студен бран Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/studen-bran/ За подобро да се разбереме Sun, 17 Nov 2024 16:26:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png студен бран Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/studen-bran/ 32 32 Студен бран од север доаѓа во Македонија https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/studen-bran-od-sever-doaga-vo-makedonija/ Sun, 17 Nov 2024 16:26:07 +0000 https://republika.mk/?p=838894

Стабилното и суво време ќе се задржи само до вторник. Веќе Од среда 20.11.2024 па се до крајот на неделата под влијание на моќен циклонски систем кој ќе биде во склоп со многу поладниот воздух кој ќе се спушта од север, ќе условува серија на изразени влажни воздушни бранови кои ќе условуваат повремени врнежи од дожд, и истите повремено ќе бидат обилни.

На планините и на повисоките места повремено ќе има врнежи од снег, а повремено снежната граница можно е повторно да се спушти до околу, па и под 1000 метри надморска височина, со што појава на повремен снег би можело да има и во повисоките населени места.

Сето ова ќе биде проследено со засилен, до повремено силен ветер од јужен, југоисточен и од западен правец, додека во сабота ветерот ќе биде повторно силен и од северен правец. Повремено и локално ветерот ќе достигнува доста голема брзина (и тоа од над 80/90 км/час).

За време на оваа серија на влажни воздушни бранови, повремено и локално ќе наврне значително количество на воден талог (над 30 литри дожд на метар квадратен), а на планините ќе се формира снежна покривка со висина од 10 до 20 cм, а на високите планини таа би можела да биде и поголема. Помала снежна покривка има услови да се формира и во повисоките населени места.

Што се однесува до температурите, тие најпрвин ќе бидат во пораст, особено во среда кога тие ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени. Од четврток тие ќе опаѓаат и ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени, меѓутоа повремено тие ќе бидат и значително пониски, а во утринските часови особено во петок и за време на викендот ќе биде многу постудено кога температурите во најголем дел од Македонија ќе се спуштаат под нулата, а понекаде тие ќе се спуштат и до близу -10 степени, на високите планини и под -10 степени.

 

The post Студен бран од север доаѓа во Македонија appeared first on Република.

]]>

Стабилното и суво време ќе се задржи само до вторник. Веќе Од среда 20.11.2024 па се до крајот на неделата под влијание на моќен циклонски систем кој ќе биде во склоп со многу поладниот воздух кој ќе се спушта од север, ќе условува серија на изразени влажни воздушни бранови кои ќе условуваат повремени врнежи од дожд, и истите повремено ќе бидат обилни. На планините и на повисоките места повремено ќе има врнежи од снег, а повремено снежната граница можно е повторно да се спушти до околу, па и под 1000 метри надморска височина, со што појава на повремен снег би можело да има и во повисоките населени места. Сето ова ќе биде проследено со засилен, до повремено силен ветер од јужен, југоисточен и од западен правец, додека во сабота ветерот ќе биде повторно силен и од северен правец. Повремено и локално ветерот ќе достигнува доста голема брзина (и тоа од над 80/90 км/час). За време на оваа серија на влажни воздушни бранови, повремено и локално ќе наврне значително количество на воден талог (над 30 литри дожд на метар квадратен), а на планините ќе се формира снежна покривка со висина од 10 до 20 cм, а на високите планини таа би можела да биде и поголема. Помала снежна покривка има услови да се формира и во повисоките населени места. Што се однесува до температурите, тие најпрвин ќе бидат во пораст, особено во среда кога тие ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени. Од четврток тие ќе опаѓаат и ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени, меѓутоа повремено тие ќе бидат и значително пониски, а во утринските часови особено во петок и за време на викендот ќе биде многу постудено кога температурите во најголем дел од Македонија ќе се спуштаат под нулата, а понекаде тие ќе се спуштат и до близу -10 степени, на високите планини и под -10 степени.  

The post Студен бран од север доаѓа во Македонија appeared first on Република.

