студирање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/studiranje/ За подобро да се разбереме Wed, 25 Sep 2024 11:48:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png студирање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/studiranje/ 32 32 Како да се вратат младите што дипломирале во Словенија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kako-da-se-vratat-mladite-shto-diplomirale-vo-slovenija/ Wed, 25 Sep 2024 11:48:49 +0000 https://republika.mk/?p=819548

Чувство на немање перспектива, демотивираност од работната позиција, несоодветно вреднување на трудот и ниска плата, нефер пристап до работни места според квалификации, политизираност на институциите, распространета корупција и непотизам, проблеми во квалитетот на живот – во здравствениот систем и животната средина – се некои од причините што ги одвраќаат младите Македонци што дипломирале во Словенија да се вратат во земјава.

Сакаме да придонесеме во државата, да бидеме тука со нашата фамилија и пријатели, но сакаме да видиме и реални промени, порача еден од студентите на панел на конференција организирана од Амбасадата на Словенија во соработка со нашата Влада, за одливот на младите од земјава и како тие по дипломирањето во Словенија да се вратат за да го вложат својот капацитет и потенцијал за економски развој на нашата држава.

На конференцијата насловена „Од Словенија до Македонија: Синергија на образованието и бизнисот“ тие зборуваа за искуствата и предностите за студирање во Словенија – студентскиот стандард, модерната универзитетска инфраструктура и опременост со лаборатории, платената студентска пракса, можностите за претприемништво…

На конференцијата беше презентирано истражување на Македонската студентска организација во Словенија (МСОС) од анкета на наши студенти кои студираат на словенечки универзитети. Во учебната 2023/2024, според податоците на МСОС, 1697 македонски студенти се запишале во Словенија каде што им е овозможено бесплатно студирање.

Претседателот на МСОС, Кристијан Поповски, ги презентираше резултатите од истражувањето со причини што ги одвраќаат младите да се вратат дома, заедно со препораки тие да се надминат.

-Младите не си заминуваат само поради можностите за поголеми финансиски примања или, пак, поради тоа што навистина сакаат да си заминат. Иселените млади се чувствуваме како да не можеме да опстоиме во моменталната средина што не опкружува. Станува збор за целокупни промени во образованието и трансформација на процесот на стекнување знаења. Станува збор за недоверба дека некои работи воопшто можат да се променат. Мотивацијата и надежта згаснуваат. Станува збор за недоверба дека институциите и сите ние како општество ќе си ја завршиме својата работа, рече Поповски.

Конференцијата ја отвори словенечкиот амбасадор во земјава Грегор Прескер кој истакна дека во неговата земја има потреба од квалитетен високообразован кадар, но дека тој и е многу потребен и на земјава. За таа цел ја организираат конференцијата со цел, рече, да ги поврзат сите заинтересирани чинители во креирање можности, механизми и услови кои се неопходни младите да се вратат во нивната татковина.

Нагласи дека со конференцијата сакаат да создадат синергија меѓу сите главни чинители – за тие да се запознаат подобро и разменат искуства и во иднина да носат заеднички одлуки со цел да се намали одливот на успешно образовани млади студенти и да се најде начин студентите кои ги завршиле студиите во Словенија да се вратат во земјата.

– Убедени сме дека поголемиот број од нив сакаат да се вратат и со своите знаења и искуство да придонесат за натамошниот севкупен развој на Македонија. Нашата Амбасада има воспоставено одлична соработка со МСОС и, меѓу другото, ги поддржуваме во организирањето годишен настан на кој претставници на организацијата ги споделуваат своите искуства од живеењето и студирањето во Словенија на сите потенцијални идни студенти од Македонија, што е одлична можност да се запознаат со потенцијалот за студирање во Словенија. Денес студентите ги поврзуваме со претставници на извршната власт кои може да ги креираат потребните политики што ќе придонесат за поголема грижа за сите оние кои сакаат да се вратат во земјата… Ги поврзуваме и со претставници на словенечки и македонски компании кои бараат образована и висококвалитетна работна сила за нивното успешно идно работење, рече Прескер.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во обраќањето истакна дека државата е горда на своите умови, но и длабоко загрижена за растечкиот тренд на иселување на младите.

