студентски дом Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/studentski-dom/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Nov 2024 18:20:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png студентски дом Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/studentski-dom/ 32 32 Сериозни индиции за криминал во ученичките и студентските домови https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/seriozni-inditsii-za-kriminal-vo-uchenichkite-i-studentskite-domovi/ Thu, 28 Nov 2024 18:20:04 +0000 https://republika.mk/?p=842897

Катастрофална е состојбата која ја затекнавме во поголем дел од ученичките и студентските домови, а создадена во време на претходната Влада. Во некои од домовите има сериозни индиции за криминал и ќе поведеме соодветни постапки за да се побара одговорност од досегашните директори, рече министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието.

„Ќе го посочам студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје, каде нема топла вода и храна, а вработените не земале плата, затоа што создаден е долг од 34 милиони денари. Но, спречивме целосен колапс, интервентно издвоивме 5 милиони денари, за да можат да се исплатат барем платите и да се обезбеди здравствено осигурување“, рече Јаневска.

Таа посочи дека и државниот ревизор констатирал доста забелешки за работењето на претходната Влада во делот на ученичкиот и студентскиот стандард.

„Откриен е и случај во кој директор на дом купувал пилешко месо на големо по цена од 570 денари за килограм, иако малопродажната цена во маркетите била 270 денари и децата повторно реагирале дека не добивале доволна количина на храна“, информираше министерката.

Потенцираше и дека се срами од условите кои ги видела во ученичкиот дом „Лазар Лазаревски“ во Велес, каде капацитетот од 300 легла е пополнет само со 100 студенти, затоа што најголем дел од собите се тотално руинирани, како и санитарните јазли.

„За 5 месеци направивме многу повеќе отколку претходната Влада за 7 години. Но, не може сé одеднаш. Продолжуваме да работиме во интерес на младите и за нив ќе обезбедуваме доволно средства“, рече Јаневска.

The post Сериозни индиции за криминал во ученичките и студентските домови appeared first on Република.

]]>

Реконструкцијата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ се очекува да заврши за една и пол година https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/rekonstruktsijata-na-studentskiot-dom-kuzman-josifovski-pitu-se-ochekuva-da-zavrshi-za-edna-i-pol-godina/ Fri, 09 Aug 2024 13:39:12 +0000 https://republika.mk/?p=804989

Во студентскиот дом „Кузман Јосифовски -Питу“ во Скопје, првиот меѓу државните домови кои етапно ќе се реновираат, во моментов се прави демонтажа на инсталациите, прозорците и вратите. Според изведувачот на градежните зафати, процесот се одвива според планираната динамика и се очекува реконструкцијата да заврши за една и пол година.

Тоа го соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска која попладнево изврши увид во активностите на терен. За медиумите изјави дека се прави темелна реконструкција во овој дом која, како што рече, ќе опфати поставување енергетски ефикасна фасада, нови инсталации, санитарии и подови, нов покрив со фотоволтаици и ќе има соби за лицата со попреченост.

-Во исто време, чекаме одобрување од Град Скопје за да почнат теренските активности во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Автокоманда, и во ист период правиме планови и се што е потребно во однос на документацијата за да бидеме подготвени да продолжиме со реконструкција и на останатите домови, изјави Јаневска по увидот во градежните работи на домот.

Поради започнатата реконструкција, оваа година студентите ќе имаат два дома помалку на располагање, но МОН, рече министерката, „ќе направи засилени напори“ да ги смести сите што исполнуваат услови и во останатите домови, посочувајќи дека на располагање за студентите се и ученичките домови.

-Токму затоа денеска сум овде, за да видам со која динамика ќе се заврши првиот од домовите кои се реконструираат. Изведувачите велат дека динамиката е според планот и очекуваме првиот дом да биде завршен најдоцна за година и пол, рече Јаневска.

На новинарско прашање за транспарентноста околу аплицирањето за сместување во домовите, Јаневска одговори дека и досега требало да биде така затоа што е електронски.

-Се разбира дека ќе биде транспарентен. Во Министерството се формираат комисии, студентите се пријавуваат, нашата база е поврзана со базата на УЈП, затоа што студентите треба да исполнуваат одредени услови, се ќе биде јавно објавено. Секој може да има увид, достапност до информација од јавен карактер, така што онака како што сме ветиле – сите процеси, вклучувајќи го и овој, ќе бидат транспарентни, одговори Јаневска.

Имала средба со студенти и претставници на неколку здруженија и, како што рече, ги поддржува во најголем дел од нивните барања. Во законските измени што ќе следуваат за нив, посочи Јаневска, студентите ќе бидат максимално вклучени.

-Од следната година ќе ги користиме сите можности кои ги даваат законите, но ќе гледаме и да удоволиме на нивните барања и потреби. Секако, следуваат законски измени и ќе се обидеме во тие законски измени максимално да ги вклучиме таму каде што тие сакаат и припаѓаат, рече министерката одговарајќи на новинарски прашања.

