откако таа претходно беше куќен притвор. Обвинителството жалбата до судот ја поднело истиот ден, а Доцевска-Божиновска ја добила утредента, откако судот веќе донел одлука. Нејзината жалба на одлуката за притвор била разгледана од судот на 12 декември и одбиена. На 28 декември таа повторно поднела жалба против притворот и таа била разгледана на 15 јануари и повторно одбиена.

https://republika.mk/vesti/makedonija/pravda-za-ustavobranitelite-dotsevska-bozhinovska-ja-porazi-vlasta-na-sdsm-vo-sudot-vo-strazbur/

Судот во Стразбур ја прифаќа нејзината жалба дека немала можност да одговори на жалбата на обвинителството и дека судот ги одолговлекувал нејзините жалби.

Доцевска-Божиновска, која беше една од 33-цата обвинети, во декември 2018 година беше опфатена со делумната амнестија за обвинетите за 27 април. Таа сега е советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Куманово.

The post Државата ќе ѝ плати 1.600 евра отштета на Доцевска Божиновска затоа што и биле прекршени правата при изрекувањето притвор за 27 април appeared first on Република.

]]>

Европскиот суд за човекови права во Стразбур пресуди дека на Елена Доцевска Божиновска ѝ биле прекршени правата при постапката за одредување притвор во врска со нападот на Собранието на 27 април 2017 година. Судот во Стразбур, во пресудата од 9 мај, вели дека во нејзиниот случај е прекршена Европската конвенција за човекови права и ја задолжува државата во рок од три месеци да ѝ исплати отштета од 750 евра, плус 850 евра за судски трошоци, пренесе „сдк.мк“. Доцевска Божиновска, која во 2017 година беше вработена во Кабинетот на поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, беше притворена на 30 ноември 2017 со одлука на тричлен совет од Основниот кривичен суд Скопје, по жалба на обвинителството, откако таа претходно беше куќен притвор. Обвинителството жалбата до судот ја поднело истиот ден, а Доцевска-Божиновска ја добила утредента, откако судот веќе донел одлука. Нејзината жалба на одлуката за притвор била разгледана од судот на 12 декември и одбиена. На 28 декември таа повторно поднела жалба против притворот и таа била разгледана на 15 јануари и повторно одбиена. https://republika.mk/vesti/makedonija/pravda-za-ustavobranitelite-dotsevska-bozhinovska-ja-porazi-vlasta-na-sdsm-vo-sudot-vo-strazbur/ Судот во Стразбур ја прифаќа нејзината жалба дека немала можност да одговори на жалбата на обвинителството и дека судот ги одолговлекувал нејзините жалби. Доцевска-Божиновска, која беше една од 33-цата обвинети, во декември 2018 година беше опфатена со делумната амнестија за обвинетите за 27 април. Таа сега е советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Куманово.

The post Државата ќе ѝ плати 1.600 евра отштета на Доцевска Божиновска затоа што и биле прекршени правата при изрекувањето притвор за 27 април appeared first on Република.

]]>
Во февруари Стразбур ќе ја објави одлуката дали важи аболицијата на Иванов! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-fevruari-strazbur-ke-ja-objavi-odlukata-dali-vazhi-abolitsijata-na-ivanov/ Tue, 31 Jan 2023 13:25:34 +0000 https://republika.mk/?p=603079

Судот за човекови права во Стразбур на 16 февруари ќе ја соопшти одлуката за тоа дали важат аболициите на експретседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, дознава „А1он“ од извори во правосудните органи. Со ова, по шест години, ќе се затвори прашањето дали обвинетите во четири случаи на СЈО можат да одговараат кривично за дела со кои се опфатени во предметите, а дел и осудени.

Адвокатот Влатко Илиевски  во интервју за „Република“ исто така истакна оти се надева на позитивен исход за случаите кои тој ги застапува.

За случајот „Тенк“ пресудата не би значелo ништо бидејќи за неа немаше аболиција, но ќе се однесува за „Таргет-Тврдина“ и за „Титаник“ каде што Јанкуловска исто така е обвинета бидејќи за нив постоеше аболиција.Постојат повеќе варијанти: Eдната е да се донесе одбивателна пресуда бидејќи делата се предмет на аболиција. Друга опција може да биде преквалификација на обвинението.Станува збор за несекојдневен предмет затоа што обично секогаш кога има жалба пред Стразбур да има правосилна пресуа што овде не е случај бидејќи со аболицијата не ни требало да се води таква постапка.Нема пракса за ваков вид на предмет но јас сум убеден во нашите аргументи и очекува позитивен исход-истакна сопругот на поранешната министерка Јанкуловска.

The post Во февруари Стразбур ќе ја објави одлуката дали важи аболицијата на Иванов! appeared first on Република.

