студентски оброк Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/studentski-obrok/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Nov 2024 10:46:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png студентски оброк Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/studentski-obrok/ 32 32 Јаневска: До крајот на годината ќе се знае дали студентскиот оброк ќе биде 160 денари или ќе остане 140 и ќе може да го користат и студенти кои работат „парт-тајм“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-do-krajot-na-godinata-ke-se-znae-dali-studentskiot-obrok-ke-bide-160-denari-ili-ke-ostane-140-i-ke-mozhe-da-go-koristat-i-studenti-koi-rabotat-part-tajm/ Tue, 19 Nov 2024 10:46:34 +0000 https://republika.mk/?p=839547

До крајот на годината ќе се знае дали студентскиот оброк ќе биде 160 денари или ќе биде проширен опсегот, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска која беше во посета на штипската гимназија „Славчо Стојменски“ каде што меѓудругото говореше за зголемувањето на буџетото за 2025 година во кој се планира да има околу 30 милиони евра или 18 отсто повеќе средства за студентскиот стандард во споредба со оваа година.

Но, се уште разговараме со студентите, затоа што тие имаат некоја поинаква идеја. Сметаат дека за 140 денари можат да добијат во одредени маркети, одредени ресторани комплетен оброк, а дека би можело да се прошири опсегот, на пример и студенти кои работат „парт тајм“, а се уште непостигнале одредена сума на средства би можеле и тие. Значи до крајот на годината, тоа ние ќе го дефинираме и веднаш ќе се знае во јануари, дали ќе добијат 160 денари студентски оброк или ќе биде проширен опсегот, изјави Јаневска.

Прашана за лошата состојба во Студентскиот дом „Пелагонија“, на која се жалат студентите и дали ќе има интервенции во него, министерката за образование и наука Јаневска изјави дека ќе има интервенции.

Мора да има. Значи слушам различни шпекулации. Директорот на Студентскиот дом не си ја извршува својата функција и затоа ќе мора да преземеме чекори, во најблиска иднина побараме и поставиме нов директор. Да, студентите се жалат дека нема топла вода, храната е на навистина ниско ниво и не можеме да дозволиме неодговорни луѓе и понатаму да си играат со судбината на студентите. Младите се исклучително важни за оваа држава. Ние обезбедуваме средства од буџетот, од граѓаните и секој раководител мора сериозно да си ја сфати работат, вели Јаневска.

Министерката за образование и наука Јаневска смета дека овој проблем со Студентскиот дом „Пелагонија“ ќе се реши најдоцна за два до три дена.

The post Јаневска: До крајот на годината ќе се знае дали студентскиот оброк ќе биде 160 денари или ќе остане 140 и ќе може да го користат и студенти кои работат „парт-тајм“ appeared first on Република.

]]>

За студентскиот оброк се пријавуваат и бруцоши кои до 20 септември ќе стекнат статус редовен студент https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-studentskiot-obrok-se-prijavuvaat-i-brutsoshi-koi-do-20-septemvri-ke-steknat-status-redoven-student/ Tue, 27 Aug 2024 10:35:31 +0000 https://republika.mk/?p=810544

Во тек е пријавување за субвенциониран студентски оброк, повикот се однесува и на потенцијалните бруцоши кои до 20 септември ќе стекнат статус на редовен студент

Министерството за образование и наука потсетува дека во тек е пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024-2025 година. Повикот трае до 5 септември и на истиот, освен тековните студенти, можат да се пријават и потенцијалните бруцоши, односно оние граѓани кои во меѓувреме ќе аплицираат за упис во прва година на факултет. За нив, во соработка со високообразовните установи до 20 септември ќе се проверува дали се примени како редовни студенти.

Условите и критериумите за остварување на правото се наведени на следниот линк.
Аплицирањето се спроведува електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/.

Секој апликант кој има потреба од непосредна поддршка при аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, може да се обрати до Секторот за ученички и студентски стандард преку следниот контакт: subvencioniran.obrok@mon.gov.mk или во наменската канцеларија на приземјето во зградата на министерството.

Финансиската поддршка во износ од 140 денари е наменета за купување храна, а студентот може да ја користи од понеделник до сабота, кај правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна.

The post За студентскиот оброк се пријавуваат и бруцоши кои до 20 септември ќе стекнат статус редовен студент appeared first on Република.

]]>

Во тек е пријавување за субвенциониран студентски оброк, повикот се однесува и на потенцијалните бруцоши кои до 20 септември ќе стекнат статус на редовен студент Министерството за образование и наука потсетува дека во тек е пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024-2025 година. Повикот трае до 5 септември и на истиот, освен тековните студенти, можат да се пријават и потенцијалните бруцоши, односно оние граѓани кои во меѓувреме ќе аплицираат за упис во прва година на факултет. За нив, во соработка со високообразовните установи до 20 септември ќе се проверува дали се примени како редовни студенти. Условите и критериумите за остварување на правото се наведени на следниот линк. Аплицирањето се спроведува електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/. Секој апликант кој има потреба од непосредна поддршка при аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, може да се обрати до Секторот за ученички и студентски стандард преку следниот контакт: subvencioniran.obrok@mon.gov.mk или во наменската канцеларија на приземјето во зградата на министерството. Финансиската поддршка во износ од 140 денари е наменета за купување храна, а студентот може да ја користи од понеделник до сабота, кај правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна.  

The post За студентскиот оброк се пријавуваат и бруцоши кои до 20 септември ќе стекнат статус редовен студент appeared first on Република.

]]>
За студентски оброк до 5 септември ќе може да аплицираат и бруцоши https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-studentski-obrok-do-5-septemvri-ke-mozhe-da-aplitsiraat-i-brutsoshi/ Sat, 24 Aug 2024 18:48:28 +0000 https://republika.mk/?p=809823

Министерството за образование и наука позитивно одговорило на две од трите барања кои Универзитетското студентско собрание (УСС) на Скопскиот универзитет му ги достави пред два дена. Министерката Весна Јаневска изјави дека нив ги решиле „експресно, во рок од еден ден“, а за третото е потребно извесно време.

На барањето на УСС на УКИМ да се продолжи рокот за аплицирање за студентски оброк и по 5 септември, за да може да аплицираат и студентите бруцоши односно да не мора да конкурираат за ова право еден месец подоцна, Јаневска рече дека и студентите кои годинава се запишуваат во прва година, исто така, ќе може да аплицираат до рокот утврден со повикот, 5 септември.

Јас ги повикувам сите бруцоши кои се надеваат дека ќе стекнат статус на студенти, да го искористат овој повик и да си аплицираат. Мечирањето ние ќе го направиме на 20 септември и сите што ќе имаат статус на редовен студент, ќе си добијат студентски оброк, рече Јаневска по посетата на ОУ „Љубен Лапе“ во Аеродром.

Исполнето е и барањето на студентите за оние што завршиле три години додипломски студии да имаат право да аплицираат за стипендии за втор циклус студии.

Ние тоа веднаш го решаваме и на тој начин ја укинуваме дискриминацијата која тие ја имале во однос на другите студенти, рече Јаневска.

За барањето на УСС на УКИМ да се усвои Законот за младински стандард т.е. да се поднесе предлог иницијатива за усвојување на веќе планираниот закон, министерката одговори дека на тоа ќе треба да причекаат извесен период.

Затоа што треба да го погледнеме и ние, да го усогласиме со нив и се надевам дека во најскоро време и тоа ќе го завршиме, додаде министерката.

Во однос на субвенционираниот студентски оброк, за кој електронското аплицирање е во тек од 15 август до 5 септември, и дали ќе има покачување на дневниот износ од 140 денари од оваа академска година, Јаневска одговори дека во буџетот за следната година ќе биде предвидено зголемување на износот.

Не можам во овој момент со сигурност да кажам колку ќе биде, но во следната година студентите секако ќе имаат покачен студентки оброк, рече Јаневска.

Во врска со ревизијата на работата на факултетите (државни и приватни), за што во фаза на формирање е посебно владино тело за кое е надлежно МОН, министерката посочи дека сите високообразовни установи ќе треба да претрпат промени во организацијата на нивната целокупна работа, вклучително и студиските програми.

Како што рече таа, со силни напори успеале да обезбедат средства до крајот на годинава да бидат направени неколку евалуации на високообразовни установи.

Доколку се утврди неправилно работење и ако некој факултет биде затворен, студентите што таму се запишани ќе бидат префрлени на други факултети што законски работат и не треба да стравуваат за нешто што не зависи од нив.

Со оглед дека има 134 високообразовни институции, дека Државниот просветен инспекторат не е кадровски добро екипиран и му треба зајакнување, ќе бидат формирани комисии во МОН, а со оглед и на планираните средства, целиот процес на ревизија на работата во високото образование, рече Јаневска, ќе трае од една и пол до две, а можеби и две и пол години.

Веќе имавме средба со неколку ректори и сите со кои разговаравме се согласни дека треба да се направат реформи во високото образование. Но, тоа е процес. Не може министерот, и не треба, со декрет да носи одлуки, сепак ние треба да ја почитуваме и академската слобода. Го формираме тоа времено тело за реформи во високото образование каде што ќе учествуваат исклучително стручни лица со помош на секторите на МОН. Почнуваме со сеопфатна реформа – анализа на студиските програми, укинување на дел од нив во договор со универзитетите и факултетите, модернизирање на наставните програми..., рече Јаневска.

The post За студентски оброк до 5 септември ќе може да аплицираат и бруцоши appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука позитивно одговорило на две од трите барања кои Универзитетското студентско собрание (УСС) на Скопскиот универзитет му ги достави пред два дена. Министерката Весна Јаневска изјави дека нив ги решиле „експресно, во рок од еден ден“, а за третото е потребно извесно време. На барањето на УСС на УКИМ да се продолжи рокот за аплицирање за студентски оброк и по 5 септември, за да може да аплицираат и студентите бруцоши односно да не мора да конкурираат за ова право еден месец подоцна, Јаневска рече дека и студентите кои годинава се запишуваат во прва година, исто така, ќе може да аплицираат до рокот утврден со повикот, 5 септември.
Јас ги повикувам сите бруцоши кои се надеваат дека ќе стекнат статус на студенти, да го искористат овој повик и да си аплицираат. Мечирањето ние ќе го направиме на 20 септември и сите што ќе имаат статус на редовен студент, ќе си добијат студентски оброк, рече Јаневска по посетата на ОУ „Љубен Лапе“ во Аеродром.
Исполнето е и барањето на студентите за оние што завршиле три години додипломски студии да имаат право да аплицираат за стипендии за втор циклус студии.
Ние тоа веднаш го решаваме и на тој начин ја укинуваме дискриминацијата која тие ја имале во однос на другите студенти, рече Јаневска.
За барањето на УСС на УКИМ да се усвои Законот за младински стандард т.е. да се поднесе предлог иницијатива за усвојување на веќе планираниот закон, министерката одговори дека на тоа ќе треба да причекаат извесен период.
Затоа што треба да го погледнеме и ние, да го усогласиме со нив и се надевам дека во најскоро време и тоа ќе го завршиме, додаде министерката.
Во однос на субвенционираниот студентски оброк, за кој електронското аплицирање е во тек од 15 август до 5 септември, и дали ќе има покачување на дневниот износ од 140 денари од оваа академска година, Јаневска одговори дека во буџетот за следната година ќе биде предвидено зголемување на износот.
Не можам во овој момент со сигурност да кажам колку ќе биде, но во следната година студентите секако ќе имаат покачен студентки оброк, рече Јаневска.
Во врска со ревизијата на работата на факултетите (државни и приватни), за што во фаза на формирање е посебно владино тело за кое е надлежно МОН, министерката посочи дека сите високообразовни установи ќе треба да претрпат промени во организацијата на нивната целокупна работа, вклучително и студиските програми. Како што рече таа, со силни напори успеале да обезбедат средства до крајот на годинава да бидат направени неколку евалуации на високообразовни установи. Доколку се утврди неправилно работење и ако некој факултет биде затворен, студентите што таму се запишани ќе бидат префрлени на други факултети што законски работат и не треба да стравуваат за нешто што не зависи од нив. Со оглед дека има 134 високообразовни институции, дека Државниот просветен инспекторат не е кадровски добро екипиран и му треба зајакнување, ќе бидат формирани комисии во МОН, а со оглед и на планираните средства, целиот процес на ревизија на работата во високото образование, рече Јаневска, ќе трае од една и пол до две, а можеби и две и пол години.
Веќе имавме средба со неколку ректори и сите со кои разговаравме се согласни дека треба да се направат реформи во високото образование. Но, тоа е процес. Не може министерот, и не треба, со декрет да носи одлуки, сепак ние треба да ја почитуваме и академската слобода. Го формираме тоа времено тело за реформи во високото образование каде што ќе учествуваат исклучително стручни лица со помош на секторите на МОН. Почнуваме со сеопфатна реформа – анализа на студиските програми, укинување на дел од нив во договор со универзитетите и факултетите, модернизирање на наставните програми..., рече Јаневска.

