Стујарт Пич Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stujart-pich/ За подобро да се разбереме Thu, 25 Jan 2024 07:39:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Стујарт Пич Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stujart-pich/ 32 32 Стујарт Пич смета дека Република Српска не може да биде независна држава https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/stujart-pich-smeta-deka-republika-srpska-ne-mozhe-da-bide-nezavisna-drzhava/ Thu, 25 Jan 2024 07:39:53 +0000 https://republika.mk/?p=736543

Република Српска не може да биде независна држава, а Србија треба да воведе санкции кон Русија, изјави лорд Стјуарт Пич, специјален пратеник на британскиот премиер за Западен Балкан, пренесоа хрватските медиуми.

Лондон ги „осудува заканите“ за отцепување на Република Српска и продолжува да го поддржува Дејтонскиот договор, рече Пич, која ја посети Хрватска по петти пат откако беше назначен за пратеник на премиерот на крајот на 2021 година.

Британскиот пратеник „се уште е загрижен“, особено за безбедносната состојба загрозена од заканите за отцепувањето на Република Српска.

-Лондон ги осудува тие закани и вели дека Република Српска е легитимен ентитет во Босна и Херцеговина, но таа не може да биде „независна држава“ како што сака да ја направи нејзиниот претседател Милорад Додик. Светла иднина за Босна и Херцеговина е во интерес на сите, за сите луѓе во таа земја, без разлика на етничката група, изјави Пич.

Велика Британија ја повикува Србија да воведе санкции против Русија, бидејќи таа е последната земја од Западен Балкан што не го сторила тоа и да истражи можни нерегуларности на изборите одржани во декември, со цел да се зачува интегритетот на изборниот процес

The post Стујарт Пич смета дека Република Српска не може да биде независна држава appeared first on Република.

]]>

Република Српска не може да биде независна држава, а Србија треба да воведе санкции кон Русија, изјави лорд Стјуарт Пич, специјален пратеник на британскиот премиер за Западен Балкан, пренесоа хрватските медиуми. Лондон ги „осудува заканите“ за отцепување на Република Српска и продолжува да го поддржува Дејтонскиот договор, рече Пич, која ја посети Хрватска по петти пат откако беше назначен за пратеник на премиерот на крајот на 2021 година. Британскиот пратеник „се уште е загрижен“, особено за безбедносната состојба загрозена од заканите за отцепувањето на Република Српска. -Лондон ги осудува тие закани и вели дека Република Српска е легитимен ентитет во Босна и Херцеговина, но таа не може да биде „независна држава“ како што сака да ја направи нејзиниот претседател Милорад Додик. Светла иднина за Босна и Херцеговина е во интерес на сите, за сите луѓе во таа земја, без разлика на етничката група, изјави Пич. Велика Британија ја повикува Србија да воведе санкции против Русија, бидејќи таа е последната земја од Западен Балкан што не го сторила тоа и да истражи можни нерегуларности на изборите одржани во декември, со цел да се зачува интегритетот на изборниот процес

The post Стујарт Пич смета дека Република Српска не може да биде независна држава appeared first on Република.

]]>
Стјуарт Пич: Владата треба да покаже дека се справува со корупцијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stjuart-pich-vladata-treba-da-pokazhe-deka-se-spravuva-so-koruptsijata/ Fri, 10 Mar 2023 07:21:54 +0000 https://republika.mk/?p=617941

Граѓаните на Македонија ја перцепираат корупцијата како еден од клучните проблеми во земјата и Владата треба да покаже дека се справува со овој проблем, порача во интервју за МИА, специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, лорд Стјуарт Пич.

Анкетите тука покажуваат дека јавноста, граѓаните на Македонија ја перцепираат корупција како проблем. Владата треба да покаже дека се справува со овој проблем. Постоење на независен систем за назначување заснован на заслуги, на пример транспарентен изборен процес на лица на клучни позиции, вклучително и за судии, членови на Комисијата за борба против дискриминацијата и лица на високи раководни позиции претставува добар почеток, заедно со потребата за транспарентност и отчетност во многу јавни институции, нагласи Пич, кој оваа недела беше во посета на земјава и оствари средби со претставниците на државниот врв.

Тој во интервјуто за МИА изјави дека Обединетото Кралство ја поддржува амбициозната реформска агенда на Македонија, вклучително и реформите што треба да се спроведат за членство на земјата во Европската Унија. Лорд Пич додаде и дека Обединетото Кралство финансиски ја поддржува Македонија во справување со овие аспекти преку повеќе програми.

Интервјуто со специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, лорд Стјуарт Пич, заедно со видео материјал целосно ќе биде објавено утре.

