студентски домови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/studentski-domovi/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Nov 2024 14:26:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png студентски домови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/studentski-domovi/ 32 32 Јаневска: Со нов закон за студентски стандард ќе се унапредат студентските права и функционирањето на домовите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-so-nov-zakon-za-studentski-standard-ke-se-unapredat-studentskite-prava-i-funktsioniraneto-na-domovite/ Mon, 04 Nov 2024 14:26:31 +0000 https://republika.mk/?p=834068

Следната година ќе работиме на ново законско решение кое ќе го унапреди студентскиот стандард, односно ќе овозможи подобро функционирање на студентските домови и повеќе можности за идните академски граѓани, рече министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на денешната расправа во Собранието по повод извештајот од извршена ревизија на Државниот завод за ревизија на тема: Ефикасност на мерките, политиките и проектите за исполнување на условите во кои функционираат државните студентски домови и развој на студентскиот стандард.

Големите проблеми, настануваат со игнорирање на малите. Токму тоа го правеше претходната Влада и затоа сме доведени во состојба во која студентските домови се жаргонски кажано - пред стечај. Ќе се обидеме да ги надминеме сите предизвици, да ги поддржиме нашите млади колку што е можно повеќе, да се едуцираат тука и да останат во својата земја“, рече Јаневска, додавајќи дека ревизорскиот извештај ќе биде патоказ по кој ќе се води министерството во следниот приод.

Министерката посочи повеќе причини за изработка на нов Закон за студентски стандард.

Според сегашниот закон, МОН финансира 50% од цената за сместување во домовите. Таа цена е 6820 денари, така што студентот плаќа 3410 денари, кои не се доволни за да можат домовите да бидат самоодржливи. Но, доколку одлучиме да ја зголемиме цената на 14.680 денари, како што предлага ревизорот во овој извештај, тоа ќе биде шок и за студентите и за државата, бидејќи одеднаш ќе треба да плаќаат 100% повисока цена. Покачувањето морало да биде етапно, но ниту еден министер не се охрабрил, плашејќи се да не предизвика студентски револт и губење политички поени“, рече Јаневска.

Таа рече дека законот дозволува, а воедно и често министерството одговара на барања на домовите и покрива голем дел од режиските трошоци кои ги пријавуваат како непредвидени, но тоа е проблем, бидејќи министерството непланирано троши дел од својот ограничен буџет.

Планот е во ново законско решение да се дефинира модел на финансирање на домовите, со кој ќе се обезбеди континуирана финансиска поддршка согласно реалните потреби на домовите, а при тоа истото нема да предизвика финансиски товар на студентите“, додаде Јаневска.

Како причина поради која неопходно е менување на Законот за студентскиот стандард, беше наведен и начинот на кој е уредено доделувањето на стипендиите. Сегашното решение дефинира процентуална распределба на стипендии по области, при што некои категории не се искористуваат целосно, а средствата пропаѓаат. За да не се случува ова во иднина, потребно е начинот на распределба на стипендиите да се уреди со подзаконски акт, кој ќе може да се менува согласно потребите за стимулирање на упис на одредени студиски програми.

За време на дискусијата, министерката Јаневска се осврна и на Законот за субвенциониран студентски оброк, кој, според ревизорскиот извештај не дава гаранција дека средствата што им се доделуваат на студентите се користат исклучиво за прехрана.

Субвенционираниот студентски оброк годишно го чини министерството 800 милиони денари. Со овие пари МОН може многу да направи за студентскиот стандард, но сепак, немаме намера да го укинеме законот. Ќе се обидеме и тој да го доуредиме“, кажа министерката.

Министерството за образование и наука веќе има постапено по дел од забелешките на државниот ревизор. Целосно е дигитализирана постапката за аплицирање за стипендии, за оброк и сместување во студентски домови, воспоставени се регистри на државни стипендисти во странство и на студентски домови, а започната е и етапна реконструкција на домовите.

The post Јаневска: Со нов закон за студентски стандард ќе се унапредат студентските права и функционирањето на домовите appeared first on Република.

]]>

Јаневска: За четири години сите државни студентски домови ќе станат модерни и енергетски ефикасни https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-za-chetiri-godini-site-drzhavni-studentski-domovi-ke-stanat-moderni-i-energetski-efikasni/ Tue, 15 Oct 2024 11:58:14 +0000 https://republika.mk/?p=827140

Условите во државните студентски домови се стар предизвик што, веројатно поради габаритноста на објектите и сложеноста на зафатот што требало одамна да се реализира, никој не се нафатил да го реши. Сега ние го решаваме тој предизвик, активностите за етапна реконструкција објектите се интензивираат и за четири години сите ќе станат модерни и енергетски ефикасни.

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на денешната прес конференција на која заедно со раководителот на Германската развојна банка (KFW) за Југоисточна Европа Клаус Милер, претставникот на Делегацијата на Европската Унија, Стефан Худолин и германскиот заменик амбасадор Јан – Аксел Вос информираа за прогресот на активностите во рамки на проектот за модернизација на државните студентски домови во Македонија.