The post За студентски оброк до 5 септември ќе може да аплицираат и бруцоши appeared first on Република.

]]>
Јаневска: Бруцошите од првиот месец ќе добиваат субвенциониран оброк https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-brutsoshite-od-prviot-mesets-ke-dobivaat-subventsioniran-obrok/ Sat, 24 Aug 2024 13:36:10 +0000 https://republika.mk/?p=809737

Бруцошите добиваат право на субвенциониран оброк уште од првиот месец на студиите, а студентите што се на интегрирани студии од 3+2 години ќе имаат право да аплицираат за стипендии за втор циклус на студии. Министерството за образование и наука ги прифати овие барања на Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Министерката Весна Јаневска изјави дека младите се приоритет на оваа Влада, а тоа значи дека нивниот глас се слуша при креирањето на политики.

Универзитетското студентско собрание ни достави три барања, од кои две прифативме веднаш. Така, студентите кои годинава се запишуваат во прва година, до 5 септември можат да аплицираат за студентски оброк. Јас ги повикувам сите бруцоши кои се надеваат дека ќе стекнат статус на студенти, да го искористат овој рок и да аплицираат“, рече министерката Јаневска одговарајќи на новинарско прашање по работната посета на основното училиште „Љубен Лапе“ во општина Аеродром.

Објасни дека министерството по службена должност ќе направи проверка дали апликантите стекнале статус на редовни студенти.

Со измени во Правилникот за начинот и постапката за финансирање, создавање и усовршување на научно – истражувачките кадри, Министерството за образование и наука ќе ја спречи дискриминацијата што досега ја имале студентите на интегрирани студии од 3+2 години, кои не можеа да аплицираат за стипендии за втор циклус на студии. Министерката Јаневска изјави дека и на ова барање на студентите, веднаш одговориле позитивно.

Студентите доставија и барање за усвојување на Закон за младински стандард. Нивниот предлог е неопходно подетално да го погледнеме, но, се надевам, дека во најскоро време и тоа ќе го завршиме“, рече министерката Јаневска.

The post Јаневска: Бруцошите од првиот месец ќе добиваат субвенциониран оброк appeared first on Република.

]]>

Бруцошите добиваат право на субвенциониран оброк уште од првиот месец на студиите, а студентите што се на интегрирани студии од 3+2 години ќе имаат право да аплицираат за стипендии за втор циклус на студии. Министерството за образование и наука ги прифати овие барања на Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Министерката Весна Јаневска изјави дека младите се приоритет на оваа Влада, а тоа значи дека нивниот глас се слуша при креирањето на политики.
Универзитетското студентско собрание ни достави три барања, од кои две прифативме веднаш. Така, студентите кои годинава се запишуваат во прва година, до 5 септември можат да аплицираат за студентски оброк. Јас ги повикувам сите бруцоши кои се надеваат дека ќе стекнат статус на студенти, да го искористат овој рок и да аплицираат“, рече министерката Јаневска одговарајќи на новинарско прашање по работната посета на основното училиште „Љубен Лапе“ во општина Аеродром.
Објасни дека министерството по службена должност ќе направи проверка дали апликантите стекнале статус на редовни студенти. Со измени во Правилникот за начинот и постапката за финансирање, создавање и усовршување на научно – истражувачките кадри, Министерството за образование и наука ќе ја спречи дискриминацијата што досега ја имале студентите на интегрирани студии од 3+2 години, кои не можеа да аплицираат за стипендии за втор циклус на студии. Министерката Јаневска изјави дека и на ова барање на студентите, веднаш одговориле позитивно.
Студентите доставија и барање за усвојување на Закон за младински стандард. Нивниот предлог е неопходно подетално да го погледнеме, но, се надевам, дека во најскоро време и тоа ќе го завршиме“, рече министерката Јаневска.
 
The post Јаневска: Бруцошите од првиот месец ќе добиваат субвенциониран оброк appeared first on Република.

]]>
Од денеска почнува аплицирањето за субвенциониран студентски оброк https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-deneska-pochnuva-aplitsiraneto-za-subventsioniran-studentski-obrok/ Thu, 15 Aug 2024 07:23:51 +0000 https://republika.mk/?p=806670

Министерството за образование и наука информира дека од денеска започнува аплицирањето за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024-2025 година. Повикот со условите и начинот на аплицирање е објавен на следниот линк.

Рокот за пријавување за тековните и студентите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2024/2025 година е до 5 септември.

Аплицирањето се спроведува електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/, а на повикот можат да се пријават сите редовни студенти на додипломски студии на државни и приватни високообразовни установи, кои се државјани на Република Македонија. Притоа, апликантите треба да ги исполнуваат и следните услови:

-да не се во редовен работен однос;
-да не се регистрирани како индивидуални земјоделци и
-да немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во тековната година.

При поднесувањето на апликацијата, студентите задолжително пополнети и потпишани ги прикачуваат и обрасците Пријава за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк и Изјава за точност на внесените податоци во пријавата за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк. МОН по службена должност ги обезбедува сите останати докази за исполнетост на условите, а кои ги поседуваат МВР, АВРМ, УЈП и студентските служби на факултетите.

Секој апликант кој има потреба од непосредна поддршка при аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, може да се обрати до Секторот за ученички и студентски стандард преку следниот контакт: subvencioniran.obrok@mon.gov.mk или во наменската канцеларија на приземјето во зградата на министерството.

Финансиската поддршка во износ од 140 денари е наменета за купување храна, а студентот може да ја користи од понеделник до сабота, кај правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна. Паричниот надомест не е предвидено да се исплаќа во периодот на летниот распуст од 1 јули до 1 октомври.

За реализација на исплатите за субвенциониран студентски оброк, Министерството за образование и наука склучи договор со Шпаркасе банка АД Скопје. Оттаму, сите студенти кои ќе се стекнат со ова право, за што ќе бидат известени од страна на МОН по електронски пат, ќе треба да потпишат договор со Шпаркасе банка за отворање на посебна сметка, поврзана со наменска платежна картичка.

Министерството за образование и наука информира дека можноста за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк ќе биде отворена во периодот од 1-ви до 5-ти, секој нареден месец од академската 2024/2025 година и тоа за пријавување на студентите кои не го оствариле правото на субвенциониран студентски оброк по Јавниот повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк или чие право престанало поради неисполнување на некој од критериумите, тогаш кога повторно ќе ги исполнуваат критериумите наведени во повикот.

The post Од денеска почнува аплицирањето за субвенциониран студентски оброк appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука информира дека од денеска започнува аплицирањето за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024-2025 година. Повикот со условите и начинот на аплицирање е објавен на следниот линк. Рокот за пријавување за тековните и студентите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2024/2025 година е до 5 септември. Аплицирањето се спроведува електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/, а на повикот можат да се пријават сите редовни студенти на додипломски студии на државни и приватни високообразовни установи, кои се државјани на Република Македонија. Притоа, апликантите треба да ги исполнуваат и следните услови: -да не се во редовен работен однос; -да не се регистрирани како индивидуални земјоделци и -да немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во тековната година. При поднесувањето на апликацијата, студентите задолжително пополнети и потпишани ги прикачуваат и обрасците Пријава за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк и Изјава за точност на внесените податоци во пријавата за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк. МОН по службена должност ги обезбедува сите останати докази за исполнетост на условите, а кои ги поседуваат МВР, АВРМ, УЈП и студентските служби на факултетите. Секој апликант кој има потреба од непосредна поддршка при аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, може да се обрати до Секторот за ученички и студентски стандард преку следниот контакт: subvencioniran.obrok@mon.gov.mk или во наменската канцеларија на приземјето во зградата на министерството. Финансиската поддршка во износ од 140 денари е наменета за купување храна, а студентот може да ја користи од понеделник до сабота, кај правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна. Паричниот надомест не е предвидено да се исплаќа во периодот на летниот распуст од 1 јули до 1 октомври. За реализација на исплатите за субвенциониран студентски оброк, Министерството за образование и наука склучи договор со Шпаркасе банка АД Скопје. Оттаму, сите студенти кои ќе се стекнат со ова право, за што ќе бидат известени од страна на МОН по електронски пат, ќе треба да потпишат договор со Шпаркасе банка за отворање на посебна сметка, поврзана со наменска платежна картичка. Министерството за образование и наука информира дека можноста за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк ќе биде отворена во периодот од 1-ви до 5-ти, секој нареден месец од академската 2024/2025 година и тоа за пријавување на студентите кои не го оствариле правото на субвенциониран студентски оброк по Јавниот повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк или чие право престанало поради неисполнување на некој од критериумите, тогаш кога повторно ќе ги исполнуваат критериумите наведени во повикот.  

The post Од денеска почнува аплицирањето за субвенциониран студентски оброк appeared first on Република.

]]>
Студентите бараат промени: Субвенционираниот студентски оброк го „јаде“ инфлацијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/studentite-baraat-promeni-subventsioniraniot-studentski-obrok-go-jade-inflatsijata/ Sat, 15 Jun 2024 17:48:50 +0000 https://republika.mk/?p=787942

Финансиска поддршка од 140 денари дневно или 840 денари неделно добиваат студентите како субвенциониран студентски оброк што можат да ги искористат од понеделник до сабота. Мерката е наменета како поддршка за покривање на дел од трошоците за исхрана на студентите и за неа се одвојуваат средства од Буџетот на државата. Студентите генерално се задоволни од мерката, но сметаат дека треба да се смени концептот и да се зголеми висината на финансиската поддршка.

Студентите кои ги анкетираше екипата на МИА велат дека и покрај зголемувањето на износот на финансиските средства од 120 на 140 денари дневно потребно е овие средства да се зголемат. Од Универзитетското студенско собрание имаат Предлог-концепт и очекуваат за тоа да разговараат со новиот министер за образование и наука.

Од Министерството за образование и наука (МОН) во изјава за МИА велат дека станува збор за мерка за субвенционирање, односно поддршка за покривање на дел од трошоците за исхрана на студентите, а не за покривање на сите трошоци за храна.