The post Реконструкцијата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ се очекува да заврши за една и пол година appeared first on Република.

]]>

Во студентскиот дом „Кузман Јосифовски -Питу“ во Скопје, првиот меѓу државните домови кои етапно ќе се реновираат, во моментов се прави демонтажа на инсталациите, прозорците и вратите. Според изведувачот на градежните зафати, процесот се одвива според планираната динамика и се очекува реконструкцијата да заврши за една и пол година. Тоа го соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска која попладнево изврши увид во активностите на терен. За медиумите изјави дека се прави темелна реконструкција во овој дом која, како што рече, ќе опфати поставување енергетски ефикасна фасада, нови инсталации, санитарии и подови, нов покрив со фотоволтаици и ќе има соби за лицата со попреченост. -Во исто време, чекаме одобрување од Град Скопје за да почнат теренските активности во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Автокоманда, и во ист период правиме планови и се што е потребно во однос на документацијата за да бидеме подготвени да продолжиме со реконструкција и на останатите домови, изјави Јаневска по увидот во градежните работи на домот. Поради започнатата реконструкција, оваа година студентите ќе имаат два дома помалку на располагање, но МОН, рече министерката, „ќе направи засилени напори“ да ги смести сите што исполнуваат услови и во останатите домови, посочувајќи дека на располагање за студентите се и ученичките домови. -Токму затоа денеска сум овде, за да видам со која динамика ќе се заврши првиот од домовите кои се реконструираат. Изведувачите велат дека динамиката е според планот и очекуваме првиот дом да биде завршен најдоцна за година и пол, рече Јаневска. На новинарско прашање за транспарентноста околу аплицирањето за сместување во домовите, Јаневска одговори дека и досега требало да биде така затоа што е електронски. -Се разбира дека ќе биде транспарентен. Во Министерството се формираат комисии, студентите се пријавуваат, нашата база е поврзана со базата на УЈП, затоа што студентите треба да исполнуваат одредени услови, се ќе биде јавно објавено. Секој може да има увид, достапност до информација од јавен карактер, така што онака како што сме ветиле – сите процеси, вклучувајќи го и овој, ќе бидат транспарентни, одговори Јаневска. Имала средба со студенти и претставници на неколку здруженија и, како што рече, ги поддржува во најголем дел од нивните барања. Во законските измени што ќе следуваат за нив, посочи Јаневска, студентите ќе бидат максимално вклучени. -Од следната година ќе ги користиме сите можности кои ги даваат законите, но ќе гледаме и да удоволиме на нивните барања и потреби. Секако, следуваат законски измени и ќе се обидеме во тие законски измени максимално да ги вклучиме таму каде што тие сакаат и припаѓаат, рече министерката одговарајќи на новинарски прашања.

The post Реконструкцијата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ се очекува да заврши за една и пол година appeared first on Република.

]]>
Со заем од 20 милиони евра и грант од 5 милиони евра почна реновирањето на студентските домови во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/so-zaem-od-20-milioni-evra-i-grant-od-5-milioni-evra-pochna-renoviraneto-na-studentskite-domovi-vo-makedonija/ Thu, 02 May 2024 07:22:25 +0000 https://republika.mk/?p=773225

Со заем од Германската развојна банка (KfW) од 20 милиони евра и грант од 5 милиони евра преку Програмата за регионална енергетска ефикасност за Западен Балкан на Европската Унија почна реконструкцијата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ во центарот на Скопје, соопшти Министерството за образование и наука (МОН).

[caption id="attachment_773231" align="alignnone" width="1080"] фото: МОН[/caption]

Активностите ги споревдува австриската компанија „Штрабаг“, како најповолен понудувач на меѓународниот тендер, со која на почетокот на годината Министерството за образование и наука потпиша договор. За 18 месеци објектот ќе добие подобрена одржливост, ќе биде енергетски ефикасен што значи ќе придонесе за почиста животна средина, но и ќе обезбеди финансиски заштеди.

Ова е прва фаза од проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на државните студентски домови во Македонија. Наскоро ќе започне и реконструкцијата на „Стив Наумов“ во Скопје, а потоа, во следните две фази ќе се реконструираат уште 7 други студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Штип и Охрид, велат од МОН.

[caption id="attachment_773232" align="alignnone" width="1080"] фото: МОН[/caption]

Предвидена е промена на водоводната инсталација отстранување на причините за појава на влага во објектите, промена на комплетната електрична инсталација и поставување на енергетски ефикасни LED светилки, промена на инсталацијата за греење, комплетна промена на санитаријата, изработка на енергетски ефикасни фасади на објектите, поставување на фотоволтаици за производство на електрична енергија, а ќе се опремуваат и соби за студенти со посебни потреби.

[caption id="attachment_773233" align="alignnone" width="1080"] фото МОН[/caption]

The post Со заем од 20 милиони евра и грант од 5 милиони евра почна реновирањето на студентските домови во Македонија appeared first on Република.