The post Стјуарт Пич: Владата треба да покаже дека се справува со корупцијата appeared first on Република.

]]>

Граѓаните на Македонија ја перцепираат корупцијата како еден од клучните проблеми во земјата и Владата треба да покаже дека се справува со овој проблем, порача во интервју за МИА, специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, лорд Стјуарт Пич.
Анкетите тука покажуваат дека јавноста, граѓаните на Македонија ја перцепираат корупција како проблем. Владата треба да покаже дека се справува со овој проблем. Постоење на независен систем за назначување заснован на заслуги, на пример транспарентен изборен процес на лица на клучни позиции, вклучително и за судии, членови на Комисијата за борба против дискриминацијата и лица на високи раководни позиции претставува добар почеток, заедно со потребата за транспарентност и отчетност во многу јавни институции, нагласи Пич, кој оваа недела беше во посета на земјава и оствари средби со претставниците на државниот врв.
Тој во интервјуто за МИА изјави дека Обединетото Кралство ја поддржува амбициозната реформска агенда на Македонија, вклучително и реформите што треба да се спроведат за членство на земјата во Европската Унија. Лорд Пич додаде и дека Обединетото Кралство финансиски ја поддржува Македонија во справување со овие аспекти преку повеќе програми. Интервјуто со специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, лорд Стјуарт Пич, заедно со видео материјал целосно ќе биде објавено утре.

The post Стјуарт Пич: Владата треба да покаже дека се справува со корупцијата appeared first on Република.

]]>
Стујарт Пич: Преговорите се за компромис и за давање и земање https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/stujart-pich-pregovorite-se-za-kompromis-i-za-davanje-i-zemanje/ Sat, 29 Oct 2022 17:23:46 +0000 https://republika.mk/?p=567220

пецијалниот пратеник на Велика Британија за Западен Балкан, Стјуарт Пич, изјави дека создавањето Заедница на општини со српско мнозинство не треба да се сфати како закана за Косово.

Тој во интервју за „Коха.нет“ вели дека Приштина и Белград мора да ги спроведат постигнатите договори, вклучително и договорот за Заедницата, кој, додаде, не е во спротивност со Уставот на Косово, пренесе Бета.

Тој рече дека Заедницата не е иста како Република Српска во Босна и Херцеговина.

„Како ќе изгледа Здружението зависи од страните во дијалогот. Исто така, важно е партиите да го променат наративот и да разбијат некои од митовите за „Република Српска“ кои ја направија идејата за Здружението толку токсична. Одлуката на Уставниот суд на Косово отиде дотаму што рече дека тоа не е можно според постојното законодавство, но исто така се покажа дека Заедницата на општини со српско мнозинство како целина не е против Уставот на Косово“, нагласи Пич.

Тој додаде дека „новата реалност предизвикана од руската окупација на Украина го направи дијалогот поитен напредок“.

Тој потсети дека преговорите „се за компромис и за давање и земање“.

„Исто како што не можеме да ги избереме нашите соседи, не можеме да избереме со кого ќе преговараме и ретко преговараме со луѓе кои го гледаат светот исто како што го гледаме ние. На крајот, преговорите мора да доведат до решение прифатливо и за двете страни. Нема да има губитници“, рече Пич.

Зборувајќи за француско-германскиот предлог, тој рече дека „во моментов има многу дискусии за нов предлог за дијалог. Мислам дека секоја иницијатива што може да помогне да се даде нов импулс на процесот, вреди да се разгледа“.

Пич рече дека Велика Британија се противи на каква било размена на територии или обиди за поделба на дел од Косово

The post Стујарт Пич: Преговорите се за компромис и за давање и земање appeared first on Република.

