студентски отпор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/studentski-otpor/ За подобро да се разбереме Wed, 25 Sep 2024 10:06:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png студентски отпор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/studentski-otpor/ 32 32 Студентски отпор: УКИМ да ги укине доплнителните трошоци за студентите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/studentski-otpor-ukim-da-gi-ukine-doplnitelnite-troshotsi-za-studentite/ Wed, 25 Sep 2024 10:04:18 +0000 https://republika.mk/?p=819502

Од Студентски отпор денеска испратија соопштение во кое истакнуваат дека УКИМ со воведувањето на нови дополнителни прошоци ја преминал границата на студентското трпение.

Како што велат, тие собрале речиси 900 потписи на петиција против овие трошоци.

– УКИМ со воведувањето на новите, неразумни дополнителни трошоци ја премина границата на студентското трпение! Петицијата против овие трошоци веќе собра речиси 900 потписи, јасен сигнал дека студентите нема да молчат пред неправдата! – се вели во соопштението.

Велат дека нивните барања се јасни и недвосмислени.

– 1. За наредниот зимски семестар (2025/26), овие трошоци мора да бидат целосно укинати.
2. За летниот семестар на учебната 2024/25 година, ратата да се намали за износот на веќе платените нови давачки.
Ова не се предлози, туку ултиматум! Студентски Отпор нема да дозволи студентите да бидат искористени за нови финансиски товари. Ако овие трошоци не бидат укинати, спремни сме на масовен протест и радикален отпор до исполнување на нашите барања! Нашата борба е за правда, за пристапно и правично образование, без непотребни трошоци!- се вели во соопштението од Студентски отпор.

The post Студентски отпор: УКИМ да ги укине доплнителните трошоци за студентите appeared first on Република.

]]>

Од Студентски отпор денеска испратија соопштение во кое истакнуваат дека УКИМ со воведувањето на нови дополнителни прошоци ја преминал границата на студентското трпение. Како што велат, тие собрале речиси 900 потписи на петиција против овие трошоци.
– УКИМ со воведувањето на новите, неразумни дополнителни трошоци ја премина границата на студентското трпение! Петицијата против овие трошоци веќе собра речиси 900 потписи, јасен сигнал дека студентите нема да молчат пред неправдата! – се вели во соопштението.
Велат дека нивните барања се јасни и недвосмислени.
– 1. За наредниот зимски семестар (2025/26), овие трошоци мора да бидат целосно укинати. 2. За летниот семестар на учебната 2024/25 година, ратата да се намали за износот на веќе платените нови давачки. Ова не се предлози, туку ултиматум! Студентски Отпор нема да дозволи студентите да бидат искористени за нови финансиски товари. Ако овие трошоци не бидат укинати, спремни сме на масовен протест и радикален отпор до исполнување на нашите барања! Нашата борба е за правда, за пристапно и правично образование, без непотребни трошоци!- се вели во соопштението од Студентски отпор.

The post Студентски отпор: УКИМ да ги укине доплнителните трошоци за студентите appeared first on Република.

]]>
Од Студентски отпор најавуваат протести ако поскапат студиите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-studentski-otpor-najavuvaat-protesti-ako-poskapat-studiite/ Fri, 26 Jan 2024 18:22:58 +0000 https://republika.mk/?p=737264

Од Студентски отпор најавуваат протести, бидејќи, според нивните најнови информации надлежните институции планираат зголемување на партиципацијата за студирање на сите три циклуси: додипломски, постдипомски и докторски студии.

Сумата за партиципација која се споменува е скоро двојно поголема од досегашната која ја плаќаат студентите. Исто така покачувањето на партиципацијата е главна точка на дневниот ред на сите Факултетски Студентски Собранија.

Како најавтентична студентска организација која ги застапува правата на студентите, ова сериозно не загрижува затоа што на ваков начин би се спречила можноста за пристап до високото образование на оние посиромашни и студенти од социјално ранливи категории.

Апелираме итно да се повлече овој предлог и оваа идеја, во спротивно ќе мора да се гледаме на улиците како што тоа го правевме кога сакаа да го укинат оброкот. Повлекување одма – или протест!, велат од Студентски отпор.

The post Од Студентски отпор најавуваат протести ако поскапат студиите appeared first on Република.

]]>

Од Студентски отпор најавуваат протести, бидејќи, според нивните најнови информации надлежните институции планираат зголемување на партиципацијата за студирање на сите три циклуси: додипломски, постдипомски и докторски студии.
Сумата за партиципација која се споменува е скоро двојно поголема од досегашната која ја плаќаат студентите. Исто така покачувањето на партиципацијата е главна точка на дневниот ред на сите Факултетски Студентски Собранија. Како најавтентична студентска организација која ги застапува правата на студентите, ова сериозно не загрижува затоа што на ваков начин би се спречила можноста за пристап до високото образование на оние посиромашни и студенти од социјално ранливи категории. Апелираме итно да се повлече овој предлог и оваа идеја, во спротивно ќе мора да се гледаме на улиците како што тоа го правевме кога сакаа да го укинат оброкот. Повлекување одма – или протест!, велат од Студентски отпор.

The post Од Студентски отпор најавуваат протести ако поскапат студиите appeared first on Република.

]]>
Студентите од „Пелагонија“ без топла вода https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/studentite-od-pelagonija-bez-topla-voda/ Thu, 23 Nov 2023 08:16:27 +0000 https://republika.mk/?p=715376

Загрижувачка е ситуацијата во студентскиот дом „Пелагонија“, каде веќе со недели нема топла вода. Од здружението Студентски отпор велат во 21 век, научна фантастика е студентите да имаат топла вода.

Веќе со недели студентите од студентскиот дом „Пелагонија“ немаат услови за извршување на најосновните секојдневни потреби како туширање со топла вода. Ова е прашање од голема важност особено важно за добросостојбата на студентите сместени во домот. Додека студентите си ги бараат своите основни права, директорот вината им ја префрла токму на студентите велејќи дека тие ја злоупотребуваат и ја трошат топлата вода непотребно. Итно бараме ваша помош за споделување на овие информации со пошироката јавност. Од клучно значење е сите да бидат информирани за ситуацијата во студентските домови и ја охрабруваме соработката со вас и со јавноста за да се реши овој проблем навремено, велат од Студентски отпор

The post Студентите од „Пелагонија“ без топла вода appeared first on Република.

Притисоци и закани кон студентите на Филозофскиот факултет поради политичките превирања за избор на нов декан https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pritisotsi-i-zakani-kon-studentite-na-filozofskiot-fakultet-poradi-politichkite-previrana-za-izbor-na-nov-dekan/ Wed, 15 Nov 2023 11:26:31 +0000 https://republika.mk/?p=701794

Од Студентскиот отпор алармираат на притисоците и заканите кон студентите во изборот на нов декан на Филозовскиот факултет. Ви го пренесуваме нивното отворено писмо во целост:

Почитувана јавност, студенти, професори,

Чувствуваме обврска да ве информираме и предупредиме за случувањата деновиве на Филозофскиот факултет. Имено, во пресрет на изборите за претседател и членови на Факултетското студентско собрание на Филозофскиот Факултет се врши огромен притисок врз студентите од страна на професорите.

Поради овогодинешниот избор за нов декан на Филозофскиот факултет каде што право на глас имаат именувани студенти од Факултетското студентско собрание започнати се меѓупрофесорки превирања со политички позадини за тоа кој ќе биде нов декан.

Штета од овие политички превирања во професорските кругови за тоа „кој ќе го добие престолот” ја трпат студентите. Ве известуваме дека во овие денови се нарушува студентската автономија затоа што професори и од едниот и од другиот „тим” во оваа нивна политичка битка вршат притисоци врз студенти за избор на овој или оној кандидат за претседател на Факултетското собрание, надевајќи се дека тој кандидат ќе им донесе глас повеќе при изборот на нов декан на Филозофскиот факултет.

Ваквите игри не само што ја нарушуваат студентската автономија која е загарантирана туку и сериозно го поткопуваат и нарушуваат кредибилитетот на УКИМ како најстар универзитет во Македонија.

