студија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/studija/ За подобро да се разбереме Mon, 03 Apr 2023 10:20:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png студија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/studija/ 32 32 Нова студија открива колку треба да пешачите неделно ако сакате да живеете подолго https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/nova-studija-otkriva-kolku-treba-da-peshachite-nedelno-ako-sakate-da-zhiveete-podolgo/ Mon, 03 Apr 2023 10:20:42 +0000 https://republika.mk/?p=626604

Ако пешачите околу 8.000 чекори еднаш или двапати неделно, може значително да го намалите ризикот од рана смрт, покажува новото американско истражување.

Вежбањето редовно се поврзува со помал ризик од смртност, но оваа студија, објавена во списанието JAMA, ги разгледа здравствените придобивки од енергичното одење само неколку дена во неделата. Истражувачите од Универзитетот во Кјото и Универзитетот во Калифорнија анализирале податоци собрани од 3.100 возрасни Американци.

Резултатите покажале дека кај оние кои пешачеле 8.000 чекори еден или два дена во неделата, веројатноста за смрт во период од десет години била за 14,9 отсто помала отколку кај групата која не ја практикувала. Кај луѓето кои оделе 8.000 чекори или повеќе, три до седум дена во неделата, ризикот од смртност бил исто така помал – 16,5 проценти. Најголеми здравствени придобивки од овој тип на одење имаа учесниците над 65 години.

Научниците го поврзале одењето околу 8.000 чекори еднаш или повеќе пати неделно со намален ризик од смрт од која било причина, вклучително и кардиоваскуларни болести. „Овие резултати сугерираат дека поединците можат да постигнат значителни здравствени придобивки со пешачење само неколку дена во неделата“.

Во истражувањето биле користени податоци од 2005 и 2006 година и биле вклучени 3.100 учесници, а податоците за нивната смртност биле испитани 10 години по истражувањето. Меѓу учесниците во истражувањето, 632 луѓе не пешачеле ниту еден ден во неделата, 532 оделе околу 8.000 чекори еден до два дена во неделата и 1.937 пешачеле три до седум дена во неделата.

Според клиниката Мајо, просечниот Американец оди од 3.000 до 4.000 чекори дневно. Дополнително, докажано е дека пешачењето како редовна активност може да го намали ризикот од развој на срцеви заболувања, дебелина, дијабетес, висок крвен притисок и депресија.

 

The post Нова студија открива колку треба да пешачите неделно ако сакате да живеете подолго appeared first on Република.

]]>

Ако пешачите околу 8.000 чекори еднаш или двапати неделно, може значително да го намалите ризикот од рана смрт, покажува новото американско истражување. Вежбањето редовно се поврзува со помал ризик од смртност, но оваа студија, објавена во списанието JAMA, ги разгледа здравствените придобивки од енергичното одење само неколку дена во неделата. Истражувачите од Универзитетот во Кјото и Универзитетот во Калифорнија анализирале податоци собрани од 3.100 возрасни Американци. Резултатите покажале дека кај оние кои пешачеле 8.000 чекори еден или два дена во неделата, веројатноста за смрт во период од десет години била за 14,9 отсто помала отколку кај групата која не ја практикувала. Кај луѓето кои оделе 8.000 чекори или повеќе, три до седум дена во неделата, ризикот од смртност бил исто така помал – 16,5 проценти. Најголеми здравствени придобивки од овој тип на одење имаа учесниците над 65 години. Научниците го поврзале одењето околу 8.000 чекори еднаш или повеќе пати неделно со намален ризик од смрт од која било причина, вклучително и кардиоваскуларни болести. „Овие резултати сугерираат дека поединците можат да постигнат значителни здравствени придобивки со пешачење само неколку дена во неделата“. Во истражувањето биле користени податоци од 2005 и 2006 година и биле вклучени 3.100 учесници, а податоците за нивната смртност биле испитани 10 години по истражувањето. Меѓу учесниците во истражувањето, 632 луѓе не пешачеле ниту еден ден во неделата, 532 оделе околу 8.000 чекори еден до два дена во неделата и 1.937 пешачеле три до седум дена во неделата. Според клиниката Мајо, просечниот Американец оди од 3.000 до 4.000 чекори дневно. Дополнително, докажано е дека пешачењето како редовна активност може да го намали ризикот од развој на срцеви заболувања, дебелина, дијабетес, висок крвен притисок и депресија.  