]]>

пецијалниот пратеник на Велика Британија за Западен Балкан, Стјуарт Пич, изјави дека создавањето Заедница на општини со српско мнозинство не треба да се сфати како закана за Косово. Тој во интервју за „Коха.нет“ вели дека Приштина и Белград мора да ги спроведат постигнатите договори, вклучително и договорот за Заедницата, кој, додаде, не е во спротивност со Уставот на Косово, пренесе Бета. Тој рече дека Заедницата не е иста како Република Српска во Босна и Херцеговина. „Како ќе изгледа Здружението зависи од страните во дијалогот. Исто така, важно е партиите да го променат наративот и да разбијат некои од митовите за „Република Српска“ кои ја направија идејата за Здружението толку токсична. Одлуката на Уставниот суд на Косово отиде дотаму што рече дека тоа не е можно според постојното законодавство, но исто така се покажа дека Заедницата на општини со српско мнозинство како целина не е против Уставот на Косово“, нагласи Пич. Тој додаде дека „новата реалност предизвикана од руската окупација на Украина го направи дијалогот поитен напредок“. Тој потсети дека преговорите „се за компромис и за давање и земање“. „Исто како што не можеме да ги избереме нашите соседи, не можеме да избереме со кого ќе преговараме и ретко преговараме со луѓе кои го гледаат светот исто како што го гледаме ние. На крајот, преговорите мора да доведат до решение прифатливо и за двете страни. Нема да има губитници“, рече Пич. Зборувајќи за француско-германскиот предлог, тој рече дека „во моментов има многу дискусии за нов предлог за дијалог. Мислам дека секоја иницијатива што може да помогне да се даде нов импулс на процесот, вреди да се разгледа“. Пич рече дека Велика Британија се противи на каква било размена на територии или обиди за поделба на дел од Косово

The post Стујарт Пич: Преговорите се за компромис и за давање и земање appeared first on Република.

]]>
Мицкоски се сретна со британскиот претставник Стујарт Пич https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-se-sretna-so-britanskiot-pretstavnik-stujart-pich/ Thu, 27 Oct 2022 16:45:31 +0000 https://republika.mk/?p=566515

Денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски заедно потпретседателот на партијата Владо Мисајловски и членот на ИК Драган Ковачки оствари средба со специјалниот претставник на Обединетото Кралство, Сер Стјуард Пич, кој беше придружуван од амбасадорот Метју Лосон во Република Македонија.

На состанокот се разговараше за актуелната состојба на европскиот континент и потребата од солидарност. Меѓу другото и за енергетската криза, од која Македонија особено е погодена.

ВМРО-ДПМНЕ како партија е силно за борбата со криминалот и корупцијата, заложба која не ја гледаме кај власта, и поради која сметаме дека е неопходно да дојде до промени.

Од страна на претседателот Мицкоски беше истакнат и планот Македонија под влада на ВМРО-ДПМНЕ да стане целосно енергетски стабилна, во однос на производството на струја, што ќе значи безбедност за државата и за системот на НАТО од кој сме дел. Но и интензивирање во работата на гасоводите и диверзификација на изворите.

Од страна на специјалниот претставник господин Пич беше истакнато дека Обединетото Кралство ќе продолжи со поддршката за напредокот на земјата и животот на нејзините граѓани.

The post Мицкоски се сретна со британскиот претставник Стујарт Пич appeared first on Република.

]]>

Денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски заедно потпретседателот на партијата Владо Мисајловски и членот на ИК Драган Ковачки оствари средба со специјалниот претставник на Обединетото Кралство, Сер Стјуард Пич, кој беше придружуван од амбасадорот Метју Лосон во Република Македонија. На состанокот се разговараше за актуелната состојба на европскиот континент и потребата од солидарност. Меѓу другото и за енергетската криза, од која Македонија особено е погодена. ВМРО-ДПМНЕ како партија е силно за борбата со криминалот и корупцијата, заложба која не ја гледаме кај власта, и поради која сметаме дека е неопходно да дојде до промени. Од страна на претседателот Мицкоски беше истакнат и планот Македонија под влада на ВМРО-ДПМНЕ да стане целосно енергетски стабилна, во однос на производството на струја, што ќе значи безбедност за државата и за системот на НАТО од кој сме дел. Но и интензивирање во работата на гасоводите и диверзификација на изворите. Од страна на специјалниот претставник господин Пич беше истакнато дека Обединетото Кралство ќе продолжи со поддршката за напредокот на земјата и животот на нејзините граѓани.

The post Мицкоски се сретна со британскиот претставник Стујарт Пич appeared first on Република.

]]>
Стујарт Пич се сретна со Џафери https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stujart-pich-se-sretna-so-dzaferi/ Wed, 26 Oct 2022 13:08:44 +0000 https://republika.mk/?p=565901

Актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, војната во Украина, импактот на трети влијанија врз фрагилните демократски процеси во регионот, потребата од политичка кохезија меѓу сите државни и политички фактори, како на внатрешен така и на надворешен план, биле темите на кои разговарале на денешната средба претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери и  Сер Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан.

Претседателот на Собранието Џафери се заблагодарил на гостинот за неговата активна агенда во регионот и честите контакти со нашата држава, кои се многу ценети и претставуваат поттик за унапредување на севкупните билатерални односи меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство.