Апелираме до студентите на Филозофски факултет доколку почуствуваат закани, притисоци од професорите да се обратат до Студентски отпор, а при изборите да гласаат по сопствена волја.

The post Притисоци и закани кон студентите на Филозофскиот факултет поради политичките превирања за избор на нов декан appeared first on Република.

]]>

Од Студентскиот отпор алармираат на притисоците и заканите кон студентите во изборот на нов декан на Филозовскиот факултет. Ви го пренесуваме нивното отворено писмо во целост: Почитувана јавност, студенти, професори, Чувствуваме обврска да ве информираме и предупредиме за случувањата деновиве на Филозофскиот факултет. Имено, во пресрет на изборите за претседател и членови на Факултетското студентско собрание на Филозофскиот Факултет се врши огромен притисок врз студентите од страна на професорите. Поради овогодинешниот избор за нов декан на Филозофскиот факултет каде што право на глас имаат именувани студенти од Факултетското студентско собрание започнати се меѓупрофесорки превирања со политички позадини за тоа кој ќе биде нов декан. Штета од овие политички превирања во професорските кругови за тоа „кој ќе го добие престолот” ја трпат студентите. Ве известуваме дека во овие денови се нарушува студентската автономија затоа што професори и од едниот и од другиот „тим” во оваа нивна политичка битка вршат притисоци врз студенти за избор на овој или оној кандидат за претседател на Факултетското собрание, надевајќи се дека тој кандидат ќе им донесе глас повеќе при изборот на нов декан на Филозофскиот факултет. Ваквите игри не само што ја нарушуваат студентската автономија која е загарантирана туку и сериозно го поткопуваат и нарушуваат кредибилитетот на УКИМ како најстар универзитет во Македонија. Апелираме до студентите на Филозофски факултет доколку почуствуваат закани, притисоци од професорите да се обратат до Студентски отпор, а при изборите да гласаат по сопствена волја.

The post Притисоци и закани кон студентите на Филозофскиот факултет поради политичките превирања за избор на нов декан appeared first on Република.

]]>
Студентите со порака до функционерите: Ајде да ги замениме нашите оброци со вашите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/studentite-so-poraka-do-funktsionerite-ajde-da-gi-zamenime-nashite-obrotsi-so-vashite/ Mon, 16 Oct 2023 21:11:42 +0000 https://republika.mk/?p=691864

Ајде да ги замениме нашите оброци со вашите, се вели во пораката на „Студентски Отпор“ до владините функционери.

Додека студентите секојдневно треба да прават пресметки и да стравуваат дали ќе им стигнат 140 денари на ден за убав и квалитетен оброк, функционерите се „гоштеваат“ штедејќи врз грбот на студентите. Иако имаат поголем стандард од нас студентите, иако си ги зголемија веќе високите плати за 78%, сепак функционерите одлучуваат студентите да гладуваат додека тие комотно седат на кожни фотелји без грижа и совест за студентите.

Не е подобра ситуацијата во студентските домови.

Студентите кои престојуваат таму, се жалат дека соочуваат со низа проблеми кога е во прашање храната, укинат им е појадокот, често наоѓаат инсекти во оброците, минатата година студентите од Студентскиот Дом Пелагонија се затруја со храна.

На функционерите им порачуваме: „Ајде да го замениме нашиот сув и бајат леб за вашите функционерски оброци!“

Студентски Отпор будно ќе ја следи ситуацијата во наредниот период, се вели во реакцијата на студентската организација.

https://republika.mk/vesti/makedonija/zhivo-dhabe-vo-restoranot-vo-vladata-chorba-za-60-denari-svinska-veshalitsa-za-130-shtrudla-i-tulumba-za-30/

The post Студентите со порака до функционерите: Ајде да ги замениме нашите оброци со вашите appeared first on Република.

]]>

Ајде да ги замениме нашите оброци со вашите, се вели во пораката на „Студентски Отпор“ до владините функционери.
Додека студентите секојдневно треба да прават пресметки и да стравуваат дали ќе им стигнат 140 денари на ден за убав и квалитетен оброк, функционерите се „гоштеваат“ штедејќи врз грбот на студентите. Иако имаат поголем стандард од нас студентите, иако си ги зголемија веќе високите плати за 78%, сепак функционерите одлучуваат студентите да гладуваат додека тие комотно седат на кожни фотелји без грижа и совест за студентите.   Не е подобра ситуацијата во студентските домови.   Студентите кои престојуваат таму, се жалат дека соочуваат со низа проблеми кога е во прашање храната, укинат им е појадокот, често наоѓаат инсекти во оброците, минатата година студентите од Студентскиот Дом Пелагонија се затруја со храна.   На функционерите им порачуваме: „Ајде да го замениме нашиот сув и бајат леб за вашите функционерски оброци!“   Студентски Отпор будно ќе ја следи ситуацијата во наредниот период, се вели во реакцијата на студентската организација.
https://republika.mk/vesti/makedonija/zhivo-dhabe-vo-restoranot-vo-vladata-chorba-za-60-denari-svinska-veshalitsa-za-130-shtrudla-i-tulumba-za-30/

The post Студентите со порака до функционерите: Ајде да ги замениме нашите оброци со вашите appeared first on Република.

]]>
„Студентски отпор правда“ бара преиспитување на одлуката за ДДВ-то за прехранбени производи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/studentski-otpor-pravda-bara-preispituvane-na-odlukata-za-ddv-to-za-prehranbeni-proizvodi/ Sat, 07 Oct 2023 12:50:21 +0000 https://republika.mk/?p=688922

Здружението „Студентски отпор правда“ реагира на зголемувањето на ДДВ-то за прехранбените производи и бара Владата да ја преиспита одлуката.

Во реакцијата се наведува дека со зголемувањето на цената на храната не ќе можат со 140-те денари што ги добиваат како субвенциониран студенски оброк да ги задоволат основните потреби за храна во текот на денот.

-Животот е се поскап, нашите родители мака мачат со ниските плати кои ги остваруваат на месечно ниво да ни обезбедаат соодветен живот, а згора на тоа куповната моќ на 140 денари субвенциониран студентски оброк се намалува, велат од Здружението.

Од здружението се надеваат дека ќе се намали ДДВ-то на храната и со тоа, како што наведуваат во соопштението, студентите повторно ќе може да си дозволат попристоен оброк во текот на денот.

The post „Студентски отпор правда“ бара преиспитување на одлуката за ДДВ-то за прехранбени производи appeared first on Република.

]]>

Здружението „Студентски отпор правда“ реагира на зголемувањето на ДДВ-то за прехранбените производи и бара Владата да ја преиспита одлуката. Во реакцијата се наведува дека со зголемувањето на цената на храната не ќе можат со 140-те денари што ги добиваат како субвенциониран студенски оброк да ги задоволат основните потреби за храна во текот на денот. -Животот е се поскап, нашите родители мака мачат со ниските плати кои ги остваруваат на месечно ниво да ни обезбедаат соодветен живот, а згора на тоа куповната моќ на 140 денари субвенциониран студентски оброк се намалува, велат од Здружението. Од здружението се надеваат дека ќе се намали ДДВ-то на храната и со тоа, како што наведуваат во соопштението, студентите повторно ќе може да си дозволат попристоен оброк во текот на денот.

The post „Студентски отпор правда“ бара преиспитување на одлуката за ДДВ-то за прехранбени производи appeared first on Република.

]]>
Студентски отпор најавува протести: Киријата во домовите 30 отсто зголемена, појадокот укинат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/studentski-otpor-najavuva-protesti-kirijata-vo-domovite-30-otsto-zgolemena-pojadokot-ukinat/ Sun, 17 Sep 2023 08:29:56 +0000 https://republika.mk/?p=682542

Студентски отпор најавува масовна мобилизација на студентите, а не исклучуваат ни протети, како што велат во нивната објава на Фејсбук.

Тие велат дека како и секоја академска година, така и оваа 2023/24 студентите повторно се соочуваат со истите проблеми од претходните години.

Имено, годинава, месечната кирија во студентските домови се зголеми на 3945 денари, трошоците за амортизација на 700 денари, за испринтани 4 листови А4 формат при вселување студентите плаќаат 500 денари, а 300 денари за фиктивната картичка за јадење која не се користи воопшто, велат студентите.

