студентски стандард Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/studentski-standard/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Nov 2024 14:26:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png студентски стандард Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/studentski-standard/ 32 32 Јаневска: Со нов закон за студентски стандард ќе се унапредат студентските права и функционирањето на домовите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-so-nov-zakon-za-studentski-standard-ke-se-unapredat-studentskite-prava-i-funktsioniraneto-na-domovite/ Mon, 04 Nov 2024 14:26:31 +0000 https://republika.mk/?p=834068

Следната година ќе работиме на ново законско решение кое ќе го унапреди студентскиот стандард, односно ќе овозможи подобро функционирање на студентските домови и повеќе можности за идните академски граѓани, рече министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на денешната расправа во Собранието по повод извештајот од извршена ревизија на Државниот завод за ревизија на тема: Ефикасност на мерките, политиките и проектите за исполнување на условите во кои функционираат државните студентски домови и развој на студентскиот стандард.

Големите проблеми, настануваат со игнорирање на малите. Токму тоа го правеше претходната Влада и затоа сме доведени во состојба во која студентските домови се жаргонски кажано - пред стечај. Ќе се обидеме да ги надминеме сите предизвици, да ги поддржиме нашите млади колку што е можно повеќе, да се едуцираат тука и да останат во својата земја“, рече Јаневска, додавајќи дека ревизорскиот извештај ќе биде патоказ по кој ќе се води министерството во следниот приод.

Министерката посочи повеќе причини за изработка на нов Закон за студентски стандард.

Според сегашниот закон, МОН финансира 50% од цената за сместување во домовите. Таа цена е 6820 денари, така што студентот плаќа 3410 денари, кои не се доволни за да можат домовите да бидат самоодржливи. Но, доколку одлучиме да ја зголемиме цената на 14.680 денари, како што предлага ревизорот во овој извештај, тоа ќе биде шок и за студентите и за државата, бидејќи одеднаш ќе треба да плаќаат 100% повисока цена. Покачувањето морало да биде етапно, но ниту еден министер не се охрабрил, плашејќи се да не предизвика студентски револт и губење политички поени“, рече Јаневска.

Таа рече дека законот дозволува, а воедно и често министерството одговара на барања на домовите и покрива голем дел од режиските трошоци кои ги пријавуваат како непредвидени, но тоа е проблем, бидејќи министерството непланирано троши дел од својот ограничен буџет.

Планот е во ново законско решение да се дефинира модел на финансирање на домовите, со кој ќе се обезбеди континуирана финансиска поддршка согласно реалните потреби на домовите, а при тоа истото нема да предизвика финансиски товар на студентите“, додаде Јаневска.

Како причина поради која неопходно е менување на Законот за студентскиот стандард, беше наведен и начинот на кој е уредено доделувањето на стипендиите. Сегашното решение дефинира процентуална распределба на стипендии по области, при што некои категории не се искористуваат целосно, а средствата пропаѓаат. За да не се случува ова во иднина, потребно е начинот на распределба на стипендиите да се уреди со подзаконски акт, кој ќе може да се менува согласно потребите за стимулирање на упис на одредени студиски програми.

За време на дискусијата, министерката Јаневска се осврна и на Законот за субвенциониран студентски оброк, кој, според ревизорскиот извештај не дава гаранција дека средствата што им се доделуваат на студентите се користат исклучиво за прехрана.

Субвенционираниот студентски оброк годишно го чини министерството 800 милиони денари. Со овие пари МОН може многу да направи за студентскиот стандард, но сепак, немаме намера да го укинеме законот. Ќе се обидеме и тој да го доуредиме“, кажа министерката.

Министерството за образование и наука веќе има постапено по дел од забелешките на државниот ревизор. Целосно е дигитализирана постапката за аплицирање за стипендии, за оброк и сместување во студентски домови, воспоставени се регистри на државни стипендисти во странство и на студентски домови, а започната е и етапна реконструкција на домовите.

The post Јаневска: Со нов закон за студентски стандард ќе се унапредат студентските права и функционирањето на домовите appeared first on Република.

]]>

Стојаноски: Ако Ковачевски се грижи за студентите, тогаш зошто од буџетот се кратат 140 милиони денари од студентите за студентски стандард? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stojanoski-ako-kovachevski-se-grizi-za-studentite-togash-zoshto-od-budzetot-se-kratat-140-milioni-denari-od-studentite-za-studentski-standard/ Mon, 14 Nov 2022 21:22:12 +0000 https://republika.mk/?p=573886

„Денеска не победија студентите туку победи една тесна клика на студенти околу СДСМ и нивни омилени студентски лидери кои го прифатија тоа што едноставно не го ни бараа затоа што не добија ништо“, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, во вечерашното гостување во дебатната емисија „24 Анализа“ на Телевизија 24.

Стојаноски додаде дека реакцијата на студентите почнала во петокот кога го виделе законското решение.

Зошто? Заради тоа што на 10.10.2022 година е поднесен закон за студентски оброк каде наместо сегашните 40,000 студенти можеа да го добијат само 2 или 3 илјади студенти. Што добија денеска студентите? Студентите добија продолжување на рокот за студентски оброк до март 2023 година, нешто што и консензуално беше кажано дека сите заедно ќе го поддржиме, но не добија покачување на сумата за оброк од 120 на 160 денари како што баравме ние, рече Стојаноски.

Тој посочи дека ВМРО-ДМНЕ на 02.11.2022 година поднесе законско решение за зголемување на сумата на студентски оброк.

Ние на 02.11.2022 година од аспект на нашите антикризни мерки поднесовме ново законско решение за субвенциониран студентски оброк каде што велиме дека треба да се продолжи рокот и категорија на опфат да остане иста, но наместо 120 денари треба да биде 160 денари заради тоа што во државата има инфлација од 20 проценти и покачување на цената на храната од 30 проценти, изјави Стојаноски.

Стојаноски потенцираше дека присуството на денешната средба на Ковачевски со студентите е изнудено и лицемерно.

Присуството на Ковачевски на денешната средба беше изнудено. Лицемерно е неговото присуство заради тоа што ако кажувате дека се грижите за студентите и сте искрен во намерата тогаш зошто во предлог буџетот за наредната година се кратат 140 милиони денари од студентите за студентски стандард, вели Стојаноски.

The post Стојаноски: Ако Ковачевски се грижи за студентите, тогаш зошто од буџетот се кратат 140 милиони денари од студентите за студентски стандард? appeared first on Република.

]]>

„Денеска не победија студентите туку победи една тесна клика на студенти околу СДСМ и нивни омилени студентски лидери кои го прифатија тоа што едноставно не го ни бараа затоа што не добија ништо“, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, во вечерашното гостување во дебатната емисија „24 Анализа“ на Телевизија 24. Стојаноски додаде дека реакцијата на студентите почнала во петокот кога го виделе законското решение.