[caption id="attachment_827150" align="alignnone" width="1200"] Студентски дом „Кузман Јосифовски Питу“ / Фото: МОН[/caption]

Градежни активности се реализираат во „Кузман Јосифовски – Питу“ и „Стив Наумов“ во Скопје и во нив вложуваме 17 милиони евра. За 18 месеци ќе станат современи, енергетски ефикасни и ќе понудат услови и стандарди за едукација и престој какви што треба да имаат и какви што заслужуваат студентите. Целосно ја менуваме внатрешноста, инсталациите, столаријата, фасадата, поставуваме фотоволтаици и еко системи за греење“, рече Јаневска, информирајќи дека паралелно течат подготовките за отпочнување на реконструкцијата и на други седум студентски домови.

[caption id="attachment_827151" align="alignnone" width="1200"] Студенски дом „Кузман Јосифовски Пит“ / Фото: МОН[/caption]

Ова е една од мерките со која, како што рече Јаневска, убедена сум дека ќе го промениме размислувањето кај дел од младите да заминат на студирање надвор од својата земја.

Во време кога недостига работна сила, важен ни е секој еден млад човек. Па, бидејќи е така, да им обезбедиме можности целосно да се реализираат тука, во сопствената земја, додаде Јаневска.

[caption id="attachment_827152" align="alignnone" width="500"] Во време кога недостига работна сила, важен ни е секој еден млад човек, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска / Фото: МОН[/caption]

Министерката изрази благодарност што Македонија има силни поддржувачи во заложбите за обезбедување на подобар студентски стандард, а со тоа и во заложбите за градење на генерации кои ќе бидат задоволни од грижата на државата и како што нагласи, ќе развиваат силно патриотско чувство и ќе возвратат со труд и посветеност кон нејзиниот напредок.

[caption id="attachment_827148" align="alignnone" width="1200"] Студентски дом „Кузман Јосифовски Питу“ / Фото: МОН[/caption]

За проектот за реконструкција на државните студентски домови досега се обезбедени средства во износ од 25 милиони евра, од кои 20 преку кредитна линија на Германската развојна банка и речиси 5 милиони евра неповратен грант од Програмата за регионална енергетска ефикасност за Западен Балкан на Европската Унија.

The post Јаневска: За четири години сите државни студентски домови ќе станат модерни и енергетски ефикасни appeared first on Република.

]]>

Условите во државните студентски домови се стар предизвик што, веројатно поради габаритноста на објектите и сложеноста на зафатот што требало одамна да се реализира, никој не се нафатил да го реши. Сега ние го решаваме тој предизвик, активностите за етапна реконструкција објектите се интензивираат и за четири години сите ќе станат модерни и енергетски ефикасни. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на денешната прес конференција на која заедно со раководителот на Германската развојна банка (KFW) за Југоисточна Европа Клаус Милер, претставникот на Делегацијата на Европската Унија, Стефан Худолин и германскиот заменик амбасадор Јан – Аксел Вос информираа за прогресот на активностите во рамки на проектот за модернизација на државните студентски домови во Македонија. [caption id="attachment_827150" align="alignnone" width="1200"] Студентски дом „Кузман Јосифовски Питу“ / Фото: МОН[/caption]
Градежни активности се реализираат во „Кузман Јосифовски – Питу“ и „Стив Наумов“ во Скопје и во нив вложуваме 17 милиони евра. За 18 месеци ќе станат современи, енергетски ефикасни и ќе понудат услови и стандарди за едукација и престој какви што треба да имаат и какви што заслужуваат студентите. Целосно ја менуваме внатрешноста, инсталациите, столаријата, фасадата, поставуваме фотоволтаици и еко системи за греење“, рече Јаневска, информирајќи дека паралелно течат подготовките за отпочнување на реконструкцијата и на други седум студентски домови.
[caption id="attachment_827151" align="alignnone" width="1200"] Студенски дом „Кузман Јосифовски Пит“ / Фото: МОН[/caption] Ова е една од мерките со која, како што рече Јаневска, убедена сум дека ќе го промениме размислувањето кај дел од младите да заминат на студирање надвор од својата земја.
Во време кога недостига работна сила, важен ни е секој еден млад човек. Па, бидејќи е така, да им обезбедиме можности целосно да се реализираат тука, во сопствената земја, додаде Јаневска.
[caption id="attachment_827152" align="alignnone" width="500"] Во време кога недостига работна сила, важен ни е секој еден млад човек, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска / Фото: МОН[/caption] Министерката изрази благодарност што Македонија има силни поддржувачи во заложбите за обезбедување на подобар студентски стандард, а со тоа и во заложбите за градење на генерации кои ќе бидат задоволни од грижата на државата и како што нагласи, ќе развиваат силно патриотско чувство и ќе возвратат со труд и посветеност кон нејзиниот напредок. [caption id="attachment_827148" align="alignnone" width="1200"] Студентски дом „Кузман Јосифовски Питу“ / Фото: МОН[/caption] За проектот за реконструкција на државните студентски домови досега се обезбедени средства во износ од 25 милиони евра, од кои 20 преку кредитна линија на Германската развојна банка и речиси 5 милиони евра неповратен грант од Програмата за регионална енергетска ефикасност за Западен Балкан на Европската Унија.