-Ова мора да се реши. Податоците се алармантни. Причините за нивното заминување се јасни – незадоволство од платите, ограничени можности и недостиг на доверба во институциите. Ова не е Македонија каква што ја посакуваме ниту онаа за која сме посветени да ја изградиме. Мора да се прашаме како можеме да создадеме средина каде младите не само што ќе сакаат да останат, туку ќе се чувствуваат инспирирани да се вратат и да придонесат за иднината на нашата земја. Како да обезбедиме Македонија да понуди исти или дури и подобри можности од оние кои ги наоѓаат надвор. Ова е предизвик кој не можеме да го решиме поединечно. За ова е потребно колективна акција, истакна Божиновска.

Го сподели личното искуство како студент во Чешка пред повеќе од 20 години и дека назад ја повлекла желбата да придонесе за иднината на земјата која ја сака.

Моето враќање не беше само лична одлука, тоа е заложба за вербата дека промената е возможна. Знам дека многу млади кои заминале го чувствуваат истото. Но, за тие да се вратат, мора да создадеме услови кои ќе го направат враќањето не само можност туку и реална шанса, додаде Божиновска.

Заменик-министерот за економија Марјан Ристески изјави дека приоритет на Владата ќе биде не само да ги задржат младите во земјава туку и да вратат голем дел од тие што заминале со загарантирани ранотни места или со поддршка на нови стартап-компании и да отворат бизнис во Македонија.

Соопшти дека младите панелисти што учествуваа на денешната конференција идната недела ќе бидат поканети во Министерството за економија и труд за, како што рече, помош од нивна страна за изработка на новите мерки за вработување млади луѓе.

The post Како да се вратат младите што дипломирале во Словенија appeared first on Република.

]]>

Чувство на немање перспектива, демотивираност од работната позиција, несоодветно вреднување на трудот и ниска плата, нефер пристап до работни места според квалификации, политизираност на институциите, распространета корупција и непотизам, проблеми во квалитетот на живот – во здравствениот систем и животната средина – се некои од причините што ги одвраќаат младите Македонци што дипломирале во Словенија да се вратат во земјава.
Сакаме да придонесеме во државата, да бидеме тука со нашата фамилија и пријатели, но сакаме да видиме и реални промени, порача еден од студентите на панел на конференција организирана од Амбасадата на Словенија во соработка со нашата Влада, за одливот на младите од земјава и како тие по дипломирањето во Словенија да се вратат за да го вложат својот капацитет и потенцијал за економски развој на нашата држава.
На конференцијата насловена „Од Словенија до Македонија: Синергија на образованието и бизнисот“ тие зборуваа за искуствата и предностите за студирање во Словенија – студентскиот стандард, модерната универзитетска инфраструктура и опременост со лаборатории, платената студентска пракса, можностите за претприемништво… На конференцијата беше презентирано истражување на Македонската студентска организација во Словенија (МСОС) од анкета на наши студенти кои студираат на словенечки универзитети. Во учебната 2023/2024, според податоците на МСОС, 1697 македонски студенти се запишале во Словенија каде што им е овозможено бесплатно студирање. Претседателот на МСОС, Кристијан Поповски, ги презентираше резултатите од истражувањето со причини што ги одвраќаат младите да се вратат дома, заедно со препораки тие да се надминат.
-Младите не си заминуваат само поради можностите за поголеми финансиски примања или, пак, поради тоа што навистина сакаат да си заминат. Иселените млади се чувствуваме како да не можеме да опстоиме во моменталната средина што не опкружува. Станува збор за целокупни промени во образованието и трансформација на процесот на стекнување знаења. Станува збор за недоверба дека некои работи воопшто можат да се променат. Мотивацијата и надежта згаснуваат. Станува збор за недоверба дека институциите и сите ние како општество ќе си ја завршиме својата работа, рече Поповски.
Конференцијата ја отвори словенечкиот амбасадор во земјава Грегор Прескер кој истакна дека во неговата земја има потреба од квалитетен високообразован кадар, но дека тој и е многу потребен и на земјава. За таа цел ја организираат конференцијата со цел, рече, да ги поврзат сите заинтересирани чинители во креирање можности, механизми и услови кои се неопходни младите да се вратат во нивната татковина. Нагласи дека со конференцијата сакаат да создадат синергија меѓу сите главни чинители – за тие да се запознаат подобро и разменат искуства и во иднина да носат заеднички одлуки со цел да се намали одливот на успешно образовани млади студенти и да се најде начин студентите кои ги завршиле студиите во Словенија да се вратат во земјата.
– Убедени сме дека поголемиот број од нив сакаат да се вратат и со своите знаења и искуство да придонесат за натамошниот севкупен развој на Македонија. Нашата Амбасада има воспоставено одлична соработка со МСОС и, меѓу другото, ги поддржуваме во организирањето годишен настан на кој претставници на организацијата ги споделуваат своите искуства од живеењето и студирањето во Словенија на сите потенцијални идни студенти од Македонија, што е одлична можност да се запознаат со потенцијалот за студирање во Словенија. Денес студентите ги поврзуваме со претставници на извршната власт кои може да ги креираат потребните политики што ќе придонесат за поголема грижа за сите оние кои сакаат да се вратат во земјата… Ги поврзуваме и со претставници на словенечки и македонски компании кои бараат образована и висококвалитетна работна сила за нивното успешно идно работење, рече Прескер.
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во обраќањето истакна дека државата е горда на своите умови, но и длабоко загрижена за растечкиот тренд на иселување на младите.
-Ова мора да се реши. Податоците се алармантни. Причините за нивното заминување се јасни – незадоволство од платите, ограничени можности и недостиг на доверба во институциите. Ова не е Македонија каква што ја посакуваме ниту онаа за која сме посветени да ја изградиме. Мора да се прашаме како можеме да создадеме средина каде младите не само што ќе сакаат да останат, туку ќе се чувствуваат инспирирани да се вратат и да придонесат за иднината на нашата земја. Како да обезбедиме Македонија да понуди исти или дури и подобри можности од оние кои ги наоѓаат надвор. Ова е предизвик кој не можеме да го решиме поединечно. За ова е потребно колективна акција, истакна Божиновска.
Го сподели личното искуство како студент во Чешка пред повеќе од 20 години и дека назад ја повлекла желбата да придонесе за иднината на земјата која ја сака.
Моето враќање не беше само лична одлука, тоа е заложба за вербата дека промената е возможна. Знам дека многу млади кои заминале го чувствуваат истото. Но, за тие да се вратат, мора да создадеме услови кои ќе го направат враќањето не само можност туку и реална шанса, додаде Божиновска.
Заменик-министерот за економија Марјан Ристески изјави дека приоритет на Владата ќе биде не само да ги задржат младите во земјава туку и да вратат голем дел од тие што заминале со загарантирани ранотни места или со поддршка на нови стартап-компании и да отворат бизнис во Македонија. Соопшти дека младите панелисти што учествуваа на денешната конференција идната недела ќе бидат поканети во Министерството за економија и труд за, како што рече, помош од нивна страна за изработка на новите мерки за вработување млади луѓе.  