]]>
Од следниот месец ни доаѓа најстудената зима во последните 65 години https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/od-sledniot-mesets-ni-doaga-najstudenata-zima-vo-poslednite-65-godini/ Thu, 14 Nov 2024 15:44:48 +0000 https://republika.mk/?p=837125

Италијанските метеоролози најавуваат дека претстојната зима ќе биде една од најстудените во последните 65 години, со рекордно ниски температури и тешки временски промени.

Експертите укажуваат на влијанието на климатскиот феномен Ла Ниња и промените во стратосферската динамика, што дополнително ја потврдува можноста за зимска сезона со екстремно ниски температури.

Според најавите, декември може да стане најстудениот месец во Италија во последните неколку децении. Иако прогнозите секогаш вклучуваат можност за промени, се предвидува дека барометриските услови ќе преземат тренд на ладење не само за Италија, туку и за цела Европа.

Студениот почеток на зимата е под силно влијание на неодамнешниот феномен „ESE Cold“, кој предизвика значително стратосферско ладење на крајот на септември.

Оваа промена во стратосферата влијаеше и на динамиката на тропосферата, иако ефектот беше послаб од очекуваното според претходните научни примероци. Имено, тропосферата не реагирала целосно на ладењето „одозгора“, но знаците на климатско „балансирање“ укажуваат на понатамошни промени.

Метеоролозите исто така ги следат индикаторите за силно стратосферско затоплување, што може да доведе до значителни повратни ефекти врз тропосферата. Моделите укажуваат на можно „MMW“ – Големо затоплување на средината на зимата – односно силно зимско затоплување кое може да го дестабилизира поларниот вител и да предизвика различни атмосферски последици.

Иако стратосферското затоплување само по себе нема да биде доволно за доаѓање на екстремен студ, можните поместувања во положбата на поларниот вител дополнително би можеле да придонесат за зимската динамика.

Значи, што ни носи декември? Според сегашните најави, екстремно студени услови и можност за „преврт на хемисфера“ на температурните движења низ Европа.

Во секој случај, љубителите на зимата имаат причина за оптимизам, додека експертите продолжуваат да ги следат показателите и движењата во стратосферата и тропосферата, најавувајќи зима која може да потсети на некои минати, постудени времиња.

The post Од следниот месец ни доаѓа најстудената зима во последните 65 години appeared first on Република.

]]>

Италијанските метеоролози најавуваат дека претстојната зима ќе биде една од најстудените во последните 65 години, со рекордно ниски температури и тешки временски промени. Експертите укажуваат на влијанието на климатскиот феномен Ла Ниња и промените во стратосферската динамика, што дополнително ја потврдува можноста за зимска сезона со екстремно ниски температури. Според најавите, декември може да стане најстудениот месец во Италија во последните неколку децении. Иако прогнозите секогаш вклучуваат можност за промени, се предвидува дека барометриските услови ќе преземат тренд на ладење не само за Италија, туку и за цела Европа. Студениот почеток на зимата е под силно влијание на неодамнешниот феномен „ESE Cold“, кој предизвика значително стратосферско ладење на крајот на септември. Оваа промена во стратосферата влијаеше и на динамиката на тропосферата, иако ефектот беше послаб од очекуваното според претходните научни примероци. Имено, тропосферата не реагирала целосно на ладењето „одозгора“, но знаците на климатско „балансирање“ укажуваат на понатамошни промени. Метеоролозите исто така ги следат индикаторите за силно стратосферско затоплување, што може да доведе до значителни повратни ефекти врз тропосферата. Моделите укажуваат на можно „MMW“ – Големо затоплување на средината на зимата – односно силно зимско затоплување кое може да го дестабилизира поларниот вител и да предизвика различни атмосферски последици. Иако стратосферското затоплување само по себе нема да биде доволно за доаѓање на екстремен студ, можните поместувања во положбата на поларниот вител дополнително би можеле да придонесат за зимската динамика. Значи, што ни носи декември? Според сегашните најави, екстремно студени услови и можност за „преврт на хемисфера“ на температурните движења низ Европа. Во секој случај, љубителите на зимата имаат причина за оптимизам, додека експертите продолжуваат да ги следат показателите и движењата во стратосферата и тропосферата, најавувајќи зима која може да потсети на некои минати, постудени времиња.