The post Јаневска: За четири години сите државни студентски домови ќе станат модерни и енергетски ефикасни appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Осумнаесет милиони евра за реконструкција на студентските домови https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-osumnaeset-milioni-evra-za-rekonstruktsija-na-studentskite-domovi/ Wed, 18 Sep 2024 09:09:12 +0000 https://republika.mk/?p=817366

Повеќе од 18 милиони евра ќе бидат вложени за реконструкција на студентските дома во државата, информираше денеска премиерот Христијан Мицкоски на означување на почеток на доградба на основното училишта „Блаже Конески“ во Скопје.

Покрај двата студентски дома во Скопје ќе се реконстрираат и останатите домови низ државата.

Повеќе од 18 милиони евра ќе бидат вложени за реконструкција на студентските домови, не само во Скопје, туку и во другите градови каде што имаме универзитетски кампуси, центри. Осумнаесет милиони евра ќе бидат вложени во реконструкција на двата студентски дома во Скопје, „Кузман Јосифовски Питу“ и „Стив Наумов“. Но, исто тоа ќе биде проектирано и во другите универзитетски центри во државата, така што и тоа е едно од оние ветувања коишто ги ветивме за студентите и младите - изјави премиерот.

Во двата студентски дома, како што посочи е почната реконструкцијата, се изведуваат електрични инсталации и тој очекува во следниот период да биде завршена.

Во државата има повеќе студентски домoви во неколку града, Скопје, Битола, Охрид, Прилеп, Штип и Тетово.

The post Мицкоски: Осумнаесет милиони евра за реконструкција на студентските домови appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 18 милиони евра ќе бидат вложени за реконструкција на студентските дома во државата, информираше денеска премиерот Христијан Мицкоски на означување на почеток на доградба на основното училишта „Блаже Конески“ во Скопје. Покрај двата студентски дома во Скопје ќе се реконстрираат и останатите домови низ државата.
Повеќе од 18 милиони евра ќе бидат вложени за реконструкција на студентските домови, не само во Скопје, туку и во другите градови каде што имаме универзитетски кампуси, центри. Осумнаесет милиони евра ќе бидат вложени во реконструкција на двата студентски дома во Скопје, „Кузман Јосифовски Питу“ и „Стив Наумов“. Но, исто тоа ќе биде проектирано и во другите универзитетски центри во државата, така што и тоа е едно од оние ветувања коишто ги ветивме за студентите и младите - изјави премиерот.
Во двата студентски дома, како што посочи е почната реконструкцијата, се изведуваат електрични инсталации и тој очекува во следниот период да биде завршена. Во државата има повеќе студентски домoви во неколку града, Скопје, Битола, Охрид, Прилеп, Штип и Тетово.

The post Мицкоски: Осумнаесет милиони евра за реконструкција на студентските домови appeared first on Република.

]]>
МОН: Од денес започнува електронското аплицирање за сместување во студентски домови во академската 2024-2025 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mon-od-denes-zapochnuva-elektronskoto-aplitsirane-za-smestuvane-vo-studentski-domovi-vo-akademskata-2024-2025-godina/ Mon, 15 Jul 2024 11:58:49 +0000 https://republika.mk/?p=797048

Министерството за образование и наука ги известува студентите запишани на јавните и приватните високообразовани институции во државата, дека е објавен Конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во државата за академската 2024/2025 година.

Согласно конкурсот, обезбедени се 4303 места, од кои 1034 за студенти од прва година, а 3269 се предвидени за студенти од втора, трета, четврта, петта и шеста година, како и апсолвенти.
Право на прием имаат редовни студенти кои се државјани на Република Македонија и се школуваат надвор од местото на живеење, запишани на додипломски студии со траење: помалку од осум семестри, а не повторувале студиска година; осум семестри, а не повторувале повеќе од една студиска година и над осум семестри, а не повторувале повеќе од две студиски години.

Исто така, право на прием имаат и редовни студенти кои се запишани на јавните универзитети и високообразовни установи, а се избрани со конкурси, одлуки, решенија, договори и слично, односно: владини стипендисти-студенти со македонско потекло, студенти од странство кои студираат на универзитетите и високообразовните установи во Република Македонија, студенти согласно програмата ЦЕЕПУС, студенти според билатерални договори.

Студентите кои ги исполнуваат условите од конкурсот, пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk. Рокот за пријавување на студентите од II година и повисоките години почнува од 15.7.2024 година и трае до 31.7.2024 година. Рокот за пријавување на студентите од I година почнува од 10.9.2024 година и трае до 17.9.2024 година. Доколку по објавување на конечните списоци со примени студенти по домови остануваат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, пријавување ќе продолжи сè до пополнување на истите, но најдоцна до 30.11.2024 година.

