студентски протест Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/studentski-protest/ За подобро да се разбереме Mon, 05 Feb 2024 07:55:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png студентски протест Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/studentski-protest/ 32 32 Студентите пред МОН ќе бараат исплата на стипендии, ваучери за превоз, реконструкција на студентските домови https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/studentite-pred-mon-ke-baraat-isplata-na-stipendii-vaucheri-za-prevoz-rekonstruktsija-na-studentskite-domovi/ Mon, 05 Feb 2024 07:24:31 +0000 https://republika.mk/?p=740374

Студентите денеска ќе протестираат пред Министерството за образование и наука поради, како што велат, неправдите врз нив и против неефикасното работење на ресорното министерство.

Преку протест студентите ќе искажат револт од ненавремената исплата на продолжените студентски стипендии, од задоцнетите исплати на ваучерите за превоз, од доцнењата со исплатите по склучувањето на спогодбите за ретроактивна исплата на стипендиите и проблемите со мерката субвенциониран студентски оброк.

Според нив, има потреба од поголема ефикасност на институцијата во која, како што велат, има непочитување на зададени рокови и нема координираност меѓу одделенијата.

null

Организатотори на протестот, кој е најавен во 14 часот, се Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, заедно со Факултетските студентски собранија на УКИМ и со поддршка од универзитетските студентски собранија на Универзитетот „Св. Климент Охридски” - Битола (УКЛО), Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип (УГД), „Мајка Тереза“, АУЕ-ФОН и Американ Колеџ.

ОДАС - Организација за дијалог и афирмација на средношколците ги поддржува студентите и нивните барања. Преку соопштение тие побараа од институциите да се обрне внимание на студентските домови, студентскиот оброк, студентските стипендии и сличните проблеми на студентите. Апелираат да се консултираат сите студентски здруженија во решавањето на овие проблеми.

The post Студентите пред МОН ќе бараат исплата на стипендии, ваучери за превоз, реконструкција на студентските домови appeared first on Република.

]]>

Студентите денеска ќе протестираат пред Министерството за образование и наука поради, како што велат, неправдите врз нив и против неефикасното работење на ресорното министерство. Преку протест студентите ќе искажат револт од ненавремената исплата на продолжените студентски стипендии, од задоцнетите исплати на ваучерите за превоз, од доцнењата со исплатите по склучувањето на спогодбите за ретроактивна исплата на стипендиите и проблемите со мерката субвенциониран студентски оброк. Според нив, има потреба од поголема ефикасност на институцијата во која, како што велат, има непочитување на зададени рокови и нема координираност меѓу одделенијата. null Организатотори на протестот, кој е најавен во 14 часот, се Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, заедно со Факултетските студентски собранија на УКИМ и со поддршка од универзитетските студентски собранија на Универзитетот „Св. Климент Охридски” - Битола (УКЛО), Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип (УГД), „Мајка Тереза“, АУЕ-ФОН и Американ Колеџ. ОДАС - Организација за дијалог и афирмација на средношколците ги поддржува студентите и нивните барања. Преку соопштение тие побараа од институциите да се обрне внимание на студентските домови, студентскиот оброк, студентските стипендии и сличните проблеми на студентите. Апелираат да се консултираат сите студентски здруженија во решавањето на овие проблеми.

The post Студентите пред МОН ќе бараат исплата на стипендии, ваучери за превоз, реконструкција на студентските домови appeared first on Република.

]]>
Полесна државна матура и подобар студентски стандард ќе побараат средношколците и студентите напладне пред МОН https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/polesna-drzhavna-matura-i-podobar-studentski-standard-ke-pobaraat-srednoshkoltsite-i-studentite-napladne-pred-mon/ Fri, 17 Mar 2023 07:32:08 +0000 https://republika.mk/?p=620525

Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците и студентите (ОДАС) денеска пред Министерството за образование и наука организира предупредувачки протест за да го актуализира нивното барање за олеснување на полагањето државна матура. На протестот ќе се придружи и движењето „Студентски отпор“ од каде што соопштија дека ќе го искажат нивниот револт зашто институциите, како што велат, немаат слух за повеќемесечните барања на студентите.

ОДАС соопшти дека целта на протестот е да се истакне значењето на нивните ставови во врска со државната матура и да се забрза носењето соодветно решение. Тие од Владата и Собранието побараа годинашната генерација матуранти да имаат скратен обем на материјал за завршниот испит или да се намали бројот на интерни испити.

Претседателката на ОДАС, Анисија Угриновска, за МИА изјави дека оваа генерација матуранти се најоштетени и дека немале непрекинато една целосна учебна година во нивното четиригодишно средно образование.

