студентски стипендии Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/studentski-stipendii/ За подобро да се разбереме Fri, 18 Nov 2022 16:32:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png студентски стипендии Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/studentski-stipendii/ 32 32 МОН: Се доделуваат 3.000 стипендии за студентите, три нови категории на стипендии https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mon-se-dodeluvaat-3-000-stipendii-za-studentite-tri-novi-kategorii-na-stipendii/ Fri, 18 Nov 2022 16:32:50 +0000 https://republika.mk/?p=575533

На интернет-страницата на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk објавен е конкурсот за доделување на студентски стипендии за академската 2022-2023 година. Предвидено е да бидат доделени вкупно 3.000 стипендии, а годинава се воведени и три нови категории, кои се резултат на информациите за недостиг на кадар во одредени области.

Како што соопшти МОН, прв пат ќе се доделат 30 стипендии за студенти кои се запишани на студиски програми од областа на земјоделските, ветеринарните и шумарските науки. Новина се и 15-те стипендии за додипломски студии за преведување и толкување од македонски на албански јазик и обратно (мајчин јазик) и преведување и толкување од албански на македонски јазик и обратно (немајчин јазик). Исто така, 15 стипендии се предвидени прв пат и за студентите запишани на додипломски студии по историја на уметност, археологија, ликовна уметност и етнологија и антропологија.

Вкупно 1.470 стипендии се наменети за редовни студенти од социјалните категории. За студентите од научните подрачја на техничко-технолошките науки, биотехничките, општествените и хуманистичките науки се предвидени 770 стипендии, додека 85 стипендии се обезбедени за студенти запишани на студиски програми по информатика. За студентите запишани на студиски програми по македонски јазик, македонска книжевност и јужнословенски книжевности се предвидени 15 стипендии, информира ресорното министерство.

Предвидени се и 500 стипендии за студентите запишани на студиски програми од научните подрачја на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки и кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 8,00 просечен успех.

Вкупно 30 стипендии ќе се доделат на студенти запишани на студиски програми по хемија, 20 на студенти запишани на физика и 20 за студиските програми по математика.

Предвидени се и 30 стипендии за студенти кои се запишани во прва година на студиски програми на високообразовни установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование.

Од МОН нагласуваат дека во Конкурсот се наведени сите услови, критериуми и потребните документи за аплицирање со цел остварување на правото на користење на секоја категорија на стипендии. Оваа година аплицирањето е исклучиво електронски преку порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk и хартиени апликации преку архивата на МОН нема да се прифаќаат. Рокот за аплицирање почнува денеска и трае до 5 декември 2022 година.

Сите категории на стипендии се доделуваат за девет месеци во текот на студиската година и во износ од 6050 денари, со исклучок на стипендиите за студиските програми по хемија, физика и математика, како и новите за земјоделските, ветеринарните и шумарските науки кои изнесуваат 18.000 денари месечно, се наведува во соопштението од МОН.

The post МОН: Се доделуваат 3.000 стипендии за студентите, три нови категории на стипендии appeared first on Република.