Конкурсот заедно со сите потребни документи за аплицирање за сместување во студентските домови е објавен на следниот линк.

The post МОН: Од денес започнува електронското аплицирање за сместување во студентски домови во академската 2024-2025 година appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука ги известува студентите запишани на јавните и приватните високообразовани институции во државата, дека е објавен Конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во државата за академската 2024/2025 година. Согласно конкурсот, обезбедени се 4303 места, од кои 1034 за студенти од прва година, а 3269 се предвидени за студенти од втора, трета, четврта, петта и шеста година, како и апсолвенти. Право на прием имаат редовни студенти кои се државјани на Република Македонија и се школуваат надвор од местото на живеење, запишани на додипломски студии со траење: помалку од осум семестри, а не повторувале студиска година; осум семестри, а не повторувале повеќе од една студиска година и над осум семестри, а не повторувале повеќе од две студиски години. Исто така, право на прием имаат и редовни студенти кои се запишани на јавните универзитети и високообразовни установи, а се избрани со конкурси, одлуки, решенија, договори и слично, односно: владини стипендисти-студенти со македонско потекло, студенти од странство кои студираат на универзитетите и високообразовните установи во Република Македонија, студенти согласно програмата ЦЕЕПУС, студенти според билатерални договори. Студентите кои ги исполнуваат условите од конкурсот, пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk. Рокот за пријавување на студентите од II година и повисоките години почнува од 15.7.2024 година и трае до 31.7.2024 година. Рокот за пријавување на студентите од I година почнува од 10.9.2024 година и трае до 17.9.2024 година. Доколку по објавување на конечните списоци со примени студенти по домови остануваат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, пријавување ќе продолжи сè до пополнување на истите, но најдоцна до 30.11.2024 година. Конкурсот заедно со сите потребни документи за аплицирање за сместување во студентските домови е објавен на следниот линк.

The post МОН: Од денес започнува електронското аплицирање за сместување во студентски домови во академската 2024-2025 година appeared first on Република.

]]>
Потпишан договор за реновирање на студенските домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/potpishan-dogovor-za-renovirane-na-studenskite-domovi-stiv-naumov-i-kuzman-josifovski-pitu/ Fri, 29 Dec 2023 13:19:40 +0000 https://republika.mk/?p=727895

Со заем од 20 милиони евра од Германска развојна банка и грант од 5 милиони евра преку Програмата за регионална енергетска ефикасност за Западен Балкан на Европската Унија ќе бидат реновирани деветте државни студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Штип и Охрид.

Реконструкцијата ќе се одвива во три фази, а во првата ќе бидат реновирани домовите „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје и за нив денеска во Владата беше потпишан договор со економскиот оператор Страбаг АГ кој, како што соопшти министерот за образование и наука Јетон Шаќири, доставил најповолна понуда.

Реконструкцијата на државните студентски домови е во рамки на Проектот за нивна енергетски ефикасна рехабилитација.

Премиерот Димитар Ковачевски пред потпишувањето истакна дека се работи за исклучително важен проект и крупна капитална инвестиција која ќе ги подобри условите на студирање и стандардот на студентите кои, рече, се иднината и движечката сила на државата.

-Проектот предвидува целосна реконструкција на сите девет државни студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Штип и Охрид. За 18 месеци ќе бидат реконструирани првите два дома - „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје. Со овие капитални инвестиции на дело покажуваме дека позитивните промени се возможни и решаваме децениски горливи прашања затоа што имаме соработници и поддршка од државите во Европската Унија за реализација на конкретни проекти за студентите, истакна Ковачевски.

Посочи дека за да почне реконструкцијата обезбедени се сите документи и дека тоа не било лесно, особено имотно-правните документи за „Кузман Јосифовски-Питу“ и за „Стив Наумов“ со оглед на тоа што, рече, „со децении тие биле запуштени и со децении не им бил решен имотно-правниот статус“.

Се осврна и на други мерки за поддршка на студентите, како зголемувањето на износот на стипендиите и воведувањето нови категории, субвенциониран студентски оброк од околу 3.000 денари, како и антикризните мерки за студентите од новиот, деветти пакет на Владата.

Ресорниот министер Јетон Шаќири рече дека целта на проектот за трансформација на сите девет студентски домови во енергетски ефикасни објекти не е само заради енергетската ефикасност и заштедата на енергија, туку студентите да добијат подобри услови за учење и живеење.

-Сите процедури за реализација на проектот ги водевме согласно правилата на Германската развојна банка. Согласно динамиката, реконструкцијата ќе се одвива во три фази. Во првата фаза се „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје и нивната реконструкција е предвидено да трае 18 месеци и за оваа фаза денеска потпишуваме договор со економскиот оператор кој достави најповолна понуда, рече Шаќири.

