студено време Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/studeno-vreme/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Nov 2024 20:57:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png студено време Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/studeno-vreme/ 32 32 Поларна експлозија ќе ја зафати Македонија https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/polarna-eksplozija-ke-ja-zafati-makedonija/ Thu, 14 Nov 2024 21:55:02 +0000 https://republika.mk/?p=837895

Прогностичките модели се веќе усогласени, да причекаме уште ден до два и веќе ќе биде официјално, а тоа е дека од 20 ноември, па во деновите потоа поларна експлозија ќе го зафати Балканскиот Полуостров, најави метеорологот Славчо Попоски.

Покрај значителното количество на снег, ќе имаме и екстремно ниски температури на воздухот, како наутро, така и преку ден, а наутро и во ноќните часови на многу места тие ќе се спуштаат под -10 степени, на повеќе места и до околу -15 степени, додека во планинските места дури и до -20 степени.

Чекаме што ќе се случува понатаму на прогностичките модели, секако, се работи за многу интересна временска ситуација, вели Попоски.

The post Поларна експлозија ќе ја зафати Македонија appeared first on Република.

]]>

Прогностичките модели се веќе усогласени, да причекаме уште ден до два и веќе ќе биде официјално, а тоа е дека од 20 ноември, па во деновите потоа поларна експлозија ќе го зафати Балканскиот Полуостров, најави метеорологот Славчо Попоски.
Покрај значителното количество на снег, ќе имаме и екстремно ниски температури на воздухот, како наутро, така и преку ден, а наутро и во ноќните часови на многу места тие ќе се спуштаат под -10 степени, на повеќе места и до околу -15 степени, додека во планинските места дури и до -20 степени. Чекаме што ќе се случува понатаму на прогностичките модели, секако, се работи за многу интересна временска ситуација, вели Попоски.

The post Поларна експлозија ќе ја зафати Македонија appeared first on Република.

]]>
Студено утро со магла по котлините, преку денот сончево со слаб ветер https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/studeno-utro-so-magla-po-kotlinite-preku-denot-sonchevo-so-slab-veter/ Wed, 23 Oct 2024 07:10:06 +0000 https://republika.mk/?p=830028

Времето денеска изутрина ќе биде студено со појава на магла по одделни котлини, а преку денот ќе биде сончево со слаб ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени Целзиусови.

Во Скопје утрото ќе биде студено со појава на магла, а преку денот ќе биде сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и во наредните денови продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со студени утра и ниски утрински температури, кои наместа ќе се спуштаат под нулата. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Дневната температура ќе биде без значителни промени.

The post Студено утро со магла по котлините, преку денот сончево со слаб ветер appeared first on Република.

]]>

Времето денеска изутрина ќе биде студено со појава на магла по одделни котлини, а преку денот ќе биде сончево со слаб ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени Целзиусови. Во Скопје утрото ќе биде студено со појава на магла, а преку денот ќе биде сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 23 степени. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и во наредните денови продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со студени утра и ниски утрински температури, кои наместа ќе се спуштаат под нулата. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Дневната температура ќе биде без значителни промени.

The post Студено утро со магла по котлините, преку денот сончево со слаб ветер appeared first on Република.

]]>
Денеска смрзнувачка, останете дома https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/deneska-smrznuvachka-ostanete-doma/ Sun, 29 Jan 2023 07:46:26 +0000 https://republika.mk/?p=602118

Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно и студено, во северните планински делови со провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој вдолж Повардарието ќе засилува.

Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1, а максималната ќе достигне од 1 до 6 степени.

Во Скопје променливо облачно со умерен до повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 5 степени.

Од утре ќе преовладува студено и променливо облачно, повремено ветровито време. Засилен северен ветер ќе дува во вторник и ќе има краткотрајни врнежи претежно од снег, а од четврток врнежите од снег ќе бидат повремени и со умерен интензитет.

https://republika.mk/zivot/servisi/od-chetvrtok-makedonija-ke-ja-zafati-snezhen-bran/

The post Денеска смрзнувачка, останете дома appeared first on Република.