Користењето на мерката е регулирано со законско решение кое во два наврати е надградено на барање на студентите, преку претставниците на универзитетските студентски собранија. Измените предвидоа зголемување на износот од 120 на 140 денари дневно и исплата на неделна основа, наместо на дневна. МОН на почетокот на секој месец објавува повик за пријавување на студентите кои претходно го немаат остварено ова право поради разни причини. Согласно условите, апликантот треба да е редовен студент, да не е регистриран како индивидуален земјоделец, да не е во работен однос и да нема приход по кој било основ повисок од износот на минималната нето плата во тековната година, појаснуваат од МОН.

Студентите бараат зголемување на средствата

Во анкета што ја направи екипата на МИА, студентите посочуваат дека средствата од субвенционираниот студентски оброк донекаде им помагаат да купат прехранбени производи, но со зголемувањето на животниот стандард, бараат да се зголеми износот.

Сега засега е во ред. Многу попродуктивно е што се направи мерката да биде на неделно ниво отколку како што беше 140 денари на дневно ниво, меѓутоа, како што се зголемува стандардот на Република Македонија, сметам дека така треба да се смени и сумата на нашиот оброк, заради тоа што тоа треба да оди паралелно. На неделно ниво, успеваме да купуваме нешто, меѓутоа сума-сумарум сепак се бориме. Сепак сме студенти, задоволни сме колку-толку. Може да се направи некоја измена. Мислам дека и во однос на другите држави коишто го имаат тој систем на субвенциониран оброк може да се искористи и да се преземе нешто, вели студентка за МИА.

Меѓу студентите има и размислувања дека висината на субвенцијата треба да биде зголемена барем до 200 денари.

Мислам дека треба да бидат зголемени барем до 200 денари. Најмногу за храна ги трошиме парите како студенти од други градови. На неделно ниво ги користиме средствата, вели друга студентка во анкетата.

Најновите статистички податоци за мај покажуваат дека цените на мало се зголемени за 1,3 процент во споредба со април, а за 5,8 проценти во однос на мај лани. Инфлацијата во однос на април е зголемена за 0,9 проценти, а во споредба со мај лани за 4,5 проценти. Во делот храна и безалкохолни пијалоци има зголемување за 0,7 проценти. Најголем пораст има кај овошјето за 2,6 проценти и кај лебот и житата за 0,5 проценти.

Оваа сума е релативно мала и најверојатно не може целосно да ги покрие основните трошоци за оброк на студентите. Имајќи предвид дека просечниот оброк во локални ресторани и мензи може да чини повеќе од оваа сума, студентите би можеле да се соочат со финансиски предизвици во обидот да обезбедат здрав и разновиден оброк. Доколку се земе предвид и растот на цените на храната и инфлацијата, оваа сума станува уште понедоволна, вели економскиот аналитичар, професорот Абил Бауш во изјава за МИА.

Зголемувањето на студентскиот субвенциониран оброк, според него, изгледа како потребна мерка со оглед на растечките трошоци за живот и инфлацијата, а смета дека можеби треба да се размисли и за промена на концептот како на пример: вклучување на повеќе опции за храна за студентите, вклучувајќи здрави и нутритивно балансирани оброци, со цел подобрување на нутритивната вредност на храната која студентите ја консумираат.

Според истражувања, околу 30 проценти од студентите во земјата пријавиле дека не можат да си дозволат здрави оброци на дневна основа. Овозможување на ваучери кои можат да се користат во различни продавници и ресторани, наместо фиксна парична сума, би обезбедило поголема флексибилност и избор за студентите, што би можело да ги намали дневните трошоци за храна за околу 15-20 проценти. Интеграција на дигитални платформи кои би овозможиле полесен пристап до субвенционираните оброци може дополнително да ја подобри ефикасноста на програмата. Според податоците, дигиталните платформи можат да го намалат административниот трошок за управување со субвенциите за околу 5-10 проценти, овозможувајќи поголем дел од средствата да се искористат директно за студентите, посочува професорот Бауш.

Евентуалното зголемување на средствата за субвенциониран студентски оброк ќе повлече финансиски импликации врз Буџетот во зависност од бројот на студенти и процентот на зголемување.

Професорот Бауш вели дека дополнителните трошоци би можеле да бидат значителни, па така на пример ако се работи за околу 50 илјади студенти и секој добива дополнителни 500 денари неделно, тоа би резултирало со дополнителен трошок од околу 1,3 милијарди денари. Сепак, додава тој, инвестицијата во здравјето на студентите може да има долгорочни придобивки за општеството и пред да се донесе конечна одлука треба да се направи детална финансиска анализа и да се разгледаат можните извори на финансирање за мерката да биде одржлива.

Истражувањата покажуваат дека подобрата исхрана може да ги подобри академските резултати за околу 10-15 проценти, што би можело да резултира со подобра вработливост и продуктивност на студентите по завршувањето на студиите. Дополнително, здравите навики за исхрана можат да ги намалат здравствените трошоци на државата на долг рок. Затоа, пред да се донесе конечна одлука, потребно е да се направи детална финансиска анализа и да се разгледаат можните извори на финансирање за да се обезбеди одржливост на мерката. На пример, може да се разгледаат алтернативни извори на финансирање како што се јавни и приватни партнерства, грантови од меѓународни организации или пренасочување на средства од други буџетски ставки кои имаат помал приоритет, нагласува професорот Бауш.

Универзитетското студентско собрание бара да се смени концептот на мерката

Александар Ристоски, потпретседател на Универзитетското студентско собрание (УСС) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во изјава за МИА вели дека како студентско тело сметаат дека треба да се зголеми износот на финансиски средства, но и да се смени постојниот концепт. Предлагаат, без разлика на цената, да има посебни оброци наменети за студенти и купони со кои ќе можат да ги купуваат тие оброци. На ваков начин, сметаат дека нема да има злоупотреба од ничија страна.

Сите ние не сме задоволни, не само со цената, туку и со концептот, бидејќи цената може да се покачи или може следната политичка партија или кој и да е на власт, да ја зголеми таа цена, а потоа истото може да го направат и местата каде што се купува оброк, тие да ја зголемат цената и практично не сме дошле до никакво решение. Затоа, сметам дека концептот треба да смени, односно без разлика на цената, да има посебни оброци за студентите и со купони да може истите да се подигнуваат. Така нема да има злоупотреба од ничија страна, вели Ристоски.

Сегашното законско решение кое предвидува 840 денари на неделно ниво беше донесено на барање на студентите на кои дотогаш им се исплаќаа 120 денари на дневна основа. Сите забелешки од студентите што стигнувале до Универзитетското студенско собрание биле решавани во комуникација со ресорното Министерство.

Како студенско тело имаме направено група за комуникација меѓу студентите и таму ни испраќаат забелешки и ние во директна комуникација со МОН или банката, зависи каде е проблемот, ги решаваме ад-хок сите проблеми што ни пристигнуваат, нагласува Ристоски.

За да се смени концептот, Ристоски вели дека чекаат да се формира новата влада по што со новиот министер за образование и наука ќе преговараат за новините да стартуваат од следната академска година.

 Во врска со финансиите и концептот да се смени, чекавме да се промени власта бидејќи договор може да се постигне, па после да дојде друг министер. Затоа овој период имавме помалку комуникација. Откога ќе дојде новиот министер или министерка ќе направиме договор како понатаму од следната учебна година да биде зголемен износот и да биде сменет концептот, нагласува Ристоски.

Субвенциониран студентски оброк користат околу 30 илјади студенти

На иницијатива на Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ), пратениците во февруари ги изгласаа измените на Законот за субвенциониран студентски оброк, според кој од први март годинава средствата наместо на дневно ниво им се исплаќаат на неделно ниво.

Доколку корисникот на субвенциониран студентски оброк во наведениот период не го искористи правото на субвенционирање студентски оброк, износот од субвенциониран студентски оброк не му се префрла во наредниот ден. Правото за субвенциониран студентски оброк корисникот не може да го остварува во периодот од 1 јули до 1 октомври во годината во која се стекнал со правото на субвенционирање студентски оброк, како и за време на државните празници и неработните денови.

Субвенционираниот студентски оброк, како што посочуваат од МОН, се исплаќа од буџетска ставка преку која се надоместуваат повеќе други права на студентите, како стипендии за студирање во земјата и во странство и партиципација за сместување во студентски домови, која годинава изнесува 1,21 милијарди денари.

За оваа мерка, МОН има склучено договор со „Шпаркасе банка“ АД Скопје. Сите студенти кои ќе се стекнат со правото на субвенциониран студентски оброк, треба да потпишат договор со Шпаркасе банка за отворање на посебна сметка, поврзана со наменска платежна картичка за субвенциониран студентски оброк, независно од тоа дали претходно биле клиенти на Шпаркасе банка. За отворањето на сметката и издавањето на платежната картичка студентот не сноси никакви трошоци.

The post Студентите бараат промени: Субвенционираниот студентски оброк го „јаде“ инфлацијата appeared first on Република.

]]>

Финансиска поддршка од 140 денари дневно или 840 денари неделно добиваат студентите како субвенциониран студентски оброк што можат да ги искористат од понеделник до сабота. Мерката е наменета како поддршка за покривање на дел од трошоците за исхрана на студентите и за неа се одвојуваат средства од Буџетот на државата. Студентите генерално се задоволни од мерката, но сметаат дека треба да се смени концептот и да се зголеми висината на финансиската поддршка. Студентите кои ги анкетираше екипата на МИА велат дека и покрај зголемувањето на износот на финансиските средства од 120 на 140 денари дневно потребно е овие средства да се зголемат. Од Универзитетското студенско собрание имаат Предлог-концепт и очекуваат за тоа да разговараат со новиот министер за образование и наука. Од Министерството за образование и наука (МОН) во изјава за МИА велат дека станува збор за мерка за субвенционирање, односно поддршка за покривање на дел од трошоците за исхрана на студентите, а не за покривање на сите трошоци за храна.
Користењето на мерката е регулирано со законско решение кое во два наврати е надградено на барање на студентите, преку претставниците на универзитетските студентски собранија. Измените предвидоа зголемување на износот од 120 на 140 денари дневно и исплата на неделна основа, наместо на дневна. МОН на почетокот на секој месец објавува повик за пријавување на студентите кои претходно го немаат остварено ова право поради разни причини. Согласно условите, апликантот треба да е редовен студент, да не е регистриран како индивидуален земјоделец, да не е во работен однос и да нема приход по кој било основ повисок од износот на минималната нето плата во тековната година, појаснуваат од МОН.

