сцена Ристо Стефановски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stsena-risto-stefanovski/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Mar 2024 11:30:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сцена Ристо Стефановски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stsena-risto-stefanovski/ 32 32 И домаќинлукот му го должиме на Ристо, тоа е седмото правило од прирачникот за успех, кажа директорката на Драмски Рангелова на именувањето на сцената „Ристо Стефановски“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/i-domakinlukot-mu-go-dolzhime-na-risto-toa-e-sedmoto-pravilo-od-prirachnikot-za-uspeh-kazha-direktorkata-na-dramski-rangelova-na-imenuvaneto-na-stsenata-risto-stefanovski/ Thu, 28 Mar 2024 10:51:46 +0000 https://republika.mk/?p=759680

Од вчера, 27 март, големата сцена на Драмски театар го носи името „Ристо Стефановски“, директорот кој повеќе од 25 години мошне успешно го водеше Театарот во период од 1957 до 1983 година. Драмски театар во негова чест синоќа, пред многубројна публика ја промовираше и монографијата „Ристо Стефановски“, а актерите Александар Степанулески, Предраг Павловски, Маја Вељковиќ-Пановска и Јована Спасиќ пред посетителите читаа делови од книгата.

Уредничка на ова монографско издание е драматург Александра Бошковска, а во тимот што работеше се и Викторија Рангелова Петровска, Димитар Николовски и Теа Беговска.

[caption id="attachment_759683" align="alignnone" width="2048"] фото: Министерство за култура[/caption]

Големо е задоволство што ја имавме приликата да се посветиме на оваа издание. Вложивме голем напор да се сублимира огромниот матријал и да се сведе на обем што го дозволува овој формат на монографско издание. Огромна благодарност до семејството на чичко Ристе, барем јас така го викав, што ни отстапи голем дел од личната архива. Мене личн0, најинтересни ми беа извадоците од дневниците“, кажа синоќа Бошковска.

Монографијата на скоро 300 страници содржи досега необјавени делови од дневници кои долги години ги пишувал Стефановски, потоа фотографии од личната архива на семејството, разговори, факти, извадоци од Театарски гласник кој тој го уредуваше 40 години, листа на обајевени книги и трудови, награди, улоги...

На 22 април 1957 година се раѓа идејата Ристо Стефановски да биде назначен за директор на тогаш именуваниот Куклени театар, подоцна преименуван во Младинско – детски театар и сосема на крај повторно преименуван во денес добро познатиот Драмски театар Скопје. Стефановски останува да раководи со театарот повеќе од 25 години. Тој ја отвора вратата, го зацртува патот, ја создава основата, и низ годините ги води најголемите премрежја, борби и победи на Драмски театар. Најистакнатите македонски театарски режисери, драмски автори, актери и останатите креативни чинители, ќе имаа понеизвесен пат во градењето на професионалната кариера доколку не добиваа отворени можности од страна на Стефановски. Оттука тој не работеше само за растењето на Драмски театар, туку делуваше во целокупниот културен растеж на државата. Неговата визија, умешност и сеопфатна посветеност, им овозможи на соработниците и вработените во Драмски, по секој постигнат успех да зрачат со неподнослива гордост и оправдана ароганција. Стефановски успеа вредносните критериуми да ги постави високо на скалата и никогаш не отстапи од нив, рече директорката на Драмски Викторија Рангелова Петровска.

Таа го сподели со присутните правилник за успех на Стафановски по кој тој работел.

1. Паметно осмислена репертоарна политика;
2. Афирмација на македонски драмски автори и режисери;
3. Отворен простор за младите и нивната младешка театарска визија;
4. Да се биде актер на Драмски може само доколку и само доколку сте подобар од најдобрите;
5. Да се биде човек со секој еден, а суетата, доколку е можно, да се потисне во џеб;
6. Рамнодушноста, мрзеливоста, отсуството на работна дисциплина и предавање на започнатата борба се неприфатливи состојби.

Рангелова кажа дека Стефановски, следејки ги овие правила секогаш бил десет чекори понапред од останатите.

[caption id="attachment_759682" align="alignnone" width="2048"] Се обидуваа да го стигнат, но никогаш не успеаја да го престигнат, кажа дирекоорката на Драмски Викторија Рангелова Петровска, фото: Министерство за култура.[/caption]

Успехот на Драмски под негово раководство, за останатите театри беше провокација за натпревар. Се обидуваа да го стигнат, но никогаш не успеаја да го престигнат.