]]>

Со заем од Германската развојна банка (KfW) од 20 милиони евра и грант од 5 милиони евра преку Програмата за регионална енергетска ефикасност за Западен Балкан на Европската Унија почна реконструкцијата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ во центарот на Скопје, соопшти Министерството за образование и наука (МОН). [caption id="attachment_773231" align="alignnone" width="1080"] фото: МОН[/caption] Активностите ги споревдува австриската компанија „Штрабаг“, како најповолен понудувач на меѓународниот тендер, со која на почетокот на годината Министерството за образование и наука потпиша договор. За 18 месеци објектот ќе добие подобрена одржливост, ќе биде енергетски ефикасен што значи ќе придонесе за почиста животна средина, но и ќе обезбеди финансиски заштеди.
Ова е прва фаза од проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на државните студентски домови во Македонија. Наскоро ќе започне и реконструкцијата на „Стив Наумов“ во Скопје, а потоа, во следните две фази ќе се реконструираат уште 7 други студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Штип и Охрид, велат од МОН.
[caption id="attachment_773232" align="alignnone" width="1080"] фото: МОН[/caption] Предвидена е промена на водоводната инсталација отстранување на причините за појава на влага во објектите, промена на комплетната електрична инсталација и поставување на енергетски ефикасни LED светилки, промена на инсталацијата за греење, комплетна промена на санитаријата, изработка на енергетски ефикасни фасади на објектите, поставување на фотоволтаици за производство на електрична енергија, а ќе се опремуваат и соби за студенти со посебни потреби. [caption id="attachment_773233" align="alignnone" width="1080"] фото МОН[/caption]

The post Со заем од 20 милиони евра и грант од 5 милиони евра почна реновирањето на студентските домови во Македонија appeared first on Република.

]]>
Студентскиот дом „Скопје“ ги врати цените за сместување и исхрана на студентите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/studentskiot-dom-skopje-gi-vrati-tsenite-za-smestuvane-i-ishrana-na-studentite/ Mon, 18 Sep 2023 11:19:09 +0000 https://republika.mk/?p=682871

Државниот студентски дом „Скопје“ – Скопје денешната седница на Управниот одбор, по претходна координација со Министерството за образование и наука и министерот Јетон Шаќири донесе одлука за враќање на цените за сместување и исхрана на студентите.

Враќање на цените за сместување и исхрана на студенти, односно цената од 3.945,00 денари се враќа на 3.645,00 денари, исто како претходните години. Напоменуваме дека при покачувањето на цените за сместување и исхрана се земени во предвид сите трошоци на ДСД „Скопје“ кои се значително поголеми и не е прекршена ниту една процедура, се посочува во соопштението на Државниот студетски дом “Скопје“.

Како што се наведува, одлуката да се вратат старите суми е донесена по реакцијата на студентите за покачените цени, а дополнително ќе се бара решение за нормално функционирање на студентските домови.

The post Студентскиот дом „Скопје“ ги врати цените за сместување и исхрана на студентите appeared first on Република.

]]>

Државниот студентски дом „Скопје“ – Скопје денешната седница на Управниот одбор, по претходна координација со Министерството за образование и наука и министерот Јетон Шаќири донесе одлука за враќање на цените за сместување и исхрана на студентите. Враќање на цените за сместување и исхрана на студенти, односно цената од 3.945,00 денари се враќа на 3.645,00 денари, исто како претходните години. Напоменуваме дека при покачувањето на цените за сместување и исхрана се земени во предвид сите трошоци на ДСД „Скопје“ кои се значително поголеми и не е прекршена ниту една процедура, се посочува во соопштението на Државниот студетски дом “Скопје“. Како што се наведува, одлуката да се вратат старите суми е донесена по реакцијата на студентите за покачените цени, а дополнително ќе се бара решение за нормално функционирање на студентските домови.

The post Студентскиот дом „Скопје“ ги врати цените за сместување и исхрана на студентите appeared first on Република.

]]>
Студентски отпор: Запленети сите грејни тела во студентскиот дом „Гоце Делчев“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/studentski-otpor-zapleneti-site-grejni-tela-vo-studentskiot-dom-gotse-delchev/ Sat, 01 Apr 2023 15:21:53 +0000 https://republika.mk/?p=626101

До Студентски Отпор стигна информација дека надлежните ги заплениле сите грејни тела во студентскиот дом „Гоце Делчев”. Освен тоа им се заканиле дека ќе ги избркаат студентите кои не ги послушале нивните наредби. Го гледаме ова како агресивна и драконска мерка која не успева да ја реши основната причина за проблемот, информираат од Студентскиот отпор.

Оттаму посочуваат дека забраната за користење грејни, дел од антикризните мерки на Владата опстојуваше во текот на целата зима, а сега повторно на студентите им се ускратува правото на основно греење во постудените месеци.