The post Како да се вратат младите што дипломирале во Словенија appeared first on Република.

]]>
МОН: Нема покачување на партиципацијата за студирање на државните факултети https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mon-nema-pokachuvane-na-partitsipatsijata-za-studirane-na-drzhavnite-fakulteti/ Mon, 29 Jan 2024 11:23:31 +0000 https://republika.mk/?p=738102

Министерството за образование и наука (МОН) реагира на натписите во дел од медиумите во кои се посочува дека на иницијатива на министерството и Владата, двојно ќе се зголемува партиципацијата за студирање на државните високообразовни установи на сите три циклуси на студии.

Се работи за невистинита информација и затоа апелираме студентите да бидат спокојни, бидејќи и натаму ќе ги плаќаат истите износи за државната и за квотата со кофинансирање кои важат во моментов, велат од МОН.

Оттаму додаваат дека во комуникација со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, добиле информација дека ректоратот побарал мислење од факултетите и единиците во состав, за тоа дали износите кои во моментов се плаќаат се оправдани или можеби треба да претрпат одредени корекции.

Но, тоа е интерно инициран процес, велат од МОН.

Министерството за образование и наука го почитува принципот на инклузивност при креирањето на политиките и носењето на одлуките, така што ги уверуваме студентите дека ниту една одлука која го засега нивниот образовен процес нема да биде донесена без да бидат вклучени организациите кои ги застапуваат идните академски граѓани. Износите на партиципација остануваат идентични како и досега, додаваат од МОН.

The post МОН: Нема покачување на партиципацијата за студирање на државните факултети appeared first on Република.

Презентации на можностите за студирање и живеење во Словенија https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/prezentacii-na-moznostite-za-studiranje-i-ziveenje-vo-slovenija/ Thu, 13 Oct 2022 07:00:10 +0000 https://republika.mk/?p=560341

Две презентации кои ги опфаќаат можностите за студирање и живеење во Словенија ќе се одржат утре во Скопје.