Бараме намалување на обемот на материјалот предвиден за полагање на матурата или скратување на еден интернет предмет. Тоа се должи на два најголеми фактора во последните четири години - бевме зафатени со корона-кризата и имавме година и пол онлајн-настава и дојавите за бомби. Во меѓувреме имаше и други фактори, рече Угриновска, која нагласи и дека нивниот проблем бара брзо решение зашто полагањето на државната матура почнува на 27 мај.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири во вторникот изјави дека за ова барање ќе треба да се разгледа дали и што дозволува законот да се промени во овој период за организација на државната матура. Најави дека наредната недела ќе има состанок со директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ) за уште еднаш, како што рече, „да ја известиме јавноста кои се материјалите и што е предвидено во нив“ и барањето на учениците да се разгледа заедно со Сојузот на средношколци со кој, како што рече, има секојдневна комуникација.

Шаќири истакна дека за него е важно тоа што од државната матура зависат многу други процеси односно запишување на учениците што завршуваат средно образование во високообразовни установи во државава и во други земји.

Сојузот на средношколци на Република Македонија, како што пред три дена изјави неговиот претседател Лука Павиќевиќ, за една до две недели ќе има состанок на Генералното собрание за да се произнесе по прашањето околу полагањето на државната матура.

Нашите младински амбасадори контактираат секој ден со средношколците од нивните градови, собираме предлози и идеи и ги анализираме... Но не е прашање само што би сакала една група на средношколци, туку треба да се размислува за сите, бидејќи има повеќе интереси на учениците што се во конфликт – тие што сакаат да се запишат во странство, тие што сакаат да се запишат на студии тука, тие што можеби не ни сакаат да се запишат на факултет. Така што, проблемот околу државната матура е повеќеназначен и има повеќе аспекти што треба да се истражат, рече лидерот на Средношколскиот сојуз.

Во најавата за придружување кон средношколскиот протест, движењето „Студентски отпор“, пак, наведе дека е „крајно време студентот да се избори за своите права и да го искаже револтот на улица, кога институциите немаат слух по повеќемесечните барања на студентите“.

По протестот што го организираше во ноември минатата година, „Студентски отпор“ реагира дека „не е остварено ништо од тоа што им беше ветено на студентите од Министерството за образование и наука и Владата“.

Во причините за нивниот револт ова студентско движење ги наведува: постојано доцнење на исплатата на стипендиите и на студентскиот оброк, нетранспарентно договарање на цената за субвенционираниот студентски оброк од 140 денари – износ кој, како што велат, е деградирачки во  услови на висока инфлација, како и маргинализирање на студентите.

Мизерни услови за студирање на факултетите, со прокапани покриви, неисполнети ветувања за реконструкција на студентските домови, труење со храна и мизерен оброк во студентските домови, континуиран одлив на мозоци на високообразовани млади луѓе, соопшти „Студентски отпор“ и најави дека ќе организира масовни демонстрации додека не биде исполнето тоа што студентите го бараат.

The post Полесна државна матура и подобар студентски стандард ќе побараат средношколците и студентите напладне пред МОН appeared first on Република.

Студентите им се придружуваат на средношколците: Масовен протест пред МОН во петок од 12:30 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/studentite-im-se-pridruzhuvaat-na-srednoshkoltsite-masoven-protest-pred-mon-vo-petok-od-12-30/ Thu, 16 Mar 2023 09:32:19 +0000 https://republika.mk/?p=620201

Во петок од 12:30 часот пред Министерството за образование и наука (МОН), Студентски отпор се приклучува на масовниот протест на студентите и средношколците, велат од младинското движење, додавајќи дека крајно време е студентот да се избори за своите права и да го искаже револтот на улица, кога институциите немаат слух по повеќемесечните барања на студентите.

Ништо од она што беше ветувано од страна на МОН и Владата не е остварено, односно имаме:

- Нетранспарентно договарање на цената за субвенциониран студентски оброк од 140 денари кога сите знаеме колкава е инфлацијата и дека таа сума е деградирачка;
- Континуирано доцнење на исплатата на студентскиот оброк;
- Неодговарање на апликациите за студентски оброк;
- Доцнење на исплата на стипендиите на студентите;
- Мизерни услови за студирање на факултетите, со прокапани кровови;
- Неисполнети ветувања за реконструкција на студентските домови;
- Труење со храна и мизерен оброк во студентските домови;
- Континуиран одлив на мозоци на високообразовани млади луѓе.

Од Студентски отпор се децидни дека доста е од деградирање на студентите и оставање на работ на маргините.

Масовно ќе се приклучиме на протестот заедно со средношколците и подготвени сме правдата да ја бараме со искажување на нашиот став и глас преку масовни студентски демонстрации.
Нема да запреме додека се од горенаведеното не биде исполнето!, велат од Студентски отпор.

The post Студентите им се придружуваат на средношколците: Масовен протест пред МОН во петок од 12:30 appeared first on Република.