-Сметаме дека ова е неприфатлива антикризна мерка и дека студентите не треба да бидат исклучени од основните потреби. Ги повикуваме властите да ги преиспитаат своите постапки и да ги исклучат студентите од антикризните мерки на Владата. Императив е потребите и благосостојбата на студентите да се земат предвид при сите одлуки што ги носат властите. Студентски Отпор ќе продолжи будно да ја следи состојбата и да се залага за правата на студентите во домовите – наведуваат во соопштението

The post Студентски отпор: Запленети сите грејни тела во студентскиот дом „Гоце Делчев“ appeared first on Република.

]]>

До Студентски Отпор стигна информација дека надлежните ги заплениле сите грејни тела во студентскиот дом „Гоце Делчев”. Освен тоа им се заканиле дека ќе ги избркаат студентите кои не ги послушале нивните наредби. Го гледаме ова како агресивна и драконска мерка која не успева да ја реши основната причина за проблемот, информираат од Студентскиот отпор. Оттаму посочуваат дека забраната за користење грејни, дел од антикризните мерки на Владата опстојуваше во текот на целата зима, а сега повторно на студентите им се ускратува правото на основно греење во постудените месеци.
-Сметаме дека ова е неприфатлива антикризна мерка и дека студентите не треба да бидат исклучени од основните потреби. Ги повикуваме властите да ги преиспитаат своите постапки и да ги исклучат студентите од антикризните мерки на Владата. Императив е потребите и благосостојбата на студентите да се земат предвид при сите одлуки што ги носат властите. Студентски Отпор ќе продолжи будно да ја следи состојбата и да се залага за правата на студентите во домовите – наведуваат во соопштението

The post Студентски отпор: Запленети сите грејни тела во студентскиот дом „Гоце Делчев“ appeared first on Република.

]]>
Студентски дом во Скопје демолиран за време на новогодишната ноќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/studentski-dom-vo-skopje-demoliran-za-vreme-na-novogodishnata-nok/ Mon, 02 Jan 2023 10:16:10 +0000 https://republika.mk/?p=592736

Расфрлано стакло, искршени хидранти и керамичка санитарија, е сликата по завчерашното славење во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје.

На социјалните мрежи беше објавено видео на кое може да се забележи хаосот кој го направиле студентите кои славеле.

„Утрото после новогодишната вечер во Стив. Не ги фатив во актот чинителите, но имаше звуци од лупање на хидрантот, кршење на керамичка санитарија, која всушност е новопоставена. И да нагласам, ова сѐ е дело на академски луѓе, кои подоцна треба да се двигатели на нашето општество.

Наместо мек снег на првото утро од 2023 да ми крцка под нозе, јас добив крцкање од срчи“, стои во описот на објавеното видео.

The post Студентски дом во Скопје демолиран за време на новогодишната ноќ appeared first on Република.

]]>

Расфрлано стакло, искршени хидранти и керамичка санитарија, е сликата по завчерашното славење во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје. На социјалните мрежи беше објавено видео на кое може да се забележи хаосот кој го направиле студентите кои славеле. „Утрото после новогодишната вечер во Стив. Не ги фатив во актот чинителите, но имаше звуци од лупање на хидрантот, кршење на керамичка санитарија, која всушност е новопоставена. И да нагласам, ова сѐ е дело на академски луѓе, кои подоцна треба да се двигатели на нашето општество. Наместо мек снег на првото утро од 2023 да ми крцка под нозе, јас добив крцкање од срчи“, стои во описот на објавеното видео.  

The post Студентски дом во Скопје демолиран за време на новогодишната ноќ appeared first on Република.

]]>
И Ковачевски храбар: Да, би го пуштил детето да живее во студентски дом https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/i-kovachevski-hrabar-da-bi-go-pushtil-deteto-da-zivee-vo-studentski-dom/ Fri, 18 Nov 2022 20:18:40 +0000 https://republika.mk/?p=575644

Дел од студентските домови се наоѓаат во добра состојба. Сепак, со министерот за образование Јетон Шаќири разговаравме за тоа оние студентски домови што се во лоша состојба, во текот на 2023 година да бидат вклучени во планот за инвестиции, што ќе опфаќа комплетно реновирање на санитарните чворови, и на се она што е потребно да се реновира, изјави премиерот Димитар Ковачевско одговорајќи на прашање на МИА во врска со неговиот став за студентските домови по денешниот увид на градежни работи на тунелот Кичево-Охрид.

Тој напомена дека во добра состојба е студентскиот дом „Гоце Делчев“, во чие што реновирање и во чија што дигитализација, како што рече, лично учествувал од позиција на една од неговите претходни работни места.

А дали јас би го пуштил моето дете во студентски дом – да, би го пуштил детето во студентски дом, затоа што таму ќе научи како живеат децата од Македонија, кои секојдневно патуваат од други градови и се борат за својата иднина, да завршат факултет, да станат добри и достојни граѓани, а ја немаат привилегијата мама и тато да им готват трипати на ден топол оброк, и за време на паузите да сеат во топла соба, одговори Ковачевски.