Посочи дека е предвидено промена на водоводната и електричната инсталација, поставување лед светилки, промена на инсталацијата за греење, промена на санитаријата и изработка на енергетски ефикасни фасади на објектите и поставување фотоволтаици за производство на електрична енергија. Како што рече, посебно сака да го нагласи опремувањето на собите за студентите со посебни потреби.

Штефен Худолин, в.д. амбасадор на Европската Унија, рече дека договорот што се потпишува е доказ за спроведување на Зелената агенда на ЕУ, дека сакаат да имаат позитивно еколошко влијание, но истовремено и да им го подобрат животот на студентите и да помогнат да се намали загадувањето во Скопје.

-Со буџет од 25 милиони евра, оваа иницијатива ќе помогне во напорите за декарбонизација, но ќе бидат потребни уште многу повеќе за да ги постигнеме целите кои ги имаме поставено.... Продолжуваме со нашата посветеност да ги подобриме самите објекти и да ги подобриме безбедносните стандарди. Особено ми е драго што оваа соработка ќе се сврти кон студентите во Македонија. Имаме голем број студенти што живеат во студентски домови и ова е можност да инспирираме еколошка свесност, рече Худолин.

Се обрати и Ото Граф, заменик амбасадор на СР Германија во земјава, кој истакна дека ова е еден од највозбудливите проекти што Германија го финансира во државава затоа што ги комбинира двата елемента – образованието и енергетската ефикасност.

-Студентските домови се важен дел за образовниот процес да биде успешен..., а Зелената агенда на ЕУ е дел од декарбонизацијата која сите сакаме да ја спроведеме, рече Граф.

The post Потпишан договор за реновирање на студенските домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ appeared first on Република.

]]>

Со заем од 20 милиони евра од Германска развојна банка и грант од 5 милиони евра преку Програмата за регионална енергетска ефикасност за Западен Балкан на Европската Унија ќе бидат реновирани деветте државни студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Штип и Охрид. Реконструкцијата ќе се одвива во три фази, а во првата ќе бидат реновирани домовите „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје и за нив денеска во Владата беше потпишан договор со економскиот оператор Страбаг АГ кој, како што соопшти министерот за образование и наука Јетон Шаќири, доставил најповолна понуда. Реконструкцијата на државните студентски домови е во рамки на Проектот за нивна енергетски ефикасна рехабилитација. Премиерот Димитар Ковачевски пред потпишувањето истакна дека се работи за исклучително важен проект и крупна капитална инвестиција која ќе ги подобри условите на студирање и стандардот на студентите кои, рече, се иднината и движечката сила на државата. -Проектот предвидува целосна реконструкција на сите девет државни студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Штип и Охрид. За 18 месеци ќе бидат реконструирани првите два дома - „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје. Со овие капитални инвестиции на дело покажуваме дека позитивните промени се возможни и решаваме децениски горливи прашања затоа што имаме соработници и поддршка од државите во Европската Унија за реализација на конкретни проекти за студентите, истакна Ковачевски. Посочи дека за да почне реконструкцијата обезбедени се сите документи и дека тоа не било лесно, особено имотно-правните документи за „Кузман Јосифовски-Питу“ и за „Стив Наумов“ со оглед на тоа што, рече, „со децении тие биле запуштени и со децении не им бил решен имотно-правниот статус“. Се осврна и на други мерки за поддршка на студентите, како зголемувањето на износот на стипендиите и воведувањето нови категории, субвенциониран студентски оброк од околу 3.000 денари, како и антикризните мерки за студентите од новиот, деветти пакет на Владата. Ресорниот министер Јетон Шаќири рече дека целта на проектот за трансформација на сите девет студентски домови во енергетски ефикасни објекти не е само заради енергетската ефикасност и заштедата на енергија, туку студентите да добијат подобри услови за учење и живеење. -Сите процедури за реализација на проектот ги водевме согласно правилата на Германската развојна банка. Согласно динамиката, реконструкцијата ќе се одвива во три фази. Во првата фаза се „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје и нивната реконструкција е предвидено да трае 18 месеци и за оваа фаза денеска потпишуваме договор со економскиот оператор кој достави најповолна понуда, рече Шаќири. Посочи дека е предвидено промена на водоводната и електричната инсталација, поставување лед светилки, промена на инсталацијата за греење, промена на санитаријата и изработка на енергетски ефикасни фасади на објектите и поставување фотоволтаици за производство на електрична енергија. Како што рече, посебно сака да го нагласи опремувањето на собите за студентите со посебни потреби. Штефен Худолин, в.д. амбасадор на Европската Унија, рече дека договорот што се потпишува е доказ за спроведување на Зелената агенда на ЕУ, дека сакаат да имаат позитивно еколошко влијание, но истовремено и да им го подобрат животот на студентите и да помогнат да се намали загадувањето во Скопје. -Со буџет од 25 милиони евра, оваа иницијатива ќе помогне во напорите за декарбонизација, но ќе бидат потребни уште многу повеќе за да ги постигнеме целите кои ги имаме поставено.... Продолжуваме со нашата посветеност да ги подобриме самите објекти и да ги подобриме безбедносните стандарди. Особено ми е драго што оваа соработка ќе се сврти кон студентите во Македонија. Имаме голем број студенти што живеат во студентски домови и ова е можност да инспирираме еколошка свесност, рече Худолин. Се обрати и Ото Граф, заменик амбасадор на СР Германија во земјава, кој истакна дека ова е еден од највозбудливите проекти што Германија го финансира во државава затоа што ги комбинира двата елемента – образованието и енергетската ефикасност. -Студентските домови се важен дел за образовниот процес да биде успешен..., а Зелената агенда на ЕУ е дел од декарбонизацијата која сите сакаме да ја спроведеме, рече Граф.