The post Нова студија открива колку треба да пешачите неделно ако сакате да живеете подолго appeared first on Република.

]]>
Научнa студија: Во светот практично нема место коешто е безбедно од загадувањето на воздухот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nauchna-studija-vo-svetot-praktichno-nema-mesto-koeshto-e-bezbedno-od-zagaduvaneto-na-vozduhot/ Sun, 12 Mar 2023 08:56:28 +0000 https://republika.mk/?p=618658

Прво светско истражување покажало дека речиси никаде на Земјата нема постојано безбедни нивоа на загадување на воздухот. Студијата, предводена од Универзитетот Монаш во Австралија, покажала дека само 0,001 отсто од светското население постојано било изложено на ниско ниво на загаденост на воздухот во 2019 година, а на глобално ниво, 70 отсто ги надминале безбедните граници, пишува „Саенс алерт“ (Science alert).

Загадувањето на воздухот предизвикува околу осум милиони смртни случаи секоја година. Ситните честички помали од 2,5 микрометри, познати како ПМ 2,5, можат да ги нападнат дишните патишта и крвните садови, предизвикувајќи мозочни удари, рак на белите дробови и болести на срцето.

Светската здравствена организација (СЗО) го постави безбедносниот праг за дневна изложеност на ПМ 2,5 честички на 15 mg/m3, но меѓу 2000 и 2019 година, просечното ниво на загаденост на воздухот ширум светот беше повеќе од двојно поголемо од границата, кога изнесуваше 32,8 mg/m3.

Оваа студија е прва што ја покажува промената на дневната изложеност на загадениот воздух на глобално ниво во текот на неколку децении. Податоците се извлечени од 5.446 станици за следење во 65 земји.

Источна Азија имала најлошо загадување на воздухот во текот на овој период од две децении, со просечна годишна изложеност на ПМ 2,5 честички од 50 mg/m3, а потоа следат Јужна Азија (37,2 mg/m3) и Северна Африка (30 mg/m3).

Регионите со најниско загадување на воздухот со ПМ 2,5 честички во текот на две децении биле Австралија и Нов Зеланд (8,5 mg/m³), другите региони во Океанија (12,6 mg/m³) и Јужна Америка (15,6 mg/m³).

Загадувањето на воздухот се намалило во Европа и Северна Америка помеѓу 2000 и 2019 година, но се зголемило во Јужна Азија, Австралија и Нов Зеланд, Јужна Америка и на Карибите.

Овој тип на загадување имаше сезонски модел. Во североисточна Кина и северна Индија, употребата на фосилни горива за загревање на домовите доведе до најголемо загадување на воздухот во текот на зимата. Но, спротивниот образец беше забележан на источниот брег на Северна Америка, каде ПМ 2,5 го достигна врвот во летните месеци.

Истражувачите велат дека шумските пожари и песочните бури поврзани со климатските промени, исто така, би можеле да придонесат за загадувањето на воздухот во југоисточна Австралија во 2019 година.

Оваа студија дава длабоко разбирање за моменталната состојба на загадувањето на воздухот и неговото влијание врз здравјето на луѓето. Со оваа информација, креаторите на политики, официјалните лица за јавно здравје и истражувачите можат подобро да ги проценат краткорочните и долгорочните здравствени ефекти од загадувањето на воздухот и да развијат стратегии за ублажување на загадувањето на воздухот“, вели Јуминг Гуо, истражувач за квалитетот на воздухот на Универзитетот Монаш.

Како влијае загадувањето на луѓето? Загадувањето со ПМ 2,5 честичките се појавува при согорување на фосилните горива, поради издувните гасови од автомобилите, пожарите, но и поради употребата на печките на гас.

Кога ги вдишуваме овие ситни честички, тие поминуваат низ слузницата на белите дробови. Ова може да предизвика воспаление, да доведе до влошување на астмата и хронична опструктивна белодробна болест.