Организатори на презентациите се националната иницијатива „Студирајте во Словенија“, поддржана од словенечките високообразовни институции и Министерството за образование, CMEPIUS, Центар на Република Словенија за мобилност и европски програми за образование и обука и Erasmus Slovenia.

На презентацијата ќе бидат претставени најголемите словенечки универзитети, а ќе бидат споделени и личните искуства на странските студенти во Словенија.

The post Презентации на можностите за студирање и живеење во Словенија appeared first on Република.

]]>

Две презентации кои ги опфаќаат можностите за студирање и живеење во Словенија ќе се одржат утре во Скопје. Организатори на презентациите се националната иницијатива „Студирајте во Словенија“, поддржана од словенечките високообразовни институции и Министерството за образование, CMEPIUS, Центар на Република Словенија за мобилност и европски програми за образование и обука и Erasmus Slovenia. На презентацијата ќе бидат претставени најголемите словенечки универзитети, а ќе бидат споделени и личните искуства на странските студенти во Словенија.  

The post Презентации на можностите за студирање и живеење во Словенија appeared first on Република.

]]>
Мал интерес за македонски јазик, најголем за ФИНКИ: Слободни над 1.000 места за нови студенти на УКИМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mal-interes-za-makedonski-jazik-najgolem-za-finki-slobodni-nad-1-000-mesta-za-novi-studenti-na-ukim/ Tue, 23 Aug 2022 06:47:29 +0000 https://republika.mk/?p=543064

Од 23-те факултети кои се во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, четири нудат по над илјада слободни места за студенти кои би се запишале во прва година во академската 2022/2023 на претстојните уписи. Природно-математичкиот (ПМФ), Филолошкиот, Правниот факултет и ФИНКИ заедно располагаат со 4535 места за бруцоши или 41,53 отсто од вкупно 10 918 предвидени во Конкурсот на УКИМ за новата студиска година.

ПМФ има најмногу слободни места (1275), нуди 28 студиски програми на кои може да се запишат  бруцоши – 655 места се за редовни студенти финансирани од државниот буџет, 445 за редовни кои плаќаат школарина и 175 слободни места за вонредни студенти.

Најголем интерес во последните неколку години постои за студиите по биологија, посебно за студиските програми Биохемија и физиологија и Молекуларна биологија со генетика. Постои растечки тренд и во бројот на студенти кои се одлучуваат да студираат хемија на студиската програма Применета хемија – аналитичка биохемија, изјави за МИА проф. д-р Александар Скепаровски, декан на ПМФ.

Од оваа учебна година на студиите по биологија се нуди нова студиската програма по Екологија и животна средина (тригодишни студии). Минатата учебна (2021/2022) година започна со реализација студиската програма Менаџмент и заштита на културното наследство на Институтот за етнологија и антропологија.

Голем дел од студиските програми кои беа акредитирани во 2016 и 2017 година поминаа низ процес на реакредитација, па и покрај тоа што тие ги задржаа своите називи, нивните наставни програми и планови се освежени и модернизирани, додава деканот на Природно-математичкиот факултет.

Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ може да прими 1125 студенти во прва година на 22 студиски програми – 555 редовни во државна квота, 430 редовни со школарина и 140 вонредни.

Студиските програми на Филолошкиот факултет опфаќаат области од македонскиот јазик, македонската книжевност и култура, општа и компаративна книжевност, преведување и толкување, други национални јазици, како и петнаесетина странски јазици.

Нови програми, како и постојните, но редизајнирани ќе нудиме следната година со новата акредитација, вели деканката на Филолошкиот факултет, проф. д-р Анета Дучевска.

За МИА изјави дека континуирано најголем интерес има за програмата Англиски јазик и книжевност, потоа следуваат Преведување и толкување, и Германски јазик и книжевност.

За студиската програма Македонски јазик има 80 слободни места, бројот е ист и оваа година како и на ланскиот конкурс, но, вели проф. Дучевска, не се пополнуваат сите слободни места.

Минатата година забележавме поголем интерес од претходните неколку години, кога имавме значително намален интерес. Очекуваме да се одржи, или да се зголеми, минатогодишната тенденција, додаде деканката на Филолошкиот факултет.

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), кој од основањето пред 11 години секоја година е сѐ поатрактивен за младите, располага со 1080 места (550 за редовни во државната квота и 530 редовни кои ќе плаќаат школарина) во седум студиски програми.

Деканот, проф. д-р Иван Чорбев за МИА вели дека поради големиот интерес за  упис на ФИНКИ, речиси сите места кои се обезбедени во квотата, се пополнуваат при уписот, на сите понудени насоки.