The post Од следниот месец ни доаѓа најстудената зима во последните 65 години appeared first on Република.

]]>
Студениот бран во Кина постави нови рекорди https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/studeniot-bran-vo-kina-postavi-novi-rekordi/ Thu, 21 Dec 2023 08:06:42 +0000 https://republika.mk/?p=725107

Во Кина денеска се забележани нови рекордно ниски температури во услови на постојан студ во земјата на крајот на годината во која имаше голем број екстремни метеоролошки појави.

Националната метеоролошка служба извести дека рано утринава повеќе од 20 станици во повеќе делови од земјата забележале рекордно ниски температури за декември.

Во градот Хохот, главен град на провинцијата Внатрешна Монголија во северна Кина), на пример, живата падна на минус 29,1 Целзиусови степени.

Властите издадоа предупредување за ниски температури за големи области во северниот, источниот и југоисточниот дел на земјата.

Сегашниот студен бран следи по летото со рекордни жештини и разорни поплави, особено во северна Кина. Експертите предупредуваат дека глобалното затоплување, предизвикано од емисијата на стакленички гасови во атмосферата, доведува до зачестеност на овие екстремни појави.

Националната метеоролошка служба вчера соопшти дека пет станици во земјата регистрирале рекордно ниски температури, на пример во северниот град Датонг, каде е измерена температура од минус 33,2 степени Целзиусови.

Во северозападната провинција Гансу, каде што во понеделникот во земјотресот загинаа повеќе од 130 луѓе, преживеаните ја поминуваат ноќта завиткани во ќебиња во големите шатори обезбедени од спасувачките служби, обидувајќи се да останат на топло додека надвор е студено.

The post Студениот бран во Кина постави нови рекорди appeared first on Република.

]]>

Во Кина денеска се забележани нови рекордно ниски температури во услови на постојан студ во земјата на крајот на годината во која имаше голем број екстремни метеоролошки појави. Националната метеоролошка служба извести дека рано утринава повеќе од 20 станици во повеќе делови од земјата забележале рекордно ниски температури за декември. Во градот Хохот, главен град на провинцијата Внатрешна Монголија во северна Кина), на пример, живата падна на минус 29,1 Целзиусови степени. Властите издадоа предупредување за ниски температури за големи области во северниот, источниот и југоисточниот дел на земјата. Сегашниот студен бран следи по летото со рекордни жештини и разорни поплави, особено во северна Кина. Експертите предупредуваат дека глобалното затоплување, предизвикано од емисијата на стакленички гасови во атмосферата, доведува до зачестеност на овие екстремни појави. Националната метеоролошка служба вчера соопшти дека пет станици во земјата регистрирале рекордно ниски температури, на пример во северниот град Датонг, каде е измерена температура од минус 33,2 степени Целзиусови. Во северозападната провинција Гансу, каде што во понеделникот во земјотресот загинаа повеќе од 130 луѓе, преживеаните ја поминуваат ноќта завиткани во ќебиња во големите шатори обезбедени од спасувачките служби, обидувајќи се да останат на топло додека надвор е студено.

The post Студениот бран во Кина постави нови рекорди appeared first on Република.

]]>
Како да не беше доволно, во Турција се очекува студен бран со -20 степени и снег https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kako-da-ne-beshe-dovolno-vo-turtsija-se-ochekuva-leden-bran-so-20-stepeni-i-sneg/ Mon, 06 Feb 2023 22:55:25 +0000 https://republika.mk/?p=605682

Два разорни земјотреси ги погодија Турција и северна Сирија, а беа почувствувани во целиот регион и во неколку околни земји.

За жал, подрачјето кое беше погодено од катастрофалните земјотреси во наредните денови ќе биде погодено од леден бран. Во наредните денови поголем дел од Турција ќе биде зафатен од леден бран со обилен снег и снежна бура.