]]>

Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно и студено, во северните планински делови со провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој вдолж Повардарието ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1, а максималната ќе достигне од 1 до 6 степени. Во Скопје променливо облачно со умерен до повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 5 степени. Од утре ќе преовладува студено и променливо облачно, повремено ветровито време. Засилен северен ветер ќе дува во вторник и ќе има краткотрајни врнежи претежно од снег, а од четврток врнежите од снег ќе бидат повремени и со умерен интензитет. https://republika.mk/zivot/servisi/od-chetvrtok-makedonija-ke-ja-zafati-snezhen-bran/

The post Денеска смрзнувачка, останете дома appeared first on Република.

]]>
Во среда и четврток температури под нулата, за Велигден потопло и променливо време https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/vo-sreda-i-chetvrtok-temperaturi-pod-nulata-za-veligden-potoplo-i-promenlivo-vreme/ Mon, 18 Apr 2022 10:25:42 +0000 https://republika.mk/?p=489937

Минусни температури во среда и четврток, а потопло и променливо време за велгденските празници, најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утринските температури во среда ќе се спуштат до минус три, а во четврток до минус еден степен. Од петок ќе има затоплување и позитивни утрински температури, а дневните ќе се движат од 18 до 26 степени.

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските подрачја ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

За време на викендот претпладне ќе биде сончево, а попладне ќе има појава на локален пороен дожд со грмежи.

Најтопло ќе биде в недела, со минимални температури од 5 до 10 степени и максималните ќе достигнат до 26 степени.

The post Во среда и четврток температури под нулата, за Велигден потопло и променливо време appeared first on Република.

]]>

Минусни температури во среда и четврток, а потопло и променливо време за велгденските празници, најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринските температури во среда ќе се спуштат до минус три, а во четврток до минус еден степен. Од петок ќе има затоплување и позитивни утрински температури, а дневните ќе се движат од 18 до 26 степени. Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските подрачја ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. За време на викендот претпладне ќе биде сончево, а попладне ќе има појава на локален пороен дожд со грмежи. Најтопло ќе биде в недела, со минимални температури од 5 до 10 степени и максималните ќе достигнат до 26 степени.

The post Во среда и четврток температури под нулата, за Велигден потопло и променливо време appeared first on Република.

]]>
Минусни температури утрово на Попова Шапка и во Маврово и Дебар https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/minusni-temperaturi-utrovo-na-popova-shapka-i-vo-mavrovo-i-debar/ Sun, 13 Feb 2022 08:23:46 +0000 https://republika.mk/?p=457733

Најстудено, со 4 степени под нула, утрово е на Попова Шапка, а минусни температури во 7 часот се измерени и во Маврови Анови (-2) и во Дебар (-1).

Како што информира УХМР, нула степени се измерени во Крушево и Берово, 1 степен во Охрид и Претор, 2 во Крива Паланка, Тетово, Битола и  Прилеп, 3 степени во  Скопје – Петровец, Штип, Куманово и Виница, 4 во Скопје – Зајчев Рид, Струмица и Демир Капија, 7 степени во Гевгелија и 8 во Дојран.

Најмногу снег, 30 сантиметри, утрово има во Маврови Анови, 22 на Попова Шапка, 9 во Пожаране и 2  сантиметра во Ѓуриште.

Времето утрово е претежно облачно, со  слаб локален дожд. Прeтпладне ќе биде облачно со локален слаб дожд, попладне ќе има сончеви периоди, а кон крајот на денот и во текот на ноќта слаб локален дожд ќе има во западните делови. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 5 до 12 степени.

Во Скопје променливо облачно време, претпладне со услови за повремен слаб дожд, а попладне со сончеви периоди. Максималната температура ќе достигне 9 степени.