Студентите бараат зголемување на средствата

Во анкета што ја направи екипата на МИА, студентите посочуваат дека средствата од субвенционираниот студентски оброк донекаде им помагаат да купат прехранбени производи, но со зголемувањето на животниот стандард, бараат да се зголеми износот.
Сега засега е во ред. Многу попродуктивно е што се направи мерката да биде на неделно ниво отколку како што беше 140 денари на дневно ниво, меѓутоа, како што се зголемува стандардот на Република Македонија, сметам дека така треба да се смени и сумата на нашиот оброк, заради тоа што тоа треба да оди паралелно. На неделно ниво, успеваме да купуваме нешто, меѓутоа сума-сумарум сепак се бориме. Сепак сме студенти, задоволни сме колку-толку. Може да се направи некоја измена. Мислам дека и во однос на другите држави коишто го имаат тој систем на субвенциониран оброк може да се искористи и да се преземе нешто, вели студентка за МИА.
Меѓу студентите има и размислувања дека висината на субвенцијата треба да биде зголемена барем до 200 денари.
Мислам дека треба да бидат зголемени барем до 200 денари. Најмногу за храна ги трошиме парите како студенти од други градови. На неделно ниво ги користиме средствата, вели друга студентка во анкетата.
Најновите статистички податоци за мај покажуваат дека цените на мало се зголемени за 1,3 процент во споредба со април, а за 5,8 проценти во однос на мај лани. Инфлацијата во однос на април е зголемена за 0,9 проценти, а во споредба со мај лани за 4,5 проценти. Во делот храна и безалкохолни пијалоци има зголемување за 0,7 проценти. Најголем пораст има кај овошјето за 2,6 проценти и кај лебот и житата за 0,5 проценти.
Оваа сума е релативно мала и најверојатно не може целосно да ги покрие основните трошоци за оброк на студентите. Имајќи предвид дека просечниот оброк во локални ресторани и мензи може да чини повеќе од оваа сума, студентите би можеле да се соочат со финансиски предизвици во обидот да обезбедат здрав и разновиден оброк. Доколку се земе предвид и растот на цените на храната и инфлацијата, оваа сума станува уште понедоволна, вели економскиот аналитичар, професорот Абил Бауш во изјава за МИА.
Зголемувањето на студентскиот субвенциониран оброк, според него, изгледа како потребна мерка со оглед на растечките трошоци за живот и инфлацијата, а смета дека можеби треба да се размисли и за промена на концептот како на пример: вклучување на повеќе опции за храна за студентите, вклучувајќи здрави и нутритивно балансирани оброци, со цел подобрување на нутритивната вредност на храната која студентите ја консумираат.
Според истражувања, околу 30 проценти од студентите во земјата пријавиле дека не можат да си дозволат здрави оброци на дневна основа. Овозможување на ваучери кои можат да се користат во различни продавници и ресторани, наместо фиксна парична сума, би обезбедило поголема флексибилност и избор за студентите, што би можело да ги намали дневните трошоци за храна за околу 15-20 проценти. Интеграција на дигитални платформи кои би овозможиле полесен пристап до субвенционираните оброци може дополнително да ја подобри ефикасноста на програмата. Според податоците, дигиталните платформи можат да го намалат административниот трошок за управување со субвенциите за околу 5-10 проценти, овозможувајќи поголем дел од средствата да се искористат директно за студентите, посочува професорот Бауш.
Евентуалното зголемување на средствата за субвенциониран студентски оброк ќе повлече финансиски импликации врз Буџетот во зависност од бројот на студенти и процентот на зголемување. Професорот Бауш вели дека дополнителните трошоци би можеле да бидат значителни, па така на пример ако се работи за околу 50 илјади студенти и секој добива дополнителни 500 денари неделно, тоа би резултирало со дополнителен трошок од околу 1,3 милијарди денари. Сепак, додава тој, инвестицијата во здравјето на студентите може да има долгорочни придобивки за општеството и пред да се донесе конечна одлука треба да се направи детална финансиска анализа и да се разгледаат можните извори на финансирање за мерката да биде одржлива.
Истражувањата покажуваат дека подобрата исхрана може да ги подобри академските резултати за околу 10-15 проценти, што би можело да резултира со подобра вработливост и продуктивност на студентите по завршувањето на студиите. Дополнително, здравите навики за исхрана можат да ги намалат здравствените трошоци на државата на долг рок. Затоа, пред да се донесе конечна одлука, потребно е да се направи детална финансиска анализа и да се разгледаат можните извори на финансирање за да се обезбеди одржливост на мерката. На пример, може да се разгледаат алтернативни извори на финансирање како што се јавни и приватни партнерства, грантови од меѓународни организации или пренасочување на средства од други буџетски ставки кои имаат помал приоритет, нагласува професорот Бауш.

Универзитетското студентско собрание бара да се смени концептот на мерката

Александар Ристоски, потпретседател на Универзитетското студентско собрание (УСС) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во изјава за МИА вели дека како студентско тело сметаат дека треба да се зголеми износот на финансиски средства, но и да се смени постојниот концепт. Предлагаат, без разлика на цената, да има посебни оброци наменети за студенти и купони со кои ќе можат да ги купуваат тие оброци. На ваков начин, сметаат дека нема да има злоупотреба од ничија страна.
Сите ние не сме задоволни, не само со цената, туку и со концептот, бидејќи цената може да се покачи или може следната политичка партија или кој и да е на власт, да ја зголеми таа цена, а потоа истото може да го направат и местата каде што се купува оброк, тие да ја зголемат цената и практично не сме дошле до никакво решение. Затоа, сметам дека концептот треба да смени, односно без разлика на цената, да има посебни оброци за студентите и со купони да може истите да се подигнуваат. Така нема да има злоупотреба од ничија страна, вели Ристоски.
Сегашното законско решение кое предвидува 840 денари на неделно ниво беше донесено на барање на студентите на кои дотогаш им се исплаќаа 120 денари на дневна основа. Сите забелешки од студентите што стигнувале до Универзитетското студенско собрание биле решавани во комуникација со ресорното Министерство.
Како студенско тело имаме направено група за комуникација меѓу студентите и таму ни испраќаат забелешки и ние во директна комуникација со МОН или банката, зависи каде е проблемот, ги решаваме ад-хок сите проблеми што ни пристигнуваат, нагласува Ристоски.
За да се смени концептот, Ристоски вели дека чекаат да се формира новата влада по што со новиот министер за образование и наука ќе преговараат за новините да стартуваат од следната академска година.
 Во врска со финансиите и концептот да се смени, чекавме да се промени власта бидејќи договор може да се постигне, па после да дојде друг министер. Затоа овој период имавме помалку комуникација. Откога ќе дојде новиот министер или министерка ќе направиме договор како понатаму од следната учебна година да биде зголемен износот и да биде сменет концептот, нагласува Ристоски.

Субвенциониран студентски оброк користат околу 30 илјади студенти

На иницијатива на Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ), пратениците во февруари ги изгласаа измените на Законот за субвенциониран студентски оброк, според кој од први март годинава средствата наместо на дневно ниво им се исплаќаат на неделно ниво. Доколку корисникот на субвенциониран студентски оброк во наведениот период не го искористи правото на субвенционирање студентски оброк, износот од субвенциониран студентски оброк не му се префрла во наредниот ден. Правото за субвенциониран студентски оброк корисникот не може да го остварува во периодот од 1 јули до 1 октомври во годината во која се стекнал со правото на субвенционирање студентски оброк, како и за време на државните празници и неработните денови. Субвенционираниот студентски оброк, како што посочуваат од МОН, се исплаќа од буџетска ставка преку која се надоместуваат повеќе други права на студентите, како стипендии за студирање во земјата и во странство и партиципација за сместување во студентски домови, која годинава изнесува 1,21 милијарди денари. За оваа мерка, МОН има склучено договор со „Шпаркасе банка“ АД Скопје. Сите студенти кои ќе се стекнат со правото на субвенциониран студентски оброк, треба да потпишат договор со Шпаркасе банка за отворање на посебна сметка, поврзана со наменска платежна картичка за субвенциониран студентски оброк, независно од тоа дали претходно биле клиенти на Шпаркасе банка. За отворањето на сметката и издавањето на платежната картичка студентот не сноси никакви трошоци.

The post Студентите бараат промени: Субвенционираниот студентски оброк го „јаде“ инфлацијата appeared first on Република.

]]>
Инфлацијата го јаде субвенционираниот студентски оброк https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/inflatsijata-go-jade-subventsioniraniot-studentski-obrok/ Sat, 15 Jun 2024 07:28:40 +0000 https://republika.mk/?p=787739

Финансиска поддршка од 140 денари дневно или, 840 денари неделно, добиваат студентите како субвенциониран студентски оброк што можат да ги искористат од понеделник до сабота. Мерката е наменета како поддршка за покривање на дел од трошоците за исхрана на студентите и за неа се одвојуваат средства од Буџетот на државата. Студентите генерално се задоволни од мерката, но сметаат дека треба да се смени концептот и да се зголеми висината на финансиската поддршка.

Студентите велат дека и покрај зголемувањето на износот на финансиските средства од 120 на 140 денари дневно потребно е овие средства да се зголемат. Од Универзитетското студенско собрание имаат предлог-концепт и очекуваат за тоа да разговараат со новиот министер за образование и наука.

Од Министерството за образование и наука (МОН) велат дека станува збор за мерка за субвенционирање, односно поддршка за покривање на дел од трошоците за исхрана на студентите, а не за покривање на сите трошоци за храна.

Користењето на мерката е регулирано со законско решение кое во два наврати е надградено на барање на студентите, преку претставниците на универзитетските студентски собранија. Измените предвидоа зголемување на износот од 120 на 140 денари дневно и исплата на неделна основа, наместо на дневна. МОН на почетокот на секој месец објавува повик за пријавување на студентите кои претходно го немаат остварено ова право поради разни причини. Согласно условите, апликантот треба да е редовен студент, да не е регистриран како индивидуален земјоделец, да не е во работен однос и да нема приход по кој било основ повисок од износот на минималната нето плата во тековната година“, појаснуваат од МОН.

Во анкета студентите посочуваат дека средствата од субвенционираниот студентски оброк донекаде им помагаат да купат прехранбени производи, но со зголемувањето на животниот стандард, бараат да се зголеми износот.

Меѓу студентите има и размислувања дека висината на субвенцијата треба да биде зголемена барем до 200 денари.

Најновите статистички податоци за мај покажуваат дека цените на мало се зголемени за 1,3 процент во споредба со април, а за 5,8 проценти во однос на мај лани. Инфлацијата во однос на април е зголемена за 0,9 проценти, а во споредба со мај лани за 4,5 проценти. Во делот храна и безалкохолни пијалоци има зголемување за 0,7 проценти. Најголем пораст има кај овошјето за 2,6 проценти и кај лебот и житата за 0,5 проценти.

Оваа сума е релативно мала и најверојатно не може целосно да ги покрие основните трошоци за оброк на студентите. Имајќи предвид дека просечниот оброк во локални ресторани и мензи може да чини повеќе од оваа сума, студентите би можеле да се соочат со финансиски предизвици во обидот да обезбедат здрав и разновиден оброк. Доколку се земе предвид и растот на цените на храната и инфлацијата, оваа сума станува уште понедоволна“, вели економскиот аналитичар, професорот Абил Бауш.

Зголемувањето на студентскиот субвенциониран оброк, според него, изгледа како потребна мерка со оглед на растечките трошоци за живот и инфлацијата, а смета дека можеби треба да се размисли и за промена на концептот како на пример: вклучување на повеќе опции за храна за студентите, вклучувајќи здрави и нутритивно балансирани оброци, со цел подобрување на нутритивната вредност на храната која студентите ја консумираат.

Според истражувања, околу 30 проценти од студентите во земјата пријавиле дека не можат да си дозволат здрави оброци на дневна основа. Овозможување на ваучери кои можат да се користат во различни продавници и ресторани, наместо фиксна парична сума, би обезбедило поголема флексибилност и избор за студентите, што би можело да ги намали дневните трошоци за храна за околу 15-20 проценти. Интеграција на дигитални платформи кои би овозможиле полесен пристап до субвенционираните оброци може дополнително да ја подобри ефикасноста на програмата. Според податоците, дигиталните платформи можат да го намалат административниот трошок за управување со субвенциите за околу 5-10 проценти, овозможувајќи поголем дел од средствата да се искористат директно за студентите“, посочува професорот Бауш.

Евентуалното зголемување на средствата за субвенциониран студентски оброк ќе повлече финансиски импликации врз Буџетот во зависност од бројот на студенти и процентот на зголемување.