Еден од најголемите скандали пред почетокот на академската година е тоа што на студентите во студентските домови им е укинат и појадокот. Наместо да добијат зголемување на сумата на ССО, МОН им скратува појадок и им ја зголемува киријата за 30%, реагираат тие.

Исто така, во однос на Субвенционираниот Студентски Оброк на само две недели пред почетокот на новата академска година се уште немаме информација на кои места и во кои угостителски објекти ќе можат да се користат наменетите средства за ССО.

Студентски отпор будно ги следи проблемите и најавува масовна мобилизација на сите студенти и жестока реакција за студентските проблеми кои секоја година се полоши и полоши. Протести и демонстрации се една од опциите!, велат од Студентски отпор.

The post Студентски отпор најавува протести: Киријата во домовите 30 отсто зголемена, појадокот укинат appeared first on Република.

]]>

Студентски отпор најавува масовна мобилизација на студентите, а не исклучуваат ни протети, како што велат во нивната објава на Фејсбук. Тие велат дека како и секоја академска година, така и оваа 2023/24 студентите повторно се соочуваат со истите проблеми од претходните години. Имено, годинава, месечната кирија во студентските домови се зголеми на 3945 денари, трошоците за амортизација на 700 денари, за испринтани 4 листови А4 формат при вселување студентите плаќаат 500 денари, а 300 денари за фиктивната картичка за јадење која не се користи воопшто, велат студентите. Еден од најголемите скандали пред почетокот на академската година е тоа што на студентите во студентските домови им е укинат и појадокот. Наместо да добијат зголемување на сумата на ССО, МОН им скратува појадок и им ја зголемува киријата за 30%, реагираат тие. Исто така, во однос на Субвенционираниот Студентски Оброк на само две недели пред почетокот на новата академска година се уште немаме информација на кои места и во кои угостителски објекти ќе можат да се користат наменетите средства за ССО. Студентски отпор будно ги следи проблемите и најавува масовна мобилизација на сите студенти и жестока реакција за студентските проблеми кои секоја година се полоши и полоши. Протести и демонстрации се една од опциите!, велат од Студентски отпор.

The post Студентски отпор најавува протести: Киријата во домовите 30 отсто зголемена, појадокот укинат appeared first on Република.

]]>
Студентски отпор не се согласува со новиот начин на исплата за субвенционираниот оброк https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/studentski-otpor-ne-se-soglasuva-so-noviot-nachin-na-isplata-za-subventsioniraniot-obrok/ Fri, 11 Aug 2023 20:56:11 +0000 https://republika.mk/?p=671265

„Студентски отпор“ не се согласува со новиот начин на исплата на субвенционираниот студентски оброк.

Оттаму во објава на „Фејсбук“ посочуваат дека 140 денари дневно е мала сума за квалитетен оброк и дека голем дел од угостителските објекти во близина на кампусот на УКИМ не поседуваат терминали за плаќање со картички.

- На еден месец пред почетокот на академската година, се уште не е утврдено на кој начин, на кои места и во кое време ќе може да се користат средствата? Како што и претходно баравме, така и овој пат, сметаме дека согласно инфлацијата 140 денари дневно е мала сума за еден квалитетен оброк. Според предвиденото оброкот ќе може да го користиме само со картичка, а голем дел од угостителските објекти кои се наоѓаат во близина на кампусот на УКИМ не поседуваат терминали за плаќање со картички, се наведува во објавата.

Велат дека не се согласуваат со тоа средствата да не можат да се искористат следниот ден ако не се искористени истиот ден кога се префрлени.

Исплатата на студентскиот оброк за оваа студентска година ќе се врши преку специјална кобрендирана картичка, која „Шпаркасе Банка“ ќе ја издава во соработка со Министерството за образование и наука. Средствата во износ од 140 денари, студентите ќе може да ги користат кај правни лица што произведуваат, подготвуваат или продаваат храна и прехранбени производи.

The post Студентски отпор не се согласува со новиот начин на исплата за субвенционираниот оброк appeared first on Република.

]]>

„Студентски отпор“ не се согласува со новиот начин на исплата на субвенционираниот студентски оброк. Оттаму во објава на „Фејсбук“ посочуваат дека 140 денари дневно е мала сума за квалитетен оброк и дека голем дел од угостителските објекти во близина на кампусот на УКИМ не поседуваат терминали за плаќање со картички. - На еден месец пред почетокот на академската година, се уште не е утврдено на кој начин, на кои места и во кое време ќе може да се користат средствата? Како што и претходно баравме, така и овој пат, сметаме дека согласно инфлацијата 140 денари дневно е мала сума за еден квалитетен оброк. Според предвиденото оброкот ќе може да го користиме само со картичка, а голем дел од угостителските објекти кои се наоѓаат во близина на кампусот на УКИМ не поседуваат терминали за плаќање со картички, се наведува во објавата. Велат дека не се согласуваат со тоа средствата да не можат да се искористат следниот ден ако не се искористени истиот ден кога се префрлени. Исплатата на студентскиот оброк за оваа студентска година ќе се врши преку специјална кобрендирана картичка, која „Шпаркасе Банка“ ќе ја издава во соработка со Министерството за образование и наука. Средствата во износ од 140 денари, студентите ќе може да ги користат кај правни лица што произведуваат, подготвуваат или продаваат храна и прехранбени производи.

The post Студентски отпор не се согласува со новиот начин на исплата за субвенционираниот оброк appeared first on Република.

]]>
Разводнет студентскиот отпор: Студентите разединети ќе се борат за корката леб https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/razvodnet-studentskiot-otpor-studentite-razedineti-ke-se-borat-za-korkata-leb/ Thu, 20 Apr 2023 18:57:51 +0000 https://republika.mk/?p=632599

Соопштенија пристигнуваат до медиумите од адресата на Студентскиот отпор, а од нив прво што може да се види е дека студентите се раазединети во борбата за своите права.

Така, Студентски отпор го демантира Студентски отпор дека претставници на Студентски отпор денеска биле на средба со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/pretstavnitsi-na-studentski-otpor-se-sretnaa-so-pratenitsi-od-pratenichkata-grupa-na-vmro-dpmne/

Во соопштението со големи букви пишува дека „ПРЕТСТАВНИЦИ НА СТУДЕНТСКИ ОТПОР НЕ БЕА И ВО НИТУ ЕДЕН СЛУЧАЈ НЕМА ДА ОДАТ НА СРЕДБА СО ПРАТЕНИЦИ НА ВМРО - ДПМНЕ“.

Нивниот демант го пренесуваме во целост.

Денеска во јавноста на интернет портали блиски до политичката партија ВМРО - ДПМНЕ произлезе вест дека претставници на студентската организација Студентски отпор оствариле средба со пратенци на ВМРО - ДПМНЕ во однос на нивниот предлог закон за субвенциониран студентски оброк.

ЈАВНОСТА ЈА ИНФОРМИРАМЕ ДЕКА ОВА Е САМО ЕДЕН ПАТЕТИЧЕН ОБИД ДА СЕ ДИСКРЕДИТИРА И ПАРТИСКИ ДА СЕ ОБОИ ДВИЖЕЊЕТО СТУДЕНТСКИ ОТПОР!
Луѓето што присуствуваа на таа средба НЕ СЕ НАШИ ЧЛЕНОВИ, туку се членови на партискиот подмладок на ВМРО - ДПМНЕ, односно УМС.
Студентски отпор во ниту еден случај не би седнал на иста маса со претставници од партијата која најмногу придонесе за уништување на студентскиот стандард во Македонија со енормна корупција и непотизам по универзитетите во Македонија.
Нема да дозволиме борбата за подобар студентски стандард партиски да се обои од страна на една од најкриминогените партии во Македонија, а и пошироко.
Воедно, независните медиуми ги потсетуваме дека, поради вакви потези на одредени политички партии во Македонија кои имаат за цел да го партизираат ова студентско движење, да бидат повнимателни доколку известуваат за соопштенија или активности извршени од наша страна. Да известуваат единствено од официјалните профили на социјалните мрежи на Студентски отпор или од нашиот официјален емаил: otpor.studentski@gmail.com, стои во соопштението од Студентски отпор.

