студенстки оброк Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/studenstki-obrok/ За подобро да се разбереме Sun, 25 Aug 2024 10:19:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png студенстки оброк Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/studenstki-obrok/ 32 32 Попов: Ќе се зголеми износот на студентскиот оброк, проширен опфатот и за стипендии за постдипломци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/popov-ke-se-zgolemi-iznosot-na-studentskiot-obrok-proshiren-opfatot-i-za-stipendii-za-postdiplomtsi/ Sun, 25 Aug 2024 10:19:12 +0000 https://republika.mk/?p=809927

Во предизборниот период, ветивме дека по изборите Владата што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе биде сојузник на младите и 60 дена по формирањето ова ветување го исполнуваме, во само два месеци имаме повеќе направено за младиот човек од Македонија од претходната Влада во речиси 7 години. Ова е резултат на посветеноста на ВМРО-ДПМНЕ кон младите луѓе и нивниот статус во општеството и дека нивното унапредување е ставено под приоритет, рече на прес-конференција Сергеј Попов, пратеник и претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на студентите, после директна средба на Министерката за образование и наука Јаневска со претставниците на студентите од студентското собрание при УКИМ беа усогласени две мерки додека третата се разгледува. Имено, зголемен ќе биде износот на студентскиот оброк и оваа мерка нема повеќе да претставува потчинување на студентите, туку ќе биде реален износ кој ќе помага а воедно и ќе го олесни животот на студентите. Оваа мерка од сега ќе ги опфаќа и најмладите потенцијални бруцоши кои со статус студенти би се стекнале најдоцна до 20ти септември. Овие лица до сега беа лишени од можноста за користење на мерката затоа што рокот за аплицирање за оброк е до 5ти септември. Се очекува повеќе од 30,000 студенти да бидат опфатени од оваа мерка.

Дополнително, мерката за стипендии за студии од втор циклус ќе се отвори за студентите со  завршени три годишни студии од прв циклус кои не можеа до сега да аплицираат за истата, мерка која можностите ќе ги усогласи за повеќе од 1000 студенти кои студираат на факултети каде студиите се во траење од 3 години. До сега гледавме како дел од најдобрите студенти во прв циклус студии се дискриминирани и поставените параметри за стипендии за втор циклус не се почитувани а згора на тоа се злоупотребувани, тоа го променивме и стипендиите ќе бидат строго меритократски и отворени за сите студенти да аплицираат.

Од друга страна, статусот на младите специјализанти беше репрезентативен за општите состојби на здравството, а тоа им даваше на младите лекари само мотив плус професионално да се градат надвор од границите на Македонија. На ова ние одговоривме со јасен план за вработување на 600 млади специјализанти каде што нивниот труд нема да биде потценет, како што беше до сега, туку ќе бидат надградени во успешни здравствени работници и својата специјалност ќе ја работат овде во Македонија.

Разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е токму во тоа што СДСМ остави дупка во буџетот од 600 милиони денари, кои беа наменети токму за младите, додека ВМРО-ДПМНЕ успеа во 60 дена да направи ребаланс на буџетот да ги обезбеди тие средства и плус да ги спроведе горе наведените мерки кои предвидуваат зголемување на директната помош од Владата за младите, додека едните активно зборуваат дека работат, ние работиме и исполнуваме. Во само 60 дена успеавме да исправиме повеќе неправди со кои младите од Македонија се соочуваат и да сработиме повеќе од претходната Влада во 7 години. Ова е само почетокот и следи уште многу работа за младите, работа која на секој млад човек ќе даде поголеми можности и ќе го унапреди статусот на младите во Македонија, оистакна Попов.

The post Попов: Ќе се зголеми износот на студентскиот оброк, проширен опфатот и за стипендии за постдипломци appeared first on Република.

]]>

Во предизборниот период, ветивме дека по изборите Владата што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе биде сојузник на младите и 60 дена по формирањето ова ветување го исполнуваме, во само два месеци имаме повеќе направено за младиот човек од Македонија од претходната Влада во речиси 7 години. Ова е резултат на посветеноста на ВМРО-ДПМНЕ кон младите луѓе и нивниот статус во општеството и дека нивното унапредување е ставено под приоритет, рече на прес-конференција Сергеј Попов, пратеник и претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
Во однос на студентите, после директна средба на Министерката за образование и наука Јаневска со претставниците на студентите од студентското собрание при УКИМ беа усогласени две мерки додека третата се разгледува. Имено, зголемен ќе биде износот на студентскиот оброк и оваа мерка нема повеќе да претставува потчинување на студентите, туку ќе биде реален износ кој ќе помага а воедно и ќе го олесни животот на студентите. Оваа мерка од сега ќе ги опфаќа и најмладите потенцијални бруцоши кои со статус студенти би се стекнале најдоцна до 20ти септември. Овие лица до сега беа лишени од можноста за користење на мерката затоа што рокот за аплицирање за оброк е до 5ти септември. Се очекува повеќе од 30,000 студенти да бидат опфатени од оваа мерка. Дополнително, мерката за стипендии за студии од втор циклус ќе се отвори за студентите со  завршени три годишни студии од прв циклус кои не можеа до сега да аплицираат за истата, мерка која можностите ќе ги усогласи за повеќе од 1000 студенти кои студираат на факултети каде студиите се во траење од 3 години. До сега гледавме како дел од најдобрите студенти во прв циклус студии се дискриминирани и поставените параметри за стипендии за втор циклус не се почитувани а згора на тоа се злоупотребувани, тоа го променивме и стипендиите ќе бидат строго меритократски и отворени за сите студенти да аплицираат. Од друга страна, статусот на младите специјализанти беше репрезентативен за општите состојби на здравството, а тоа им даваше на младите лекари само мотив плус професионално да се градат надвор од границите на Македонија. На ова ние одговоривме со јасен план за вработување на 600 млади специјализанти каде што нивниот труд нема да биде потценет, како што беше до сега, туку ќе бидат надградени во успешни здравствени работници и својата специјалност ќе ја работат овде во Македонија. Разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е токму во тоа што СДСМ остави дупка во буџетот од 600 милиони денари, кои беа наменети токму за младите, додека ВМРО-ДПМНЕ успеа во 60 дена да направи ребаланс на буџетот да ги обезбеди тие средства и плус да ги спроведе горе наведените мерки кои предвидуваат зголемување на директната помош од Владата за младите, додека едните активно зборуваат дека работат, ние работиме и исполнуваме. Во само 60 дена успеавме да исправиме повеќе неправди со кои младите од Македонија се соочуваат и да сработиме повеќе од претходната Влада во 7 години. Ова е само почетокот и следи уште многу работа за младите, работа која на секој млад човек ќе даде поголеми можности и ќе го унапреди статусот на младите во Македонија, оистакна Попов.

The post Попов: Ќе се зголеми износот на студентскиот оброк, проширен опфатот и за стипендии за постдипломци appeared first on Република.

]]>