Професорот Бауш вели дека дополнителните трошоци би можеле да бидат значителни, па така на пример ако се работи за околу 50 илјади студенти и секој добива дополнителни 500 денари неделно, тоа би резултирало со дополнителен трошок од околу 1,3 милијарди денари. Сепак, додава тој, инвестицијата во здравјето на студентите може да има долгорочни придобивки за општеството и пред да се донесе конечна одлука треба да се направи детална финансиска анализа и да се разгледаат можните извори на финансирање за мерката да биде одржлива.

„Истражувањата покажуваат дека подобрата исхрана може да ги подобри академските резултати за околу 10-15 проценти, што би можело да резултира со подобра вработливост и продуктивност на студентите по завршувањето на студиите. Дополнително, здравите навики за исхрана можат да ги намалат здравствените трошоци на државата на долг рок. Затоа, пред да се донесе конечна одлука, потребно е да се направи детална финансиска анализа и да се разгледаат можните извори на финансирање за да се обезбеди одржливост на мерката. На пример, може да се разгледаат алтернативни извори на финансирање како што се јавни и приватни партнерства, грантови од меѓународни организации или пренасочување на средства од други буџетски ставки кои имаат помал приоритет“, нагласува професорот Бауш.

Александар Ристоски, потпретседател на Универзитетското студентско собрание (УСС) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, вели дека како студентско тело сметаат дека треба да се зголеми износот на финансиски средства, но и да се смени постојниот концепт. Предлагаат, без разлика на цената, да има посебни оброци наменети за студенти и купони со кои ќе можат да ги купуваат тие оброци. На ваков начин, сметаат дека нема да има злоупотреба од ничија страна.

Како студенско тело имаме направено група за комуникација меѓу студентите и таму ни испраќаат забелешки и ние во директна комуникација со МОН или банката, зависи каде е проблемот, ги решаваме ад-хок сите проблеми што ни пристигнуваат“, нагласува Ристоски.

За да се смени концептот, Ристоски вели дека чекаат да се формира новата влада по што со новиот министер за образование и наука ќе преговараат за новините да стартуваат од следната академска година.

На иницијатива на Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ), пратениците во февруари ги изгласаа измените на Законот за субвенциониран студентски оброк, според кој од први март годинава средствата наместо на дневно ниво им се исплаќаат на неделно ниво.

Доколку корисникот на субвенциониран студентски оброк во наведениот период не го искористи правото на субвенционирање студентски оброк, износот од субвенциониран студентски оброк не му се префрла во наредниот ден. Правото за субвенциониран студентски оброк корисникот не може да го остварува во периодот од 1 јули до 1 октомври во годината во која се стекнал со правото на субвенционирање студентски оброк, како и за време на државните празници и неработните денови.

Субвенционираниот студентски оброк, како што посочуваат од МОН, се исплаќа од буџетска ставка преку која се надоместуваат повеќе други права на студентите, како стипендии за студирање во земјата и во странство и партиципација за сместување во студентски домови, која годинава изнесува 1,21 милијарди денари.

За оваа мерка, МОН има склучено договор со Шпаркасе банка АД Скопје. Сите студенти кои ќе се стекнат со правото на субвенциониран студентски оброк, треба да потпишат договор со Шпаркасе банка за отворање на посебна сметка, поврзана со наменска платежна картичка за субвенциониран студентски оброк, независно од тоа дали претходно биле клиенти на Шпаркасе банка. За отворањето на сметката и издавањето на платежната картичка студентот не сноси никакви трошоци.

Текст и фотографии: МИА

The post Инфлацијата го јаде субвенционираниот студентски оброк appeared first on Република.

]]>

Финансиска поддршка од 140 денари дневно или, 840 денари неделно, добиваат студентите како субвенциониран студентски оброк што можат да ги искористат од понеделник до сабота. Мерката е наменета како поддршка за покривање на дел од трошоците за исхрана на студентите и за неа се одвојуваат средства од Буџетот на државата. Студентите генерално се задоволни од мерката, но сметаат дека треба да се смени концептот и да се зголеми висината на финансиската поддршка. Студентите велат дека и покрај зголемувањето на износот на финансиските средства од 120 на 140 денари дневно потребно е овие средства да се зголемат. Од Универзитетското студенско собрание имаат предлог-концепт и очекуваат за тоа да разговараат со новиот министер за образование и наука. Од Министерството за образование и наука (МОН) велат дека станува збор за мерка за субвенционирање, односно поддршка за покривање на дел од трошоците за исхрана на студентите, а не за покривање на сите трошоци за храна.
Користењето на мерката е регулирано со законско решение кое во два наврати е надградено на барање на студентите, преку претставниците на универзитетските студентски собранија. Измените предвидоа зголемување на износот од 120 на 140 денари дневно и исплата на неделна основа, наместо на дневна. МОН на почетокот на секој месец објавува повик за пријавување на студентите кои претходно го немаат остварено ова право поради разни причини. Согласно условите, апликантот треба да е редовен студент, да не е регистриран како индивидуален земјоделец, да не е во работен однос и да нема приход по кој било основ повисок од износот на минималната нето плата во тековната година“, појаснуваат од МОН.
Во анкета студентите посочуваат дека средствата од субвенционираниот студентски оброк донекаде им помагаат да купат прехранбени производи, но со зголемувањето на животниот стандард, бараат да се зголеми износот. Меѓу студентите има и размислувања дека висината на субвенцијата треба да биде зголемена барем до 200 денари. Најновите статистички податоци за мај покажуваат дека цените на мало се зголемени за 1,3 процент во споредба со април, а за 5,8 проценти во однос на мај лани. Инфлацијата во однос на април е зголемена за 0,9 проценти, а во споредба со мај лани за 4,5 проценти. Во делот храна и безалкохолни пијалоци има зголемување за 0,7 проценти. Најголем пораст има кај овошјето за 2,6 проценти и кај лебот и житата за 0,5 проценти.
Оваа сума е релативно мала и најверојатно не може целосно да ги покрие основните трошоци за оброк на студентите. Имајќи предвид дека просечниот оброк во локални ресторани и мензи може да чини повеќе од оваа сума, студентите би можеле да се соочат со финансиски предизвици во обидот да обезбедат здрав и разновиден оброк. Доколку се земе предвид и растот на цените на храната и инфлацијата, оваа сума станува уште понедоволна“, вели економскиот аналитичар, професорот Абил Бауш.
Зголемувањето на студентскиот субвенциониран оброк, според него, изгледа како потребна мерка со оглед на растечките трошоци за живот и инфлацијата, а смета дека можеби треба да се размисли и за промена на концептот како на пример: вклучување на повеќе опции за храна за студентите, вклучувајќи здрави и нутритивно балансирани оброци, со цел подобрување на нутритивната вредност на храната која студентите ја консумираат.
Според истражувања, околу 30 проценти од студентите во земјата пријавиле дека не можат да си дозволат здрави оброци на дневна основа. Овозможување на ваучери кои можат да се користат во различни продавници и ресторани, наместо фиксна парична сума, би обезбедило поголема флексибилност и избор за студентите, што би можело да ги намали дневните трошоци за храна за околу 15-20 проценти. Интеграција на дигитални платформи кои би овозможиле полесен пристап до субвенционираните оброци може дополнително да ја подобри ефикасноста на програмата. Според податоците, дигиталните платформи можат да го намалат административниот трошок за управување со субвенциите за околу 5-10 проценти, овозможувајќи поголем дел од средствата да се искористат директно за студентите“, посочува професорот Бауш.
Евентуалното зголемување на средствата за субвенциониран студентски оброк ќе повлече финансиски импликации врз Буџетот во зависност од бројот на студенти и процентот на зголемување. Професорот Бауш вели дека дополнителните трошоци би можеле да бидат значителни, па така на пример ако се работи за околу 50 илјади студенти и секој добива дополнителни 500 денари неделно, тоа би резултирало со дополнителен трошок од околу 1,3 милијарди денари. Сепак, додава тој, инвестицијата во здравјето на студентите може да има долгорочни придобивки за општеството и пред да се донесе конечна одлука треба да се направи детална финансиска анализа и да се разгледаат можните извори на финансирање за мерката да биде одржлива.
„Истражувањата покажуваат дека подобрата исхрана може да ги подобри академските резултати за околу 10-15 проценти, што би можело да резултира со подобра вработливост и продуктивност на студентите по завршувањето на студиите. Дополнително, здравите навики за исхрана можат да ги намалат здравствените трошоци на државата на долг рок. Затоа, пред да се донесе конечна одлука, потребно е да се направи детална финансиска анализа и да се разгледаат можните извори на финансирање за да се обезбеди одржливост на мерката. На пример, може да се разгледаат алтернативни извори на финансирање како што се јавни и приватни партнерства, грантови од меѓународни организации или пренасочување на средства од други буџетски ставки кои имаат помал приоритет“, нагласува професорот Бауш.
Александар Ристоски, потпретседател на Универзитетското студентско собрание (УСС) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, вели дека како студентско тело сметаат дека треба да се зголеми износот на финансиски средства, но и да се смени постојниот концепт. Предлагаат, без разлика на цената, да има посебни оброци наменети за студенти и купони со кои ќе можат да ги купуваат тие оброци. На ваков начин, сметаат дека нема да има злоупотреба од ничија страна.
Како студенско тело имаме направено група за комуникација меѓу студентите и таму ни испраќаат забелешки и ние во директна комуникација со МОН или банката, зависи каде е проблемот, ги решаваме ад-хок сите проблеми што ни пристигнуваат“, нагласува Ристоски.
За да се смени концептот, Ристоски вели дека чекаат да се формира новата влада по што со новиот министер за образование и наука ќе преговараат за новините да стартуваат од следната академска година. На иницијатива на Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ), пратениците во февруари ги изгласаа измените на Законот за субвенциониран студентски оброк, според кој од први март годинава средствата наместо на дневно ниво им се исплаќаат на неделно ниво. Доколку корисникот на субвенциониран студентски оброк во наведениот период не го искористи правото на субвенционирање студентски оброк, износот од субвенциониран студентски оброк не му се префрла во наредниот ден. Правото за субвенциониран студентски оброк корисникот не може да го остварува во периодот од 1 јули до 1 октомври во годината во која се стекнал со правото на субвенционирање студентски оброк, како и за време на државните празници и неработните денови. Субвенционираниот студентски оброк, како што посочуваат од МОН, се исплаќа од буџетска ставка преку која се надоместуваат повеќе други права на студентите, како стипендии за студирање во земјата и во странство и партиципација за сместување во студентски домови, која годинава изнесува 1,21 милијарди денари. За оваа мерка, МОН има склучено договор со Шпаркасе банка АД Скопје. Сите студенти кои ќе се стекнат со правото на субвенциониран студентски оброк, треба да потпишат договор со Шпаркасе банка за отворање на посебна сметка, поврзана со наменска платежна картичка за субвенциониран студентски оброк, независно од тоа дали претходно биле клиенти на Шпаркасе банка. За отворањето на сметката и издавањето на платежната картичка студентот не сноси никакви трошоци. Текст и фотографии: МИА  

The post Инфлацијата го јаде субвенционираниот студентски оброк appeared first on Република.

]]>
Од денеска студентите ќе добиваат 840 денари неделно на своите картички за студентски оброк https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-deneska-studentite-ke-dobivaat-840-denari-nedelno-na-svoite-kartichki-za-studentski-obrok/ Fri, 01 Mar 2024 11:08:05 +0000 https://republika.mk/?p=749985

Од денеска студентите ќе имаат можност парите што државата им ги исплатува за студентскиот оброк да ги добиваат неделно со што Министерството за образование (МОН) го оствари ветувањето дека ќе им излезат во пресрет на студентите на чија иницијатива беше направена законска измена најдоцна во вториот семестар.