The post Потпишан договор за реновирање на студенските домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ appeared first on Република.

]]>
Објавен Конкурсот за прием во студентските домови за академската 2023/2024 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/objaven-konkursot-za-priem-vo-studentskite-domovi-za-akademskata-2023-2024-godina/ Fri, 14 Jul 2023 08:21:19 +0000 https://republika.mk/?p=661186

Министерството за образование и наука денеска го објави Конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните и приватните студентски домови во Република Македонија за студиската 2023/2024 година.

Според Конкурсот објавен на веб-страницата на МОН, слободни се вкупно 4480 места за сместување студенти во домовите во Скопје, Битола, Охрид, Прилеп, Штип и Тетово.

Од нив, 1093 се за студенти запишани во прва година и 3385 за запишани од втора до шеста година на студии и за апсолвенти.

Во домовите во Скопје, 1178 легла има во „Гоце Делчев“ (од кои 235 за бруцоши и 941 за студенти од повисоките години на студии); во „Стив Наумов“ – трета зграда има вкупно 369 и за нови бараки 138; во „Пелагонија“ има вкупно 997 места и 370 во „Томе Стефановски-Сениќ“.

Во ДСД „Кочо Рацин“ во Битола се слободни вкупно 385 места; 242 во ДСД „Никола Карев“ – Охрид; 335 во „Орде Чопела“ - Прилеп. Во државниот дом „Браќа Миладиновци“ во Штип има места за сместување 236 студенти, а места има и во два приватни дома во Штип – 60 во ПСД „Хилјадников“ и 52 во ПСД „Логос’.

Во ПСД УЈИЕ Тетово има вкупно 120 места за сместување студенти во академската 2023/2024 година.

Студентите кои се пријавуваат на конкурсот треба да пополнат електронска пријава и да ја прикачат соодветната документација на интернет-порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk

Во Конкурсот се појаснети начинот на распределба на местата во домовите за студенти, условите и постапката за прием, начинот на електронското пријавување и документите потребни за аплицирање.

Документите се прикачуваат електронски почнувајќи од 17 до 31 јули 2023 година, а студентите од прва година документите ги прикачуваат почнувајќи од 1 до 11 септември 2023.

Конечниот список за прием на студентите од втора и повисоките години ќе биде објавен на 5 септември 2023, а за студенти од прва година на 30 септември 2023.

Списоците ќе бидат објавени на огласните табли во студентските домови каде што конкурирал студентот и на веб-страницата на Министерството. Приговорите по резултатите се доставуваат во самиот дом каде што имаат аплицирано во рок од 10 дена од денот на објавувањето на резултатите.

Во однос на роковите за сместување, во Конкурсот е наведено дека студентот се вселува во студентскиот дом почнувајќи од денот на потпишаниот договор со домот во кој е примен, но не подоцна од 10 дена од објавениот конечен список.

The post Објавен Конкурсот за прием во студентските домови за академската 2023/2024 година appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука денеска го објави Конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните и приватните студентски домови во Република Македонија за студиската 2023/2024 година. Според Конкурсот објавен на веб-страницата на МОН, слободни се вкупно 4480 места за сместување студенти во домовите во Скопје, Битола, Охрид, Прилеп, Штип и Тетово. Од нив, 1093 се за студенти запишани во прва година и 3385 за запишани од втора до шеста година на студии и за апсолвенти. Во домовите во Скопје, 1178 легла има во „Гоце Делчев“ (од кои 235 за бруцоши и 941 за студенти од повисоките години на студии); во „Стив Наумов“ – трета зграда има вкупно 369 и за нови бараки 138; во „Пелагонија“ има вкупно 997 места и 370 во „Томе Стефановски-Сениќ“. Во ДСД „Кочо Рацин“ во Битола се слободни вкупно 385 места; 242 во ДСД „Никола Карев“ – Охрид; 335 во „Орде Чопела“ - Прилеп. Во државниот дом „Браќа Миладиновци“ во Штип има места за сместување 236 студенти, а места има и во два приватни дома во Штип – 60 во ПСД „Хилјадников“ и 52 во ПСД „Логос’. Во ПСД УЈИЕ Тетово има вкупно 120 места за сместување студенти во академската 2023/2024 година. Студентите кои се пријавуваат на конкурсот треба да пополнат електронска пријава и да ја прикачат соодветната документација на интернет-порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk Во Конкурсот се појаснети начинот на распределба на местата во домовите за студенти, условите и постапката за прием, начинот на електронското пријавување и документите потребни за аплицирање. Документите се прикачуваат електронски почнувајќи од 17 до 31 јули 2023 година, а студентите од прва година документите ги прикачуваат почнувајќи од 1 до 11 септември 2023. Конечниот список за прием на студентите од втора и повисоките години ќе биде објавен на 5 септември 2023, а за студенти од прва година на 30 септември 2023. Списоците ќе бидат објавени на огласните табли во студентските домови каде што конкурирал студентот и на веб-страницата на Министерството. Приговорите по резултатите се доставуваат во самиот дом каде што имаат аплицирано во рок од 10 дена од денот на објавувањето на резултатите. Во однос на роковите за сместување, во Конкурсот е наведено дека студентот се вселува во студентскиот дом почнувајќи од денот на потпишаниот договор со домот во кој е примен, но не подоцна од 10 дена од објавениот конечен список.  