The post Минусни температури утрово на Попова Шапка и во Маврово и Дебар appeared first on Република.

]]>

Најстудено, со 4 степени под нула, утрово е на Попова Шапка, а минусни температури во 7 часот се измерени и во Маврови Анови (-2) и во Дебар (-1). Како што информира УХМР, нула степени се измерени во Крушево и Берово, 1 степен во Охрид и Претор, 2 во Крива Паланка, Тетово, Битола и  Прилеп, 3 степени во  Скопје – Петровец, Штип, Куманово и Виница, 4 во Скопје – Зајчев Рид, Струмица и Демир Капија, 7 степени во Гевгелија и 8 во Дојран. Најмногу снег, 30 сантиметри, утрово има во Маврови Анови, 22 на Попова Шапка, 9 во Пожаране и 2  сантиметра во Ѓуриште. Времето утрово е претежно облачно, со  слаб локален дожд. Прeтпладне ќе биде облачно со локален слаб дожд, попладне ќе има сончеви периоди, а кон крајот на денот и во текот на ноќта слаб локален дожд ќе има во западните делови. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 5 до 12 степени. Во Скопје променливо облачно време, претпладне со услови за повремен слаб дожд, а попладне со сончеви периоди. Максималната температура ќе достигне 9 степени.

The post Минусни температури утрово на Попова Шапка и во Маврово и Дебар appeared first on Република.

]]>
И максималната температура ќе биде под 0 https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/i-maksimalnata-temperatura-kje-bide-pod-0/ Tue, 25 Jan 2022 08:18:03 +0000 https://republika.mk/?p=449013

Времето денеска ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието, засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -14 до -6, а максималната од -3 до 6 степени.

Во Скопје слично време со повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -11, а максималната ќе достигне до 2 степена.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на студено време со умерен до засилен северен ветер. До среда, утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под -10 степени, а дневните од средината на седмицата ќе бидат во постепен пораст. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.

The post И максималната температура ќе биде под 0 appeared first on Република.

]]>

Времето денеска ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието, засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -14 до -6, а максималната од -3 до 6 степени. Во Скопје слично време со повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -11, а максималната ќе достигне до 2 степена. Во наредните денови ќе продолжи периодот на студено време со умерен до засилен северен ветер. До среда, утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под -10 степени, а дневните од средината на седмицата ќе бидат во постепен пораст. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.

The post И максималната температура ќе биде под 0 appeared first on Република.

]]>
Доаѓа студен бран, во вторник -15 степени https://arhiva3.republika.mk/vesti/doagja-studen-bran-vo-vtornik-15-stepeni/ Fri, 21 Jan 2022 11:45:20 +0000 https://republika.mk/?p=447667

Утре, најниската утринска температурата ќе биде -12 во Тетово, а максималната дневна четири степени во Гевгелија. Во Скопје температурата ќе се движи од -9 до два степена.

Следните денови времето ќе биде многу студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Утринските температури на многу места ќе се спуштаат до околу -10 степени, а дневните ќе бидат околу и под нулата.

Како што информира УХМР, поради ниските температури се очекува појава на голомразица. Повремено ќе има зголемување на облачноста со услови за провејување на слаб снег, особено во вечерните часови и во северните делови.

Утре, најниската утринска температурата ќе биде -12 во Тетово, а максималната дневна четири степени во Гевгелија. Во Скопје температурата ќе се движи од -9 до два степена.

Во вторник се очекува најниската утринска температура да изнесува -15 степени.

Според прогнозата на УХМР, најстудено ќе биде во понеделник со дневна температура од -5 до два степена.

The post Доаѓа студен бран, во вторник -15 степени appeared first on Република.

]]>

Утре, најниската утринска температурата ќе биде -12 во Тетово, а максималната дневна четири степени во Гевгелија. Во Скопје температурата ќе се движи од -9 до два степена.