Според премиерот, студентски стандард не значи само студентски оброк.

-Во студентски стандард спаѓаат стипендиите за добрите ученици од средните училишта, кои немаат доволно финансиски средства да студираат, и токму затоа ги изедначивме стипендиите. Студентскиот оброк пак, е воведен токму од оваа Влада. Ние студентите мора да ги почитуваме бидејќи тие се иднината за државата, појасни Ковачевски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/sekako-deka-bi-gi-pushtil-decata-vo-studentski-dom-veli-mickoski-komentirajkji-ja-glupavosta-na-pendarovski/

Премиерот потсети дека бил вклучен во разговорите со студентите во однос на студентскиот стандард. Како што рече, главната дискусија започна во однос на студентскиот оброк.

-Прво мора да се навратиме дека студентскиот оброк е воведен токму од оваа Влада, пред тоа немало никогаш воведен студентски оброк за студенти. И јас кажав дека студентите се тие кои ние мора да ги почитуваме и да ги слушаме, бидејќи се што правиме правиме за ни бидејќи тие се иднината на нашата држава. Студентски стандард значи и стипендии за добрите ученици од средни училишта коишто немаат доволно финансиски средства да студираат, и затоа оваа Влада ги изедначи стипендиите, рече Ковачевски.

Како пример, потсети дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство додели дополнителни стипендии за студентите од Земјоделскиот факултет.

Во однос на студентските домови, Ковачевски е дециден дека и опозицијата и претседателот на државата најмалку можат да зборуваат за оваа тема бидејќи ни едниот, ни другиот, никогаш не влегле во студентски дом, со оглед на тоа дека се од Скопје.

Јас можам да зборувам за студирање во Скопје, бидејќи секое утро во шест наутро со автобус доаѓав во Скопје. Предавањата и  вежбите траеја до 8 навечер, и во паузите кога нема каде да одите, одев кај Горан Георгиев од Берово во Кузман, кај Игор Георгиев од Дојран до кај Миле од Дојран во Кузман исто, кај Рашо во Кузман, од Кавадарци, кај Игор од Прилеп во Гоце Делчев, кај Горан во Медицинар, бидејќи кога имате три четири саати слободно, а немате каде да одите, а времето е вакво како што е денес, тогаш одите во Студентски дом. Така да, јас можам да зборувам, рече премиерот.

Претседателот Стево Пендаровски синоќа изјави дека кога би бил од провинција не ги бо пуштил својот син да живее во студентски дом. Пендаровски порано изјави дека тој би се иселил од Македонија доколку не е претседател на државата.

The post И Ковачевски храбар: Да, би го пуштил детето да живее во студентски дом appeared first on Република.

]]>

Дел од студентските домови се наоѓаат во добра состојба. Сепак, со министерот за образование Јетон Шаќири разговаравме за тоа оние студентски домови што се во лоша состојба, во текот на 2023 година да бидат вклучени во планот за инвестиции, што ќе опфаќа комплетно реновирање на санитарните чворови, и на се она што е потребно да се реновира, изјави премиерот Димитар Ковачевско одговорајќи на прашање на МИА во врска со неговиот став за студентските домови по денешниот увид на градежни работи на тунелот Кичево-Охрид. Тој напомена дека во добра состојба е студентскиот дом „Гоце Делчев“, во чие што реновирање и во чија што дигитализација, како што рече, лично учествувал од позиција на една од неговите претходни работни места.
А дали јас би го пуштил моето дете во студентски дом – да, би го пуштил детето во студентски дом, затоа што таму ќе научи како живеат децата од Македонија, кои секојдневно патуваат од други градови и се борат за својата иднина, да завршат факултет, да станат добри и достојни граѓани, а ја немаат привилегијата мама и тато да им готват трипати на ден топол оброк, и за време на паузите да сеат во топла соба, одговори Ковачевски.
Според премиерот, студентски стандард не значи само студентски оброк.
-Во студентски стандард спаѓаат стипендиите за добрите ученици од средните училишта, кои немаат доволно финансиски средства да студираат, и токму затоа ги изедначивме стипендиите. Студентскиот оброк пак, е воведен токму од оваа Влада. Ние студентите мора да ги почитуваме бидејќи тие се иднината за државата, појасни Ковачевски.
https://republika.mk/vesti/makedonija/sekako-deka-bi-gi-pushtil-decata-vo-studentski-dom-veli-mickoski-komentirajkji-ja-glupavosta-na-pendarovski/ Премиерот потсети дека бил вклучен во разговорите со студентите во однос на студентскиот стандард. Како што рече, главната дискусија започна во однос на студентскиот оброк.
-Прво мора да се навратиме дека студентскиот оброк е воведен токму од оваа Влада, пред тоа немало никогаш воведен студентски оброк за студенти. И јас кажав дека студентите се тие кои ние мора да ги почитуваме и да ги слушаме, бидејќи се што правиме правиме за ни бидејќи тие се иднината на нашата држава. Студентски стандард значи и стипендии за добрите ученици од средни училишта коишто немаат доволно финансиски средства да студираат, и затоа оваа Влада ги изедначи стипендиите, рече Ковачевски.
Како пример, потсети дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство додели дополнителни стипендии за студентите од Земјоделскиот факултет. Во однос на студентските домови, Ковачевски е дециден дека и опозицијата и претседателот на државата најмалку можат да зборуваат за оваа тема бидејќи ни едниот, ни другиот, никогаш не влегле во студентски дом, со оглед на тоа дека се од Скопје.
Јас можам да зборувам за студирање во Скопје, бидејќи секое утро во шест наутро со автобус доаѓав во Скопје. Предавањата и  вежбите траеја до 8 навечер, и во паузите кога нема каде да одите, одев кај Горан Георгиев од Берово во Кузман, кај Игор Георгиев од Дојран до кај Миле од Дојран во Кузман исто, кај Рашо во Кузман, од Кавадарци, кај Игор од Прилеп во Гоце Делчев, кај Горан во Медицинар, бидејќи кога имате три четири саати слободно, а немате каде да одите, а времето е вакво како што е денес, тогаш одите во Студентски дом. Така да, јас можам да зборувам, рече премиерот.
Претседателот Стево Пендаровски синоќа изјави дека кога би бил од провинција не ги бо пуштил својот син да живее во студентски дом. Пендаровски порано изјави дека тој би се иселил од Македонија доколку не е претседател на државата.