Како што соопштија од кабинетот на Џафери, тој се осврнал на динамичната и конструктивна соработка меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство и на силното билатерално партнерство, кое резултира во исклучително силна поддршка на нашиот евроинтегративен процес преку финансирање на проекти во различни области.

– Особено се цени долгогодишната соработка и со Вестминстер Фондацијата за демократија (WFD) и проектите кои се имплементираат, а се во функција на ефективно спроведување на клучните функции на Собранието. Билатералната меѓупарламентарна соработка се надградува и преку пратеничките групи во двата парламента, како и преку соработката меѓу двете делегации во ПС на НАТО и другите мултилатерални организации, се наведува во соопштението од собраниската прес-служба.

На средбата станало збор и за потребата од зголемено внимание на ЕУ во овој регион за да се намали влијанието на трети сили кои може да го свртат текот на неговото евроатлантско интегрирање, а кое не е во интерес на големото мнозинство граѓани на овие земји.

Сер Пич се заблагодарил на големата и видлива солидарност што Република Македонија ја покажа и потврди кон Украинскиот народ, со што земјата јасно покажа дека застанува на линијата на ЕУ и НАТО сојузниците.

– Се споделија и видувања во однос на идните активности во скрининг процесот и следната фаза на меѓувладината конференција, енергетските предизвици на регионот и на Европа генерално, за очекувањата од Берлинскиот процес и Проектот Отворен Балкан, при што двете страни се заложија за натамошно продолжување и имплементирање на предвидените активности, стои во соопштението од Собранието на Република Македонија

The post Стујарт Пич се сретна со Џафери appeared first on Република.

]]>

Актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, војната во Украина, импактот на трети влијанија врз фрагилните демократски процеси во регионот, потребата од политичка кохезија меѓу сите државни и политички фактори, како на внатрешен така и на надворешен план, биле темите на кои разговарале на денешната средба претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери и  Сер Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Претседателот на Собранието Џафери се заблагодарил на гостинот за неговата активна агенда во регионот и честите контакти со нашата држава, кои се многу ценети и претставуваат поттик за унапредување на севкупните билатерални односи меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство. Како што соопштија од кабинетот на Џафери, тој се осврнал на динамичната и конструктивна соработка меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство и на силното билатерално партнерство, кое резултира во исклучително силна поддршка на нашиот евроинтегративен процес преку финансирање на проекти во различни области. – Особено се цени долгогодишната соработка и со Вестминстер Фондацијата за демократија (WFD) и проектите кои се имплементираат, а се во функција на ефективно спроведување на клучните функции на Собранието. Билатералната меѓупарламентарна соработка се надградува и преку пратеничките групи во двата парламента, како и преку соработката меѓу двете делегации во ПС на НАТО и другите мултилатерални организации, се наведува во соопштението од собраниската прес-служба. На средбата станало збор и за потребата од зголемено внимание на ЕУ во овој регион за да се намали влијанието на трети сили кои може да го свртат текот на неговото евроатлантско интегрирање, а кое не е во интерес на големото мнозинство граѓани на овие земји. Сер Пич се заблагодарил на големата и видлива солидарност што Република Македонија ја покажа и потврди кон Украинскиот народ, со што земјата јасно покажа дека застанува на линијата на ЕУ и НАТО сојузниците. – Се споделија и видувања во однос на идните активности во скрининг процесот и следната фаза на меѓувладината конференција, енергетските предизвици на регионот и на Европа генерално, за очекувањата од Берлинскиот процес и Проектот Отворен Балкан, при што двете страни се заложија за натамошно продолжување и имплементирање на предвидените активности, стои во соопштението од Собранието на Република Македонија

The post Стујарт Пич се сретна со Џафери appeared first on Република.

]]>
Денеска Скопје „врие“ од гости: Покрај Фон дер Лајен, доаѓа и британскиот претставник Пич https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/deneska-skopje-vrie-od-gosti-pokraj-fon-der-lajen-doagja-i-britanskiot-pretstavnik-pich/ Wed, 26 Oct 2022 06:14:34 +0000 https://republika.mk/?p=565648

Специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан Стјуарт Пич денеска пресотјува во посета на Република Македонија.

Пич ќе има средба со претседателот на Собранието Талат Џафери, а предвидени се средби и со претставници на Владата.

Стјуарт Пич попладне заедно со министерката за одбрана Славјанка Петровска и британскиот амбасадор во Скопје Метју Лосон ќе присуствуваат на примопредавањето на донацијата од Обединетото Кралство која вклучува 14 мобилни единици за обука за припадниците на Армијата во урбана средина.

https://republika.mk/vesti/makedonija/minatiot-pat-barashe-poddrshka-za-francuskiot-predlog-doagja-fon-der-lajen-shto-kje-pobara-sega/

The post Денеска Скопје „врие“ од гости: Покрај Фон дер Лајен, доаѓа и британскиот претставник Пич appeared first on Република.