]]>

На интернет-страницата на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk објавен е конкурсот за доделување на студентски стипендии за академската 2022-2023 година. Предвидено е да бидат доделени вкупно 3.000 стипендии, а годинава се воведени и три нови категории, кои се резултат на информациите за недостиг на кадар во одредени области. Како што соопшти МОН, прв пат ќе се доделат 30 стипендии за студенти кои се запишани на студиски програми од областа на земјоделските, ветеринарните и шумарските науки. Новина се и 15-те стипендии за додипломски студии за преведување и толкување од македонски на албански јазик и обратно (мајчин јазик) и преведување и толкување од албански на македонски јазик и обратно (немајчин јазик). Исто така, 15 стипендии се предвидени прв пат и за студентите запишани на додипломски студии по историја на уметност, археологија, ликовна уметност и етнологија и антропологија.
Вкупно 1.470 стипендии се наменети за редовни студенти од социјалните категории. За студентите од научните подрачја на техничко-технолошките науки, биотехничките, општествените и хуманистичките науки се предвидени 770 стипендии, додека 85 стипендии се обезбедени за студенти запишани на студиски програми по информатика. За студентите запишани на студиски програми по македонски јазик, македонска книжевност и јужнословенски книжевности се предвидени 15 стипендии, информира ресорното министерство.
Предвидени се и 500 стипендии за студентите запишани на студиски програми од научните подрачја на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки и кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 8,00 просечен успех. Вкупно 30 стипендии ќе се доделат на студенти запишани на студиски програми по хемија, 20 на студенти запишани на физика и 20 за студиските програми по математика. Предвидени се и 30 стипендии за студенти кои се запишани во прва година на студиски програми на високообразовни установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование. Од МОН нагласуваат дека во Конкурсот се наведени сите услови, критериуми и потребните документи за аплицирање со цел остварување на правото на користење на секоја категорија на стипендии. Оваа година аплицирањето е исклучиво електронски преку порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk и хартиени апликации преку архивата на МОН нема да се прифаќаат. Рокот за аплицирање почнува денеска и трае до 5 декември 2022 година.
Сите категории на стипендии се доделуваат за девет месеци во текот на студиската година и во износ од 6050 денари, со исклучок на стипендиите за студиските програми по хемија, физика и математика, како и новите за земјоделските, ветеринарните и шумарските науки кои изнесуваат 18.000 денари месечно, се наведува во соопштението од МОН.

The post МОН: Се доделуваат 3.000 стипендии за студентите, три нови категории на стипендии appeared first on Република.

]]>
МОН: Од денес почнува рокот за поднесување на документи за студентски стипендии https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mon-od-denes-pochnuva-rokot-za-podnesuvanje-na-dokumenti-za-studentski-stipendii/ Sat, 01 Oct 2022 10:21:45 +0000 https://republika.mk/?p=556288

Од Министерството за образование и наука (МОН) известуваат дека рокот за поднесување на документи за студентски стипендии започнува денес, на 1 октомври, а ќе трае до 30 месецов. Од Министерството соопштуваат дека право на поднесување на документи за студентски стипендии имаат студентите кои ги исполнуваат договорените услови за продолжување на стипендиите – односно студентите од втора, трета и четврта година студии.

Според огласот на МОН, корисниците на стипендија треба да поднесат потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање, уверение за положени испити со успех од претходните години, УППИ образец за предвидени и положени испити со успех од претходните години како докази дека за положено 80% односно 90% (зависно од типот на стипендија) од предвидените испити, односно дека го одржале просечниот успех на студирањето, согласно договорот за стипендија.

Документите се доставуваат електронски со прикачување на соодветната документација, а за повеќе информации, студентите може да се обратат на електронската пошта studentski.stipendii@mon.gov.mk

The post МОН: Од денес почнува рокот за поднесување на документи за студентски стипендии appeared first on Република.

]]>

Од Министерството за образование и наука (МОН) известуваат дека рокот за поднесување на документи за студентски стипендии започнува денес, на 1 октомври, а ќе трае до 30 месецов. Од Министерството соопштуваат дека право на поднесување на документи за студентски стипендии имаат студентите кои ги исполнуваат договорените услови за продолжување на стипендиите – односно студентите од втора, трета и четврта година студии. Според огласот на МОН, корисниците на стипендија треба да поднесат потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање, уверение за положени испити со успех од претходните години, УППИ образец за предвидени и положени испити со успех од претходните години како докази дека за положено 80% односно 90% (зависно од типот на стипендија) од предвидените испити, односно дека го одржале просечниот успех на студирањето, согласно договорот за стипендија. Документите се доставуваат електронски со прикачување на соодветната документација, а за повеќе информации, студентите може да се обратат на електронската пошта studentski.stipendii@mon.gov.mk

The post МОН: Од денес почнува рокот за поднесување на документи за студентски стипендии appeared first on Република.

]]>