Следните денови времето ќе биде многу студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Утринските температури на многу места ќе се спуштаат до околу -10 степени, а дневните ќе бидат околу и под нулата.

Како што информира УХМР, поради ниските температури се очекува појава на голомразица. Повремено ќе има зголемување на облачноста со услови за провејување на слаб снег, особено во вечерните часови и во северните делови.

Утре, најниската утринска температурата ќе биде -12 во Тетово, а максималната дневна четири степени во Гевгелија. Во Скопје температурата ќе се движи од -9 до два степена.

Во вторник се очекува најниската утринска температура да изнесува -15 степени.

Според прогнозата на УХМР, најстудено ќе биде во понеделник со дневна температура од -5 до два степена.

The post Доаѓа студен бран, во вторник -15 степени appeared first on Република.

]]>
Денеска сончево и студено, од утре со температури под -10 степени https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/deneska-sonchevo-i-studeno-od-utre-so-temperaturi-pod-10-stepeni/ Wed, 12 Jan 2022 07:53:36 +0000 https://republika.mk/?p=443484

Утрово најниска температура била измерена на Попова Шапка од -8 степени, -7 степени биле измерени во Маврови Анови, -6 во Крушево, -4 во Берово, -3 степени во Крива Паланка, Битола и Прилеп, -2 во Дебар, -1 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Штип, Виница, Демир Капија, Куманово, Тетово, Охрид и Претор, 0 степени во Дојран, 1 во Струмица, 2 степени во Гевгелија.

На Попова Шапка има 69 сантиметри снег, 20 сантиметри на Маврови Анови, 14 во Крушево, Ѓуриште, 11 сантиметри во Пожаране, 9 во Демир Капија, 6 во Битола, 4 во Прилеп, 3 во Кр.Паланка, 2 во Скопје–З.Рид, 1 сантиметар во Тетово и Дојран.

Во текот на ноќта и изутринава беше облачно, студено и ветровито со врнежи од снег, особено во северните, западните и југоисточните делови. Дуваше умерен до засилен северен ветер, кој на повеќе места достигнуваше брзина над 40, а во Штип над 55км/ч.

Денеска ќе биде сончево и студено со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6 степени.

Во Скопје сончево и студено со умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.

Од утре следува период на стабилно, суво и ветровито време со умерен до засилен северен ветер. Минималните температури насекаде ќе бидат под нулата, а најстудено ќе биде во четврток и петок кога утринските температури на места ќе се спуштат и под -10 степени.

The post Денеска сончево и студено, од утре со температури под -10 степени appeared first on Република.

]]>

Утрово најниска температура била измерена на Попова Шапка од -8 степени, -7 степени биле измерени во Маврови Анови, -6 во Крушево, -4 во Берово, -3 степени во Крива Паланка, Битола и Прилеп, -2 во Дебар, -1 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Штип, Виница, Демир Капија, Куманово, Тетово, Охрид и Претор, 0 степени во Дојран, 1 во Струмица, 2 степени во Гевгелија. На Попова Шапка има 69 сантиметри снег, 20 сантиметри на Маврови Анови, 14 во Крушево, Ѓуриште, 11 сантиметри во Пожаране, 9 во Демир Капија, 6 во Битола, 4 во Прилеп, 3 во Кр.Паланка, 2 во Скопје–З.Рид, 1 сантиметар во Тетово и Дојран. Во текот на ноќта и изутринава беше облачно, студено и ветровито со врнежи од снег, особено во северните, западните и југоисточните делови. Дуваше умерен до засилен северен ветер, кој на повеќе места достигнуваше брзина над 40, а во Штип над 55км/ч. Денеска ќе биде сончево и студено со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6 степени. Во Скопје сончево и студено со умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 3 степени. Од утре следува период на стабилно, суво и ветровито време со умерен до засилен северен ветер. Минималните температури насекаде ќе бидат под нулата, а најстудено ќе биде во четврток и петок кога утринските температури на места ќе се спуштат и под -10 степени.