The post Разводнет студентскиот отпор: Студентите разединети ќе се борат за корката леб appeared first on Република.

]]>

Соопштенија пристигнуваат до медиумите од адресата на Студентскиот отпор, а од нив прво што може да се види е дека студентите се раазединети во борбата за своите права. Така, Студентски отпор го демантира Студентски отпор дека претставници на Студентски отпор денеска биле на средба со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ. https://republika.mk/vesti/makedonija/pretstavnitsi-na-studentski-otpor-se-sretnaa-so-pratenitsi-od-pratenichkata-grupa-na-vmro-dpmne/ Во соопштението со големи букви пишува дека „ПРЕТСТАВНИЦИ НА СТУДЕНТСКИ ОТПОР НЕ БЕА И ВО НИТУ ЕДЕН СЛУЧАЈ НЕМА ДА ОДАТ НА СРЕДБА СО ПРАТЕНИЦИ НА ВМРО - ДПМНЕ“. Нивниот демант го пренесуваме во целост.
Денеска во јавноста на интернет портали блиски до политичката партија ВМРО - ДПМНЕ произлезе вест дека претставници на студентската организација Студентски отпор оствариле средба со пратенци на ВМРО - ДПМНЕ во однос на нивниот предлог закон за субвенциониран студентски оброк. ЈАВНОСТА ЈА ИНФОРМИРАМЕ ДЕКА ОВА Е САМО ЕДЕН ПАТЕТИЧЕН ОБИД ДА СЕ ДИСКРЕДИТИРА И ПАРТИСКИ ДА СЕ ОБОИ ДВИЖЕЊЕТО СТУДЕНТСКИ ОТПОР! Луѓето што присуствуваа на таа средба НЕ СЕ НАШИ ЧЛЕНОВИ, туку се членови на партискиот подмладок на ВМРО - ДПМНЕ, односно УМС. Студентски отпор во ниту еден случај не би седнал на иста маса со претставници од партијата која најмногу придонесе за уништување на студентскиот стандард во Македонија со енормна корупција и непотизам по универзитетите во Македонија. Нема да дозволиме борбата за подобар студентски стандард партиски да се обои од страна на една од најкриминогените партии во Македонија, а и пошироко. Воедно, независните медиуми ги потсетуваме дека, поради вакви потези на одредени политички партии во Македонија кои имаат за цел да го партизираат ова студентско движење, да бидат повнимателни доколку известуваат за соопштенија или активности извршени од наша страна. Да известуваат единствено од официјалните профили на социјалните мрежи на Студентски отпор или од нашиот официјален емаил: otpor.studentski@gmail.com, стои во соопштението од Студентски отпор.

The post Разводнет студентскиот отпор: Студентите разединети ќе се борат за корката леб appeared first on Република.

]]>
Претставници на Студентски отпор се сретнаа со пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretstavnitsi-na-studentski-otpor-se-sretnaa-so-pratenitsi-od-pratenichkata-grupa-na-vmro-dpmne/ Thu, 20 Apr 2023 15:39:38 +0000 https://republika.mk/?p=632549

Претставници на организацијата Студентски отпор остварија средба со пратениците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на која ги изложиле своите ставови. Студентите целосно не се согласуваат со предлогот на владејачкото мнозинство за измена на Законот за субвенциониран студентски оброк од 120 на 140 денари на ден. Тие стојат на своите барања студентскиот оброк да биде 160 денари на ден, официјално известување за предлогот за картичен систем за исплата на студентскиот оброк, подобрување на условите во студентските домови.

Како Студентски отпор и како организација која максимално се залага за решавање на актуелните студентски прашања, цврсто стоиме зад ставот сумата на субвенционираниот студентски оброк да се зголеми од сегашните незначителни 120 денари, кои во состојба на криза и инфлација, како и намален студентски стандард, се сосема недоволни за основна егзистенција на студентите, да се зголеми во 160денари.  Сумата од 140 денари е договорена нелегитимно со неколкумина студенти, без да бидат прашани сите студенти со што нема поддршка од сите засегнати страни. Студентите не се изјаснија дека го прифаќаат ова решение! 140 денари се недоволни и тоа нема да го дозволиме! Овој став е рефлексија на моменталната состојба на студентите во Република Македонија и неможноста целосно да се посветат на академскиот успех и нивната иднина во оваа држава поради долгогодишниот недостаток од основни ресурси, велат од Студентски отпор.

Студентите побараа и средба со сите пратенички групи од Собранието на Република Македонија на која пред народните избраници ќе ги образложат своите барања.

Студентите се иднината на оваа држава, па така тие не смеат да бидат жртви на нефункционални системи и алчни функционери. 160 денари веднаш! Aпелираме на транспарентност од страна на сите засегнати страни, се со цел студентите да го добијат она што со право го заслужуваат, стои во соопштението до медиумите испратено од студентската организација Студентски отпор.

The post Претставници на Студентски отпор се сретнаа со пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

Во ситуација кога студентите чекаат „од наредниот месец“, некако многу брзо се сложија за покачувањето на платата за 78% https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-situatsija-koga-studentite-chekaat-od-naredniot-mesets-nekako-mnogu-brzo-se-slozhija-za-pokachuvaneto-na-platata-za-78/ Mon, 10 Apr 2023 15:43:43 +0000 https://republika.mk/?p=629550

Во ситуација каде што МОН и владата континуирано тврдат дека „од наредниот месец“ ќе се исплаќа навремено субвенциониран студентски оброк и стипендии, кога студентите од минатата академска не се обештетени поради „правни процедури„ - многу брзо се сложија дека покачување на нивната плата за 78% треба да има, реагираат од „Студентски отпор“.

Оваа е последна во долга континуирана низа на постапки каде што надлежните институции со дела покажуваат дека за студентите, средношколците, младите воопшто не им се приоритет. Особено во споредба со полнење на сопствените џебови.

Студентите ќе слушаат предавања во со децении стари, не реновирани објекти, ќе плаќаат илијадници денари во скриени трошоци секој семестар, ќе бидат жртви на легална корупција од страна на партиски обоени професори, но затоа за децата на Јетон Шаќири со новото покачување, ќе имаат доволно средства за уште едно ламборџини.

Стипендиите повторно доцнат, МОН повторно нема слух, факултетите се распаѓаат, кадар недостасува, имаме неверојатен одлив на мозоци - но најважното од се јавните функционери си ја покачија платата за 78%.

До кога ќе трпиме вакви работи драги наши колеги, до каде ни е полна чашата?, велат од студентското здружение.

The post Во ситуација кога студентите чекаат „од наредниот месец“, некако многу брзо се сложија за покачувањето на платата за 78% appeared first on Република.

]]>

Во ситуација каде што МОН и владата континуирано тврдат дека „од наредниот месец“ ќе се исплаќа навремено субвенциониран студентски оброк и стипендии, кога студентите од минатата академска не се обештетени поради „правни процедури„ - многу брзо се сложија дека покачување на нивната плата за 78% треба да има, реагираат од „Студентски отпор“.
Оваа е последна во долга континуирана низа на постапки каде што надлежните институции со дела покажуваат дека за студентите, средношколците, младите воопшто не им се приоритет. Особено во споредба со полнење на сопствените џебови. Студентите ќе слушаат предавања во со децении стари, не реновирани објекти, ќе плаќаат илијадници денари во скриени трошоци секој семестар, ќе бидат жртви на легална корупција од страна на партиски обоени професори, но затоа за децата на Јетон Шаќири со новото покачување, ќе имаат доволно средства за уште едно ламборџини. Стипендиите повторно доцнат, МОН повторно нема слух, факултетите се распаѓаат, кадар недостасува, имаме неверојатен одлив на мозоци - но најважното од се јавните функционери си ја покачија платата за 78%. До кога ќе трпиме вакви работи драги наши колеги, до каде ни е полна чашата?, велат од студентското здружение.

The post Во ситуација кога студентите чекаат „од наредниот месец“, некако многу брзо се сложија за покачувањето на платата за 78% appeared first on Република.