Интересот за упис генерално е отсликан во самите квоти кои ни се обезбедени поединечно по студиските програми. Согласно законот, 60 проценти од предметите се задолжителни на студиските програми, додека 40 отсто се изборни. Поголем дел од задолжителните предмети се заеднички за сите студиски програми, па изборот на конкретна програма при упис не е критичен. Заради големиот процент на изборност и високиот број изборни предмети кои ги нудиме, благодарение на поголемиот број вработени професори, студентите може да изберат супспецијалност и фокус со внимателно избирање изборни предмети соодветни на нивните желби, интереси и капацитети. Бројни се можностите за вработување по дипломирање од која било наша студиска програма и секоја нуди своја специфичност за која има интерес и кај матурантите, и кај работодавачите, истакнува деканот на ФИНКИ.

Во однос на новините од оваа академска година, Факултетот работи на враќање во поголем обем на настава со физичко присуство, но и задржување на некои од бенефициите на хибридната настава со онлајн-интеракции.

Со оглед на зголеменото физичко присуство, од оваа година ФИНКИ планира значително унапредување на соработката со индустријата што ќе им овозможи на идните студенти уште попрактични знаења и вештини и со тоа и сигурно работно место и конкурентни плати, како и досега. Исто така, ФИНКИ континуирано работи на зголемување на сопствените капацитети за научно-истражувачка дејност во насока на зголемување на квалитетот на постдипломските и докторските студии, додава проф. д-р Чорбев.

Според Конкурсот на УКИМ, Правниот факултет „Јустинијан Први“ нуди 1055 места во пет студиски програми – 440 места за редовни во државната квота, 560 за редовни со школарина и 25 места за вонредни студенти. Од вкупниот број слободни на овој факултет, 725 се за програмата Правни студии.

Деканот на Правниот факултет, проф. д-р Сашо Георгиевски, за МИА изјави дека во тек е реформирање на повеќе студиски програми на студиите во пресрет на нивната реакредитација наредната година.

За студиската програма Правни студии, за која има најмногу слободни места, минатата година имало зголемен интерес од претходната. За студиите за Новинарство, пак, за кои според Конкурсот се предвидени 70 слободни места, Георгиевски вели дека во изминатите години, како и на другите студии, квотата не се пополнува.

Според Конкурсот за упис на додипломски студии во учебната 2022/2023 година, на Скопскиот универзитет се слободни 10 918 места: 5306 за редовни студенти финансирани од буџетот кои плаќаат годишна партиципација од 200 евра. За редовни студенти кои ќе плаќаат школарина од 400 евра се наменети 4522 места и 1090 места за вонредни студенти.

Пријавувањето на кандидатите кои се рангираат само според успехот од средното образование ќе биде на 30 и 31 август во првиот рок, иако на факултетите е веќе отворен системот за електронско аплицирање пред официјалните датуми. На 15 и 16 септември е вториот и на 28 септември – третиот рок.

Оние кандидати кои покрај успехот од средното образование се рангираат и според проверка на знаења и умеења, првиот рок за пријавување е на 25 и 26 август во првиот рок, вториот е на 14 и 15 септември и третиот рок на 28 септември.

The post Мал интерес за македонски јазик, најголем за ФИНКИ: Слободни над 1.000 места за нови студенти на УКИМ appeared first on Република.