The post И Ковачевски храбар: Да, би го пуштил детето да живее во студентски дом appeared first on Република.

]]>
Секако дека би ги пуштил децата во студентски дом, вели Мицкоски коментирајќи ја „глупавоста“ на Пендаровски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sekako-deka-bi-gi-pushtil-decata-vo-studentski-dom-veli-mickoski-komentirajkji-ja-glupavosta-na-pendarovski/ Fri, 18 Nov 2022 10:55:08 +0000 https://republika.mk/?p=575358

Коментирајќи ја вчерашната изјава на Стево Пендаровски, кој рече дека неговите деца не би ги пуштил во студентски дом, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека глупавоста и неспособноста на претседателот шокираат.

https://republika.mk/vesti/pendarovski-sin-mi-ako-beshe-od-drug-grad-nemashe-da-go-pushtam-da-zivee-vo-studenski-dom-vo-makedonija/

Јас колку што се сеќавам дури и тој беше универзитетски професор едно време. Чинам дека до вонреден професор дојде ако не се лажам. Замислете сега, ако педагог дава таков глупав пример, тогаш можете да замислете до каде е глупавоста и неспособноста која шокира. И да не нѐ чуди после граѓание кога ќе видат политичари им се згрозува затоа што имаат изгубено секаква верба во било кој политичар тука. Тука зборувам и за политичарите од опозицијата вклучувајќи ме и мене затоа што луѓето кога перцепираат генерално перцепираат и многу малку може да направат разлика дали си ти на власт, имаш инструменти и институции за да ги менуваш работите или си опозиција, затоа што едноставно нивните очекувања се големи. А кога гледаат вакви политичари чија што глупавост шокира, тогаш ситуацијата останува таква каква што е, односно за сите политичари граѓаните имаат ниско мислење. Затоа е важно да има час поскоро парламентарни избори и да покажеме дека може поинаку, рече денеска Мицкоски.

Мицкоски посочи дека секако би ги пуштил неговите деца во студентски дом, но најважно е да се види што може да се направи за студентите да имаат подобри услови, бидејќи тоа го има во програмите на сите политички партиии и треба да се постигне заеднички консензус.

Да, да апсолутно. Но, не станува збор дали тука би ги пуштиле или не би ги пуштиле, туку ајде да направиме нешто добро за тие деца таму. Колку повеќе навлегуваме во таа глупавост што шокира на власта и владините политичари, толку повеќе и ние се навлекуваме на таа реторика. Ајде да видиме да ја смениме сега малку реториката и да видиме што можеме да направиме за тие деца. Ако ги погледате програмите на политичките партии ќе видите дека секоја политичка партија се залага за студентски град, студентски центар, студентски домови и често пати ни викаат дали вие политичарите можете да постигнете консензус околу една работа. Е па ајде еве сега е предлог буџетот пред пратениците. Ајде да постигнеме консензус, да ги реновираме студентските домови на студентите. Да постигнеме еден таков консензус и средствата кои што Бесими ги наменил за тендери во четири очи кои што треба да бидат дел од таа таканаречена зелена агенда да ги пренасочиме за студентите, вели тој.

The post Секако дека би ги пуштил децата во студентски дом, вели Мицкоски коментирајќи ја „глупавоста“ на Пендаровски appeared first on Република.