]]>
Стдуентите на Стоматолошки можат да останат без потпис од деканот зашто не биле на предавањето на визитинг професорка?! https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/stduentite-na-stomatoloshki-mozhat-da-ostanat-bez-potpisot-zashto-ne-bile-na-predavaneto-na-viziting-profesorka/ Sat, 01 Apr 2023 15:44:26 +0000 https://republika.mk/?p=626109

Дел од студентите на Стоматолошкиот факултет, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се соочуваат со закани, дека нема да добијат потпис на крајот од семестарот, од страна на деканот Ќиро Ивановски. Заканите се упатени кон студенти кои минатата недела не присуствувале на две визитинг предавања на проф. д-р Драгана Габриќ од Универзитетот во Загреб. Уште позапрепастувачки е тоа што овие предавања не биле задолжителни, што е напишано и на страната на факултетот.

Во новонастанатата ситуација, студенти кои биле редовни и ги посетувале вежбите и предавањата без изостаноци, сега се соочуваат со закана да не добијат потпис, а со тоа и да изгубат право да полагаат.

Студентите стравуваат дека неприсуството на незадолжителното предавање ќе има влијание покрај на предметот тематски „поврзан” со тоа предавање, дополнително со полагањето на сосема друг предмет кој никако не е поврзан со Деканот или предавањето со професорката од Загреб.
Студентски Отпор најостро ги осудува заканите испратени од Деканот до студентите. Бараме извинување за испратените закани за потписи по предметот за студентите кои биле редовни на наставата, кои и така им следуваат и за редовноста на вежбите.

Ги повикуваме ФСС на Стоматолошкиот Факултет и студентскиот Правобранител да реагираат затоа што во овој случај се прекршени студентските права. Од каде е тоа дискреционо право на Деканот да одлучува дека баш овие предавања се услов за потпис, кога самиот универзитет и факултет има свои правилници?

The post Стдуентите на Стоматолошки можат да останат без потпис од деканот зашто не биле на предавањето на визитинг професорка?! appeared first on Република.

]]>

Дел од студентите на Стоматолошкиот факултет, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се соочуваат со закани, дека нема да добијат потпис на крајот од семестарот, од страна на деканот Ќиро Ивановски. Заканите се упатени кон студенти кои минатата недела не присуствувале на две визитинг предавања на проф. д-р Драгана Габриќ од Универзитетот во Загреб. Уште позапрепастувачки е тоа што овие предавања не биле задолжителни, што е напишано и на страната на факултетот. Во новонастанатата ситуација, студенти кои биле редовни и ги посетувале вежбите и предавањата без изостаноци, сега се соочуваат со закана да не добијат потпис, а со тоа и да изгубат право да полагаат. Студентите стравуваат дека неприсуството на незадолжителното предавање ќе има влијание покрај на предметот тематски „поврзан” со тоа предавање, дополнително со полагањето на сосема друг предмет кој никако не е поврзан со Деканот или предавањето со професорката од Загреб. Студентски Отпор најостро ги осудува заканите испратени од Деканот до студентите. Бараме извинување за испратените закани за потписи по предметот за студентите кои биле редовни на наставата, кои и така им следуваат и за редовноста на вежбите. Ги повикуваме ФСС на Стоматолошкиот Факултет и студентскиот Правобранител да реагираат затоа што во овој случај се прекршени студентските права. Од каде е тоа дискреционо право на Деканот да одлучува дека баш овие предавања се услов за потпис, кога самиот универзитет и факултет има свои правилници?

The post Стдуентите на Стоматолошки можат да останат без потпис од деканот зашто не биле на предавањето на визитинг професорка?! appeared first on Република.

]]>
„Студентски отпор“ е незадоволен од игнорантскиот однос на институциите кон студентите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/studentski-otpor-e-nezadovolen-od-ignorantskiot-odnos-na-institutsiite-kon-studentite/ Thu, 23 Mar 2023 08:25:53 +0000 https://republika.mk/?p=622686

Движењето „Студентски отпор“ бара средба со министерот за образование и наука и нивни претставници да бидат вклучени во работните тела кои донесуваат одлуки во интерес на студентите.

Во соопштение до медиумите „Студентски отпор“ искажува незадоволство од институциите и, како што наведува, „нивниот игнорантски, незаинтересиран однос кон студентите, кој континуирано се зголемува низ годините, а особено изминативе месеци“.

Како што пишува во рекцијата, немаат намера да се откажат се до целосно исполнување на нивните барања и дека ќе настојуваат да ги остварат целите „користејќи ги сите расположливи механизми и средства“.

Покрај барањето средба со министерот и вклучување во работни тела, „Студентски отпор“ бара изедначување на стипендиите (ретроактивна исплата и нов анекс на договорите) и покачување на дневниот износ на субвенционираниот студентски оброк на 160 денари.

Во барањата се наведени и: дигитализација и укинување на т.н. скриени трошоци на факултетите; бесплатен/субвенциониран меѓуградски превоз за студентите; прецизни рокови за започнувањето и реализацијата на најавената реконструкција на студентските домови; стипендирање на студентите на втор циклус студии; модернизирање на лабораториите на природните и техничките факултети и прецизни рокови за започнување и реализација на изградбата на зградите на ФИНКИ и ДИФ.

Ги охрабруваме и повикуваме сите студенти да ни се придружат во нашата борба, бидејќи само сплотени можеме да предизвикаме достоинствени услови за студирање на младите и заедно да ја изградиме иднината, апелира „Студентски отпор“.

The post „Студентски отпор“ е незадоволен од игнорантскиот однос на институциите кон студентите appeared first on Република.

]]>

Движењето „Студентски отпор“ бара средба со министерот за образование и наука и нивни претставници да бидат вклучени во работните тела кои донесуваат одлуки во интерес на студентите. Во соопштение до медиумите „Студентски отпор“ искажува незадоволство од институциите и, како што наведува, „нивниот игнорантски, незаинтересиран однос кон студентите, кој континуирано се зголемува низ годините, а особено изминативе месеци“. Како што пишува во рекцијата, немаат намера да се откажат се до целосно исполнување на нивните барања и дека ќе настојуваат да ги остварат целите „користејќи ги сите расположливи механизми и средства“. Покрај барањето средба со министерот и вклучување во работни тела, „Студентски отпор“ бара изедначување на стипендиите (ретроактивна исплата и нов анекс на договорите) и покачување на дневниот износ на субвенционираниот студентски оброк на 160 денари. Во барањата се наведени и: дигитализација и укинување на т.н. скриени трошоци на факултетите; бесплатен/субвенциониран меѓуградски превоз за студентите; прецизни рокови за започнувањето и реализацијата на најавената реконструкција на студентските домови; стипендирање на студентите на втор циклус студии; модернизирање на лабораториите на природните и техничките факултети и прецизни рокови за започнување и реализација на изградбата на зградите на ФИНКИ и ДИФ.

Студентите бараат средба со министерот за образование, бесплатен меѓуградски превод, покачување на студентскиот оброк https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/studentite-baraat-sredba-so-ministerot-za-obrazovanie-besplaten-megugradski-prevod-pokachuvane-na-studentskiot-obrok/ Thu, 23 Mar 2023 08:07:24 +0000 https://republika.mk/?p=622682

Движењето „Студентски отпор“ бара средба со министерот за образование и наука и нивни претставници да бидат вклучени во работните тела кои донесуваат одлуки во интерес на студентите.

Во соопштение до медиумите „Студентски отпор“ искажува незадоволство од  институциите и, како што наведува, „нивниот игнорантски, незаинтересиран однос кон студентите, кој континуирано се зголемува низ годините, а особено изминативе месеци“.

Како што пишува во рекцијата, немаат намера да се откажат се до целосно исполнување на нивните барања и дека ќе настојуваат да ги  остварат целите „користејќи ги сите расположливи механизми и средства“.

Покрај барањето средба со министерот и вклучување во работни тела, „Студентски отпор“ бара изедначување на стипендиите (ретроактивна исплата и нов анекс на договорите) и покачување на дневниот износ на субвенционираниот студентски оброк на 160 денари.

Во барањата се наведени и: дигитализација и укинување на т.н. скриени трошоци на факултетите; бесплатен/субвенциониран меѓуградски превоз за студентите; прецизни рокови за започнувањето и реализацијата на најавената реконструкција на студентските домови; стипендирање на студентите на втор циклус студии; модернизирање на лабораториите на природните и техничките факултети и прецизни рокови за започнување и реализација на изградбата на зградите на ФИНКИ и ДИФ.