]]>

Од 23-те факултети кои се во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, четири нудат по над илјада слободни места за студенти кои би се запишале во прва година во академската 2022/2023 на претстојните уписи. Природно-математичкиот (ПМФ), Филолошкиот, Правниот факултет и ФИНКИ заедно располагаат со 4535 места за бруцоши или 41,53 отсто од вкупно 10 918 предвидени во Конкурсот на УКИМ за новата студиска година. ПМФ има најмногу слободни места (1275), нуди 28 студиски програми на кои може да се запишат  бруцоши – 655 места се за редовни студенти финансирани од државниот буџет, 445 за редовни кои плаќаат школарина и 175 слободни места за вонредни студенти.
Најголем интерес во последните неколку години постои за студиите по биологија, посебно за студиските програми Биохемија и физиологија и Молекуларна биологија со генетика. Постои растечки тренд и во бројот на студенти кои се одлучуваат да студираат хемија на студиската програма Применета хемија – аналитичка биохемија, изјави за МИА проф. д-р Александар Скепаровски, декан на ПМФ.
Од оваа учебна година на студиите по биологија се нуди нова студиската програма по Екологија и животна средина (тригодишни студии). Минатата учебна (2021/2022) година започна со реализација студиската програма Менаџмент и заштита на културното наследство на Институтот за етнологија и антропологија.
Голем дел од студиските програми кои беа акредитирани во 2016 и 2017 година поминаа низ процес на реакредитација, па и покрај тоа што тие ги задржаа своите називи, нивните наставни програми и планови се освежени и модернизирани, додава деканот на Природно-математичкиот факултет.
Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ може да прими 1125 студенти во прва година на 22 студиски програми – 555 редовни во државна квота, 430 редовни со школарина и 140 вонредни. Студиските програми на Филолошкиот факултет опфаќаат области од македонскиот јазик, македонската книжевност и култура, општа и компаративна книжевност, преведување и толкување, други национални јазици, како и петнаесетина странски јазици.
Нови програми, како и постојните, но редизајнирани ќе нудиме следната година со новата акредитација, вели деканката на Филолошкиот факултет, проф. д-р Анета Дучевска.
За МИА изјави дека континуирано најголем интерес има за програмата Англиски јазик и книжевност, потоа следуваат Преведување и толкување, и Германски јазик и книжевност. За студиската програма Македонски јазик има 80 слободни места, бројот е ист и оваа година како и на ланскиот конкурс, но, вели проф. Дучевска, не се пополнуваат сите слободни места.
Минатата година забележавме поголем интерес од претходните неколку години, кога имавме значително намален интерес. Очекуваме да се одржи, или да се зголеми, минатогодишната тенденција, додаде деканката на Филолошкиот факултет.
Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), кој од основањето пред 11 години секоја година е сѐ поатрактивен за младите, располага со 1080 места (550 за редовни во државната квота и 530 редовни кои ќе плаќаат школарина) во седум студиски програми. Деканот, проф. д-р Иван Чорбев за МИА вели дека поради големиот интерес за  упис на ФИНКИ, речиси сите места кои се обезбедени во квотата, се пополнуваат при уписот, на сите понудени насоки.
Интересот за упис генерално е отсликан во самите квоти кои ни се обезбедени поединечно по студиските програми. Согласно законот, 60 проценти од предметите се задолжителни на студиските програми, додека 40 отсто се изборни. Поголем дел од задолжителните предмети се заеднички за сите студиски програми, па изборот на конкретна програма при упис не е критичен. Заради големиот процент на изборност и високиот број изборни предмети кои ги нудиме, благодарение на поголемиот број вработени професори, студентите може да изберат супспецијалност и фокус со внимателно избирање изборни предмети соодветни на нивните желби, интереси и капацитети. Бројни се можностите за вработување по дипломирање од која било наша студиска програма и секоја нуди своја специфичност за која има интерес и кај матурантите, и кај работодавачите, истакнува деканот на ФИНКИ.
Во однос на новините од оваа академска година, Факултетот работи на враќање во поголем обем на настава со физичко присуство, но и задржување на некои од бенефициите на хибридната настава со онлајн-интеракции.
Со оглед на зголеменото физичко присуство, од оваа година ФИНКИ планира значително унапредување на соработката со индустријата што ќе им овозможи на идните студенти уште попрактични знаења и вештини и со тоа и сигурно работно место и конкурентни плати, како и досега. Исто така, ФИНКИ континуирано работи на зголемување на сопствените капацитети за научно-истражувачка дејност во насока на зголемување на квалитетот на постдипломските и докторските студии, додава проф. д-р Чорбев.
Според Конкурсот на УКИМ, Правниот факултет „Јустинијан Први“ нуди 1055 места во пет студиски програми – 440 места за редовни во државната квота, 560 за редовни со школарина и 25 места за вонредни студенти. Од вкупниот број слободни на овој факултет, 725 се за програмата Правни студии. Деканот на Правниот факултет, проф. д-р Сашо Георгиевски, за МИА изјави дека во тек е реформирање на повеќе студиски програми на студиите во пресрет на нивната реакредитација наредната година. За студиската програма Правни студии, за која има најмногу слободни места, минатата година имало зголемен интерес од претходната. За студиите за Новинарство, пак, за кои според Конкурсот се предвидени 70 слободни места, Георгиевски вели дека во изминатите години, како и на другите студии, квотата не се пополнува. Според Конкурсот за упис на додипломски студии во учебната 2022/2023 година, на Скопскиот универзитет се слободни 10 918 места: 5306 за редовни студенти финансирани од буџетот кои плаќаат годишна партиципација од 200 евра. За редовни студенти кои ќе плаќаат школарина од 400 евра се наменети 4522 места и 1090 места за вонредни студенти. Пријавувањето на кандидатите кои се рангираат само според успехот од средното образование ќе биде на 30 и 31 август во првиот рок, иако на факултетите е веќе отворен системот за електронско аплицирање пред официјалните датуми. На 15 и 16 септември е вториот и на 28 септември – третиот рок. Оние кандидати кои покрај успехот од средното образование се рангираат и според проверка на знаења и умеења, првиот рок за пријавување е на 25 и 26 август во првиот рок, вториот е на 14 и 15 септември и третиот рок на 28 септември.