]]>

Коментирајќи ја вчерашната изјава на Стево Пендаровски, кој рече дека неговите деца не би ги пуштил во студентски дом, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека глупавоста и неспособноста на претседателот шокираат. https://republika.mk/vesti/pendarovski-sin-mi-ako-beshe-od-drug-grad-nemashe-da-go-pushtam-da-zivee-vo-studenski-dom-vo-makedonija/
Јас колку што се сеќавам дури и тој беше универзитетски професор едно време. Чинам дека до вонреден професор дојде ако не се лажам. Замислете сега, ако педагог дава таков глупав пример, тогаш можете да замислете до каде е глупавоста и неспособноста која шокира. И да не нѐ чуди после граѓание кога ќе видат политичари им се згрозува затоа што имаат изгубено секаква верба во било кој политичар тука. Тука зборувам и за политичарите од опозицијата вклучувајќи ме и мене затоа што луѓето кога перцепираат генерално перцепираат и многу малку може да направат разлика дали си ти на власт, имаш инструменти и институции за да ги менуваш работите или си опозиција, затоа што едноставно нивните очекувања се големи. А кога гледаат вакви политичари чија што глупавост шокира, тогаш ситуацијата останува таква каква што е, односно за сите политичари граѓаните имаат ниско мислење. Затоа е важно да има час поскоро парламентарни избори и да покажеме дека може поинаку, рече денеска Мицкоски.
Мицкоски посочи дека секако би ги пуштил неговите деца во студентски дом, но најважно е да се види што може да се направи за студентите да имаат подобри услови, бидејќи тоа го има во програмите на сите политички партиии и треба да се постигне заеднички консензус.
Да, да апсолутно. Но, не станува збор дали тука би ги пуштиле или не би ги пуштиле, туку ајде да направиме нешто добро за тие деца таму. Колку повеќе навлегуваме во таа глупавост што шокира на власта и владините политичари, толку повеќе и ние се навлекуваме на таа реторика. Ајде да видиме да ја смениме сега малку реториката и да видиме што можеме да направиме за тие деца. Ако ги погледате програмите на политичките партии ќе видите дека секоја политичка партија се залага за студентски град, студентски центар, студентски домови и често пати ни викаат дали вие политичарите можете да постигнете консензус околу една работа. Е па ајде еве сега е предлог буџетот пред пратениците. Ајде да постигнеме консензус, да ги реновираме студентските домови на студентите. Да постигнеме еден таков консензус и средствата кои што Бесими ги наменил за тендери во четири очи кои што треба да бидат дел од таа таканаречена зелена агенда да ги пренасочиме за студентите, вели тој.

The post Секако дека би ги пуштил децата во студентски дом, вели Мицкоски коментирајќи ја „глупавоста“ на Пендаровски appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: Син ми ако беше од друг град, немаше да го пуштам да живее во студенски дом во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-sin-mi-ako-beshe-od-drug-grad-nemashe-da-go-pushtam-da-zivee-vo-studenski-dom-vo-makedonija/ Thu, 17 Nov 2022 22:09:36 +0000 https://republika.mk/?p=575151

Претседателот на државата, Стево Пендаровски во вечерашното гостување во емисијата на ТВ24 ги коментираше случувањата поврзани со студентите.

Тој вечерва изјави дека неговиот син е втора година на факултет во Скопје, но доколку бил од друг град секако дека не би го пуштил да живее во условите во студентите домови низ Македонија.

Јас живеам на стотина метри од студентскиот дом „Стив Наумов“. Ги знам условите. Но, тоа е така од порано и ништо за жал системски не е променето“, беше дециден претседателот.

The post Пендаровски: Син ми ако беше од друг град, немаше да го пуштам да живее во студенски дом во Македонија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на државата, Стево Пендаровски во вечерашното гостување во емисијата на ТВ24 ги коментираше случувањата поврзани со студентите. Тој вечерва изјави дека неговиот син е втора година на факултет во Скопје, но доколку бил од друг град секако дека не би го пуштил да живее во условите во студентите домови низ Македонија.
Јас живеам на стотина метри од студентскиот дом „Стив Наумов“. Ги знам условите. Но, тоа е така од порано и ништо за жал системски не е променето“, беше дециден претседателот.

The post Пендаровски: Син ми ако беше од друг град, немаше да го пуштам да живее во студенски дом во Македонија appeared first on Република.

]]>
Им влегуваат во соба без најава да видат дали користат греалка или решо, се јаде живо месо и скиснат јогурт https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/im-vleguvaat-vo-soba-bez-najava-da-vidat-dali-koristat-grealka-ili-resho-se-jade-zivo-meso-i-skisnat-jogurt/ Wed, 26 Oct 2022 11:42:52 +0000 https://republika.mk/?p=565882

Скиснат јогурт за појадок и вечера, исклучени лифтови, исклучени решоа и фрижидери, влегување без дозвола во собите и проверување дали се користи греалка, се само дел од нештата на кои се пожалија студенти што живеат во студентскиот дом „Гоце Делчев“ за порталот „Факултети“.