Претходно, МОН парите за студентскиот оброк ги исплатуваше дневно, но Универзитетското студентско собрание на Униврзитетот „Свети Кирил и Методиј“ ( УКИМ) побара измена кон крајот на минатата година на средба со министерот за образование и наука Јетон Шаќири, а со цел подобро да можат да ги искористат субвенциите од државата.

Според студентите исплатата на субвенциите е подобро да се врши неделно затоа што ако студентот во текот на денот не ги потрошеше парите за оброк или за да купува во маркет, тие пари 140 денари не можеше да ги искористи наредниот ден.

Со 74 гласа „за“ и ниту еден против пратениците денес ги усвоија Законот за изменување на Законот за субвенциониран студентски оброк според кој средствата наместо на дневно ќе се исплаќаат на неделно ниво. Оваа измена ќе биде во сила од 01.03.2024, објавија на Инстаграм од Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ) кои се подносители на иницијативата за измени на Законот.

The post Од денеска студентите ќе добиваат 840 денари неделно на своите картички за студентски оброк appeared first on Република.

]]>

Од денеска студентите ќе имаат можност парите што државата им ги исплатува за студентскиот оброк да ги добиваат неделно со што Министерството за образование (МОН) го оствари ветувањето дека ќе им излезат во пресрет на студентите на чија иницијатива беше направена законска измена најдоцна во вториот семестар. Претходно, МОН парите за студентскиот оброк ги исплатуваше дневно, но Универзитетското студентско собрание на Униврзитетот „Свети Кирил и Методиј“ ( УКИМ) побара измена кон крајот на минатата година на средба со министерот за образование и наука Јетон Шаќири, а со цел подобро да можат да ги искористат субвенциите од државата. Според студентите исплатата на субвенциите е подобро да се врши неделно затоа што ако студентот во текот на денот не ги потрошеше парите за оброк или за да купува во маркет, тие пари 140 денари не можеше да ги искористи наредниот ден. Со 74 гласа „за“ и ниту еден против пратениците денес ги усвоија Законот за изменување на Законот за субвенциониран студентски оброк според кој средствата наместо на дневно ќе се исплаќаат на неделно ниво. Оваа измена ќе биде во сила од 01.03.2024, објавија на Инстаграм од Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ) кои се подносители на иницијативата за измени на Законот.

The post Од денеска студентите ќе добиваат 840 денари неделно на своите картички за студентски оброк appeared first on Република.

]]>
Од понеделник започнува исплатата на средства за субвенциониран студентски оброк https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-ponedelnik-zapochnuva-isplatata-na-sredstva-za-subventsioniran-studentski-obrok/ Sat, 30 Sep 2023 09:52:08 +0000 https://republika.mk/?p=686563

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека студентите кои ги исполниле условите на јавниот повик за академеската 2023/2024 година, од понеделник започнуваат со користење на правото на субвенциониран студентски оброк. Со зголемен износ од 140 денари, кој ќе се исплаќа на дневна основа, студентите ќе можат да купуваат во маркети, ресторани, пекарници и други правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна.

МОН потсетува дека средствата ќе можат да се користат исклучиво преку наменската платежна картичка која ја издава Шпаркасе банка, партнер во спроведувањето на оваа мерка со кого Министерството за образование и наука има склучено нефинансиски договор.

Дневниот паричен надомест се користи од понеделник до сабота, а не е предвидено да се исплаќа во периодот на летниот распуст од 1 јули до 1 октомври. Измените на законското решение кои беа иницирани и направени во текот на месец април, заедно со студентските организации, ги надминуваат сите предизвици кои постоеја во минатото, овозможуваат правична распределба и искористување на средствата за намената за која и всушност државата ги предвидува, наведуваат од МОН.

Можноста за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за сите студенти кои досега поради какви било причини не го оствариле ова право, останува отворена секој нареден месец, од први до седми во месецот, а аплицирањето се спроведува преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk.

The post Од понеделник започнува исплатата на средства за субвенциониран студентски оброк appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека студентите кои ги исполниле условите на јавниот повик за академеската 2023/2024 година, од понеделник започнуваат со користење на правото на субвенциониран студентски оброк. Со зголемен износ од 140 денари, кој ќе се исплаќа на дневна основа, студентите ќе можат да купуваат во маркети, ресторани, пекарници и други правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна. МОН потсетува дека средствата ќе можат да се користат исклучиво преку наменската платежна картичка која ја издава Шпаркасе банка, партнер во спроведувањето на оваа мерка со кого Министерството за образование и наука има склучено нефинансиски договор.
Дневниот паричен надомест се користи од понеделник до сабота, а не е предвидено да се исплаќа во периодот на летниот распуст од 1 јули до 1 октомври. Измените на законското решение кои беа иницирани и направени во текот на месец април, заедно со студентските организации, ги надминуваат сите предизвици кои постоеја во минатото, овозможуваат правична распределба и искористување на средствата за намената за која и всушност државата ги предвидува, наведуваат од МОН.
Можноста за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за сите студенти кои досега поради какви било причини не го оствариле ова право, останува отворена секој нареден месец, од први до седми во месецот, а аплицирањето се спроведува преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk.

The post Од понеделник започнува исплатата на средства за субвенциониран студентски оброк appeared first on Република.

]]>
МОН: Наменските платежни картички за субвенциониран студентски оброк може да се подигнуваат и во сабота https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mon-namenskite-platezhni-kartichki-za-subventsioniran-studentski-obrok-mozhe-da-se-podignuvaat-i-vo-sabota/ Fri, 29 Sep 2023 15:31:04 +0000 https://republika.mk/?p=686429

Министерството за образование и наука информира дека наменските платежни картички за користење на средствата за субвенциониран студентски оброк, студентите кои ги исполните условите за остварување на ова право, ќе можат да ги подигнуваат во филијалите на Шпаркасе банка и во текот на утрешниот ден, сабота (30.9.2023).

Министерството за образование и наука упатува апел до сите студенти кои сè уште не постапиле согласно дадените насоки, да го сторат тоа и да појдат до филијалата за која се известени дека ќе им издаде картичка. Користењето на средствата за купување храна во маркети, пекарници, ресторани и други правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна, започнува од понеделник, односно со почетокот на новата академска 2023-2024 година.

Потсетуваме дека аплицирањето за ова право за кандидатите кои се стекнале со статус на студенти во академската 2023/2024 година, трае до 2 октомври 2023 година.

The post МОН: Наменските платежни картички за субвенциониран студентски оброк може да се подигнуваат и во сабота appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука информира дека наменските платежни картички за користење на средствата за субвенциониран студентски оброк, студентите кои ги исполните условите за остварување на ова право, ќе можат да ги подигнуваат во филијалите на Шпаркасе банка и во текот на утрешниот ден, сабота (30.9.2023). Министерството за образование и наука упатува апел до сите студенти кои сè уште не постапиле согласно дадените насоки, да го сторат тоа и да појдат до филијалата за која се известени дека ќе им издаде картичка. Користењето на средствата за купување храна во маркети, пекарници, ресторани и други правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна, започнува од понеделник, односно со почетокот на новата академска 2023-2024 година. Потсетуваме дека аплицирањето за ова право за кандидатите кои се стекнале со статус на студенти во академската 2023/2024 година, трае до 2 октомври 2023 година.

The post МОН: Наменските платежни картички за субвенциониран студентски оброк може да се подигнуваат и во сабота appeared first on Република.

]]>
Шаќири порача студентите да си ги подигнат картичките за користење субвенциониран студентски оброк https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shakiri-poracha-studentite-da-si-gi-podignat-kartichkite-za-koristene-subventsioniran-studentski-obrok/ Wed, 20 Sep 2023 15:03:00 +0000 https://republika.mk/?p=683519

Без подигнување наменска студентска „Виза“ картичка, студентите нема да можат да ги користат средствата по основ на субвенциониран студентски оброк. Затоа, сите апликанти кои го оствариле ова право и за тоа добиле потврда од Министерството за образование и наука, треба електронски да ги ажурираат своите податоци на платформата на Шпаркасе банка и потоа да појдат во филијалата која ќе им биде посочена, да потпишат договор и да си ја подигнат картичката. Процесот е едноставен, апелира министерот за образование и наука Јетон Шаќири, кој заедно со раководството на „Шпаркасе“ банка посетил една од филијалите на банката.

Целта на посетата била да видат како се одвива потпишувањето договори и подигнувањето на наменските картички за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк и да ги повикаат оние кои сè уште не ја завршиле оваа обврска, да го сторат тоа поскоро.

Задоволен сум од текот на активностите и гледам дека целиот процес се одвива едноставно, но според информациите со кои располагаме и натаму одреден број студенти сè уште не ги подигнале своите наменски картички. Затоа во оваа прилика уште еднаш ги повикувам да го сторат тоа за да можат да ги користат средствата кои за нив по овој основ ги обезбедува државата, а од оваа академска година се зголемени и изнесуваат 140 денари дневно, вели Шаќири.

Како што информира МОН, од банката потсетиле дека ажурирањето на податоците, студентите го прават на нивната онлајн-платформа https://netbanking.mk/studentPortal . Потоа добиваат информација преку СМС за точното време и место за потпишување на договорот за отворање посебна сметка и за подигнување на наменскa студентскa „Виза“ картичкa за субвенциониран оброк.

Аплицирањето за субвенциониран студентски оброк за кандидатите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2023/2024 година и кои не го запишале летниот семестар, ќе трае од 27 септември до 2 октомври 2023 година. Секој апликант кој има потреба од непосредна поддршка при аплицирањето може да се обрати на контактот: so.us@mon.gov.mk или во наменската канцеларија на приземјето во зградата на Министерството.

The post Шаќири порача студентите да си ги подигнат картичките за користење субвенциониран студентски оброк appeared first on Република.

]]>

Без подигнување наменска студентска „Виза“ картичка, студентите нема да можат да ги користат средствата по основ на субвенциониран студентски оброк. Затоа, сите апликанти кои го оствариле ова право и за тоа добиле потврда од Министерството за образование и наука, треба електронски да ги ажурираат своите податоци на платформата на Шпаркасе банка и потоа да појдат во филијалата која ќе им биде посочена, да потпишат договор и да си ја подигнат картичката. Процесот е едноставен, апелира министерот за образование и наука Јетон Шаќири, кој заедно со раководството на „Шпаркасе“ банка посетил една од филијалите на банката.
Целта на посетата била да видат како се одвива потпишувањето договори и подигнувањето на наменските картички за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк и да ги повикаат оние кои сè уште не ја завршиле оваа обврска, да го сторат тоа поскоро.
Задоволен сум од текот на активностите и гледам дека целиот процес се одвива едноставно, но според информациите со кои располагаме и натаму одреден број студенти сè уште не ги подигнале своите наменски картички. Затоа во оваа прилика уште еднаш ги повикувам да го сторат тоа за да можат да ги користат средствата кои за нив по овој основ ги обезбедува државата, а од оваа академска година се зголемени и изнесуваат 140 денари дневно, вели Шаќири.
Како што информира МОН, од банката потсетиле дека ажурирањето на податоците, студентите го прават на нивната онлајн-платформа https://netbanking.mk/studentPortal . Потоа добиваат информација преку СМС за точното време и место за потпишување на договорот за отворање посебна сметка и за подигнување на наменскa студентскa „Виза“ картичкa за субвенциониран оброк. Аплицирањето за субвенциониран студентски оброк за кандидатите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2023/2024 година и кои не го запишале летниот семестар, ќе трае од 27 септември до 2 октомври 2023 година. Секој апликант кој има потреба од непосредна поддршка при аплицирањето може да се обрати на контактот: so.us@mon.gov.mk или во наменската канцеларија на приземјето во зградата на Министерството.