The post Мал интерес за македонски јазик, најголем за ФИНКИ: Слободни над 1.000 места за нови студенти на УКИМ appeared first on Република.

]]>
Студенти од Македонија и Бугарија ќе можат бесплатно да студираат на универзитет во соседната земја https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/studenti-od-makedonija-i-bugarija-kje-mozat-besplatno-da-studiraat-na-univerzitet-vo-sosednata-zemja/ Tue, 22 Mar 2022 16:31:23 +0000 https://republika.mk/?p=476793

Студенти од Бугарија и Македонија ќе можат бесплатно да студираат на универзитети во соседната земја. Секоја година, владите на двете земји ќе финансираат до четири стипендии кои ќе покриваат целосни дипломски или магистерски студии. Ќе бидат обезбедени и пет стипендии за еден семестар. За нив ќе можат да се пријават оние кои сакаат да студираат на сите специјалности, освен медицинските и оние од уметноста и спортот.

Ова е предвидено со билатералната програма за соработка во областа на образованието, што денеска во резиденцијата „Бојана“ ја потпишаа министерот за образование на Бугарија Николај Денков и неговиот македонски колега Јетон Шаќири, јави дописникот на МИА од Софија.

Со документот Македонија и Бугарија се обврзуваат да обезбедат обука за најмногу тројца докторанти годишно. Ќе се обезбедат и средства за постдипломски квалификации за период од два до девет месеци. Се очекува ректорите на универзитетите да одржат заедничка средба на која ќе се разговара за можностите за заеднички истражувачки проекти и вмрежување во двете земји. Ќе се поттикнува образовната мобилност на студенти, наставници и истражувачи, како и научно-техничката соработка меѓу Бугарската академија на науките и МАНУ.

Програмата, исто така, предвидува Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања да даде препораки за правилна презентација на наставните материјали во учебниците во Македонија и Бугарија. Овие препораки ќе бидат усвоени и имплементирани од владите на двете земји.

Потпишана е и Програма за соработка во областа на културата, како и Меморандуми за партнерство за млади и спорт помеѓу националните агенции Еразмус + и Европскиот корпус за солидарност. Тие вклучуваат заеднички културен календар, стипендии за млади уметници, пријателски фудбалски натпревар меѓу двете влади, младински изложби и други активности.

The post Студенти од Македонија и Бугарија ќе можат бесплатно да студираат на универзитет во соседната земја appeared first on Република.

]]>

Студенти од Бугарија и Македонија ќе можат бесплатно да студираат на универзитети во соседната земја. Секоја година, владите на двете земји ќе финансираат до четири стипендии кои ќе покриваат целосни дипломски или магистерски студии. Ќе бидат обезбедени и пет стипендии за еден семестар. За нив ќе можат да се пријават оние кои сакаат да студираат на сите специјалности, освен медицинските и оние од уметноста и спортот. Ова е предвидено со билатералната програма за соработка во областа на образованието, што денеска во резиденцијата „Бојана“ ја потпишаа министерот за образование на Бугарија Николај Денков и неговиот македонски колега Јетон Шаќири, јави дописникот на МИА од Софија. Со документот Македонија и Бугарија се обврзуваат да обезбедат обука за најмногу тројца докторанти годишно. Ќе се обезбедат и средства за постдипломски квалификации за период од два до девет месеци. Се очекува ректорите на универзитетите да одржат заедничка средба на која ќе се разговара за можностите за заеднички истражувачки проекти и вмрежување во двете земји. Ќе се поттикнува образовната мобилност на студенти, наставници и истражувачи, како и научно-техничката соработка меѓу Бугарската академија на науките и МАНУ. Програмата, исто така, предвидува Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања да даде препораки за правилна презентација на наставните материјали во учебниците во Македонија и Бугарија. Овие препораки ќе бидат усвоени и имплементирани од владите на двете земји. Потпишана е и Програма за соработка во областа на културата, како и Меморандуми за партнерство за млади и спорт помеѓу националните агенции Еразмус + и Европскиот корпус за солидарност. Тие вклучуваат заеднички културен календар, стипендии за млади уметници, пријателски фудбалски натпревар меѓу двете влади, младински изложби и други активности.  