]]>

Во петок од 12:30 часот пред Министерството за образование и наука (МОН), Студентски отпор се приклучува на масовниот протест на студентите и средношколците, велат од младинското движење, додавајќи дека крајно време е студентот да се избори за своите права и да го искаже револтот на улица, кога институциите немаат слух по повеќемесечните барања на студентите. Ништо од она што беше ветувано од страна на МОН и Владата не е остварено, односно имаме:
- Нетранспарентно договарање на цената за субвенциониран студентски оброк од 140 денари кога сите знаеме колкава е инфлацијата и дека таа сума е деградирачка; - Континуирано доцнење на исплатата на студентскиот оброк; - Неодговарање на апликациите за студентски оброк; - Доцнење на исплата на стипендиите на студентите; - Мизерни услови за студирање на факултетите, со прокапани кровови; - Неисполнети ветувања за реконструкција на студентските домови; - Труење со храна и мизерен оброк во студентските домови; - Континуиран одлив на мозоци на високообразовани млади луѓе.
Од Студентски отпор се децидни дека доста е од деградирање на студентите и оставање на работ на маргините.

Масовно ќе се приклучиме на протестот заедно со средношколците и подготвени сме правдата да ја бараме со искажување на нашиот став и глас преку масовни студентски демонстрации. Нема да запреме додека се од горенаведеното не биде исполнето!, велат од Студентски отпор.

The post Студентите им се придружуваат на средношколците: Масовен протест пред МОН во петок од 12:30 appeared first on Република.

]]>
Повторно студентски марш во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/povtorno-studentski-marsh-vo-skopje/ Thu, 17 Nov 2022 17:15:35 +0000 https://republika.mk/?p=575059

Во центарот на Скопје вечерва се одржува студентски марш за обединето остварување на студентски права, во организација на универзитетските студентски собранија при УКИМ, Штуловиот универзитет, ФОН, Американ колеџ, ФОП, универзитетите од Битола и Штип и движењето „Студентски отпор“.

Студентскиот марш, што почна пред зградата на Владата, се одржува по повод Меѓународниот ден на студентите.

Учесниците на маршот од пред Владата ќе се упатат пред Министерството за обарзование и наука, каде ќе бидат повторени барања за подобри услови во студентските домови, изземање на студентите од антикризните мерки, целосно спроведување на Законот за студентски оброк, изедначување на стипендиите, дигитализација и подигнување на квалитетот на образование.
-Целта на овој студентски марш е студентите да ги искажат своит барања и ставови јасно и гласно пред институциите. Ваквата пракса и овој студенстки марши би сакале да биде иницијална точка која ќе премине во традиција што ќе се применуваво наредните години и генерации после нас, изјави пред почетокот на маршот, Славчо Темелковски, претседател на УСС при УКИМ.

На иницијатива на собранискиот Клуб за младински прашања и политики, во Собранието денеска се одржа средба на министерот за образование и наука, Јетон Шаќири со студенти и пратеници на која беше претставен проектот на МОН вреден околу 20 милиони евра поддржан од Германската развојна банка.

Министерот информираше дека според планот од почетокот на 2023 година ќе се реализира проектот за реновирање на студентските домови во државава и ќе стартува со „Стив Наумов“ во Скопје, каде е оценето дека условите се најлоши.

Во организација на младинското движење „Студентски отпор“ пред три дена се одржа протест, а по кој беше постигнат договор да остане постојното решение за субвенциониран студентски оброк до наоѓање системско решение.

Од Владата вчера порачаа дека се работи на сите прашања заради кои се повикува на протести и оти во најскоро време ќе има решенија.

The post Повторно студентски марш во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во центарот на Скопје вечерва се одржува студентски марш за обединето остварување на студентски права, во организација на универзитетските студентски собранија при УКИМ, Штуловиот универзитет, ФОН, Американ колеџ, ФОП, универзитетите од Битола и Штип и движењето „Студентски отпор“. Студентскиот марш, што почна пред зградата на Владата, се одржува по повод Меѓународниот ден на студентите.
Учесниците на маршот од пред Владата ќе се упатат пред Министерството за обарзование и наука, каде ќе бидат повторени барања за подобри услови во студентските домови, изземање на студентите од антикризните мерки, целосно спроведување на Законот за студентски оброк, изедначување на стипендиите, дигитализација и подигнување на квалитетот на образование. -Целта на овој студентски марш е студентите да ги искажат своит барања и ставови јасно и гласно пред институциите. Ваквата пракса и овој студенстки марши би сакале да биде иницијална точка која ќе премине во традиција што ќе се применуваво наредните години и генерации после нас, изјави пред почетокот на маршот, Славчо Темелковски, претседател на УСС при УКИМ.
На иницијатива на собранискиот Клуб за младински прашања и политики, во Собранието денеска се одржа средба на министерот за образование и наука, Јетон Шаќири со студенти и пратеници на која беше претставен проектот на МОН вреден околу 20 милиони евра поддржан од Германската развојна банка. Министерот информираше дека според планот од почетокот на 2023 година ќе се реализира проектот за реновирање на студентските домови во државава и ќе стартува со „Стив Наумов“ во Скопје, каде е оценето дека условите се најлоши. Во организација на младинското движење „Студентски отпор“ пред три дена се одржа протест, а по кој беше постигнат договор да остане постојното решение за субвенциониран студентски оброк до наоѓање системско решение. Од Владата вчера порачаа дека се работи на сите прашања заради кои се повикува на протести и оти во најскоро време ќе има решенија.

The post Повторно студентски марш во Скопје appeared first on Република.

]]>