Во еден од неговите дневниците ќе запише: „Успешно се справував со ситуациите, искрено и чесно работев. Се обидуваа да ми прикачат нешто, нешто што би ме компромитирало, нешто што би ме спречило да продолжам да работам. Сите сакаа да ми најдат нешто со што би ме држеле во рака, но немаше рачка за која би се фатиле па ме оставија некое време.“ Денес, некои од нашите колеги од другите театари на шега го нарекуваат Драмски „домаќински театар“. И домаќинлукот му го должиме на Ристо, тој/тоа е седмото правило од прирачникот за успех, кажа Рангелова.

Стефановски продолжи да работи и по заминувањето од Драмски и по пензионирањето. Испиша едно чудо книги, а со Драмски остана поврзан до последниот ден преку уредувањето на Театарскиот гласник.

И токму поради тоа, денес, на Светскиот ден на театарот, одлучивме големата сцена во Драмски театар да ја именуваме со неговото име Ристо Стефановски – кажа Рангелова Петровска.

Свеченоста продолжи со промоција на монографското издание „Ристо Стефановски“.

Промоторката на монографијата Искра Гешовска кажа дека во Македонија владее култура на заборавот.

[caption id="attachment_759684" align="alignnone" width="2048"] Со оваа монографија и со одлуката за именување на големата сцена на Драмски театар со името на неговиот основач и стратег, Ристо Стефановски, се пркоси токму на културата на заборавот кажа Гешовска фото: Министерство за култура[/caption]

Да се памети, во една култура како нашава која интензивно подлежи на заборав, е скапоцено. Со оваа монографија и со одлуката за именување на големата сцена на Драмски театар со името на неговиот основач и стратег, Ристо Стефановски, се пркоси токму на културата на заборавот кажа Гешовска.

Ристо Стефановски почина на 22 март 2022 година. Имаше 94 години.  Беше театролог, долгогодишен театарски работник и театарски историчар и директор на Драмски театар Скопје цели 26 години.

Роден во Скопје, Стефановски студирал глума на Театарската академија во Белград, а од 1951 до 1960 бил актер во скопскиот Народниот театар. Од пролетта 1957 раководел со Куклениот театар во Скопје кој подоцна се трансформирал во денешниот Драмски театар. Го обмислува, реализира и уредува театарското списание „Театарски гласник“ од 1977. Во меѓувреме, дипломирал на Факултетот за драмска уметност во Белград, отсек организација. Под негово раководство, Драмски театар Скопје го остварува најголемиот подем потвреден од најпрестижните театарски фестивалски награди и сојузни признанија.

https://republika.mk/vesti/kultura/nemame-dvajca-eden-e-risto-stefanovski-reche-akterkata-na-mnt-vesna-petrushevska-na-komemoracijata-za-teatrologot/

The post И домаќинлукот му го должиме на Ристо, тоа е седмото правило од прирачникот за успех, кажа директорката на Драмски Рангелова на именувањето на сцената „Ристо Стефановски“ appeared first on Република.