Отровните честички можат да продрат и во крвните садови, предизвикувајќи нивно воспаление, а кај некои луѓе тоа може да доведат и до мозочен удар. Тие можат да доведат до создавање згрутчувања кои го оштетуваат срцето или мозокот.

Овој труд е објавен во „The Lancet Planetary Health“.

The post Научнa студија: Во светот практично нема место коешто е безбедно од загадувањето на воздухот appeared first on Република.

]]>

Прво светско истражување покажало дека речиси никаде на Земјата нема постојано безбедни нивоа на загадување на воздухот. Студијата, предводена од Универзитетот Монаш во Австралија, покажала дека само 0,001 отсто од светското население постојано било изложено на ниско ниво на загаденост на воздухот во 2019 година, а на глобално ниво, 70 отсто ги надминале безбедните граници, пишува „Саенс алерт“ (Science alert). Загадувањето на воздухот предизвикува околу осум милиони смртни случаи секоја година. Ситните честички помали од 2,5 микрометри, познати како ПМ 2,5, можат да ги нападнат дишните патишта и крвните садови, предизвикувајќи мозочни удари, рак на белите дробови и болести на срцето. Светската здравствена организација (СЗО) го постави безбедносниот праг за дневна изложеност на ПМ 2,5 честички на 15 mg/m3, но меѓу 2000 и 2019 година, просечното ниво на загаденост на воздухот ширум светот беше повеќе од двојно поголемо од границата, кога изнесуваше 32,8 mg/m3. Оваа студија е прва што ја покажува промената на дневната изложеност на загадениот воздух на глобално ниво во текот на неколку децении. Податоците се извлечени од 5.446 станици за следење во 65 земји. Источна Азија имала најлошо загадување на воздухот во текот на овој период од две децении, со просечна годишна изложеност на ПМ 2,5 честички од 50 mg/m3, а потоа следат Јужна Азија (37,2 mg/m3) и Северна Африка (30 mg/m3). Регионите со најниско загадување на воздухот со ПМ 2,5 честички во текот на две децении биле Австралија и Нов Зеланд (8,5 mg/m³), другите региони во Океанија (12,6 mg/m³) и Јужна Америка (15,6 mg/m³). Загадувањето на воздухот се намалило во Европа и Северна Америка помеѓу 2000 и 2019 година, но се зголемило во Јужна Азија, Австралија и Нов Зеланд, Јужна Америка и на Карибите. Овој тип на загадување имаше сезонски модел. Во североисточна Кина и северна Индија, употребата на фосилни горива за загревање на домовите доведе до најголемо загадување на воздухот во текот на зимата. Но, спротивниот образец беше забележан на источниот брег на Северна Америка, каде ПМ 2,5 го достигна врвот во летните месеци. Истражувачите велат дека шумските пожари и песочните бури поврзани со климатските промени, исто така, би можеле да придонесат за загадувањето на воздухот во југоисточна Австралија во 2019 година.
Оваа студија дава длабоко разбирање за моменталната состојба на загадувањето на воздухот и неговото влијание врз здравјето на луѓето. Со оваа информација, креаторите на политики, официјалните лица за јавно здравје и истражувачите можат подобро да ги проценат краткорочните и долгорочните здравствени ефекти од загадувањето на воздухот и да развијат стратегии за ублажување на загадувањето на воздухот“, вели Јуминг Гуо, истражувач за квалитетот на воздухот на Универзитетот Монаш.
Како влијае загадувањето на луѓето? Загадувањето со ПМ 2,5 честичките се појавува при согорување на фосилните горива, поради издувните гасови од автомобилите, пожарите, но и поради употребата на печките на гас. Кога ги вдишуваме овие ситни честички, тие поминуваат низ слузницата на белите дробови. Ова може да предизвика воспаление, да доведе до влошување на астмата и хронична опструктивна белодробна болест. Отровните честички можат да продрат и во крвните садови, предизвикувајќи нивно воспаление, а кај некои луѓе тоа може да доведат и до мозочен удар. Тие можат да доведат до создавање згрутчувања кои го оштетуваат срцето или мозокот. Овој труд е објавен во „The Lancet Planetary Health“.

The post Научнa студија: Во светот практично нема место коешто е безбедно од загадувањето на воздухот appeared first on Република.

]]>