The post Денеска сончево и студено, од утре со температури под -10 степени appeared first on Република.

]]>
Минус 15, па нагло – потопло, еве какво време нè очекува! https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/minus-15-pa-naglo-potoplo-eve-kakvo-vreme-ne-ochekuva/ Tue, 11 Jan 2022 18:06:32 +0000 https://republika.mk/?p=443310

– Како што претходно кажавме, утре претпладне се уште ќе има локално и слабо провејување на снег, додека од четврток па натаму времето ќе биде стабилно, суво и особено студено. Во четврток и во петок минималните температури понекаде ќе се спуштат до околу -15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -5 до 6 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

И во Скопскиот регион во следните денови ќе имаме особено студено време, а ќе има и сончеви периоди. Наутро температурите ќе се спуштаат до околу -10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 3 степени.

Според Попоски, малку потопло време ќе имаме за време на викендот, кога особено максималните дневни температури ќе бележат тендениција на пораст.

The post Минус 15, па нагло – потопло, еве какво време нè очекува! appeared first on Република.

]]>

– Како што претходно кажавме, утре претпладне се уште ќе има локално и слабо провејување на снег, додека од четврток па натаму времето ќе биде стабилно, суво и особено студено. Во четврток и во петок минималните температури понекаде ќе се спуштат до околу -15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -5 до 6 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
И во Скопскиот регион во следните денови ќе имаме особено студено време, а ќе има и сончеви периоди. Наутро температурите ќе се спуштаат до околу -10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 3 степени. Според Попоски, малку потопло време ќе имаме за време на викендот, кога особено максималните дневни температури ќе бележат тендениција на пораст.

The post Минус 15, па нагло – потопло, еве какво време нè очекува! appeared first on Република.

]]>
Утре облачно со повремени врнежи од снег, од среда студено со температури од -10 степени https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/utre-oblachno-so-povremeni-vrnezi-od-sneg-od-sreda-studeno-so-temperaturi-od-10-stepeni/ Mon, 10 Jan 2022 20:01:53 +0000 https://republika.mk/?p=442759

Времето до крајот на денот ќе биде претежно облачно со повремени врнежи кои особено на западот и северот ќе бидат од снег и во овие региони ќе се доформира снежната покривка. Во текот на ноќта и на југоистокот понекаде врнежите ќе преминуваат од дожд во снег. Ќе остане ветровито со слаб до умерен северен ветер.

Утре не очекува претежно облачно со повремени локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 3 до 6 степени.

Во Скопје, времето ќе биде облачно со повремен локален снег во делови од регионот. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 4 степени.

Од среда следува период на стабилно, суво и ветровито време со умерен до засилен северен ветер. Минималните температури насекаде ќе бидат под нулата, а најстудено ќе биде во четврток и петок кога утринските температури на места ќе се спуштаат и под -10 степени, а дневните понекаде ќе останат негативни.

The post Утре облачно со повремени врнежи од снег, од среда студено со температури од -10 степени appeared first on Република.

]]>

Времето до крајот на денот ќе биде претежно облачно со повремени врнежи кои особено на западот и северот ќе бидат од снег и во овие региони ќе се доформира снежната покривка. Во текот на ноќта и на југоистокот понекаде врнежите ќе преминуваат од дожд во снег. Ќе остане ветровито со слаб до умерен северен ветер.
Утре не очекува претежно облачно со повремени локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 3 до 6 степени. Во Скопје, времето ќе биде облачно со повремен локален снег во делови од регионот. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 4 степени. Од среда следува период на стабилно, суво и ветровито време со умерен до засилен северен ветер. Минималните температури насекаде ќе бидат под нулата, а најстудено ќе биде во четврток и петок кога утринските температури на места ќе се спуштаат и под -10 степени, а дневните понекаде ќе останат негативни.

The post Утре облачно со повремени врнежи од снег, од среда студено со температури од -10 степени appeared first on Република.

]]>