]]>

Судот за човекови права во Стразбур на 16 февруари ќе ја соопшти одлуката за тоа дали важат аболициите на експретседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, дознава „А1он“ од извори во правосудните органи. Со ова, по шест години, ќе се затвори прашањето дали обвинетите во четири случаи на СЈО можат да одговараат кривично за дела со кои се опфатени во предметите, а дел и осудени. Адвокатот Влатко Илиевски  во интервју за „Република“ исто така истакна оти се надева на позитивен исход за случаите кои тој ги застапува.
За случајот „Тенк“ пресудата не би значелo ништо бидејќи за неа немаше аболиција, но ќе се однесува за „Таргет-Тврдина“ и за „Титаник“ каде што Јанкуловска исто така е обвинета бидејќи за нив постоеше аболиција.Постојат повеќе варијанти: Eдната е да се донесе одбивателна пресуда бидејќи делата се предмет на аболиција. Друга опција може да биде преквалификација на обвинението.Станува збор за несекојдневен предмет затоа што обично секогаш кога има жалба пред Стразбур да има правосилна пресуа што овде не е случај бидејќи со аболицијата не ни требало да се води таква постапка.Нема пракса за ваков вид на предмет но јас сум убеден во нашите аргументи и очекува позитивен исход-истакна сопругот на поранешната министерка Јанкуловска.
   
The post Во февруари Стразбур ќе ја објави одлуката дали важи аболицијата на Иванов! appeared first on Република.

]]>
Николоски: Бугарија „продава“ демократија, а не спроведува 16 пресуди за Македонците од Судот за човекови права https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-bugarija-prodava-demokratija-a-ne-sproveduva-16-presudi-za-makedontsite-od-sudot-za-chovekovi-prava/ Fri, 27 Jan 2023 18:31:40 +0000 https://republika.mk/?p=601754

Константно Бугарија одбива да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права, се работи за пресуди кои се носени низ годините наназад. Има 16 пресуди кои се однесуваат на Македонците во Бугарија. Тие се однесуваат на правото на здружување, правото на настап на избори, правото на образование на мајчин јазик, правото на искажување на посебноста како Македонци, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за „10 минути“ на ТВ 21, потенцирајќи дека на следниот самит на Совет на Европа во Рејкјавик ќе се разговара за воспоставување на ефективен механизам со кој пресудите ќе мора да се спроведуваат и Бугарија да мора да ги спроведе.

Често се случува да граѓани од различни земји од Европа да си бараат права, да добијат пресуда и таа држава да плати минимална парична казна и да одбива остатокот од пресудата да го примени како што е во случајот со Бугарија која е рекордер во избегнување на примена на пресуди од Европскиот суд за човекови права. Така да мора да се најде ефективен механизам за што добив поддршка и во заклучните согледувања на претседателот на комисијата за политички прашања и демократија беше потенцираат мојот говор и дека мора да се најде ефективен механизам за спроведување на овие пресуди. Македонците од Бугарија добиле во Стразбур дека не им е признато правото на здружување, правото на настап на избори, правото на образование на мајчин јазик, правото на искажување на посебноста како Македонци, а Бугарија одбива да го спроведе тоа, рече Николоски.

Тој додаде дека ќе се воспостави ефективен механизам не само за Бугарија, туку за сите земји членки на Совет на Европа за да почнат да се применуваат пресудите на Европскиот суд за човекови права.

Тоа што е суштински важно е што Бугарија континуирано одбива да ги спроведе овие пресуди во услови кога сама продава демократија надвор, вклучувајќи и во Македонија, самата одбива спроведе 16 пресуди на Европски суд за човекови права. Македонија нема ниедна пресуда поврзана со припадник на кое било национално малцинство кое не е спроведена, потенцираше Николоски.

Во однос на последните случувања и оваа агресивна политика на Бугарија, Николоски посочи дека само го потврдува она што ВМРО-ДПМНЕ го кажува со години наназад, дека владата нема никаква стратегија, се прават континуирано отстапки.

Владата со Договорот кој не ни за пријателство ни за добрососедство прифатија заедничка историја што е неточно, завршување со прифаќање на договорот од минатата година. Македонија има уникатна позиција, од сите земји се бара да ги исполнат Копенхашките критериуми, а од Македонија плус се бара да исполни се што Бугарија сака. Во такви услови се разбира дека тактиката на оваа влада на прифаќање на се е лошо. Од другата страна има агресивна политика од ништо не се задоволно и ја доведуваат ситуацијата како да е студена војна помеѓу Македонија и Бугарија затоа што повлекување на амбасадор од страна на Бугарија е како да нема услови за дипломатски односи помеѓу двете држави, рече Николоски.

Тој нагласи дека ова покажува дека Македонија треба сериозно да ја осмисли својата политика кон Бугарија, а оваа влада на СДСМ и ДУИ нема капацитет, затоа што нивната политика на попуштање доживува фијаско и се удира од ѕид и мора да дојде блада која на поинаков начин ќе ги постави работите.

И мора да има сериоизна битка со криминал и корупција затоа што и тоа е посочено и од земјите членки на ЕУ. Никој не и прави притисок на Бугарија заради тоа. Сега има притисок врз Македонија затоа што има влада која е спремна покрие криминал и корупција и да прифати се што Бугарија бара. Отиде Османи во Софија се понижи сам себе, владата и државата на која е министер за надворешни. Најголемата заблуда на владата на СДСМ и ДУИ е што мислат дека нешто ќе се договорат, прават поделби проевропски и антиевропски и мислат дека на тој начин ќе прават политика, а на другата страна има елита која нема крај со барања, изјави Николоски.

The post Николоски: Бугарија „продава“ демократија, а не спроведува 16 пресуди за Македонците од Судот за човекови права appeared first on Република.