The post Објавен Конкурсот за прием во студентските домови за академската 2023/2024 година appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Студентските домови што се во лоша состојба во 2023 ќе бидат вклучени во планот за инвестиции https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-studentskite-domovi-shto-se-vo-losha-sostojba-vo-2023-kje-bidat-vklucheni-vo-planot-za-investicii/ Fri, 18 Nov 2022 17:27:59 +0000 https://republika.mk/?p=575555

Дел од студентските домови се наоѓаат во добра состојба. Сепак, со министерот за образование Јетон Шаќири разговаравме за тоа оние студентски домови што се во лоша состојба, во текот на 2023 година да бидат вклучени во планот за инвестиции, што ќе опфаќа комплетно реновирање на санитарните чворови, и на се она што е потребно да се реновира, изјави премиерот Димитар Ковачевско одговорајќи на прашање на МИА во врска со неговиот став за студентските домови по увидот на градежните работи на тунелот Кичево-Охрид.

Тој напомена дека во добра состојба е студентскиот дом „Гоце Делчев“, во чие што реновирање и во чија што дигитализација, како што рече, лично учествувал од позиција на една од неговите претходни работни места.

А, дали јас би го пуштил моето дете во Студентски дом – да, би го пуштил детето во Студентски дом, затоа што таму ќе научи како живеат децата од Македонија, кои секојдневно патуваат од други градови и се борат за својата иднина, да завршат факултет, да станат добри и достојни граѓани, а ја немаат привилегијата мама и тато да им готват трипати на ден топол оброк, и за време на паузите да сеат во топла соба, одговори Ковачевски.

Според премиерот, студентски стандард не значи само студентски оброк.

Во студентски стандард спаѓаат стипендиите за добрите ученици од средните училишта, кои немаат доволно финансиски средства да студираат, и токму затоа ги изедначивме стипендиите. Студентскиот оброк пак, е воведен токму од оваа Влада. Ние студентите мора да ги почитуваме бидејќи тие се иднината за државата, појасни Ковачевски.

Премиерот потсети дека бил вклучен во разговорите со студентите во однос на студентскиот стандард. Како што рече, главната дискусија започна во однос на студентскиот оброк.

Прво мора да се навратиме дека студентскиот оброк е воведен токму од оваа Влада, пред тоа немало никогаш воведен студентски оброк за студенти. И јас кажав дека студентите се тие кои ние мора да ги почитуваме и да ги слушаме, бидејќи се што правиме правиме за ни бидејќи тие се иднината на нашата држава. Студентски стандард значи и стипендии за добрите ученици од средни училишта коишто немаат доволно финансиски средства да студираат, и затоа оваа Влада ги изедначи стипендиите, рече Ковачевски.

Како пример, потсети дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство додели дополнителни стипендии за студентите од Земјоделскиот факултет.

Во однос на студентските домови, Ковачевски е дециден дека и опозицијата и претседателот на државата најмалку можат да зборуваат за оваа тема бидејќи ни едниот, ни другиот, никогаш не влегле во студентски дом, со оглед на тоа дека се од Скопје.

Јас можам да зборувам за студирање во Скопје, бидејќи секое утро во шест наутро со автобус доаѓав во Скопје. Предавањата и  вежбите траеја до 8 навечер, и во паузите кога нема каде да одите, одев кај Горан Георгиев од Берово во Кузман, кај Игор Георгиев од Дојран до кај Миле од Дојран во Кузман исто, кај Рашо во Кузман, од Кавадарци, кај Игор од Прилеп во Гоце Делчев, кај Горан во Медицинар, бидејќи кога имате три четири саати слободно, а немате каде да одите, а времето е вакво како што е денес, тогаш одите во Студентски дом. Така да, јас можам да зборувам, рече премиерот. 

The post Ковачевски: Студентските домови што се во лоша состојба во 2023 ќе бидат вклучени во планот за инвестиции appeared first on Република.