The post Шаќири порача студентите да си ги подигнат картичките за користење субвенциониран студентски оброк appeared first on Република.

]]>
Собранието ги донесе измените на Законот за субвенциониран студентски оброк https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sobranieto-gi-donese-izmenite-na-zakonot-za-subventsioniran-studentski-obrok/ Wed, 26 Apr 2023 16:03:26 +0000 https://republika.mk/?p=634350

Собранието на денешната 111 седница го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за субвенциониран студентски оброк, поднесен од пратениците од владејачкото мнозинство Моника Зајкова, Санела Шкријел, Боби Мојсовски, Даниела Николовска и Жаклина Лазаревска. Законот беше усвоен со 70 гласа „за“ и ниту еден „воздржан“ или „против“.

Во расправата пред гласањето, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, ги спомена забелешките и од комисиската расправа околу овој закон, односно за картичкиот систем и за зголемување сумата.

– И при комисиската расправа имавме две суштински забелешки – едниот беше за системот кој што се планира да се воведе, кој е картичниот систем и кој еднаш веќе бил како предлог да се воведе, но не успеал, затоа што претходниот пат ниту една банка не се пријавила на повикот на МОН, и втората забелешка покачување на сумата на 160 денари наместо досегашните 120 денари, рече Стојаноски.

Пратеничката од редовите на владејачката коалиција, Санела Шкријељ, во реплика рече дека не точно дека еднаш имало објавено повик за ваков картичен систем.

– Никогаш немало објавено јавен повик за ваков картичен систем. Причината зошто досега така течела исплата е затоа што во моментот кога требаше да стартува овој закон, се наоѓавме во сред пандемија, рестораните и останатите места не работеа и едноставно беше невозможно да се имплементира, така како што е замислено, а знам дека и вие го поддржувате тоа студентите да добија субвенција за здрав оброк, истакна Шкријељ.

Освен тоа, таа потврди дека дневната сума се зголемува од 120 на 160 денари и дека таа ќе се усогласува со инфлациската стапка после секоја фискална година. Според неа, ова е начин за да нема честа расправија околу сумата толку често, туку таа да се одредува според стапката на инфлација.

Таа додаде дека студентите ќе можат да ја користат субвенцијата од понеделник до сабота и дека со оваа измена, тие ќе можат да ја користат субвенцијата и за време на верските празници.

Претходно во Собранието беше донесен и Долгорочниот план за развој на одбранбените способности 2023-2032.

The post Собранието ги донесе измените на Законот за субвенциониран студентски оброк appeared first on Република.

]]>

Собранието на денешната 111 седница го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за субвенциониран студентски оброк, поднесен од пратениците од владејачкото мнозинство Моника Зајкова, Санела Шкријел, Боби Мојсовски, Даниела Николовска и Жаклина Лазаревска. Законот беше усвоен со 70 гласа „за“ и ниту еден „воздржан“ или „против“. Во расправата пред гласањето, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, ги спомена забелешките и од комисиската расправа околу овој закон, односно за картичкиот систем и за зголемување сумата.
– И при комисиската расправа имавме две суштински забелешки – едниот беше за системот кој што се планира да се воведе, кој е картичниот систем и кој еднаш веќе бил како предлог да се воведе, но не успеал, затоа што претходниот пат ниту една банка не се пријавила на повикот на МОН, и втората забелешка покачување на сумата на 160 денари наместо досегашните 120 денари, рече Стојаноски.
Пратеничката од редовите на владејачката коалиција, Санела Шкријељ, во реплика рече дека не точно дека еднаш имало објавено повик за ваков картичен систем.
– Никогаш немало објавено јавен повик за ваков картичен систем. Причината зошто досега така течела исплата е затоа што во моментот кога требаше да стартува овој закон, се наоѓавме во сред пандемија, рестораните и останатите места не работеа и едноставно беше невозможно да се имплементира, така како што е замислено, а знам дека и вие го поддржувате тоа студентите да добија субвенција за здрав оброк, истакна Шкријељ.
Освен тоа, таа потврди дека дневната сума се зголемува од 120 на 160 денари и дека таа ќе се усогласува со инфлациската стапка после секоја фискална година. Според неа, ова е начин за да нема честа расправија околу сумата толку често, туку таа да се одредува според стапката на инфлација. Таа додаде дека студентите ќе можат да ја користат субвенцијата од понеделник до сабота и дека со оваа измена, тие ќе можат да ја користат субвенцијата и за време на верските празници. Претходно во Собранието беше донесен и Долгорочниот план за развој на одбранбените способности 2023-2032.

The post Собранието ги донесе измените на Законот за субвенциониран студентски оброк appeared first on Република.

]]>
Студентите во Битола оставени без оброк https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/studentite-vo-bitola-ostaveni-bez-obrok/ Fri, 17 Feb 2023 12:20:59 +0000 https://republika.mk/?p=610146

Студентите од Педагошкиот Факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, поради бирократски проблеми се оставени без средства за субвенционираниот студентски оброк од почетокот на академската година во октомври, алармираат од Студентски отпор.

До студентското движење во изминатиов период пристигнале голем број на поплаки во однос на овој проблем, кој, според нивните дојави, е настанат од „неспособноста на деканатот на Педагошкиот факултет во Битола, кој навреме не доставил листа до МОН на редовни студенти“.

Откако во МОН со задоцнување пристигнала листата на редовни студенти, поради непознати за нас причини се уште на студентите од овој факултет им немаат исплатено средства. Додека стотици илјади евра за патни трошоци на пратениците има, за исплата на субвенциониран студентски оброк за сите студенти, очигледно нема. Затоа јавно, повторно повикуваме министерот за образование Јетон Шаќири, како одговорен за најнеспособното министерство за образование во историја на независна Македонија да си поднесе НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА. Бидејќи очигледно не е способен да ја врши оваа функција на задоволително ниво, велат од Студентски отпор.

The post Студентите во Битола оставени без оброк appeared first on Република.

]]>

Студентите од Педагошкиот Факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, поради бирократски проблеми се оставени без средства за субвенционираниот студентски оброк од почетокот на академската година во октомври, алармираат од Студентски отпор. До студентското движење во изминатиов период пристигнале голем број на поплаки во однос на овој проблем, кој, според нивните дојави, е настанат од „неспособноста на деканатот на Педагошкиот факултет во Битола, кој навреме не доставил листа до МОН на редовни студенти“.
Откако во МОН со задоцнување пристигнала листата на редовни студенти, поради непознати за нас причини се уште на студентите од овој факултет им немаат исплатено средства. Додека стотици илјади евра за патни трошоци на пратениците има, за исплата на субвенциониран студентски оброк за сите студенти, очигледно нема. Затоа јавно, повторно повикуваме министерот за образование Јетон Шаќири, како одговорен за најнеспособното министерство за образование во историја на независна Македонија да си поднесе НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА. Бидејќи очигледно не е способен да ја врши оваа функција на задоволително ниво, велат од Студентски отпор.

The post Студентите во Битола оставени без оброк appeared first on Република.

]]>
Студентите за два и пол месеци добија по 6.480 денари за студентски оброк https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/studentite-za-dva-i-pol-meseci-dobija-po-6-480-denari-za-studentski-obrok/ Fri, 23 Dec 2022 08:49:59 +0000 https://republika.mk/?p=589038

Студентите кои аплицираа на повикот на МОН за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк и ги исполнија условите, по овој основ денеска на своите трансакциски сметки добија средства во износ од по 6.480 денари. Станува збор за речиси 29 илјади студенти, а средствата се однесуваат за половина од месец септември и за октомври и ноември.

Останатите студенти кои не го остварија правото на субвенциониран студентски оброк, имаат можност да поднесат приговор на електронската адреса subvencioniran.obrok@mon.gov.mk.

На повикот за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк кој траеше од 25 ноември до 3 декември, пристигнале над 31 илјада апликации.

The post Студентите за два и пол месеци добија по 6.480 денари за студентски оброк appeared first on Република.

]]>

Студентите кои аплицираа на повикот на МОН за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк и ги исполнија условите, по овој основ денеска на своите трансакциски сметки добија средства во износ од по 6.480 денари. Станува збор за речиси 29 илјади студенти, а средствата се однесуваат за половина од месец септември и за октомври и ноември. Останатите студенти кои не го остварија правото на субвенциониран студентски оброк, имаат можност да поднесат приговор на електронската адреса subvencioniran.obrok@mon.gov.mk. На повикот за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк кој траеше од 25 ноември до 3 декември, пристигнале над 31 илјада апликации.

The post Студентите за два и пол месеци добија по 6.480 денари за студентски оброк appeared first on Република.

]]>
МОН: Во тек е постапката за исплата на субвенциониран студентски оброк https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mon-vo-tek-e-postapkata-za-isplata-na-subvencioniran-studentski-obrok/ Mon, 19 Dec 2022 19:20:02 +0000 https://republika.mk/?p=587790

Налогот за исплата на средства по основ на субвенциониран студентски оброк е доставен до Министерството за финансии на понатамошно постапување, соопшти вечерва Министерството за образование и наука (МОН).

Комисија во рамки на МОН изврши проверка на апликациите на студентите од аспект на исполнетост на условите согласно Законот за субвенциониран студентски оброк, преку компарација со податоците пристигнати од другите надлежни институции – УЈП, АВРМ, ФПИОМ, МВР и сите универзитети.

Секој студент кој ги исполнил условите, ќе добие средства за два и пол месеци, односно за половина септември и за октомври и ноември, најавуваат од МОН.

На повикот за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк кој траеше од 25 ноември до 3 декември, пристигнаа над 31 илјада апликации.

The post МОН: Во тек е постапката за исплата на субвенциониран студентски оброк appeared first on Република.

]]>

Налогот за исплата на средства по основ на субвенциониран студентски оброк е доставен до Министерството за финансии на понатамошно постапување, соопшти вечерва Министерството за образование и наука (МОН). Комисија во рамки на МОН изврши проверка на апликациите на студентите од аспект на исполнетост на условите согласно Законот за субвенциониран студентски оброк, преку компарација со податоците пристигнати од другите надлежни институции – УЈП, АВРМ, ФПИОМ, МВР и сите универзитети.
Секој студент кој ги исполнил условите, ќе добие средства за два и пол месеци, односно за половина септември и за октомври и ноември, најавуваат од МОН.
На повикот за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк кој траеше од 25 ноември до 3 декември, пристигнаа над 31 илјада апликации.

The post МОН: Во тек е постапката за исплата на субвенциониран студентски оброк appeared first on Република.

]]>
МОН: Исплата за субвенциониран студентски оброк ќе има до крајот на месецот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mon-isplata-za-subvencioniran-studentski-obrok-kje-ima-do-krajot-na-mesecot/ Thu, 15 Dec 2022 20:06:41 +0000 https://republika.mk/?p=586204

Министерството за образование и наука информира дека исплата на средства по основ на субвенциониран студентски оброк ќе има до крајот на тековниот месец. Сите студенти кои ќе го остварат правото, ретроактивно на своите трансакциски сметки ќе добијат парични средства за два и пол месеци, односно за половина септември, за октомври и ноември.