The post Студенти од Македонија и Бугарија ќе можат бесплатно да студираат на универзитет во соседната земја appeared first on Република.

]]>
Влада: Лицата со попреченост се ослободени од партиципација за студирање https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vlada-licata-so-poprechenost-se-oslobodeni-od-participacija-za-studiranje/ Fri, 18 Mar 2022 11:26:20 +0000 https://republika.mk/?p=474898

На иницијатива на Националното координативно тело за спроведување на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, Владата на Македонија донесе Уредба за правата на лицата со попреченост и други лица да бидат ослободени од партиципација за студирање.

Со оваа уредба Владата овозможи сите лица со попреченост запишани на прв, втор и трет циклус на студии на јавните високообразовни установи, да бидат ослободени од партиципација.

Оваа Уредба им овозможува на лицата со попреченост да ги остварат сопствените потенцијали и личен развој на еднаква основа со сите други граѓани да бидат вклучени во високообразовните процеси, а за образовните институции е поттик да ги прилагодат условите и програмите за образование за овие наши сограѓани.

На тој начин лицата со попреченост развиваат компетенции согласно сопствените преференци и стануваат конкурентни на пазарот на трудот.

Со оваа Уредба освен сите лица со попреченост, од партиципација за студирање се ослободуваат и лицата со статус на деца без родители и родителска грижа, невработените родители на деца и лицата со статус воени инвалиди.

За остварување на ова право, подносителот доставува барање со наод и мислење од Службата за функционална проценка на деца и млади при ЈЗУ Здравствен Дом-Скопје по основите на Меѓународната класификација на функционалноста (МКФ), како нов модел произлезен од реформата што ја спроведе Националното координативно тело за спроведување на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, со која се исклучува досегашниот медицински модел на категоризирање наспроти проценка на функционалните можности и капацитети на лицата со попреченост.

Согласно чл. 24 од Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост сите лица со попреченост имаат право на образование без исклучување и дискриминација со цел за максимален развој на човековиот потенцијал.

До донесувањето на оваа Уредба, право на ослободување на партиципација имаа само некои категории на лица со попреченост, што практично ги ставаше останатите во подредена позиција.

The post Влада: Лицата со попреченост се ослободени од партиципација за студирање appeared first on Република.

]]>

На иницијатива на Националното координативно тело за спроведување на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, Владата на Македонија донесе Уредба за правата на лицата со попреченост и други лица да бидат ослободени од партиципација за студирање. Со оваа уредба Владата овозможи сите лица со попреченост запишани на прв, втор и трет циклус на студии на јавните високообразовни установи, да бидат ослободени од партиципација. Оваа Уредба им овозможува на лицата со попреченост да ги остварат сопствените потенцијали и личен развој на еднаква основа со сите други граѓани да бидат вклучени во високообразовните процеси, а за образовните институции е поттик да ги прилагодат условите и програмите за образование за овие наши сограѓани. На тој начин лицата со попреченост развиваат компетенции согласно сопствените преференци и стануваат конкурентни на пазарот на трудот. Со оваа Уредба освен сите лица со попреченост, од партиципација за студирање се ослободуваат и лицата со статус на деца без родители и родителска грижа, невработените родители на деца и лицата со статус воени инвалиди. За остварување на ова право, подносителот доставува барање со наод и мислење од Службата за функционална проценка на деца и млади при ЈЗУ Здравствен Дом-Скопје по основите на Меѓународната класификација на функционалноста (МКФ), како нов модел произлезен од реформата што ја спроведе Националното координативно тело за спроведување на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, со која се исклучува досегашниот медицински модел на категоризирање наспроти проценка на функционалните можности и капацитети на лицата со попреченост. Согласно чл. 24 од Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост сите лица со попреченост имаат право на образование без исклучување и дискриминација со цел за максимален развој на човековиот потенцијал. До донесувањето на оваа Уредба, право на ослободување на партиципација имаа само некои категории на лица со попреченост, што практично ги ставаше останатите во подредена позиција.  

The post Влада: Лицата со попреченост се ослободени од партиципација за студирање appeared first on Република.

]]>