-Ги охрабруваме и повикуваме сите студенти да ни се придружат во нашата борба, бидејќи само сплотени можеме да предизвикаме достоинствени услови за студирање на младите и заедно да ја изградиме иднината, апелира „Студентски отпор“

The post Студентите бараат средба со министерот за образование, бесплатен меѓуградски превод, покачување на студентскиот оброк appeared first on Република.

]]>

Движењето „Студентски отпор“ бара средба со министерот за образование и наука и нивни претставници да бидат вклучени во работните тела кои донесуваат одлуки во интерес на студентите. Во соопштение до медиумите „Студентски отпор“ искажува незадоволство од  институциите и, како што наведува, „нивниот игнорантски, незаинтересиран однос кон студентите, кој континуирано се зголемува низ годините, а особено изминативе месеци“. Како што пишува во рекцијата, немаат намера да се откажат се до целосно исполнување на нивните барања и дека ќе настојуваат да ги  остварат целите „користејќи ги сите расположливи механизми и средства“. Покрај барањето средба со министерот и вклучување во работни тела, „Студентски отпор“ бара изедначување на стипендиите (ретроактивна исплата и нов анекс на договорите) и покачување на дневниот износ на субвенционираниот студентски оброк на 160 денари. Во барањата се наведени и: дигитализација и укинување на т.н. скриени трошоци на факултетите; бесплатен/субвенциониран меѓуградски превоз за студентите; прецизни рокови за започнувањето и реализацијата на најавената реконструкција на студентските домови; стипендирање на студентите на втор циклус студии; модернизирање на лабораториите на природните и техничките факултети и прецизни рокови за започнување и реализација на изградбата на зградите на ФИНКИ и ДИФ.
-Ги охрабруваме и повикуваме сите студенти да ни се придружат во нашата борба, бидејќи само сплотени можеме да предизвикаме достоинствени услови за студирање на младите и заедно да ја изградиме иднината, апелира „Студентски отпор“

The post Студентите бараат средба со министерот за образование, бесплатен меѓуградски превод, покачување на студентскиот оброк appeared first on Република.

]]>
Студентите им се придружуваат на средношколците: Масовен протест пред МОН во петок од 12:30 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/studentite-im-se-pridruzhuvaat-na-srednoshkoltsite-masoven-protest-pred-mon-vo-petok-od-12-30/ Thu, 16 Mar 2023 09:32:19 +0000 https://republika.mk/?p=620201

Во петок од 12:30 часот пред Министерството за образование и наука (МОН), Студентски отпор се приклучува на масовниот протест на студентите и средношколците, велат од младинското движење, додавајќи дека крајно време е студентот да се избори за своите права и да го искаже револтот на улица, кога институциите немаат слух по повеќемесечните барања на студентите.

Ништо од она што беше ветувано од страна на МОН и Владата не е остварено, односно имаме:

- Нетранспарентно договарање на цената за субвенциониран студентски оброк од 140 денари кога сите знаеме колкава е инфлацијата и дека таа сума е деградирачка;
- Континуирано доцнење на исплатата на студентскиот оброк;
- Неодговарање на апликациите за студентски оброк;
- Доцнење на исплата на стипендиите на студентите;
- Мизерни услови за студирање на факултетите, со прокапани кровови;
- Неисполнети ветувања за реконструкција на студентските домови;
- Труење со храна и мизерен оброк во студентските домови;
- Континуиран одлив на мозоци на високообразовани млади луѓе.

Од Студентски отпор се децидни дека доста е од деградирање на студентите и оставање на работ на маргините.

Масовно ќе се приклучиме на протестот заедно со средношколците и подготвени сме правдата да ја бараме со искажување на нашиот став и глас преку масовни студентски демонстрации.
Нема да запреме додека се од горенаведеното не биде исполнето!, велат од Студентски отпор.

The post Студентите им се придружуваат на средношколците: Масовен протест пред МОН во петок од 12:30 appeared first on Република.

]]>

Во петок од 12:30 часот пред Министерството за образование и наука (МОН), Студентски отпор се приклучува на масовниот протест на студентите и средношколците, велат од младинското движење, додавајќи дека крајно време е студентот да се избори за своите права и да го искаже револтот на улица, кога институциите немаат слух по повеќемесечните барања на студентите. Ништо од она што беше ветувано од страна на МОН и Владата не е остварено, односно имаме:
- Нетранспарентно договарање на цената за субвенциониран студентски оброк од 140 денари кога сите знаеме колкава е инфлацијата и дека таа сума е деградирачка; - Континуирано доцнење на исплатата на студентскиот оброк; - Неодговарање на апликациите за студентски оброк; - Доцнење на исплата на стипендиите на студентите; - Мизерни услови за студирање на факултетите, со прокапани кровови; - Неисполнети ветувања за реконструкција на студентските домови; - Труење со храна и мизерен оброк во студентските домови; - Континуиран одлив на мозоци на високообразовани млади луѓе.
Од Студентски отпор се децидни дека доста е од деградирање на студентите и оставање на работ на маргините.

Масовно ќе се приклучиме на протестот заедно со средношколците и подготвени сме правдата да ја бараме со искажување на нашиот став и глас преку масовни студентски демонстрации. Нема да запреме додека се од горенаведеното не биде исполнето!, велат од Студентски отпор.

The post Студентите им се придружуваат на средношколците: Масовен протест пред МОН во петок од 12:30 appeared first on Република.

]]>
Студентите најавуваат повторна радикализација: МОН не исполни ниту едно ветување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/studentite-najavuvaat-povtorna-radikalizatsija-mon-ne-ispolni-nitu-edno-vetuvane/ Tue, 14 Mar 2023 20:11:48 +0000 https://republika.mk/?p=619702

Мон преку својата континуирана негрижа за студентите и почитување на законските рокови ги принудува студентите повторно со протести и радикализација да си ги бараат своите права, велат од Студентски отпор.

Тие потсетуваат дека веќе влегуваме во третиот месец од новата година а МОН нема ниту едно ветување исполнето односно:

- Постојано се доцни со исплата на Субвенциониран студентски оброк. Според законот МОН е задолжен на секој 1-ви од новиот месец да исплаќа средства (околу 2500 денари) за претходниот месец, студентите минатата недела ги примија средствата за jануари.

- Студентите кои се првпат прифатени за стипендија немаат видено ниту денар, иако минатата година со исплата се почна во месец ноември, а сега завлегуваме во месец март.

- Континуирано се доцни со исплата на стипендии за студентите кои ја продолжуваат стипендијата - слична ситуација како со субвенционираниот студентски оброк.

- Реконструкцијата на студентските домови иако најавувана за 2023 година сè уште не е започната и нема никаков рок кога би требало да заврши, од МОН велат 2025та, можеби во исто време со зградите на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје и ФИНКИ.

Преговорите во однос на новиот закон за студентски оброк се одвиваат комплетно нетранспарентно и нема никакви официјални информации во однос на тоа како би се одвивала зголемената исплата од неверојатни 140 денари на дневно ниво, иако моменталниот начин на исплата на средства е на сила до 15 март.

- Најнова информација од МОН е дека до 15 mарт сите средства ќе бидат исплатени и сите сметки подмирени. Сакаме да веруваме дека е тоа така, иако согласно на досегашното искуство не можеме да бидеме оптимисти и да им веруваме на збор.

Како што гледаме МОН се дрзна и овој самопоставен рок од 15 mарт да го запостави, па во таа насока најавуваме протести и блокади на цело Скопје. Не како минатиот пат со еден протест и еден марш туку секојдневна блокада на сите булевари во главниот град, велат од струдентското здружение.

The post Студентите најавуваат повторна радикализација: МОН не исполни ниту едно ветување appeared first on Република.