]]>

Специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан Стјуарт Пич денеска пресотјува во посета на Република Македонија. Пич ќе има средба со претседателот на Собранието Талат Џафери, а предвидени се средби и со претставници на Владата. Стјуарт Пич попладне заедно со министерката за одбрана Славјанка Петровска и британскиот амбасадор во Скопје Метју Лосон ќе присуствуваат на примопредавањето на донацијата од Обединетото Кралство која вклучува 14 мобилни единици за обука за припадниците на Армијата во урбана средина. https://republika.mk/vesti/makedonija/minatiot-pat-barashe-poddrshka-za-francuskiot-predlog-doagja-fon-der-lajen-shto-kje-pobara-sega/

The post Денеска Скопје „врие“ од гости: Покрај Фон дер Лајен, доаѓа и британскиот претставник Пич appeared first on Република.

]]>
Кој е Стујарт Пич, специјален пратеник на Велика Британија за Западен Балкан https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/koj-e-stujart-pich-specijalen-pratenik-na-velika-britanija-za-zapaden-balkan/ Mon, 31 Jan 2022 07:19:22 +0000 https://republika.mk/?p=451728

Специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан Сер Стјуарт Пич денеска ќе пристигне во дводневна посета на Република Македонија.

За време на посетата на Македонија, специјалниот претставник Сер Стјуарт Пич ќе биде примен од претседателот на Владата Димитар Ковачевски, и ќе има и одвоени средби и со министерот за надворешни работи Бујар Османи и со министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Поранешниот шеф на Генералштабот на Армијата на Обединетото Кралство Стјуарт Пич, сега како специјален претставник на премиерот Борис Џонсон, во нашата земја ќе биде примен и од претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски.

Во рамките на својата посета на нашата земја, специјалниот претставник Пич со своите соговорници ќе разговара за понатамошниот развој на силните билатерални односи меѓу Обединетото Кралство и Македонија и за силната посветеност на ОК на евроатлантската интеграција на Западен Балкан.

За време на неговиот работен престој во Скопје кој притоа продолжува во Бугарија, специјалниот претставник Сер Стјуарт Пич ќе се сретне и со претставници на опозицијата и на дел од младинските организации во земјата.

Кој е Стујарт Пич

Сер Стјуарт Пич е искусен офицер за воздушно разузнавање, кој се искачи на врвот на британската армија, а потоа и на самиот НАТО. Тој беше врзан за Балканот само со командата на воздушните операции на КФОР.Познат  ветеран од бројни боишта - од Авганистан и Ирак до Либија. Тој до август годинава беше претседател на воениот комитет на НАТО

The post Кој е Стујарт Пич, специјален пратеник на Велика Британија за Западен Балкан appeared first on Република.

]]>

Специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан Сер Стјуарт Пич денеска ќе пристигне во дводневна посета на Република Македонија. За време на посетата на Македонија, специјалниот претставник Сер Стјуарт Пич ќе биде примен од претседателот на Владата Димитар Ковачевски, и ќе има и одвоени средби и со министерот за надворешни работи Бујар Османи и со министерката за одбрана Славјанка Петровска. Поранешниот шеф на Генералштабот на Армијата на Обединетото Кралство Стјуарт Пич, сега како специјален претставник на премиерот Борис Џонсон, во нашата земја ќе биде примен и од претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски. Во рамките на својата посета на нашата земја, специјалниот претставник Пич со своите соговорници ќе разговара за понатамошниот развој на силните билатерални односи меѓу Обединетото Кралство и Македонија и за силната посветеност на ОК на евроатлантската интеграција на Западен Балкан. За време на неговиот работен престој во Скопје кој притоа продолжува во Бугарија, специјалниот претставник Сер Стјуарт Пич ќе се сретне и со претставници на опозицијата и на дел од младинските организации во земјата.

Кој е Стујарт Пич

Сер Стјуарт Пич е искусен офицер за воздушно разузнавање, кој се искачи на врвот на британската армија, а потоа и на самиот НАТО. Тој беше врзан за Балканот само со командата на воздушните операции на КФОР.Познат  ветеран од бројни боишта - од Авганистан и Ирак до Либија. Тој до август годинава беше претседател на воениот комитет на НАТО

The post Кој е Стујарт Пич, специјален пратеник на Велика Британија за Западен Балкан appeared first on Република.

]]>