]]>

Од вчера, 27 март, големата сцена на Драмски театар го носи името „Ристо Стефановски“, директорот кој повеќе од 25 години мошне успешно го водеше Театарот во период од 1957 до 1983 година. Драмски театар во негова чест синоќа, пред многубројна публика ја промовираше и монографијата „Ристо Стефановски“, а актерите Александар Степанулески, Предраг Павловски, Маја Вељковиќ-Пановска и Јована Спасиќ пред посетителите читаа делови од книгата. Уредничка на ова монографско издание е драматург Александра Бошковска, а во тимот што работеше се и Викторија Рангелова Петровска, Димитар Николовски и Теа Беговска. [caption id="attachment_759683" align="alignnone" width="2048"] фото: Министерство за култура[/caption]
Големо е задоволство што ја имавме приликата да се посветиме на оваа издание. Вложивме голем напор да се сублимира огромниот матријал и да се сведе на обем што го дозволува овој формат на монографско издание. Огромна благодарност до семејството на чичко Ристе, барем јас така го викав, што ни отстапи голем дел од личната архива. Мене личн0, најинтересни ми беа извадоците од дневниците“, кажа синоќа Бошковска.
Монографијата на скоро 300 страници содржи досега необјавени делови од дневници кои долги години ги пишувал Стефановски, потоа фотографии од личната архива на семејството, разговори, факти, извадоци од Театарски гласник кој тој го уредуваше 40 години, листа на обајевени книги и трудови, награди, улоги...
На 22 април 1957 година се раѓа идејата Ристо Стефановски да биде назначен за директор на тогаш именуваниот Куклени театар, подоцна преименуван во Младинско – детски театар и сосема на крај повторно преименуван во денес добро познатиот Драмски театар Скопје. Стефановски останува да раководи со театарот повеќе од 25 години. Тој ја отвора вратата, го зацртува патот, ја создава основата, и низ годините ги води најголемите премрежја, борби и победи на Драмски театар. Најистакнатите македонски театарски режисери, драмски автори, актери и останатите креативни чинители, ќе имаа понеизвесен пат во градењето на професионалната кариера доколку не добиваа отворени можности од страна на Стефановски. Оттука тој не работеше само за растењето на Драмски театар, туку делуваше во целокупниот културен растеж на државата. Неговата визија, умешност и сеопфатна посветеност, им овозможи на соработниците и вработените во Драмски, по секој постигнат успех да зрачат со неподнослива гордост и оправдана ароганција. Стефановски успеа вредносните критериуми да ги постави високо на скалата и никогаш не отстапи од нив, рече директорката на Драмски Викторија Рангелова Петровска.
Таа го сподели со присутните правилник за успех на Стафановски по кој тој работел. 1. Паметно осмислена репертоарна политика; 2. Афирмација на македонски драмски автори и режисери; 3. Отворен простор за младите и нивната младешка театарска визија; 4. Да се биде актер на Драмски може само доколку и само доколку сте подобар од најдобрите; 5. Да се биде човек со секој еден, а суетата, доколку е можно, да се потисне во џеб; 6. Рамнодушноста, мрзеливоста, отсуството на работна дисциплина и предавање на започнатата борба се неприфатливи состојби. Рангелова кажа дека Стефановски, следејки ги овие правила секогаш бил десет чекори понапред од останатите. [caption id="attachment_759682" align="alignnone" width="2048"] Се обидуваа да го стигнат, но никогаш не успеаја да го престигнат, кажа дирекоорката на Драмски Викторија Рангелова Петровска, фото: Министерство за култура.[/caption]
Успехот на Драмски под негово раководство, за останатите театри беше провокација за натпревар. Се обидуваа да го стигнат, но никогаш не успеаја да го престигнат. Во еден од неговите дневниците ќе запише: „Успешно се справував со ситуациите, искрено и чесно работев. Се обидуваа да ми прикачат нешто, нешто што би ме компромитирало, нешто што би ме спречило да продолжам да работам. Сите сакаа да ми најдат нешто со што би ме држеле во рака, но немаше рачка за која би се фатиле па ме оставија некое време.“ Денес, некои од нашите колеги од другите театари на шега го нарекуваат Драмски „домаќински театар“. И домаќинлукот му го должиме на Ристо, тој/тоа е седмото правило од прирачникот за успех, кажа Рангелова.
Стефановски продолжи да работи и по заминувањето од Драмски и по пензионирањето. Испиша едно чудо книги, а со Драмски остана поврзан до последниот ден преку уредувањето на Театарскиот гласник.
И токму поради тоа, денес, на Светскиот ден на театарот, одлучивме големата сцена во Драмски театар да ја именуваме со неговото име Ристо Стефановски – кажа Рангелова Петровска.
Свеченоста продолжи со промоција на монографското издание „Ристо Стефановски“. Промоторката на монографијата Искра Гешовска кажа дека во Македонија владее култура на заборавот. [caption id="attachment_759684" align="alignnone" width="2048"] Со оваа монографија и со одлуката за именување на големата сцена на Драмски театар со името на неговиот основач и стратег, Ристо Стефановски, се пркоси токму на културата на заборавот кажа Гешовска фото: Министерство за култура[/caption]
Да се памети, во една култура како нашава која интензивно подлежи на заборав, е скапоцено. Со оваа монографија и со одлуката за именување на големата сцена на Драмски театар со името на неговиот основач и стратег, Ристо Стефановски, се пркоси токму на културата на заборавот кажа Гешовска.
Ристо Стефановски почина на 22 март 2022 година. Имаше 94 години.  Беше театролог, долгогодишен театарски работник и театарски историчар и директор на Драмски театар Скопје цели 26 години. Роден во Скопје, Стефановски студирал глума на Театарската академија во Белград, а од 1951 до 1960 бил актер во скопскиот Народниот театар. Од пролетта 1957 раководел со Куклениот театар во Скопје кој подоцна се трансформирал во денешниот Драмски театар. Го обмислува, реализира и уредува театарското списание „Театарски гласник“ од 1977. Во меѓувреме, дипломирал на Факултетот за драмска уметност во Белград, отсек организација. Под негово раководство, Драмски театар Скопје го остварува најголемиот подем потвреден од најпрестижните театарски фестивалски награди и сојузни признанија. https://republika.mk/vesti/kultura/nemame-dvajca-eden-e-risto-stefanovski-reche-akterkata-na-mnt-vesna-petrushevska-na-komemoracijata-za-teatrologot/  