Веќе утре снежно невреме ќе го зафати Истанбул, а веќе се откажани голем број летови. После тоа, ледениот бран ќе го зафати и југоисточниот дел на Турција, односно подрачјето погодено од земјотресите. Бидејќи се работи за планинско подрачје со над 1000 метри надморска височина се очекува изобилен снег, силен ветер и снежна бура.

Температурите во градовите ќе се спуштат под -10°С, а во руралните средини под -20°С. Временските (не)прилики дополнително ќе ја отежнат работата на спасувачките служби, а многу студеното време ќе трае со денови. Бидејќи илјадници луѓе останаа без покрив над главата, ледениот бран ќе го загрози и нивниот престој на отворено, или во шатори.

Студената воздушна маса ќе се спушти кон потоплите предели на Медитеранот и Сирија, па ова подрачје ќе биде зафатено од обилни врнежи од дожд и ниски температури, иако се карактеризира со многу благи и топли зими.

The post Како да не беше доволно, во Турција се очекува студен бран со -20 степени и снег appeared first on Република.

]]>

Два разорни земјотреси ги погодија Турција и северна Сирија, а беа почувствувани во целиот регион и во неколку околни земји. За жал, подрачјето кое беше погодено од катастрофалните земјотреси во наредните денови ќе биде погодено од леден бран. Во наредните денови поголем дел од Турција ќе биде зафатен од леден бран со обилен снег и снежна бура. Веќе утре снежно невреме ќе го зафати Истанбул, а веќе се откажани голем број летови. После тоа, ледениот бран ќе го зафати и југоисточниот дел на Турција, односно подрачјето погодено од земјотресите. Бидејќи се работи за планинско подрачје со над 1000 метри надморска височина се очекува изобилен снег, силен ветер и снежна бура. Температурите во градовите ќе се спуштат под -10°С, а во руралните средини под -20°С. Временските (не)прилики дополнително ќе ја отежнат работата на спасувачките служби, а многу студеното време ќе трае со денови. Бидејќи илјадници луѓе останаа без покрив над главата, ледениот бран ќе го загрози и нивниот престој на отворено, или во шатори. Студената воздушна маса ќе се спушти кон потоплите предели на Медитеранот и Сирија, па ова подрачје ќе биде зафатено од обилни врнежи од дожд и ниски температури, иако се карактеризира со многу благи и топли зими.

The post Како да не беше доволно, во Турција се очекува студен бран со -20 степени и снег appeared first on Република.

]]>
Студен арктички бран зафати поголем дел од САД, откажани повеќе од 4.500 летови https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/studen-arktichki-bran-zafati-pogolem-del-od-sad-otkazani-povekje-od-4-500-letovi/ Fri, 23 Dec 2022 08:26:43 +0000 https://republika.mk/?p=589020

Голем дел од САД беше зафатен од многу студена воздушна маса од Арктикот, а поради бурните ветришта и снежните виулици откажани се повеќе од 4.500 летови на аеродромите низ земјата.

Во поголем дел од земјата е издаден црвен метео аларм, а се очекува снегот да предизвика големи проблеми во сообраќајот во текот на претстојниот викенд.

Американската автомобилска асоцијација проценува дека 112,7 милиони луѓе планирале да патуваат за време на празниците помеѓу 23 декември и 2 јануари.

Големите аеродроми, меѓу кои и оној во Чикаго, како најфреквентен во САД, веќе ги откажаа летовите очекувајќи снежна бура.

Повеќе од 4.500 летови закажани за вчера и денеска се откажани, а повеќе од 1.200 се откажани само на двата главни аеродроми во Чикаго, според службата за следење летови FlightAvare.

Претстојното невреме се очекува да донесе снежни виулици во регионот на Големите езера, обилни дождови проследени со ненадеен пад на температурите на источниот брег, ветрови со брзина до 100 километри на час и екстремно студено време на југ до границата со Мексико.

Постои можност невремето да се претвори во феномен кој метеоролозите го нарекуваат „бомбашки циклон“ – бура која за кратко време станува силна, соопшти Националната метеоролошка служба (НВС).