]]>

Дел од студентските домови се наоѓаат во добра состојба. Сепак, со министерот за образование Јетон Шаќири разговаравме за тоа оние студентски домови што се во лоша состојба, во текот на 2023 година да бидат вклучени во планот за инвестиции, што ќе опфаќа комплетно реновирање на санитарните чворови, и на се она што е потребно да се реновира, изјави премиерот Димитар Ковачевско одговорајќи на прашање на МИА во врска со неговиот став за студентските домови по увидот на градежните работи на тунелот Кичево-Охрид. Тој напомена дека во добра состојба е студентскиот дом „Гоце Делчев“, во чие што реновирање и во чија што дигитализација, како што рече, лично учествувал од позиција на една од неговите претходни работни места.
А, дали јас би го пуштил моето дете во Студентски дом – да, би го пуштил детето во Студентски дом, затоа што таму ќе научи како живеат децата од Македонија, кои секојдневно патуваат од други градови и се борат за својата иднина, да завршат факултет, да станат добри и достојни граѓани, а ја немаат привилегијата мама и тато да им готват трипати на ден топол оброк, и за време на паузите да сеат во топла соба, одговори Ковачевски.
Според премиерот, студентски стандард не значи само студентски оброк.
Во студентски стандард спаѓаат стипендиите за добрите ученици од средните училишта, кои немаат доволно финансиски средства да студираат, и токму затоа ги изедначивме стипендиите. Студентскиот оброк пак, е воведен токму од оваа Влада. Ние студентите мора да ги почитуваме бидејќи тие се иднината за државата, појасни Ковачевски.
Премиерот потсети дека бил вклучен во разговорите со студентите во однос на студентскиот стандард. Како што рече, главната дискусија започна во однос на студентскиот оброк.
Прво мора да се навратиме дека студентскиот оброк е воведен токму од оваа Влада, пред тоа немало никогаш воведен студентски оброк за студенти. И јас кажав дека студентите се тие кои ние мора да ги почитуваме и да ги слушаме, бидејќи се што правиме правиме за ни бидејќи тие се иднината на нашата држава. Студентски стандард значи и стипендии за добрите ученици од средни училишта коишто немаат доволно финансиски средства да студираат, и затоа оваа Влада ги изедначи стипендиите, рече Ковачевски.
Како пример, потсети дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство додели дополнителни стипендии за студентите од Земјоделскиот факултет. Во однос на студентските домови, Ковачевски е дециден дека и опозицијата и претседателот на државата најмалку можат да зборуваат за оваа тема бидејќи ни едниот, ни другиот, никогаш не влегле во студентски дом, со оглед на тоа дека се од Скопје.
Јас можам да зборувам за студирање во Скопје, бидејќи секое утро во шест наутро со автобус доаѓав во Скопје. Предавањата и  вежбите траеја до 8 навечер, и во паузите кога нема каде да одите, одев кај Горан Георгиев од Берово во Кузман, кај Игор Георгиев од Дојран до кај Миле од Дојран во Кузман исто, кај Рашо во Кузман, од Кавадарци, кај Игор од Прилеп во Гоце Делчев, кај Горан во Медицинар, бидејќи кога имате три четири саати слободно, а немате каде да одите, а времето е вакво како што е денес, тогаш одите во Студентски дом. Така да, јас можам да зборувам, рече премиерот. 

The post Ковачевски: Студентските домови што се во лоша состојба во 2023 ќе бидат вклучени во планот за инвестиции appeared first on Република.

]]>
Во тек е аплицирање за сместување во студентски домови за бруцоши https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-tek-e-apliciranje-za-smestuvanje-vo-studentski-domovi-za-brucoshi/ Tue, 13 Sep 2022 10:09:14 +0000 https://republika.mk/?p=550321

Министерството за образование и наука информира дека во тек е аплицирање за сместување во студентски домови за студентите од прва година на студии. Аплицирањето се врши електронски, преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, а крајниот рок е 16.9.2022 година.

Потребните документи за бруцошите се наведени во конкурсот кој е објавен на посочениот портал и од каде истите треба да се симнат, пополнат и повторно прикачат во апликацијата.

Конечниот список со примени студенти ќе биде објавен на 30.9.2022 година на огласните табли во студентските домови и на веб страницата на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk.

The post Во тек е аплицирање за сместување во студентски домови за бруцоши appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука информира дека во тек е аплицирање за сместување во студентски домови за студентите од прва година на студии. Аплицирањето се врши електронски, преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, а крајниот рок е 16.9.2022 година. Потребните документи за бруцошите се наведени во конкурсот кој е објавен на посочениот портал и од каде истите треба да се симнат, пополнат и повторно прикачат во апликацијата. Конечниот список со примени студенти ќе биде објавен на 30.9.2022 година на огласните табли во студентските домови и на веб страницата на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk.  

The post Во тек е аплицирање за сместување во студентски домови за бруцоши appeared first on Република.

]]>