]]>

Мон преку својата континуирана негрижа за студентите и почитување на законските рокови ги принудува студентите повторно со протести и радикализација да си ги бараат своите права, велат од Студентски отпор. Тие потсетуваат дека веќе влегуваме во третиот месец од новата година а МОН нема ниту едно ветување исполнето односно:
- Постојано се доцни со исплата на Субвенциониран студентски оброк. Според законот МОН е задолжен на секој 1-ви од новиот месец да исплаќа средства (околу 2500 денари) за претходниот месец, студентите минатата недела ги примија средствата за jануари. - Студентите кои се првпат прифатени за стипендија немаат видено ниту денар, иако минатата година со исплата се почна во месец ноември, а сега завлегуваме во месец март. - Континуирано се доцни со исплата на стипендии за студентите кои ја продолжуваат стипендијата - слична ситуација како со субвенционираниот студентски оброк. - Реконструкцијата на студентските домови иако најавувана за 2023 година сè уште не е започната и нема никаков рок кога би требало да заврши, од МОН велат 2025та, можеби во исто време со зградите на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје и ФИНКИ. Преговорите во однос на новиот закон за студентски оброк се одвиваат комплетно нетранспарентно и нема никакви официјални информации во однос на тоа како би се одвивала зголемената исплата од неверојатни 140 денари на дневно ниво, иако моменталниот начин на исплата на средства е на сила до 15 март. - Најнова информација од МОН е дека до 15 mарт сите средства ќе бидат исплатени и сите сметки подмирени. Сакаме да веруваме дека е тоа така, иако согласно на досегашното искуство не можеме да бидеме оптимисти и да им веруваме на збор. Како што гледаме МОН се дрзна и овој самопоставен рок од 15 mарт да го запостави, па во таа насока најавуваме протести и блокади на цело Скопје. Не како минатиот пат со еден протест и еден марш туку секојдневна блокада на сите булевари во главниот град, велат од струдентското здружение.

The post Студентите најавуваат повторна радикализација: МОН не исполни ниту едно ветување appeared first on Република.

]]>
Повраќале цела ноќ, утрото немале вода да се измијат: Труење од храна во студентскиот дом „Пелагонија“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/povrakale-tsela-nok-utroto-nemale-voda-da-se-izmijat-truene-od-hrana-vo-studentskiot-dom-pelagonija/ Wed, 28 Dec 2022 14:01:29 +0000 https://republika.mk/?p=591048

Организацијата „Студентски отпор“ обзнани дека имало случаи на труење со храна во студентскиот дом Пелагонија во Скопје.

Денес до нас пристигна информација за труење од храна во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје. Навистина сме згрозени од фактот што во моментот многу студенти се жалат и се завршени на инфективните клиники, велат од „Студентски отпор“.

Прашуваме јавно, велат оттаму, ваков ли студентски стандард и студентски оброци ветуваа луѓето од власта или студентите кои ги гледаат само како пропаганден материјал за користење, како што беше фамозниот „ручек со студентите“ на премиерот?

„Студентски отпор“ будно ја следи ситуацијата во студентскиот дом Пелагонијa, строго го осудува игнорантниот однос на власта кон студентите и ваквите нехумани услови во кои студентите престојуваат!, додаваат од таму.

The post Повраќале цела ноќ, утрото немале вода да се измијат: Труење од храна во студентскиот дом „Пелагонија“ appeared first on Република.

Државата се уште не исплатила за студентски оброк: Си играте со трпението, велат од Студентски отпор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/drzavata-se-ushte-ne-isplatila-za-studentski-obrok-si-igrate-so-trpenieto/ Thu, 15 Dec 2022 21:21:01 +0000 https://republika.mk/?p=586228

Се уште не се исплатени финансиските средствашто законски им следуваат на студентите, тврдат од „Студентски отпор". Оттаму велат дека со тоа Владата и МОН го тестираст трпението на студентите.

Според законското решение донесено пред само неколку месеци, за кое ние предупредувавме дека ќе биде на штета на студентите и ќе даде непосакувани резултати, предвидена е исплата на средствата за субвенциониран студентски оброк до 15 декември оваа година. Она што е уште посимптоматично во овој случај е што конкурсот за аплицирање траеше до 3 декември, а студентите се уште немаат никаква информација за тоа кога ќе бидат исплатени ветените средства кои им следуваат на студентите, велат од младинската организација.

Студентите тврдат дека недостасува непосреден контакт до нив.

Конфузното законско решение и недостатокот од директен и непосреден контакт со студентите и младите, доведуваат до кочење на процесите и нереализирање на она што на сите нас ни беше ветено, а истовремено испромовирано во името на грижата за студентите. Меѓудругото, изедначувањето на стипендиите кое беше наводно предвидено, се’ уште немаме одговор од надлежните институции дали ќе биде реализирано и покрај тоа што со големо задоцнување беа објавени конкурсите за стипендиите. Како загрижени студенти што се подготвени да се борат за она што ни следува, за подобар студентски и младински стандард во државата, бараме итен одговор од МОН и Министерот за тоа КОГА студентите ќе ги добијат средствата што законски им следуваат?, прашуваат студентите.

The post Државата се уште не исплатила за студентски оброк: Си играте со трпението, велат од Студентски отпор appeared first on Република.

„Студентски отпор“ со последен апел до пратениците: Излезете ни во пресрет https://arhiva3.republika.mk/vesti/studentski-otpor-so-posleden-apel-do-pratenicite-izlezete-ni-vo-presret/ Mon, 21 Nov 2022 10:50:58 +0000 https://republika.mk/?p=576432

„Студентски отпор“ упатува апел до сите пратенички групи во Собранието денеска како последен ден од рокот за поднесување на амандмани на Буџетот за 2023 година да се излезе во пресрет на студентите и да се зголемат средствата што ги предвиделе од Министерството за образование и наука (МОН).

Имено во предлог-буџетот за 2023 година, забележуваме значително намалување и тоа во ставката наменета за „ученички стандард“ за 19,72 проценти, ставката за „студентски стандард“ намалена за 17,96 отсто, ставката наменета за „наука“ намалена за 30,87 посто и ставката наменета за „инвестиции во образованието“ намалена за 17,24 проценти. Особено сме загрижени од намалувањето на предвидените средства во однос на 2022 година за „изградба и реконструкција на студентски домови“ за 31 посто и „енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови“ за дури 46 отсто, се вели во соопштението од Студентскиот отпор за правата на студентите.

Оттаму бараат пратеничките групи да поднесат амандмани со кои се предвидува зголемување на овие ставки и да се престане со штедење и намалување на средства кои, како што велат, се директно на штета на младите луѓе во земјава.

Со зголемување на средствата бараме зголемување на субвенцијата за студентски оброк од 120 на 160 денари и задржување на постојните критериуми, но исто така бараме во студентските домови да има повисок квалитет на храна и лифтовите да работат во текот на целиот ден. Во делот на инвестициите во образованието бараме да се предвидат средства за реконструкција на сите студентски домови. Само во овие три програми (студентски стандард, ученички стандард и инвестиции во образованието) Владата за 2023 година предвидува речиси 500 милиони денари помалку отколку со Буџетот за 2022 година. Уште еднаш ги замолуваме пратениците да поднесат амандмани за зголемување на овие ставки за доброто на младите кои се иднината на секоја држава, се вели во барањето на „Студентски отпор“.

The post „Студентски отпор“ со последен апел до пратениците: Излезете ни во пресрет appeared first on Република.

Студентски марш: Владата да креира системски решенија за подобрување на студентскиот стандард https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/studentski-marsh-vladata-da-kreira-sistemski-reshenija-za-podobruvanje-na-studentskiot-standard/ Thu, 17 Nov 2022 19:38:16 +0000 https://republika.mk/?p=575117

Со транспаренти со пораки и примероци од храна оставени пред влезот на Министерството за образование и наука (МОН), студентите вечерва изразија незадоволство од студентскиот стандард и владините антикризни мерки.

„Дали е ова 1939?. Без образование нема држава!“, „Тука сме за домот навистина да ти биде како дома“, „Тука сме за да не ти биде џабе учењето“, „Ајде да ги земениме нашите оброци со вашите“, беа само дел од пораките кои ги упатија на студентскиот марш што започна пред Владата, а заврши пред МОН.

Маршот се одржа по повод Меѓународниот ден на студентите, во организација на универзитетските студентски собранија при УКИМ, Штуловиот универзитет, ФОН, Американ колеџ, ФОП, универзитетите од Битола и Штип и движењето „Студентски отпор“.

