студенчишко блато Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/studenchishko-blato/ За подобро да се разбереме Thu, 05 Sep 2024 17:11:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png студенчишко блато Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/studenchishko-blato/ 32 32 Од „Фронт 21/42“ ја поздравуваат одлуката за повлекување на Предлог законите за Охридско Езеро и Студенчишко Блато https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-front-21-42-ja-pozdravuvaat-odlukata-za-povlekuvane-na-predlog-zakonite-za-ohridsko-ezero-i-studenchishko-blato/ Thu, 05 Sep 2024 17:11:41 +0000 https://republika.mk/?p=813622

Одлуката на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање да бидат повлечени од процедура Предлог-законот за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата и Предлог-законот за прогласување на Студенчишко Блато за парк на природата наиде на поддршка на еколошките здруженија.

Од организацијата „Фронт 21/42“ што отворени се спротивставуваше на донесувањето на законите го поздравуваат тавкиот потег изразувајќи уверување дека ресорното МЖСПП во најскоро време ќе отпочне широки консултации со сите засегнати страни за доследно да се вградат препораките на Бернската конвенција и да се обезбеди ефективна заштита каква што заслужуваат овие две исклучително значајни меѓународно заштитени подрачја.

„Фронт 21/42“ претходно достави Претставка до релевантните собраниски комисии со укажување на неусогласеноста на Предлог законите со Уставот и барање за стопирање на процесот за нивно усвојување.

Активистите на движењето изразуваат надеж дека повлекувањето на Предлог -законите означува почеток на блиска соработка меѓу институциите и граѓанскиот сектор која ќе резултира со вистинска заштита на нашето најголемо природно богатство, но и унапредување на владеењето на прaвото во нашата земја.

 

The post Од „Фронт 21/42“ ја поздравуваат одлуката за повлекување на Предлог законите за Охридско Езеро и Студенчишко Блато appeared first on Република.

]]>

Одлуката на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање да бидат повлечени од процедура Предлог-законот за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата и Предлог-законот за прогласување на Студенчишко Блато за парк на природата наиде на поддршка на еколошките здруженија. Од организацијата „Фронт 21/42“ што отворени се спротивставуваше на донесувањето на законите го поздравуваат тавкиот потег изразувајќи уверување дека ресорното МЖСПП во најскоро време ќе отпочне широки консултации со сите засегнати страни за доследно да се вградат препораките на Бернската конвенција и да се обезбеди ефективна заштита каква што заслужуваат овие две исклучително значајни меѓународно заштитени подрачја. „Фронт 21/42“ претходно достави Претставка до релевантните собраниски комисии со укажување на неусогласеноста на Предлог законите со Уставот и барање за стопирање на процесот за нивно усвојување. Активистите на движењето изразуваат надеж дека повлекувањето на Предлог -законите означува почеток на блиска соработка меѓу институциите и граѓанскиот сектор која ќе резултира со вистинска заштита на нашето најголемо природно богатство, но и унапредување на владеењето на прaвото во нашата земја.  

The post Од „Фронт 21/42“ ја поздравуваат одлуката за повлекување на Предлог законите за Охридско Езеро и Студенчишко Блато appeared first on Република.

]]>
Собранието го усвои законот за прогласување на Kањон Матка за споменик на природата https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/sobranieto-go-usvoi-zakonot-za-proglasuvane-na-kanon-matka-za-spomenik-na-prirodata/ Wed, 14 Aug 2024 06:43:32 +0000 https://republika.mk/?p=806318

Собранието вчера ги усвои Законите за прогласување на Kањон Матка за споменик на природата, за прогласување на Студенчишко Блато за Парк на природата и за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата.

Кањонот Матка во околината на главниот град е една од најубавите и најпосетуваните туристички атракции во Македонија.

Владата уште лани во февруари донесе одлука за прогласување на Кањонот Матка за заштитено подрачје во трета категорија – споменик на природата.

The post Собранието го усвои законот за прогласување на Kањон Матка за споменик на природата appeared first on Република.

]]>

Собранието вчера ги усвои Законите за прогласување на Kањон Матка за споменик на природата, за прогласување на Студенчишко Блато за Парк на природата и за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата. Кањонот Матка во околината на главниот град е една од најубавите и најпосетуваните туристички атракции во Македонија. Владата уште лани во февруари донесе одлука за прогласување на Кањонот Матка за заштитено подрачје во трета категорија – споменик на природата.

The post Собранието го усвои законот за прогласување на Kањон Матка за споменик на природата appeared first on Република.

]]>
Утврден Предлог-закон за прогласување на Студенчишко Блато за заштитено подрачје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/utvrden-predlog-zakon-za-proglasuvanje-na-studenchishko-blato-za-zashtiteno-podrachje/ Tue, 27 Sep 2022 18:34:42 +0000 https://republika.mk/?p=554948

Владата откако го разгледа, го утврди Предлог-законот за прогласување на Студенчишко Блато за заштитено подрачје – Парк на природата, кој ќе биде испратен во Собранието на натамошно одлучување.

Со донесување на Закон за прогласување на Студенчишко Блато за парк на природата ќе се овозможи:

-зачувување на природната состојба на локалитетот Студенчишко Блато преку заштита на природните и други вредности;
-спречување на дејствија што можат непосредно или посредно да предизвикаат нарушување на живеалиштата и екосистемите;
-создавање на поволни услови за заштита, зачувување и унапредување на биолошката и пределската разновидност;
-одржливо користење на природните ресурси на начин на кој не се загрозува опстанокот на живеалиштата и видовите.
-Блатото Студенчишта претставува последен глацијален реликтен остаток на блатната вегетација во нашата држава, развиен за време на периодот на плеистоценот и е во загрозена состојба заради присуство на депонија, прекината комуникација со езерото, палење и уништување на блатната вегетација и формирање на обработливи површини.

 

The post Утврден Предлог-закон за прогласување на Студенчишко Блато за заштитено подрачје appeared first on Република.

]]>

Владата откако го разгледа, го утврди Предлог-законот за прогласување на Студенчишко Блато за заштитено подрачје – Парк на природата, кој ќе биде испратен во Собранието на натамошно одлучување. Со донесување на Закон за прогласување на Студенчишко Блато за парк на природата ќе се овозможи: -зачувување на природната состојба на локалитетот Студенчишко Блато преку заштита на природните и други вредности; -спречување на дејствија што можат непосредно или посредно да предизвикаат нарушување на живеалиштата и екосистемите; -создавање на поволни услови за заштита, зачувување и унапредување на биолошката и пределската разновидност; -одржливо користење на природните ресурси на начин на кој не се загрозува опстанокот на живеалиштата и видовите. -Блатото Студенчишта претставува последен глацијален реликтен остаток на блатната вегетација во нашата држава, развиен за време на периодот на плеистоценот и е во загрозена состојба заради присуство на депонија, прекината комуникација со езерото, палење и уништување на блатната вегетација и формирање на обработливи површини.  

The post Утврден Предлог-закон за прогласување на Студенчишко Блато за заштитено подрачје appeared first on Република.

]]>