Како резултат на енергетската криза, која се очекува да се интензивира претстојнава зима, во домот се истакнати мерки за штедење струја во вид на правилник. Тука спаѓаат мерки од типот дека температурата во собата не треба да надмине над 20 степени и дека се забранува користење на сопствени грејни тела, како и дека ќе се исклучуваат фрижидерите и шпоретите во студентските соби.

Студентите сметаат дека спроведувањето на овие мерки излегува од контрола и дека квалитетот на нивното домување е сериозно нарушен, па немаат основни услови за живеење.

Лифтовите се нонстоп расипани, решоата и фрижидерите ни ги исклучија, забрането е да користиме секакви апарати во собата, па дури и за пегла прават проблем. Деновиве шетаат по соби и проверуваат низ нашите шкафови и под кревети дали криеме греалка, а ако нема никој во собата, сами си влегуваат. Интернет нема, а прават проблеми и рутер да имаш ставено, раскажа еден студент.

Блок а и Блок б имаат 2 решоа и еден малечок фрижидер. Месечната станарина што ја плаќаме вклучува нивно користење, но тие се исклучени во двата блока, сподели една студентка.

Студентите алармираат и за квалитетот на исхраната во мензата. Некои од нив посочија дека се служи недоволно зготвено месо, особено кога има поголем метеж во мензата, а за појадок или вечера во неколку наврати имале скиснат јогурт.

Повеќе на „Факултети

The post Им влегуваат во соба без најава да видат дали користат греалка или решо, се јаде живо месо и скиснат јогурт appeared first on Република.

]]>

Скиснат јогурт за појадок и вечера, исклучени лифтови, исклучени решоа и фрижидери, влегување без дозвола во собите и проверување дали се користи греалка, се само дел од нештата на кои се пожалија студенти што живеат во студентскиот дом „Гоце Делчев“ за порталот „Факултети“. Како резултат на енергетската криза, која се очекува да се интензивира претстојнава зима, во домот се истакнати мерки за штедење струја во вид на правилник. Тука спаѓаат мерки од типот дека температурата во собата не треба да надмине над 20 степени и дека се забранува користење на сопствени грејни тела, како и дека ќе се исклучуваат фрижидерите и шпоретите во студентските соби. Студентите сметаат дека спроведувањето на овие мерки излегува од контрола и дека квалитетот на нивното домување е сериозно нарушен, па немаат основни услови за живеење.
Лифтовите се нонстоп расипани, решоата и фрижидерите ни ги исклучија, забрането е да користиме секакви апарати во собата, па дури и за пегла прават проблем. Деновиве шетаат по соби и проверуваат низ нашите шкафови и под кревети дали криеме греалка, а ако нема никој во собата, сами си влегуваат. Интернет нема, а прават проблеми и рутер да имаш ставено, раскажа еден студент.   Блок а и Блок б имаат 2 решоа и еден малечок фрижидер. Месечната станарина што ја плаќаме вклучува нивно користење, но тие се исклучени во двата блока, сподели една студентка.
Студентите алармираат и за квалитетот на исхраната во мензата. Некои од нив посочија дека се служи недоволно зготвено месо, особено кога има поголем метеж во мензата, а за појадок или вечера во неколку наврати имале скиснат јогурт. Повеќе на „Факултети

The post Им влегуваат во соба без најава да видат дали користат греалка или решо, се јаде живо месо и скиснат јогурт appeared first on Република.

]]>
Починато 30-годишно момче пронајдено во кругот на студентскиот дом „Гоце Делчев“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pochinato-30-godishno-momche-pronajdeno-vo-krugot-na-studentskiot-dom-goce-delchev/ Wed, 07 Sep 2022 08:52:45 +0000 https://republika.mk/?p=548199

Починато лице рано утринава е пронајдено во кругот на студентскиот дом „Гоце Делчев”, дознава „Курир“.

Во моментов не се познати околностите под кое е настаната смртта.

Како што дознава „4њуз.мк“ се работи за машко лице на возраст од 30 години и е од југозападна Македонија. Полициски екипи се на терен и работат на случајот.

Од МВР за „Курир“ потврдуваат дека имаат пријава утринава за починато лице. Додаваат дека телото е дадено на обдукција.

The post Починато 30-годишно момче пронајдено во кругот на студентскиот дом „Гоце Делчев“ appeared first on Република.

]]>

Починато лице рано утринава е пронајдено во кругот на студентскиот дом „Гоце Делчев”, дознава „Курир“. Во моментов не се познати околностите под кое е настаната смртта. Како што дознава „4њуз.мк“ се работи за машко лице на возраст од 30 години и е од југозападна Македонија. Полициски екипи се на терен и работат на случајот. Од МВР за „Курир“ потврдуваат дека имаат пријава утринава за починато лице. Додаваат дека телото е дадено на обдукција.

The post Починато 30-годишно момче пронајдено во кругот на студентскиот дом „Гоце Делчев“ appeared first on Република.

]]>