Циклонот може да предизвика обилни снежни врнежи и силен ветер, како и да создаде речиси нулта видливост на патиштата, соопшти метеоролошката служба.

Како што најавија, можни се и прекини на струја, како последица на силен ветер, снег во комбинација со поголема потрошувачка на струја.

The post Студен арктички бран зафати поголем дел од САД, откажани повеќе од 4.500 летови appeared first on Република.

]]>

Голем дел од САД беше зафатен од многу студена воздушна маса од Арктикот, а поради бурните ветришта и снежните виулици откажани се повеќе од 4.500 летови на аеродромите низ земјата. Во поголем дел од земјата е издаден црвен метео аларм, а се очекува снегот да предизвика големи проблеми во сообраќајот во текот на претстојниот викенд. Американската автомобилска асоцијација проценува дека 112,7 милиони луѓе планирале да патуваат за време на празниците помеѓу 23 декември и 2 јануари. Големите аеродроми, меѓу кои и оној во Чикаго, како најфреквентен во САД, веќе ги откажаа летовите очекувајќи снежна бура. Повеќе од 4.500 летови закажани за вчера и денеска се откажани, а повеќе од 1.200 се откажани само на двата главни аеродроми во Чикаго, според службата за следење летови FlightAvare. Претстојното невреме се очекува да донесе снежни виулици во регионот на Големите езера, обилни дождови проследени со ненадеен пад на температурите на источниот брег, ветрови со брзина до 100 километри на час и екстремно студено време на југ до границата со Мексико. Постои можност невремето да се претвори во феномен кој метеоролозите го нарекуваат „бомбашки циклон“ – бура која за кратко време станува силна, соопшти Националната метеоролошка служба (НВС). Циклонот може да предизвика обилни снежни врнежи и силен ветер, како и да создаде речиси нулта видливост на патиштата, соопшти метеоролошката служба. Како што најавија, можни се и прекини на струја, како последица на силен ветер, снег во комбинација со поголема потрошувачка на струја.

The post Студен арктички бран зафати поголем дел од САД, откажани повеќе од 4.500 летови appeared first on Република.

]]>
Доаѓа студен бран, деновиве ќе биде до -15 https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/doagja-studen-bran-denovive-kje-bide-do-15/ Fri, 21 Jan 2022 11:44:54 +0000 https://republika.mk/?p=447666

Следните денови времето ќе биде многу студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Утринските температури на многу места ќе се спуштаат до околу -10 степени, а дневните ќе бидат околу и под нулата.

Како што информира УХМР, поради ниските температури се очекува појава на голомразица. Повремено ќе има зголемување на облачноста со услови за провејување на слаб снег, особено во вечерните часови и во северните делови.

Утре, најниската утринска температурата ќе биде -12 во Тетово, а максималната дневна четири степени во Гевгелија. Во Скопје температурата ќе се движи од -9 до два степена.

Во вторник се очекува најниската утринска температура да изнесува -15 степени.

Според прогнозата на УХМР, најстудено ќе биде во понеделник со дневна температура од -5 до два степена.

The post Доаѓа студен бран, деновиве ќе биде до -15 appeared first on Република.

]]>

Следните денови времето ќе биде многу студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Утринските температури на многу места ќе се спуштаат до околу -10 степени, а дневните ќе бидат околу и под нулата. Како што информира УХМР, поради ниските температури се очекува појава на голомразица. Повремено ќе има зголемување на облачноста со услови за провејување на слаб снег, особено во вечерните часови и во северните делови. Утре, најниската утринска температурата ќе биде -12 во Тетово, а максималната дневна четири степени во Гевгелија. Во Скопје температурата ќе се движи од -9 до два степена. Во вторник се очекува најниската утринска температура да изнесува -15 степени. Според прогнозата на УХМР, најстудено ќе биде во понеделник со дневна температура од -5 до два степена.

The post Доаѓа студен бран, деновиве ќе биде до -15 appeared first on Република.

]]>