Студентите побараа подобри услови во студентските домови, изземање на студентите од антикризните мерки, целосно спроведување на Законот за студентски оброк, изедначување на стипендиите, дигитализација и подигнување на квалитетот на образование.

Учесниците на маршот ги потсетија надлежните на дадените ветувања, потенцирајќи дека се потребни конкретни мерки за нивните барања.

-Да испратиме силна порака до надлежите дека е доста од поигрување со студентите и нивните права, пред мене гледам многу мои другари и пријатели со кои во текот на нашето студирање се соочивме со студот, со гладот, со катастрофалните услови во студентските домови кои се под секое човечко достоинство. Сакам да ги потсетам надлежните институции додека кажуваат бајки за европската иднина ние во студентските домови водиме своја војна, таму во 2022 година се уште се водат тешки преговори за обезбедување на подобри услови. Сите нас не обединува само една работа, а тоа е заштита на нашите права, сите нас не обеднуваат неисполнетите ветувањата, ни ветуваа „брда и долини“, а не добивме ништо. Напротив  живееме се полошо од претходно, потребни се конкретни мерки кои ќе ги задоволат нашите барања, порача студентот Илија Ристески.

Претседателот на Универзитетското студентско собрание на американскиот универзитет на Америка ФОН Мила Петрушевска рече дека приватните факултети се подеднакво засегнати од проблемите со студентскиот стандард.

-Ние сме подеднакво засегнати затоа сме тука и не само денеска туку и изминатите средби и допрва ќе продолжиме да се бориме, барањата се подеднакво исти и од наша страна, само што ние како приватен универзитет имаме дополнително барање што немаме опција за бесплатен јавен превоз за студенти на приватните факултети, бидејќи сите знаеме дека на државните факултети студентите не плаќаат додека ние плаќаме, изјави Петрушевска.

Во насока на одржаните средби во изминатите денови помеѓу студентските претставници и претставници од институциите претседателот на УСС при УКИМ Славчо Темелковски, изрази надеж дека ќе дадат резултат и оти нивната вклученост во креирањето на политиките ќе биде пракса во иднина.

-Во понеделникот имавме прва работна група каде се сретнавме со банкарскиот сектор поминавме добро на таа средба, и како што кажав многу пати досега доколку ние учествуваме во процесот верувам дека ќе се донесат квалитетни законски решенија и младински политики. Исто така, денеска на иницијатива на Универзитетското студентско собрание при УКИМ уште пред две недели, беше одржана средба во просториите на Клубот на пратеници каде констатиравме дека до среда МОН ќе излезе со конкретен акциски план за решавање на најкруцијалните прашања поврзани со домовите. Има квалитетни млади и покажавме многу поголема созреаност и зрелост во однос на оние кои моментално ги носат младинските политики, па поради тоа еден од условите што го поставивме беше Универзитетските студентски собранија активно да учествуваат во носењето на политиките и верувам од сега па натаму активно ќе не вклучат во сите процеси и на тој начин заедно ќе креирам подобри решенија, порача Темелковски.

Во организација на младинското движење „Студентски отпор“  пред три дена се одржа протест, а по кој беше постигнат договор да остане постојното решение за субвенциониран студентски оброк до наоѓање системско решение.

Собраниската Комисија за финансирање и буџет вечерва го разгледа Предлог-законот за изменување на Законот за субвенциониран студентски оброк, по скратена постапка, со кој се предвидува до 15 март идната година на секој студент во државата да му се исплаќаат по 120 денари за оброк или 2.400 денари месечно, и предложи да се проследи на натамошна постапка во Собранието.

The post Студентски марш: Владата да креира системски решенија за подобрување на студентскиот стандард appeared first on Република.

]]>

Со транспаренти со пораки и примероци од храна оставени пред влезот на Министерството за образование и наука (МОН), студентите вечерва изразија незадоволство од студентскиот стандард и владините антикризни мерки. „Дали е ова 1939?. Без образование нема држава!“, „Тука сме за домот навистина да ти биде како дома“, „Тука сме за да не ти биде џабе учењето“, „Ајде да ги земениме нашите оброци со вашите“, беа само дел од пораките кои ги упатија на студентскиот марш што започна пред Владата, а заврши пред МОН. Маршот се одржа по повод Меѓународниот ден на студентите, во организација на универзитетските студентски собранија при УКИМ, Штуловиот универзитет, ФОН, Американ колеџ, ФОП, универзитетите од Битола и Штип и движењето „Студентски отпор“. Студентите побараа подобри услови во студентските домови, изземање на студентите од антикризните мерки, целосно спроведување на Законот за студентски оброк, изедначување на стипендиите, дигитализација и подигнување на квалитетот на образование.     Учесниците на маршот ги потсетија надлежните на дадените ветувања, потенцирајќи дека се потребни конкретни мерки за нивните барања. -Да испратиме силна порака до надлежите дека е доста од поигрување со студентите и нивните права, пред мене гледам многу мои другари и пријатели со кои во текот на нашето студирање се соочивме со студот, со гладот, со катастрофалните услови во студентските домови кои се под секое човечко достоинство. Сакам да ги потсетам надлежните институции додека кажуваат бајки за европската иднина ние во студентските домови водиме своја војна, таму во 2022 година се уште се водат тешки преговори за обезбедување на подобри услови. Сите нас не обединува само една работа, а тоа е заштита на нашите права, сите нас не обеднуваат неисполнетите ветувањата, ни ветуваа „брда и долини“, а не добивме ништо. Напротив  живееме се полошо од претходно, потребни се конкретни мерки кои ќе ги задоволат нашите барања, порача студентот Илија Ристески. Претседателот на Универзитетското студентско собрание на американскиот универзитет на Америка ФОН Мила Петрушевска рече дека приватните факултети се подеднакво засегнати од проблемите со студентскиот стандард. -Ние сме подеднакво засегнати затоа сме тука и не само денеска туку и изминатите средби и допрва ќе продолжиме да се бориме, барањата се подеднакво исти и од наша страна, само што ние како приватен универзитет имаме дополнително барање што немаме опција за бесплатен јавен превоз за студенти на приватните факултети, бидејќи сите знаеме дека на државните факултети студентите не плаќаат додека ние плаќаме, изјави Петрушевска.   Во насока на одржаните средби во изминатите денови помеѓу студентските претставници и претставници од институциите претседателот на УСС при УКИМ Славчо Темелковски, изрази надеж дека ќе дадат резултат и оти нивната вклученост во креирањето на политиките ќе биде пракса во иднина. -Во понеделникот имавме прва работна група каде се сретнавме со банкарскиот сектор поминавме добро на таа средба, и како што кажав многу пати досега доколку ние учествуваме во процесот верувам дека ќе се донесат квалитетни законски решенија и младински политики. Исто така, денеска на иницијатива на Универзитетското студентско собрание при УКИМ уште пред две недели, беше одржана средба во просториите на Клубот на пратеници каде констатиравме дека до среда МОН ќе излезе со конкретен акциски план за решавање на најкруцијалните прашања поврзани со домовите. Има квалитетни млади и покажавме многу поголема созреаност и зрелост во однос на оние кои моментално ги носат младинските политики, па поради тоа еден од условите што го поставивме беше Универзитетските студентски собранија активно да учествуваат во носењето на политиките и верувам од сега па натаму активно ќе не вклучат во сите процеси и на тој начин заедно ќе креирам подобри решенија, порача Темелковски. Во организација на младинското движење „Студентски отпор“  пред три дена се одржа протест, а по кој беше постигнат договор да остане постојното решение за субвенциониран студентски оброк до наоѓање системско решение.   Собраниската Комисија за финансирање и буџет вечерва го разгледа Предлог-законот за изменување на Законот за субвенциониран студентски оброк, по скратена постапка, со кој се предвидува до 15 март идната година на секој студент во државата да му се исплаќаат по 120 денари за оброк или 2.400 денари месечно, и предложи да се проследи на натамошна постапка во Собранието.

The post Студентски марш: Владата да креира системски решенија за подобрување на студентскиот стандард appeared first on Република.

]]>