Во моментов, комисија во рамки на Министерството за образование и наука задолжена за проверка дали студентите/апликантите ги исполнуваат условите согласно Законот за субвенциониран студентски оброк врши компарација на податоците наведени во апликациите и податоците кои ги добивме од другите надлежни институции – УЈП, АВРМ, ФПИОМ, МВР и сите универзитети, се вели во соопштението.

Секој студент/апликант ќе добие решение преку системот преку кој се аплицираше, а веднаш потоа ќе се реализира и исплатата.

Од МОН информираат дека на повикот, кој траеше од 25 ноември до 3 декември, пристигнаа над 31 илјада апликации.

The post МОН: Исплата за субвенциониран студентски оброк ќе има до крајот на месецот appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука информира дека исплата на средства по основ на субвенциониран студентски оброк ќе има до крајот на тековниот месец. Сите студенти кои ќе го остварат правото, ретроактивно на своите трансакциски сметки ќе добијат парични средства за два и пол месеци, односно за половина септември, за октомври и ноември.
Во моментов, комисија во рамки на Министерството за образование и наука задолжена за проверка дали студентите/апликантите ги исполнуваат условите согласно Законот за субвенциониран студентски оброк врши компарација на податоците наведени во апликациите и податоците кои ги добивме од другите надлежни институции – УЈП, АВРМ, ФПИОМ, МВР и сите универзитети, се вели во соопштението.
Секој студент/апликант ќе добие решение преку системот преку кој се аплицираше, а веднаш потоа ќе се реализира и исплатата. Од МОН информираат дека на повикот, кој траеше од 25 ноември до 3 декември, пристигнаа над 31 илјада апликации.

The post МОН: Исплата за субвенциониран студентски оброк ќе има до крајот на месецот appeared first on Република.

]]>
Пратениците не сакаа по скратена постапка да изгласаат 160 денари за студентски оброк https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pratenicite-ne-sakaa-po-skratena-postapka-da-izglasaat-160-denari-za-studentski-obrok/ Tue, 13 Dec 2022 13:39:14 +0000 https://republika.mk/?p=585197

Собранието на денешната седница не го усвои предлогот на дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка да се носи предлог-законот за изменување на Законот за субвенциониран студентски оброк. Со овој предлог, пратениците бараат износот на субвенција за студентскиот оброк да се зголеми од 120 на 160 денари.

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски рече дека тие нудат конкретно решение, и оти средства во Буџетот има. Тој ги повика пратениците веднаш да ја изгласаат потребата преку собраниските комисии да се изгласа законско решение со кое до крајот на годината наместо 120, студентите ќе добијат 160 денари за студентски оброк.

Скоро еден месец подоцна од театрите во Собранието, нема скоро ништо од она што го ветуваа дека ќе се исполни. Што добија студентите еден месец подоцна? Не ги лажете луѓето, децата не ги носете по увиди, станете сериозни и почнете да прифаќате законски решенија со кои ќе им помогнете на студентите, рече Стојановски.

Собранието на денешната седница ја утврди потребата по скратена постапка да се донесат неколку закони предложени од Владата, меѓу кои законите за извршување на буџетот за 2023 и предлог-законот за дополнување на законот за концесии и јавно-приватно партнерство и ги задолжи матичните комисии да расправаат по предлозите.

На седницата, Собранието усвои по скратена постапка да се носат и предлог-законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Финансискиот договор за заем на Развојната банка на Македонија АД Скопје за мали и средни претпријатија, средно пазарно капитализирани претпријатија и зелена транзиција, кој ќе се склучи меѓу Европската инвестициона банка и Развојната банка на Македонија АД Скопје, предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за данокот на личен доход, на Законот за данокот на добивка, на Законот за данокот на додадена вредност, и предлог-законот за дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Македонија…

Собранието, не ги усвои ниту предлозите на дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка да се носат предлог-законите за дополнување на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица и за дополнување и изменување на Законот за данокот на додадена вредност.

The post Пратениците не сакаа по скратена постапка да изгласаат 160 денари за студентски оброк appeared first on Република.

]]>

Собранието на денешната седница не го усвои предлогот на дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка да се носи предлог-законот за изменување на Законот за субвенциониран студентски оброк. Со овој предлог, пратениците бараат износот на субвенција за студентскиот оброк да се зголеми од 120 на 160 денари. Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски рече дека тие нудат конкретно решение, и оти средства во Буџетот има. Тој ги повика пратениците веднаш да ја изгласаат потребата преку собраниските комисии да се изгласа законско решение со кое до крајот на годината наместо 120, студентите ќе добијат 160 денари за студентски оброк.
Скоро еден месец подоцна од театрите во Собранието, нема скоро ништо од она што го ветуваа дека ќе се исполни. Што добија студентите еден месец подоцна? Не ги лажете луѓето, децата не ги носете по увиди, станете сериозни и почнете да прифаќате законски решенија со кои ќе им помогнете на студентите, рече Стојановски.
Собранието на денешната седница ја утврди потребата по скратена постапка да се донесат неколку закони предложени од Владата, меѓу кои законите за извршување на буџетот за 2023 и предлог-законот за дополнување на законот за концесии и јавно-приватно партнерство и ги задолжи матичните комисии да расправаат по предлозите. На седницата, Собранието усвои по скратена постапка да се носат и предлог-законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Финансискиот договор за заем на Развојната банка на Македонија АД Скопје за мали и средни претпријатија, средно пазарно капитализирани претпријатија и зелена транзиција, кој ќе се склучи меѓу Европската инвестициона банка и Развојната банка на Македонија АД Скопје, предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за данокот на личен доход, на Законот за данокот на добивка, на Законот за данокот на додадена вредност, и предлог-законот за дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Македонија… Собранието, не ги усвои ниту предлозите на дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка да се носат предлог-законите за дополнување на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица и за дополнување и изменување на Законот за данокот на додадена вредност.

The post Пратениците не сакаа по скратена постапка да изгласаат 160 денари за студентски оброк appeared first on Република.

]]>
Гравче, риба и зелка салата: Ковачевски на неделен ручек во мензата на „Гоце Делчев“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gravche-riba-i-zelka-salata-kovachevski-na-nedelen-ruchek-vo-menzata-na-goce-delchev/ Sun, 27 Nov 2022 15:08:50 +0000 https://republika.mk/?p=578732

Премиерот Димитар Ковачевски го посети студентскиот дом „Гоце Делчев“.

Според објавеното видео, Ковачевски ручаше гравче и риба со стидентите.

„Студентите се иднината на оваа држава! Тие секогаш ќе имаат право да го искажат своето мислење, да бидат дел од процесот и да учествуваат во носењето на одлуките кои ги засегаат нив. Ние сме тука да ги слушнеме нивните ставови, да разговараме со нив и да носиме заеднички политики за подобрување на нивниот стандард!“, вели Ковачевски.

The post Гравче, риба и зелка салата: Ковачевски на неделен ручек во мензата на „Гоце Делчев“ appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски го посети студентскиот дом „Гоце Делчев“. Според објавеното видео, Ковачевски ручаше гравче и риба со стидентите. „Студентите се иднината на оваа држава! Тие секогаш ќе имаат право да го искажат своето мислење, да бидат дел од процесот и да учествуваат во носењето на одлуките кои ги засегаат нив. Ние сме тука да ги слушнеме нивните ставови, да разговараме со нив и да носиме заеднички политики за подобрување на нивниот стандард!“, вели Ковачевски.

The post Гравче, риба и зелка салата: Ковачевски на неделен ручек во мензата на „Гоце Делчев“ appeared first on Република.

]]>
„Студентски отпор“ со последен апел до пратениците: Излезете ни во пресрет https://arhiva3.republika.mk/vesti/studentski-otpor-so-posleden-apel-do-pratenicite-izlezete-ni-vo-presret/ Mon, 21 Nov 2022 10:50:58 +0000 https://republika.mk/?p=576432

„Студентски отпор“ упатува апел до сите пратенички групи во Собранието денеска како последен ден од рокот за поднесување на амандмани на Буџетот за 2023 година да се излезе во пресрет на студентите и да се зголемат средствата што ги предвиделе од Министерството за образование и наука (МОН).

Имено во предлог-буџетот за 2023 година, забележуваме значително намалување и тоа во ставката наменета за „ученички стандард“ за 19,72 проценти, ставката за „студентски стандард“ намалена за 17,96 отсто, ставката наменета за „наука“ намалена за 30,87 посто и ставката наменета за „инвестиции во образованието“ намалена за 17,24 проценти. Особено сме загрижени од намалувањето на предвидените средства во однос на 2022 година за „изградба и реконструкција на студентски домови“ за 31 посто и „енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови“ за дури 46 отсто, се вели во соопштението од Студентскиот отпор за правата на студентите.

Оттаму бараат пратеничките групи да поднесат амандмани со кои се предвидува зголемување на овие ставки и да се престане со штедење и намалување на средства кои, како што велат, се директно на штета на младите луѓе во земјава.

Со зголемување на средствата бараме зголемување на субвенцијата за студентски оброк од 120 на 160 денари и задржување на постојните критериуми, но исто така бараме во студентските домови да има повисок квалитет на храна и лифтовите да работат во текот на целиот ден. Во делот на инвестициите во образованието бараме да се предвидат средства за реконструкција на сите студентски домови. Само во овие три програми (студентски стандард, ученички стандард и инвестиции во образованието) Владата за 2023 година предвидува речиси 500 милиони денари помалку отколку со Буџетот за 2022 година. Уште еднаш ги замолуваме пратениците да поднесат амандмани за зголемување на овие ставки за доброто на младите кои се иднината на секоја држава, се вели во барањето на „Студентски отпор“.

The post „Студентски отпор“ со последен апел до пратениците: Излезете ни во пресрет appeared first on Република.

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе два амандмани на Предлог закон за субвенциониран студентски оброк https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-kje-podnese-dva-amandmani-na-predlog-zakon-za-subvencioniran-studentski-obrok/ Thu, 17 Nov 2022 11:03:15 +0000 https://republika.mk/?p=574870

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе поднесе два амандмани на Предлог закон за субвенциониран студентски оброк, предложен од страна на владејачкото мнозинство, соопшти на денешната прес-конференција пратеникот на оваа партија Бојан Стојаноски.

Првиот амандман е за зголемување на средствата за студентски оброк од 120 денари, како што предлага мнозинството, на 160 денари, додека пак вториот е за продолжување на рокот до крајот на учебната година, наместо до март 2023 година, како што предлага мнозинството - рече Стојаноски, кој воедно е и претседател на Комисијата за финансирање и буџет на која на дневен ред е ставен овој предлог-закон.

Тој посочи дека јавноста и студентите мора да знаат дека овие нивни предлози, пратеници од мнозинството ги одбија во изминативе денови.

Но, еве уште една можност власта да се вразуми и да ги прифати нашите амандмански интервенции на Предлог-законот за субвенциониран студентски оброк. Доста е од разно-разни лажни работни групи, средби, преговори, договори и преддоговори. Сега е време власта да покаже на дело дали за нив студентите се на врвот на приоритетната листа или пак се наоѓаат на самото дно заедно со останатите групи и категории на граѓани - рече Стојановски.

Опозицискиот пратеник најави „жестока дискусија и аргументирана расправа“ од страна на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „за одбрана на интересите и потребите на студентите“.

Власта барем денеска, на Меѓународниот ден на студентите, мора да сфати дека студентите се темелот на иднината на државата. Власта барем денеска, мора да покаже дали заложбите и намерите им се искрени и вистински или пак празни и лажни - рече Стојаноски.

The post ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе два амандмани на Предлог закон за субвенциониран студентски оброк appeared first on Република.